07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

60 ден. • Бр. 13 • Декември 2016

СЛАВИМЕ

РОДЕНДЕН

Рисима

Рисимкин1

PODARI VOL[EPSTVO OD

L’OCCITANE

DEL OD PROVANSA POD VA[ATA ELKA

VOL{EBNI PODAROCI ZA NAJUBAVITE

DECA NA SVETOT

6

Sledete ne:

Skopje Siti Mol, prv kat, t. 070 404 330

Содржина декември 2016

НА „ТИ“ СО

18. ОТЕЦ ПИМЕН

Суетата ни ја покренува шизофренијата,

но човечноста ќе ја победи раслоеноста

МОЈА БОРБА

22. ЕМА АНАНИЕВСКА

Сакам луѓето да ме доживуваат како

пијанистка, а не како девојка со оштетен

вид

ИНСПИРАЦИЈА

28. РИСИМА РИСИМКИН

Ме исполнува сознанието дека стареам,

радувајќи се на животот и неговата

убавина

52. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

AFTER...

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

90. БАЛАНСИРАНА ИСХРАНА СО

ВИСТИНСКИ ТАЈМИНГ

Запознаени ли сте со хроно диетата?

92. УМЕТНОСТ НА ПИЕЊЕ ВИНО

Рубинова боја во чаша Вранец

ДИЗАЈН И ДЕКОР

108. КАМИНИ ВО УРЕДУВАЊЕТО НА

ДОМОТ

Топлина и естетика во едно

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

WONDER WOMEN

40. БОРБА ЗА ЕДНАКВИ ПЛАТИ МЕЃУ

ПОЛОВИТЕ

Треба да се надминат стереотипите за

поделба на машки и женски професии

ПОРТРЕТ МОДА

46. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Chasing winter

ПОРТРЕТ УБАВИНА

70. MUST HAVE ПРОИЗВОДИ

Совршено негувана кожа

80. НЕГА ВО СЕКОЈА ДЕЦЕНИЈА ОД

ЖИВОТОТ

Совршен изглед со најсоодветни

производи

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

88. СРЕЌНО НЕВЕНЧАНИ

Портрет на љубовта на Голди Хоун и Курт

Расел

Фотограф: Горан HLVK Поповски

Гардероба: MCouture by Мила

Кадриу

Глобалната кампања 16 Дена активизам против насилство врз жените и девојчињата се одвива

од 25 ноември до 10 декември.

Мотото на кампањата оваа година е „Вклучи се. Исклучи насилство.“ и опфаќа низа акции меѓу

кои осветлување на Скопското кале во портокалово, можност сите да се вклучат во апликација

на социјалните медиуми на www.vklucise.mk, како и низа дебати со средношколци и студенти

ширум земјата.

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември” бр.2/2-25

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главна и одговорна уредничка

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменичка на главната и одговорна уредничка

Тања Тодоровска (tanja@portretmag.com)

Новинарка

Марта Стевковска (marta@portretmag.com)

Креативна директорка и уредничка за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистентка и стилистка

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Филип Поповски

Драган Тапшанов

Моника Ангелковска

Дарко Мораитов

reborn.mk

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Кристина Колеќевска (kristina@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 26.11.2016

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

МПМ 02/ 3089 305

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет” е авторска содржина што излегува еднаш месечно со одобрение од сопственикот на правата,

издавачката куќа Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено објавување, користење или

репродуцирање на било која содржина ќе се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи на

соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што се дел од содржината задолжително консултирајте се со

лекар. „Портрет” претставува пријавена трговска марка во Државен завод за индустриска сопственост-Скопје под број

ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

11

Портрет ви подарува

Аплицирајте за некои од подароците со испраќање на вашите лични податоци на contact@portretmag.com и

проверете дали сте една од среќните добитнички во следниот број на „Портрет“. Со среќа!

Подароците може да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

Lancome Juicy Shaker

сјај за усни

Slim Line додаток во

исхрана

Collistar пилинг за тело

Kolid Sunday слатки пити

Lush Ice Ice Baby сет

Lush Snow Fairy сет

Lush Joy To The World сет

YSL кармин/руменило

Naomi Campbell at

Night гел за туширање

Kenzo чанта и несесер

ST Dupont несесер и

футрола за мобилен

Kenzo Flower сет

Oxette алка x3

Max Factor сет

AVON Premiere Luxe сет

Preciosa турпија за нокти x 5

Radiant сет

Artdeco сет

Lanvin несесер и мини парфем

Paco Rabbane Invictus спреј за

тело и Olympea спреј за коса

Preciosa ланче

Artdeco сет

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

Jean Paul Gaultier EDP Intense 100ml. Jean Paul Gaultier чанта, Jean Paul Gaultier огледало / Рахела Ефтимова

Lush Butterfly сет Ro’s Argan кондиционер за тело, Serendipity сапун / Моника Ризаова

SLC Pure Skin Multi Peptide маска X3 / Наташа Ѓурчевска

Сет Avon ANEW Ultimate Supreme еликсир, Advance Techniques маска и серум за коса / Марија Пеица

Сет Max Factor Masterpiece Glamour Extensions маскара, Max Effect лак за нокти / Татиана Попоска

QYRA Collagen ампули / Невенка Георгиевска

Сет Valentino Donna несесер и тврд парфем / Маја Бочварова

Сет Kenzo Flower by Kenzo EDC 25ml и чанта / Милана Петковски

Сет Radiant Natural Fix течна пудра, Air Touch бронзер / Мирјана Јосифоска

Книги:

Југославија, моја дежела / Горан Војновиќ / Ивона Најденкоска

Каде исчезна, Бернадет? / Маријa Семпл / Соња Илиеска

Елиза на 11 години / Дојна Рушти / Билјана Серафимовска

Сатори / Срѓан Срдиќ / Филип Крстевски

13

Портрет на уредникот

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН

„ПОРТРЕТ“

ема да биде претерано ако кажам дека изминатава година ми беше една од

најубавите години во мојот живот. Раѓањето на „Портрет“ беше делчето што ѝ

недостигаше на мојата лична сложувалка. Во оваа измината година запознав

толку многу креативни и вредни луѓе, се радував на женската сила и моќ,

плачев на секоја животна приказна од „Моја борба“ и се восхитував на секој

доказ на талентите и квалитетите на моите колеги. Додека го подготвувавме

овој наш роденденски број, сфатив дека најубавите приказни на страниците на

„Портрет“ се раскажани од победници, луѓе не секогаш со јавна професија, со

топло срце и убави мисли. Тие ни дадоа верба дека и нашата држава конечно

ќе се ослободи од предрасуди од секаков вид, од какво било загрозување

на човековите права и од говорот на омраза што се шири како лош грип,

дополнително поттикнат од масовниот и лесен пристап до социјалните мрежи.

Изминатава година се обидувавме, почнувајќи од изборот на жени за насловната

страница, па сè до малите тајни за козметика и убавина да ви покажеме дека сè

уште постојат ненаметливи луѓе, чиишто дела и кариери зборуваат погласно од нив, што го одат својот

пат, посветено и фрлаат нова светлина на зборот квалитет. Секоја од овие дванаесет жени беше различен

вид инспирација за нас и од секоја од нив научивме различна лекција. Овој последен број за оваа година

го краси преубавата Рисима Рисимкин, наша најистакната кореографка, уметничка директорка на „Танц

фест“ и основачка и уметничка директорка на „Скопје танцов театар“. Таа гордо раскажува за својата

најголема љубов – танцот, за големиот број танчари, чијшто ментор е, и за чувството на слобода што е

нераскинлив дел од животот на уметниците. Гледајќи слики од нејзините студенти заклучив дека танцот е

можеби движење што е најблиску до магија, храна за сите сетила и лек за сечија душа.

Овој број, на наше големо задоволство, имавме можност да запознаеме уште еден уметник, младата

Ема Ананиевска, што ни ја раскажа својата борба, што е воедно и пат што го одат речиси сите лица со

оштетен вид во нашата земја. „Сакам луѓето да ме гледаат како Ема-пијанистката, а не како Ема-девојката

со оштетен вид“, вели оваа млада, храбра девојка, чиишто предизвици растат заедно со нејзините

лични постигнувања. Месецов, рубриката „Wonder Womеn“ ја посветивме на сите луѓе што работат

на подобрување на родовата еднаквост на платите во нашата земја. Поттикнати од поразителната

статистика дека жените, особено со пониско образование, добиваат до 28,4% пониски плати од мажите,

разговаравме со Благица Петрески, извршната директорка на Институтот за економски истражувања

и политики „Finance Think“. Овој институт стои зад веб-платформата за поголема родова еднаквост

„ЕдПлаКо-Мк“, што има цел да ги поттикне компаниите да тестираат дали постојат разлики во нивните

платни списоци.

Годинава ја завршуваме со огромна благодарност до сите наши читатели. Без трошка клише и лажна

љубезност, морам да ви кажам дека секоја ваша порака, секој убав збор, критика, забелешка бескрајно

нè радуваше секој број. Вашата желба да помогнете во нашата мисија за создавање медиум за луѓе со

отворено срце и со чиста мисла, нè направи бескрајно среќни и мотивирани за следната година. И за

крај, можеби ќе звучи нескромно, но мислам дека изминатава година сериозно ги размрдавме месечните

изданија на печатените медиуми во нашата земја. Нашиот предизвик дека принтот не само што не е мртов

туку и станува сериозна уметничка творба, тие го прифатија со раширени раце и во чекор со нас. Сѐ

тоа по една година резултираше со подобрување на квалитетот и работата на речиси сите македонски

изданија. До следниот наш број во идната година ви посакувам мирен и спокоен месец, радувајте се на

малите нешта, читајте, простувајте... Најдете убав збор за секого и уживајте со вашите сакани.

14

Ружица Антиќ

15

Колумна

Ugly

Betty

Последниов месец

се чувствувам прегрда. Без

посебна причина, од чиста мира

почнав секое гледање во огледало да си пронаоѓам

маани. Работите стојат вака. Лице: hard core црни подочњаци,

хормонски влакна, непослушни веѓи, уста без пигмент. Брчки тон,

„среќна“ околност што сите ми се онакви мимички, од смеење. Коса најседа.

Уште од неполни 25 години, без да видам дух, под чудни околности преку ноќ

оседев целосно. Поседа сум од баба ми и со години мака мачам со фарбање, шатирање

и сл. Телото не се осудувам да го коментирам. Три царски реза, гради минимум три години

цицани, и задник Ким Кардашијан без фотошоп.

Дополнителна нервоза ми правеше маж ми што кога ми ги откри нервозите без престан ме

замараше: - „Опааа 40 години уште малку, ти не се приметуваш ама тетка си скроз“. Секој ден

смислуваше нови начини да ме нервира и му беше презабавно. Зашто фазата со креми за брчки ја

имав веќе поминато, заклучив дека ми останува да преземам порадикални мерки. Дааа тоа е тоа, сега

кога ќе си се средам, ботоксче, лифтингче, хијалуронче, па силикони, па третмани. Господ да ме види - си

мислам пресреќна и забележувам старачка пеѓа на раката.

Одма се пуштив во разгледување сајтови на естетско - корективни салони за убавина, и одма ми се направи

нервоза од еден факт што го занемарив во мојот преоптимистички план. Сѐ е со боцкање, со игли и со

трпење болка. Се храбрам дека сум издржала три царски реза и закажувам некој третман со кислород за

кој што сто пати прашав да ми потврдат дека е безболен. Ќе почнам вака light си викам и ќе се мотивирам и

ќе станам несопирлива.

Со недели се измачував и одев на разноразни третмани сѐ до една вечер кога редовната проверка на

телефонот на син ми (не ме осудувајте одма, престресно е да растеш деца во доба на ССМ- страшни

социјални мрежи) не ми ја намали маката. Си пишува фраеров мој со една од симпатиите на вибер,

и ѝ вика: „Па што и јас кога ќе бидам стар како татко ми ќе бидам ќелав како него. Па девојчево му

одговара: „Хахахаха и јас кога ќе бидам стара како мајка ми ќе имам многу брчки.“ Оооооо мали

монструми едни си викам, татко ти можеби е ќелав ама е фраер. А мајка ти госпоѓице мала,

преслатка, има 30 години! И нема брчки, барем не многу. И од кај ти воопшто знаеш што

е брчка? Ме обзема среќа дека ми пораснало детето. Си викам сѐ е ова нормално,

сѐ е ова живот. Да сум здрава и духот да си го сочувам па друго сѐ се поправа.

А и да не се поправа нема да се сликам за Playboy. Си ја галам вештачката

коса до газ, си се храбрам со мантри „ Still fabulous at 40“ и не ни

забележувам колку брзо лета времето. Скоро е 16 часот, а

јас веќе многу каснам на ласер.

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUE, УЛ. МAКЕДОНИЈА 32, 1000 СКОПЈЕ, ТЕЛ: ++389 2 3222 300

SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUE, SKOPJE CITY MALL, 1000 СКОПЈЕ, ТЕЛ: ++ 389 2 3091 003

SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUE, PALMA MALL, 1200 ТЕТОВО, ТЕЛ: ++389 44 36 88 78

KARLIE KLOSS

#GiveBrilliant

WITH THE CHRISTMAS COLLECTION

DISCOVER MORE AT SWAROVSKI.COM

На „ти“ со

Фотографија: Жарко Чулиќ

ОТЕЦ ПИМЕН

СУЕТАТА НИ

ЈА ПОКРЕНУВА

ШИЗОФРЕНИЈАТА, НО

ЧОВЕЧНОСТА ЌЕ ЈА

ПОБЕДИ РАСЛОЕНОСТА

Градбата на цркви, џамии, крстови и минариња

не е играње со детската игра „Монопол“

Пишува: Ана Јовковска

Колаковски во неговата книга „Ако Бог не постои“ пишува дека

Бог пресметал оти светот населен од безгрешни автомати би

создал помалку добро отколку светот во којшто човечките

суштества се обдарени со слободата. Значи ли ова и слобода

да се греши? И најпосле, што е слобода? А Отец Пимен ми вели:

Да се разбереме, Бог не сака ние да сме од него управувани

безгрешни автомати. Затоа ни ја дарувал слободата како најскап

дар. Слободата дури и да грешиме. Но, и желбата за покајание

кога ќе згрешиме. Кој од нас би сакал Бог кој ќе го третира него

како играчка? И така ни почна разговорот... во парк, покрај

жолти лисја, во еден чуден мир... Зборувавме за многу теми...

AJ: Отец Пимен, важите за нетипично духовно лице, со храброст

и острица за критички став, со хумор и разбирање, со профил на

„Фејсбук“ и честа комуникација со јавноста. Што ви е важно во

спрегата меѓу Црквата и луѓето?

