You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Здрави

Семиња

за

секој ден

Различните семиња, богати со витамини и минерали,

протеини, есенцијални масла и ензими, спаѓаат во

висококвалитетна исхрана. Сè почесто разни видови

можат да се најдат во продавниците за здрава храна,

а доаѓаат во различни бои, големини и форми. Освен

добропознатите семиња од тиква, сончоглед, сусам,

сè почесто се користат и други карактеристични

семиња.

Семе од хелда

Многумина мислат дека хелдата е житарка, но таа всушност

претставува семе од фамилијата растенија поврзани со рабарбарата.

Хелдата претставува природен извор на минерали и витамини, а има

и висококвалитетни протеини, бидејќи содржи осум есенцијални

аминокиселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин. Често се користи

како алтернатива за ориз или наместо овесна каша, а освен во

зрнеста форма се продава и сомелена во брашно. Исто така, може

да се користи наместо житарки за појадок или, пак, да се додаде во

леб, крекери, гранола и колачи.

Семе од киноа

Киноата била една од најважните прехранбени продукти кај

Индијанците и Инките. Инките ја нарекувале „златно зрно“. Не

содржи глутен и претставува природен извор на витамин Б6 и

минерали, а заедно со богатата содржина на растителни влакна и

ниското ниво на масти дава чувство на ситост. Може да се искористи

наместо фиде, во салати и во разни десерти, како палачинки, вафли,

мафини. Најчесто служи и како замена за ориз и тестенини.

Семе од чиа

Семето чиа потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна

Америка. Се верува дека Маите и Астеките го користеле како извор

на енергија во походите („чиа“ значи „сила“). Чиата е најбогатиот

растителен извор на омега-3 масни киселини, омега-6 масни

киселини, протеини и моќни антиоксиданси. Семето чиа може да

се попрска врз која било храна, било да е смути или цеден сок,

житарки, супи, сосови, печива и десерти.