05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

На „ти” со

Проф. Рајна Кошка - Хот,

шекспиролог

Деконструкција на

шекспировата TO BE OR

NOT TO BE – од Ѕвездени

патеки до Симпсонови

АЈ: Каква е вашата (интимна) приказна со Шекспир?

РКХ: Почетокот на таа приказна е поврзан со моето детство

и затоа денес ми звучи малку бајковито. Во семејната куќа

во Битола (денес таа не постои) едно лето на таванот што го

паметам како место што ширеше мир, како дете на возраст од

десет години наидов на „Шекспир во приказни“ со потписот

на татко ми. Станува збор за прозни верзии на избор од

драмите на Шекспир наменети за деца што ги напишале

братот и сестрата Чарлс и Мери Лем во 19 век. Денес ги

имаме во македонски превод, а во воведот тие нагласуваат

дека некои од драмите не се соодветни за девојчиња.

Сепак, ги прочитав. Од моите први денови на Катедрата за

англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет

„Блаже Конески“ ги обработував со студентите сите

жанрови и периоди во англиската книжевност, но со текот

на времето се насочив кон драмата, а потоа и кон Шекспир.

Во овој контекст, сакам да ја споменам проф. д-р Иванка

Ковилоска-Попоска, мојата професорка која веќе не е со

нас, зашто таа е основоположник на шекспирологијата во

Македонија (во англофонскиот академски свет познато како

Shakespeare Studies). Сценските настапи на студентите кои

произлегуваат од она што го работиме на часовите за мене

значат голема сатисфакција, зашто така во комуникацијата

нема дистанца, заеднички размислуваме, а Шекспир е тој

што нè поттикнува на аналитичко, синтетичко и критичко

размислување. Драмата е дијалог, а и уметноста воопшто.

АЈ: „Љубовта се раѓа, живее и умира во очите на човекот“ –

Вилијам Шекспир

- Љубовта е?

РКХ: Наведениот цитат е, всушност, еден вид парафраза

на стиховите од комедијата „Венецијанскиот трговец“. Во

сцената главниот женски лик треба некако да го „заобиколи“

условот што ѝ го остава татко ѝ во аманет, а тоа е дека ќе

може да се омажи само за оној додворувач кој ќе погоди во

кое ковчеже е нејзиниот портрет. Во песната се употребува

зборот fancy, што значи „краткотраен љубовен занес“, а не

„љубов“. Токму таквиот кус занес, а не вистинската љубов,

се раѓа во очите и се храни со погледот (не со она што ни

го кажува срцето и душата), зашто кога проценуваме само

со погледот, ја гледаме само надворешноста и затоа, вели

Шекспир, во очите таквиот вид љубов брзо и умира. Тогаш

не се случува вистинска љубов, туку само краткотраен занес.

А што е љубов? Подготвеноста и способноста докрај и без

отстапки за некого или во име на нешто да се откажеш од

себе, своето јас и својот идентитет. Некој можеби ќе каже

дека тогаш од тебе како личност не останува ништо, но јас

не мислам дека е така.

АЈ: Од сурова емоција, до рафинирана мисла. Од љубов и

омраза, желба за власт и конфликт, моќ и дискриминација...

Кои од вечно актуелните теми на Шекспир се најактуелни

во нашето општество денес?

РКХ: Односот меѓу моќта и власта, толеранцијата и

нетолеранцијата (верска, расна, политичка...) и пред сè,

прашањето на родот, родовиот идентитет и родовите

стереотипи. Во времето на ренесансата на жените не им

било дозволено да се појават на сцена, така што женските

улоги ги играле млади момчиња додека не им мутирал гласот.

Во трагедиите големите хероини како единствено оружје ја

имаат „храброста на својот јазик“, а секој нивен обид од

маргините да се придвижат кон центарот завршува, како

што вели феминистичката теорија, како „мртвиот центар“

на трагедијата. Ова, пак, го поттикнува и прашањето дали

Шекспир бил протофеминист или женомразец, дали бил

субверзивен или конформист. Истите прашања во однос на

родовите идентитети си ги поставуваме и денес. Ова значи

дека Јулија била машко...

АЈ: „Кукавиците умираат повеќе пати пред нивната смрт,

храбрите го чувствуваат вкусот на смртта само еднаш“ –

Вилијам Шекспир

- Што ве мотивира да бидете храбри?

19

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!