ОП: Црквата не смее да биде на периферијата од општеството.

Не може да се биде пасивен набљудувач, ниту, пак, да се биде

глува институција што нема да ги чуе маките на својот народ,

но и критиките упатени кон неа. Така, за да го чуе сопственото

стадо мора да биде отворена кон народот. Да се заложи за

него, милосрдно, со лична хумано-социјална помош, како и со

љубов што вклучува и заложба кај институциите за подобрување

на условите за живеење во општеството. Да се биде во Црква,

треба да се биде постојано на терен со луѓето, а помалку јалово

седење во канцеларија.

ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ НЕ СЕ САМО БУКВИ ИСПИШАНИ

НА КАМЕНИТЕ ПЛОЧИ НА СВЕТИОТ ПРОРОК МОЈСЕЈ ТУКУ ТОА

Е МОРАЛ ВРЕЖАН ВО СЕКОЕ ЧОВЕЧКО СРЦЕ.

АЈ: Како би му ја претставиле религијата на атеист?

ОП: Како стил на живеење покриен со живот.Не можете на мало

дете да му дадете тврда храна само штом ќе почне да јаде, па

затоа најпрвин, покажувајќи му ги делата на љубов, милосрдие и

морал, а дури на крајот би се зборувало и за догматика. На тема

на моралот ќе имаме многу заедничко. (се смее) Десетте Божји

заповеди не се само букви испишани на камените плочи на

светиот пророк Мојсеј туку тоа е морал врежан во секое човечко

срце.

ПОБЛАЖЕНО Е ДА СЕ ДАВА, ОТКОЛКУ ДА СЕ ЗЕМА.

18

АЈ: Се фасцинирав од Вас кога напишавте: „За Свети Никола,

наместо масло, во црквите да однесеме играчки за децата без

родители“. Неколку денови размислував за ова и заклучив

дека хуманоста е недофатлива само во тесните рамки на

институциите, а црквата е сепак институција, нели? Вашите

пораки за хуманост покренуваат пошироки граници и ги

мотивираат луѓето, без разлика дали се верници или неверници,

на еден слободарски дух. Каде ја наоѓате добрата намера и

добрата мисла?

ОП: Црквата е институција во општеството, но таа е и повеќе

од само институција и затоа треба да се движи меѓу народот и

тогаш ќе чуе апели за помош и идеи од хумани луѓе без разлика

на која религија припаѓаат или, пак, воопшто не припаѓаат на

ниедна. Треба да научиме дека Црквата не е место каде што се

дарува само свеќа, масло, крпи и јагниња туку и место во кое

треба да го даруваме она што е најпотребно во тој момент, за да

може да се однесе таму каде што се има потреба од донација. На

пример, во поплавите даруваме и парични средства и покуќнина,

но и вода и конзервирана храна и средства за хигиена.

На крајот, и од Бога сме поучени да даруваме, а не само да

земаме. Дополнително, Господ Бог нè учи кога даваме да не знае

левата рака што дава десната, што би значело да не се фалиме

со донацијата, оти давањето ослободува и не дава да бидеме

заробеници на предметите. Така, ние луѓето од клирот газиме по

мечот со две острици. Ако покренеме акција и направиме некоја

фотографија и напишеме благодарствен текст на крајот за да

дадеме отчетност, обвинети сме дека за лична корист и пофалба

сме го направиле тоа, а пак ако даруваме и останеме во молк,

обвинети сме дека не мрднуваме ни со малиот прст. Како и да

е, стојам на ставот дека постојано треба да се дарува и да се

помага... оти поблажено е да се дава, отколку да се зема.

ЦРКВАТА НЕ Е МЕСТО КАДЕ ШТО СЕ ДАРУВА САМО СВЕЌА,

МАСЛО, КРПИ И ЈАГНИЊА ТУКУ И МЕСТО ВО КОЕ ТРЕБА ДА

гГО ДАРУВАМЕ ОНА ШТО Е НАЈПОТРЕБНО ВО ТОЈ МОМЕНТ, ЗА

ДА МОЖЕ ДА СЕ ОДНЕСЕ ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ИМА ПОТРЕБА

ОД ДОНАЦИЈА.

АЈ: Неодамна направивте хуманитарна изложба со Ваши цртежи

насловена како „Балерините и нивната публика“. Насловот

кажува многу. :) Но, уште понеочекувано беше – отец Пимен,

митрополитот европски на Македонската православна црква –

ОА, како скеч гуру-цртач! Што беше целта на оваа хуманитарноуметничка

екскурзија?

ОП: Сликарството е мое хоби од детството. Поминало низ

различни фази, техники, правци и формати. Последната фаза од

практични причини е цртежи работени на телефон. Почна со една

серија балерини, за потоа да им исцртам и музичка придружба.

(се смее) Потоа цртав една серија на карактеристични ликови,

еден дел конкретни, а друг дел измислени. Покажувајќи ги овие

цртежи на мои блиски, добив позитивни критики и оттогаш со

моите пријатели од винаријата „Подрум“ се одлучивме и да ги

изложиме и да ги ставиме на продажба за да направиме некое

добро дело со собраните средства. Ефектот од продажбата

беше многу поголем од очекувањата и верувам дека ќе усреќат и

повеќе од едно лице.

МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ДОБРИ СЛИКАРИ, МУЗИЧАРИ,

МАТЕМАТИЧАРИ, ЛЕКАРИ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ЛОШИ И ЗЛИ

ЛУЃЕ, НО НИКАКО НЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ ДОБРИ ВЕРНИЦИ,

А ЗЛИ ЛУЃЕ.

19

АЈ: Велите: „Од кога знам за себе цртам“. Што друго правите

откако знаете за себе?

ОП: Навистина црткам од кога знам за себе. Секогаш се смеам

сам со себе кога ќе ги погледнам моите училишни тетратки од

детството, па до последниот синодски бележник и ќе забележам

цртежи на секое ќоше од страниците како орнаменти. Исто

така, стара љубов ми е и музиката. Преспа има богата музичка

традиција. Нашиот сој, како што нè именуваат во Ресен е

Свештаровци и е неизбежен дел од таа традиција. Сите машки

потомци свират на некој музички инструмент. Растејќи во таква

средина и јас свирев од мал. И ден-денес куќата ми е полна со

разни инструменти, платна, бои, четки, но и книги собирани и

читани низ сите овие години. Со пишување почнав многу подоцна.

AJ: Што научивте досега со своите 45 години зрелост и

духовност?

ОП: Со зрелоста научив дека нема граница на зрелоста, а и тоа

дека секој од нас на моменти знае да биде дете кое брани и

зелени ставови (се смее). Научив дека тоа е баш убаво, бидејќи

додека не бидеме сите како деца (се мисли на едноставноста

и незлобивоста, а не на инфалтилноста) нема да влеземе во

Царството Небесно. Доколку не бидеме луѓе нема да можеме

да бидеме ни христијани. Можеме да бидеме добри сликари,

музичари, математичари, лекари, а во исто време лоши и зли

луѓе, но никако не можеме да бидеме добри верници, а зли

луѓе. Теологијата нема да има ефект ако остане во доменот на

технологијата на убаво беседење.

НЕ СЕ ИЗМЕНИЛ ЧОВЕКОТ ТОЛКУ, КОЛКУ ШТО СЕ ИЗМЕНИЛЕ

САМИТЕ УСЛОВИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ. И ДЕНЕС, НА ИСТИ РАДОСТИ И

ИСТИ ТАГИ, ИСТО ПЛАЧЕМЕ И ИСТО СЕ СМЕЕМЕ. НО, СУЕТАТА

НИ ЈА ПОКРЕНУВА ШИЗОФРЕНИЈАТА.

АЈ: Живееме во едно шизофрено време. Како ја дефинирате

внатрешната раслоеност на човекот денес?

ОП: Не се изменил човекот толку, колку што се измениле

условите за живеење. И денес, на исти радости и исти таги,

исто плачеме и исто се смееме. Но, суетата ни ја покренува

шизофренијата. За жал, често живееме и во паралелен свет во

кој само би сакале да живееме. Така, глумиме интелектуалци

зашто општествениот статус ни го дал тоа право. Глумиме класа,

бидејќи парата ни го дозволила тоа, глумиме аристократија за да

не нè отфрли општеството, трошиме непотребно не заради наши

реални потреби, туку поради коментарите на соседите и другите

околу нас, се оддалечуваме од Бога за да не нè сметаат за

конзервативни, гласаме на избори и мислиме дека сите гласови

исто тежат и се идентификуваме со победниците...

Сепак, велам има надеж додека има човечност. Човечноста ќе ја

победи раслоеноста. Бидејќи, Бог стана човек, за човекот да се

обожи, тука е победата.

ГЛУМИМЕ КЛАСА, БИДЕЈЌИ ПАРАТА НИ ГО ДОЗВОЛИЛА

ТОА. ГЛУМИМЕ АРИСТОКРАТИЈА ЗА ДА НЕ НÈ ОТФРЛИ

ОПШТЕСТВОТО. ТРОШИМЕ НЕПОТРЕБНО НЕ ЗАРАДИ

НАШИ РЕАЛНИ ПОТРЕБИ, ТУКУ ПОРАДИ КОМЕНТАРИТЕ НА

СОСЕДИТЕ. СЕ ОДДАЛЕЧУВАМЕ ОД БОГА ЗА ДА НЕ НÈ СМЕТААТ

ЗА КОНЗЕРВАТИВНИ. ГЛАСАМЕ НА ИЗБОРИ И МИСЛИМЕ ДЕКА

СИТЕ ГЛАСОВИ ИСТО ТЕЖАТ...

АЈ: Што му е најпотребно на нашето општество во овој момент?

ОП: Комплетно рестартирање! Почнување од нула, што не

подразбира отфрлање на одговорноста за своите грешки со

излитената фраза: па и тие пред нас правеа така. Историјата,

макар и вчерашната, треба да нè научи да не ги повторуваме

грешките, а не да се оправдуваме дека грешките наши се

ништо во споредба со грешките на тие пред нас. Дела и лични

примери се потребни во овој момент, а никако не ни се потребни

споредби, клевети и плукања. Онаа епизода во рајската

градина не треба да ја повторуваме катадневно, Адам, наместо

покајание, се оправда со Ева, и го обвини Бога. Рестартирањето

подразбира преумување.

НАПАДИТЕ КОН МЕНЕ, ШТО БЕА МОШНЕ СЕРИОЗНИ,

ДИСКРЕДИТИРАЧКИ, ОПОМЕНУВАЧКИ, ПА И

ЗАКАНУВАЧКИ,ДОАЃАА ОД ЛУЃЕ КОИ РЕТКО ИЛИ ВООПШТО

НЕ ДОАЃААТ ВО ЦРКВА.

АЈ: Кога беше проблематичното осветување на темелите

на крстот во општина Бутел, прокламиравте став дека за

верниците тоа е безумие. Храбро изјавивте: „Орли и крстови.

Провокации и паѓања на провокации. Обично, низ целиот свет,

спомен-обележја се ставаат како симбол на крај на безумства и

крвопролевања. Кај нас обратно е. Се поставуваат за да почнат

безумствата“. Како се „носите“ со нападите од Црквата во вакви

ситуации?

ОП: И ден-денес стојам на овој став! Градбата на цркви, џамии,

крстови и минариња не е играње со детската игра „Монопол“.

Тоа не се објекти за бележење територии. Онаму каде што

има искрени верници од двете страни ќе има и познавање на

сопствената вера ќе има и разбирање за другата страна. Дури

и ќе се помагаат во изградбите на туѓите храмови. Но, онаму

20

каде што имаме само номинални христијани кои не разликуваат

вера од верски фанатизам ќе имаме и отпор и крвопролевање

и безумство. Нападите кон мене, што беа мошне сериозни,

дискредитирачки, опоменувачки, па и заканувачки, доаѓаа од

луѓе кои ретко или воопшто не доаѓаат во Црква. А околу тоа

како се „носам“ со нападите, му благодарам на Бога за нив и на

ум ги имам зборовите на еден старец, кој вели: „Кога фрлаат по

тебе со камења, собирајте ги и со нив градете ја Црквата“.

ОНАМУ КАДЕ ШТО ИМАМЕ САМО НОМИНАЛНИ ХРИСТИЈАНИ

КОИ НЕ РАЗЛИКУВААТ ВЕРА ОД ВЕРСКИ ФАНАТИЗАМ ЌЕ

ИМАМЕ И ОТПОР И КРВОПРОЛЕВАЊЕ И БЕЗУМСТВО.

АЈ: Свирите саксофон и кларинет. Со група автори подготвувате

документарен филм, „Ресен рол“, за музичари од Ресен кои од

педесеттите години наваму свиреле рокенрол. Во филмот ќе

биде објавена и Ваша композиција од 1994 година, што досега

била во демо-верзија. Музиката е математика и светлина во исто

време, ако може така? Што претставува музиката за вас? И каква

музика најмногу Ве опушта?

ОП: Музиката ми е втората љубов од детството. Со овие

инструменти сум пораснал, бидејќи беа инструменти на кои

свиреше татко ми. Првата прегратка со саксофонот сум ја имал

кога бев висок колку него. Освен со инструментите, растев

и со ресенските музичари и како растев, со мене растеше

и носталгијата за оние времиња кога од плочи се крадеа

импровизирани текстови за да се прават забави и кога музиката

беше поблиска до светските трендови на рокенролот, отколку

денес кога го имаме интернетот. Честите средби со сите нив кога

престојувам во Ресен ме мотивираше мене и двајца мои другари

сите овие спомени да ги овековечиме во еден документарец.

За потребите на филмот ќе биде обработена и една моја

композиција од ’94 година, кога свиревме под името „Лизардс“.

Кога музиката како нотен запис ќе се стави на хартија личи

на математика, на формули и законитости. Но, кога ќе се

отсвири, веќе не е обична математика, туку хемија низ која се

проникнуваме со неа. Ја сакам и изворната музика, но и рокот.

Сме свиреле гранџ како актуелен правец во тоа време, сум растел

со Сачмо и со Ела Фицџералд како омилени музичари на татко

ми. „Битлс“ ми се слабост, а црковната музика ми е секојдневие...

Така што, тешко би можел да кажам што ме опушта најмногу.

ЈА САКАМ ИЗВОРНАТА МУЗИКА, НО И РОКОТ. СМЕ СВИРЕЛЕ

ГРАНЏ КАКО АКТУЕЛЕН ПРАВЕЦ ВО ТОА ВРЕМЕ... СУМ РАСТЕЛ

СО САЧМО И СО ЕЛА ФИЦЏЕРАЛД КАКО ОМИЛЕНИ МУЗИЧАРИ

НА ТАТКО МИ. „БИТЛС“ МИ СЕ СЛАБОСТ, А ЦРКОВНАТА

МУЗИКА МИ Е СЕКОЈДНЕВИЕ.

