You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Портрет филмски фаворити

Во петтиот број на „Портрет“ прославуваме мини-јубилеј и наместо

нови холивудски остварувања, ви предложуваме некои од нашите

омилени филмови. Драми, анимирани, култни филмови... се

решивме за еден филм што оставил најголем впечаток врз нас и

што постојано се наоѓа на нашата топ 5 плеј-листа.

ТАЊА ТОДОРОВСКА – LE FABULEUX

DESTIN D’AMÉLIE POULAIN (2001)

Мојот избор е „Чудесната судбина на

Амелија Пулен“ или, уште подобро,

само Амели... Па, што ако е романтична

комедија? Тоа не ја прави помалку силна

приказната за ексцентричната парижанка,

која, иако е на своевидна „мисија“ да ги

разубави животите на другите, живее во

страв дека ќе умре во самотија. Прекрасен

филм за надминување на сопствените

стравови, за живеење и уживање во онаа

реалност што е сега и тука и препуштање

на сите животни задоволства... Бонус поени

за одличната филмска музика, што го следи

целиот филм од почеток до крај.

РУЖИЦА АНТИЌ – SHARK TALE (2004)

Не знам дали го сакам повеќе поради ликот на Оскар,

симпатичната риба што на патот кон славата и парите,

ја заборави вистинската љубов, што цело време му

е пред очите; или поради Лени, преслатката ајкулавегетаријанец

што постојано ги изневерува очекувањата

на своето семејство и одбива да се однесува во

согласност на нормите на морскиот свет. :) Сè на сѐ,

цел филм е прекрасен зашто секој од нас може да се

пронајде во него, без разлика на која возраст е.

ДУШАН СТОЈКОВИЌ – ТHE BEACH (2000)

Мојот избор е „Плажата“. Првпат го гледав во средно, некаде околу 2003 година кај другар дома,

во опуштено опкружување. Тоа беше период во кој созревавме, период кога ги откривавме

убавините на животот и слободата на младоста. Слично како кога Леонардо ја откри Плажата

и малото општество. Ако некој го нема гледано нека не размислува, а и ако го има – секогаш

може пак...