19.02.2018 Views

Portret Magazine No 25

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

АЈ: Феминизмот не е жени со мустаќи кои не можат

да си најдат љубовник, туку политичка идеологија за

рамноправен свет. Позната е онаа феминистичка изрека:

„Жена не се раѓа, жена се станува“. Сте се нашле ли некогаш

во ситуација да се правдате за своите феминистички

позиции?

БН: Честопати сум предизвикана затоа што јавно

се декларирам како феминистка, но никогаш не се

правдам, туку, напротив, се гордеам. Ги потсетувам оние

„тврдокорните“ дека феминизмот е борба за еднаквост

на родовите во политичка, економска и социјална сфера

и толку! Тука не гледам некоја посебна филозофија.

Феминист(к)ите се борци за човекови права, а женските

права се човекови права. Мојот совет е дека феминистките

никако не смеат да ги остават своите метли зад вратата

(се смее). Мораме да останеме будни, бидејќи сведочиме

дека и во поновата историја, во услови на зајакнување на

конзервативизмот, женските права се први на удар.

АЈ: Конзервативната, патријархална општествена решетка

им прави притисок и на самите мажи. Од мажите се очекува

да бидат крути во изразувањето на своите емоции и

слабости, оправдано е ако манифестираат промискуитетно

однесување, пожелно е да бидат Казанова и да ја имаат

контролата и моќта во свои раце. Како контрапункт на

ова, од жените се очекува да бидат трпеливи, пасивни и

субмисивни – барбики во розова боја. Дали на своја кожа

сте почувствувале родова дискриминација, шовинизам или,

пак, мизогинија?

БН: Не познавам девојка или жена која не почувствувала

дискриминација, шовинизам и женомрзие. Од мали нозе

се поставуваат правилата на игра. Секој што ќе излезе од

шаблонот ризикува да биде морално осуден од околината.

Едноставно, не смеете да бидете различен. Имам можност

да ја набљудувам ќерка ми, која има 12 години, и често

сум во шок кога ќе констатира дека за неа како девојче не

е пристојно да игра фудбал. Се прашувам, кој ја научил?

Сигурно тоа не сум била јас. Дискриминацијата ја сведочиме

постојано, во однос на вработувањата и пристапот на

пазарот на трудот, начинот на којшто врз жената се гледа

во моментот кога ќе влезе во политиката, пристапот до

слободен абортус, кој e ограничен, и низа други случаи. Јас

сум убедена дека она што ѝ се случува на македонската жена

во јавната сфера ѝ се случува и дома, а тоа е – комплетна

традиционална улога на мајка, пред сѐ, па сопруга, а потоа

сѐ друго. Постои една добро позната максима: „Погледни

го начинот на кој општеството ја третира жената и веднаш

ќе знаеш за какво општество се работи“. Инаку, јас лично

имам доживеано сексуално вознемирување на работно

место на почетокот на мојата кариера, но се сеќавам дека

ми беше дури срам да прозборам, а камоли да иницирам

некаква постапка за разрешување на таа ситуација. Поради

општествено наметнатите стереотипи, дури и самата почнав

да се сомневам дека можеби јас сум го предизвикала таквото

вознемирување. Но, насилниците треба да знаат дека нема

да бидат толерирани.

АЈ: Дали се чувствувате „прееманципирана“? Овој термин

е пример како една радио кампања може да ги зацврсти

родовите стереотипи во општеството. Хуморот е добар кога

е деконструкција, но во случајов се работеше за неумесна

кампања низ етерот во Скопје. Што е опасноста од ваквите

медиумски пораки?

БН: Не, не се чувствувам прееманципирана. (се смее) Се

чувствувам еднаква со мажите и имам право на еднакви

можности и тука не правам компромис! Голем број жени

од Македонија се приклучија на виралната кампања

#ијассумпрееманципиранакучка. Солидарноста што ја

покажаа овие жени беше фантастичнa. Медиумите често

знаат дополнително да го зајакнат постоењето на „мачокултурата“

во едно општество. Треба да бидеме свесни дека

комерцијалните реклами во кои жената е портретирана како

субмисивен субјект во машко-женските односи, но и во оние

со целосна сексуализација на жената, се штетни, особено за

младата популација. Еден од најфлагрантните примери за

родовото слепило на медиумите е начинот на известување

за фемициди или убиствата на жени од нивните интимни

партнери. Во речиси сите случаи постои романтизирање на

убиствата од страна на медиумите. На пример – „убиство од

страст“, „љубовна драма“, „македонските Ромео и Јулија“

итн. Кај насилството врз жена нема ништо романтично и

чинот на убиство е само крајниот резултат на нејзиното

страдање. Според Националната мрежа против насилство

врз жени и семејно насилство во периодот од 2013 до

2016 година во Македонија се регистрирани 15 фемициди,

односно намерни убиства на жени само затоа што се жени.

Крајно време е македонските медиуми да застанат на

страната на жените, впрочем, „Пирели“ и „Плејбој“ веќе се

историја во современиот свет.

АЈ: Самохрана мајка сте, па борбата за баланс меѓу

кариерата и родителството сигурно ви е интензивна. Што сè

се крши врз грбот на една мајка која сака да биде успешна

и професионално реализирана жена?

БН: Ќе кажам само дека беше тешко, но, во исто време,

и едно исклучително патување за мене како женафеминистка.

Непосредно по разводот се чудев како ќе

изградам „вистинско семејство“ според рецептите на баба

ми, мајка ми, општеството и слично. Целиот живот како

девојче и жена на Балканот ве „учат“ дека семејството е

составено од маж, жена и деца. Во тој момент, бевме само

јас и Ева. Всушност, оваа состојба беше моето и нејзиното

најголемо ослободување.

АЈ: Сè додека има избор, има слобода! Но, честопати

се прашувам колку ли жени низ историјата мечтаеле за

професија и кариера, додека со едната рака мешале

запршка над шпоретот, а со крајот од окото ѕиркале

низ прозорецот кон своите соништа. Традиционалнопатријархалниот

матрикс не е воопшто наивен и не се

репродуцира само низ машкиот шовинизам, ами и низ

генерации на мајки, баби и свекрви кои ги наметнуваат и ги

оправдуваат нормите за „женска работа“. Коментар?

БН: Најголемата колепка на патријархатот е жената. И во

мојата приказна патријархатот спиеше во прегратките на

баба ми, тетките, мајка ми. Но, тоа воопшто не изненадува,

бидејќи, како што реков и погоре, вие едноставно се наоѓате

во машки свет и морате да играте по машки правила,

85

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!