АЈ: Не пиете кафе заради алергијата на кофеин, па тоа го

заменивте со утрински чај. Кои се Вашите мали ритуали во

денот што Ви даваат енергија?

ОП: Чајот ми е баш ритуал што го замени утринското кафе.

Кога сум низ Италија се враќам на стариот ритуал кафето, но

бескофеинско. Со оглед на честите патувања, не можам да

бидам роб на навики. Генерално, тие се состојат од утринска

проверка на е-пошта, собирање информации за случувањата

околу мене, ако е недела или празник подготовка за литургија,

како и прошетки низ град, средби со луѓе... И секако, пред

спиење исполнување на монашкото молитвено правило.

АЈ: Трпението е својствено за духовните лица како Вас, а

сепак, човек сте од крв и месо, па искрено, за што ви е најтенко

трпението?

ОП: Оние што ме следат постојано знаат дека најмногу што може

да ме извади од такт е упорното постапување согласно нашата

самоуништувачка поговорка: „Наведната глава сабја не ја сече“.

Од една страна, некој со тоа го оставаме да ни мавта постојано

над глава со сабјата и не сме свои на своето, а од друга страна

очекуваме да бидеме слободни. Како? Ќе чекаме тој со сабјата

да го заболи раката ли? И ако се ослободиме од него, фаќајќи го

на кондиција, нема да забележиме дека него го заменила друга

сабја. А животот тече и минува во еден правец. И така, нашиот

живот и оној на идните генерации ќе мине без да го вкусиме. Тоа

ми ја раздвижува крвта и месото.

АЈ: Кои гнили точки во човештвото се најопасни за духот?

ОП: Упорното останување во гревот, губењето на моралот,

етиката на постапување и преголемата верба во земните лидери

и идоли. Ништо од сето ова не ни буди желба за слобода со што

би го јакнеле духот и би си ја спасувале душата.

АЈ: Епикурејците рекле: „Штом светот е полн со зло, тогаш Бог

или е лош или е немоќен“. Коментар? :)

ОП: Кога и да ја сретнам оваа Епикурејска констатација си

споменувам за онаа приказна со берберот. Станува збор за тоа

дека ако во светот има нестрижени и неизбричени луѓе не значи

дека нема бербери или дека не ги бива.

Не е прашање дали Бог е лош или немоќен за злото и нечовечко

однесување, туку нашата злоупотреба на нашиот најскап дар од

Бога –слободата. Сè ни е дозволено, но не ни е сè од корист вели

светиот апостол Павле.

АЈ: Го доживувате ли градов како кафез?

ОП: Не, ни најмалиот град не го доживувам како кафез.

Кафез може да биде само ограниченоста на нашата душа и

закоравеноста на срцето. Ако ги скршиме овие два „мали“

внатрешни, но наши и само наши кафези, ништо материјално

нема да ни претставува кафез, а особено не градот што ни дава

многу можности за креативни дела.

АЈ: Роден сте во Ресен. Преспанскиот ген си го носите со себе,

но Скопје Ви е втор дом. Кои места ги сакате во Скопје?

ОП: Токму така, градски – ресенчанец, реонски – преспанчанец

сум и ќе се трудам тоа да го зачувам до крајот на животот, за

да не ме претопи кој било град и која било земја. Често сум во

Скопје. Веќе имам голем круг пријатели низ него. Секако, имам

и омилени места. На прво место би ја ставил дневната соба на

редакцијата на „Оффнет“, каде што знаеме да се засвириме со

екипата, рок-кафеана „Рустикана“ и преубавата нејзина тераса,

потоа „Два елени“ со својата интима и затскриеност под Водно

и, секако, винаријата „Подрум“, што во секој момент знае да

изненади со некој настан од изложба до промоција, па и обична

„тапа“ вечер што знае да ни даде мир во кој ќе се замуабетиме и

ќе извртиме „сто“ теми за муабет.

СЕКОГАШ КОГА ИМАМ СТРАНСКИ ГОСТИ И КОГА ГИ

РАШЕТУВАМ НИЗ УБАВАВА НИ ЗЕМЈА, СЕ СРАМАМ ОД

НИВНАТА КОНСТАТАЦИЈА ДЕКА ИМАМЕ ПРЕУБАВА, НО

ПРЕЗАГАДЕНА ПРИРОДА.

АЈ: Што би исчистиле од нашиот двор?

ОП: Од сè срце би сакал најпрвин да го исчистиме ѓубрето. И

тоа буквално она физичкото. Секогаш кога имам странски гости

и кога ги рашетувам низ убавава ни земја се срамам од нивната

констатација дека имаме преубава, но презагадена природа.

Ако ја усвоиме најнапред таа навика за чистење на ѓубрето и ја

надградиме општествената свест, тогаш лесно ќе исчистиме сè...

а сепак, прво се чистиме во срцето, па потоа од срце се трудиме

во сè, и тоа секогаш да го имаме во умот.

21

Моја борба

Ема Ананиевска

САКАМ ЛУЃЕТО ДА МЕ ДОЖИВУВААТ

КАКО ПИЈАНИСТКА, А НЕ КАКО

ДЕВОЈКА СО ОШТЕТЕН ВИД

Пишува: Марта Стевковска

Цел свет се раѓа под прстите на Ема Ананиевска, студентка во четврта година на Факултетот за музичка

уметност во Скопје. Свирењето клавир за неа претставува посебно уживање, а и не само за неа туку и

за тие околу неа е навистина мевлем за уши. Иако со целосно оштетен вид, Ема успеала да се избори

за своите желби, да стане пијанистка, да учествува на концерти и настапи и надвор од земјава. Освен тоа, таа

активно се бори за подобри услови за слепите лица во Македонија. Без изгубена надеж, насмеана и храбра,

со цврст став, Ема ни ја раскажа својата приказна за тешкотиите со кои се сочувала, но и за нејзината љубов

кон клавирот.

22

Фотографија: Жарко Чулиќ

Моја борба

Навистина е инспиративно и поттикнувачки што, и покрај

целосно оштетениот вид од бебе, вие сепак во овие дваесет

и една година, сте успеале да го следите својот талент

за пијано и се обидувате постојано да го подобрувате

секојдневието што, претпоставувам, не ви било лесно. Како

се соочувавте на почетокот со фактот дека целосно го

имате изгубено видот и која е причината за слепилото?

Видот ми е оштетен од лекарска грешка, сум го изгубила

додека сум била бебе од преголема доза кислород во

инкубатор без заштита. И покрај тоа, уште од мала возраст

сум свесна за проблемот што го имам зашто секогаш ми се

зборувало за тоа, ништо не се криело од мене, објаснето

ми е дека, ете, можеби сум поразлична од другите, дека не

можам да гледам. Нормално, како дете не ми било јасно

што ми се случува, сум поставувала секакви прашања, дали

некогаш ќе можам да гледам, зошто не можам да гледам, сум

го прашувала дури и татко ми дали, кога би можел, би ми ги

дал неговите очи да гледам. За моите родители тие прашања

биле многу болни, бидејќи не знаеле

што да ми одговорат. Сепак, тоа што

сум свесна од почеток, ми помогна

едноставно да се соочам со тоа и да

терам напред, бидејќи не може да

се врати времето за да се смени тоа

што се случило. Секако, не е лесно,

но моите родители ме воспитале да

бидам многу храбра. Никогаш не

ме двоеле од сестра ми, како што

била воспитувана таа сум била и јас,

растена сум во средина во која сум

прифатена најнормално.

Ќе ни ја раскажете ли накратко

вашата борба низ годините со

оштетениот вид, но и процесот

низ образовниот систем, од

основно училиште до денес?

Дали сте се соочиле со некој вид

дискриминација и маргинализација

во текот на вашето растење?

На почетокот, кога беше борбата за запишување во редовно

училиште, имаше многу пречки. Мајка ми има повеќе

трауми од тоа зашто некои мислеле дека не би требало да

бидам интегрирана во редовно училиште. Но, нејзината

желба и, сметајќи дека оди по вистинскиот пат, успеа да се

избори. Генерално бев прифатена и од соучениците и од

наставниците, секако секогаш има луѓе кои не ме прифаќаа.

На почетокот тоа ми беше тешко, но секој може да биде во

таква ситуација, не може секој да прифати секого. Сепак,

сфатив дека ако некој не сака да ме прифати таква каква

што сум, тоа не е мој проблем. Во текот на образованието

немав овозможено еднакви услови како и другите ученици,

а и денес немам. Немав Брајова литература во основно и

средно училиште, мајка ми ми ги читаше лекциите, снимав

на диктафон, па потоа ги учев. Во однос на пристапноста

и движењето и ден-денес не се осмелувам да излезам

Имаше скептици да не се

запишувам на инструментален

оддел на клавир, дека тоа ќе

ми биде многу тешко, дека е

подобро да одам на теоретски

дел за професорка. Но, решив

да се послушам себе и еве, сега

сум четврта година на музичката

академија и подготвувам

дипломски труд. Најмногу ме

исполнува кога излегувам да

свирам на сцена, се чувствувам

убаво на сцената.

сама на улица да се движам. Културата ни е на ниско

ниво, сообраќајот ни е хаос, улиците не се пристапни,

звучните семафори што ги направија се грешни... Сè што

постигнав е благодарение на напорот што е вложен од

моето семејство, ништо конкретно не сум добила од некоја

државна институција. Во средно училиште имавме обид да

побараме аудиокниги од Министерството за образование за

да ми се олесни начинот на учење, но не сакаа да ни дадат,

затоа што наводно ќе сме ги злоупотребеле. На оваа тема

сум зборувала многупати и мислам дека самите треба да се

бориме за да се направи нешто. Се надевам дека сето тоа

низ што поминав на тие од другите генерации, можеби за

некој чекор ќе им биде олеснето затоа што многу е лошо и

тешко да зависиш за учење од некој друг.

Кога би направиле споредба со деновите во средното

музичко училиште и сегашните студентски денови, колку

вие лично се променивте низ годините, дали изградивте

поинаков, похрабар став кон вашата ситуација?

Дефинитивно сум многу изменета,

во средно училиште уште бев дете

и не знаев со што ќе се соочам

понатаму во животот. Мислев дека

сè е лесно, фино, наивно, дека е

како дома. Но, како поминуваат

годините, се соочувам со разни

ситуации, добри и лоши, и мислам

дека сум многу поцврста и похрабра

од тоа што бев можеби и пред една

година. Во однос на тоа колку

оштетениот вид ме спречи за некои

желби, како помала размислував

многу околу тоа, на пример дека

нема да можам да возам автомобил.

Тогаш тоа го сфаќав многу трагично.

Но, сега не гледам така на работите,

сега го прифаќам тоа без проблем,

впрочем и многу мои другарки

што имаат нормален вид не возат

автомобил. Во принцип, секоја желба што ја имав мислам

дека ја постигнав, иако со повеќе труд, а сепак на крајот се

исплатело.

Кога почнавте да користите асистивна технологија,

компјутер со посебна говорна програма за лица со оштетен

вид, и колку тоа ви го олесни функционирањето?

Во прва година од средно училиште почнав да ја користам

асистивната технологија. Одев во здружението „Отворени

прозорци“, за да ми покажат како се користи софтверот

на компјутер за лица со оштетен вид што го имав уште од

претходно. Дотогаш мислев дека нема да можам никогаш да

користам компјутер, дури и на сестра ми, и се лутев зашто таа

може да користи, а јас не. Меѓутоа, асистивната технологија,

со напредокот на технологијата воопшто, многу го олеснува

секојдневието и функционирањето. Преку тоа сум многу

посамостојна, не треба некој друг да ми прочита порака, да

23

Моја борба

ми испрати електронска пошта или да ми каже кој ми пишал

на „Фејсбук“. Освен тоа, ако ми треба некоја информација

веднаш отворам и си наоѓам сама. Оваа технологија треба да

биде пристапна за секое лице со оштетен вид.

Во една статија за вас се вели дека љубовта кон музиката ја

негувате од мала, сте пројавиле талент што го препознале

вашите родители и неуморно се бореле да ви овозможат

непречено да го негувате и да

бидете тоа што сте денес. Какви

беа вашите почетоци со пијаното и

учењето да свирите?

Кога се запишав во музичко

училиште, искрено не знаев зошто

ме запишуваат, бев дете, имав околу

осум години. Кога дојде времето

да се избере инструментот и ме

прашуваа на кој инструмент сакам да

свирам, им кажував дека не сакам да

свирам, туку сакам да пеам. :) Сепак,

се одлучив за пијано зашто веќе имав

синтисајзер дома и на него си играв

кога бев помала. Искрено, првиот

момент кога седнав пред клавир

не го паметам, но се сеќавам дека

се роди желба во мене да свирам

постојано и да учам, да откривам

нови работи. Долг период сакав

да се запишам во општа гимназија,

бидејќи сестра ми учеше во

гимназија и по нејзини стапки сакав

да одам. Меѓутоа, во шеста година

од основното музичко училиште,

што е последна година таму, имаше

хуманитарен концерт од Црвениот

крст. Учествував на него, убаво

отсвирев, разговарав и со учесници

од средното училиште и одлучив да

продолжам во таа насока. Повторно

имаше скептици да не се запишувам

на инструментален оддел на

клавир, дека тоа ќе ми биде многу

тешко, дека е подобро да одам

на теоретски дел за професорка.

Но, решив да се послушам себе

и еве, сега сум четврта година на

музичката академија и подготвувам

дипломски труд. Процесот на

читање на партитурите е најтешкиот

дел што ме прави побавна од другите студенти, бидејќи тука

повторно се јавува проблемот што нема никаква Брајова

литература. Имав многу голема поддршка од професорите,

посебно професорката Маја Поповиќ, која беше со мене

и во нижо и во средно музичко училиште и поради неа ја

имам љубовта кон пијаното. Да не беше таа немаше да го

постигнам тоа што го постигнав, даваше сè од себе за да

бидам успешна во тоа што го работам. Сега и на факултет

имам голема поддршка од професорката Рита Поповиќ,

која ми предава пијано. Пред некое време купивме звучна

Нормално, како дете не ми било

јасно што ми се случува, сум

поставувала секакви прашања,

дали некогаш ќе можам да

гледам, зошто не можам да

гледам, сум го прашувала дури

и татко ми дали, кога би можел,

би ми ги дал неговите очи да

гледам.

