19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

во спротивен случај – ќе бидете казнета. На кој начин?

Веројатно со тоа што ќе ве нарекуваат „машко петле“,

„распуштеница“, „стара мома“, „промискуитетна жена“ и

многу слични називи со кои се стигматизира жената во

нашето општество. Впрочем, првите лекции за тоа што е

ВИСТИНСКА ДАМА ги добиваме токму од нашите мајки.

Затоа, сметам дека денешните мајки и татковци треба

да им остават на девојчињата да си ја пронајдат својата

оригиналност и автентичниот израз. Единствениот совет што

на едно девојче можеме да му го дадеме е дека треба да го

следи својот внатрешен глас. Длабоко верувам дека душата

на човекот нема пол, па затоа не смееме да дозволиме

нашата душа да биде затвореник на полот. Од друга страна,

да сте под постојан притисок дека треба да бидете супер

маж е исто така тешко како и да се бара од вас да личите на

барбика и да сте кротка како бубачка.

АЈ: Медиумската репрезентација на жената најчесто е по

формулата – убави за око, лесни за употреба! Изградена

е цела индустрија за прикажување на женското тело –

синтеза од видеоестетиката во музичката индустрија, шоубизнисот,

модната и рекламната индустрија. Сексизам

во свилени ракавици би рекла. Какви рол-модели им се

сервираат на младите девојчиња преку медиумите?

БН: Во моментов можам да ви набројам безброј реклами

и музички видеа каде што девојчињата и жените се

предмет на нема презентација на секси месо. Ова особено

беше присутно и во периодот кога јас бев тинејџерка во

деведесеттите. Единствената порака што допира до вас

како жена е дека морате да бидете: слаба, висока, да

имате гради, полни усти, да не зборувате премногу и да сте

особено мила. Мислам дека во моментов Холивуд и светската

медиумска сцена се обидуваат да се спротивстават на

мизогинијата и сето ова веројатно ќе влијае на оваа, но и на

следните генерации девојчиња. Денес, хероината на Хари

Потер, Ема Вотсон, јавно се декларира како феминистка,

додека, пак, Бијонсе веќе издаде албум што имаше јасни

феминистички пораки. По скандалот со Харви Вајнстајн,

голем број актерки јавно проговорија против сексизмот и

сексуалното вознемирување во Холивуд. Да бидам искрена,

многу се радувам на ова.

АЈ: Што е за вас сексуална слобода?

БН: Сексуалната слобода на жената сѐ уште е табу-тема.

Сексуалната слобода е предуслов за слободен живот.

Сѐ додека жените и мажите немаат сексуална слобода

на еднакви основи – нееднаквоста ќе постои. Од најмала

возраст, женските деца се ставаат во една матрица во која

девојчето прима јасни пораки дека сексуалноста е еднаква

на срам. Честопати ја слушам ќерка ми и нејзините другарки

како шепотат кога зборуваат за менструалниот циклус или

за физичкиот развој. Уште од најмали нозе знаат дека таму

некаде, во сферата на сексуалноста, жената нема право

на избор. Дури и денес се сеќавам на моите лекции за тоа

што треба да претставува вистинска жена: „Не му се јавувај

прва“, „Не го бакнувај на првиот состанок“, „Пробај да не

изгледаш многу заинтересирано за него, мажите сакаат да

освојуваат“, „Не го прашувај многу за да не го изнервираш,

мажите сакаат да ги слушаш“, „Немој да го облекуваш

ова...“ и следуваат уште безброј немој, немој, немој. Како е

возможно по толку дисциплинирања и ограничувања една

жена да направи слободни избори во животот?

АЈ: Законот за работни односи предвидува можност и

татковците да користат родителско отсуство, но Фондот

за здравство во 2016 година регистрирал само 54 татковци

кои го искористиле тоа право. Скандинавските земји, пак,

имаат модел на задолжително (споделено) родителско

отсуство помеѓу родителите. Далеку сме од ова, но

вреди да се бориме. Каков ви е ставот за т.н. „пеленска

револуција“, која собираше потписи за измена на Законот

со продолжување на породилното отсуство на мајките на

временска рамка од 18 месеци?

БН: Категорична сум дека на Македонија не ѝ требаат 18

месеци породилно отсуство за мајките, туку, напротив,

потребни се современи мерки што ќе ја вклучат мајката

активно на пазарот на трудот. Воедно, треба да се понудат и

мерки што активно ќе го вклучат таткото во чувањето и грижата

на децата. Со зголемување на породилното (родителското)

отсуство само ќе ја зголемиме резервираноста на

работодавците да ангажираат работнички за време на

нивниот репродуктивен период. Неслучајно, Европската

унија ја редефинираше директивата за постигнување

баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот и

побара активно вклучување на мажите во сферата на домот

и чувањето на децата. Се прашувам, како е можно никој да

не зборува за постпородилната депресија и враќањето на

мајките на најефикасен начин на пазарот на трудот, а се

крева толку голема прашина околу нешто што уште повеќе

ќе ја „врзе“ жената за домот и дополнително ќе ја исклучи

од општествениот сообраќај. На Македонија ѝ требаат

револуции, но не „пеленски“, какви што водеа нашите баби

уште во минатиот век.

АЈ: Што е главен фокус на актуелната глобална кампања на

Обединетите нации, „16 дена активизам“, што почна на 24

ноември и трае до 10 декември?

БН: Кампањата „16 дена активизам“ ни дава можност да

ги освестиме луѓето за шокантната стапка на насилство

врз жените, да ги прекинеме молкот и стигмата што често

ги опкружуваат силувањето и семејното насилство и да

предложиме начини за борба против насилството. Ова е

приоритет за ОН цела година, но во текот на овие 16 дена,

организираме голем број активности – како обојување на

парламентот во портокалово, за да ја мобилизираме јавноста

и креаторите на политиките. Оваа година фокусот ќе биде

токму врз итната потреба да се ратификува и да се спроведе

„Истанбулската конвенција“ (Конвенцијата на Советот на

Европа за спречување и борба против насилството врз

жените и семејното насилство), што земјата ја потпиша во

2011 година.

АЈ: За жал, секоја петта жена во Македонија е жртва на

физичко насилство, а секоја десетта е жртва на сексуално

насилство. Само 23 проценти од жртвите побарале помош,

додека 55 отсто се одлучиле да премолчат. Родово

базирано насилство е сериозен проблем. Што велат

глобалните статистики?

БН: Глобалните податоци на Агенцијата на ООН за борба

против дрогата и организираниот криминал за 2012 година

86

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!