19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ

НЕМА СЕРИОЗНИ И

НЕСЕРИОЗНИ ТЕМИ,

ИМА СЕРИОЗНО

И НЕСЕРИОЗНО

НОВИНАРСТВО

Пишува: Тања Тодоровска Малакјан

Фотографија: Жарко Чулиќ

Новинарот Горан Михајловски веќе дваесет и седум години активно ја гради својата кариера, почнувајќи во дневниот весник

„Вечер“, потоа во „Вест“, а денес на интернет-страницата што го носи името на неговата трејдмарк колумна, „Сакам да кажам“.

Поразговаравме за неговата транзиција од печатените медиуми во дигиталниот свет, како и за сѐ почестото сензационализирање

и вулгаризирање во медиумите, што честопати го доведува во прашање квалитетот на новинарството денес. Сепак, тој верува

дека квалитетното новинарство повторно ќе превладее и за него секогаш ќе има читателска публика.

Горан, вие сте дипломиран новинар, кој од почетокот

својата кариера ја гради во медиумите. Дали

занимавањето со новинарство кај вас е остварување на

желба од детството – кога другите сакале да бидат лекари,

актери, пилоти и слично, вие сакавте да бидете новинар?

Па, во суштина, не знаев отсекогаш дека ќе бидам новинар,

повеќе знаев дека не сакам да имам фиксно работно време

и фиксно работно место. Не сакав да работам на некое

затворено место, да бидам во канцеларија од толку до толку

часот, да морам да се пријавувам, туку сакав сам да си го

организирам времето. Сѐ од ова се погоди во новинарството,

каде што мислам дека добро се снајдов и потоа едноставно

решив да не го менувам. Како детски сон, сакав да бидам

пилот, но тоа беше невозможно, бидејќи школите не беа во

Скопје, туку во Вршац, а секако кога одбирав професија

сакав таа да нуди можност за многу патувања, па можеби

затоа и ја избрав оваа професија, не првенствено поради

тоа, но ете, се поклопија работите.

А зошто се одлучивте токму за печатените медиуми, а не и

телевизија или радио, на пример?

Пробав сѐ. Новинар сум уште по завршување на средното

училиште, од 18 години, во време кога по средното училиште

се одеше во војска – дури и таму бев новинар во еден

војнички весник. Потоа, за време на студирањето, почнав

да работам во „Студентски збор“, а хонорарно работев и за

„Младост“, магазин на сојузната социјалистичка младина на

Југославија, што излегуваше во Белград. Во меѓувреме, како

студент се пробав и во телевизиското новинарство, заедно

со неколку колеги од факултет правевме емисија за млади

што беше малку полиберална од она што се очекуваше

тогаш за телевизија Скопје. Меѓутоа, не се пронајдов во

телевизијата, а во радио сум имал некакво искуство како

мал, бидејќи бев член на детска радиодрама, но не ми е

радиофоничен гласот за на радио, па едноставно секогаш

се чувствувам посигурно кога е нешто напишано.

30

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!