програма од САД што чита ноти и може многу да ми олесни.

Досега имате настапувано на голем број настани и

концерти, меѓу кои и во Москва, Русија, уште додека сте

биле во средното училиште „Илија Николовски-Луј“, а и

наградувана сте неколкупати. Кој досега настап ви оставил

најголем впечаток и кога сте биле најзадоволна од себе

како музичар?

Најмногу ме исполнува кога

излегувам да свирам на сцена, се

чувствувам убаво на сцената. Тешко

е да се издвои еден настап, иако тој

во Москва можам да го издвојам како

најголемо искуство досега. Таму,

луѓето кои ме слушаа воопшто не

ме познаваа, а сепак беа музичари

и добив многу убави критики, што

мене многу ми значеше, доаѓајќи

од нив. Понекогаш луѓето кои

те познаваат можат да не бидат

објективни. Засега свирам класична

музика, но сакам и помодерна

музика, на пример за да одморам од

вежбање, а Фредерик Шопен ми е

омилен композитор. :)

Освен со музика, имате и

спортски хобија, играте тенис,

што е за пофалба, бидејќи

не сте се откажале ни од тоа,

покрај попреченоста. Активно

сте вклучена во подобрување на

условите и поддршка за слепите

лица, што сметате дека е најважно

да бидат правилно интегрирани во

нашето општество?

Приказната со тенисот е интересна

како почна. :) Момчето на една

моја другарка е тренер по тенис

и кога зборувавме дека сакам да

играм тенис, а не можам, тој ми

предложи да пробаме и сфатив

дека можам. Бев горда на тоа и

така ми стана како еден вид хоби.

Во слободно време волонтирам

во невладиниот сектор во „Крик“,

центар за младински активизам.

Организираме работилници,

програми, одиме на обуки и тоа е нешто што ме исполнува.

Кај нас, навидум се зборува за некаква инклузија и

интеграција на лицата со попреченост, но тоа сè уште е

само на хартија. Прво е потребно секое училиште да биде

пристапно, на пример имам познајничка која токму поради

проблемот со пристапност не можеше да стигне до средното

училиште и мораше да го завршува вонредно. Треба да има

услови за различен вид попреченост и задолжително треба

да има дефектолози кои ќе работат со тие деца, бидејќи

е потребно повеќе внимание да се обрне на нив. За мене

24

Дијаманти секој ден

www.sigma.mk #нашаљубов

ГТЦ Скопје

25

Моја борба

немаше дефектолог, а не беше можно наставникот да ми

се посвети целосно, зашто сепак бев во одделение од 30

деца. На пример, со математика имав голем проблем, не

можев да видам на табла што се објаснува, што се решава

или да учам геометрија зашто не можам да цртам. Во такви

моменти се чувствував лошо. Потоа потребно е да има лична

асистенција што ќе биде овозможена од државните органи,

бидејќи родителите не можат секогаш да бидат со детето со

попреченост, а и не би требало секогаш да бидат. Тоа дете

ќе порасне, ќе тргне во средно училиште и не сака да биде

цело време со мајка му или татко му. Сега ќе почнеме да се

бориме за да се донесе и закон за кучиња-водичи, кои исто

така се многу големо олеснување. Се запознав со Швеѓанката

писателка и флејтистка Сара Шамлу Екблад, која е слепа и

бев фасцинирана од нејзиното куче и поради тоа што сакам

кучиња, и колку големо олеснување претставува, а и колку е

приврзано за неа.

Какви се вашите желби и планови за иднината, што е следно

по завршувањето на факултетот? Каква порака би сакате да

пренесете на другите лица со попреченост, со вашето јавно

дејствување и личен пример?

Сакам да продолжам на магистерски студии во странство, но

не знам каде и кога. Ќе направам пауза зашто сакам да одам во

посебни школи во САД за ориентација во простор, што траат

една година. Сакам да пренесам на лицата со попреченост

дека без оглед на тоа во каква средина се и колку луѓето ги

прифаќаат или не, не треба да бидат затворени во себе, туку

да веруваат и да си ги исполнуваат желбите и амбициите без

оглед на пречките на кои ќе наидат. Секој човек, на крајот, е

различен, без разлика дали е со попреченост или не.

За крај, едно малку необично прашање околу сонување.

Познато е дека луѓето кои ослепеле во текот на животот

сонуваат работи што дотогаш можеле да ги видат. Каков е

случајот со вас, со оглед на тоа што сте го изгубиле видот

уште додека сте биле бебе?

Обично се обидувам да го објаснам тоа, но на крајот

повторно се сведува на прашањето „Епа, ајде објасни ни ти

како гледаш“, а тоа не можам да го објаснам. Сонувањето е

исто како во реалноста, создавам слики врз основа на звуци.

На пример, како што разговараме ние тука, јас ве доживувам

како личност од вашиот глас и од нашиот разговор. Исто е и

во сонот, добивам слика за тоа што го сонувам преку звуци.

Исто така, можам да добијам инспирација за да свирам

некое дело или да компонирам од нешто што се случува

околу мене, на пример од дождот. Компонирам за своја

душа, а во иднина можеби еден ден би била и композитор. :)

Сакам луѓето да ме доживуваат како Ема-пијанистката, а не

Ема-девојката со оштетен вид.

26

27

Р И С И М К И Н

Ме исполнува сознанието дека

стареам, радувајќи се на животот

и неговата убавина

Пишува: Тања Тодоровска

Фотографија: Горан HLVK Поповски

Стилистка: Бојана Максимовска

Гардероба: MCouture by Мила Кадриу

Шминка: Јована Коциќ

28

Инспирација

29

За Рисима Рисимкин уметноста претставува живот и е нераскинлив дел и од нејзината

личност. Нашата најистакната кореографка, уметничка директорка на „Танц фест“

Скопје, уметничка директорка и основачка на „Скопје танцов театар“, најпрвин како

балерина, а денес како кореографка, создава танцова авангарда што се гледа и се

чувствува, бидејќи, како што и самата вели – танцот е чувство на слобода и убавина.

Ослободени од секакви граници кога е уметноста и танцот во прашање и љубопитни

за непосредни искуства раскажани во прво лице, барем на еден ден влеговме во

нејзиниот свет.

Инспирација

Неодамна размислував за дејствувањето на уметницитеизбор

на професија ги насочува кон поинаков начин на

живот, поинакво опкружување, секојдневие, комплетно

поразлични работни обврски од оние што работат од 9 до 5.

Во случајот на уметниците, нивниот живот е уметност сама

по себе... Кога вие откривте и сфативте дека сакате вашиот

живот да биде уметност?

Уметноста го прави животот поинаков. Да „пловиш“ во

уметничките води значи постојано да си подготвен на нови

необични предизвици, да истражуваш, да откриваш во себе

предели што претходно не си ги знаел. Во животот на еден

уметник ништо не е обично, иако и ние поминуваме низ

секојдневните ритуали, сепак разбирањето за нештата е

поинакво, па така и времето во кое работиме. За мене нема

ограничувања, нонстоп сум поврзана со мојата работа. Дури

и кога, наводно, не работам, не можам да се исклучам од

уметноста. Од најмали нозе го обожавав танцот, уметноста

е дел од мојата личност од кога знам за себе.

Прагматичарите кои веруваат дека можат да го осмислат

секој чекор што ќе го направат избираат т.н. сигурни,

стабилни работни места, што ќе бидат и финансиски

исплатливи. Се чини дека тие како да го градат мнозинството

кај нас, бидејќи и денес на занимавањето со уметност

од кој било вид се гледа како на хоби, што ќе помине во

средношколските денови или во моментот кога ќе се најде

„сериозна“ работа. Се соочувавте ли со вакви дилеми

при растењето и како ги надминавте ваквите „кризи“ при

изборот на професијата?

Да се занимаваш со уметност е привилегија. Низ животот

да те водат идеалите и соништата, а сепак да можеш да

истраеш, да опстанеш е навистина возбудливо. Таквата

одлука ми дава крилја, ми помага да ги надминам тешките

моменти, бидејќи убавината на создавањето е единствена.

Се разбира, секогаш е актуелно прашањето за егзистенцијата,

но кај мене тоа никогаш не било примарно. Мојот живот е

составен од креации, тие ме водат напред, секој нов почеток

за мене е предизвик, можност за ново создавање. Потребата

од креативност на некој начин ја совладува размислата за

исплатливост, но секако, со правилно планирање, секој може

да постигне одредена стабилност. Мислам дека квалитетот

секогаш победува и доколку го поседувате, нема шанси да

не успеете, каде и да сте. Тоа бара огромна посветеност и

многу, многу работа, но на крајот успехот е неизбежен.

Во моментот кога го напуштив Балетот при МОБ, веќе бев

дваесет и две години вработена таму. Работам од неполни

седумнаесет години, веднаш по завршување на средното

балетско училиште, станав член на балетот. По дваесет и две

години, имав потреба за нова средина и нови предизвици,

сакав да ја променам средината во која дејствувам, да

сретнувам нови луѓе и најмногу од сѐ, сакав да сум, на некој

начин, ослободена од врска со институција. Така, станав

слободен уметник.

Сега, по речиси петнаесет години, можам слободно да

кажам дека воопшто не згрешив и дека она што успеав да

го создадам во овој период се гледа преку присуството

на академијата, театарот и танчарите кои се присутни на

македонската современа танцова сцена.

Слободата во изборот на работата и неизвесноста што ја

носи таа слобода е уште еден фактор за развој на секој

уметник, бидејќи понекогаш неизвесноста ви дава друга

димензија, откривате нешта што претходно не сте ги

спознале. Пред вас се отвораат нови хоризонти, цел простор

за ново дејствување, врати што претходно биле затворени.

Влегувате во нов свет, каде што нештата добиваат друга

димензија. Тоа е голем предизвик, да се совладаат пречките,

пат што на крајот ве води до чиста креативност и уметничко

создавање. Исклучително.

Некаде прочитав дека својот уметнички живот го делите

на два дела. Првиот е периодот кога сте биле балерина, а

вториот кога станавте кореограф. Функционираат ли двата

дела хармонично, се надополнуваат или, пак, се спротивни?

Која Рисима од овие две е поблиску до вашата животна

замисла, до вашето ултимативно себереализирање?

Танцот за мене е мојот живот. Тој е дел од мене, во

секој момент од моето живеење, а почнувањето на

кореографската кариера, за мене беше пресвртница. Го

обожавам тој дел од моето уметничко дејствување, бидејќи

станав позрела и можев многу повеќе да дадам како

уметник. Кореографирањето има друга димензија, тука

вие сте комплетен креатор на целата претстава и за мене

тоа искуство со секоја претстава е ново и неповторливо. Го

сакам тој предизвик. Сепак, овие „два дела“ од мојот живот

се нераскинливо поврзани. Искуството што го добив преку

танцувањето ми овозможи да влезам на вистински начин во

кореографијата, преку која создавам свој сопствен свет во

уметноста. Воедно, ми помага при секојдневната работа со

моите студенти, кои менторски ги водам низ светот на танцот,

но се обидувам да им помогнам, да успеат да „танцуваат“ и

низ животните предизвици.

Но, дека вештите и талентирани во уметноста можат да

најдат работна позиција што е своевиден врв во професијата

доказ е и вашиот ангажман во МОБ. Па, сигурно многумина

останаа зачудени кога, како што и самата кажавте, „бев

првиот уметник од балетот кој ја напуштил сигурноста на

државното вработување“. Каде ја лоцирате причината за

ваквата промена?

31

Покрај уметничка директорка на „Танц фест“ Скопје,

вие сте и уметничка директорка и основачка на „Скопје

танцовата академија“, што е првата официјална компанија

за современ танц во Македонија и истражувачкиот центар

„Рисимкин“. Како танцувате низ сите овие улоги, со какви

предизвици се среќавате секојдневно? Што ви е показател

на успешно завршена работа?

Моите студенти и создавањето на првите современи

танчари, произведени во Македонија, популарно кажано

„made in Macedonia“, се доказ за квалитетот на работата што

ја извршувам како професор. Беше огромен предизвик во

2010 година да се основа првата академија во Македонија

(и регионот) за создавање на современи танчари –

„Скопје танцовата академија“. Таа почна со работа преку

партнерство со Ротердамската академија за современ

танц, при Универзитетот „Кодартс“ во Холандија; тоа е

академија што има околу осумдесетгодишно искуство и е

една од најдобрите на светско ниво. Во првите три години,

многу значеше поддршката што ја добивме од Амбасадата

на кралството Холандија во Македонија, но ние успеавме

да го одржиме тој квалитет до денес, што е доволен доказ

за квалитетот и успешноста на проектот. Врската со

ротердамската академија сѐ уште трае и секоја година се

продлабочува: нашите студенти одат кај нив на престој од

еден месец, нивните професори доаѓаат кај нас, на моја

голема радост, имаме интерактивна комуникација.

Најголемиот секојдневен предизвик е да се одржи

стандардот, да се работи со ентузијазам и да не се попушта

на надворешните притисоци и случувања. Ние сме компактна

средина, во која твориме и создаваме нови стандарди, што

не е воопшто лесно, но танчарите на „Скопје танцовата

академија и театар“ се веќе обучени во тој правец, а

нашите креации ги презентираме во земјава, но и надвор на

значајни фестивали. Со продукциите на „Скопје танцовиот

театар“, досега сме гостувале на сцените во Амстердам,

Хаг, Ротердам, Пекинг, Диселдорф, Келн и Санвинченто.

Преку овие гостувања, нашата работа добива меѓународна

верификација, таа е оценувана од странски уметници и

критичари, што ни дава поттик за понатамошно дејствување,

бидејќи тоа е потврда за нашиот квалитет. Моите студенти

и танчари работат со светски реномирани кореографи и

професори. Покрај Ротердам, ние имаме контакти и со

професори и уметници од школата „Џулијард“ во Њујорк,

кореографи од Јапонија и Кина, како и од други делови на

Европа. Танчарите имаат можност да се надградуваат, да

создаваат низ секојдневните активности, тие се постојано

на сцена и имаат можност да го развиваат кореографскиот

потенцијал. Активностите на „Скопје танцовиот театар“ им

даваат можност за размена на уметничка енергија и идеи со

уметници од светската танцова сцена.

Работните ангажмани ви имаат донесено многу гостувања

во странство, патувања, па дури и неколку промени на

адресите во различни држави. Од тоа ќе си дозволам

да заклучам дека сакате да патувате, но со каква мисла

заминувате, какви спомени се стремите да создадете од

нив?

Секој уметник треба да патува, да се движи, да види што

се случува во светски размери, за да може, на некој начин,

да ги одмери уметничките потенцијали и дострели. За

мене, патувањата секогаш се предизвик, заминување во

непознато, еден вид авантура, што е дел од мојата работа.

