Некои луѓе се раѓаат предодредени за успех, други постигнуваат, а трети најмуваат експерти за односи со јавност... ПР-от е сериозна вештина, можеш да го набубаш од книги, но доколку го немаш талентот за комуникациски менаџмент, сè е залудно. На моето пишување најмногу влијание имаше... Историјата на уметноста. Филозофскиот поглед кон светот. Музиката. Социјалното опкружување. Филмот. Вајлд, Кундера, Чехов... Мојата наобразба како новинарка. Домашното воспитување. Сугестиите и искрените критики. Кога сум тажна најчесто... Молчам. Потонувам под покривка, ја спуштам ролетната и ги затворам очите. Така посветло се соочувам со причините што ме прават тажна. Вешта сум во реставрирањето на мојата надворешност, па така, кога ќе исчекорам надвор, околината не секогаш може да забележи кога ми крвави срцето. ИВАНА ТАСЕВ НИЗ ГОДИНИTE НАУЧИВ… Фотографија: Жарко Чулиќ За успешно интервју потребно е... Напластено знаење, вештина и континуирано доусовршување. Познавање на новинарските жанрови. Етика. Комуникациски способности. Градење доверба меѓу новинарот и соговорникот. „Надвор од линијата“ е... Заокружен 15-децениски посветен новинарски влог во неделникот „Теа Модерна“. Книга – разговори што отскокнуваат од линијата на интервју. Слика на едно време. Своевиден уметнички тестамент. Доказ за плодна и потентна сцена. Подземна желба да се воспева убавината. Достоен стремеж кон светли нешта. Поглед навнатре. Манифест за македонска пролет. За храброста да се зачекори надвор од линијата. Новинарството е акт на верба во иднината... Можеби, во некои посветли времиња. Денес, новинарството во земјава е фрлено на колена. Сосема понижено. Насилно погребано од алчните и дрчните. Чест на ретките одблесоци, но неколку ластовици не ја прават пролетта. Движечкиот мотор во секоја редакција e... Добро обучениот новинарски тим. А не луѓе кои имаат само желба да бидат новинари. Уредник-визионер, со талент и умешност да го стимулира нивниот креативизам, витез кој стои како штит пред својот тим. Уметноста ја мие душата од секојдневната прашина... Критериумите за тоа што е уметност се многу субјективни. Но, добрата и честа уметност за оние што имаат знаење да ја препознаат, не те тера да избегаш од реалноста и да замижиш, напротив, те соочува, отвора дилеми и теми за полемика. Никогаш не можам да премолчам... Кога оние што ги љубиш од дното на своето битие, гледаш како се потценуваат себеси, правејќи непримерни избори. Ивана на почетокот на кариерата и Ивана денес... Уплашен оптимист и тивок борец. Моето искуство е калеидоскопски спектар од бои. Мојот идеален викенд... Понекогаш имам визуализации за интимен викенд во Маврово, понекогаш тоа се пастелни слики од Тоскана, но најчесто идеалниот реален викенд е кога во прегратка ќе ми влезе мојата внука. И кога ќе ми шепне: „Ти, тета, не си обична тета, ти си кралица на тетките“. Филмски лик што е најблиску до вистинската јас е... Можеби ликот на Шенон во „Far and Away“ на Рон Хауард. На прв поглед разгалена, самобендисана и арогантна, во суштината добро одгледувана и воспитана девојка, страсна и импулсивна, која храбро им пркоси на предизвиците. За мој најголем професионален успех го сметам... Се обидувам темелно да качувам вертикали и постојано да се преиспитувам, не сакам гласна себепромоција, особено не по социјалните мрежи, наспроти полуписмените, кои врескаат на сериозни партитури и наидуваат на потсмев кај органските интелектуалци. Секоја жена со јасна визија и став е... Полнокрвна жена-змеј. Со деликатен вкус и емотивна интелигенција. Пребирлива. 24
<strong>25</strong>