19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ѝ објави војна на американската индустрија за кукли и ја

забрани продажбата на популарната барбика. Властите

ги затворија сите продавници што ја имаа изложено оваа

кукла на полиците. Иранската „морална полиција“ ги

советуваше сопствениците на продавници да се воздржат

од продажба на барбиките. Во 2003 година истото го стори

и Саудиска Арабија, која ја прогласи куклата за закана

за исламот поради скудната облека. Жената меѓу барбикултурата

и муслиманската бурка? Избор или принуда?

МЖ: Со чекорењето на модната писта од страна на Мерсиха

(со шамијата како основен дел од нејзината облека) речиси

сите се почувствувавме дека фрламе ракавица на сето

она што нè спречува во нашите намери на создавање на

инклузивно општество. Многумина ја знаат Мерсиха како

неуморна борка за човекови права, како феминистка, како

жена која беше една од најважните личности во процесот на

подобрување на условите за живот во транзитните кампови

во Гевгелија и Табановце. Зошто да не ја знаат и како лице

кое чекорело на модна ревија, презентирајќи креација

на ALSHAR со гордо крената глава во хиџаб? Зошто треба

шамијата да биде оставена само за просторот каде што нема

камери, јавни настапи, конференции? Впрочем, Мерсиха

го носи хиџабот по сопствен избор и тоа е нејзиното

секојдневие – е тоа секојдневие сакаме да го прославиме.

Секако, ако бурката, хиџабот или никабот се наметнати и се

ставаат под принуда, тогаш сите ние треба да се вклучиме во

елиминирање на таквиот начин на „секојдневие“.

АЈ: Според вас, каде почнуваат границите на пуританството,

а каде завршуваат границите на сексуалната слобода?

МЖ: Ќе се повикам на дел од мојата политичката мисла/

наука, иако сè околу нас е политика, нели? За време

на првиот мандат на првиот претседател на САД, кој

е Афроамериканец, Барак Обама, еден од неговите

професори од Харвард, Роберто Унгер, кажал: „Обама мора

да биде поразен“. Иако многумина сметале дека ученикот на

Унгер е исто толку прогресивен колку и неговиот професор,

сепак Унгер увидел дека неговиот ученик се обидува на

матен и нејасен начин да протурка низа закони и политики

што немаат врска со прогресивноста и социјалната правда.

Истото се случува и со пуританството и со сексуалната

слобода, барем кај нас. Конзервативноста е прифатенa, а

во исто време на матен начин се затскриваат принципите

на сексуалната слобода, што внатре во себеси потајно ја

посакува секој(а) во нашето општество. Границите постојат

во самите нас, во нашите глави. Секој има право на избор –

сè додека тоа не е поради некаква принуда.

АЈ: Холивуд и Боливуд градат митови за маженственост

со коишто се идентификуваат некои момчиња, а се

пакува како „мачо-маж“ – љубовник, номад, ловец, демек

брутален, а нежен или, пак, суперхеројот, кој со мускули и

физичка сила ќе го спаси светот. Што правиме со ваквите

стереотипни сценарија што ни се пресликуваат низ

македонските маала?

МЖ: Стереотипите треба да ги кршиме, почнувајќи од

поимите како „домаќин/домаќинка“, каде што да се нарече

некоја жена „домаќинка“ значи дека или нема работа или

„само“ ги извршува домашните работи – а ако се нарече

некој маж „домаќин“, е тогаш тој е домаќин-човек, вреден,

чесен и знае како да штеди. Еднаквоста во општеството

и во сите нас е тоа што е привлечно, секси. Не залудно

скандинавските земји секоја година се вбројуваат во топ

пет земји каде што се живее најдобро – една од причините

е и родовата еднаквост. Тоа се митовите што треба да ги

градиме и тука, а не тие на маженственост или мачо-маж. За

тие што ќе речат дека Балканот е далеку од Скандинавија

да ги потсетам дека пред стотина години земјите како

Норвешка и Шведска претставувале апсолутен пекол за

живеење на жените во тие општества, а видете каде се сега.

АЈ: Еден наш познат драматург, Горан Стефановски, вели:

„Да не постоеше Балканот, ќе требаше да го измислат“.

Етимологијата на зборот балкан е од крв и мед. Прва

асоцијација ни е страст и агресија. Овие особини, страст и

агресија, еднослојно се припишуваат како типични машки.

Како човек кој 15-тина години живееше во САД верувам

дека можете и од дистанца да направите споредба... Што

покрива маската на мажите на Балканот?

МЖ: Несигурност, страв. А тоа не е толку различно и од

другите земји, на пример САД, но многу поизразено е кај

нас, во земјите од Балканот. Некогаш тој страв е оправдан, а

некогаш е само страв да се каже некој збор како „извини“ или

„не знам“, а некогаш, пак, и сигурноста, или самодовербата,

е изразена до таков степен што исто така ги активира

шовинистичките особини на многу од мажите. Во исто време,

потребата да се знае сè и да бидеме вклучени во сè (jack of

all trades but master of none) прави да бараме засолниште

во таа маска. Исто така, потребно е да им овозможиме на

нашите деца/млади да се сомневаат во секој наш збор, а не

да ја употребуваме познатата фраза „е затоа што јас реков

така!“ Тој страв и несигурноста мора да се победи преку

дијалог, искреност и транспарентност. И треба да почнеме

од себеси: еве, на пример, јас немам никаков проблем

да му кажам на мојот син дека сум феминист – всушност,

сите мажи треба да бидеме феминисти, да се бориме за

еднаквост.

АЈ: Во светски и во локални рамки можеме да зборуваме за

родов јаз на пазарот на трудот. Мажи и жени на идентични

работни места, со исти професионални квалификации,

заработуваат различно?!

МЖ: Често и самите жртви на дискриминација стануваат

и причинителите на одреден (ако не и истиот) вид

дискриминација. Иако нашите закони даваат одредена

сигурност и се во согласност со европските директиви,

сепак недоволната имплементација, како и недостигот

од мониторинг, прават да бидеме земја каде што жените

се дискриминирани и во процесот на вработување,

унапредување и надградување. Нам, како фондација што

ги базира своите активности врз темелите на еднаквоста,

солидарноста и правичноста (т.е. социјалната демократија),

ни претставува задоволство што процесите во Република

Македонија почнуваат да се придвижуваат во позитивна

насока. На чело на Министерството за труд и социјална

политика е жена, Мила Царовска, која е феминистка,

социјална работничка и која во целиот процес на креирање

на новите концепти и стратегии за социјална и трудова

политика беше вклучена како важна соработничка на

Фондацијата „Фридрих Еберт“. Не се сомневаме дека

почнатите процеси ќе ја најдат својата завршница, а со тоа

и ние како општество ќе станеме и поправично и родово

еднакво.

115

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!