19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

60 ден. • Бр. 25 • Декември 2017

Содржина декември 2017

НА „ТИ“ СО

14. АМЕРНИС НОКШИЌИ-ЈОВАНОВСКА

Љубовта е најдоброто засолниште од

колективната омраза

SUPERMAN

30. ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ

Нема сериозни и несериозни теми, има

сериозно и несериозно новинарство

ПРИКАЗНА ОД НАСЛОВНАТА

36. САКАМ ДА ДИШАМ!

Апелираме за правото на дишење чист

воздух

МОЈА БОРБА

40. ДЕНИ СТАНОЕВСКА-ЏИДРОВА

Предвреме родените бебиња се

вистински борци

ПОРТРЕТ МОДА

46. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Gimme danger little stranger

65. КОЗМЕТИЧКИ НОВИТЕТИ

Хит производи за убавина

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

74. НЕОБИЧНАТА ПРИКАЗНА ЗА

ФРАНЦУСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА

ДВОЈКА

Портрет на љубовта на Брижит и Емануел

Макрон

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

92. ЧАСОВИ ЗА ПИЕЊЕ ВИНО

Богат овошен вкус и благост на

десертните вина

96. НАШ НУТРИЦИОНИСТ

Здрава и правилна исхрана за време на

празничниот период

ДИЗАЈН И ДЕКОР

104. КРЕАТИВНИ ГРЕЈНИ ТЕЛА

Модерни и функционални радијатори

16 ДЕНА АКТИВИЗАМ

ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ

ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА

ПОРТРЕТ УБАВИНА

64. ПРАЗНИЧНИ МИРИСИ

Совршен избор за подарок

РОДОВА ГЛАГОЛИЦА

84. БИЛЈАНА НАСТОВСКА

Сексуалната слобода е предуслов за

слободен живот

„Портрет“ се придружува кон

кампањата „16 дена активизам

против родово базирано

насилство“ која има за цел да

ја подигне свеста и да поттикне

конкретни чекори што ќе

помогнат да се стави крај на

насилството врз жените и

девојчињата.

4

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември“ бр.2/2-16

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главна и одговорна уредничка

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменичка на главната и одговорна уредничка

Тања Тодоровска Малакјан (tanja@portretmag.com)

Новинарка

Марта Стевковска (marta@portretmag.com)

Креативна директорка и уредничка за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистентка и стилистка

Ана Коцевска

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Ана Фрицханд

Филип Поповски

Моника Ангелковска

Ирина Аврамовска

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 28.11.2017

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

Адриа Медиа Балкан - 072/236 529

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет“ е авторска содржина што излегува еднаш месечно со одобрение од сопственикот на правата,

издавачката куќа Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено објавување, користење или

репродуцирање на било која содржина ќе се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи на

соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што се дел од содржината задолжително консултирајте се со

лекар. „Портрет“ претставува заштитена трговска марка во Државен завод за индустриска сопственост-Скопје под број

ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

СКОПЈЕ - УЛ. МАКЕДОНИЈА, ТЦ SKOPJE CITY MALL,ТЦ РАМСТОР

БИТОЛА - ШИРОК СОКАК | WWW.BOZINOVSKI.COM.MK

Портрет ви подарува

Напишете за кој подарок аплицирате и испратете ги вашите лични податоци на contact@portretmag.com.

Проверете дали сте еден од среќните добитници во следниот број на „Портрет“. Со среќа! Подароците може

да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

Oriflame Sublime

Nature парфем

Lush Christmas Candy Box

сет производи

Estee Lauder Advanced Night

Repair Eye Concentrate

Matrix серум за околу очи

Victor&Rolf Flowerbomb

200 ml лосион за тело

Bourjois CC Eye Cream

коректор и Max Factor

Color Elixir кармин за усни

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

Сет Max Factor Colour&Gloss кармин за усни и Xpert Eyeliner туш за очи / Елена Марковска

Lush Butterfly Sultana of Soap и Ro's Argan Body Conditioner / Тереза Зајкова

Kenzo Flower Lips кармин и чанта / Емилија Крстевска

Avon Anew ноќен 2во1 третман / Зора Ивановска

Kenzo плик чанта / Марија Катралова Китанов

Valentino Donnа лосион за тело и футрола за мобилен / Ивана Трајковска

Yves Saint Laurent Gloss Volupte сјај за усни / Верица Ристовска

Valentino Uomo Intense мини парфем 5мл и футрола за мобилен / Никола Маловчев

„Дисомнии“ - Игор Станојоски / Билјана Костадиновска

„Зборови што го менуваат светот“ - Владимир Путин / Маре Н.Јошевска

„Патот на ангелот“ - Јан Балабан / Радица Шикова

„Сеиобо таму долу“ - Ласло Краснахоркаи / Јовеска Софија

8

ИТАЛИЈАНСКИ ЗЛАТЕН НАКИТ

ГТЦ ПРИЗЕМЈЕ И SKOPJE CITY MALL

Портрет на уредникот

САКАМ ДА ДИШАМ!

За многумина декември

е најубавиот месец во

годината, месец во кој

сме премногу нежни и

попустливи кон себе.

Изморени од превисоките

очекувања од себе што ги имаме во првите

месеци, но и видно возбудени од шансата за нов

почеток, овој месец ни е како некаков вакуумпериод

во кој си дозволуваме многу работи.

Затоа можеби очекувано е на нашата насловна

страница овој месец да се смее некоја од многуте

прекрасни и успешни Македонки, облечена во

гламурозни креации од македонската мода. Но,

за жал, овој месец решивме дека мораме да ја

искористиме нашата насловна страница, за да

упатиме јавен повик и јавна молба: Сакам да

дишам! Дојдовме во бескомпромисна ситуација

кога секое неподигнување на гласот нè прави

неми соучесници. Статистиките што ги добивавме

годишно, не нѐ допираа доволно, индексите на

загадување што ги читавме дневно исто така не

будеа доволно голем револт во нас. Препораките

од властите и од граѓанските здруженија делумно

ги спроведувавме, модифицирани од нашите

потреби и во согласност со нашата комфорност.

Затоа дојдовме до овде! Ако пред некоја година

нашата свест за загадувањето на воздухот беше

дека тоа е глобален светски проблем, заедно со

немањето чиста вода и глобалното затоплување,

сега стана наша сива реалност. Ако зголемување

на морталитет од 20% во градовите со високо

загадување и зголемување на детските дишни

болести за неверојатни 50% не допре до нас,

тогаш и дефинитивно сме соучесници!

Бесплатен автобуски превоз, прскање со калциум

магнезиум ацетат и слични други млаки мерки веќе

не се ни приближно решение. Кај нас, Законот за

квалитет на амбиенталниот воздух е приспособен

на строгите вредности од законодавството на

Европска унија, но загадувањето е сѐ поголемо,

а ефективни, долгорочни мерки нема. Тоа не е

маргинален проблем и не ги засега само власта

и Министерството за животна средина, туку е

приоритетен колективен и индивидуален проблем.

Еколошки дозволи што треба да се воведат итно,

било да станува збор за автомобилите, учесници

во сообраќајот, или големите загадувачи, што

работат со застарена технологија, погубна за

животната средина. Треба да се смени тактиката

на вртење на вниманието кон овој проблем,

само во зимските месеци, зашто е потребна

темелна и системска работа преку целата година.

Одговорност имаат сите институции засегнати

од овој проблем, почнувајќи од Институтот за

јавно здравје, па сè до локалните власти во

секоја општина. Како најбезболна мерка многу

од граѓаните сметаат дека најлесно би било кога

би ги примениле мерките од високоразвиените

земји, што тие ги имплементирале во своите

закони. Потребни се итни средби на сите

релевантни институции, здравствени работници,

геолози, социолози, економисти, еколози, со цел

да се пронајдат трајни решенија за да се намали

ризикот на константно загрозување на нашето

здравје.

За крај сакам да го завршам овој наш апел со

дел од Статутот на најголемата организација за

животна средина „Гринпис“: – Дишењето никогаш

и никаде не треба да биде опасно по живот.

Децата не треба да добиваат канцер и болести

на дишните патишта, да страдаат од проблеми во

развој, од воздухот што го дишат додека си играат.

Од основните човекови права, правото на чист и

свеж воздух е едно од најважните. Но, очигледно

владите и производителите на енергија низ светот

не мислат така!

Ружица Антиќ

10

ጄ∄☄ ⴀ ἄ ᠄ᜄᔄᰄࠄᔄ

Немам

што да

облечам!

(Кратка хорор приказна)

Секој ден во последниве месеци имам мини нервен слом,

и секој ден е истата сцена. Јас во гаќи, зјапам во отворен

плакар за алишта, со насолзени очи заклучувам дека не сум

нормална. Сѐ тоа ќе беше сцена од сладок тинејџерски филм,

да не ме чекаа три деца наоблечени во јакни, нервозни, со

голема доза на меѓусебна агресија. Или цела редакција полна

со луѓе, пред кои не смеам десетти пат по ред да задоцнам.

Или настан организиран од клиент, пред кој не смеам да се

посрамам, зашто веќе сум го пропуштила последниот нивен

настан, зашто сум „немала“ што да облечам. Вака веќе не се

живее! Заклучувам дека морам нешто да сменам веднаш и

почнувам да барам решение за мојот проблем. Го отворам

преполниот плакар, и веднаш се забележува дека 90%

од облеката ми е црна, веројатно од митот дека послабо

изгледам во црна боја. Со години носам црно, не помагаа ни

молбите на моите родители, да престанам, зошто нивните

комшии ги прашувале дали сум во жалост и носам црнина.

Разгледувам, тренерки за трудници со ластик, маици со

натпис „Loading….“ исто труднички, некои кошули број М, од

пред сто години, некои преубави, трендовски парчиња исто

број М што имаат функција да ме поттикнат да ослабам,

работи купени на попуст што не ми се свиѓале ама биле

многу евтини. Па јас немам ништо употребливо, стварно

не сум нормална заклучувам, затоа сум дојдена до ова дно.

Пола од облеката ми е како да изгледам како Кејт Мос, а

другата половина како да сум некое митско суштество вечно

трудно. Два дена ги селектирав и ги раздадов алиштата што

не ми се употребливи колку и да ми беше тоа тешко. Решив

дека плански ќе купам нови и ќе бидам секогаш и секаде

средена. Тогаш се соочив со една непријатна реалност, јас

не знам кој е мој стил на облекување, толку години правам

компромиси и импровизации што веќе не памтам што сакам

да носам. Морам да почнам од некаде, заклучувам и сфаќам

дека фактот што сум уредник на супер кул магазин како

„Портрет“ ми прави дополнителен притисок. Па да јас сум

бизнис жена, ќе се облекувам деловно. Тоа е тоа, блиску сум

до 40-тата, имам состаноци, логично е да се облекувам така.

Купив неколку „бизнис“ парчиња, направив комбинации со

облеката што ја имам дома и неколку дена самоуверено се

шетав во тој „mood“. Одвај одев со штиклите, се чувствував

како да си играм возрасна тетка ама не се откажував. И

на добар пат бев сѐ додека не сретнав еден познаник од

средно и ладно ми кажа, колку сум остарена. Којзнае

каква фаца сум направила кога почна да ме теши, јас те

знам од времето кога беше одбојкарка, цело време беше

во тренерки. И тогаш ми светна. Па зошто јас да немам

спортски стил, сега кога живеам во време на Дуи Липи, и сите

светски ѕвезди секаде носат тренерки. Утредента бев во нов

„mood“, сѐ спортско, тренерки, патики, ранци. Секако секој

ден вежбам, природно е вака да се облекувам си се тешев,

додека одев на состаноци и клиентите ми се извинуваа дека

ми закажале состанок на слободен ден. И тоа го игнорирав,

но еден ден се вратив дома и мојот најстар син загрижено

ме праша дали сега сум раперка. Оф сега веќе бев целосно

изгубена, и навистина не знаев веќе како да се облекувам.

Тогаш доживеав вистинско емотивно просветление. Една

обична вечер, додека по долен дел пижами, дуксер, чорапи

и влечки седевме кај мојата најдобра другарка В. ни се јави

нашата трета најдобра другарка што цела година беше во

САД, и тоа од диско во Скопје. Мора да дојдете вриштеше,

сакав да ве изненадам, мора одма да дојдете. Да се враќам

дома немав никакви шанси, В. носи конфекциски број 38, јас

42, и требаше или да одам така облечена или да позајмувам

облека од маж ѝ. Внимателно се разгледував, долните

пижами ми беа црни, што не беше лошо за почеток, зашто

можев да носам и бели со облачиња, дуксот сив, одличен, а

целиот стајлинг скроз ми беше Ким К. кога шета низ Л.А како

Дромка, со тренерки и гламурозни горни парчиња. Од В.

земав само едни огромни обетки и штикли, и се нашминкав.

Презадоволна бев! Тоа беше една од најубавите вечери во

мојот живот, не памтам од кога толку се немав забавувано

и смеено. И утредента додека мамурна го пиев утринското

кафе, и гледав дека под елегантните туѓи чизми на штикла,

сум носела гипс, бели спортски чорапи сфатив дека стилот

секоја од нас го носи во срцето. Го носи во грижата за

своите блиски, во убавиот топол збор за непознатите

луѓе што секојдневно ги сретнува, во желбата после секој

пораз да продолжи со позитивна мисла и чиста душа. Еден

мој другар неодамна ми кажа дека секој од нас изгледа

како што се чувствува внатре. Се смешкав задоволна од

изминатата вечер, и си мислев дека време е за литература за

себе-помош, или добар психотерапевт за да изгледам како

Кејт Мос. Или само цврста волја и многу вечери како оваа

последнава со луѓе што вистински ги сакам.

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

За поинаков новогодишен шопинг

Оваа сезона продавниците на Fashion Group се вистинското место каде ќе ги

пронајдете совршените подароци за Вашите најмили.

Со картичката за лојалност на Fashion Group собирајте поени при секое купување

и користете ги многуте поволности во вашите омилени брендови.

Празничното расположение може да започне!

Повеќе информации на: www.fashiongroup.com.mk/loyalty

13

АМЕРНИС

НОКШИЌИ-ЈОВАНОВСКА

актерка

ЉУБОВТА Е

НАЈДОБРОТО

ЗАСОЛНИШТЕ ОД

КОЛЕКТИВНАТА

ОМРАЗА

Ни треба зеленило и итно гасифицирање

на градот за да се спасиме од токсичниот

воздух

Пишува: Ана Јовковска

Фотограф: Жарко Чулиќ

АЈ: Секогаш насмеана, со љубопитни и ширум отворени

очи. Ведра личност, итра и директна. Јас вака ве

доживувам. Како вие би го опишале вашиот сензибилитет

и темперамент?

АНЈ: Темпераментна секако. Љубопитна. Искрена до крај.

Директна, но толерантна. Позитивна... ај да не се фалам. (се

смее)

АЈ: Албанскиот театар е вашата матична куќа, но често ве

гледаме и на филмското платно, а периодов и во ТВ серија.

Кој медиум ви е поблизок, штиците што живот значат или

објективот на камерата?

АНЈ: Да, точно, Албанскиот театар е мојата матична куќа,

а кога ме прашувате кој медиум ми е најблизок, би рекла

театарот. Театарот го има она незаменливо чувство кога сте

во директен контакт со публиката. Посебно е доживувањето

кога од сцената се соочувате со реакциите на публиката. Тоа

стимулира и инспирира. Секоја изведба е нова можност да

го надградите ликот, да играте со него и да го запознавате

сè подлабоко и подлабоко. Филмот не ја дава таа можност,

иако како медиум има други можности што исто така се

значајни за еден актер.

ОНИЕ ШТО СЕ БЕЗНАДЕЖНО ЗАТВОРЕНИ ВО КАФЕЗИТЕ

НА ПРЕДРАСУДИТЕ НАЈДОБРО Е ДА ГИ ИГНОРИРАШ,

БИДЕЈЌИ СÈ ДРУГО Е ЗАГУБА.

АЈ: Љубовта со различна етничка или верска маркичка

вас ви е живот, а не само теоретска декларација. Долги

години сте во мешан брак со новинарот Борјан Јовановски.

Пример сте за жена која е неоптоварена со стереотипите во

општеството, но како Албанка, која е во брак со Македонец,

често сте биле мета на реакции, коментари и предрасуди.

Како се борите со конзервативните стапици во нашево

општество?

АНЈ: Ако го прифатиме поимот „борба“, тогаш губиме.

Конзервативни луѓе, како што ги нарекувате, ги има. Во дел

од нив има надеж, па и желба да спознаат нешто повеќе

од нивниот краток видокруг. На таквите се обидувам да

им дадам пример дека етничката разлика нема никаква

врска со тоа дали еден брак е успешен или не. Оние што

се безнадежно затворени во кафезите на предрасудите

најдобро е да ги игнорираш, бидејќи сè друго е загуба.

АЈ: Што е за вас метафора за отуѓеноста?

АНЈ: Метафора за отуѓеност е очајна потреба да се припаѓа

на толпата.

ПОСВЕТЕНОСТА НА ДЕЦАТА ВО НИВНИОТ РАСТ И РАЗВОЈ

Е ОГРОМЕН ИЗВОР НА ЉУБОВ И ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА.

ДОБАР МЕХАНИЗАМ ЗА ОДБРАНА ОД ЧЕСТИТЕ ЦУНАМИЈА

НА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА.

АЈ: Омразата ги храни конфликтите, политиката, историјата,

војните... Како се ослободувате од наталожениот гнев и

како ја превенирате колективната општествена омраза?

АНЈ: Како што умеам и знам, правам сè за да изградам

заштитни механизми од дозите на негативна енергија што се

14

На „ти“ со

шират во општеството. Љубовта во таа смисла е најдоброто

засолниште. Посветеноста на децата во нивниот раст и

развој е огромен извор на љубов и позитивна енергија. Како

дел од еден колектив се разбира дека не можам целосно

да се изолирам од она низ што минува тој колектив, но се

обидувам да изградам колку што е можно повеќе механизми

за одбрана од честите цунамија на негативна енергија.

АЈ: Што ви е терапија?

АНЈ: Децата и тишината.

АЈ: Актерската професија подразбира голема посветеност,

многу жртвувања, а понекогаш и изолација од најблиските.

Како вашите пријатели, ќерките и партнерот се вклопуваат

во вашиот професионален биоритам?

АНЈ: Немам никаков проблем со никого околу моите

професионални обврски. Периодите кога ме нема во

подолги интервали дома сите ги разбираат. Се разбира, во

целата работа голема е помошта што ја имам од мајка ми.

ОБИДОТ ДА ГО СМЕНИТЕ ПАРТНЕРОТ Е ПОГРЕШНА

ТАКТИКА ШТО СОЗДАВА ФРУСТРАЦИИ. УСПЕХОТ НА

ЗАЕДНИЦАТА Е ОНОЛКАВ КОЛКУ ШТО ПАРТНЕРИТЕ СЕ

ПОДГОТВЕНИ ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ НА СВОИТЕ РАЗЛИКИ

КОЛКУ И ДА СЕ ТИЕ НЕКОГАШ БОЛНИ ЗА НАШЕТО ЕГО ИЛИ

СУЕТА.

АЈ: Филмскиот режисер Кишловски вели дека љубовта е

секогаш во отпор, дека љубовта создава дилеми и води до

страдање. Јас често се фаќам себе си на темната страна

на љубовта, веројатно затоа што премногу очекувам, но во

последно време се обидувам да се ослободам од потребата

да го моделирам партнерот според моите потреби. Како ги

помирувате во себе сите точки на отпор и сите разлики во

релацијата со партнерот?

АНЈ: Обидот да го смените партнерот е погрешна

тактика што создава фрустрации во односите. Успехот на

заедницата е онолкав колку што партнерите се успешни

да се приспособат на своите разлики колку и да се тие

некогаш болни за нашето его или за нашата суета. Целта на

партнерството мора да биде повисока од сопствените лични

интереси. Инаку, тоа станува бесмислено. Со партнерот

растеме и во животот се менуваме и едниот и другиот. Тие

промени се неизбежни исто како и разликите што ги носат

тие промени.

АЈ: Што е за вас емотивна уцена?

АНЈ: Емотивна уцена е кога некој се обидува моите

сентименталности и емоции да ги искористи за каква било

манипулација.

АЈ: Како се справувате со болката во животот?

АНЈ: Болката е составен дел од животот. Компонента на

дијалектиката. Од болката се учи, се зрее и се собираат

значајни искуства.

АЈ: Критичарите често ги квалификуваат театарските

претстави како спектакл. На што ве асоцира спектаклот

надвор од театарскиот контекст, односно во поширокиот

општественo-политички контекст?

АНЈ: Спектаклот самиот по себе е мошне дискутабилен. Или

барем јас го препознавам како инструмент за манипулација

на јавноста. Тој содржи изразена компонента што ја

потценува индивидуалноста.

АЈ: Што би промениле денес во Скопјe?

АНЈ: Итно би ја вратила зградата на владата во своето

оригинално издание (вака личи на шампита). Ни треба многу

зеленило и итно гасифицирање на градот за да се спасиме

од токсичниот воздух.

ПОТРЕБНА Е АЛТЕРНАТИВНА СЦЕНА НА КОЈА ЌЕ СЕ

ЕКСПЕРИМЕНТИРА. ТОА Е СЦЕНАТА ШТО ТРЕБА ДА НОСИ

СВЕЖИНА ВО ЗАСИТЕНИОТ МЕЈНСТРИМ.

15

На „ти“ со

АЈ: Му недостигаат ли алтернативни театри на Скопје?

АНЈ: На Скопје му недостигаат многу работи за да биде

динамичен урбан центар, како што ѝ прилега на една метропола.

Тешко е да се замисли метропола без разновидна понуда. Во таа

смисла, алтернативните театри се многу значајни. Потребна е

алтернативна сцена на која ќе се експериментира. Тоа е сцената

што треба да носи свежина во заситениот мејнстрим. Би сакала

и како гледач и како актер да имам колку што е можно повеќе

можности за консумирање на театарската уметност. Често сме

жртви на клишеа за тоа дека треба не знам колку илјадници евра

за да се направи добар театар. Добриот театар може да се случи

во една соба, на улица, во двор... каде било.

ДОБРИОТ ТЕАТАР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ВО ЕДНА СОБА, НА

УЛИЦА, ВО ДВОР... КАДЕ БИЛО.

АЈ: Како ѝ се спротивставувате на брзината и на инстанткултурата?

АНЈ: Мислам дека немам потреба од конфронтирање со неа.

Сепак, таа е еден современ културолошки и социолошки

феномен. Прашањето е како да научиме да ги препознаваме

задните намери на таа инстант-култура што често е алатка во

раце на опасни идеологии.

АЈ: Што им дава боја на вашите денови?

АНЈ: Во животот некогаш треба да се однесувате како ликовен

уметник кој слика апстрактна уметност. Ја спуштате четката во

боите и не гледате која е, а потоа ја фрлате на белото платно... И

така почнува да се создава ново дело или нов ден.

АЈ: Што ве прави да се чувствувате како комплетна жена или

комплетна личност?

АНЈ: За да биде една жена комплетна потребни се следните

компоненти: љубовта, домот, реализација на сништата, одење

по патот што сум го зацртала. Ова се некои компоненти што ме

прават да се чувствувам комплетна.

СО ЌЕРКИТЕ ЗБОРУВАМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК, ОТКАКО СЕ

РОДЕНИ. МОИТЕ ЌЕРКИ СЕ ВЕЌЕ ТРИЛИНГВАЛНИ. ЗБОРУВААТ

УБАВ МАКЕДОНСКИ, АЛБАНСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК.

АЈ: Јазикот е бариера за оние што сакаат да останат неразбрани.

На кој јазик им зборувате на вашите ќерки дома?

АНЈ: Со ќерките зборувам албански јазик. Тоа го правам

откако се родени и придобивката е видна. Моите ќерки се веќе

трилингвални. Зборуваат убав македонски, албански и англиски

јазик. Мислам дека ова лингвистичко богатство на моите ќерки

им овозможува многу предности и им отвора видици кон нови

сознанија.

АЈ: Што го прави албанскиот јазик убав? И кој е според вас

најмилозвучниот албански збор?

АНЈ: Албанскиот е навистина многу убав јазик ако се практикува

да се зборува чисто и без дијалекти, иако и дијалектите се убави

и треба да се негуваат. Навистина е многу мелодичен. Те дуа – те

сакам, шпирт – душа, љочка е нешто многу поголемо од душа,

дашури – љубов.

АЈ: Убав збор за да го завршиме овој разговор. Вие сте жена која

зрачи со „дашури“, Амернис. Ви благодарам.

16

myspringfield.com

ИНТЕРАКЦИЈА

Контактирајте нѐ:

contact@portretmag.com

facebook.com/portretmagazin

instagram.com/portretmagazin

#portretmagazin

#портретмагазин

#portretstreetstyle

18

19

KARLIE KLOSS

УЛ. МAКЕДОНИЈА 32, 1000 СКОПЈЕ, ТЕЛ: ++389 2 3222 300

SKOPJE CITY MALL, 1000 СКОПЈЕ, ТЕЛ: ++389 2 3091 003

PALMA MALL, 1200 ТЕТОВО, ТЕЛ: ++389 44 36 88 78

#GiveBrilliant

BRILLIANCE FOR EVERYONE

WITH THE HOLIDAY COLLECTION

SWAROVSKI.COM

Фото дневник

ЕДЕН ДЕН ВО БЕЛГИЈА СО МАНЕКЕНКАТА

Маја Костовска

Лате макијато за да почне денот.

Уживаме со Јован. Ручек и едно од

пивата по кои Белгија е единствена.

Испозирано будење од онаму каде што поминувам доста време од денот и

истиот го почнувам. Нека биде сонце, или барем нека не врне е првата мисла.

Кога е сончево сите плоштади и

паркови се полни со луѓе.

На секој чекор има вафли со белгиско

чоколадо. Не можеме да им одолееме.

Навечер уживаме во пијалак во некој

од баровите низ Лувен.

Некои луѓе се раѓаат предодредени за успех, други

постигнуваат, а трети најмуваат експерти за односи со

јавност... ПР-от е сериозна вештина, можеш да го набубаш

од книги, но доколку го немаш талентот за комуникациски

менаџмент, сè е залудно.

На моето пишување најмногу влијание имаше...

Историјата на уметноста. Филозофскиот поглед кон

светот. Музиката. Социјалното опкружување. Филмот.

Вајлд, Кундера, Чехов... Мојата наобразба како новинарка.

Домашното воспитување. Сугестиите и искрените критики.

Кога сум тажна најчесто... Молчам. Потонувам под

покривка, ја спуштам ролетната и ги затворам очите. Така

посветло се соочувам со причините што ме прават тажна.

Вешта сум во реставрирањето на мојата надворешност,

па така, кога ќе исчекорам надвор, околината не секогаш

може да забележи кога ми крвави срцето.

ИВАНА ТАСЕВ

НИЗ ГОДИНИTE

НАУЧИВ…

Фотографија: Жарко Чулиќ

За успешно интервју потребно е... Напластено знаење,

вештина и континуирано доусовршување. Познавање

на новинарските жанрови. Етика. Комуникациски

способности. Градење доверба меѓу новинарот и

соговорникот.

„Надвор од линијата“ е... Заокружен 15-децениски

посветен новинарски влог во неделникот „Теа Модерна“.