Тоа се извонредни искуства, што не се секогаш едноставни,

но мене ми овозможија да се запознам со врвни уметници

низ целиот свет, со кои сум пријател и денес, тоа се луѓе

со кои ги споделувам мислите и креативните предизвици.

Уметничкиот свет во светски рамки е прекрасен, има многу

уметници од кои можете да научите, но и вие да дадете, да

бидете пример или, пак, да создадете нешто ново. Секогаш

заминувам со позитивна мисла, бидејќи знам дека секое

патување носи нешто особено, посебно искуство, што го

надополнува светот на уметноста во кој живеам.

Потекнувате од уметничко семејство што сигурно од

најмала возраст ви влијаело на животните гледишта. Дали

и вашите деца го следат уметничкиот пат? Колку е присутна

уметноста во нивните животи?

Уметноста е присутна во нашиот секојдневен живот на многу

начини. Како што веќе рековте, од мали нозе живеам во

светот на уметноста, каде што моите родители ни поставија

стандарди во кои креативноста е примарна, додека

материјалните нешта секогаш беа во втор план. Кај нас

децата се „поделени“. Имам два сина, едниот е компјутерски

инженер, другиот изучува вајарство, а воедно работи и на

проектите на културниот центар „Интерарт“. Сметам дека

двајцата одбраа креативни професии, најважно од сѐ е тие

да се наоѓаат себеси во професијата, бидејќи тоа е нешто

што ќе го прават цел живот и, пред сѐ, треба да го сакаат.

Кога ќе погледнете наназад кон сѐ што сте оствариле

досега, какво чувство преовладува во вас? Каква е вашата

замисла за среќа?

Искрено, не се осврнувам многу често наназад. Повеќе

гледам напред, во очекување на нови предизвици. Мојата

работа ме исполнува, а семејството ме прави среќна, тоа има

огромна улога во мојот живот, поддршката и разбирањето

од сопругот и синовите ми значат многу.

А како би го дефинирале танцот? Што претставува тој за

вас? Како со зборови би му го опишале на некој што не може

да го види?

Танцот е чувство на среќа. Тој е дел од мене, целиот мој

живот е посветен на танцот. Оној што не може да го види

танцот, ќе го почувствува, бидејќи тоа е чувство на слобода

и убавина.

32

Месецов ни е роденденски, па некако сите рубрики се обоени во тој дух. Каков е вашиот

став по повод прославувањето, конкретно на родендените? Се радувате ли на секоја нова

свеќичка на роденденската торта, особено имајќи го на ум фактот што многу од жените

ја кријат таа бројка?

Да, многу се радувам! Јас сум личност која ужива во прослави, постојано сакам да се

забавувам и секој роденден го доживувам како радост. Не ги кријам своите години, им се

радувам, сметам дека тие се дел од мојата личност, ме исполнува сознанието дека стареам,

радувајќи се на животот и неговата убавина. Во принцип, не ми треба повод за добра

забава, само време, добро друштво и расположение.

Инспирација

PORTRET CAM

ГО СЛАВИМЕ ПРВИОТ РОДЕНДЕН

НОВАТА SEAT ATECA

ДИНАМИКА ВО СЕКОЈ ДЕТАЛ!

од 18.900 €

TECHNOLOGY TO ENJOY

fb.com/seatmacedonia

w w w . s e a t . m k

ПОРШЕ СКОПЈЕ

бул. Босна и Херцеговина 4, Скопје | тел: 02 26 03 770/771 | факс: 02 2603-800 | sales@porsche.com.mk

ДЕ ЛУКС - АУТО

ул. 500 бр.55, Куманово | тел: 031 444 999 | факс: 031 431 432 | info@deluxe.com.mk

СКС АУТО

бул. Гевгелија бб, Гевгелија | тел: 034 216 301 | факс: 034 216 301 | sks.auto@t-home.mk

ЈОСИФОВ

Грчки пат бб, Битола | тел: 047 241 515 | факс: 047 241 414 | seat@josifov.com.mk

НАШИОТ ПРВ

РОДЕНДЕН

Пред точно една година медиумскиот простор се збогати со магазин

единствен од ваков тип во Македонија. „Портрет“ на своите страници

низ оваа година претстави вистинска инспиративна и разновидна

содржина, посветена на најразлични теми.

Инспиративни жени на

насловната страница

476 13

Дела на

македонски

уметници и поети

14 26

Соговорници во

13 броеви

40

36

Луѓе ја раскажаа

својата интимна

лична борба

Kолумни и коментари

од нашите автори

Моќна жена во

Wonder Woman

Македонски

инстаграмџии

и нивните

фотографии

31

100

36 421

78

Лица го покажаа

својот street style

Инвентивна страница

посветена на модата

и убавината

Авторски

едиторијали

37

Портрет поддржува македонска уметност

„CONTINUUM“

ИГОР ЈОСИФОВ

38

39

Локација: Чоколатерија Чоколарт

Фотографија: Жарко Чулиќ

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

Треба да се надминат

стереотипите за поделба на

машки и женски професии

Пишува: Тања Тодоровска

Нееднаквоста на платите меѓу мажите и жените, освен што е присутна во нашата

земја, зема сѐ поголем замав, особено кај жените со пониско образование. Заедно

со Благица Петрески, која стои зад платформата за поголема родова еднаквост на

платите во Македонија, „ЕдПлаКо-Мк“, поразговаравме за причините и факторите

што доведуваат до ваквите статистики, како и за начините за надминување на

ваквата нееднаквост.

40

Истражувајќи на темата за еднаквост на пазарот на труд, односно надминување

на разликите во примањата меѓу мажите и жените, лесно се стигнува до онлајнплатформата

„ЕдПлаКо-Мк“ – алатка за поголема родова еднаквост во платите

во Македонија. Зад „ЕдПлаКо-Мк“ стои „Finance Think“, непрофитен институт за

економски истражувања и политики, чијашто движечка сила е Благица Петрески.

Благица, како дојде до создавањето на ваквата алатка, што беше повод за нејзино

креирање и дали од нејзиното создавање, па до денес можете да кажете дека ги

исполнила очекуваните резултати?

Wonder Womеn

Кога се зборува за еднаквост на половите, главно акцент

се става на еднаквата застапеност на жените и мажите.

Застапеност на раководни функции, во различни тела и

комисии, застапеност во политиката. Но, многу помалку

се зборува за економската еднаквост. Дали маж и жена

кои имаат еднакви објективни карактеристики (возраст,

образование, стаж) имаат еднаква заработувачка? И тоа,

кога се зборува за заработка, покрај основната плата,

се земаат предвид и сите додатоци што еден вработен

може да ги користи (службено возило, телефон, ручек или

патувања). Недоволната свест за разликите во заработката

помеѓу мажите и жените нѐ поттикна најпрвин да истражиме

каква е состојбата во Македонија, а потоа и да ја создадеме

веб-платформата „ЕдПлаКо-Мк“ – „Еднакви плати во

компаниите во Македонија“. Платформата „ЕдПлаКо-МК“

нуди поволности и за индивидуалните лица, но исто така и за

компаниите. За лицата овозможува мерење на објективната

плата што можат да ја заработуваат, без притоа да биде

значаен полот. А за компаниите да испитаат дали во нивните

платни списоци постојат јазови помеѓу платите на мажите и

жените. На ваков начин, очекуваме најпрвин да се зголеми

свеста на лицата колкава е нивната објективна плата, притоа

во процесот на преговарање за плата да знаат во кои рамки

да се движат, а кај компаниите да се поттикнат да бидат фер

плаќачи.

Но, дека ова истражување и веб-платформа беа иновативни

покажаа и добиените награди. За истражувањето добивме

втора награда во светот за исклучителност во истражувањето

од Глобалната развојна мрежа и јапонската влада; а за вебплатформата,

„Finance Think“ беше прогласен за општествен

иноватор во областа на родовата еднаквост од Обединетите

нации и од Министерството за надворешни работи на

Македонија и ја доби првата награда.

Статистиките се поразителни и со факти ја поткрепуваат

ваквата нееднаквост меѓу половите – жените во просек

добиваат 12,5% пониска плата од мажите, а кај жените со

пониско образование, овој процент достигнува и до 28,4%.

Што сѐ, освен образованието, влијае врз намалувањето,

односно зголемувањето на овие бројки – невработеност,

мајчинство, сѐ уште активно втемелени машки и женски

професии?...

Во студијата „Анализа на родовиот јаз во платите кога жените

се високо неактивни: Докази од повторени импутации со

македонски податоци“ (Петрески, М., Мојсовска-Блажевски,

Н., и Петрески, Б., 2014) испитуваме дали високата неактивност

на жените на пазарот на труд ги објаснува разликите во

платите. Македонија се карактеризира со висока стапка на

неактивност на жените на пазарот на труд. Неактивноста на

жените на пазарот на труд е дури 55%, во споредба со 33%

кај мажите во 2015 година. Главни потенцијални фактори

се традиционалните карактеристики на општеството,

каде што жената е во улога на домаќинка и се грижи за

обврските во домот и за одгледувањето деца; учествува како

неплатен семеен работник, особено во руралните средини;

како и долгорочна невработеност и ерозијата на вештини.

Според карактеристиките, вработените жени се со подобри

карактеристики од невработените, со поголемо искуство

и во просек се помлади и со незначително повисоко

образование. Фактот што овие жени не се вработени и не

земаат плата ја искривува сликата за родовиот јаз во платите.

Истражувањето покажа дека неактивноста на жените на

пазарот на труд објаснува најголем дел од родовиот јаз во

платите. Така, кога ќе се пресмета родовиот јаз коригиран за

неактивноста на жените, разликата во плата помеѓу мажи и

жени со исти карактеристики се сведува на 7,5%. Резултатите

покажаа дека дискриминацијата во плата помеѓу мажи и

жени се движи од 5,4 до 9,8%, а речиси и да не постои кај

високообразованите жени.

Идејата на „ЕдПлаКо-Мк“ е, освен на вработените, да им

даде насоки и можност за тестирање и на работодавците.

На кој начин е овозможено тоа? (и кај едните и кај другите)

„ЕдПлаКо-Мк“ е веб-платформа што треба да ги поттикне

компаниите да тестираат дали постојат разлики во платите

помеѓу мажите и жените во нивните платни списоци, но

исто така „Finance Think“ стои на располагање за давање

на соодветни препораки како да се надминат овие јазови.

Во моментот, „Finance Think“ има кампања преку која ги

повикува работодавачите да се пријават за да ги тестираат

платите во својата компанија. Компаниите кај кои нема да се

идентификуваат јазови ќе се стекнат со лого за општествено

одговорна компанија, што обезбедува еднакви плаќања

помеѓу мажите и жените. Логоата ќе бидат доделени на

промотивен настан, каде што ќе бидат прогласени за

работодавач кој плаќа еднакви плати на мажите и жените за

исто работно место или работно место со иста вредност. Ова

е прв настан од ваков карактер и првпат ќе биде организиран

во Македонија.

Дали лично досега сте почувствувале сличен вид

дискриминација? Како сметате дека треба да се постапи во

ваков случај?

Сум била и во улога на работник и во улога на работодавач

и директно не сум почувствувала да бидам дискриминирана.

Но, во нашето општество да бидете во „трка“ со вашиот

колега бара големи откажувања, главно од слободното

време. Секако, значајна е поддршката од семејството.

Сепак, нееднаквоста во платите е глобален феномен.

Актерката Патрисија Аркет говореше за тоа на доделувањето

на минатогодишните „Оскари“, што беше проследено со

аплауз на одобрување од нејзините холивудски колешки.

Иако е јасно дека треба да се прејде на дејствување за да

се забележат ефективни резултати, но и најмалите чекори

напред претставуваат некаков прогрес. Следствено, кои

се вашите препораки, мерки и активности што треба да се

преземат за да се стигне до посакуваната цел?

Можности и поддршка. Овозможувањето услови жената

најпрвин да биде вклучена на пазарот на труд, преку отворање

градинки за згрижување на децата, флексибилни работни

часови и можности за доедукација во рамките на работното

време се предуслов за фер третман. Дополнително,

надминување на стереотипите за поделба на машки и женски

професии и поттикнување на жените да се занимаваат со т.н.

машки професии. Но, исто така, поддршката од партнерот,

кршење на табуата дека – жената е единствено одговорна за

домот и одгледувањето на децата е многу позначајна борба

на патот за еднаква заработувачка.

41

ГО ПРОДЛАБОЧИВМЕ НАШЕТО ИСТРАЖУВАЊЕ НА ТЕМАТА НЕЕДНАКВИ ПЛАТИ МЕЃУ МАЖИТЕ И

ЖЕНИТЕ И ПРАШАВМЕ НЕКОЛКУ ЖЕНИ СО РАЗЛИЧНИ ПРОФЕСИИ, ДАЛИ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ВАКВИ

РАЗЛИКИ ВО НИВНИОТ СЕКТОР, ДАЛИ ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ДИСКРИМИНАЦИЈА МЕЃУ ПОЛОВИТЕ И,

КОНЕЧНО, ДАЛИ ЈА ПОЧУВСТВУВАЛЕ НА СВОЈА КОЖА.

Снежана Лупевска Созен,

новинарка

СЀ УШТЕ ИМА ПРЕДРАСУДИ ВО ОДНОС НА

РАБОТОСПОСОБНОСТА НА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ

За жал да, во Македонија сметам дека генерално сѐ уште

има предрасуди во однос на работоспособноста на мажите

и жените. Можеби не во секоја професија, но некои од

работодавците особено во приватниот сектор прават

полова дискриминација уште на стартот, доделувајќи

го работното место или раководната функција. На

интервјуата редовни се прашањата за семејство, деца и

планови за иднината во врска со семејството што жената

ја става во подредена позиција. Иако не постојат факти

зошто мажот би бил повеќе платен од жената и зошто

нему би му била предодредена раководна позиција,

сепак кај нас се случува само поради предрасуди да се

дискриминира женската работна сила. Никогаш лично не

сум почувствувала нерамноправност во мојата професија.

Напротив, во новинарството се покажа дека има многу

жени-репортери или уреднички, кои дури и повеќе во

кризни ситуации (војна или друга неповолност) биле

ангажирани од мажите. Во однос на платите се цени

трудот, па во новинарството, што генерално не е многу

платена професија, сепак се гледа кој е професионалец

кој не е, бидејќи е јавна работа. Сепак, вреднувањето бара

и упорност и борба за своите права на работното место

и доколку некој се чувствува дискриминиран во однос на

мажите тоа треба гласно да го каже кај работодавецот.

