05.05.2016 Views

Portret Magazine No 5

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Галерија

КОГА РАБОТАТА Е ЖИВЕЕЊЕ НА СОНОТ,

А СОНОТ Е ДИЗАЈН НА ЧЕВЛИ,

ЧЕВЛИТЕ МОРА ДА СЕ

„МАНОЛО БЛАНИК“

Пишува: Џејлан Рустемоска

Дај ѝ на жена добар пар чевли и ќе го освои светот“,

рекла Мерилин Монро. И навистина. Ако Пепелашка

е примерот од бајките дека пар чевли можат да ти

го сменат животот, секоја жена ќе потврди дека во најмала

рака умеат да ти го сменат денот и да те направат среќна.

Елегантни или секојдневни, кожени или платнени, рамни или

на штикла, дајте ни ги сите! Всушност, не мора баш сите,

но тешко дека ќе најдете жена што би одбила пар чевли

„Маноло Бланик“, што го носат името на мајсторот кој успеа

соништата на жените од најразлични страни на светот да ги

стави на нивните стапала.

„Ако Господ сакаше да носиме само рамни чевли, немаше

да го создаде Маноло Бланик“, вели Александра Шулман,

главен уредник на британскиот „Вог“, весникот што во

седумдесеттите години му ја даде честа на Маноло Бланик

да биде првиот маж што ќе се појави на нивната насловна

страница. Денес е еден од најуспешните дизајнери на

чевли во светот, а неговата слава значително порасна

благодарение на култната серија „Сексот и градот“, во која

неговите чевли може да се каже дека беа петтиот главен лик

и скапа утеха за бурниот љубовен живот на Кери Бредшо.

Кариерата на Маноло Бланик брои 43 плодни години, а

патот до успехот, како што вели самиот во многубројните

интервјуа, е долг и необичен. Роден е во Санта Круз де Ла

Палма на Канарските Острови во 1942 година и е од мешано

потекло, од татко Чех и мајка Шпанка. Детството го минува

на семејната плантажа за банани, од каде што потекнуваат

и неговите културни корени. Канарските Острови во

четириесеттите и педесеттите години се далечно, изолирано

место, што влијае врз развојот на неговата личност, правејќи

го интровертен љубител на литература и филмови, што

подоцна низ животот ќе му бидат неисцрпна инспирација за

уникатните и толку посакувани модели. Постои легенда дека

уште како дете од обвивките на бонбоните им правел чевли

на гуштерите во градината. Отсекогаш наоѓал необична

убавина во екстремитетите, но до доцна не знаел дека

чевлите ќе му бидат судбина. На инсистирање на татко му

заминува во Женева да студира меѓународно право, но по

првиот семестар се откажува и се префрла на книжевност.

И таму не се пронаоѓа и заминува во Париз да студира

уметност, сакајќи да ја искористи креативноста и вештите

прсти што ги наследил од мајка му, работејќи со главата

и рацете во исто време. Париз, и покрај сета убавина,

не успева да допре до него, како што тоа ќе го направи

Лондон, следната дестинација, чијашто возбудлива визуелна

традиција ќе го натера конечно да се закотви. Но, за да биде

она што денес претставува во светот, заслугата им ја придава

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!