Книга – разговори што отскокнуваат од линијата на

интервју. Слика на едно време. Своевиден уметнички

тестамент. Доказ за плодна и потентна сцена. Подземна

желба да се воспева убавината. Достоен стремеж кон

светли нешта. Поглед навнатре. Манифест за македонска

пролет. За храброста да се зачекори надвор од линијата.

Новинарството е акт на верба во иднината... Можеби,

во некои посветли времиња. Денес, новинарството во

земјава е фрлено на колена. Сосема понижено. Насилно

погребано од алчните и дрчните. Чест на ретките

одблесоци, но неколку ластовици не ја прават пролетта.

Движечкиот мотор во секоја редакција e... Добро

обучениот новинарски тим. А не луѓе кои имаат само

желба да бидат новинари. Уредник-визионер, со талент и

умешност да го стимулира нивниот креативизам, витез кој

стои како штит пред својот тим.

Уметноста ја мие душата од секојдневната прашина...

Критериумите за тоа што е уметност се многу субјективни.

Но, добрата и честа уметност за оние што имаат знаење

да ја препознаат, не те тера да избегаш од реалноста и да

замижиш, напротив, те соочува, отвора дилеми и теми за

полемика.

Никогаш не можам да премолчам...

Кога оние што ги љубиш од дното

на своето битие, гледаш како

се потценуваат себеси, правејќи

непримерни избори.

Ивана на почетокот на кариерата и Ивана денес...

Уплашен оптимист и тивок борец. Моето искуство е

калеидоскопски спектар од бои.

Мојот идеален викенд... Понекогаш имам визуализации за

интимен викенд во Маврово, понекогаш тоа се пастелни

слики од Тоскана, но најчесто идеалниот реален викенд

е кога во прегратка ќе ми влезе мојата внука. И кога ќе

ми шепне: „Ти, тета, не си обична тета, ти си кралица на

тетките“.

Филмски лик што е најблиску до вистинската јас е...

Можеби ликот на Шенон во „Far and Away“ на Рон

Хауард. На прв поглед разгалена, самобендисана и

арогантна, во суштината добро одгледувана и воспитана

девојка, страсна и импулсивна, која храбро им пркоси на

предизвиците.

За мој најголем професионален успех го сметам... Се

обидувам темелно да качувам вертикали и постојано да се

преиспитувам, не сакам гласна себепромоција, особено

не по социјалните мрежи, наспроти полуписмените, кои

врескаат на сериозни партитури и наидуваат на потсмев

кај органските интелектуалци.

Секоја жена со јасна визија и став е... Полнокрвна

жена-змеј. Со деликатен вкус и емотивна интелигенција.

Пребирлива.

24

25

Фотографија: Жарко Чулиќ

Шминка: Доковски (VD Make Up)

Модел: Елена Ѓорговска

Модна агенција: Моделс Ин

Ексклузивно во

26

Bobbi Brown

Highlighting Powder Pink Glow

Bobbi Brown

Crushed Lip Color Angel

Bobbi Brown

Smokey Eye Mascara

Bobbi Brown

Retouching Loose Powder

27

28

Bobbi Brown

Long Wear Even Finish

Foundation

Bobbi Brown

Perfectly Defined Long

Wear Brow Pencil

Bobbi Brown

Crushed Lip Color

Bobbi Brown

Instant Full Concealer

Bobbi Brown

Cream Glow Highlighter Pink Opal

Bobbi Brown

Crushed Lip Color

Bobbi Brown

Metallic Eye Shadow Champagne Quartz

29

ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ

НЕМА СЕРИОЗНИ И

НЕСЕРИОЗНИ ТЕМИ,

ИМА СЕРИОЗНО

И НЕСЕРИОЗНО

НОВИНАРСТВО

Пишува: Тања Тодоровска Малакјан

Фотографија: Жарко Чулиќ

Новинарот Горан Михајловски веќе дваесет и седум години активно ја гради својата кариера, почнувајќи во дневниот весник

„Вечер“, потоа во „Вест“, а денес на интернет-страницата што го носи името на неговата трејдмарк колумна, „Сакам да кажам“.

Поразговаравме за неговата транзиција од печатените медиуми во дигиталниот свет, како и за сѐ почестото сензационализирање

и вулгаризирање во медиумите, што честопати го доведува во прашање квалитетот на новинарството денес. Сепак, тој верува

дека квалитетното новинарство повторно ќе превладее и за него секогаш ќе има читателска публика.

Горан, вие сте дипломиран новинар, кој од почетокот

својата кариера ја гради во медиумите. Дали

занимавањето со новинарство кај вас е остварување на

желба од детството – кога другите сакале да бидат лекари,

актери, пилоти и слично, вие сакавте да бидете новинар?

Па, во суштина, не знаев отсекогаш дека ќе бидам новинар,

повеќе знаев дека не сакам да имам фиксно работно време

и фиксно работно место. Не сакав да работам на некое

затворено место, да бидам во канцеларија од толку до толку

часот, да морам да се пријавувам, туку сакав сам да си го

организирам времето. Сѐ од ова се погоди во новинарството,

каде што мислам дека добро се снајдов и потоа едноставно

решив да не го менувам. Како детски сон, сакав да бидам

пилот, но тоа беше невозможно, бидејќи школите не беа во

Скопје, туку во Вршац, а секако кога одбирав професија

сакав таа да нуди можност за многу патувања, па можеби

затоа и ја избрав оваа професија, не првенствено поради

тоа, но ете, се поклопија работите.

А зошто се одлучивте токму за печатените медиуми, а не и

телевизија или радио, на пример?

Пробав сѐ. Новинар сум уште по завршување на средното

училиште, од 18 години, во време кога по средното училиште

се одеше во војска – дури и таму бев новинар во еден

војнички весник. Потоа, за време на студирањето, почнав

да работам во „Студентски збор“, а хонорарно работев и за

„Младост“, магазин на сојузната социјалистичка младина на

Југославија, што излегуваше во Белград. Во меѓувреме, како

студент се пробав и во телевизиското новинарство, заедно

со неколку колеги од факултет правевме емисија за млади

што беше малку полиберална од она што се очекуваше

тогаш за телевизија Скопје. Меѓутоа, не се пронајдов во

телевизијата, а во радио сум имал некакво искуство како

мал, бидејќи бев член на детска радиодрама, но не ми е

радиофоничен гласот за на радио, па едноставно секогаш

се чувствувам посигурно кога е нешто напишано.

30

И во весниците одбравте деликатна тема – политика,

наспроти, така да кажам, порелаксирачките рубрики

забава, лајфстајл, живот, здравје или сл. Што беше

пресудно за ваквиот избор?

Па, мене ме интересира политиката, не во смисла дека

сакам да бидам активен учесник во неа, односно да бидам

политичар, меѓутоа во смисла на тоа дека како новинар

или како граѓанин, на крајот на краиштата, сакам да бидам

активен и ако можам да променам нешто, да го направам

тоа. Мислам дека како новинар имам поголема привилегија

од другите граѓани, ако ништо друго, барем да си го кажам

тоа што ме мачи, па некогаш навистина и да променам

некои работи. Инаку, моето влегување во политиката во

новинарството беше во 1989 година во „Вечер“ – тогаш

веќе се насетуваше распадот на Југославија, се насетуваше

распадот на комунизмот. Тогаш бев млад новинар, дојдов од

„Студентски збор“, така малку бунтовен и тогашниот главен

и одговорен уредник Златко Блајер веднаш ме фрли во

оган и ме задолжи да ја следам сојузната социјалистичка

младина на Југославија. Првото службено патување ми беше

во Порторож, Словенија, каде што се одржуваше конгрес

на младината на Словенија, потоа во Љубљана, а кај нас

почнав да ја следам Комунистичката партија на Македонија,

односно Сојузот на комунисти на Македонија и од почетокот

до денес сум политички новинар.

Што е клучно при третирањето на политичките теми? На

што треба да се биде особено внимателен, што треба да се

премолчи или да се ублажи, а кон

што да се биде бескомпромисен?

Најмногу водам сметка на

етичноста во новинарството. На

крајот на краиштата, ние не сме

силни со оружје, меѓутоа силни

сме со зборот, па можеме да

уништиме фамилии и бизниси

со нешто што ќе се објави, а можеби можело да се објави

на друг начин или да се допровери, така што мошне сум

внимателен во оваа смисла. Особено во Македонија, во

средина во којашто секој го знае секого и каде што сами

си ја наметнувате цензурата, понекогаш од сосема банални

причини. Секогаш се обидувам да го почитувам основното

правило во новинарството, а тоа е да се сослушаат двете

страни, значи независно дали пишувате за политика или

пишувате за естрада или за спорт, сеедно – нема сериозни

и несериозни теми има сериозно и несериозно новинарство.

Така што, секогаш се обидувам тоа да биде сериозно

новинарство. Ми се случило неколкупати да премолчам

некои работи или да го одложам објавувањето или да

објавам само дел од тоа, бидејќи сум пресметал дека може

да биде поголема штетата отколку тој еден ден слава.

Бескомпромисност мора да има во однос на точноста на

информациите, тие мораат да бидат проверени, мора да

има изјава, ако ја нема официјалната изјава мора да има

некаква заднина, односно барем неофицијална изјава од

проверен извор. Нема објавување без потврда – треба да

бидете сигурни кога ќе објавите нешто.

Цели 15 години бевте уредник на „Вест“, а бевте и еден од

неговите основачи. Од 2005 година „Вест“ беше најтиражен

весник што знаеше да шокира со насловните страници, да

отвори дебата, да засмее, па и да вцрви по некој образ со

КАКО НОВИНАР ИМАМ ПОГОЛЕМА

ПРИВИЛЕГИЈА ОД ДРУГИТЕ ГРАЃАНИ, АКО

НИШТО ДРУГО, БАРЕМ ДА СИ ГО КАЖАМ ТОА

ШТО МЕ МАЧИ, ПА НЕКОГАШ НАВИСТИНА И

ДА ПРОМЕНАМ НЕКОИ РАБОТИ

Superman

„Секси ќоше“ и „Зграпчи го денот“. Кој филтер на селекција

го правевте при изборот на содржините и, како внимававте

да не ја преминете онаа тенка, црвена граница по која

некако постојано „чекореше“ „Вест“?

„Вест“ беше онаков весник каков што сакав да го правам јас

или, подобро, весник каков што сакав да читам. И ден-денес,

при пишувањето се ставам себеси во улога на читател, а не

на новинар. Се прашувам за што би отворил, на пример,

веб-сајт, за што би купил весник, за што би свртил некој

телевизиски канал... Весникот беше таков каков што сум јас,

значи отворен, сакам да отворам теми што божем се сметаат

за табу-теми, сакам понекогаш и да скандализирам и сакав

да предизвикувам внимание со темите што ги отворавме.

Да биде интересно спакувано, да има убава насловна

страница, едноставно кога некој ќе отидеше на трафика

да даде 15 денари да не се чувствува измамено. Да има за

секого по нешто. И да, беше тешко да се оди по таа црвена

линија, многумина пробаа да одат по неа, меѓутоа завлегоа

во некои други води и отидоа дури и во таблоидизирање

на медиумот или вулгаризирање. Ние гледавме тоа да го

направиме на фин, на урбан начин, со малку хумор, со малку

провокација, меѓутоа секогаш имајќи на ум дека не треба да

се навреди никој – никој не смее да биде навреден од тоа

што го пишувате.

И не навредивте никој, немавте никакви жалби, тужби и

слично?

Сме имале, но не стануваше збор за нешто што ќе го загрозеше

опстанокот на весникот. Тоа биле

некакви лични несогласувања,

сме имале и смешни судски

процеси, сме докажувале, на

пример, на една манекенка дека

не е толку убава колку што таа

сметаше дека е убава, бидејќи

ние сме ја навредиле објавувајќи

фотографија што таа не ја бендисувала. Така што, сето

тоа беше во рамките, така да кажеме, на забавниот дел од

новинарството. Во „Вест“ се обидувавме, условно кажано,

сериозните теми да ги протнеме покрај нешто што е, условно

кажано, несериозна тема и мислам дека тоа го правевме

многу успешно.

По истекувањето на договорот со „Вест“, вие сте главен и

одговорен уредник, а воедно и сопственик на интернетстраницата

sdk.mk. Какви слободи во пишувањето,

критикувањето и коментирањето ви донесе тоа?

Па, сега сум слободен да пишувам што сакам, односно тоа

што го бара публиката, иако сѐ уште сум хендикепиран, сѐ

уште зборувам со речникот на печатен медиум, додека моите

колеги зборуваат за импресии, за кликови, за unique users

или не знам што, јас уште зборувам за читатели и тиражи. Не

се чувствувам сигурен во смисла на тоа дека кога зборувам

со ИТ-инженери околу веб-сајтот или околу ова што го

работиме сега, не ги разбирам што ми зборуваат. Минатата

година пред изборите се соочивме со четири кибернапади,

при коишто едноставно се чувствуваш немоќен, нешто се

случува, некаде во некој клауд и ти останува само да седиш и

да чекаш. За разлика од тоа, кога ќе се случеше да се расипе

машината во печатница, „палиш кола“, одиш до печатница и

гледаш таму дали се работи, што се работи, кога ќе се среди

проблемот, дали ќе се среди... така што, од тој аспект сѐ

31

уште чувствувам малку фрустрација, бидејќи не ги разбирам

работите, меѓутоа од друга страна, презадоволен сум од

екипата со која работам.

така што полека стануваме неписмени за други работи што

можеби не ни се примарни интереси, а е убаво да се знаат

за општа култура.

Во време кога едни велат дека печатените медиуми полека

но сигурно умираат, други велат дека технологијата

никогаш нема да ја долови магијата од контактот со тазе

испечатен весник. Како би го коментирале ова?

Не знам дали јас со моите години сум најрелевантен извор

за да го одговорам ова прашање, бидејќи веќе имате цела

генерација што едноставно не чита, туку животот им е

сведен на мобилниот телефон и на сите информации што ги

добиваат преку него. Мене лично да, ми пречи тоа. Можеби

ваквата промена не ја чувствува до толку дневниот весник,

бидејќи тој секогаш бил поназад од телевизијата, па ако

денес како дневен весник се тркате со дневни настани,

немате шанси со интернетот, бидејќи вие веста ја добивате

во истиот момент на мобилен телефон. Лично, сѐ уште

мислам дека магазин може да се продава во Македонија,

не сум сигурен за дневните весници, односно за дневните

весници вакви какви што се сега, меѓутоа едно посеопфатно

разработување на теми, да се седне, да се раскажува, да се

направи убава приказна, да се направи убава репортажа,

да се направи убаво интервју – е ова сега ние што го

правиме не можете да го читате на мобилен. И на крајот на

краиштата, информацијата не е информација само за да

бидете добро информирани, вам ви требаат медиуми и за

забава и за досада, вам ви требаат

медиуми за да „утепате“ време

кога патувате некаде или кога

сте на одмор... така што сметам

дека не им е поминато времето на

магазините, бидејќи на читателите

им недостига добра приказна.

Дали работењето во весник ви недостига до таа мера што

размислувате за враќање во тие води или пак, зошто да не,

и основање на нов „Вест“?

Не, сега сум влезен во оваа нова приказна, мошне успешно

ја стартувавме, имаме добра читаност, добар тираж (се

смее), си има и недостатоци, меѓутоа си има и убави

нешта. Од неодамна го воведовме и smartsdk.mk, каде

што обработуваме малку полежерни теми, каде што ќе се

обидеме да дадеме и малку сексуално образование, но

сето тоа да биде, така да кажам, на еден фин, урбан начин.

Нема да ловиме кој е убиецот на Јелена сигурно, меѓутоа

ќе гледаме да промовираме млади, успешни таленти од сите

области, од спорт, од музика, до култура, дизајнери, нешто

што мислам дека го нема во Македонија. Во Македонија

имате некоја стриктна поделба, или си женски магазин или

си младински или си многу сериозен, мислам дека сите

ние, без разлика на возраста, сме во исто време и сериозни

и несериозни и нѐ интересира сѐ. Порано со купувањето

на дневен весник вие читавте работи што, во принцип, не

би ве интересирале. Го купувате весникот, да речеме, за

политика, меѓутоа како што ги прелистувате страниците,

така стигнувате и до некој интересен наслов од спортот,

па ќе прочитате за некој дизајнер, па за нешто што се

случило во светот, ќе прочитате виц… На интернет денес,

со ова таргетирано читање, вие го читате само тоа што ве

интересира и ви се сервираат само такви информации,

ТОА ШТО САКАМ ДА КАЖАМ, ГО КАЖУВАМ

ЕДНАШ НЕДЕЛНО, НЕКОГАШ И ПРЕМОЛЧУВАМ

НЕШТО, А НЕКОГАШ ИМА РАБОТИ ШТО И НЕ

МОРААТ ДА БИДАТ КАЖАНИ

На интернет кружат многу лажни вести што и во светски

рамки успеваат да „поминат“ како вистинити, а со тоа да го

моделираат и мислењето на јавноста. До која мера смееме

да си дозволиме да им веруваме на медиумите и на вестите

што ги пласираат и, конечно, како до точни информации?

Видете, лажни вести во Македонија имало и во

традиционалните медиуми, така што тоа не е нешто со

коешто ние сега се соочуваме првпат, како што се соочија

Американците со изборот на Трамп и Британците со Брегзит.

Ние лажни вести имавме на телевизии со национални

концесии во вестите. На крајот на денот повторно ќе

кажам дека квалитетот ќе си дојде, не мора да се брка по

секоја цена читаност, иако тоа е малку контрадикторно,

бидејќи маркетинг-агенциите ви ги бројат кликовите, но

од друга страна, кому ќе му го продадете тој производ што

би се рекламирал кај вас доколку „ловите“ кој е убиецот

на Јелена? Дали тој читател може да си дозволи да купи

„мерцедес“ ако единствениот услов за рекламирање е

бројот на кликови? Така што, мора да помине едно нужно

прочистување во медиумите во Македонија што нема да

биде работа само на новинарите, туку ќе го реши и општата

економска ситуација, маркетинг-агенциите и, секако,

читателите, кога ќе исфилтрираат што сакаат да читаат.

Меѓутоа, она со што треба да

заврши ваквото прочистување

е квалитетното новинарство,

вистинското новинарство што ќе

одлучи да биде точно, проверено,

вистинито, да биде навреме

објавено, да ги има најмалку двете

страни. Новинарство што повторно ќе превладее и за кое

секогаш ќе има читателска публика.

Како новинар, освен широки познавања, константно учење,

лично напредување, незапирлива љубопитност, верувам

дека особено важно е да се има и интереси за многу

области, надвор од „матичната“ сфера. Кои се вашите?

Авиосообраќај. Читам сѐ за авиосообраќај и следам сѐ

за него и ете, сум имал шанси да ги посетам фабриката

на „Ербас“ во Хамбург, како и фабриката на „Боинг“ во

Сиетл. Кога можам исто така одам на авиосаеми… тоа

ми е, да речеме, хоби, пасија, нешто што секогаш би ме

интересирало да го читам. Инаку, ме интересира сѐ што

ги интересира и другите и сѐ што мислам дека може да се

продаде како вест. На пример, често им се лутев на колегите

од спортска рубрика на „Вест“, бидејќи тие, кога зборуваа

за спорт, зборуваа како сите да знаат сѐ за фудбалот, за

кошарката, како сите да ги знаат ѕвездите, а јас секогаш им

велев, напишете го тоа за да го разбере и некој што не го

знае, па можеби ќе се заинтересира сега. Истото важи и за

културата, односно културата на ниво на елитизам, тоа не го

признавам во новинарството, бидејќи културата е за сите и

не треба да биде на ниво на елитизам со некаков речник што

другите нема да го разберат.

Родител сте на две деца, што честопати се вели дека е

најтешката „професија“ што еден човек може да ја има.

32

Superman

Како ги воспитувате децата, во која правец сакате да ги

насочите и во какви личности сакате да се изградат?

Па, не би сакал да им наметнувам на децата, тие си имаат

свој карактер и ќе си се изградат во сопствени личности.

Како родител, сакам да израснат во личности кои ќе го

почитуваат туѓото мислење и ќе се борат да го слушнат

и нивното мислење. Да бидат луѓе кои нема да се срамат

да прашаат ако нешто не им е јасно, да побараат помош

ако им треба и да дадат помош на тој што му треба. Да ги

почитуваат различностите, да бидат свесни дека ништо

не доаѓа само по себе, туку мора да се заработи со труд,

знаење и постојано учење. И да не трпат неправда. Да бидат

гласни и да побараат правда таму каде што ја нема, и за

себе и за другите. А какви ќе бидат и со што ќе одлучат да

се занимаваат, тоа е веќе нивен избор во којшто не можам

и не би сакал да се мешам. Жалам што и тие се влезени во

мојава прикаска, па на пример, син ми утринава станува и

ми раскажува за некаков терористички напад, веќе видел и

отворил на интернет, па ме прашува дали и ние го имаме

објавено, меѓутоа тоа е тоа, тие живеат со мене, кога би

живееле со лекар сигурно би имале други прикаски дома.

Вашите колумни се собрани во четири книги, дали можеби

веќе ја спремате петтата? Од друга страна, вашата работа

е наградена со повеќе признанија, пет „Златни бубамари“

и наградите за новинарство „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и

„Крсте Петков Мисирков“. Како гледате на нив, ви значат

ли, чувствувате ли, можеби, обврска да ги оправдате?

Петтата збирка е направена, не е испечатена, а претходните

четири ги направив ете така колку да остане нешто, да

бидат запишани некаде, да стојат во некоја библиотека –

првата колумна е напишана во јануари 1991 година, па до

денес, тоа е фактички историја на целата транзиција на

Македонија, што, за жал, ете трае толку долго, речиси 27

години. Инаку, сите мои колумни се достапни на страницата

„Сакам да кажам“, така што можат лесно и поедноставно да

се прелистуваат, иако за мене лично, книга си е книга.

Воедно, секое признание е поттик, би бил нескромен

да речам дека не ми значи. Да, ми значат, на крајот на

краиштата, зашто работите? Не работите само за пари, само

за да се најадете или да отидете на одмор, туку едноставно

и за да оставите нешто зад себе. Мислам дека во овие 27

години активно занимавање со новинарство, ако не го

сметам работењето во „Студентски збор“, имам оставено

некаков белег во македонското новинарство и горд сум на

тоа.

Во контекст на името на рубриката, „Супермен“, кога би

можеле да поседувате една суперсила, која би била таа?

Многу ме нервира ѓубрето. Живееме во загаден воздух

и живееме во ѓубре. Значи, кога би бил Супермен би го

исчистил и воздухот, а би го исчистил и Скопје и цела

Македонија, од пластични кеси, кучешки измет по улиците,

од растурени контејнери и од мачки кои скокаат од нив.

Значи, кога би бил Супермен би сакал да живеам во една

таква фина, мала земја каква што е Македонија, меѓутоа

спастрена земја во којашто убаво е некогаш кога имате

некои несовршености какви што ги има во Македонија,

меѓутоа ѓубрето е нешто што ме вади од такт и нешто што

навистина не можам да го поднесам.

И за крај, има ли нешто што „сакате да кажете“, а никому

досега не му текнало да праша?

Па, не, во принцип тоа што сакам да кажам, го кажувам

еднаш неделно, порано во весник, сега на веб-портал,

некогаш и премолчувам нешто, можеби ќе дојде време да

се каже, а некогаш има работи што и не мораат да бидат

кажани.

33

ВАШ ЧАСОВНИК,

ВАШ ДИЗАЈН!

ДИЗАЈНИРАЈТЕ САМИ И СПОДЕЛЕТЕ СО

#SWATCHXME

СЕГА ВИЕ МОЖЕ ДА

ЈА ИГРАТЕ УЛОГАТА

НА ДИЗАЈНЕРИ.

Можатe да креирате свој

часовник во неколку чекори

во самото продажно место

на „Божиновски часовници

и накит“, со склопување на

веќе дизајнираните елементи на

часовник.

1. Најпрво изберете го New Gent

куќиштето на часовникот;

2. Потоа од најразличните дизајни

изберете ги двете ремчиња за да

добиете тренди часовник;

3. За комплетирање на уникатниот

дизајн додадете дизајнирана гајка.

И ако ова не е доволно, додадете уникатна

игла или екстра гајка: со симболични слики

како роденденска торта, срце, свадбени и

детали од секакви важни настани во вашиот

живот, со што Swatch X-You часовникот станува

совршен персонализиран подарок.

Со едноставно обележување #swatchXme на социјалните медиуми,

новите дизајнери можат да ги објавуваат своите креации.

Покажувањето на сопствениот стил никогаш не било поедноставно! #swatchXme

34

САКАМ

ДА

ДИШАМ

Пишува: Тања Тодоровска Малакјан

Имаше една шега што велеше дека едвај чекаме да дојде лето за да почнеме да се жалиме колку е топло

надвор. Но, ваквиот хумористичен призвук се губи кога ќе ни текне дека доаѓа зима и наместо поранешните

асоцијации со новогодишните празници, првото нешто со што ја поврзуваме зимата во градот е смогот и сѐ

поголемото загадување. Дури и не морате да буричкате низ податоците и статистиките што се однесуваат

на чистотата на воздухот (за квалитет на воздух секако не станува збор), доволно е да излезете надвор за да

сфатите дека станува збор за сериозно високо ниво на загадување на воздухот.

37

Од што настанува загадувањето кај нас?

Загадувачи можат да бидат различни гасови, опасни

ситни честички, хемикалии, испарувања и слично, што

според факторот заслужен за нив се делат на антропогени

(предизвикани од човечки фактор) и природни извори на

загадување. Загадувачите од првата категорија се најголеми

и се поврзуваат со согорување на различни видови горива.

Тука спаѓаат најголемите извори на загадување како

индустриското производство (загадување преку оџаците на

електричните централи, фабриките, согорувачите на отпад,

печките и другите уреди што согоруваат гориво), потоа т.н.

мобилни загадувачи преку издувните гасови на моторните

возила, депониите на отпад што создаваат токсични

испарувања и нивно палење, почвите, затоплувањето на

домот со масла, гуми, пластика или отпад и сл.

Како да знаеме дали воздухот е загаден

денеска?

Во многу од деновите кога воздушното загадување е

високо, тоа лесно може да се види само со фрлање

поглед од прозорецот. Сепак, квалитетот на воздухот

постојано се мери и се изразува преку индекс за квалитет

на воздухот што се заснова на средни часовни вредности

на концентрациите на загадувачки супстанции. Индексот

при мерењата ги зема предвид концентрациите на сулфур

диоксид (SO₂), азот диоксид (NO₂), суспендирани честички

(PM₁₀), фини честички (PM₂,₅), озон (O₃) и јаглерод моноксид

(CO). Измерените концентрации се споредуваат со

постојните упатства за квалитет на воздухот и, согласно

резултатите, покажуваат за колкаво ниво на загадување

станува збор: многу ниско, ниско, средно, високо и многу

високо. За да се информираат, граѓаните честопати за оваа

цел ги користат мерењата на интернет-страницата Квалитет

на воздух на Република Македонија на Министерството за

животна средина и животно планирање (air.moepp.gov.mk)

или интернет-страницата и апликацијата „Мој воздух“ (mojvozduh.eu)

изработена од програмерот Горјан Јовановски.

