05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

На „ти” со

РКХ: Овој цитат од римската историја на Шекспир, „Јулиј

Цезар“, е толку познат што многумина мислат дека е

поговорка. Она што ме мотивира во сè, па и во храброста во

сите нејзини појавни форми, е моето семејство.

АЈ: Што е најголемо предавство за вас?

РКХ: Кога ќе ве разочараат оние на кои безусловно сте им

верувале.

АЈ: Од културната трпеза со мени Шекспир, која театарска

изведба или кој филм или... ви оставиле најсилен впечаток?

РКХ: Можеби филмот „Книгите на Просперо“ на Питер

Гринавеј и „Отело“ на Орсон Велс, а од театарските изведби

претставата „Хенри VI“ на Народниот театар од Битола

изведена по повод настанот „Globe to Globe“, организиран

во лондонскиот „Глоуб“, театар на Шекспир и неговата трупа

чиишто темели по децении истражување беа откриени и

овој театар е сега реконструиран на истото место. Идејата

беше 37-те драми на Шекспир да се играат на 37 јазици, а

претставата на битолскиот театар беше дел од тоа. Во оваа

верзија на еден ненаметлив начин се вметнати стилизирани

елементи од македонската музика, фолклор и носии, што

е за мене успешен пример на она што е денес глобална

тенденција, а тоа е препрочитувањето на текстовите на

Шекспир и пристапот кон нив како средство за културолошка

размена.

AJ: Шекспир е единствениот автор кој успеа клучната

егзистенцијална дилема на човекот да ја сведе на шест

збора – Тo be or not to be! Како ја разбирате оваа мисла?

РКХ: Имам впечаток дека штом ќе се споменат овие зборови,

а се споменуваат многу често во најразлични контексти,

од книжевни дела до маички и станати се неодминлив

дел од популарната култура, од „Ѕвездени патеки“ до

„Симпсонови“– веднаш се мисли дека со тие зборови Хамлет

ја искажува својата разочараност од животот и желбата

своите измачувања да ги скрати и „да си обезбеди спокој со

еден удар на ножот“ (ова е препев на мојот драг и ценет колега

проф. Драги Михајловски, кој ги преведе сите драми и сонети

на Шекспир). Но, како што реков, Шекспир нè предупредува

да не застануваме само на ниво на појавноста на нештата.

Толкувањето што го посочив погоре е поедноставување за

секојдневна употреба, зашто овој монолог и мислите на

Хамлет искажани во него се токму на трагата на она што во

20 век ќе биде наречено егзистенцијализам. Овој монолог

и овие стихови, според мене, се однесуваат на човековата

состојба воопшто.

АЈ: Кој од денешните автори, според вас, е новиот Шекспир

или Шекспир на 21 век?

РКХ: Одговор на ова прашање немам, не затоа што Шекспир

треба да се идолизира, идеализира, глорифицира и

демифицира. Напротив, денешната теорија ги деконструира

неговите текстови и културолошкиот контекст. Но, одговор

немам, исто како што не би можела да одговорам кој е

денешниот Бетовен, Достоевски или Ван Гог. Секој голем

креативен ум е посебен.

Весна Гиновска Илкова,

оперска пејачка

Љубовта е серотонинот

на животот, а игрите за

престолот се банални

АЈ: Каква е вашата (интимна) приказна со Шекспир?

ВГИ: Шекспир е еден од највлијателните и најпознатите писатели во

светот. Мојот допир со неговата визија е преку операта. Во мојата

последна премиера, „Магбет“, преку улогата на Лејди Магбет ја

почувствував желбата за власт и превласт, универзална и актуелна

тема. Човек е во состојба да посегне по животот на другиот за да

стигне до својата цел. Од таа улога сфатив едно: Животот не го сфаќај

премногу сериозно, зошто игрите за престолот се банални.

АЈ: Од сурова емоција, до рафинирана мисла. Од љубов и омраза,

желба за власт и конфликт, моќ и дискриминација... Кои од вечно

актуелните теми на Шекспир се најактуелни во нашето општество

денес?

20

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!