Се разбира, во професија како мојата тоа е полесно

одошто можеби во некоја друга. Не сум правела конкретно

истражување за да можам точно да кажам во кој сектор

има најголема разлика во примањата, но сметам дека

жените кои работат во текстилната индустрија се најмногу

дискриминирани во однос на платите. Верувам дека

поголема дискриминација постои во техничките работни

места, каде што работодавецот некои работни места ги

предодредил за мажите. Но, како што, на пример, мажите

се покажаа како одлични фризери и стилисти, зошто и

жените не би биле добро платени професионални возачи

доколку се квалификувани за тоа.

Мислам дека може да се надмине нееднаквоста по ова

прашање, но во Македонија недостигаат некои работи

за полесно да се оствари тоа. На пример, немаме добар

синдикат што би ги бранел правата на работниците –

било да се тие мажи или жени. Менаџерите не посетуваат

обуки и тренинзи во секторот за човечки ресурси за

да бидат во чекор со светските трендови и услови на

работните места. Сепак, некогаш, како што реков, зависи

и од индивидуалецот кој би требало да се бори за

своето работно место и остварување на своите права, а

тука е и вреднувањето на трудот и да не дозволи полова

дискриминација.

Индира Кастратовиќ,

спортска работничка

НАЈГОЛЕМАТА РАЗЛИКА ВО ПЛАТИТЕ ПОСТОИ ВО

УПРАВУВАЧКИОТ ДЕЛ НА КОМПАНИИТЕ

Секако дека образованието, знаењето и вештините се

примарни кога зборуваме за каква било работа, без разлика

дали се во прашање жените или мажите. Поради тоа, сметам

дека разликите во примањата не би требало да постојат

ако зборуваме за истата работа што ја извршуваат двата

пола. Конкретно, во мојата, тренерска работа, разликите

Wonder Womеn

во примањата се големи, за истото натпреварувачко ниво.

Можеби тоа се должи на поголемата заинтересираност за

машкиот ракомет, а поголемата заинтересираност значи и

поголем број спонзори. Мислам дека најголемата разлика

во платите постои во управувачкиот дел на компаниите

особено кога се работи за највисокиот дел од менаџментот

(извршни директори итн.). Сметам дека во моментов, овој

вид нееднаквост тешко може да се надмине, меѓу другото

и поради тоа што робуваме на некои стереотипи особено

кога се работи за балканските простори.

Данела Арсовска,

претседателка на Сојуз на стопански

комори на Македонија

Бисера Чадловска,

диригентка во Македонска опера

и балет

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ЗА ИСТА РАБОТА НЕКОЈ ДА

БИДЕ ПЛАТЕН ПОМАЛКУ, А НЕКОЈ ПОВЕЌЕ

Сум читала дека постои разлика во примањата помеѓу

мажите и жените, па дури и до 30 отсто, ако не се лажам,

зависи во кој сектор. Сепак, јас сум вработена во државна

установа и затоа кај нас нема разлики, дали е диригентот

маж или жена платата е иста. Од друга страна, за мене

е интересно што јас сум единствена жена-диригентка,

а мислам дека има и други области, каде што жените се

значително помалку присутни од мажите.

Колку што сум информирана, во финансискиот сектор

е најмала разликата во платите, а во земјоделскиот

најголема. Исто така, најпогодени се жените со помал

степен на образование како тие што имаат само основно

образование, а најмала е разликата меѓу мажите и жените

со високо образование. Тргнувајќи од себе, сметам дека

доколку некоја жена сака нешто да работи не постојат

доволно силни бариери, било да е сектор каде што нема

воопшто жени или, пак, тие се помалку платени. Но, надвор

од тоа исто така сметам дека во едно општество не смее да

се дозволи за иста работа некој да биде платен помалку, а

некој повеќе, по која било основа.

ПРЕД ЗАКОНИТЕ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ СЕ ЕДНАКВИ, НО

НА ТЕРЕН БРОЈКИТЕ СЕ ПОИНАКВИ

Во приватниот сектор, жените не се доволно застапени на

раководни позиции. За разлика од квотите што постојат во

политиката и во јавниот сектор, во приватниот сектор нема

гарантирани квоти и секој треба да се избори на пазарот

согласно својата компетентност и квалитет и постои

нерамноправна борба на мажите и жените. И покрај тоа

што жените се храбри и смели на раководните функции,

тие не се доволно застапени, пред сѐ поради стереотипите

и недоволната свесност во Република Македонија.

Потребно е да се најдат начини како да се поттикнат и

да се поддржат жените да стапат на раководни функции,

бидејќи ако во политиката со гарантирани квоти има 30

до 40 проценти застапеност, во бизнисот таа е од 2 до 12

проценти.

Во најголем број жените се вработени во услужната

дејност или се на пониски работни позиции од мажите и

токму тука е разликата и во примањата. Жените кои се во

бизнисот имаат добри идеи, придонесуваат во тимовите

во кои работат и повеќе емоции инвестираат во работата.

Меѓутоа, тоа е и предност, бидејќи даваат нов поглед на

начинот на кој се врши дејноста во одредена компанија.

Пред уставот и законите мажите и жените се еднакви,

меѓутоа на терен бројките се поинакви, потребно е да

се зголеми свеста за еднаквите можности. Во Сојузот на

стопански комори на Македонија, Групацијата за жени

во бизнисот активно придонесува со свои предлози

и мерки, во насока на промоција на женските идеи и

можности. Групацијата брои над 260 членови, поточно

жени на високи позиции во корпоративниот свет, но и

жени-сопственици на бизнис. Заеднички успеваме да

придонесеме во стимулирање на одредени програми

што имаат цел да ги поддржат жените во тековното

работење преку реализација на наменски обуки за жените

и имплементација на различни проекти за поддршка во

процесот на добивање на консултантски услуги и пристап

до финансии за компаниите раководени од жени.

43

ЗАШТИТЕН

ЗНАК

Кое е вашето омилено модно парче?

Фотографија: Жарко Чулиќ

Марко Марк

патики

За свој заштитен знак ги сметам спортските обувки, патиките,

зашто преку нив најдобро се отсликува мојот дух, карактерот и

личноста. Се сеќавам, во мојата најрана возраст, на возбудата

и на блескавата експресија на мојот лик, во моментот кога

моите родители, кои патуваа често, ќе се вратеа и ќе ме

изненадеа со неколку нови модели на патики. Подоцна и

мојата сестра и пријателите почнаа да ми купуваат патики за

разни пригоди, зашто знаеја колку ќе ме израдуваат. Многу

одамна трае и мојата пасија за популарните модели на Мајкл

Џордан и до ден-денес се радувам кога ќе се подновам со

некој модел на „џорданки“. И во мојот свет е нешто слично

како и кај главната протагонистка во филмот „Волшебникот

од Оз“, кога знае дека се случува магија додека ги носи оние

обувки.

Патики најчесто купувам од Скопје, со оглед на тоа што

нашиот главен град нуди навистина широк спектар и избор.

Но, секако, доколку патувам, знам да си се почестам со некој

најнов модел што го нудат европските и светските метрополи.

Мојот избор секогаш е едноставен и во поглед на боите и

во избор на моделот. Не сум љубител на пренатрупаност,

сакам да се комфорни и да ја поседуваат онаа линија или

изглед на практичност, што ќе ми овозможува да ги носам

во секој период од годината. Низ годините останав лојален

на „Адидас“ и мило ми е што овој спортски бренд секогаш,

секоја нова сезона, нуди свежина, возбуда и безброј модели

за секој карактер. Особено го сакам моделот „Суперстар“ и

сметам дека овој модел направи вистинска модна револуција,

зашто го има оној ретро-дух што кореспондира со секое

парче облека. Особено се радував на колекцијата што овој

бренд ја пласираше на пазарот во соработка со секогаш

иновативниот и одличен Фарел Вилијамс во навистина

огромен спектар на бои. Покрај „Адидас“, носам и „Најк“, „Њу

Баланс“, популарните старки на „Конверс“, за кои прочитав

интересна статистика, дека секоја 43-та секунда се продава

по еден пар од овој модел. Ги комбинирам буквално со сѐ, ги

користам за комплетирање на мојот изглед, без разлика дали

во комбинација со костум, со тренерки или со обична бела

маица и џинс.

44

45

CHASING

WINTER

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилистки: Бојана Максимовска и Ана Коцевска

Модел: Мартина Марковска

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Коса: Ѓорги Тренов, студио FRAN

Локација: Кафе бар CHE

SCOTCH&SODA фустан 6.390 ден.

PARFOIS чанта 2.190 ден.

PARFOIS чевли 2.290 ден.

46

SCOTCH&SODA елек 9.790 ден.

SCOTCH&SODA панталони 6.390 ден.

48

GUESS блуза 4.490 ден.

MANGO кратки панталони 1.490 ден.

MANGO тексас јакна 2.490 ден.

MANGO капут 7.490 ден.

SCOTCH&SODA блузон 7.490 ден.

GUESS здолниште 6.390 ден.

49

SCOTCH&SODA јакна 23.290 ден.

MANGO кошула 1.990 ден.

SCOTCH&SODA панталони 6.390 ден.

PARFOIS чевли 2.290 ден.

MANGO фармерки 2.490 ден.

PARFOIS чевли 2.290 ден.

51

Фотограф: Дарко Мораитов

Стилистки: Бојана Максимовска и Ана Коцевска

Модел: Мартина Ристеска

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

Коса: Ѓорги Тренов, студио FRAN

Локација: Park Хотел&Спа

WOMEN'SECRET градник 1.190 ден.

WOMEN'SECRET килоти 790 ден.

A

F

T

E

R

WOMEN'SECRET корсет 2.190 ден.

WOMEN'SECRET килоти 790 ден.

BATA салонки 4.990 ден.

PAPAZ фустан

LEVI'S јакна 17.890 ден.

WOMEN'SECRET градник 1.490 ден.

WOMEN'SECRET пижами 2.390 ден.

BATA салонки 4.990 ден.

GUESS јакна 12.990 ден.

WOMEN'SECRET килоти 790 ден.

BATA салонки 4.990 ден.

Портрет мода

PENNY BLACK ракавици 7.790 ден.

PENNY BLACK чанта 12.890 ден.

PENNY BLACK чизми 15.590 ден.

PENNY BLACK патики 17.199 ден.

CARPISA мали чанти 2.090 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

CARPISA златна чанта 1.790 ден.

LIU JO црно-златна чанта 7.790 ден.

LIU JO салонки 13.290 ден.

LIU JO патики 12.190 ден.

PARFOIS очила за сонце 1.090 ден.

PARFOIS часовник 2.090 ден.

Портрет мода

LIU JO златна чанта 7.790 ден.

LIU JO црна чанта 7.790 ден.

PARFOIS светкава чанта 1.390 ден.

LIU ЈО чевли 13.290 ден.

CARPISA ремен 690 ден.

PARFOIS очила за сонце 690 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

MAX&CO ремен 5.490 ден.

MAX&CO чорапи 2.390 ден.

LIU JO ракавици 8.590 ден.

MARELLA црни чизми 20.590 ден.

CARPISA кафена чанта 2.490 ден.

CARPISA сина чанта 2.790 ден.

CARPISA чадор 890 ден.

MAX&CO портокалови чизми 23.390 ден.

Портрет мода

MAX&CO сребрена чанта 20.090 ден.

MAX&CO ракавици 10.490 ден.

CARPISA тегет чанта 2.090 ден.

MAX&CO блуза 11.590 ден.

MAX&CO ремен 6.390 ден.

CARPISA црвена чанта 2.090 ден.

PARFOIS обетки 490 ден.

MAX&CO ланче 7.290 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

64

MANGO капут 9.990 ден.

MANGO фустан 2.990 ден.

MOTIVI шешир 1.590 ден.

MANGO кошула 1.990 ден.

MANGO џемпер 1.990 ден.

GUESS блуза 4.690 ден.

MANGO фармерки 2.490 ден.

MOTIVI чевли 3.290 ден.

Портрет мода

DESIGUAL капут 14.990 ден.

LEVI'S кошула фустан 5.790 ден.

DIESEL фустан 11.190 ден.

MANGO џемпер 2.490 ден.

MOTIVI панталони 3.290 ден.

MANGO ремен 990 ден.

BATA чизми 7.390 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

65

OXETTE Златен часовник 9.500 ден.

OXETTE Крем часовник 9.400 ден.

OXETTE Крем алка 3.950 ден.

OXETTE Розова алка 4.100 ден.

OXETTE Прстен 6.600 ден.

OXETTE Ланче 19.700 ден.

OXETTE Црн часовник 6.500 ден.

OXETTE Сребрен часовник 9.300 ден.

OXETTE Алки 3.600 ден.

OXETTE Зелен прстен 3.200 ден.

OXETTE Тиркизен прстен 2.850 ден.

OXETTE Ланче 8.900 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

66

MARELLA ранец 24.390 ден.

MAX&CO чанта 13.690 ден.

MARELLA ракавици 7.790 ден.

MAX&CO ремен 7.190 ден.

PENNY BLACK чевли 14.790 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

67

FLAIR сива горна тренерка 3.390 ден.

FLAIR сиви хеланки 1.090 ден.

FLAIR чорапи 270 ден.

FLAIR маица 1.290 ден.

FLAIR комплет црни тренерки 3.890 ден.

FLAIR капа 990 ден.

FLAIR шарени хеланки 1.590 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

68

SIGMA златен прстен 19.710 ден.

SIGMA златен прстен 19.710 ден.

SIGMA златни обетки 29.682 ден.

SIGMA златен приврзок 20.138 ден.

SIGMA златно ланче 11.020 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

69

Портрет убавина

СОВРШЕНО

НЕГУВАНА

КОЖА

NATURE'S КОНЦЕНТРИРАНИ КАПКИ ЗА

ЛИЦЕ СО ФИТОРЕТИНОЛ 852 ден.

Чист концентрат со уницелуларна вода со

киви за да се задржи убавината на лицето,

совршен за хидратација, нега и комфор

преку целиот ден.

EUCERIN ELASTICITY + FILLER МАСЛО ЗА ЛИЦЕ

1.500 ден.

Нежната формула што содржи масло од млечен

трн, витамин Е и масло од арган ја подобрува

еластичноста на кожата, ја прави поцврста, ја

измазнува површината и влијае директно врз

знаците на стареење.

COLLISTAR GENTLE TWO-PHASE

ОТСТРАНУВАЧ НА ШМИНКА 1.590 ден.

Безбеден и ефективен, веднаш ги отстранува

сите типови на шминка, вклучувајќи и

водоотпорна, а во исто време ја хидрира и

штити кожата. Формула со две фази што се

активира со протресување на шишето.