Што кога загадувачките супстанции се во

црвена зона?

Во периоди од годината кога загадувањето е алармантно,

концентрацијата на загадувачките супстанции во воздухот

е на многу високо ниво, што се одразува особено штетно

врз нашето здравје. Повеќето од овие супстанции

предизвикуваат и/или ги влошуваат белодробните и

кардиоваскуларните заболувања, причинуваат главоболки,

замор, имаат канцерогено дејство и се одговорни за

прерана смртност. Од нив, најголем ризик по здравјето

имаат суспендираните честички (PM₁₀), а на кои е изложено

населението во повеќето урбани и рурални области

во развиените земји, како и во земјите во развој. И

краткотрајното, а секако и долготрајното изложување на

овие честички може да влијае врз здравјето. Здравствените

ефекти се јавуваат по вдишување на честичките, а зависно

од нивната големина тие можат да навлезат во белите

дробови и крвотокот и да предизвикаат несакани ефекти

врз респираторниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и

нервниот систем. Морталитетот предизвикан од ефектите

на овие честички покажува зголемена стапка на смртност

за 15 до 20% во градовите со високо загадување споредено

со почистите градови. Дури и во рамките на Европската

унија, просечниот животен век е за 8,6 месеци понизок како

резултат на изложеноста на PM-честичките.

Што велат статистиките?

Не сте единствени ако ве револтираат насловите на

интернет што се обидуваат да ве намамат да ги кликнете

со она „шокантно“, „нема да ви се верува“ и ним слични,

но навистина, кој било наслов да го изберете од вестите за

загадувањето, без проблем ќе одговара на овие описи од

погоре. За жал, иако за неверување, статистичките податоци

ја претставуваат реалната опасност од загадувањето,

па така: според извештајот на Светската банка според

степенот на загадување Македонија беше на прво место на

листата европски држави; на аерозагадувањето отпаѓаат 20

до 25% од вкупните причини за морталитет во државата што

на годишно ниво изнесува 1.500 смртни случаи, односно

четири случаи на дневно ниво. Понатаму, статистиките

покажуваат дека во една грејна сезона само во Скопје се

согоруваат околу 317.000 тони дрво, што е приближно колку

количеството дрва што би се добило кога би се исекле сите

дрва на Водно.

Какви мерки се преземени досега?

Повеќето мерки нудат само привремени решенија

за проблемот. Лани во два од најзагадените денови

автобускиот превоз беше бесплатен за сите граѓани, а

слична мерка се воведе и годинава со бесплатен автобуски

превоз за посетителите на Водно за време на викендите и

во празничните денови. Беа спроведени и неколку прскања

на улиците со калциум магнезиум ацетат, биоразградлива

хемиска супстанција што има улога за привлекување на

штетните PM₁₀ и PM₂,₅ честички. Планирани се построги мерки

за т.н. големи загадувачи кои сѐ уште немаат поставено

филтри на оџаците, имаше најави за пар-непар мерката во

сообраќајот што како мерка за аерозагадувањето ја имаат

многу од европските и светските градови, но засега не е

реализирана кај нас. Доказ дека граѓаните навистина се

грижат за своето здравје и покажуваат бескомпромисност

при справувањето со проблемот со загадувањето се сѐ

повеќето граѓански иницијативи кои го креваат гласот во

текот на целата година, а уште погласно штом ќе се појават

првите знаци на загадувањето. Па, досега бевме сведоци

на многубројни протести, петиции, настани за кревање на

свеста, барање решенија и нудење предлози за подобрување

на ситуацијата. Сепак, се чини дека поголеми, суштински

промени и решенија ќе забележиме кога ќе почнат

посериозно да се разгледуваат причинителите, а не само

последиците од загадувањето, што ќе доведе до носење

на нови посериозни мерки за подобрување и решавање на

проблемот на колективно и на индивидуално ниво.

Приказна од насловната

Што можеш да сториш ти за загадувањето?

И властите и граѓанските здруженија повикуваат на апели и

препораки што се веќе добро познати: почесто користење

на јавен превоз и велосипед наместо автомобил (освен кога

е неопходно), соодветно загревање на домот без присуство

на цврсти горива, штетни масла, гуми, отпад и слично во

огревот, селектирање на отпадот и негово фрлање на

местата соодветни за тоа, намалување на употребата на

штетни хемикалии, искористување на алтернативните

извори на енергија, одговорно однесување кон природата...

Кога загадувањето е зголемено пак задолжително е да се

преземат соодветни мерки – да се носат заштитни маски,

да се избегнува излегувањето од домот, што особено

се препорачува за малите деца, трудниците и старите и

изнемоштени лица.

Само препораки не се доволни

Сепак, само препораките не се доволни и не верувам дека

на соседот до вас кој упорно подготвува смеса од отпад

и гуми за греење, токму препораките ќе му бидат повик за

освестување. Повеќе од кога било потребни се итни, но

не избрзани, долгорочни и плански мерки што со текот на

времето ќе го направат апелирањето за правото на дишење

чист воздух, минато. И тоа минато што ќе служи за пример

како НЕ треба.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Модел: Калина Калчоска

Модна агенција: Моделс Ин

Моја борба

ДЕНИ СТАНОЕВСКА-ЏИДРОВА:

ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ

БЕБИЊА СЕ

ВИСТИНСКИ БОРЦИ

Пишува: Ружица Антиќ

Фотографија: Жарко Чулиќ

40

Моја борба

Првата слика што си ја замислувам за родилките и за

нивниот престој во болница по породувањето е мајка

која ги заборавила сите болки и лежи со своето

прекрасно бебе, во блажена поза, во соба полна со балони

и цвеќиња. Но, неодамна, на 17 ноември, светскиот ден на

предвреме родените бебиња, се соочив со друга реалност и

малку поинаква слика за првите денови од животот на многу

бебиња. Мојот „news feed“ на „Фејсбук“ беше преплавен со

фотографии на горди мајки на предвреме родени бебиња,

фотографии од мали борци со најразлични помагала за

дишење на себе. Иако знаев дека имаме загрижувачки

статистички податоци за порастот на предвреме родените

бебиња, не можев ни да замислам колкав број родители

се соочуваат со овој проблем. Затоа одлучивме дека овие

семејства, овие мали борци, заслужуваат да видат дека

не се сами. Да видат позитивен пример, приказна и борба

што завршила на најубав начин. Со прекрасно, здраво

девојче кое по ништо не заостанува од своите врсници,

туку напротив, таа е голема гордост на своите родители.

Спонтано, со огромна доза емоции, љубов, надеж и болка,

ТВ-водителката Дени Станоевска-Џидрова ни ја раскажа

нејзината најголема животна победа.

Животот е полн со непредвидливи ситуации, скриени

убавини и чудни изненадувања. Бевте ли вие подготвени за

вашата најголема животна борба?

Јас и мојот сопруг силно сакавме да го прошириме

нашето семејство и да добиеме дете, но кога почнавме да

го реализираме тоа, сфативме дека нема да биде толку

едноставно и лесно, зашто имам ендометриоза и низа други

гинеколошки проблеми, поради кои морав да се оперирам

двапати. Потоа почнав со процесот на инсеминација,

односно ја почнавме процедурата на добивање дете со

вештачко оплодување. Со првото инвитро останав бремена,

но за жал, во 12 недела го изгубив бебето. Потоа правев

уште две класични инвитра и три на спонтан циклус, но дури

во шестиот обид останав бремена, со два плода, женски

близначиња. Во 12 недела, лекарот при прегледот откри

дека едниот плод не е во ред, односно дека едното близначе

има аномалии на мозокот. Со амниоцинтеза видовме дека

другиот плод е во ред и дека бременоста сè уште имав шанси

да ја продолжам, иако лекарот јасно ми кажа дека колку што

ќе успее да издржи болното бебенце, толку ќе има шанси

да го носам и здравото бебе, зашто можат да се случат

компликации кога ќе почине едното. Така и се случи, од

почетокот ме водеа како ризична бременост и под огромен

стрес, буквално секој ден очекував некој нов симптом. Во

шестиот месец почина болното бебенце и по неколку денови

морав итно да бидам породена, бидејќи имав абрупција на

плацентата. Со смртта на едното близначе, веднаш почна

борбата за да го спасиме животот на другото. Почнаа да

ми даваат терапија, односно инјекции, за да се потпомогне

развитокот на белите дробови и како итен случај заминав за

Љубљана, каде што се роди Миа, тешка 1.250 грама и долга

само 38 сантиметри.

Велат дека со секое бебе се раѓа и мајка, но во случај на

предвреме родените деца, тоа се одвива во многу стресни и

страшни околности. Каква беше првата средба со вашата ќерка?

Чинот на породување во туѓ град и во туѓа држава и во

нормални услови би ми бил тежок, но вака беше премногу

трауматичен. Јас и сопругот среде ноќ, во болницата ги

слушавме лекарите како буквално врескаа: „Итен царски!“

и бевме очајни зашто сега бевме свесни дека ќе биде борба

за живот и смрт, како за животот на бебето, така и за мојот.

За наша среќа, стануваше збор за големи професионалци

и за државна болница во којашто има многу добар оддел

за неонатологија, буквално за едно бебе се грижеа по

пет-шест сестри, и за многу кратко време ме породија.

Другиот ден првпат ја видов Миа и таа слика и тоа чувство

ќе го паметам цел живот. Во инкубаторот беше толку мала

и нежна, како глувче, целата замотана со различни кабли,

црева, со тубус, за да може да дише. Целата глетка беше

огромен стрес за нас како родители. Бевме преплавени

со измешани емоции, среќни дека добивме дете, но многу

тажни за сѐ што се случува и премногу исплашени како

41

42

Моја борба

Моја борба

ќе заврши борбата за животот на Миа. Таа се роди во 28

недела и по сите параметри беше во најризичната група на

предвреме родени бебиња, па затоа на почетокот буквално

не се знаеше ништо. Следуваа низа прегледи, за да се

утврди штетата од предвременото раѓање и моменталната

состојба. Вториот ден имавме уште еден шок, ѝ пукнаа двете

белодробни крила и имаше крвавење, што дополнително

ја влоши нејзината состојба и нашиот страв. Јас и мојот

сопруг по цел ден бевме во болница и морам да кажам дека

навистина многу голема поддршка си бевме еден на друг.

Во тие моменти луѓе ни се јавуваа да ни честитаат, а ние не

знаевме што ќе биде со нашето дете и во целиот емотивен

хаос, нашата меѓусебна љубов беше единствена светла

точка и трошка надеж.

Родителите на предвреме родените бебиња се сведоци

на вистинско чудо. Како изгледаше вашето секојдневие

во првата година, што се смета за најризична за нивното

здравје?

Неколку денови по раѓањето, кога малку закрепна, почнаа

да ми ја даваат, да ја ставам на гради и тој метод „Skin to

skin“ е многу стимулативен за развојот на бебињата. Рацете

ми се тресеа, колку беше мала и нежна, не можевме да

престанеме да плачеме, ни јас, ни сопругот. Знаев колку е

важно мајчиното млеко и затоа бев многу упорна, од првиот

ден се измолзував и секоја капка што ќе ја добиеше беше

од огромно значење за неа. Во Љубљана има цел оддел за

мајчино млеко и веднаш по породувањето ме стимулираа со

хормони, за да добијам млеко. Премногу бев среќна што до

шестиот месец Миа имаше можност да прима мајчино млеко,

буквално со месеци по цел ден бев со пумпата, зашто се

плашев да не снемам млеко. Уште додека бевме во болница,

лекарите ни објаснија што значи предвреме родено бебе,

добивме и литература за да читаме и да се запознаеме со

ризиците и со предизвиците што ги носи животот со вакво

дете. Додека ја читав книгата моите стравови се засилија

уште повеќе, зашто видов дека ситуации како крвавење

во мозокот, церебрална парализа и милион други ризици

можат да бидат секојдневие на семејствата со прематурно

бебе. Уште во болница се чувствував многу подготвена

психички, имав јасен став дека што и да се случи, тоа си е

мое дете и јас си го сакам со сето мое срце и ќе го чувам

најдобро што можам. По неколку недели почнав малку да се

чувствувам помирна, зашто Миа немаше крвавење во мозок,

немаше ретинопатија, со дишните патишта сè испадна

добро на крајот. Ја гледав како темпераментно си расте во

инкубаторот, постојано ги вадеше каблите и секој нејзин

успех беше и наш и неизмерно нè радуваше. Два и пол

месеци бевме во болницата во Словенија, а потоа со сестра

од болницата, што ни ја доделија да нè придружува по пат,

се вративме во Скопје. Кога стигнавме дома, веќе бевме

обучени како да ја капеме, како да ја повиваме, како да ја

храниме, зашто буквално сѐ, секоја постапка е различна од

кај терминските бебиња. Домот ни личеше на карантин и

во тие услови живеевме шест-седум месеци, зашто знаевме

дека мораме многу да внимаваме и да ја пазиме од вируси и

од бактерии. Речиси никого не пуштавме дома, само бабите

ретко, постојано носевме медицински маски, миевме раце

по цел ден и користевме антибактериски сапуни и гелови.

Нашиот дом личеше на болница, зашто ги купивме буквално

сите медицински уреди што ни беа неопходни за нејзиниот

развој. Купивме апарат што се става под душекот за спиење,

да го мери нејзиното дишење додека спие. Купивме

оксиметар, со кој ѝ меревме кислород во крвта, што се става

на рака, но ние ѝ го стававме на ножето, зашто рачињата ѝ

беа преслаби. Имаше ноќи кога буквално по цела ноќ бевме

над неа, и гледавме дали дише, колкава е сатурацијата во

крвта. Имавме среќа што, освен обична настинка, првата

година немаше други здравствени проблеми, постепено

почнавме да ја мешаме со луѓе и да функционираме

понормално.

Во високоразвиените земји, специјализирани тимови

физијатри, невролози и терапевти, со цела програма, нега

и вежби им помагаат на прематурните деца да ги следат

своите врсници. Колку време посветувавте на нејзиниот

психомоторен развој?

Уште од почетокот имавме развоен дефектолог, што го

следеше нејзиниот развој до третата година, постојано

одевме на прегледи и имавме поинаков вид борба. Борба

за нејзиниот психофизички развој, односно не знаевме

дали навремено и правилно ќе прооди, ќе прозбори и дали

ќе заостанува од своите врсници. Нејзиниот интелектуален

развој одеше многу побрзо од физичкиот развој, слухот и

говорот ѝ беа одлични и веќе околу третата година сѐ си

дојде на свое место. И до ден-денес чувствувам дека Миа

е моја слаба точка, што и да каже дека ја боли, реагирам

некако многу бурно и емотивно. Нејзиниот карактер поради

сѐ ова е многу борбен, таа и денес е многу храбра и упорна,

за мене таа е посебна. Со неа разговараме за сѐ отворено,

таа знае дека имала сестра-близначка, дека се родила во

Словенија, знае дека два месеца сме чекале да закрепне

за да си ја донесеме дома. Некогаш имам чувство како да

ѝ недостига некој дел, постојано зборува дека сака да има

сестра, како би се викала и слично.

Велат дека силата на мајчинството е посилна од законите

на природата. Се двоумевте ли околу одлуката за второ

дете, знаејќи дека повторно можеби ќе треба да поминете

низ истото?

Од почетокот, иако и моето здравје беше загрозено, во ниеден

момент не помислував на себе. Неколку денови по царскиот

рез пешачев од хотелот, до болницата, секојдневно. Иако

породувањето ми беше тешко и ризично, единствено мислев

само на здравјето на Миа. Пред неколку години, кога малку

се ослободив од стресот, добив невродерматит, веројатно

годините наталожен стрес се одразија на моето здравје. Сè

уште чувствувам последици, особено кога станува збор за

здравјето на моите деца, да ги фати обична настинка, јас

веднаш паничам. По годините поминати во грч, раѓањето на

Максим, нашето второ дете, беше вистинско освежување и

ни донесе голема радост на целото семејство. Со второто

дете останав бремена по природен пат, иако по лекарската

дијагноза тоа не беше возможно. Уште од почетокот на

бременоста ги имав истите стравови, постојано си викав

само да помине 28 недела и ќе ми олесни. Секој преглед ми

беше многу стресен, иако по сите параметри имав сосема

нормална бременост, постојано бев во грч да не ми кажат

43

Моја борба

дека нешто не е во ред со детето. Исто така, во втората

бременост многу се плашев од чинот на породувањето,

зашто имав многу болни спомени од сѐ што ми се случи.

Сепак, сѐ се заврши во најдобар ред и видов што значи да

доживееш веднаш да си го гушнеш бебето без огромен

стрес и страв.

Кај нас во последниве години предвремено и со

компликации се раѓаат седум-осум бебиња месечно.

Според вас, што е важно да знаат нивните родители?

Во Македонија има навистина огромен број на предвреме

родени деца, на кои им треба голема помош. Кога се најдов

во таа ситуација, кога се вративме во Македонија, не знаев

ни каде да ја носам мојата ќерка, ни каде да се обратам.

Мислам дека ни треба многу поголема организираност

за предвреме родените бебиња, почнувајќи од стручна

помош за мајките и семејствата, па до врвна нега за

бебињата. На пример, една од најболните работи ми беше

кога во болницата лежев со мајки на термински родени

бебиња и ним им ги носеа бебињата, по неколку пати на

ден, да си ги помилуваат и да бидат со нив. Не можам да

ви опишам како се чувствував, тие жени не ми беа виновни,

но мојата болка беше огромна. Затоа е многу важно од

почетокот пристапот кон ваквите случаи да биде многу

сериозен и темелен. Многу ми помогна и размената на

искуства со други родители, било да е на форуми или

од лични контакти. Верувам дека и мојов пример ќе му

помогне некому со сличен проблем, дека треба да се бори,

дека треба да негува само позитивна мисла. Имаше денови

кога ме фаќаа црни мисли, особено за нејзиното здравје,

но само со разговор и поддршка се чувствував подобро.

На сите родители кои се нашле во ваква ситуација би

сакала од мојот пример да им посочам една работа, а

тоа е постојано да веруваат во своето дете и во неговата

сила. Предвреме родените бебиња, иако мали, имаат

многу голема сила во себе и се вистински борци. Исто

морам да кажам, колку и да им звучи неизводливо, многу

е важно постојано да се позитивни и да избегнуваат црни

мисли. Да разговараат со мајки кои имаат слично искуство,

да не се затвораат во себе, мораат да ги споделуваат

тие силни емоции. И по толку години мене сè уште ми се

јавуваат родители кои имаат предвреме родени деца и ме

прашуваат за различни совети. Многу ми е мило што е така и

постојано им помагам, зашто знам колку им значи тоа. Исто

така, знам дека во нашиот случај сѐ сама барав и читав на

интернет, кој преглед да го направиме, вежби за развој и

слично. Истото што ми се случи мене пред осум години, го

преживеав повторно пред една година, со мојата сестра.

Буквално сѐ исто, како пресликано ѝ се случи и нејзе. И таа

беше бремена со две женски близначиња, исто ѝ нејзе во

28 гестациска недела ѝ почнаа компликациите и мораа да

ја породат. Едното близначе почина, но ја добивме Марија,

уште еден силен борец во нашето семејство. Сѐ заврши

добро, и нашите девојчиња се здрави и прекрасни деца.

44

ВПЕЧАТЛИВ,

ПРЕФИНЕТ

И ЖЕНСТВЕН

“Нежното

зрно тонка ја

открива својата

раскошност,

збогатена со ноти

на ванила, бадем

и цимет. “

SUBLIME NATURE

TONKA BEAN Парфем

45

Gimme Danger

Little Stranger

Фотограф: Горан HLVK Поповски

Модел: Маријана Страченски

Модна агенција: FOX

Шминка: Наџа Газдиќ

Фустан: ALSHAR BY SILVIA MIHA

46

Блуза и панталони: PAPAZ

47

48

Фустан: DRAMA

Наметка: PAPAZ

Ланче: ЈОВАНА РОТ

Комплетен изглед ВИКТОРИЈА АРСОВСКА

Ремен: GOOMA

50

Фустан : PAPAZ

51

SPICE

UP

YOUR

LIFE

MANGO палто 5.990 ден.

MANGO бразлетна 690 ден.

MANGO сет прстени 590 ден.

PARFOIS бразлетна 690 ден.

PARFOIS бразлетна 790 ден.

PARFOIS чанта 1.090 ден.

MOTIVI сет прстени 1.190 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

PARFOIS 2.090 ден.

1

ЧЕТИРИ

КЛАСИЧНИ

ЧАНТИ

2

MAX&CO 27.390 ден.

3

CARPISA 3.490 ден.

4

PARFOIS 2.490 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

НАЈДОБРОТО ОД

МАШКАТА МОДА

Некои работи никогаш не излегуваат од мода. Една

од нив е класичното машко одело во тегет боја. За

оваа сезона, најдобриот избор е струкирано сако, со

суптилни детали. Широките палта што не ја следат

линијата на телото одамна не изгледаат елегантно

и модерно. Изберете бела кошула или пак кошула

во светла боја за да го постигнете елегантниот

безвременски изглед.

Деталите пак, за разлика од изборот

на одело, секогаш имаат простор да

бидат похрабри и впечатливи. За да ја

комплетираме оваа комбинација ние

избравме голем сребрен часовник и

класичен црн ремен.

AVVA костум 11.250 ден.

AVVA кошула 2.350 ден.

AVVA ремен 1.360 ден.

AVVA чевли 6.300 ден.

Панталоните, исто како и палтото,

треба да ја следат линијата на телото

и да ја истакнат вашата силуета.

Тесните панталони одамна не се

само за жени, напротив, изгледаат

супер и привлечно и на машкото

тело.

ФОТОГРАФ: Жарко Чулиќ

СТИЛИСТКА: Ана Коцевска

МОДЕЛ: Павле Николовски

МОДНА АГЕНЦИЈА: Моделс Ин

Портрет мода

Не постои ништо поудобно од фармерки и блуза. Моделот на

фармерките изберете го во зависност од градбата на вашето тело.

Целата комбинација завршете ја со сиво палто што ќе внесе контраст

и доза на формалност.

Изборот на блуза овој пат без

размислување беше оваа тегет

полуролка, што на наше огромно

задоволство се враќа во мода.

AVVA ролка 2.840 ден.

AVVA фармерки 4.200 ден.

AVVA капут 10.110 ден.

AVVA патики 6.300 ден.

MOTIVI 890 ден.

Доколку сакате да го

освоите комплетот на Sara

Fashion, аплицирајте на

contact@portretmag.com

SARA FASHION 360 ден.

MOTIVI 5.490 ден.

PARFOIS 1.290 ден.

MANGO 2.490 ден.

SARA FASHION 150 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

PARFOIS 790 ден.

56

Фотографија: Жарко Чулиќ

Chic

З И М А

PARFOIS син џемпер 3.790 ден.

BETTY BARCLAY палто 4.790 ден.

MARELLA ролка 11.790 ден.

CARPISA чанта 2.090 ден.

BETTY BARCLAY фармерки 5.890 ден.

MARELLA чизми 16.890 ден.

57

SHOES MANIA

BATA 3.190 ден.

MAX&CO 17.790 ден.

BATA 5.590 ден.

PARFOIS 2.290 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

LIU JO 11.790 ден.

LIU JO 9.790 ден.

PARFOIS 2.290 ден.

ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ

AUTUMN WINTER 18

Дел од новата колекција есен/зима 2018 на Јована Филиповиќ

Фотографија: Ани Дими

Портрет мода

ПРИКАЗНАТА ЗА КРИСТОБАЛ БАЛЕНСИЈАГА

НАЈСЛАВНИОТ ШПАНСКИ КОТУРИЕР

Пишува: Џејлан Рустемоска

Го именуваат како крал на котуриерството, мајстор за

прецизни кроеви, моден титан, поим за елеганција

што не боде очи, архитект на високата мода, уметник

во секоја смисла на зборот. Како што пишува „Вог“ уште

во далечната 1962 година: „Речиси од првиот ден кога го

отвори својот салон тој важи за најголем моден лидер: она

што Баленсијага ќе го направи денес, другите дизајнери

ќе го прават утре или следната година, а дотогаш тој веќе

отишол подалеку“. И покрај печатот што го оставил врз

модата глобално („тој е учител на сите нас“, вели за него

Кристијан Диор), целата негова личност е обвиена во

мистерија. Баленсијага е еден од ретките котуриери, ако

не и единствениот, кој не сакал да зборува за себе, ни за

својот занает, ни да се претставува и да се поклонува на

своите ревии. Сѐ што знаеме за него денес го дознаваме од

неговата работа. Неговите беспрекорни парчиња што и 45

години по неговата смрт се еднакво фасцинантни гласно

зборуваат за неговата дарба, визија, вешти раце, па дури и

за него како човек.

Кристобал Баленсијага е роден во далечната 1895 година

во малечко рибарско селце во Шпанија, како син на рибар

и локална шивачка. Очекувано е рибарските мрежи да го

уловат од мали нозе и да станат и неговата судбина, но

Кристобал не е вљубеник во морето. Немајќи многу играчки,

детството го минува гледајќи ја мајка му како ткаенините ги

претвора во чудесни парчиња облека. Според легендата за

Баленсијага, сѐ почнува кога едно неделно утро, веднаш

по мисата, вниманието му го одвлекува маркизата Торес,

поточно нејзиниот бел костим од индиска свила и сламена

шапка прекриена со кафен шифон врзан под брадата.

Малечкиот Кристобал е засенет од елеганцијата на

нејзината креација и посакува да изработи исто толку убав

костим со свои раце. Маркизата го прифаќа предизвикот,

а за само пет дена Кристобал успева да направи верна

копија на моделот на големиот Пол Поаре, пионерот на

модерната женска облека. Воодушевена од неговиот

талент, маркизата станува негова заштитничка и го испраќа

во Мадрид да ги изучува тајните на занаетот од најдобрите

шпански мајстори. Ова е периодот во кој Кристобал

Баленсијага станува она што ќе го нарече Коко Шанел:

„единствениот вистински котуриер, сите други се модни

дизајнери“. Од почетокот има ретка способност да создаде

меки и елегантни геометриски форми што совршено

легнуваат на женското тело. Има неверојатна контрола врз

секој чекор: одбирањето ткаенина, кроењето, шиењето, сѐ

до последните финеси. Во 1919 година го отвора својот прв

бутик во Сан Себастијан. Гласот за кројачот кој успева да ја

трансформира женската силуета, креирајќи фустани во кои

сите жени стануваат убави, брзо успева да стигне до сите

отмени шпански госпоѓи подготвени да платат богатства,

само да бидат дел од магијата. Набрзо, Баленсијага отвора

бутици и во Мадрид и во Барселона. Иако во периодот

од Првата светска војна успева да работи непрекинато,

избувнувањето на граѓанската војна во Шпанија во 1936

година го принудува да се пресели во Париз.

