19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

велат дека од 93.000 убиства на жени регистрирани во

тој период, дури 46.600 се жени кои животот го изгубиле

од нивните интимни партнери. Тогаш, заклучувате дека

жените се најнебезбедни токму онаму каде што треба да

се чувствуваат најсигурно – а тоа е домот. Погледнете ги

најголемите трагедии што се случија во САД во последнава

година. Масакрот во Сан Бернандино, трагедијата во Лас

Вегас и скорешното масовно пукање во Тексас. Во сите

три случаи сторителите се регистрирани насилници на

семејно насилство. Затоа, честопати се чудам на нашите

медиуми кога известуваат за убиство врз жена, велејќи:

„Сторителот беше кроток и мирен човек, почитуван од

средината“. Невозможно е некој да врши терор во домот,

врз жената, врз децата, врз послабите, а надвор да биде

мирен и чесен сосед или колега. Честопати слушам и од

жени како велат: „Сама си го барала, ако не ѝ одговара,

зошто го трпи!“ Насилството врз жената е затворен круг, во

него може да се најде секоја од нас и тешко е да се излезе.

Како клучна мерка за превенција и заштита на жртвите од

сексуално насилство во рамките на еден од проектите на

канцеларијата на УНДП со поддршка на Министерството за

здравство, ќе се воспостават центри за жртви на сексуално

насилство во трите гинеколошки клиники, во Скопје, Тетово

и Куманово. Целта на овие пилот-центри е да се заштитат

жртвите од ревиктимизрањето и целата процедура на

заштита на жртвата и пријавата против насилникот да се

направат на едно место. Македонија ќе биде првата земја во

регионот што ќе има вакви центри.

АЈ: Би сакала разговорот да го завршиме со позитивна

порака, па кои рол-модели ве инспирираа да се изградите

во жената која сте денес – под најширока капа – борец за

правда и човекови права?

БН: Ме воодушеви она што еднаш Медлин Олбрајт го кажа

за женската солидарност „за жена која нема да ѝ помогне

на жена во неволја – сигурна сум дека ѝ е обезбедено

посебно место во пеколот“. Верувам дека женската

солидарност е посебна и создава чуда. Сите мои приватни и

професионални успеси беа поддржани од силни жени кои

беа мои „рол-модели“. Едноставно, се случуваше низ моето

животно патување да среќавам жени кои ме поддржуваа.

Тоа беа моите другарки, мајка ми, мојата сестра, ќерка ми,

колешките и соработничките. На крајот, ја имав среќата да

ме расте татко-феминист, кој од првиот момент на моето

растење застануваше против стереотипите и ми велеше

дека морам да ја следам индивидуалноста и дека само тоа

е вредност. Така што, сметам дека феминизмот е и машка

работа исто колку што е женска.

АЈ: За крај, што им дава портокалова боја на вашите

денови?

БН: Портокаловата боја ја гледам насекаде и секојдневно

ја има во мојата ќеркичка кога им се спротивставува на

стереотипите. Ја има и во веста дека имаме жена-пилотка

вo редовите на македонската армија или кога ќе видите

40% квота за жените-политичарки. Ме прави среќна мојот

велосипед и моето приватно време што го поминувам во

пижами. (се смее)

87

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!