BIOTHERM BLUE THERAPY КРЕМ ЗА

ЛИЦЕ 4.180 ден.

Реструктуирачката моќ на кремот

ја негува кожата и брзо ги покрива

знаците на стареење. Со видлив сјај

и измазнета кожа, лицето делува

негувано и цврсто.

ESTEE LAUDER ADVANCED NIGHT REPAIR

АМПУЛИ ЗА ЛИЦЕ

Со само една ампула нанесена на

лицето навечер, кожата се буди

смирена и мазна следното утро.

Моќниот концентрат ја смирува и ја

обновува кожата на лицето, помагајќи

да се зајакне и да биде поотпорна на

надворешни влијанија и стрес.

ВЕ НАГРАДУВАME СО

Valentino Uomo EDT 100 ml. и несесер

Valentino Donna EDP 100 ml. и несесер

Ја наградуваме вашата доверба и лојалност со вредни подароци од колекцијата Valentino. Сѐ што треба да

направите е да аплицирате со испраќање на вашите лични податоци на contact@portretmag.com и со малку

среќа да бидете среќен добитник на Valentino Uomo EDT 100 ml. и Valentino Donna EDP 100 ml. и два несесери,

Најсреќниот добитник ќе го објавиме во следниот број на „Портрет“.

71

Галерија

ПОСЛЕДНИОТ ИМПЕРАТОР

ВАЛЕНТИНО

Пишува: Џејлан Рустемоска

Жените сакаат да бидат убави, тоа е првата и најважна

работа што Валентино ја знае за нив. Другото е одлука да го

посвети најголемиот дел од својот живот, правејќи ги среќни

некои од најубавите и најславни жени на светот, кои со

гордост чекорат по црвениот тепих или до олтарот облечени

во беспрекорните, елегантни и софистицирани креации на

Валентино. Да се работи цел живот она за што си сонувал

од мали нозе е редок благослов, а тој сакал да биде моден

дизајнер откако знае за себе. Роден е во Вогера, мало гратче

северно од Милано во 1932 година. Уште како дете има око

за убави нешта, а и среќа да се роди во семејство кое ќе му

овозможи да биде секогаш беспрекорно облечен. „Многу

бев разгален, секогаш носев обувки изработени по нарачка“,

вели Валентино Гаравани, сеќавајќи се на своето детство.

Откако во Милано посетува школа за скицирање, на само

17 години ја напушта Италија и се преселува во главниот

град на модата, Париз. Го продолжува своето образование

на престижната париска школа за креатори, а победата на

конкурсот на Меѓународниот секретаријат за волна ќе му

ги отвори вратите на некои од најреномираните француски

модни куќи во педесеттите години на минатиот век. Жан

Дасес е воодушевен од брзината со која Валентино ги

завршува цртежите и го вработува како асистент во неговата

модна куќа. Покрај дневните работни активности, секое

слободно време го користи за скицирање. Токму во овој

период се раѓа неговата опседнатост со црвената боја, онаа

посебна нијанса на црвено помеѓу кармин и портокалово,

што денес го носи токму неговото име: „rosso Valentino“

(Валентино-црвена). Магијата се случува при една посета на

Операта во Барселона: во неговата имагинација оперската

сцена се претвора во модна писта, а во црвените костими

на оперските пејачи оживуваат неговите креации. Сонот за

некоја година ќе стане реалност. Во 1955 година се префрла

во ателјето на Гај Ларош. Во годините што ги поминува во

Париз учи многу, но заработува малку: „Мојата плата беше

смешна. Родителите ми праќаа пари, постојано бев шворц“.

Во 1957 година, кога веќе чувствува дека ги открил тајните

на занаетот, одлучува да се врати во Рим, каде што и овој

пат со финансиска помош на семејството го отвора првото

самостојно ателје. На почетокот не успева да продаде

ни едно парче, но не се обесхрабрува. Во овој период го

запознава Џанкарло Џамети, студент по архитектура, кој ќе

стане негов најдобар пријател, животен партнер, поддршка

и глава на бизнисот. Пет години трпение и напорна работа и

успехот е неизбежен. Доаѓа во 1962 година, кога Валентино

го одржува своето прво модно шоу во Палатата „Пити“

во Фиренца. Светот конечно дознава за него, печатот е

преплавен со позитивни критики, а меѓународниот моден

72

крем полудува по неговите креации. Бела, црна и неговата

препознатлива црвена се боите на безвременските тоалети

што го носат неговиот потпис. Шеесеттите Валентино ги

истакнува како неговата омилена модна деценија, кога

крeациите доживуваат своевидна револуција: тие се

извонредни, но не и претерани. Во овие рамки се случува и

неговиот најголем успех, модното шоу од 1967 година, кога

Валетино ја лансира неговата „Бела колекција“. Во периодот

кога модниот пазар е обоен во смели и фанки нијанси, тој

храбро ја изработува целата колекција во различни нијанси

на бело. Шоуто доживува невиден успех, а Валентино ја

добива престижната награда за дизајн „Ниман Маркус“.

Неговата модна куќа прераснува во империја. Славата и

добрите гласини во некоја мера се должат и на неговата

пријателка со беспрекорен стил, Џеки Кенеди, која премина

во Оназис облечена во креација на Валентино изработена

од тантела со боја на слонова коска. Настанот осамнува

на сите насловни страници, а името на Италијанецот кому

Џеки му ја довери својата венчаница добива статус на

вистинска икона. Листата на „богати и славни“ приврзаници

на брендот „Валентино“ е многу подолга и ги вбројува

некои од најубавите жени на светот како Елизабет Тејлор,

Софија Лорен, Грета Гарбо, Џулија Робертс, принцезата

Дајана и продолжува до бескрај; речиси да не поминува

црвен тепих без креација на Валентино. Цветни детали,

животински принтови, геометриски форми, плисе парчиња

и елегантни тантели се дел од елементите што Валентино

вешто ги комбинира, градејќи го својот препознатлив стил;

едноставен, а толку посебен. Во седумдесеттите ја дизајнира

и првата прет-а-порте колекција.

Пред крајот на осумдесеттите, империјата Валентино

се проширува со синџир бутици во САД и Јапонија.

Следните освоени парчиња од светот се Блискиот Исток,

Азија и нови делови од Европа. Неговите креации низ

годините остануваат романтични какви што ги сака тој,

со извонредни линии и внимателно избрани детали. По

40 години неуморно војување, во 1998 година ја продава

својата модна куќа на HdP, што во 2002 година ќе ја предаде

на Марцото, брендот лидер на текстилната индустрија во

Милано. Валентино Гаравани останува креативен директор

на модната куќа сѐ до крајот на 2007 година, кога по

половина век служба на убавината и модата официјално

го најавува своето пензионирање. Неговата последна хот

кутур ревија се одржува во Париз, во јануари следната

година. Заминувањето од модната сцена е прославено со

документарецот што е ретроспектива на неговиот живот и

кариера со наслов „Последниот император“ („Valentino: The

Last Emperor“, 2008). Дебитира најпрвин на Венецискиот

филмски фестивал, а подоцна поминува мошне успешно и

во киносалите во САД.

И се разбира, „Валентино“ не е само хот кутур и прет-апорте,

еднакво е и трагата што останува во воздухот по

секоја капка од парфемите од линијата на „императорот“.

Приказната почнува во 1978 година, кога првиот женски

парфем е претставен во Театарот „Шанзелизе“. Со истото

мајсторство со кое ги крои парчињата облека, тој им дава

живот и на мирисите што создаваат магија, за неа и за него.

Моќни композиции од ноти што низ годините еволуираат за да

му прилегаат на современиот маж, вљубеник во елеганцијата

и стилот, како и да ги отсликаат слободоумните, заводливи

и страсни жени-приврзанички на „Валентина“. Нејзиното

најново лице е „Valentina pоudre“, тоалетната вода што умее да

ја облече кожата, создавајќи необична „тантела“, невидлива,

но сензуална, недопирлива, но препознатлива. Создадена

е со акорди на теракота во прав и кремава комбинација

од перуника и тубероза, длабоко испреплетени со ноти

на ванила и сандалово дрво, за деликатен, а истовремено

смел мирис. Препознатливото тридимензионално шишенце

со цвет овој пат е во необична nude нијанса што открива

што претставува „Валентина“: втора кожа за која сонува

секоја жена, материјализација на најпрепознатливите

карактеристики на брендот „Валентино“: романтичност,

женственост, софистицираност.

73

MISSLYN HIGHLIGHT & CONTOUR

СТИК ЗА КОНТУРИРАЊЕ 490 ден.

Двојна формула за контурирање и

осветлување што дава совршен тен

во само два лесни чекора.

ПРАЗНИЧНИ

НОВИТЕТИ

Периодот на празници значи и период за подароци. А што е подобро

од нов кармин, маскара, нови сенки за очи, подлога за шминка или

крем за лице? Подарете си себе или на своите блиски некои од

следниве новитети за поубави празнични денови.

NATURE'S BEAUTY NECTAR

ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ 500 ден.

Дневен ритуал што нуди

релаксација и освежување

под туш или во топла бања.

RADIANT STUDIO PERFECT МАСКАРА 600 ден.

Совршена за дополнителна должина и

волумен на трепките.

RADIANT MATT

ДОЛГОТРАЕН

КАРМИН 600 ден.

Мат финиш и боја

што трае подолго.

74

AVON MAGIX PRIME AND

SET SPRAY 329 ден.

Фиксатор за шминка

Спрејот брзо се суши

и е безбоен, а може да

се користи пред да се

нанесе шминка или по

нанесувањето.

CLINIQUE PEP-START HYDROBLUR

КРЕМ ЗА ЛИЦЕ 1.576 ден.

Без масла, овој хидратантен крем

ги покрива несовршеностите на

лицето и обезбедува целосна

хидратација.

AVON MAGIX FACE PERFECTOR

ПОДЛОГА ЗА ШМИНКА 359 ден.

Може да се користи и како подлога

за шминка, но и самостојно за да

се покријат несовршеностите на

лицето, вклучувајќи ги и порите и

брчките.

НАЈСВЕЖИТЕ BEAUTY

ТРЕНДОВИ ВО

СЕЗОНАТА СО LANCÔME

Дознајте кои се најновите мејкап-трендови и задолжителни

производи за сезоната што следува во beauty интервјуто со

регионалната мејкап-артистка за Lancôme, Ивана Лисак.

Ивана, повеќе од 15 години секојдневно создавате

уметност во светот на козметиката и шминката. Што

особено се истакнува во последните 14 години, колку

што работите за луксузниот бренд Lancôme? Што ја прави

вашата работа возбудлива, интересна, несекојдневна?

Дали се тоа новите производи, новите формули или, пак,

трендови, на пример?

Lancôme како бренд сам по себе е голема инспирација. Сѐ

уште се радувам на секој нов производ, бидејќи тоа секогаш

е причина за добра игра, кога е во прашање мејкапот.

Токму во однос на трендовите – што според вас е пресудно

за одреден мејкап изглед или производ да стане тренд, хит

за сезоната? Кој или што е најзаслужно за наметнување на

актуелните трендови?

Со интернетот и социјалните мрежи се промени сѐ. Сѐ

уште ги следиме големите светски модни недели, славните

креатори и нивните модни ревии, бидејќи трендовите таму и

почнуваат. Но, сега, во рок од 24 часа знаеме што всушност

се случува на некоја модна недела, додека некогаш бевме

принудени да го чекаме објавувањето на следниот број на

модните магазини. И уште кога на овој супер брз проток

на информации дополнително ќе ги додадете блогерите,

влогерите, ИТ-девојките... Трендовите сега доаѓаат од

очигледни и не толку очигледни извори, но особено ми е

драго зајакнувањето на „уличната мода“ , бидејќи тоа се

реални жени кои ја носат шминката на свој начин, а тоа

секогаш е најубаво.

Велат дека најкорисните совети доаѓаат од

професионалците. Токму затоа, кои се вашите предлози

за дневен, односно вечерен изглед за сезоната есен/зима

2016/17? Кои се производите што се едноставно must haves?

Кои нијанси и бои се носечки?

Црниот ајлајнер е голем тренд веќе неколку сезони, ајлајнерот

Grandiôse е „must have“ за едноставно постигнување на

посакуваниот изглед. Усните во црвена боја се во тренд, од

светла боја на цреша до боја на вино, сјајни или мат, сето тоа

може да се најде во новата линија на кармини L'Absolu. За

моја голема среќа, трендот што повторно се врати се сјајните

и светкави сенки за очи, што одлично се приспособуваат

за претстојната сезоната на забави и прослави. Можеби

најголемо изненадување на сезоната е сината сенка.

Која е тајната во креирањето на долготрајна шминка што

нема да направи чувство на тежина на лицето?

Квалитетни, правилно одбрани производи се основа за

секој добар „мејкап“. Друга важна работа е техниката на

нанесување, со основно правило дека со нанесени повеќе

тенки слоеви лицето секогаш изгледа поприродно и фино

прекриено, отколку еден дебел слој. Лично, не верувам во

фиксатори што не функционираат еднакво на сите типови

кожа, бидејќи за добар и долготраен „мејкап“ сепак е

потребно време и вештина.

За квалитетните козметички производи и формули не постои

нешто како хит за само една сезона – тие се безвременски.

Според вас, кои производи влегуваат во оваа категорија

на класици. Што задолжително треба да го поседува една

негувана, самоуверена жена?

Она што го слушам кога разговарам со жените за нивниот

„мејкап“ е дека речиси на сите најважна им е течната пудра

и маскарата. Црвениот кармин им е неизбежен за секој ден

или за свечена пригода. Со црниот молив за очи можат да се

изведат чуда, од „smokey eyes“ до ајлајнер.

За крај, кои се вашите омилени производи од Lancôme, што

секогаш ги имате во вашиот козметички несесер?

Секогаш со себе имам Genifique, покрај тоа што го користам

како серум, одличен е за освежување на лицето во текот на

денот. Често го натапкувам врз „мејкапот“ за постигнување

на осветлувачки ефект. Маскарата Definicils сѐ уште е

мојата омилена. Поради лесното нанесување и користење,

воодушевена сум од сите нови производи „Cushion“, oд Teint

Idole Cushion пудрата, преку Blush Subtil Cushion руменилото,

па сѐ до Juicy Shaker сјајот за усни.

Портрет убавина

COACH - COACH

EDP 50 ML.

4.340 ДЕН.

JEAN PAUL GAULTIER - CLASSIQUE PREMIUM EDP 50 ML. 4.750 ДЕН.

PACO RABBANE- LADY MILLION

PRIVE EDP 50 ML. 4.780 ДЕН.