Во Париз неговата репутација стигнува уште пред

Баленсијага да стави нога. Во вакви околности не е ни

чудо што веќе во 1937 година успева да ја отвори својата

модна куќа, правејќи вистинска револуција во францускиот

моден свет, внесувајќи и карактеристични елементи на

неговата родна Шпанија, како тантела, болеро и црвено-црни

контрасти. Особено црната боја, како одново да ги измислува

нејзините најинтензивни и најтемни нијанси, придавајќи со нив

доза сензуалност на сопствените креации. Станува толку славен и

обожаван што многу негови приврзанички си го ризикувале животот

за време на Втората светска војна само за да стигнат до неговиот

салон во Париз. Во периодот кога Кристијан Диор е славен со

своите широки здолништа со претесен струк, Баленсијага предлага

алтернатива со неговиот империјален крој, ослободувајќи го струкот

и целата женска фигура, давајќи ѝ пофлуиден изглед. Силуетите

на Баленсијага се производ на неговата имагинација, и ден-денес

неповторливи. Неговите здолништа и палта со изразени волуменозни

форми се предвесник на модата од шеесеттите. Ги скратува ракавите

за да се олеснат движењата, а и би дошол до израз накитот на

неговите клиентки. Ги ослободува нивните вратови, што автоматски

изгледаат подолги и пограциозни.

Тој е официјален котуриер на шпанското кралско семејство,

најскапиот во Франција, но омилен меѓу европската аристократија и

кај некои од најубавите и највлијателни жени на епохата. Легендата

вели дека ако еднаш носиш „Баленсијага“, веќе не сакаш да носиш

ништо друго. Жените кои денес ги нарекуваме инфлуенсери до

крајот на шеесеттите години ги облекувал исклучиво Кристобал.

По европската аристократија, редот е на Холивуд: Ингрид Бергман,

Елизабет Тејлор, Одри Хепберн, Грејс Кели, Лорен Бекол, Џеки Кенеди

се некои од најславните амбасадорки на уметноста на Баленсијага.

Неговите креации не се спектакуларни, ни особено впечатливи,

напротив, тие се израз на воздржана елеганција и префинетост, но

се незаменливи.

Во модната куќа на Баленсијага владее тишина, велат модните

новинари од тој период. Сите доаѓаат тивко, како на молитва. Не се

зборува, не се кашла, забранети се фотографии и скици. Моделите

треба да бидат тивки, сериозни, дури и намрштени и да избегнуваат

каков било контакт со поглед со публиката. Неговите ревии траеле

час и половина, за време на кои дефилирале околу 200 модели, а

единствено се слушале шушкањето на ткаенините и чевлите на

моделите по подот. Додека во паралелниот универзум на Диор

секоја модна ревија е спектакл, кај Баленсијага, велат, ревиите

личеле на погреб. А сепак, токму тука се раѓа вечната елеганција,

чиста, апстрактна, совршена. Тој ги набљудува сопствените шоуа од

заднината, ѕиркајќи низ завесите на своето ателје, концентрирајќи се

на работата, избегнувајќи ситни непотребни дијалози со присутните,

според него најбесмислената страна на модниот свет. Во приватниот

живот е резервиран, поминува време само со семејството, патува

ретко, создава многу. Не чита книги, се потпира единствено врз

сопствената имагинација. Не живее во куќите што ги купува, сака

само да ги уредува.

При крајот на шеесеттите, со граѓанските движења и влегувањето

на жените на пазарот на трудот, се менуваат и нивните потреби. Се

раѓаат прет-а-портер линиите, облеката се произведува сериски, во

однапред одредени величини. Ваквото сериско производство не се

вклопува во светот на Баленсијага, кој смета дека е навредливо да

се откаже од директниот контакт со клиентите, за да се изработат

ситните детали што од една креација прават нешто повеќе од облека.

Во 1968 година, кога е на врвот на сопствената слава, Кристобал

Баленсијага се повлекува од модната сцена. Се зборува дека неговите

приврзанички го прогласиле за ден на жалост денот кога ги стигнува

ваквата трагична вест. По завршувањето на кариерата, тој се враќа во

родната Шпанија, каде што засекогаш го напушта светот на 23 март

1972 година. „Кралот е мртов“ е насловот со кој најпознатото модно

списание на тоа време „Women's Wear Daily“ ја пренесува тажната

вест за смртта на најславниот шпански котуриер.

ШТО

Луксузниот бренд S.T. Dupont

го прослави 145 роденден

Изминатиов месец светскиот бренд „S.T. Dupont“

го прослави својот 145 роденден, и по тој повод ги

презентираше новите луксузни колекции, на настан

кој што се одржа во Резиденцијата на францускиот

амбасадор во Скопје. Прекрасна атмосфера, многу

новинари, соработници и љубители на брендот,

придонесоа Скопје да личи на светска метропола.

Францускиот амбасадор во Р. Македонија, неговата

екселенција г. Кристијан Тимоние, и извршниот

директор на „S.T. Dupont“ за Источна Европа, г-ѓа Олга

Пастернак, се обратија на многубројните гости со

препознатливиот француски шарм и спонтаност.

S.T. Dupont е реномиран француски бренд и

производител на запалки, колекционерски пенкала,

чанти, прибори и додатоци за уживатели на пури и

други луксузни производи. Компанијата произведува

префинети и уникатни предмети од своето основање

во 1872-та година. Основач на компанијата е Симон

Тисот–Дупонт, по чие име и иницијали е добиено името

на компанијата. Првите сериски произведени запалки

се создадени во 1941 година, кои биле направени од

алуминиум. Од 1958 до 1963 година, сите запалки се

доработени со 18 каратно злато.

ИМА

На прославата беше претставена првата луксузна

запалка во производство на S.T. Dupont, историски

примероци на куфери за патување, најсофистицирани

колекции на скулптури со вградени запалки и пенкала,

како и лимитирана серија на луксузни производи. S.T.

Dupont 145 години рачно изработува исклучителни

подароци за исклучителни луѓе. Неизмерно се горди

секој пат кога една од нивните креации ќе стане дел

од нечија семејна приказна. Дел од производите на S.T.

Dupont ексклузивно може да ги најдете во SIGMA Jewelry,

продавниците за златен накит и накит со дијаманти, кои

се наоѓаат во ГТЦ Скопје и Skopje City Mall.

Фотографија: Жарко Чулиќ

НОВО?

62

НОВИОТ PEUGEOT 308

НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА

Фотографијата не е обврзувачка.

170 €/МЕСЕЧНО*

OД

МЕСЕЧНАТА ВРЕДНОСТ ВО ДЕНАРИ

ИЗНЕСУВА 10.506 МКД

PEUGEOT i-COCKPIT

НОВИ СИСТЕМИ ЗА „ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ“

ЕУРОИМПЕКС, Генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

Локација 1: Бул. Трета Македонска Бригада бр. 72, Скопје. Тел (02) 3111-000 • Локација 2: ул. Скупи бб, Скопје. Тел (02) 3096 -900

СКОПЈЕ • СИТИ КАР (02) 3109-987; ГЕВГЕЛИЈА • БОНДИ (034) 211-400; ПРИЛЕП • АВТО СТЕЛА (048) 419-777; ТЕТОВО • АВТО ЧАЈКА (044) 333-090; ШТИП • АВТО ЧАЈКА 2 (032) 395-090;

63

ПРАЗНИЧНИ

МИРИСИ...

Фотографија: Жарко Чулиќ

CAROLINA HERRERA Ch Men EDT 50 ml 3.900 ден.

JEAN PAUL GAULTIER Classique EDT 50 ml 4.100 ден.

MARC JACOBS Daisy EDT 50 ml 4.375 ден.

CHLOE LOVE Chloe EDP 50 ml 4.950 ден.

BVLGARI Goldea EDP 50 ml 5.535 ден.

TOM FORD Orchid Soleil EDP 50 ml 6.583 ден.

Козметички новитети

LUSH Cardamom

Coffee EDP 30 ml

2.995 ден.

ESTEE LAUDER by VB

сјај за лице 2.990 ден.

YVES SAINT LAURENT

Encre De Peau All Hours

Foundation пудра за

лице 3.250 ден.

ARTDECO Soft Lip Liner

молив за усни 350 ден.

YVES SAINT LAURENT

Touche Eclat Le Cushion

крем пудра за лице

3.250 ден.

MISSLYN лак за

нокти 160 ден.

MAC DUO FIBRE четка за

минерална пудра 3.488 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Beauty Story

Оваа есен Lancôme има цела палета на нови производи, а ние ви предлагаме како да ги користите.

За овој изглед користевме:

• LANCÔME Genifique Light Pearl • LANCÔME Genfique Advanced Youth Concentrate Activating Serum • LANCÔME Teint Idole Ultra Wear 01

• LANCÔME Teint Idole Ultra Stick 01 • LANCÔME Ombre Hypnôse Stylo 25,26 • LANCÔME Grandiôse Liner 02 • LANCÔME Grandiôse Mascara

• LANCÔME • Sourcils Styler 02 • LANCÔME L’Absolu Gloss Plumper • LANCÔME L’Absolu Gloss 222 • LANCÔME Blush Subtil Cushion 032

За овој изглед користевме:

• LANCÔME Teint Idole Ultra Wear 01 • LANCÔME Effacernes Concealer 01 • LANCÔME Ombre Hypnose Palette 110

• LANCÔME Ombre Hypnôse Stylo 27 • LANCÔME Le Crayon Khôl 01 • LANCÔME Mr. Big Brow 02

• LANCÔME Mr. Big Mascara • LANCÔME Le Lip Liner 132 • LANCÔME L’Absolu Rouge 66 • LANCÔME Blush Subtil 011

За овој изглед користевме:

• LANCÔME Teint Idole Ultra Stick 01 • LANCÔME Ombre Hypnôse Palette 108 • LANCÔME Ombre Hypnôse Stylo 30, 24

• LANCÔME Grandiôse Mascara • LANCÔME Mr. Big Brow 02 LANCÔME Mr. Big Brow 00 • LANCÔME Le Lip Liner 368

• LANCÔME Matte Shaker 379 • LANCÔME Blush Subtil 021

BACKSTAGE

M O M E N T S

Фотографија: Жарко Чулиќ

Шминка: Ивана Лисак

Асистент на шминка: Нела Михајловска

Модел: Наталија Стојановска

Модна агенција: Моделс Ин

69

ЕДИНА КОЛАШИНАЦ, СОПСТВЕНИЧКА НА САЛОН ЗА УБАВИНА „PLEASURE“

ВЛЕЗЕТЕ ВО ОАЗАТА НА

УБАВИНАТА

Во време кога секоја жена е во константна бркотница, за да ги заврши сите свои

должности и да одговори на својата улога како жена, сопруга, мајка, кариеристка,

пријателка, правејќи компромис меѓу сите обврски, се чини дека наоѓа сѐ помалку

време за себе. Во салонот за убавина „Pleasure“ целта им е токму ваквите ретки

моменти да ги претворат во скапоцени мигови за уживање за секоја жена.

Едина, вие сте сопственичка на салонот за убавина „Pleasure“, што по

дванаесетгодишна успешна работа, тринаесеттата година доби свој нов лик,

нова локација, нова свежина, задржувајќи и усовршувајќи ги квалитетот и

прифатливите цени по кои сте познати. Што значеше за вас ваквото одново раѓање

на „Pleasure“ и ги исполни ли вашите очекувања?

Пред сѐ, ви благодарам на посетата и добре дојдовте во нашата оаза на убавината.

Овој чекор за мене беше предизвик, бидејќи имав и сѐ уште имам намера во Македонија

да поставам нови стандарди што се однесува на салоните за убавина. Сметам дека

салоните за убавина не се само места каде што жените доаѓаат единствено за третмани

туку и места каде што треба да се добие врвна услуга, првенствено фин и пријатен

дочек, а за време на третманите пријателски пристап надополнет со искрена грижа

и максимална посветеност, за секоја жена да се чувствува пријатно. Што се однесува

на тоа дали се исполнија моите очекувања, искрено пријатно сум изненадена. Голем

број клиенти веднаш го препознаа квалитетот, а тој број расте од ден во ден.

И самата велите дека салонот за убавина, особено во денешниот лик, е остварување

на вашиот сон. Што сметате дека го прави „Pleasure“ уникатен во своето

функционирање и што е она што при работењето е најважно и за вас и за тимот

вработени?

Салонот е уникатен по беспрекорната хигиена, висококвалитетните материјали за

работа, врвната технологија, добро обучениот персонал и конкурентните цени на

нашиот пазар.

70

Беспрекорната хигиена ви е императив во работењето, користите

најсовремени аргентински машини за третмани на тело и лице,

увозници сте на врвната германска козметика Jean d’Arcel, а

интересно е што вашиот салон функционира исклучително за

жени. Според вас, што го прави „Pleasure“ т.н. оаза во која жените

можат да уживаат, да се опуштат и да се разубават?

Едноставно, „Pleasure“ е место каде што жената по напорниот ден

може да си подари себеси време во поинаков свет што ѝ припаѓа

само нејзе.

Од вашето лично искуство, колку време Македонките обрнуваат

за разубавување и за негување? И конечно, според вас, што е

убава жена?

Македонските жени се природно убави, но денес разубавувањето

е моден детаљ како и чевлите или чантата – секој ден бараме

нешто ново, тренди... Салонот за убавина е своевиден бутик за

вашето тело, каде што, наместо облека, купувате третмани. Сосема

е природно жените да обрнуваат внимание на разубавувањето, па

така убавината е нашата професија.

Конечно, македонските жени се негувани жени, а во тоа е всушност

тајната на убавината. Негуваната жена е убава жена.

ВЕ НАГРАДУВАМЕ СО

Ја наградуваме вашата доверба и верност со два одлични подарока за неа и за

него: тоалетна вода за жени Jean Paul Gaultier Classique 100 мл во декоративно

новогодишно чорапче и машката варијанта Jean Paul Gaultier Male тоалетна вода

125 мл исто така спакуван во украсен новогодишен чорап.

Сѐ што треба да направите е да аплицирате со испраќање на вашите лични податоци

на contact@portretmag.com и со малку среќа да бидете добитничка или добитник

на вредните подароци од Jean Paul Gaultier. Најсреќните добитници ќе ги објавиме

во следниот број на „Портрет“.

БОЖИЌНИ ИЗДАНИЈА НА

ОМИЛЕНИТЕ МИРИСИ

Препознатливите шишенца во форма на женско и на машко торзо на дизајнерот Jean

Paul Gaultier се вистинска класика и во однос на изгледот и во однос на мирисите што

се омилени на многумина. Па, затоа, нивниот култен облик во предновогодишниот

период годинава доби нов лик – сега тоалетните води за неа и за него се „облечени“

во празнични црвено-бели нијанси. И двата мириса се спакувани во украсни кутии

што потсетуваат на божиќни кугли, што почнуваат да снежат кога ќе ги протресете.

Женската тоалетна вода Jean Paul Gaultier Classique Eau de Toilette Collector

Edition 2017 изобилува со ноти на мандарина и портокал, ѕвездест анис, круша,

роза, бергамот и цвет од портокал, а во срцевината крие ноти на ѓумбир, перуника,

орхидеја, иланг-иланг и тубероза. Во основата лежат мирисни тонови на ванила,

амбер, мошус, цимет и сандалово дрво. Новата машка тоалетна вода Jean Paul

Gaultier Le Male Collector Edition 2017, пак, е со ориентален мирис што во себе крие

ноти на нане, лаванда, пелин, бергамот и кардамом, ким, цимет и цвет од портокал,

а во основата лежат мирисни ноти на сандалово дрво, тонка зрна, амбер и кедар.

НЕОБИЧНАТА ПРИКАЗНА ЗА ФРАНЦУСКАТА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ДВОЈКА

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА БРИЖИТ И ЕМАНУЕЛ МАКРОН

Пишува: Џејлан Рустемоска

Нема ништо необично во љубови што почнуваат меѓу

училишните клупи. Оваа почнува во Језуитското

средно училиште во Амиен, северна Франција, во

раните деведесетти години на минатиот век. И покрај сите

перипетии, пречки и промени што ги носи времето, искрите

не згаснуваат меѓу училишните простории, туку напротив, се

разгоруваат и завршуваат со ветување за брак. По цели 12

години, тој го исполнува ветувањето, а како човек кој знае да

си ги исполнува ветувањата, не е ни чудо што истото момче

во мај годинава стана најмладиот претседател на Франција.

Низ емоции, победата ѝ ја посвети нејзе, неговата сопруга и

најголема поддршка без која никогаш не би станал она што

е денес. Се чини како романтична, современа бајка, а сепак

има неколку детали што од приказната направија тема за

насловните страници на медиумите ширум светот.

Момчето од приказната е Емануел Макрон (39), а таа е Брижит

Троње (64), неговата поранешна професорка по француска

книжевност. Во раните деведесетти, кога почнува сè, тој има

само 15 години, а таа 39. Брижит потекнува од семејство на

познати производители на чоколадо, омажена е и е мајка

на три деца (едната е соученичка на Емануел). Во тоа време

Емануел не покажува никакви афинитети кон политиката,

напротив, сака да стане новелист. Уште во тинејџерските

години го бие глас за брилијантен, напреден ум, кој, за

разлика од своите врсници, телевизијата ја заменува со

книги. Вљубеник во француската и во шпанската книжевност,

страстен пишувач на поеми и новели инспирирани од

историјата. „Им беше рамен на професорите. Поседуваше

интелигенција за Олимпијада: секогаш чекор понапред,

повисоко, побрзо од другите“, вели неговиот пријател од

детството. Се согласува и Брижит, која во една пригода

изјави дека никогаш не го гледала како адолесцент, туку

како чудесно зрела личност.

Таа раскажува за нивната прва средба, кога Емануел ѝ

предложил заедно да ја напишат пиесата за завршната

училишна претстава, базирајќи се врз делото „Жак и

неговиот господар“ на Милан Кундера. Иако Брижит е

скептична, мислејќи дека кога ќе му здодее, Емануел ќе

се откаже, пред себе има амбициозно момче, подготвено

да ги оствари своите соништа. Се среќаваат секој петок

за претставата, но по кратко време театарот станува само

изговор. Нејзе ја плени неговата интелигенција, него

нејзиниот ведар и прогресивен дух. Позитивните впечатоци

преминуваат во емоции, а од нив набрзо се раѓа љубовна

врска. Од ваквата врска се вчудовидени родителите на

Емануел, кои откако не успеваат да ги убедат и двајцата да

стават крај на бесмислената афера, следната година ќе го

испратат на школување во Париз, мислејќи дека неговата

опседнатост со Брижит е минлива и тој брзо ќе ја заборави.

Но, тој ветува дека ќе се врати и ќе ја ожени, како во

најромантичните приказни.

За време на неговите студии во Париз тие продолжуваат да

комуницираат, поминувајќи часови и часови во телефонски

разговори. Трпеливо, чекор по чекор, тој го победува

нејзиниот отпор. По сѐ изгледа вистинита тезата дека

далечината го гаси малиот оган, а големиот го разгорува.

Во 2016 година, таа се разведува од својот сопруг, а веќе

следната година, кога Емануел има 29 години, тој ќе ја

побара раката на Брижит од нејзините три деца. Со нивниот

74

благослов, тие стапуваат во брак на 20 октомври 2017-та, со елегантна

интимна церемонија. „Можеби е вистина дека не сме нормална двојка,

но и онака тој збор не ми се допаѓа. Важно е дека ние постоиме“, вели

во неговиот свадбен говор Макрон. Од свадбата до денес, двојката е

неразделна. Не можејќи да имаат сопствени деца поради нејзината

возраст, тој ја прифаќа улогата на татко на нејзините три деца, па дури и

посветен дедо на нејзините седум внуци.

Според авторката на биографијата на Макрон, Фулда, оваа необична

љубовна приказна доволно зборува за неговата одлучност и самодоверба.

Макрон ѝ раскажувал за тоа како се изборил за сопствениот живот, во

неговата не баш стандардна и општоприфатена варијанта, каде што

нештата би имале предвидлив тек. За време на неговата претходна

политичка кариера двојката избегнува експонирање во јавноста, сѐ до

моментот кога Макрон ја најавува претседателската кандидатура, можеби

токму за да ја долови идејата дека ако му успеало да заведе 24 години

постара, омажена жена, мајка на три деца, во мал провинциски град, и

покрај сите предрасуди и потсмевања, со истата одлучност би можел да ја

освои и Франција.

Доколку Макрон имаше 64 години, а неговата сопруга 39, никој не би ја

оспорувал нивната љубов, па дури и ако таа почнала во училиште. Впрочем,

за малкумина разликата во годините помеѓу актуелниот претседател на

САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија е скандалозна (добро,

можеби затоа што Трамп и бездруго е скандалозен сам по себе). Но,

промената на улогите предизвикува шок за јавноста. Дотолку што, според

многумина, бракот помеѓу Емануел и Брижит е само маска за неговата

хомосексуалност. „На луѓето им е тешко да прифатат нешто толку искрено

и уникатно“, вели францускиот претседател.

Претседателот по победата на изборите најави дека неговата сопруга

ќе добие јавна, неплатена работна позиција во неговиот кабинет. По

потпишувањето петиција од страна на францускиот народ против

нејзиното добивање улога на „прва дама“, а со тоа и сопствен фонд,

Брижит самоуверено изјави: „Не се чувствувам како прва дама, тоа е

американска титула и не ми се допаѓа. Не сум ни прва, ни последна, ни

дама. Јас сум едноставно Брижит Макрон“. Како таква, Брижит сѐ повеќе

добива внимание од јавноста, колку поради нејзините модни комбинации,

толку и поради широката насмевка и романтичните погледи и држењата

за рака со нејзиниот сопруг. Свесна за опседнатоста на медиумите со

нејзината возраст, во неговата биографија таа се шегува на сопствена

сметка, велејќи дека доколку Макрон не се кандидирал за изборите во

2017-та, во 2020 година нејзиното лице ќе било вистински проблем.

Можеби е потребно време светот да се навикне на оваа необична врска,

можеби како и слоганот на Макрон – „Напред!“ – нивниот брак е чекор

напред во надминување на предрасудите. Во меѓувреме, да живее љубовта

во сите нејзини необични варијанти.

ЏЕЈН ОСТИН

СО КНИЖЕВЕН САРКАЗАМ ДО СИЛНА КРИТИКА НА

СПОГОДБЕНИТЕ БРАКОВИ

Реализмот, острите коментари за општеството, како употребата на пародијата и комедијата во делата на англиската авторка на

романи Џејн Остин ѝ го обезбедија местото на една од најчитаните и најсаканите писателки во англиската книжевност.

Џејн била родена во Стивентон, Хемпшир, на 16

декември 1775 година како седмо и претпоследно

дете на Џорџ и Касандра Остин. Иако таткото бил

викар и заработувал 600 фунти годишно, што за тогашните

стандарди не била мала сума, тие сепак припаѓале на

средната класа; доколку таткото Џорџ решил да ги ожени

ќерките оваа сума немала да биде доволна за да се склучат

браковите според традицијата што била вообичаена во тој

период.

Џејн пораснала со петте браќа и постарата сестра Елизабет

Касандра (шестиот брат, Едвард, бил посвоен од богато

семејство без деца) и била многу блиска со нив, особено

со сестра ѝ Касандра со која имала особено близок

однос. Двете сестри си разменувале писма во текот на

целиот живот и многу од она што е познато за животот на

Џејн доаѓа од овие писма, иако, за жал, по смртта на Џејн

сестра ѝ Касандра запалила голем дел од нив, а другите ги

цензурирала. Во 1783 година, согласно со фамилијарната

традиција, Џејн и Касандра биле пратени во Оксфорд, каде

што биле подучувани, сѐ до 1785 година, кога заедно со

сестра ѝ заминале на школување во интернат во Ридинг. До

декември 1786 година двете сестри се вратиле во семејниот

дом, бидејќи родителите не можеле да си дозволат да ги

едуцираат и обете. Џејн продолжила да се едуцира, читајќи

книги, пишувајќи, опкружувајќи се со интелектуална и

уметничка атмосфера што владеела во домот на семејството

Остин. По враќањето од интернатот, Џејн веќе никогаш не

живеела надвор од границите на непосредното семејство.

Уметничката надградба траела од адолесценцијата,

па сѐ до нејзината триесет и петта година, период во

кој експериментирала со различни книжевни форми,

почнувајќи со епистоларен роман, продолжувајќи со

реалистички романи, што ги пишувала и ги преработувала

низ годините. Постигнала успех со тоа што нејзините романи

биле издавани, а некои од нив постигнале по два или три

тиражи. Првично бил објавен „Разум и чувства“ (1811), па

„Гордост и предрасуди“ (1813), „Паркот Менсфилд“ (1814)

и „Ема“ (1816), а постхумно биле издадени и романите

„Опатијата Нортангер“ и „Убедување“. Починала при

пишување на романот „Сандитон“, што останал недовршен.

76

Смртта ја пресретнала на четириесет и едногодишна возраст, по

кратко боледување од Адисонова болест, нарушување на адреналните

жлезди. Погребана е во катедралата во Винчестер.

Делата на Џејн Остин се рефлексија на нејзиниот поглед на

животот. Својот живот го минувала изолирана од одредени делови

на општеството. Нејзините најблиски пријатели главно биле членови

на семејството и лица со сличен општествен статус. Па, не е ни

зачудувачки што нејзините романи се фокусирани на две до три

семејства од средната класа. Повеќето од нејзините романи исто така

се сместени во селски куќи во рурални општини што ѝ биле омилени

на Џејн.

Една од фокус-точките во нејзините романи е стекнувањето на

соодветен брак. Во деветнаесеттиот век, бракот бил голема работа и

за мажите и за жените; често финансиската состојба била пресудна

при одлучувањето за тоа дали ќе се склучи еден брак или не. Како

автор, Џејн правела сатира на ваквата финансиска мотивација за

брак, на пример во „Гордост и предрасуди“ се потсмева со ликот на

мајката и нејзината амбиција да ги омажи своите ќерки за максимална

финансиска придобивка. За разлика од ликовите во нејзините романи,

Џејн не била во врска и речиси и да немала интерес за брак.

Силината на нејзините романи лежи во способноста да навлезе во

специфичноста на човековите карактери и, генерално, во природата

на човековите врски, дури и при ограничен круг ликови во ограничена

средина какви што среќаваме во нејзините романи. Генерално, таа

влијаеше во редефинирање на улогата и желбите на жените од

средната класа, како неа. Преку остроумна сатира на општествените

случувања, таа овозможи да се отворат современи идеи и можности по

кои копнееја жените.

КОЛКУ ПОВЕЌЕ ГО ЗАПОЗНАВАМ

СВЕТОТ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ СУМ УВЕРЕНА

ДЕКА НЕМА ДА НАЈДАМ МАЖ ШТО

ВИСТИНСКИ ЌЕ ГО САКАМ. БАРАМ

ПРЕМНОГУ!

Еден од нејзините најсилни поддржувачи бил шкотскиот поет и

романописец Волтер Скот, кој за романите на Џејн Остин ќе каже:

„Оваа млада жена има талент за опишување, поврзувајќи ги чувствата

и ликовите од секојдневниот живот во своите дела, на најпрекрасен

начин досега“. Но, секако, постоеле и такви на кои не им се допаѓала

нејзината нарација, како Марк Твен, на пример, кој изјавил: „Џејн

Остин? Ќе одам до тој степен да кажам дека секоја библиотека е добра

библиотека ако не содржи книга од Џејн Остин. Дури и доколку не

содржи ниту една друга книга“.

