You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Нови невообичаени

фитнес-трендови

Брзото заситување од традиционалните и монотоните фитнес-тренинзи ги тера тренерите ширум светот постојано да креираат нови

програми и видови вежби што ја освежуваат понудата и привлекуваат повеќе членови во салите за вежбање. Мешањето на традиционалните

со иновативните методи придонесува за интензивни тренинзи со неверојатни резултати, а сепак вежбањето повторно станува интересно

и забавно. Ако изминативе години најинтересни беа крос-фит програмите, кик-фит аеробикот, разните пилатес-вежби, циркуларните

тренинзи, веќе се појавија фитнес-трендови што вклучуваат и нов тип помагала за вежбање.

POUND

Поранешните тапанарки Кристина Перенбум и Кирстен Потенза ја комбинирале својата пасија за музиката и фитнесот и го создале паунд,

целосен кардиотренинг со користење на лесни „палки за тапани“ наречени рипстикс (Ripstix). Секој час вклучува пилатес и еднаквост

на движењата со постојана симулација на удирање тапани за да се оформат мускулите и да се изгубат до 900 калории за 45 минути.

Дури и да не сте музикални, вежбите се едноставни за следење, а песните се калибрирани за лесно да се следи ритамот. Предностите

се постигнување на поголема издржливост и агилност, а се зајакнува сврзното ткиво и мускулите со комбинација на стабилност и

кардиотренинг. Повеќе за овој вид тренинг и начин на вежбање можете да прочитате на следниот линк: www.poundfit.com.

UGI FIT

Двегодишно истражување било потребно за да се направи

уги-топката, што навидум е едноставна, како мека перница,

но со сила на одбивање како стрес-топче и со интересен

дизајн. Со користење на топката се одвива 30-минутно

вежбање, што вклучувa тренинг за целото тело, што во

исто време е функционално и забавно. Уги-фит е тренинг

што може да се практикува секаде поради малиот обем на

топката, дома, во сала, но и во природа. Една серија вежби

е доволно ефикасна за целото тело, од загревање, кардио,

кондициски тренинг до баланс и ладење на телото. На

интернет-страницата www.ugifit.com можете да дознаете

повеќе за ваквиот тренинг и за ефектите од него.

96