19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Мисли здрави мисли

во соочувањето со и надминувањето на несигурноста и

стравот. Воедно, играчките посредуваат во психофизичкиот

развој на детето. Детето преку нив учи и стекнува нови

искуства, ги запознава својствата на предметите, ги вежба

сетилата и ги развива способностите.

Сепак, за да играчката го

постигне посакуваниот ефект,

таа треба да биде прилагодена

на возраста на детето. Ова е

така, од причина што секоја

возраст има свои развојни

специфики, кои поставуваат

различни барања од играчките

и од средствата кои се користат

во детските активности. Освен

тоа, секое дете е посебно на

свој начин, има индивидуални

претпочитања, потреби и

способности. Сето наведено

значително го определува

и насочува изборот на

материјалите и средствата,

а со тоа и на играчките, со

кои детето ќе се ангажира во

играта. Со анализа на играчките

со кои децата играат, може

да се изведат низа заклучоци

кои се однесуваат, на пример,

на културата од која децата

потекнуваат, нивниот социоекономски

статус, класната

припадност и слично. Уште поважно, може да се определи

степенот на сознаен, емоционален и социјален развој кој

детето го има достигнато.

Тргнувајќи од погоре објаснетата улога и важност на

играчките за развојот на детето, треба да се посвети

мошне големо внимание при изборот на играчките кои

му се нудат на детето. Постојат повеќе критериуми врз

основа на кои се прави изборот на најсоодветната играчка.

Првиот е возраста на детето – нешто за што претходно

веќе стана збор. Играчката која е наменета за возраст која

е значително над или под актуелната возраст на детето,

нема да го поттикнува развојот, па самото дете нема да

знае како да ја користи, односно нема да биде мотивирано

да ја користи (во случај кога развојно веќе ги усвоило и

надминало можностите што конкретната играчка му/ѝ ги

нуди, или пак сѐ уште нема развиено ментални капацитети

за да може да ја разбере нејзината функција и начин на

употреба). Втор важен критериум е дали играчката се

користи за индивидуална или за групна игра. Во услови

кога детето нема избор, освен да игра само, нема да има

голема корист од играчки наменети за групни игри. Трет

критериум е начинот на играње и можностите за играње што

играчката ги нуди. Гледано од развоен аспект, секогаш е

подобро да се изберат оние играчки со кои детето може да

игра на повеќе различни начини. Ваквите играчки, најчесто,

едновремено стимулираат развојни промени во повеќе

домени (перцептивно-моторниот, афективниот, сознајниот,

експресивниот итн.). Уште еден значаен критериум за избор

на играчките е здравствено-хигиенскиот. Тука се мисли на

безбедноста на играчката (и од аспект на материјалите од

кои е изработена и од аспект

на големината - ова е посебно

важно за доенчињата, кои во

одреден период од својот развој

светот го запознаваат преку

устата, обидувајќи се играчките

и предметите што се околу нив

да ги вкусат) и на можноста таа

редовно и темелно да се чисти.

При изборот на играчките не

помалку значајна е и проценката

на домените од личноста

на детето кои играчката ги

развива и какви воспитни

цели со нејзината употреба се

постигнуваат. Некои играчки

со својата намена, имплицитно

поттикнуваат агресивни

тенденции кај децата, ја

насочуваат нивната имагинација

кон креирање насилни сценарија

што изобилуваат со борби,

доминација на посилниот,

победници и поразени, физичка

надмоќ, замислено елиминирање

на противникот и слично. Поради тоа, треба добро да се

размисли пред тие да му се понудат на детето. Изгледот на

играчката, начинот на кој е изработена, нејзината форма,

големина, боја и композиција влијаат врз тоа дали и колку

детето ќе ја користи во играта. Тоа ја определува нејзината

естетска вредност. Сепак, некогаш најубавите играчки од

естетски аспект, нудат малку можности за развој. Играчките

треба да бидат светли и јасни, со живи бои, но да не ги

„бомбардираат“ сетилата на детето. Ова е така, од причина

што бојата влијае врз психата на детето. Со други зборови,

предност треба да им се дава на основните и светлите бои,

посебно кога се работи за играчки за доенчиња, бидејќи

детето во развојот прво ги усвојува и распознава токму

овие бои. Оттука, за доенчињата попрепорачливо е да се

употребуваат играчки каде се поврзани формата, бојата и

функцијата. Играчките за деца на предучилишна возраст,

пак, треба да содржат богати градации и варијации на боите

и да му овозможат на детето да восприема различни форми

и големини. Последен, но не помалку важен, е и економскиот

аспект при изборот на играчките. Во таа смисла, пред сѐ

треба да се води сметка за квалитетот, односно за тоа колку

играчката го стимулира развојот на детето и ги задоволува

погоре наведените критериуми. Некогаш обични дрвца и

камчиња собрани од природата му нудат многу повеќе на

развојот, отколку најскапата играчка.

Доколку имате прашања и теми од развојната психологија за кои сакате да читате во некои од следните

броеви, пишете ни на contact@portretmag.com

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!