За време на животот, Џејн одлучила да ги издава своите романи

анонимно, па следствено нејзините дела ѝ донеле малку лична слава и

само неколку позитивни критики. Во средината на 19 век во нејзините

романи уживале членовите на книжевната елита, но по издавањето

на „Мемоарите на Џејн Остин“ од страна на нејзиниот внук во 1869

година, пошироката јавност ја запознала како привлечна личност

што го поттикнал интересот за нејзините дела. До четириесеттите

години од минатиот век била општо прифатена како значаен писател

од англиската книжевност. Во втората половина од дваесеттиот век

уште повеќе се распространува интересот за неа, резултирајќи со

истражување за нејзините романи од различни аспекти – уметнички,

идеолошки и историски, а во популарната култура ваквиот интерес

довел до филмски и телевизиски адаптации за делата и за животот на

Џејн Остин.

C

M

Y

CM

MY

CY

CMY

K

Затоа што

секој член на

семејството е

важен

Професионална

грижа на стари лица

во домашни услови

Нашите услуги:

- Медицинска стручна грижа

- Нега и хигиена

- Приготвување храна

- Одржување на домот

- Вежби, дружење и прошетки

Грижа, нега, дом

i

+389 70 299 026

www.facebook.com/negaplus/

Проектот е финансиран од Европската Унија

Оваа комуникација е изготвена со помош на Европската Унија.

Содржината на комуникацијата е единствена одговорност на

Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување,

Insertion et alternatives - Group SOS и Општина Центар и на никаков

начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на

Европската Унија.

Филмски предлози

Во декември веќе се чувствува празничната атмосфера и доброто расположение. Одржувајте го ведриот дух со комедиите

и со анимираните филмови, уживајте во долгоочекуваното продолжение на „Војна на ѕвездите“ или во биографската драма

создадена по вистинска приказна. Не заборавајте да ги споделите незаборавните мигови во вашето омилено кино за што

можете да добиете и подароци.

ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: ПОСЛЕДНИОТ ЏЕДАЈ (STAR

WARS: THE LAST JEDI)

акција, авантура, фантазија – од 14.12.2017

Новото поглавје на „Војна на ѕвездите: последниот Џедај“

ја следи Реј како таа продолжува со епските патувања

заедно со Фин, По и Лук Скајвокер во оваа сага.

Погледнете го први „Војна на ѕвездите:

последниот Џедај“ на претпремиерното

прикажување на 13.12.2017. Билетите се

веќе во продажба.

ЏУМАНЏИ: ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ЏУНГЛАТА

(JUMANJI: WELCOME TO THE JUNGLE)

акција, авантура, комедија – од 28.12.2017

Во новата авантура Џуманџи, четири деца од средно

училиште откриваат стара видеоконзола и се вовлечени во

џунглата на играта, станувајќи возрасни аватари. Она што

го откриваат е дека не можете само да играте Џуманџи –

морате да ја преживеете. За да ја победат играта и да се

вратат во реалниот свет, тие ќе мораат да одат на најопасни

авантури, да откријат што оставил Алан Париш пред 20

години и да го променат начинот на кој размислуваат за

себе – или ќе останат заглавени во играта засекогаш.

Играта Џуманџи еволуираше – кој ќе излезе како

победник на крајот?

МЕЧЕТО ПАДИНГТОН 2 (PADDINGTON 2)

анимација, авантура, комедија – од 07.12.2017

Мечето Падингтон е среќно сместено со семејството Браун

во Виндзор Гарденс, каде што станува популарен член

на заедницата, ширејќи радост насекаде каде што оди.

Трагајќи по идеалниот роденденски подарок за стотиот

роденден на тетка Луси, ја здогледува единствената книга во

антикварницата на г-ѓа Грубер и почнува низа чудни работи,

за да собере пари и да го купи подарокот. Но, кога книгата е

украдена, тогаш Падингтон и семејството Браун тргнуваат да

го откријат крадецот.

СЕ БАРА СТАРИОТ (FATHER

FIGURES)

комедија – од 21.12.2017

Откако ќе дознаат дека нивната

мајка ги лажела со години за

нивниот вистински татко, двајцата

браќа-близнаци тргнуваат на пат

за да го пронајдат вистинскиот

татко.

ФЕРДИНАНД (FERDINAND)

анимација, авантура, комедија – од 21.12.2017

Од режисерот Карлос Сандан, кој ни ги донесе омилените

светски хитови „Рио“ и „Ледена доба“, доаѓа Фердинанд,

филм за големиот бик со уште поголемо срце. Откако луѓето

погрешно го доживуваат како развратен ѕвер, Фердинанд го

заробуваат и го одведуваат од дома. Одлучен да се врати во

својата фамилија, тој собира тим на крајни спротивности и

тргнува на неверојатна авантура. Приказната за Фердинанд

докажува дека предрасудите не смеат да постојат и дека не

треба да судиме некој бик по неговиот изглед.

ПОКЕР КРАЛИЦА (MOLLY’S GAME)

биографија, драма – од 28.12.2017

Моли Блум е убава, млада олимписка скијачка, која ја има

водено најексклузивната покер-игра на деценијата пред да

биде уапсена од 17 агенти на ФБИ среде ноќ. Нејзините

играчи биле холивудски личности, врвни и познати

спортисти, бизнис-титани како и руската мафија. Нејзин

единствен сојузник е адвокатот за криминална одбрана,

Чарли Џефеј, кој во Моли гледал многу повеќе од тоа што

таблоидите пишувале за неа.

Зимски водич

Месецов студените ноќи ќе ви бидат интересни со двете серии, едната нова, крими-мистерија, а другата,

веќе познатата серија „The Crown“ со нејзината втора, уште поинтересна сезона. Апликациите овој пат ги

селектиравме преку филтерот храна, но внимававме сите да се од македонски веб-развивачи, за да можеме

локално да уживаме во рецептите и во предлозите што ги нудат тие.

Dark

The Crown

(втора сезона)

Dark е најновата серија на „Нетфликс“, што својата премиера

ја имаше на први декември. Серијата влегува во рамките на

криминалистичка драма и мистерија. Дејството следи една

семејна сага, со натприроден заплет, лоцирана во еден

германски град, каде што исчезнувањето на две мали деца ќе ги

разоткрие односите помеѓу четири семејства. Досега е снимена

само првата сезона, сочинета од десет едночасовни епизоди.

Уште десет нови епизоди од серијата „The Crown“ се очекува

да излезат на осми декември и да го продолжат дејството од

онаму каде што застана првата сезона, односно во периодот

на владеење на кралицата Елизабета од 1956 до 1963 година.

Во втората сезона доминантни се ликовите на кралицата и на

принцот Филип, поточно несогласувањата меѓу нив, поттикнати

од озборувањата за неговите неверства. За разлика од првата

сезона во која фокусот беше на улогата на кралицата по смртта

на нејзиниот татко, во втората многу повеќе се разгледуваат

нештата надвор од семејството.

Алко

Ми се јаде

Мобилната апликација „Алко“ на база на неколку внесени

параметри ја проверува состојбата на алкохол во вашиот

организам. Внесувате пол, тежина, избирате каков алкохол сте

пиеле и во колкав временски период. Потоа апликацијата прави

пресметка и ви дава известување дали смеете да возите или не.

Доколку одговорот е не, апликацијата ви предложува и броеви

на неколку такси-компании.

Направивме исклучок во случајот на „Ми се јаде“, што не

е мобилна апликација, туку агрегатор на идеи за јадење.

Сервисот предложува места за јадење, а селекцијата се врши

по неколку филтри – одбирате општина (каде што живеете или

некоја друга, сеедно) и тип јадење што сакате да го пребарувате.

Категориите храна се поделени преку интересни карактери,

како Морнарот Климе, Јанка Вегетаријанка, Сашка Блашка и

други, што со името ви покажуваат дека станува збор за морска,

вегетаријанска или слатка храна, на пример. За жал, сервисот

не е поврзан со нарачки за храна, но нудат информации дали

локалот што го избравте врши достава или не.

Органски пат

My great recipes

Оваа апликација ќе ви овозможи да пребарате локали во кои

можете да купите органска храна, како и ресторани и туристички

објекти што во својата понуда имаат органски производи.

Воедно, нуди совети за тоа што е органска храна и како да ја

препознавате, а секако и да откриете зошто органската храна

е добра за зачувување на здравјето и на животната средина. Во

состав на апликацијата, можете да ги прочитате и најчестите

прашања во врска со органската храна и нивните одговори.

Апликацијата располага со над 100.000 рецепти (предјадења,

месо, тестенини, морска, безглутенска, веганска храна, десерти,

пијалаци итн.), што лесно можете да ги пребарувате по состојки

и клучни зборови. Има лесна навигација, а за уште полесен

процес на готвење има и чекор-по-чекор упатства. На блогот

во состав на апликацијата има совети што ќе ви го олеснат

готвењето, а омилените рецепти лесно можете да ги зачувувате.

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

Тате

ЛЕНИН

Гај Вандерхаге

„ТАТЕ ЛЕНИН И ДРУГИ ПРИКАЗНИ“ – ГАЈ ВАНДЕРХАГЕ [БЕГЕМОТ]

Приказните во оваа збирка се одвиваат во светот што Вандерхаге го познава многу

добро – фармите и изолираните гратчиња во прериите, каде што суровоста на природата

оставила силно влијание врз личноста на човекот. Мајсторски исткаени со нишки на лесен

хумор, а сепак, мрачно обоени, овие раскази пленат со својата едноставна длабочина.

Машките ликови од различни возрасти и со разновидни животни искуства, што се центар на

вниманието на авторот на оваа збирка, допираат до обичниот човек со својата искреност и

природност.

„ВОВЕД ВО ПСИХОАНАЛИЗА“ – СИГМУНД ФРОЈД [ЃУРЃА]

Дел од предавањата за вовед во психоанализата што Фројд ги одржал на различни

факултети на Универзитетот во Виена. Никогаш не објавил учебник, па затоа овие

предавања се смета дека се најблиску до тоа. Во нив ќе дознаете сѐ за исполнувањето

на желбите, несигурностите и критиките, развивање на либидото и на сексуалната

ориентација, нарцизмот, архаичните особини и инфантилизмот на соништата и за

детските соништа. Ќе се уверите зошто оваа книга го носи епитетот најчитано дело на

брилијантниот Фројд.

логија и религиска иконологија на

т музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да

ие – објавувањето на едно откритие

маќин на вечерта е Едмонд Кирш,

т чии зашеметувачки, високотехного

направиле светски почитувана

ден од првите студенти на Лангдон

еверојатно откритие...кое ќе даде

на човековото постоење.

неколку стотици дру ги гости се воа

која Лангдон сфаќа дека ќе биде

ислуваше. Но, детално испланирана

скапоценото откритие на Кирш

асекогаш. Шокиран и соочен со небега

од Билбао. Со него е и Амбра

, која работеше со Кирш во органитие

бегаат во Барселона во опасна

отклучи тајната на Кирш.

и на скриената историја и екстремзбегаат

од непријателот чија моќ и

ктно од Кралската палата...а и дека

о спречи Едмонд Кирш. На патеката

гматични симболи, Лангдон и Видал

е в лице со шокантното откритие на

о време беше скриена.

vetotnaknigite

arnicakultura

a.com.mk

Автор на бестселерот Кодот на Да Винчи

„ПОТЕКЛО“ – ДЕН БРАУН [КУЛТУРА]

Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“,

пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно

многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие што „засекогаш ќе ја промени

науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист,

чиишто зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле

светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти

на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие... Но, детално

испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му

се заканува опасност да биде загубено засекогаш.

„СНЕШКО“ – ЈУ НЕСБЕ [ТРИ]

Ноември е, Осло е завеан од првиот снег. По враќање од работа, Бирта Бекер го пофалува

снешкото што го направиле син ѝ и маж ѝ во дворот. Но, не го направиле тие... Синот сфаќа

дека, наместо да гледа кон улицата, снешкото е свртен кон куќата. Црните очи гледаат

директно низ прозорецот. Во нив. Вишиот инспектор Хари Хуле добива анонимно писмо.

Потпишано со „Снешко“. Подоцна, меѓу застарените случаи на исчезнати лица, Хари

открива низа вознемирувачки сличности. Исчезнуваат мажени жени со деца токму во денот

на првиот снег. Истата ноќ, Силвија Отерсен се пробива низ првиот снег во шумата во

близина на Осло. Знае дека животот ѝ зависи од тоа дали ќе избега, но не знае што ја гони.

За среќа, не знае ни што ја чека на патот...

82

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

Портрет поддржува македонска поезија

ЉУБОВНА

Ги диплиме зраците сонце

низ поткршените ролетни

кафето испарува како челуст на змеј

иде пролет, нам ни се спие

љубовта ја положивме во гнездото на ластовичките

Омилен си ми, речиси препознат од други времиња

неочекуван, скоро како писмо со печат од восок

свила што ми тежи

млечно бело небо во септемвриско утро

за тебе не сакаш да пишувам

ама мене ми доаѓа.

Ги пакуваме сендвичите со несмасност

ги пакуваме подочниците полни тишина

временската прогноза се вози со нас во автомобилот

гулабите летаат повисоко од мислите

светот чека уште еден пар љубовници

за гласно да им се насмее.

Ана Голејшка

83

БИЛЈАНА НАСТОВСКА

феминистка и активистка за женски права

СЕКСУАЛНАТА СЛОБОДА Е

ПРЕДУСЛОВ ЗА СЛОБОДЕН ЖИВОТ

Медиумите ја зајакнуваат „мачо-културата“

Фотографија: Жарко Чулиќ

Пишува: Ана Јовковска

84

АЈ: Феминизмот не е жени со мустаќи кои не можат

да си најдат љубовник, туку политичка идеологија за

рамноправен свет. Позната е онаа феминистичка изрека:

„Жена не се раѓа, жена се станува“. Сте се нашле ли некогаш

во ситуација да се правдате за своите феминистички

позиции?

БН: Честопати сум предизвикана затоа што јавно

се декларирам како феминистка, но никогаш не се

правдам, туку, напротив, се гордеам. Ги потсетувам оние

„тврдокорните“ дека феминизмот е борба за еднаквост

на родовите во политичка, економска и социјална сфера

и толку! Тука не гледам некоја посебна филозофија.

Феминист(к)ите се борци за човекови права, а женските

права се човекови права. Мојот совет е дека феминистките

никако не смеат да ги остават своите метли зад вратата

(се смее). Мораме да останеме будни, бидејќи сведочиме

дека и во поновата историја, во услови на зајакнување на

конзервативизмот, женските права се први на удар.

АЈ: Конзервативната, патријархална општествена решетка

им прави притисок и на самите мажи. Од мажите се очекува

да бидат крути во изразувањето на своите емоции и

слабости, оправдано е ако манифестираат промискуитетно

однесување, пожелно е да бидат Казанова и да ја имаат

контролата и моќта во свои раце. Како контрапункт на

ова, од жените се очекува да бидат трпеливи, пасивни и

субмисивни – барбики во розова боја. Дали на своја кожа

сте почувствувале родова дискриминација, шовинизам или,

пак, мизогинија?

БН: Не познавам девојка или жена која не почувствувала

дискриминација, шовинизам и женомрзие. Од мали нозе

се поставуваат правилата на игра. Секој што ќе излезе од

шаблонот ризикува да биде морално осуден од околината.

Едноставно, не смеете да бидете различен. Имам можност

да ја набљудувам ќерка ми, која има 12 години, и често

сум во шок кога ќе констатира дека за неа како девојче не

е пристојно да игра фудбал. Се прашувам, кој ја научил?

Сигурно тоа не сум била јас. Дискриминацијата ја сведочиме

постојано, во однос на вработувањата и пристапот на

пазарот на трудот, начинот на којшто врз жената се гледа

во моментот кога ќе влезе во политиката, пристапот до

слободен абортус, кој e ограничен, и низа други случаи. Јас

сум убедена дека она што ѝ се случува на македонската жена

во јавната сфера ѝ се случува и дома, а тоа е – комплетна

традиционална улога на мајка, пред сѐ, па сопруга, а потоа

сѐ друго. Постои една добро позната максима: „Погледни

го начинот на кој општеството ја третира жената и веднаш

ќе знаеш за какво општество се работи“. Инаку, јас лично

имам доживеано сексуално вознемирување на работно

место на почетокот на мојата кариера, но се сеќавам дека

ми беше дури срам да прозборам, а камоли да иницирам

некаква постапка за разрешување на таа ситуација. Поради

општествено наметнатите стереотипи, дури и самата почнав

да се сомневам дека можеби јас сум го предизвикала таквото

вознемирување. Но, насилниците треба да знаат дека нема

да бидат толерирани.

АЈ: Дали се чувствувате „прееманципирана“? Овој термин

е пример како една радио кампања може да ги зацврсти

родовите стереотипи во општеството. Хуморот е добар кога

е деконструкција, но во случајов се работеше за неумесна

кампања низ етерот во Скопје. Што е опасноста од ваквите

медиумски пораки?

БН: Не, не се чувствувам прееманципирана. (се смее) Се

чувствувам еднаква со мажите и имам право на еднакви

можности и тука не правам компромис! Голем број жени

од Македонија се приклучија на виралната кампања

#ијассумпрееманципиранакучка. Солидарноста што ја

покажаа овие жени беше фантастичнa. Медиумите често

знаат дополнително да го зајакнат постоењето на „мачокултурата“

во едно општество. Треба да бидеме свесни дека

комерцијалните реклами во кои жената е портретирана како

субмисивен субјект во машко-женските односи, но и во оние

со целосна сексуализација на жената, се штетни, особено за

младата популација. Еден од најфлагрантните примери за

родовото слепило на медиумите е начинот на известување

за фемициди или убиствата на жени од нивните интимни

партнери. Во речиси сите случаи постои романтизирање на

убиствата од страна на медиумите. На пример – „убиство од

страст“, „љубовна драма“, „македонските Ромео и Јулија“

итн. Кај насилството врз жена нема ништо романтично и

чинот на убиство е само крајниот резултат на нејзиното

страдање. Според Националната мрежа против насилство

врз жени и семејно насилство во периодот од 2013 до

2016 година во Македонија се регистрирани 15 фемициди,

односно намерни убиства на жени само затоа што се жени.

Крајно време е македонските медиуми да застанат на

страната на жените, впрочем, „Пирели“ и „Плејбој“ веќе се

историја во современиот свет.

АЈ: Самохрана мајка сте, па борбата за баланс меѓу

кариерата и родителството сигурно ви е интензивна. Што сè

се крши врз грбот на една мајка која сака да биде успешна

и професионално реализирана жена?

БН: Ќе кажам само дека беше тешко, но, во исто време,

и едно исклучително патување за мене како женафеминистка.

Непосредно по разводот се чудев како ќе

изградам „вистинско семејство“ според рецептите на баба

ми, мајка ми, општеството и слично. Целиот живот како

девојче и жена на Балканот ве „учат“ дека семејството е

составено од маж, жена и деца. Во тој момент, бевме само

јас и Ева. Всушност, оваа состојба беше моето и нејзиното

најголемо ослободување.

АЈ: Сè додека има избор, има слобода! Но, честопати

се прашувам колку ли жени низ историјата мечтаеле за

професија и кариера, додека со едната рака мешале

запршка над шпоретот, а со крајот од окото ѕиркале

низ прозорецот кон своите соништа. Традиционалнопатријархалниот

матрикс не е воопшто наивен и не се

репродуцира само низ машкиот шовинизам, ами и низ

генерации на мајки, баби и свекрви кои ги наметнуваат и ги

оправдуваат нормите за „женска работа“. Коментар?

БН: Најголемата колепка на патријархатот е жената. И во

мојата приказна патријархатот спиеше во прегратките на

баба ми, тетките, мајка ми. Но, тоа воопшто не изненадува,

бидејќи, како што реков и погоре, вие едноставно се наоѓате

во машки свет и морате да играте по машки правила,

85

во спротивен случај – ќе бидете казнета. На кој начин?

Веројатно со тоа што ќе ве нарекуваат „машко петле“,

„распуштеница“, „стара мома“, „промискуитетна жена“ и

многу слични називи со кои се стигматизира жената во

нашето општество. Впрочем, првите лекции за тоа што е

ВИСТИНСКА ДАМА ги добиваме токму од нашите мајки.

Затоа, сметам дека денешните мајки и татковци треба

да им остават на девојчињата да си ја пронајдат својата

оригиналност и автентичниот израз. Единствениот совет што

на едно девојче можеме да му го дадеме е дека треба да го

следи својот внатрешен глас. Длабоко верувам дека душата

на човекот нема пол, па затоа не смееме да дозволиме

нашата душа да биде затвореник на полот. Од друга страна,

да сте под постојан притисок дека треба да бидете супер

маж е исто така тешко како и да се бара од вас да личите на

барбика и да сте кротка како бубачка.

АЈ: Медиумската репрезентација на жената најчесто е по

формулата – убави за око, лесни за употреба! Изградена

е цела индустрија за прикажување на женското тело –

синтеза од видеоестетиката во музичката индустрија, шоубизнисот,

модната и рекламната индустрија. Сексизам

во свилени ракавици би рекла. Какви рол-модели им се

сервираат на младите девојчиња преку медиумите?

БН: Во моментов можам да ви набројам безброј реклами

и музички видеа каде што девојчињата и жените се

предмет на нема презентација на секси месо. Ова особено

беше присутно и во периодот кога јас бев тинејџерка во

деведесеттите. Единствената порака што допира до вас

како жена е дека морате да бидете: слаба, висока, да

имате гради, полни усти, да не зборувате премногу и да сте

особено мила. Мислам дека во моментов Холивуд и светската

медиумска сцена се обидуваат да се спротивстават на

мизогинијата и сето ова веројатно ќе влијае на оваа, но и на

следните генерации девојчиња. Денес, хероината на Хари

Потер, Ема Вотсон, јавно се декларира како феминистка,

додека, пак, Бијонсе веќе издаде албум што имаше јасни

феминистички пораки. По скандалот со Харви Вајнстајн,

голем број актерки јавно проговорија против сексизмот и

сексуалното вознемирување во Холивуд. Да бидам искрена,

многу се радувам на ова.

АЈ: Што е за вас сексуална слобода?

БН: Сексуалната слобода на жената сѐ уште е табу-тема.

Сексуалната слобода е предуслов за слободен живот.

Сѐ додека жените и мажите немаат сексуална слобода

на еднакви основи – нееднаквоста ќе постои. Од најмала

возраст, женските деца се ставаат во една матрица во која

девојчето прима јасни пораки дека сексуалноста е еднаква

на срам. Честопати ја слушам ќерка ми и нејзините другарки

како шепотат кога зборуваат за менструалниот циклус или

за физичкиот развој. Уште од најмали нозе знаат дека таму

некаде, во сферата на сексуалноста, жената нема право

на избор. Дури и денес се сеќавам на моите лекции за тоа

што треба да претставува вистинска жена: „Не му се јавувај

прва“, „Не го бакнувај на првиот состанок“, „Пробај да не

изгледаш многу заинтересирано за него, мажите сакаат да

освојуваат“, „Не го прашувај многу за да не го изнервираш,

мажите сакаат да ги слушаш“, „Немој да го облекуваш

ова...“ и следуваат уште безброј немој, немој, немој. Како е

возможно по толку дисциплинирања и ограничувања една

жена да направи слободни избори во животот?

АЈ: Законот за работни односи предвидува можност и

татковците да користат родителско отсуство, но Фондот

за здравство во 2016 година регистрирал само 54 татковци

кои го искористиле тоа право. Скандинавските земји, пак,

имаат модел на задолжително (споделено) родителско

отсуство помеѓу родителите. Далеку сме од ова, но

вреди да се бориме. Каков ви е ставот за т.н. „пеленска

револуција“, која собираше потписи за измена на Законот

со продолжување на породилното отсуство на мајките на

временска рамка од 18 месеци?

БН: Категорична сум дека на Македонија не ѝ требаат 18

месеци породилно отсуство за мајките, туку, напротив,

потребни се современи мерки што ќе ја вклучат мајката

активно на пазарот на трудот. Воедно, треба да се понудат и

мерки што активно ќе го вклучат таткото во чувањето и грижата

на децата. Со зголемување на породилното (родителското)

отсуство само ќе ја зголемиме резервираноста на

работодавците да ангажираат работнички за време на

нивниот репродуктивен период. Неслучајно, Европската

унија ја редефинираше директивата за постигнување

баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот и

побара активно вклучување на мажите во сферата на домот

и чувањето на децата. Се прашувам, како е можно никој да

не зборува за постпородилната депресија и враќањето на

мајките на најефикасен начин на пазарот на трудот, а се

крева толку голема прашина околу нешто што уште повеќе

ќе ја „врзе“ жената за домот и дополнително ќе ја исклучи

од општествениот сообраќај. На Македонија ѝ требаат

револуции, но не „пеленски“, какви што водеа нашите баби

уште во минатиот век.

АЈ: Што е главен фокус на актуелната глобална кампања на

Обединетите нации, „16 дена активизам“, што почна на 24

ноември и трае до 10 декември?

БН: Кампањата „16 дена активизам“ ни дава можност да

ги освестиме луѓето за шокантната стапка на насилство

врз жените, да ги прекинеме молкот и стигмата што често

ги опкружуваат силувањето и семејното насилство и да

предложиме начини за борба против насилството. Ова е

приоритет за ОН цела година, но во текот на овие 16 дена,

организираме голем број активности – како обојување на

парламентот во портокалово, за да ја мобилизираме јавноста

и креаторите на политиките. Оваа година фокусот ќе биде

токму врз итната потреба да се ратификува и да се спроведе

„Истанбулската конвенција“ (Конвенцијата на Советот на

Европа за спречување и борба против насилството врз

жените и семејното насилство), што земјата ја потпиша во

2011 година.

АЈ: За жал, секоја петта жена во Македонија е жртва на

физичко насилство, а секоја десетта е жртва на сексуално

насилство. Само 23 проценти од жртвите побарале помош,

додека 55 отсто се одлучиле да премолчат. Родово

базирано насилство е сериозен проблем. Што велат

глобалните статистики?

БН: Глобалните податоци на Агенцијата на ООН за борба

против дрогата и организираниот криминал за 2012 година

86

велат дека од 93.000 убиства на жени регистрирани во

тој период, дури 46.600 се жени кои животот го изгубиле

од нивните интимни партнери. Тогаш, заклучувате дека

жените се најнебезбедни токму онаму каде што треба да

се чувствуваат најсигурно – а тоа е домот. Погледнете ги

најголемите трагедии што се случија во САД во последнава

година. Масакрот во Сан Бернандино, трагедијата во Лас

Вегас и скорешното масовно пукање во Тексас. Во сите

три случаи сторителите се регистрирани насилници на

семејно насилство. Затоа, честопати се чудам на нашите

медиуми кога известуваат за убиство врз жена, велејќи:

„Сторителот беше кроток и мирен човек, почитуван од

средината“. Невозможно е некој да врши терор во домот,

врз жената, врз децата, врз послабите, а надвор да биде

мирен и чесен сосед или колега. Честопати слушам и од

жени како велат: „Сама си го барала, ако не ѝ одговара,

зошто го трпи!“ Насилството врз жената е затворен круг, во

него може да се најде секоја од нас и тешко е да се излезе.

Како клучна мерка за превенција и заштита на жртвите од

сексуално насилство во рамките на еден од проектите на

канцеларијата на УНДП со поддршка на Министерството за

здравство, ќе се воспостават центри за жртви на сексуално

насилство во трите гинеколошки клиники, во Скопје, Тетово

и Куманово. Целта на овие пилот-центри е да се заштитат

жртвите од ревиктимизрањето и целата процедура на

заштита на жртвата и пријавата против насилникот да се

направат на едно место. Македонија ќе биде првата земја во

регионот што ќе има вакви центри.

АЈ: Би сакала разговорот да го завршиме со позитивна

порака, па кои рол-модели ве инспирираа да се изградите

во жената која сте денес – под најширока капа – борец за

правда и човекови права?

БН: Ме воодушеви она што еднаш Медлин Олбрајт го кажа

за женската солидарност „за жена која нема да ѝ помогне

на жена во неволја – сигурна сум дека ѝ е обезбедено

посебно место во пеколот“. Верувам дека женската

солидарност е посебна и создава чуда. Сите мои приватни и

професионални успеси беа поддржани од силни жени кои

беа мои „рол-модели“. Едноставно, се случуваше низ моето

животно патување да среќавам жени кои ме поддржуваа.

Тоа беа моите другарки, мајка ми, мојата сестра, ќерка ми,

колешките и соработничките. На крајот, ја имав среќата да

ме расте татко-феминист, кој од првиот момент на моето

растење застануваше против стереотипите и ми велеше

дека морам да ја следам индивидуалноста и дека само тоа

е вредност. Така што, сметам дека феминизмот е и машка

работа исто колку што е женска.

АЈ: За крај, што им дава портокалова боја на вашите

денови?

БН: Портокаловата боја ја гледам насекаде и секојдневно

ја има во мојата ќеркичка кога им се спротивставува на

стереотипите. Ја има и во веста дека имаме жена-пилотка

вo редовите на македонската армија или кога ќе видите

40% квота за жените-политичарки. Ме прави среќна мојот

велосипед и моето приватно време што го поминувам во

пижами. (се смее)

87

C HIT

C HAT

LD PISTOLERO

„Легијата“

Светски рап артист што би сакал да е дел од

„Легијата“... Reginald „Reggie“ Noble – REDMAN.

Стих што ми се врти во глава, во последно време...

„Не сме веќе тинејџери, поблиску до триесет, нели?

Не прашувај за долгорочен план, не со тие стрели....“

Блажеј Атанасовски од песната „Поминат воз“ од

Легијата.

Нервоза убивам со... со сѐ што можам, додека не ме убие

прво.

Ако морам да ја опишам македонската рап сцена со еден збор,

тоа би бил... Каша.

Додека седам и зборувам на телефон, најчесто... сум на работа.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Најфраерски филм што сум го гледал... Имам гледано многу фраерски

филмови. Од македонските би го издвоил „Тетовирање“ и „Snatch“ од

холивудските.

Ритуал што го практикувам пред настап... Два саати пред да излезам на сцена, на

„repeat“ иде Cella Dwellas-Medina Style.

Омилено место во Скопје... Градскиот парк.

Прва асоцијација на детство ми е... Хром.

Технолошки гаџет без кој не можам да функционирам... Смарт телефон, дефинитивно.

Од соработниците најмногу се расправам со... сите по малку кога треба, и со сите одеднаш кога не

треба.

Омилен лик од цртан филм... Mugen (Samurai Champloo )

Најголем комплимент што сум го добил... е во пропорционално движење со најголемата критика.

Гласни, екстровертни или тивки, интровертни жени... Екстровертни цело време, тивки кога е потребно.

Модно парче што никогаш не би го облекол... Розова маица.

Модно парче што најмногу го носам... Сив дуксер.

Најголеми предрасуди за рап артистите се... мислењата и судовите на луѓето што гледаат површно.

Моја „Бонус трака“ ми е... Ikebe Shakedown-Road song.

За 10 години од сега, најважно ми е... децата и семејството да ми се живи и здрави.

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

89

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

ПЕЧЕНА СВИНСКА КОЛЕНИЦА

Долго време се мислев што да ви сервирам во последниов

број од годинава и се одлучив за вкусна, сочна, мека,

перфектно испечена свинска коленица... Па мислам дека

подобро парче месо не постои! Врв!

Сум ви кажал сто пати дека со месарот треба да сте

другарчиња. Па штом е ваш човек ќе го замолите да ви ги

исчисти колениците од ципи жилички, па и да ви одбере по

меснати парчиња. ;)

Се враќате дома, ги ставате колениците во тавче за печење и

ги зачинувате со сол, црн бибер, малку лук во прав, мускатно

оревче (на врв од лажичка) и маслиново масло. Протрлајте

ги со раце за сегде еднакво да се распореди зачинот. Потоа

ставете ги во загреана рерна на 220 степени (со уклучен

вентилатор), околу 10-тина минути.

Потоа извадете ги од рерна и полијте ги со 500 мл ладно

пиво. Ахам пиво! Покријте ги со фолија (или ставете капак)

и вратете ги во рерна на 200 степени, околу 2 часа.

Откако ќе поминат овие 2 часа во истата рерна ставете

помало тавче со млади моркови и компир (со се лушпа,

само добро измиен), посолете ги и намастете ги со масло

- оставете ги нека се печат. Потоа извадете ја фолијата

или тргнете го капакот и печете ги колениците уште 30-40

минути.

На крај уклучете го вентилаторот и печете уште 10-тина

минути чисто колку да им ја дадете преубавата, магична

боја! ;)

Извадете ги колениците во друг сад. Во садот во кој се

печеле ќе ви остане околу 600 мл течност, тоа се џусеви

од месото, измешани со пивото. Е сеа би било криминал да

ја исфрлите оваа течност па затоа ќе ви кажам како да ја

претворите во ненормално добар сос! ;)

Течноста префрлете ја во мерица или било каков подлабок

сад, а во тавчето во кое се печеа колениците ставете 40

г. путер и ставете го на рингла да се растопи. Откако

90

путерот ќе почне да жубори додадете 1 лажица брашно,

испржете го брашното додека не добие костенлива боја,

потоа додадете го бујонот од месото и мешајте со жица.

Оставете го на рингла (на средно/висока температура) да се

редуцира околу 10 минути. Откако ќе се згусне спремни сте

за сервирање на овој врвен ручек.

Сервирајте во најголемата чинија која ја имате, наредете

го зеленчукот во подножјето на чинијата, па врз него

позиционирајте ги колениците, на крај посипете ги со

магичниот сос и послужете ги...

Сѐ уште не сум запознал некој кој останал рамнодушен на

овој рецепт! Само напред екипа! Направете го рецептов,

споделете го со најблиските и уживајте во овој најсветкав

месец во годината...

Доколку сакате повеќе вакви одлични рецепти посетете го

мојот блог www.gotvimesofico.mk

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Се читаме наредна година! ;)

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

91

Ч А С О В И З А П И Е Њ Е В И Н О

БОГАТ ОВОШЕН

ВКУС И БЛАГОСТ НА

ДЕСЕРТНИТЕ ВИНА

За десертните вина, нивното добивање, чување и консумирање и овој месец поразговаравме со м-р Петар Петров,

асистент на Универзитетот МИТ – Скопје, при Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси, катедра за безбедност

на храна.

Што претставуваат десертните вина?

Под поимот десертни, односно засилени вина, се подразбира вино на кое при производниот

процес му е додадено одредено количество на жесток алкохол. Најчесто, десертните вина

се добиваат од суво грозје со релативно висока содржина шеќери, а со цел да се постигне

повисока содржина на алкохол се вржи додавање коњак. Нивната историја датира уште од 17

век, кога почнала комерцијализацијата на дестилираниот алкохол.

Додавањето на алкохолот може да се изврши во три фази: пред почетокот на ферментацијата,

со што практично не се одвива процесот на ферментација, во текот на ферментацијата и по

нејзиното завршување.

Најпознати претставници од групата на десертни вина се шери, порто, мускат де беуме, малага

и др.

Десертните вина додека се млади се многу благи, а постепено со нивното созревање ја

постигнуваат и карактеристичната висока сувост.

Десертните вина се делат на две групи

Во однос на винските стилови се делат на две групи: природни, суви десертни вина и темни,

благи десертни вина.

Природните, суви десертни вина се одликуваат со целосна сувост и засилување во текот

на ферментацијата. Најпознат претставник од оваа група е виното шери. Овие вина имаат

специфичен силен и пенлив вкус, што најчесто личи на овошен џем или има вкус на зрели

ореви. Најчесто се консумираат како аперитиви.

За разлика од аперитивните природни суви вина, темните, благи десертни вина се консумираат

по оброкот. Се одликуваат со висок процент алкохол, а своето максимално буке го развиваат

со неколкугодишно зреење во дабови буриња или во земјени бочви.

Предводник во оваа група е светскиот бренд „порто“, што се произведува по класична

традиционална производна техника во Португалија, со гмечење на грозјето во земјени садови.

Процесот на ферментација се прекинува со додавање коњак пред целиот природен шеќер да

се конвертира во алкохол. Се одликува со црвена боја со кафеави тонови и силна природна

благост. Најчесто се консумира по десеттата производна година.

Една до две чаши пред или по оброкот

Десертните вина на трпезата се сервираат на температура од околу 18 до 20 Целзиусови

степени, во висококвалитетни кристални чаши, со средно проширена топка, релативно низок

столб и волумен од максимум 240 милилитри, односно во чаша што ќе го истакне богатиот

овошен вкус и благоста, а истовремено го засенува силниот алкохолен мирис.

Според содржината алкохол што најчесто ја определува самиот производител, десертните вина

можат да се поделат на средно засилени вина со 14-15 проценти алкохол и силно засилени со

20-20 проценти алкохол, како што се порто и шери.

Поради високата содржина на шеќери и алкохол, десертните вина се консумираат во строго

ограничени количества, и тоа најчесто една до две чаши како аперитив или по обилен оброк.

92

ВКУСОТ НА ГРАДОТ

Следно на мени од италијанската кујна е рижотото. Ќе го најдете со најразлични состојки и додатоци, а

подолу ќе прочитате неколку превкусни предлог комбинации на овој специјалитет.

РИЖОТО СО СИПА - DAILY FOOD AND WINE

Рижото со црно мастило од сипа е

вистински празник за очите и непцето!

Мастилото е базата на ова рижото, каде што

лежат сите вкусови, бои и интриги. Магијата

настанува кога оризот ќе го апсорбира

мастилото, нешто што тешко може да се

објасни со зборови, но ќе знаете самите

уште на првото залче!

РИЖОТО СО МОРСКИ ПЛОДОВИ – СИДРО

Во овој тип на рижото нема некоја

филозофија. Свежите морски плодови

ја прават магијата и го издвојуваат од

сите останати. Италијански класик што

секој мора да го проба! Секое залче ве

постетува на море.

РИЖОТО СО ВРГАЊ - FORZA WINE BAR &

RESTAURANT

Во овој ресторан на менито има над 20

различни додатоци кои ги комбинирате во

рижотото, а ги одбирате сами според ваш

вкус. Јас се одлучив за класично рижото

со вргањ и пармезан поради нивниот

доминантен вкус. Oвој со векови неизменет

италијански класик се подготвува на

традиционален начин и едноставно е

зачинет со печурка вргањ, бело вино, путер

и пармезан.

Во јануарскиот број ќе пристигнат

предлози за топли пијалаци кои

ќе нѐ згреат во ладните зимски

денови. До тогаш се читаме на

www.monikapotter.mk и на

инстаграм @monikapotter

РИЖОТО ПОЛО - VENETO ITALIAN

RESTAURANT

Именувано според големиот авантурист,

Марко Поло, ова јадење комбинира

состојки од распонот на неговите

патувања меѓу Венеција и Пекинг. Свеж

пилешки стек, грашок, кромид, мајчина

душичка, пармезан, домат, шери и чивас.

Голем број на состојки кои формираат

неодоливо вкусна комбинација!

РИЖОТО МИЛАНЕЗЕ – FOUR

Најтрадиционалното италијанско рижото со

прекрасна жолта боја која доаѓа од зачинот

шафран, што му дава неверојатно богат,

ароматичен и земјен вкус на ова јадење.

Традиционалниот рецепт секогаш опфаќа

коскена срж или говедско месо, па така и во

Four ова рижото е сервирано со прелив од

пилешко месо и говедско карпачо – сирово

говедско месо со зачини.

*Текстот не е лекториран со цел

да се задржи автентичноста 93

НИСКОКАЛОРИЧЕН ДЕСЕРТ

ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИЊА СО ОВЕС И

БАНАНА

30 КОЛАЧИЊА

1 шолја брашно

3 супени лажици какао 1 лажичка прашок за печиво

½ шолја кафеав шеќер

½ лажичка цимет

½ средно голема банана

+ ¼ шолја масло за јадење, ¾ шолја шеќер во прав, 1 јајце, ½ лажичка сода бикарбона

1 лажичка екстракт од ванила, 1 шолја овес,½ шолја сечкано темно чоколадо, малку сол

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени и обложете го плехот со хартија за печење. Во мал сад измешајте ги

заедно брашното, какаото, прашокот за печиво, сода бикарбоната, солта и циметот. Во поголем сад добро испасирајте

ја бананата со виљушка, па додадете ги маслото, кафеавиот шеќер, шеќерот во прав, јајцето и ванилата – мешајте додека

не се соединат. Полека додавајте ја сувата смеса во смесата со бананата. Измешајте сѐ заедно, па додадете ги овесот и

парчињата чоколадо. Со голема лажица ставајте од смесата топчиња на хартијата за печење, па израмнете ги со нежно

притискање на раката. Печете на 180 Целзиусови степени околу 10-12 минути, односно додека не станат златно-кафени.

Оставете ги да се оладат во плехот барем пет минути пред да ги извадите.

Нутритивни вредности во едно колаче: 85 калории, 3,4 г масти, 13,2 г јаглехидрати, 83 мг натриум, 1,1 г растителни влакна,

7,6 г шеќер, 1,2 г протеин.

94

НИСКОКАЛОРИЧНА САЛАТА

САЛАТА СО ТОРТЕЛИНИ,

ПИЛЕШКО И РУКОЛА

4 ПОРЦИИ

250 г тортелини со сирење,

зготвени според упатството

220 г пилешки гради,

сварени, искинати на ленти

1 чешне лук, ситно исечкано

3 супени лажици маслиново

масло

½ лажица рендана кора од

лимон

3 шолји млада рукола

½ лажичка шеќер, ½ лажичка бибер, 1/3 шолја ситно исечкан млад кромид

половина шолја рендан пармезан, 1 лажичка сол, 2 супени лажици свежо исцеден лимонов сок

Ставете ги тортелините и пилешкото месо во голем сад. Во друг сад, испасирајте го лукот со солта, па додадете

го маслиновото масло, кората и сокот од лимон, шеќерот и биберот, па сѐ добро измешајте. Ставете две супени

лажици од сосот врз тортелините и пилешкото и измешајте ги за сосот да се распредели рамномерно. Додадете ги

руколата, сечканиот млад кромид и преостанатиот сос. На крајот, наросете со малку рендан пармезан.

Нутритивни вредности: 400 калории, 18 г масти, 27 г протеини, 35 г јаглехидрати, 3 г растителни влакна,

холестерол 77 мг, железо 2 мг, натриум 629 мг, калциум 184 мг, шеќери 4 г.

95

НАШ НУТРИЦИОНИСТ

Здрава и правилна

исхрана за време на

празничниот

период

Тања Турунџиева,

нутриционист во

„Вита диет клуб“

Лесно е да се подлегне на хедонистичко однесување

во периодот што следува, исполнет со најразлични

слави и прослави. Дури и да си го дозволите ваквото

прејадување и прекумерно консумирање алкохол, најдете

начин да го детоксицирате организмот и да се вратите во

витаминско-минерален баланс.

Мажите почесто страдаат од

хедонистичкото однесување

Пред крајот на уште една година, во периодот кога

почнуваат посните слави и традиционалните прослави со

колегите и пријателите, вообичаено се консумира многу

големо количество на најразновидна храна и многу големо

количество на алкохолни пијалаци. Ваквата промена во однос

и на количеството и на квалитетот на храната, придружено со

многу алкохол е тешко за организмот да го истрпи, бидејќи овој

хедонистички начин на однесување, повеќе или помалку, се

рефлектира врз нашето здравје. Зачестени се најразличните

контраиндикации, особено кај машката популација, преку

зголемена појава на мозочни удари, инфаркти, како нешто

што е последица на хедонистичкото однесување, колку и да

се чини безопасно.

96

Мисли здрави мисли

Зарем треба да се апстинира од секаков тип

храна?

Заштитата од сето ова не подразбира празна чинија пред

нас на секоја прослава, туку збогатување на трпезата со

внесување на свежи ензими преку салати од свеж, сезонски

зеленчук. Конкретно, сега е сезоната на коренестиот

зеленчук што во себе содржи свежи ензими, особено добри

за процесот на детоксикација на организмот. Воедно,

препораката за внимавање се однесува и за алкохолот, што

дополнително го токсицира и го оптоварува организмот и

метаболизмот.

Тајната е во умереноста

Најдобро е и при ваквите пригоди да се задржи границата

на умереност за да не се рефлектира на организмот

повременото хедонистичко однесување. Многу е важно

да знаеме што му годи на нашиот организам, дали воопшто

можеме да си го дозволиме тој хедонизам, а тоа најдобро ќе

го знаеме доколку направиме проверки на нашето здравје.

Друг показател се индикациите што ни ги дава организмот

по внесот на одредени продукти или, пак, индикациите во

форма на покачена телесна тежина, покачен крвен притисок

– симптомите што ни ги дава и ни ги сигнализира организмот

дека нешто се случува со нашето тело и со нашиот организам.

С.О.С. во денот потоа

Индивидуалниот пристап и здравата храна треба да бидат

основа за секого, но дури и доколку одвреме-навреме се

случи вакво прејадување и претерано консумирање алкохол,

исправно е уште следниот ден да се направи процес на

детоксикација на организмот. Никому нема да му биде

тешко да помине еден ден на прочистување исполнет со

внес на многу течности, многу свежо овошје и свежи салати

и термички необработени јаткави плодови. Токму свежите

ензими ќе направат катализација и ќе воспостават рамнотежа

на организмот и метаболизмот.

При состојбите на алкохолизираност настанува електролитен

дисбаланс во организмот, особено доколку дојде до состојба

на повраќање, придружено со мачнини, мамурлак, главоболки

и хипогликемија во текот на следниот ден. Сите овие

контраиндикации од прекумерното консумирање алкохол

прават да се чувствуваме како да не можеме да застанеме на

нозе и нормално да функционираме како енергетски, така и

физички и психички. Еден од парадоксите во ваквите случаи

е дека едно јако утринско кафе ќе го освести организмот и ќе

му даде енергија, што е сосема погрешно – кофеинот може

дополнително да го раздразни организмот и по првичното,

привидно поткревање, уште повеќе да го исцрпи. Прва и

основна е рехидратацијата, па најдобро е денот да се почне

со една до две чаши вода, па да се внесе шејк од мед и банана.

Бананата е одличен извор на витамин Б6, што ќе го смири

организмот, калиум, што е еден од минералите кои многу брзо

го напуштаат организмот, како и корисна целулоза, што нема

надразнувачки да дејствува на дигестивниот систем. Друга

опција е да се направи природно цеден сок од морков со

мед и да се изеде една банана, по што ќе се внесат уште две

чаши вода, што по половина час ќе доведе до рехидратација

и враќање на минерално-витаминскиот баланс на организмот.

Оние што себеси се сметаат за кофеински зависници,

најдобро е прво да го спроведат овој ритуал со вода и шејк

или сок, па дури потоа (доколку е неопходно) да се напијат

кафе. Во летниот период, како џус го препорачувам природно

исцедениот сок од домат, но сега не е сезона на доматите, па

затоа како идеална замена ја предложувам бананата.

Клинецот со клинец се избива?

Во текот на детокс-денот оние што не можат да издржат

само со свежи салати и овошје, треба да внесуваат и јаткави

плодови, а можат да подготват и некоја лесна чорба, што ќе

ја внесуваат во текот на денот, заедно со салата. Во никој

случај не треба да се враќаат повторно на истата состојба

на прејадување или внесување на тешка и мрсна храна и

алкохол што ќе биде дополнителен шок на организмот. Не се

согласувам со тоа дека „клинецот со клинец се избива“ и дека

еднаш се живее, па сѐ е дозволено. Сметам дека треба малку

повеќе да се крене свеста околу однесувањето и почитта кон

храната, па дури и во вакви периоди на слави и прослави, така

што ќе се обидеме таа да биде колку што е можно повеќе на

природна основа. Многумина се обидуваат да се вратат во

форма и да закрепнат од мамурлакот со изотоници и купечки

шејкови, но сметам дека индустриски произведената храна

не може да биде соодветна замена за рехидратација на

организмот.

Во екстремни случаи да се побара лекарска

помош

Да се обидеме да не дојдеме до состојба на колапс на

организмот, но доколку сепак дојде до таква ситуација, да

не импровизираме, применувајќи препораки прочитани на

интернет, туку да се обратиме на лекар за рехидратацијата да

биде спроведена со помош на инфузии, соодветни на возраста

и на степенот на алкохол во крвта. Оваа препорака особено се

однесува на помладите лица кои не се свесни што може да ги

снајде од алкохолизираната состојба. Апсолутно не е срамно

да се побара стручна помош за да се овозможи правилен

пристап кон пациентот што ќе придонесе за закрепнување

во краток временски рок. Кај младите лица, дополнително

е важно преку едукација да се дигне свеста за последиците

од прекумерното консумирање алкохол, како и од одлуката

да се седне зад волан во таква состојба. Животот не треба

секојдневно да се живее на хедонистички начин, бидејќи

тоа на подолг рок, порано или подоцна ќе се рефлектира

негативно. Најдете начин да уживате во умереноста.

97

КАТЕРИНА ЧЕРАУДО, ИТАЛИЈАНСКА ГОТВАЧКА СО ЅВЕЗДА „МИШЛEН“

ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА НЕ СЕ САМО

ПИЦА, ШПАГЕТИ И ТАЛЈАТЕЛИ

На крајот од ноември имавме можност да уживаме во специјалитетите подготвени од италијанската

готвачка Катерина Чераудо, што во ресторанот „Дистрикт“, во рамките на хотелот „Мериот“, ни ги донесе

вкусовите на храната од сите региони на Италија сумирани во незаборавно мени.

Пишува: Тања Тодоровска Малакјан

Фотографија: Жарко Чулиќ

регионот Калабрија, и е мени што е осмислено да биде

„едноставно“, но е и инстант-мени, бидејќи, според мене,

состојките на јадењето треба да се почувствуваат веднаш.

Нема конкретно некое јадење што би требало да се проба

повеќе од некое друго, според мене треба да се пробаат

сите, бидејќи е многу убаво искуство.

Најпрвин, добре дојдовте во Македонија! Кажете

ни нешто повеќе за причината на вашето доаѓање

и какви се вашите очекувања од Деновите на

италијанската кујна?

Пред сѐ, ви благодарам на поканата. За мене е голема

привилегија да ја претставувам Италија на ова прекрасно

второ издание на Недела на италијанската кујна во светот,

пред сѐ во земји што ја сакаат Италија. Од оваа недела

на италијанска кујна очекувам да го претставам тоа што е

преносливо од Италија, односно токму италијанската кујна,

преку квалитетни производи, од кои дел донесов јас од

Италија, дел ги најдов овде, а преку кои се надевам дека ќе

направам да почувствувате како изгледа еден ручек, една

вечера во Италија.

Моите очекувања се да го претставам убавото од Италија

и од италијанската кујна. Онаа вистинска италијанска

кујна што е квалитетна, свежа и многу полесна од тоа што

се мисли. Ова е целта на мојата мисија овде, како и да

поттикнам отворање кон нови италијански производи во

земји во кои сè уште ги нема.

Претпоставувам дека вие сте креатор на менито. Како го

обмисливте и што е нешто што мора да се проба според

вас?

Мeнито го креирав јас, тоа се јадења што ги имам во мојот

ресторан „Датило“, што се наоѓа во јужна Италија, во

Важите за една од најмодерните и најинвентивни готвачки

во јужна Италија. Како би ја опишале италијанската кујна и

вашиот стил на готвење?

Според мене, италијанската кујна е убава кујна, кујна на

спомени, кујна што те гали, разнежнува. Кујна каде што

состојките се протагонисти и да се сведе целата италијанска

кујна на неколку јадења е многу ограничувачки. Особено

поради тоа што италијанската кујна е различна од регион

до регион, од километар до километар. Италијанската кујна

не се само пица, шпагети и талјатели – има толку многу

различни јадења што би требало да се пробаат и да се

запознаат.

Во рамките на оваа недела јас подготвив јадења од мојот

регион, но и национални јадења. Мојот начин на готвење

е едноставен, затоа што често тоа што го барам е преку

спомените, сеќавањата, да направам јадења што, пред сѐ,

враќаат сеќавања на вкусовите. Тоа што ми се допаѓа од

мојата кујна е и тоа што сите состојки од кои е направено

јадењето јасно се препознаваат и се надевам луѓето кога ги

вкусуваат јадењата успеваат да ги препознаат.

Исто така сте и амбасадор на кафето „Или“. Знаеме дека

пиењето кафе е многу важен дел од италијанската култура.

Се согласувате ли со ова?

За Италијанците, еспресото е вистинско кафе. Како

амбасадор на кафето „Или“, да бидам искрена, сум многу

среќна, затоа што тоа е синоним за квалитет и во Италија

и во странство. Така се чувствувам како дома и кога сум на

другата страна на светот.

Работите како главна готвачка во вашиот семеен ресторан

„Датило“, што од 2013 година е како ваш сопствен проект.

Ваша семејна традиција е и производството на квалитетно

вино и маслиново масло, а вашиот ресторан од 2012 година

има една ѕвезда „Мишлен“. Како е да се работи во ваква

атмосфера, наследувајќи ваква традиција?

Јас сум шеф во ресторанот „Датило“, што е семеен

ресторан, што мојот татко го отвори во 2004 година, но

станав дел од овој ресторан во 2013 година. Една од нашите

семејни филозофии е квалитетот. Квалитетна храна, сѐ што

98

подготвувам доаѓа од нашите полиња и градини, квалитетно

вино, бидејќи ние сме и производители на вино, квалитетно

маслиново масло, затоа што квалитетното маслиново масло

често влијае на јадењето, го подобрува, му го истакнува

вкусот и прави да се чувствува оној италијански вкус.

Да, одговорноста беше голема, но влегов во работата

со задоволство, бидејќи така сум порасната и отсекогаш

сум ја сакала оваа семејна филозофија. Пред сѐ, тоа е

одговорност кон моето семејство што го почна овој семеен

проект и оваа традиција, одговорност кон себе, одговорност

кон моите клиенти и одговорност кон мојот регион и кон

производителите.

состојка не треба да биде дополнителен дел на едно јадење,

туку треба да му биде потребна на тоа јадење.

Од она што не сакам да користам – дефинитивно немам

намера во блиска иднина да користам инсекти при

готвењето. (се смее)

Катерина, вие сте признаена како најуспешна жена-готвач

за 2017 година од престижниот магазин „Мишлен гајд“. Што

значи оваа награда за вас и какви се вашите идни планови?

Овие признанија ги гледам како почетна точка за надградба

и подобрување, а не како крајна точка на нешто што е

постигнато. Мислам дека е добро да им се даде важност на

жените за оваа задача, што отсекогаш била женска работа,

нели жената најнапред го храни своето дете со мајчино

млеко. Но, исто така, вистина е дека понатаму оваа задача

е, дозволете ми да го искористам овој термин – украдена од

мажите. Сметам дека овие искуства се убави да се раскажат

и дека можат да бидат поттик на девојки, идни жени да се

докажат на одредено поле. Во мојот случај, тоа е во полето

на кујната. Но, сметам дека секоја жена треба да го следи

својот сон без да си поставува граници, затоа што сѐ е

можно.

Имам многу планови за иднината. Да продолжам да работам

добро и да се усовршувам. Имам навистина многу, многу

планови, но не можам да ви ги кажам од суеверност.

Се согласувате ли со фразата: Љубовта доаѓа преку

стомакот?

Да, апсолутно се согласувам. Храната е многу интимна

работа, јадењето е интимен момент. На маса се склучуваат

договори, се размислува за иднината, се планираат работи,

се прославуваат важни работи. Храната е нешто што

поврзува. И токму така љубовта доаѓа преку стомакот.

Конечно, која е пораката што сакате да ја пренесете преку

вашата работа?

Mојата работа е многу одговорна работа во која не е вклучен

само главниот готвач – до него има и други фигури, готвачот

не е веќе протагонист, туку е само изведувач или, да речеме,

трансформатор на работата што и други ја сработиле.

Значи, да се почитува мојата работа значи да се почитува и

работата на сите оние што пред мене работеле за одредена

состојка да стигне во мојата кујна. И следствено, почит кон

клиентот кој дошол да те посети, затоа што во моментот кога

тој седнува на маса ти ја дава целата негова доверба.

Имате ли омилен зачин или состојка што сакате да ја

користите често? А нешто што дефинитивно го избегнувате

при готвењето?

Не постои зачин или состојка што ги претпочитам. Доаѓајќи

од јужна Италија, тоа што често се чувствува во моите

јадења се агрумите. На пример, претпочитам тонови на

лимон повеќе отколку тонови на портокал. Тие можат да

се почувствуваат речиси во сите мои јадења. За мене, една

УМЕТНОСТА

НАРЕЧЕНА

ЧАЈ

Кога зборуваме за колекции во домот,

особено во кујнските шкафчиња, неретко

ќе сретнеме луѓе кои страсно собираат

зачини. Многумина ваквата збирка

ја сметаат во шишиња најразлични

алкохолни пијалаци и ликери, а некои

ќе се пофалат со полна полица вински

шишиња. Па, дури и вљубениците во кафе

(да не кажам зависниците) последниве

години наоѓаат различни начини за

подготвување и консумирање на нивниот

омилен кофеински пијалак. Ми се чини

дека само чајот останува скриен во некоја

прашлива кутија што се отвора само

откако ќе почне сезоната на настинки и

вируси. Навистина нефер кон овој одличен

пијалак што веројатно дејствува и по малку

здодевно, бидејќи го земате само кога

нешто не е во ред – камилица кога не ви

се спие, нане кога ве боли стомакот или

брусница за уринарни тегоби. А царството

на чаевите има толку многу вкусови и

ароми да понуди што би можеле секој ден

да вкусувате нов тип чај или мешавина од

час со зачински билки, сушени плодови и

ароматични, суви цветови. Да почнеме од

основата, запознајте ги четирите основни

групи чај што се одлични и за самостојна

консумација, но и во комбинација со

различни додатоци. Бонус-инфо: да,

полесно е да направите чај во филтеркесичка,

но барем одвреме-навреме

купувајте чај на мерење, за да искусите

моќен и ароматичен вкус на топла чаша чај.

100

Зелен чај

Бел чај

Знаете ли дека белиот,

зелениот и црниот чај се

произведуваат од истата чајна

билка (Camellia sinensis), но се

разликуваат според начинот

на култивација, периодот во

кој се берат, како и начинот

на кој се преработуваат и се

подготвуваат? Токму белиот

чај е најнежната варијанта од

овие три и се произведува од

најкревките, млади ливчиња чај

што даваат висококвалитетен

чај со светложолтеникава

боја. И вкусот е нежен, а иако

се продава и чист бел чај,

честопати е во комбинација

со зелен чај и други

ароматични додатоци. За да

се задржат сите благотворни

и антиоксидантни својства од

белиот чај, се остава да отстои

само две-три минути пред да

се прецеди.

Роибос

Билниот чај роибос има

потекло од јужна Африка,

што ќе го почувствувате уште

при првата голтка поради

слатката и „топла“ арома

и богатата црвена боја. Не

содржи кофеин, што го прави

соодветен за уживање во

кое било време од денот,

а особено опуштачки ќе

дејствува доколку го испиете

навечер, некој час пред

легнување. Кај нас можете

да го најдете во филтеркесички,

но и рефус. Пробајте

чист органски чај роибос

или, пак, одберете некоја од

мешавините – најчесто е во

комбинација со мирисни, т.н.

топли зачини и зрнесто, црвено

овошје. Слаткавиот вкус е

одличен и за консумирање без

додаток на шеќер.

Црн чај

Црниот чај е повеќе оксидиран

од зелениот и од белиот чај.

Затоа е посилен на вкус и

содржи повеќе кофеин од

другите, помалку оксидирани

варијанти. Заради силината,

времето за отстојување не е

повеќе од три минути, а често

се консумира со млеко и со

шеќер. Најценети и познати

типови црн чај се индискиот

дарџилинг, кинескиот лапсанг

сучонг, како и мешавината

„ерл греј“, што се добива од

мешавина црн чај и масло

од бергамот. Англичаните

го консумираат црниот чај

„англиски појадок“ (English

breakfast tea), што најчесто е

мешавина од неколку типови

црн чај (асамски, цејлонски,

кениски и кинески кимун чај)

и се консумира за време на

обилниот појадок или по него.

Кај зелениот чај не доаѓа до

ферментација на листовите

како кај црниот чај, па затоа

неговата арома е понежна од

таа на црниот чај. Во листовите

на зелениот чај се содржани

многу биоактивни материи

што имаат антиоксидантно,

антивоспалително и

антиканцерогено дејство,

поради што неговата

употреба е распространета

многу пошироко од азискиот

континент, од каде што

потекнува. Има повеќе

типови зелен чај, а некои од

најпопуларните се сенча,

кинески зелен „барут“ чај,

јапонски банча, ѓуокуро и

јапонскиот чај мача. Меѓу

себе се разликуваат по делот

од листот што се користи

при производството и по

количеството кофеин во себе.

Затоа се препорачува да се

пие наутро или до раните

попладневни часови, а за

оние што не го поднесуваат

кофеинот, постојат и варијанти

без кофеин.

101

Дизајн и декор

КРЕАТИВНИ ГРЕЈНИ

ТЕЛА

Сезоната на греење е во полн ек, па сигурно веќе сте го решиле главното прашање пред зимскиот период.

Сепак, доколку сезонава или следната сакате да имате барем еден радијатор што, освен функционалност,

ќе внесе и естетска нишка во просторот ви даваме неколку идеи.

Со неверојатна посветеност до најситни детали, овој радијатор во барокен стил може да стои во

просторот како самостојно уметничко дело. Поради издолжената форма е уште пофункционален од

другите радијатори, бидејќи загрева поголем простор.

104

Дизајн и декор

Радијаторот во форма на скала може да

стои потпрен на ѕид или да има функција

на помошна полица на која можете да ги

ставате влажните крпи, доколку ваквото

грејно тело го поставите во тоалетот, на

пример.

Декоративен радијатор како на

фотографијата може да послужи како

параван меѓу две простории што визуелно

сакате да ги одделите.

Лего-коцките се инспирација за овие

радијатори. Во црна или во некоја друга,

неутрална боја можат да бидат дел од

дневната соба, а светлите бои можат да ја

декорираат детската соба.

Повторно пример за мултифункционалност:

на издолжениот, стилизиран радијатор е

вградено огледало што, покрај практичната

примена, и визуелно ќе ја зголеми

просторијата во која се наоѓа.

Уште една интересно решение –

радијатори во повеќе бои и во форма

на спојувалки, што ќе ја разубават

просторијата во која ќе бидат поставени.

Радијаторот во форма на закачалка, освен

што ќе ја врши својата примарна функција,

ќе послужи и за закачување крпи во

тоалетот, што на овој начин многу побрзо ќе

бидат суви.

105

Портрет поддржува македонска уметност

„МЕМОРИЈА“

МУХАМЕДАЛИ АЛИЛИ

ГРАДСКИ РИТАМ

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ: Радио 103, Мкд.мк, Утринска на Телма, Нова Македонија, Окно.мк, Пиреј.мк, Тајм.мк, Критика.мк, BookBox, Портрет

artAREA на

ОРГАНИЗАТОР: Бегемот СПОНЗОРИ: Печатница Наумовски ГЛАВЕН ПАРТНЕР: Кино Култура ПАРТНЕРИ: Амбасада на Република Полска, МакеДокс

книжевна

вечер

документарен

филм

културна

артерија

градот

КиноКултура 22-24.12

изложби

џез концерт

музичко-поетски

перформанс

анимација

за деца

дискусии

театарска

претстава

саем

на

книга

ракотворби

ПРОГРАМА: BEGEMOT.mk

роденден

на

Кино

Култура

УЧЕСТВУВААТ: Бегемот Или-или Темплум Готен Антолог Слово Табахон Три Блесок

Метанојa ПВН публикации Галикул Софија Филигранска Pocket Gallery Биби Клекачоска Натали

Летечки пекинезери Дуо Бојан Чакра Астални проекции МакеДокс Никулец

30.11 - 02.12.17 ∙ ПИН Конференција и Фестивал ∙ МКЦ

02.12.17 ∙ Opium Hum ∙ Капан Ан

04.12.17 ∙ Pluto’s Doubts, промотивен концерт ∙ МКЦ

07.12.17 ∙ ДАРКО РУНДЕК ∙ ∙ Delta Funktionen ∙ МКЦ

08.12.17 ∙ Headless Horseman ∙ МКЦ

08.12.17 ∙ Damian Dubrovnik ∙ Македонска Филхармонија

09.12.17 ∙ ЛУЗЕР ФЕСТ ∙ МКЦ

Комплетна програма: www.taksirat.mk

MAREENA

2 декември од 23:59 ч.

ЕПИЦЕНТАР

OPIUM HUM

02 декември од 23:55 ч.

КАПАН АН

БАЛЕТ НА МРАЗ – ОРЕВОКРШАЧКА

04 декември од 20:00 ч.

МОБ

PLUTO’S DOUBTS – ПРОМОТИВЕН

КОНЦЕРТ

04 декември од 21:00 ч.

МКЦ

BOSTON 168 LIVE

6 декември од 23:59 ч.

ЕПИЦЕНТАР

MARK KNIGHT

6 декември од 23:00 ч.

СТАНИЦА 26

ДАРКО РУНДЕК – APOCALYPSO NOW

@ТАКСИРАТ

7 декември од 19:30 ч.

МКЦ

VOX POPULI

7 декември од 23:00 ч.

ROCK CLUB SHADOWS

DAMIEN DUBROVNIK + STRING FORCES

08 декември од 19:30 ч.

МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА

HEADLESS HORSEMAN DESONANZ

2017

08 декември од 23:00 ч.

МКЦ

ЛУЗЕР ФЕСТ 2017

09 декември од 19:30 ч.

МКЦ

РАМПАРАРАМИЗИРАЊЕ, КОНЦЕРТ НА

СУПЕРХИКС

15 декември од 20:30 ч.

СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

ANETHA

15 декември од 23:59 ч.

ЕПИЦЕНТАР

„НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ“

16 и 20 декември од 19:00 ч.

МНТ

ФЕСТИВАЛ АРТАРЕА

22-24 декември од 10:00 ч.

КИНО КУЛТУРА

ФЕСТИВАЛ ВОСТАНИЕ #3

22 декември од 19:00 ч

МКЦ

ДЕДОМРАЗОВСКА ТРКА – ПРВ ДО ВРВ

24 декември од 12:00 ч.

СКОПЈЕ

БАЛЕТСКИ СПЕКТАКЛ „КЛЕОПАТРА“

27 декември од 20:00 ч.

МОБ

АЛЕКСАНДРА КОСТАДИНОВСКА

ПРОЦЕСОТ НА ФОТОГРАФИРАЊЕ ЈА

МЕНУВА СОСТОЈБАТА НА УМОТ

Пред околу осум години, љубопитноста за апаратот на

нејзиниот татко, на некој начин ја предодредила идната

опсесија на фотографката Александра Костадиновска. По

првиот контакт со апаратот „Кодак“, многу брзо открила

како да ги менува фокусот и експозицијата, навлегувајќи

сѐ повеќе во можностите што ги нуди тој. „Како интроверт,

многу ми беше значајно што најдов друг начин на

изразување, покрај зборовите. Едноставно, се чувствував

удобно со апаратот во рака и никогаш не го оставив“, вели

таа.

Фотографира веќе осум години, а професионално со

фотографија се занимава околу три години. Вели дека

процесот на фотографирање ѝ ја менува состојбата на

умот, се чувствува слободна, исполнета, како да е таму каде

што треба да биде. „Тоа е причината поради која научив

да уживам во сопственото друштво. Со апаратот растам,

созревам и се градам себеси. Би фотографирала секој

ден, по цел ден ако треба. Само патувањата и музиката

ме исполнуваат еднакво, но за среќа, многу често ги

комбинирам“, додава Александра.

Сака да фотографира работи што ја прават среќна,

зачувувајќи ги во форма на фотографија. Независно

дали станува збор за луѓе или за пејзаж, таа преку своите

фотографии сака да пренесе топлина и смиреност, што

вели дека не ги наоѓа во Скопје, но затоа европските

градови ја инспирираат и прават да застанува на секои пет

метри за добра фотка. Како едно од најомилените искуства

го издвојува ланскиот „Таксират“, бидејќи, според неа, не

постои посовршена професија од фестивалски фотограф.

Александра работи во „Reborn“, а нејзини фотографии

досега се објавени во магазинот „Lumen“, „Future Now“,

како и на станиците на „Портрет“. Периодов се подготвува

за својата прва, како што самата вели, нетипична изложба

на која вети дека ќе нѐ покани. Attending!

Македонска фотографија

НА ПЛАНИНА СО ИРИНА:

ГИ ИСКАЧУВАМЕ ПЛАНИНИТЕ И ВРВОВИТЕ ВО

МАКЕДОНИЈА

САЛАКОВСКИ ЕЗЕРА

Организираните искачувања од планинарските друштва се

перфектен одговор за сите изговори поврзани со откривање

на нови предели со непознати услови, локација и насоки.

Искуството со Салаковски Езера беше вистинско освежување

токму од таков тип и иако преферирам кога сама се соочувам

со природата, пријатно се изненадив од целокупниот

впечаток.

Салаковските Езера се единствени глацијални езера на

масивот Јакупица, со североисточна положба, веднаш

под врвот Убава. Освојувањето на овој врв беше опција,

меѓутоа за мене самите езера беа толку воодушевувачки што

воопшто не ја разгледував таа можност. Да се посведочат

североисточните предели на Јакупица беше ново искуство и

како вечна вљубеничка во западниот дел со Солунска Глава,

Фото и текст: Ирина Аврамовска

не очекував ништо помалку.

Предвидено беше да се патува до блиското село Црн Врв,

каде што и се наоѓаше стартната позиција. Чекоревме по

земјена патека, што змијулесто се протега низ шумсколивадски

предели, а попатно се наоѓаат и грмушести овошни

растенија, чиишто плодови чекаа да нè наградат за освоените

110

етапи. Иако се работи за средно тежок предел за искачување

што не бара голем напор, сакајќи поскоро да пристигнам

до целта, последните дваесетина минути ми се чинеа како

цела вечност. Конечно, кога глетката се отвори пред нас,

исцрпена и без здив не знаев дали прво да се одморам или

да се фатам за апаратот и, секако, не можејќи да одолеам, се

одлучив за второто. Планинарите кои веќе беа пристигнати

уживаа во појадокот покрај езерата и се почувствував мошне

среќно да посведочам џагор и насмеани лица при еден толку

нереално убав природен феномен. Салаковски Езера беа

како две големи огледала – очи вперени во маглата над нив,

отсликувајќи го сивилото на тој ден.

Што се однесува до мене, можев таму да останам цела вечност

да тонам во стаклената рефлексија на езерата, но условите

со кои располагавме не ни понудија многу избор. Маглата

почна да се спушта, а и нè чекаше пат за назад што не е за

потценување.

Приближувајќи се кон Скопје, веќе почувствував како целиот

мир од дневната прошетка полека исчезнува. Си помислив

колку е убаво барем на ден да се заборави на нервозното

секојдневие, далеку, на планина. Средувајќи ги импресиите

додека ги разгледував 500-те фотографии од апаратот,

остана да си ветам дека со Салаковски Езера ќе се видиме

што поскоро, во друго годишно време.

111

И ГРАЧКИТЕ

И НИВНАТА

УЛОГА ВО

РАЗВОЈОТ

НА ДЕТЕТО

Играчките се неизоставен дел од детството. Всушност, тие на еден начин

го дефинираат овој развоен период, бидејќи се суштински фактор за

поттикнување на развојот на сознајните, емоционалните и социјалните

компетенции на детето. Претставуваат основа за многу игри и овозможуваат

стимулативна средина за развој, посебно во перидот на доенче и во предучилишната

возраст. Секое дете е среќно кога е опкружено со играчки и ги претпочита пред

другите средства за играње. Играчките, најкратко кажано, се предмети кои служат

за играње и се употребуваат за време на играта. Играњето и играта, пак, се два

поими, кои обично се определуваат како објективна структура што се јавува во

форма на систем од правила (т.е. игра), односно акт на оној кој игра (т.е. играње).

Играњето е водено од внатрешна контрола, има внатрешна реалност и внатрешна

мотивација. Играта добива смисла тогаш кога е во функција на играњето, под услов

кај играчот да постои игровен став. Постојат различни видови игри – дидактичка

или слободна игра, креативни игри, игри на конструирање, игри на улоги и слично.

Меѓу сите нив, последните се најсложени, бидејќи поставуваат највисоки барања

пред сознајниот и емоционалниот развој на детето. Воедно, тие се посебен

облик на социјално учење. Претставуваат извори на нови модели, овозможуваат

децентрација на сознаен, емоционален и социјален план, како и надминување на

стереотипите и предрасудите. Играњето е посебен облик на изразување и затоа

сосема оправдано се смета дека без игрите и играњето нема ниту детство.

Пишува: Проф. д-р Ана Фрицханд

Играчките заземаат важно место во животот на секое дете и имаат мошне значајна

улога во неговиот/нејзиниот развој. Тие се материјален дел од играта, а преку

нив, играјќи си, детето успева да го оствари тоа што го замислило, или за што

мечтаело. Тоа на играчките им придава различни својства и карактеристики, па така,

мечето станува најдобар другар, заштитник и соиграч. Куклите неретко „ги знаат“

чувствата на детето, неговите/нејзините желби кои тоа им ги „доверува“. Со помош

на играчките, детето полесно воспоставува контакт и почнува да комуницира со

други деца или со возрасните при првите запознавања. Тие неретко му/ѝ служат

како „сигурна база“ кога ќе се најде во, за него/неа непозната средина (на пример,

прво одење во градинка, на лекар и слично). Играчката е онаа невидлива нишка

која детето го поврзува со домот, топлината, познатото, сигурноста и му/ѝ помага

112

Мисли здрави мисли

во соочувањето со и надминувањето на несигурноста и

стравот. Воедно, играчките посредуваат во психофизичкиот

развој на детето. Детето преку нив учи и стекнува нови

искуства, ги запознава својствата на предметите, ги вежба

сетилата и ги развива способностите.

Сепак, за да играчката го

постигне посакуваниот ефект,

таа треба да биде прилагодена

на возраста на детето. Ова е

така, од причина што секоја

возраст има свои развојни

специфики, кои поставуваат

различни барања од играчките

и од средствата кои се користат

во детските активности. Освен

тоа, секое дете е посебно на

свој начин, има индивидуални

претпочитања, потреби и

способности. Сето наведено

значително го определува

и насочува изборот на

материјалите и средствата,

а со тоа и на играчките, со

кои детето ќе се ангажира во

играта. Со анализа на играчките

со кои децата играат, може

да се изведат низа заклучоци

кои се однесуваат, на пример,

на културата од која децата

потекнуваат, нивниот социоекономски

статус, класната

припадност и слично. Уште поважно, може да се определи

степенот на сознаен, емоционален и социјален развој кој

детето го има достигнато.

Тргнувајќи од погоре објаснетата улога и важност на

играчките за развојот на детето, треба да се посвети

мошне големо внимание при изборот на играчките кои

му се нудат на детето. Постојат повеќе критериуми врз

основа на кои се прави изборот на најсоодветната играчка.

Првиот е возраста на детето – нешто за што претходно

веќе стана збор. Играчката која е наменета за возраст која

е значително над или под актуелната возраст на детето,

нема да го поттикнува развојот, па самото дете нема да

знае како да ја користи, односно нема да биде мотивирано

да ја користи (во случај кога развојно веќе ги усвоило и

надминало можностите што конкретната играчка му/ѝ ги

нуди, или пак сѐ уште нема развиено ментални капацитети

за да може да ја разбере нејзината функција и начин на

употреба). Втор важен критериум е дали играчката се

користи за индивидуална или за групна игра. Во услови

кога детето нема избор, освен да игра само, нема да има

голема корист од играчки наменети за групни игри. Трет

критериум е начинот на играње и можностите за играње што

играчката ги нуди. Гледано од развоен аспект, секогаш е

подобро да се изберат оние играчки со кои детето може да

игра на повеќе различни начини. Ваквите играчки, најчесто,

едновремено стимулираат развојни промени во повеќе

домени (перцептивно-моторниот, афективниот, сознајниот,

експресивниот итн.). Уште еден значаен критериум за избор

на играчките е здравствено-хигиенскиот. Тука се мисли на

безбедноста на играчката (и од аспект на материјалите од

кои е изработена и од аспект

на големината - ова е посебно

важно за доенчињата, кои во

одреден период од својот развој

светот го запознаваат преку

устата, обидувајќи се играчките

и предметите што се околу нив

да ги вкусат) и на можноста таа

редовно и темелно да се чисти.

При изборот на играчките не

помалку значајна е и проценката

на домените од личноста

на детето кои играчката ги

развива и какви воспитни

цели со нејзината употреба се

постигнуваат. Некои играчки

со својата намена, имплицитно

поттикнуваат агресивни

тенденции кај децата, ја

насочуваат нивната имагинација

кон креирање насилни сценарија

што изобилуваат со борби,

доминација на посилниот,

победници и поразени, физичка

надмоќ, замислено елиминирање

на противникот и слично. Поради тоа, треба добро да се

размисли пред тие да му се понудат на детето. Изгледот на

играчката, начинот на кој е изработена, нејзината форма,

големина, боја и композиција влијаат врз тоа дали и колку

детето ќе ја користи во играта. Тоа ја определува нејзината

естетска вредност. Сепак, некогаш најубавите играчки од

естетски аспект, нудат малку можности за развој. Играчките

треба да бидат светли и јасни, со живи бои, но да не ги

„бомбардираат“ сетилата на детето. Ова е така, од причина

што бојата влијае врз психата на детето. Со други зборови,

предност треба да им се дава на основните и светлите бои,

посебно кога се работи за играчки за доенчиња, бидејќи

детето во развојот прво ги усвојува и распознава токму

овие бои. Оттука, за доенчињата попрепорачливо е да се

употребуваат играчки каде се поврзани формата, бојата и

функцијата. Играчките за деца на предучилишна возраст,

пак, треба да содржат богати градации и варијации на боите

и да му овозможат на детето да восприема различни форми

и големини. Последен, но не помалку важен, е и економскиот

аспект при изборот на играчките. Во таа смисла, пред сѐ

треба да се води сметка за квалитетот, односно за тоа колку

играчката го стимулира развојот на детето и ги задоволува

погоре наведените критериуми. Некогаш обични дрвца и

камчиња собрани од природата му нудат многу повеќе на

развојот, отколку најскапата играчка.

Доколку имате прашања и теми од развојната психологија за кои сакате да читате во некои од следните

броеви, пишете ни на contact@portretmag.com

МИЛАН ЖИВКОВИЌ

директор на Фондацијата

„Фридрих Еберт“– Скопје

ЕДНАКВОСТА

Е СЕКСИ

Стравот мора да се победи

преку дијалог, искреност и

транспарентност

Милан Живковиќ... Првпат го забележав на еден протест. Гласен поборник за работничките права и синдикалното организирање.

Невозможно беше да не му се верува, оти жарта во очите ја издаваше неговата вистинска намера да помогне за праведно и

солидарно општество. Потоа го сретнав на една јавна дебата. Полемизираше смело и достоинствено, без тенденциозни намери

кон противниците, туку со волја да се слушнат и да се разберат. Малкумина така дискутираат денес. Потоа го гледав во разни

ТВ-изјави, секогаш на страната на послабиот, секогаш другар со правдата и вистината. Последно го видов со микрофонот в

рака на еден фестивал за истражувачко новинарство. Растури на англиски јазик со перфектниот американски акцент, својствен

за човек кој 15-тина години живеел и работел во САД. Германскиот јазик, пак, му е потребен на неговото работно место во ФЕС

(Friedrich-Ebert-Stiftung). Неговата успешност во јавната комуникација не се должи на самоуверениот став, ниту на појавноста од

197 сантиметри, ниту, пак, се крие во сигурниот и длабок глас, туку во мекото срце со кое секојдневно ги води битките за човекови

права, мир, демократија, еднаков пристап до образование, слобода... Овој маж одамна расчистил со лажната маскулинистичка

маска на балканскиот маж (како Црногорец по потекло) :) и излегол од сенката на родовото слепило. Посветен татко и сопруг.

Чесен работник и директор на канцеларијата во Скопје на Фондацијата„Фридрих Еберт“. Овој пат во улога на организатор на

невообичаената модна ревија „Вклучи се со срце за секоја една“, во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против

насилство врз жени и девојчиња“, што се случи на 25 ноември во „Кино Култура“.

АЈ: Низ културен формат, со јазикот на модата и јазикот

на телото или телесноста решивте да пратите силна

порака за еманципација на жената и родовата еднаквост,

спротивставувајќи се на третманот на жената како објект,

токму низ сличните алатки. Направивте одлична субверзија.

Мошне смело од ваша страна. Што беше идејата на модната

ревија „Вклучи се со срце за секоја една“?

МЖ: Идејата дојде од потребата сите ние да се

спротивставиме на објективизацијата на жената (како објект)

– а самите тие, жените-хероини од различни професии, кои

се појавија во улога на манекенки, да се претстават себеси

заедно со пораките и мерките за намалување на родовобазираното

семејно насилство и искоренување на родовата

нееднаквост во сите сфери на нашето општество. Токму

субверзивноста на настанот и дефилирањето на модната

писта во „Кино Култура“ направи дел од учесничките да

се чувствуваат и како (активни) феминистки – тоа се нивни

зборови (се смее). Голем дел од нив првпат се почувствуваа

дека дале поголем придонес во борбата за еднаквост.

Нивните пораки беа најважни.

АЈ: На нималку „вообичаената“ модна ревија продефилираа

15-тина жени или, како што ги нарековте „жени-хероини

кои го прават пресекот на нашето општество“, носејќи

креации на ALSHAR од дизајнерката Силвија Михајловска.

Може ли да споменеме дел од храбрите учеснички и да

споделиме дел од пораките што ѝ ги пративте на јавноста?

МЖ: Мерсиха Смаиловиќ беше дел од настанот, како и

Љуљета Адеми, Билјана Димова, Несиме Салиоска, Билјана

Трембелиева-Стојменовски, Ана Зафирова, Нита Старова –

тоа се само мал дел од жените-хероини. И додека и вие, Ана,

и целата јавност ги знаат и Мерсиха и Љуљета и Ана, едната

Билјана работи во агенција за недвижности (и е во осмиот

месец на бременоста), другата Билјана е стоматолог, Несиме

е извршна директорка на организација од граѓанскиот

сектор, а Нита, освен што е една од моите колешки во ФЕС,

зачекори на модната писта три месеци по породувањето со

нејзиното второ дете – а во суштината, сите тие се хероините

од нашето секојдневие. Пораките што учесничките ги

пратија во јавноста се: менување на училишните курикулуми

во насока на родова еднаквост, повеќе прифатни

центри за жените-жртви на родово базирано насилство,

воспоставување на постојана национална СОС-линија за

жртви на сексуално насилство, „демнењето“ да се третира

како кривично дело, посебни мерки за заштита на децата

кои сведочат за насилство врз нивните мајки итн. Ова се

само дел од барањата што беа пратени на модната ревија

„Вклучи се со срце за секоја една“.

АЈ: Во прекрасниот обид за мулти-култи и за диверзитет, на

модната писта имавте и жена со шамија како муслимански

верски симбол. Во тој контекст ќе ве потсетам дека Иран

114

ѝ објави војна на американската индустрија за кукли и ја

забрани продажбата на популарната барбика. Властите

ги затворија сите продавници што ја имаа изложено оваа

кукла на полиците. Иранската „морална полиција“ ги

советуваше сопствениците на продавници да се воздржат

од продажба на барбиките. Во 2003 година истото го стори

и Саудиска Арабија, која ја прогласи куклата за закана

за исламот поради скудната облека. Жената меѓу барбикултурата

и муслиманската бурка? Избор или принуда?

МЖ: Со чекорењето на модната писта од страна на Мерсиха

(со шамијата како основен дел од нејзината облека) речиси

сите се почувствувавме дека фрламе ракавица на сето

она што нè спречува во нашите намери на создавање на

инклузивно општество. Многумина ја знаат Мерсиха како

неуморна борка за човекови права, како феминистка, како

жена која беше една од најважните личности во процесот на

подобрување на условите за живот во транзитните кампови

во Гевгелија и Табановце. Зошто да не ја знаат и како лице

кое чекорело на модна ревија, презентирајќи креација

на ALSHAR со гордо крената глава во хиџаб? Зошто треба

шамијата да биде оставена само за просторот каде што нема

камери, јавни настапи, конференции? Впрочем, Мерсиха

го носи хиџабот по сопствен избор и тоа е нејзиното

секојдневие – е тоа секојдневие сакаме да го прославиме.

Секако, ако бурката, хиџабот или никабот се наметнати и се

ставаат под принуда, тогаш сите ние треба да се вклучиме во

елиминирање на таквиот начин на „секојдневие“.

АЈ: Според вас, каде почнуваат границите на пуританството,

а каде завршуваат границите на сексуалната слобода?

МЖ: Ќе се повикам на дел од мојата политичката мисла/

наука, иако сè околу нас е политика, нели? За време

на првиот мандат на првиот претседател на САД, кој

е Афроамериканец, Барак Обама, еден од неговите

професори од Харвард, Роберто Унгер, кажал: „Обама мора

да биде поразен“. Иако многумина сметале дека ученикот на

Унгер е исто толку прогресивен колку и неговиот професор,

сепак Унгер увидел дека неговиот ученик се обидува на

матен и нејасен начин да протурка низа закони и политики

што немаат врска со прогресивноста и социјалната правда.

Истото се случува и со пуританството и со сексуалната

слобода, барем кај нас. Конзервативноста е прифатенa, а

во исто време на матен начин се затскриваат принципите

на сексуалната слобода, што внатре во себеси потајно ја

посакува секој(а) во нашето општество. Границите постојат

во самите нас, во нашите глави. Секој има право на избор –

сè додека тоа не е поради некаква принуда.

АЈ: Холивуд и Боливуд градат митови за маженственост

со коишто се идентификуваат некои момчиња, а се

пакува како „мачо-маж“ – љубовник, номад, ловец, демек

брутален, а нежен или, пак, суперхеројот, кој со мускули и

физичка сила ќе го спаси светот. Што правиме со ваквите

стереотипни сценарија што ни се пресликуваат низ

македонските маала?

МЖ: Стереотипите треба да ги кршиме, почнувајќи од

поимите како „домаќин/домаќинка“, каде што да се нарече

некоја жена „домаќинка“ значи дека или нема работа или

„само“ ги извршува домашните работи – а ако се нарече

некој маж „домаќин“, е тогаш тој е домаќин-човек, вреден,

чесен и знае како да штеди. Еднаквоста во општеството

и во сите нас е тоа што е привлечно, секси. Не залудно

скандинавските земји секоја година се вбројуваат во топ

пет земји каде што се живее најдобро – една од причините

е и родовата еднаквост. Тоа се митовите што треба да ги

градиме и тука, а не тие на маженственост или мачо-маж. За

тие што ќе речат дека Балканот е далеку од Скандинавија

да ги потсетам дека пред стотина години земјите како

Норвешка и Шведска претставувале апсолутен пекол за

живеење на жените во тие општества, а видете каде се сега.

АЈ: Еден наш познат драматург, Горан Стефановски, вели:

„Да не постоеше Балканот, ќе требаше да го измислат“.

Етимологијата на зборот балкан е од крв и мед. Прва

асоцијација ни е страст и агресија. Овие особини, страст и

агресија, еднослојно се припишуваат како типични машки.

Како човек кој 15-тина години живееше во САД верувам

дека можете и од дистанца да направите споредба... Што

покрива маската на мажите на Балканот?

МЖ: Несигурност, страв. А тоа не е толку различно и од

другите земји, на пример САД, но многу поизразено е кај

нас, во земјите од Балканот. Некогаш тој страв е оправдан, а

некогаш е само страв да се каже некој збор како „извини“ или

„не знам“, а некогаш, пак, и сигурноста, или самодовербата,

е изразена до таков степен што исто така ги активира

шовинистичките особини на многу од мажите. Во исто време,

потребата да се знае сè и да бидеме вклучени во сè (jack of

all trades but master of none) прави да бараме засолниште

во таа маска. Исто така, потребно е да им овозможиме на

нашите деца/млади да се сомневаат во секој наш збор, а не

да ја употребуваме познатата фраза „е затоа што јас реков

така!“ Тој страв и несигурноста мора да се победи преку

дијалог, искреност и транспарентност. И треба да почнеме

од себеси: еве, на пример, јас немам никаков проблем

да му кажам на мојот син дека сум феминист – всушност,

сите мажи треба да бидеме феминисти, да се бориме за

еднаквост.

АЈ: Во светски и во локални рамки можеме да зборуваме за

родов јаз на пазарот на трудот. Мажи и жени на идентични

работни места, со исти професионални квалификации,

заработуваат различно?!

МЖ: Често и самите жртви на дискриминација стануваат

и причинителите на одреден (ако не и истиот) вид

дискриминација. Иако нашите закони даваат одредена

сигурност и се во согласност со европските директиви,

сепак недоволната имплементација, како и недостигот

од мониторинг, прават да бидеме земја каде што жените

се дискриминирани и во процесот на вработување,

унапредување и надградување. Нам, како фондација што

ги базира своите активности врз темелите на еднаквоста,

солидарноста и правичноста (т.е. социјалната демократија),

ни претставува задоволство што процесите во Република

Македонија почнуваат да се придвижуваат во позитивна

насока. На чело на Министерството за труд и социјална

политика е жена, Мила Царовска, која е феминистка,

социјална работничка и која во целиот процес на креирање

на новите концепти и стратегии за социјална и трудова

политика беше вклучена како важна соработничка на

Фондацијата „Фридрих Еберт“. Не се сомневаме дека

почнатите процеси ќе ја најдат својата завршница, а со тоа

и ние како општество ќе станеме и поправично и родово

еднакво.

115

во првата фиока знае да падне во втората и да се измешаат

некои работи, а сопственикот да не биде свесен за тоа или,

пак, да не знае како да ги преуреди сам. Всушност, таков е

и нашиот живот, се обидуваме сè да сортираме во различни

фиоки без притоа да направиме големо безредие и некој

е поуспешен или понеуспешен во тоа. Психологот ја има

улогата да помогне да се сортираат и да се уредат фиоките.

Бојана Стојменовиќ

„Мој

психолог“

Изминатиот месец беше месец на ментално здравје и сите

психолошки здруженија на јавноста ѝ ја испратија истата

порака. Не е доволен само еден ден за да се зголеми свеста

на јавноста, односно дека вниманието кон менталното

здравје на возрасните и децата треба да биде свртено

постојано и тоа редовно да се негува и да се одржува.

Поразителните статистики за депресијата и за анксиозноста

како најчести нарушувања се уште еден доказ дека буквално

кај секој човек може да се јави потребата од разговор со

стручно лице и стручна помош. Во рамките на националната

кампања „Мој психотерапевт“ беше истакната улогата

на психологот во одржување на менталното здравје на

секој поединец. На оваа тема поразговаравме со Бојана

Стојменовиќ, психолог, семеен и системски советник во

здружението за личен раст и развој и психоедукација „Мој

психолог“.

Каква е улогата на психологот во одржувањето на

менталното здравје на поединецот?

Секогаш преферирам да ја употребувам метафората кога

треба да објаснам некој посложен процес. Е, сега, замислете

дека имате голем и висок ред фиоки што достигнува до

таванот. Секоја фиока претставува по еден аспект од

нашиот живот, во првата нека биде семејството, во втората

работата, во третата љубовта, во четвртата пријателите, во

петтата нашите стравови, во шестата желбите и очекувањата

итн. Некоја од фиоките можеби е и заглавена, некоја, пак, и

не толку полна или, пак, е празна. Некогаш она што се наоѓа

Статистиките од Светската здравствена организација за

менталното здравје се поразителни. Кои нарушувања на

менталното здравје најчесто се сретнуваат во последниве

години?

Според статистиките на Светската здравствена

организација, а и со моето искуство преку приватната

практика можам да забележам дека постои пораст на

анксиозните растројства. Имам впечаток дека над нас како

да има некој темен облак и анксиозноста бдее над сите нас.

Можеби и брзиот начин на живот и навиките што ги налага

како да нè прави поподложни и реактивни на тоа. Колку и

да е поразителна таа статистика, сметам дека сè уште има

време да реагираме одговорно за нас и за нашето ментално

здравје. Психологијата како наука, едукативните семинари

и работилници и психотерапијата како алатка за помош

никогаш не ни биле поблиску до дофатот на раката.

Многу лица од јавниот живот во Македонија се приклучија

кон акцијата „И јас имам психотерапевт“. Дали кај нас се

разви свеста за користење на услугите на психотерапевт?

Психотерапијата отсекогаш давала умерена доза мистичност,

па токму поради тоа е и толку предизвикувачка. Свеста за

нејзината корисност отсекогаш постоела и сметам дека кај

нас не е толку стигматизирана колку што се претпоставува.

Луѓето навистина се заинтересирани да работат на своите

психички тешкотии, животни проблеми и на својот личен

раст и развој. Со акцијата „И јас имам психотерапевт“ би

рекла дека се разви одредена доза на љубопитност, во

смисла на тоа – каде и како психотерапијата може да ми

помогне мене. Секако, тука морам и да ги напомнам акциите

на „Комората на психолози“ на Република Македонија и

нивната национална кампања „Грижа за себе е грижа за

тебе“, што се случува овој месец и за која постои огромен

интерес. Во оваа кампања, психолозите организираа

работилници и предавања преку коишто се доближи нашата

дејност во состав со интересни теми.

Кои карактеристики треба да ги поседува еден

психотерапевт за да биде успешен во својата работа?

Главниот инструмент во психотерапевтската работа е

сопствената личност на терапевтот. Не мислам само на некои

аспекти од личноста туку и на целото себство во целина,

затоа што клиентот треба да се почувствува, да се доживее

и да се разбере. Професијата бара постојано усовршување

и многу работа на себе, а тоа подразбира голема љубов,

трпение и посветеност. Секако, терапевтот треба да работи

и во рамките што ги налагаат етичките норми, а воедно и да

успее преку својата емпатија да стекне доверба и близина

кај клиентот. Терапевтската работа, односно професија,

подразбира и долготраен процес и кај терапевтот, па

затоа тој треба да настојува постојано да ја негува својата

чувствителност, да го храни својот интелектуален апетит и

никогаш да не престане да биде љубопитен.

Се зборува за...

LANCÔME ДРУЖЕЊЕ СО

ИВАНА ЛИСАК

Кога станува збор за Lancôme, особено за претставување на

новитетите од овој бренд, се навикнавме тоа да биде преку

дружење со хрватската шминкерка, регионален мејкапартист

за Lancôme, Ивана Лисак. Пред крајот на минатиот

месец настанот се одржа во хотелот „Мериот“, декориран

во духот на естетиката на брендот. Козметичките новитети

беа достапни за фотографирање и за испробување, па многу

од гостите, сочинети од новинари и блогерки, ги тестираа

производите во текот на вечерта.

Вистинско љубопитство предизвика новиот Lancôme L’Absolu

Gloss, сјај за усни што е достапен во три варијанти:

мат, крем и проѕирен; потоа линијата Mr. Big, сочинета од

маскара, моливи за веѓи, туш за очи во форма на маркер и

мултифункционалните стикови Teint Idole Ultra, што можат

да се користат и за контурирање, но и како коректори.

Производи што дефинитивно мора да ги пробате оваа

сезона!

НОВА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ

WELLA И ORBICO

На средината на минатиот месец бевме дел од прославата по

повод почетокот на соработката помеѓу познатиот германски

бренд за нега на коса и бои, Wella, и Orbico, одговорни за

нивната дистрибуција.

Настанот го водеше водителот Мартин Трпчевски, а на

присутните новинари, претставници на фризерски салони и

блогери им се обрати и бренд-менаџерот и застапник на овој

бренд во Македонија, Лазе Пиштолов, кој накратко направи

осврт кон историјата и влијанието што ја има Wella во светски

рамки и ја најави понатамошната соработка со овој бренд.

Настанот понатаму продолжи со настап на диџеј, кој ја

забавуваше публиката.

УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА ГОДИНА ЗАД

ПРЕМИУМ АУТО ЗЕНТРУМ

Минатиот месец Премиум Ауто Зентрум организираше

настан за медиумите преку кој ги соопшти резултатите од

минатогодишното работење по првпат со променет концепт,

од импортер до самостоен мултибренд продажен центар за

нови и за користени автомобили.

Внесувајќи критериуми за користените автомобили (не

постари од три години, со ограничување во километражата,

во одлична состојба и со критериум на нивото на

опременост) се подигнаа стандардите при продажбата на

користени автомобили, особено еколошката прифатливост

и безбедноста. Ваквата практика, велат од Премиум Ауто

Зентрум, резултира со проверени и квалитетни автомобили,

а секако и со задоволни клиенти поради понудата што

подразбира врвни услови со пристапни цени.

Воедно, од Премиум Ауто Зентрум ги охрабруваат сите

фирми што се занимаваат со импортерски бизнис да ја

применат нивната форма на работа, со што понудата ќе се

кристализира со квалитет, а ќе се редуцираат автомобилите

со одамна изминат рок на траење, што само прават штета

на околината и на учесниците во сообраќајот. Тие сметаат

дека ваквата одговорност ќе придонесе за обновување на

возниот парк во Македонија.

117

АНА ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

КАДИФЕНОТО МЕЧЕ НЕ ЗНАЕ

ДА ПЛАЧЕ ЗА ЉУБОВ

НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ ТРЕБА СЕМЕЈСТВО!

Јас сум Ана. Имам три месеци. Го препознавам гласот на

мајка ми и многу сум среќна кога ме зема в раце.

Јас сум Петар. Имам седум месеци. Ми се допаѓа кога луѓето

сакаат да си играат со мене.

Јас сум Теа. Имам една година и штотуку научив да одам.

Се чувствувам сигурно кога тато ме држи за рака додека ги

правам моите први чекори кон светот.

Јас сум Бесим. Имам две години. Внимателно слушам и учам

кога мама секоја вечер пред спиење ми раскажува приказни.

Се топам од радост кога ќе ми се насмее и ќе ме гушне.

Јас сум Лука. Имам три години. Постојано поставувам

прашања, а на дедо никогаш не му е тешко да ми ги одговори.

Јас сум среќно дете.

Ова е мојата приказна. Ова е веројатно и вашата приказна.

Нашите приказни, драги мои, имаат среќен почеток и крај.

Но, не и приказните на сите деца...

Можете ли да го замислите денот на дете кое е лишено

од љубов, грижа и внимание? Можете ли да замислите

како изгледа подаденото мало раче на кое нема кој да му

одговори? Љубопитните очиња полни со солзи што нема кој

да ги утеши... Да, оваа колумна е посветена на тие дечиња,

на децата без родители. Знам, тешко е да се поверува, но

статистиката ни кажува дека во 2017 година сè уште повеќе

од 250 деца во Македонија живеат под институционална

грижа, во некои од домовите за деца без родители. Тешко е да

се пишува на оваа тема без хартијата да се натопи со солзи.

Просто човек не умее да задржи дистанца. Сепак, скромно ќе

се обидам да ја опишам нивната судбина со една единствена

цел – да го поттикнам секој еден од нас да ја сфати важноста

на овој сериозен проблем и нешто да преземеме...

Децата се новите патници на овој свет. Од најраните денови

знаат кога се сакани. За разлика од нас возрасните, тие не

ги потиснуваат чувствата за сметка на разумот. Нивните

пори се широко отворени да ја восприемаат безусловната

родителска љубов, а љубовта е најсилното оружје на овој

свет. За жал, многу дечиња се на маргините на човековите

права, немајќи услови да растат во семејна заедница, без

родителска грижа, сместени во институции низ кои раката на

системот е нивната помош. А знаеме дека системот, дури и

оној најдемократскиот и најслободниот често нема време за

љубов. Да поедноставам – дали воспитувачките во домовите

за деца без родители можат да им ја дадат љубовта што им

е потребна на сите мали ангелчиња? Дали имаат време да

одговорат на секој детски плач и на секое подадено раче

зад решетките на дрвените креветчиња? Одговорите се

јасни. Не е потребна преголема елаборација за тоа колку

вработени има во таквите институции, односно дали има

доволен број негувателки, педагози, психолози и социјални

работници, па потоа дали се доволно мотивирани, па дали...

Уф... боли уште на првата помисла. Не ми се калкулира со

нешто што треба да биде човеково право. Немам дилема

дека институционалната грижа или, конкретно, домовите

за деца без родители не се вистинското решение за

оставените дечиња, особено за оние што се на возраст од

0 до 3 години. Научниците го даваат одговорот – семејната

грижа е број еден за здравиот емоционален развој што

треба да биде основа на секој човек. Испитувањата за тоа

како влијае недостигот на лична интеракција врз мозокот на

детето, покажуваат дека кога на децата им недостига љубов

и поддршка подолг период, тие стануваат подложни на

118

Колумна

токсичен стрес што може да влијае на развојот на мозокот и

на психофизичкото здравје.

Истражувајќи за темава, за архитектурата на мозокот и за

детскиот развој, дознав дека човечкиот мозок всушност

е во изградба во текот на првите три години од животот.

Кога детето ќе наполни две години, неговиот мозок има ист

број синапси како и мозокот на возрасен човек. До третата

година, пак, има трилиони врски, што е двапати повеќе

отколку неговите родители или воспитувачи. До петтата

година детето формира мислење за тоа дали е сакано и

посакувано, паметно или глупаво, убаво или грдо и дали за

луѓето околу себе претставува радост или мака. Едноставно

е – децата учат со нежност и со љубов. Тие често разбираат

повеќе отколку што можат да покажат. И ако се вратиме

уште поназад, во најраната животна фаза, ќе откриеме дека

реагирањето на плачот на бебето и галењето му помагаат да

научи што е тоа доверба, што е една од првите и најважни

лекции во животот. А луѓето кои имаат доверба во други

луѓе креираат отворено, солидарно и хумано општество.

И само уште еден податок - децата во домовите на чиј

плач нема соодветен одговор, по некое време занемуваат.

Нивниот поглед станува стар и депресивен. Па, кога веќе

знаеме колку е важен тој ран период, тогаш зошто сè уште

во земјава имаме дечиња во институции?!

Секаде во светот постојат алтернативни модели на

згрижување или тоа би биле згрижувачки семејства и

згрижување во мал групен дом што брои не повеќе од

пет деца. Да, има и кај нас, но дури два такви дома,

во Берово и во Кавадарци, што е навистина премалку.

Згрижувачките семејства се исто така присутна форма на

вонинституционална грижа, што ја применуваат центрите

за социјална работа низ земјата повеќе од 30 години, но

се прашувам кои се реалните бројки на терен. Во улога

на згрижувачки семејства можат да се јават сите што

исполнуваат определени услови, пропишани со закон. И ако

побарате информации на темава од релевантните фактори

ќе добиете одговор дека во последните неколку години

развиена е мрежа на згрижувачки семејства во повеќе

општини: Прилеп, Македонски Брод, селото Манастирец,

Крива Паланка, Кочани и Крушево. На хуманите луѓе кои

ќе решат да згрижат дете без родители и родителска

грижа им следува паричен надоместок за трошоците што

изнесува околу 7.000 денари. Прецизната сума нека ја

пресметаат математичарите, оти овде зборуваме за други

мотиви – емпатија и желба да се помогне на малите, невини

суштества оставени на картата на судбината. Токму затоа,

оваа колумна е повик да се стори повеќе. Оваа колумна

е апел да се направи сè за да се исполни ветувањето на

меѓународните организации и државните институции дека

до 2020 година во Македонија веќе нема да има деца во

домовите за деца без родители кои се помали од три години.

Стимулацијата на нивниот развој да пораснат во добри,

воспитани, чесни, умни и образовани граѓани е задача на

секој свесен и одговорен човек да го направи овој свет

поправеден. Прашањето што треба да си го постави секој

од нас е – што можам несебично да сторам за некому да

овозможам детство со љубов? Доволно е само да се сетиме

дека бебињата плачат кога се одвоени од луѓето или од

предметите што ги сакаат. Концептот дека работите се

постојани сè уште не им е развиен. Затоа, на дечињата им е

потребно со љубов да се постават сигурни граници за да се

чувствуваат сигурно, како што на возрасните им е потребна

куќа со цврсти ѕидови и покрив за да се чувствуваат

заштитено.

За жал, и многу возрасни луѓе не се чувствуваат пријатно

кога се работи за физички допир. Многу од нив никогаш

не биле прегрнати, ни допрени. Емотивната празнина што

си ја носат од детството им е сопатник целиот живот. А, на

општеството не му е потребно да генерира нови тури на

луѓе без развиена емотивна интелигенција. И пресметките

покажуваат дека поскапо чини целиот систем на институции

и домови, со вработувања на воспитувачки, негувателки,

готвачи, шофери, директори... отколку алтернативните

модели за згрижување што овозможуваат директна

семејна љубов и грижа. Значи, да подигаме деца кои утре

ќе бидат личности со изградена самодоверба и раскошна

индивидуалност. Заклучокот би бил да не се загубиме само

во сенката на формалните политички заложби на системот

за социјална заштита, туку да ги наостриме нашите емотивни

капацитети и да се солидаризираме со проблемите на оние

на кои им е потребна наша помош. Емпатијата е успешна

кога не завршува само на хартија, во фиоките на државните

институции или во белешките на меѓународните проекти,

туку кога наоѓа вистинска имплементација во реалниот

живот, на патот меѓу политичко-правната рамка и срцето на

секој човек. Секое дете заслужува топол дом. На секое дете

му треба семејство!

Нова година се ближи, нашите деца ќе имаат многу подароци

под своите елки. Ќе ги прегрнуваме и ќе ги опсипуваме со

љубов. Ќе им купуваме играчки и ќе им раскажуваме бајки.

Ќе се смееме со нив и ќе се тркаламе во снегот... додека на

другиот крај на градот некој детски плач ќе моли за малку

љубов. Застанато зад замаглените прозорци (на Домот за

деца без родители), снегулките што ќе паѓаат од небото ќе

му бидат единствените нежни допири по неговите црвени

обравчиња. Ќе нема кој да ги избрише солзичките што ќе

се тркалаат по нежното лице. Малите устиња ќе се тресат

од плач, додека се надева дека некој ќе дојде да го бакне.

Стуткано во поткршеното дрвено креветче, ќе сонува за

поубав свет...

Ова не е приказна на едно дете. Ова е приказна на 250

деца низ земјава. Нивните новогодишни пакетчиња ќе

бидат скромни и наполнети со евтини чоколади. Некои

луѓе, најмногу политичарите, ќе продефилираат да им го

честитаат празникот пред телевизиските камери жедни

за сензации. Ќе дојдат можеби и некои други луѓе да им

донесат по некое кадифено мече. И сите до вечерта ќе си

заминат. Новата година ќе дојде, а дечињата ќе останат

сами со малото кадифено мече. Ќе го галат со нивните

мали рачиња и ќе се надеваат за малку љубов. Јас ќе ја

напишам оваа колумна инспирирана од нивната судбина и

болка и веројатно нема ништо повеќе да сторам. :( А вие?

Што ќе сторите вие? Можеби еден ден и ние возрасните

луѓе ќе пораснеме во вистински луѓе кои несебично ќе

помогнат, наместо само да сожалуваат. Ах... новата година

доаѓа, а мене секоја година ми текнува на девојчето со

кибритчињата. Се вика Ана, Леа, Теа, Бесим, Лука, Петар... и

живее во Домот за деца без родители што се наоѓа неколку

улици подолу од мојата куќа.

119

#PORTRETMAGAZIN

#FOOD

#RAIN

@victory_z

@venko.parkuera

@irena_m

@sdaleks

@_danielle_mkd_

@iamkirov666

120

LOVES

INSTAGRAM

#COFFEE

#PORTRETMAGAZIN

@stojanovska.monika

@simonamitrova

@marija_popovska_

@davidjashari

@ivanakazanovska

@anatanevska

121

STREET

STYLE

ИМАТЕ СУПЕР СТИЛ И САКАТЕ ДА НИ ГОСТУВАТЕ ВО РУБРИКАТА STREET STYLE?

ФОТОГРАФИРАЈТЕ СЕ И ТАГИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ФОТКИ СО ХАШТАГОТ #PORTRETSTREETSTYLE.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Анастасија Данчевска

Сандра Камилоска

Димитар Бабков

Јована Васевска

Иван Ангелковски

Бранко Вељановски

122

123

124

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!