MICHAEL KORS - MIDNIGHT SHIMMER EDP 50 ML. 4.169 ДЕН.

KENZO- JEU D'AMOUR L'ELIXIR EDP 50 ML. 5.020 ДЕН.

ESTEE LAUDER - MODERN MUSE LE ROUGE

GLOSS EDP 50 ML. 4.924 ДЕН.

LANCOME - LA NUIT

TRESOR EDP 50 ML.

5.100 ДЕН.

BURBERRY- MY

BURBERRY EDP 50 ML.

4.507 ДЕН.

76

Портрет убавина

ДАНА СТОЈКОВА, НАЦИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА AVON ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА ЦРНА ГОРА

ОСНОВНА ЦЕЛ НИ Е ПОДИГАЊЕ

НА СВЕСНОСТА ЗА НАЈГОРЛИВИТЕ

ПРОБЛЕМИ НА ЖЕНИТЕ

Розовата панделка и сината линија на производи на компанијата AVON се поврзани со борбата со едни од најголемите проблеми

на жените во општеството, ракот на дојката и домашното насилство. Дана Стојкова, национален менаџер за продажба на AVON за

Македонија и за Црна Гора, вели дека како општествено одговорна компанија нивниот мотив е да се подобри животот на жените.

Вашата општествена одговорност е на високо ниво повеќе

години, а освен добропознатата кампања за борба против

ракот на дојка во Македонија, годинава се осврнавте кон

помош на жртвите на домашно насилство. Каде се корените

на хуманитарната дејност на компанијата, кои се целта и

мотивот?

AVON ја почна својата филантропска историја уште во

1955 година, кога е формирана

првата фондација што ги третира

најгорливите проблеми на жените,

ракот на дојка и домашното насилство.

Мотивот е едноставен, во срцевината

на нашата компанија е да работиме на

подобрување на животот на жените не

само преку зголемување на финансиска

независност туку и околу проблемите

што долго време претставуваат табу

теми и беше срам да се говори за нив.

Токму минатиот месец беше посветен

на подигнување на свесноста за

домашното насилство. Овој проблем

се смета за поопштествен, во кој е

потребно вклучување не само на

поблиското семејство на жртвата туку

и на институциите и сите кои гледаат

дека се случува тоа. Која е мисијата

што сакате да ја постигнете вие?

Со кампањата имаме поставено три

основни цели. Првата е да се развие

свесноста дека домашното насилство е

проблем што не треба да се игнорира

и потребно е жртвите да знаат дека

не е нивна вина и да почнат да бараат

помош. Втората, преку кризниот центар „Надеж“, е да

се помогне во првиот момент кога жртвите ќе побараат

прибежиште. Третата е од поширок социјален аспект,

да ги поттикнеме и комерцијалниот и државниот сектор,

дека заедно можеме ефикасно да се справиме со овој

проблем. Според податоците на кризниот центар, годишно

официјално се пријавуваат околу 1.000 случаи на домашно

насилство. Неофицијалната бројка е петпати повеќе. Тоа се

5.000 страшни ситуации или 15 дневно со кои се соочува

земјава. Од нив, 78 проценти се врз жени, а преку тоа и врз

децата во тие семејства.

Со години вложувате и во кампањaта за борба против

ракот на дојката, ја кревате свеста за оваа болест. Како сте

задоволни од досегашните резултати?

Фактот дека сме првата компанија што јавно почна уште

пред десет години да го третира ова прашање нè прави

исклучително горди. Особено нè радува што сега има

реалност со многу поголема свест за оваа проблематика,

нè одликуваат голем број на преземени

активности и имаме донирано 3.000.000

денари за оваа кауза. И понатаму ќе

продолжиме да работиме со полна

пареа.

Во 2006 година, заедно со здружението

„Борка“, ја отворивте единствената

бесплатна СОС-линија за совети и

информации во борбата со ракот на

дојката. Како ја оценувате успешноста

на бесплатната телефонска линија

досега?

Голем број жени имаат побарано совет

што значи дека проектот ја остварува

својата функција. Едукацијата значи

многу кога станува збор за овој

проблем и СОС-линијата го овозможува

токму тоа. Мислам дека со линијата

направивме уште едно мало, но значајно

поместување на состојбата на подобро.

Донации, посебна палета на козметички

производи, симболи за борба против

ракот на дојката и домашното

насилство, но и соработка со јавните

личности, се дел од вашите активности

за кампањите. Што би порачале на тие што на некој начин се

дел од тие борби и проблеми?

Би наспоменала дека преку производите што се наменети за

поддршка на овие две кампањи, розовата панделка за борба

против ракот на дојка и сината линија против домашно

насилство, AVON не заработува ништо, сите приходи од

продажбата се наменети за донации. На кој било што се

соочува со рак на дојка или со домашно насилство би

порачала, побарајте помош! Не сте сами во оваа битка и

нема зошто да чувствувате вина или срам. Има луѓе околу вас

кои се подготвени да ви помогнат во тешките мигови.

78

79

Портрет убавина

20

години

Во знакот на примарната нега

Дваесеттите се деценија што е најважна за нега на кожата и на телото. Како ќе ја негувате кожата во оваа

деценија ќе се одрази понатаму во текот на годините. Токму ова е период да се создадат вистински и здрави

навики, секако без претерување и често користење на непотребни козметички производи. Иако нивоата на

протеинот колаген и на хормонот естроген сè уште се високи, што предизвикува кожата да сјае, да биде

блескава и затегната со изедначен тен, сепак најчеста во овој период е појавата на таканаречените „возрасни

акни“ (adult acne), особено околу месечниот циклус. Зголемени пори, помрсна кожа и исфрлање со акни околу

брадата за време на циклусот се најчестите промени на кожата во дваесеттите години од животот. Освен тоа,

ноктите стануваат покршливи во овој период и ако претходно сте имале подолги и поцврсти нокти, сега е

можно да растат побавно.

Нега со витамини и природни состојки: Хидратацијата е најважна во овој период за вашата кожа. Производи

со благи состојки што ја врзуваат водата во кожата, како што е хијалуронската киселина, се ефикасни, а не ги

затвораат порите и помагаат да се задржи влажноста. Освен тоа, препорачливо е и да се користат кремови

за сончање со фактор 15 или 20, како и производи што содржат мед, но и домашни маски од природен, сиров

мед, бидејќи помагаат во борбата со акните. Витамините Д и Е, како и цинкот и железото, пак, помагаат за

растот на косата и ноктите.

80

Портрет убавина

30г одини

Со фокус на првите линии и брчки

Во триесеттите се случуваат промени на телото што едноставно стануваат сè повидливи со текот на годините.

Со поголема возраст се произведува сè помалку колаген, а резултатот на тоа се првите брчки. Видливи се

поочигледни траги од линии на челото и околу очите, почеток на појава на дамки, како и поголема изложеност

на воспалителни состојби на кожата заедно со првите бели влакна и намалување на естрогенот, а со тоа и не

толку блескава кожа. Промена на производите што се користени во текот на претходната деценија може да

помогне против овие појави, особено посилна ноќна нега, кога кожата природно се обновува и се одмора.

Од триесеттата година се намалува способноста на кожата да ја задржува водата како резултат на загубата на

хијалуронската киселина природно присутна во организмот, па затоа се препорачуваат производи за нега што

содржат токму хијалуронска киселина. Бидејќи во овој период кожата го намалува лачењето на маснотиите,

таа станува посува, пука и се појавуваат првите брчки.

Нега со витамини и природни состојки: Ексфолијација на кожата, односно отстранување на мртвите клетки

со разни маски е тоа што може да помогне за посјајна и поцврста кожа. Исто така, витаминот А помага за

обновување на колагенот и за да се измазнат брчките и линиите. Производ што е богат со витамин А, но и Д и

Е, е авокадото што во комбинација со есенцијални масла се бори и против црвенилото и ја хидрира кожата.

81

40

години

За подлабока нега

За време на оваа деценија може да се очекува помалку цврстина, еластичност и влажност на кожата и косата.

Посува кожа, повидливи брчки и линии, како и капилари и дамки, се меѓу најмногу набројуваните промени

на кожата во текот на четириесеттите. Средината на четириесеттите е период кога хормоните естроген и

оестроген буквално „се гасат“. Токму затоа се забележува и позбрчкана и растегната кожа на вратот и на

градите. Послабото производство на себум во кожата на оваа возраст значи дека таа е поизложена на промена

поради надворешните состојби, како загадување на воздухот или задушливи простории.

Од четириесеттата година се намалува и производството на колаген и еластин и кожата почнува полека да ја

губи еластичноста. Ова е важно да се знае заради обезбедување хидратација на кожата навечер и наутро, со

додавање состојки таканаречени пептиди што ја поттикнуваат синтезата на колагенот.

Нега со витамини и природни состојки: Здравиот начин на живот, вежбањето и помалку кафе, алкохол и

зачинета храна помагаат во кој било период, а тоа се гледа и на кожата. Есенцијално масло од лимон и масло

од арган помагаат за изедначување на тенот на кожата, но и за помалку брчки и за отстранување на мртвите

клетки.

82

50г одини

Против клучните знаци на стареење

Жените што влегуваат во менопауза во овој период чувствуваат жешки бранови, потењето е зголемено, а

енергијата е помала. Сето тоа се одразува и на кожата на лицето, вратот, деколтето, дланките... Пигментација

на кожата, како и дамки можат да се појават на грбот, рацете или лицето. Таканаречените пајак-вени се

често знак за оштетувања од сонцето. Порите уште повеќе се зголемуваат, бидејќи кожата е поопуштена и

дехидрирана. Клучните знаци на стареење се повеќе брчки околу очите, а можна е и појава на кесиња под

очите и набори околу усните. Загубата на колаген, пак, предизвикува поопуштена и растегната кожа.

Нега со витамини и природни состојки: Ретинолот, пептидите и моќните хидратантни кремови помагаат да се

обноват клетките и да се задржи колагенот подолго. Особена ноќна и дневна нега на лицето со хидратантни

маски за задржување на влажноста можат да помогнат да се намали видливоста на знаците на стареење.

Физичката активност и квалитетниот сон, како и доволно количество вода, се дел од сечија препорака,

особено за време на менопаузата. Внесување калциум и витамин Д, како и омега-3 и омега-6 масни киселини

помагаат за намалување на првите знаци на менопауза.

Центар за естетска

козметологија Prive

Вашата кожа ќе

ве претставува

уште долго време

Почна ерата на

anti-aging медицината

Секојдневното наоѓање нови начини за подобрување

на целокупната благосостојба на телото и на умот не

престанува да биде актуелна и во тренд. Научниците и

истражувачите посветено работат на откривање пристапи и

методи за продолжување на животниот век, одржување на

доброто здравје, младоста и убавината. Со зголемувањето

на просечниот животен век, истражувачите ги зголемуваат

и очекувањата за нормално, непречено функционирање

и здрав и убав изглед и во зрелите и подоцнежни години

од животот, потенцирајќи ја важноста на здравиот начин

на исхрана, редовната физичка активност, како и негата и

соодветната естетска козметика.

Поддржувајќи ја anti-age гранката, центарот за естетска

козметологија Prive сериозно се посвети на овој проект за

постигнување на подобро здравје и поубав изглед, нудејќи

индивидуален пристап и медицински базирани програми,

согласно потребите и желбите на секој клиент. Центарот

за естетска козметологија Prive располага со најсовремена

и медицинска сертифицирана технологија што се користи

исклучиво во дерматолошките центри во светот, а дава

гарантирано најдобри резултати во решавањето на

естетските несовршености.

Иновација во

преобликувањето

на телото со научно

докажани ефекти

Главниот атрибут на центарот Prive е ладниот ласер Zerona,

своевиден метод на неинвазивна липосукција, што

претставува лидер на светско ниво во редукцијата на

масните наслаги и намалување на обемот и телесната маса.

Станува збор за ексклузивна процедура што во комбинација

со другите апарати и препарати во центарот, дава одлични

резултати кај повеќе од 90% од корисниците. Намалувањето

на стомачната маснотија со користење на ласерот LLT Zerona

е метод регистриран во рамките на Управата за храна и

лекови во САД (FDA), како лековито средство за третирање

на метаболички синдром што се јавува како последица

на инсулинска резистентност и абнормална функција

и насобирање на масното ткиво. Ризични фактори за

настанувањето на синдромот се генетското наследување,

лошата исхрана и недоволната телесна активност. Со

користењето на овој метод, докажано се намалува

резистенцијата кон инсулин, се зголемуваат факторите на

раст (хормоните) и се намалува холестеролот.

Резултатите по една серија (пакет третмани) со оваа

процедура се драстично намалување во обем кај третираниот

регион, што секако резултира со уште поголеми ефекти

доколку корисникот се придржува кон пропишаните правила

и здрав начин на живот. Кај повеќе од 80% од корисниците

84

се намалени од 6 до 11 сантиметри на само еден регион од

телото, што заедно со желбата за поубаво обликувано тело

е важен мотив за почнување и продолжување на третманот

за успешно топење на масни наслаги и целулит со ласерот

Zerona.

Грижа за секој дел од

телото

Центарот за естетска козметологија Prive работи по светски

стандарди од кои гарантирано се добиваат позитивни

резултати за подмладување, подобрување на фигурата

и губење на масните наслаги и, секако, подобрување на

сеопштата здравствена состојба на корисниците. Prive се

наоѓа на булеварот „Илинден“ 107 и работи со претходно

закажување термини за естетските процедури. Контактирајте

ги на телефонскиот број 02 / 3115-400, на нивната страница

„Фејсбук“: Prive – Beauty Lounge или на www.prive.com.mk.

Целокупната нега, освен негата на тело, подразбира и

негувано лице, за што науката врши еднакво бројни и

иновативни истражувања. Во таа насока, Prive употребува

серија на врвни дермато-естетски техники и медицински

апарати за лице, спојувајќи најнапредни терапевтски

процедури што претставуваат синергија што води до

неверојатни измазнувачки ефекти на лицето и телото.

Дијамантската микродермоабразија, радијалната

ендодермотерапија, радиофреквенцата, крио-терапијата и

кислородната мезотерапија како замена за ботокс со чист

молекуларен кислород, се неинвазивни естетски процедури

што се користат за стимулација на колагенот и еластинот на

кожата, за поттикнување раст на нови клетки во епидермисот,

затегнување на тонусот на мускулатурата, топење на масните

наслаги за крајниот ефект да биде видливо измазнување на

брчките и младешки изглед на кожата и обликот на телото.

ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ПРЕДНОВОГОДИШНАТА ПОНУДА ЗА

20% ПОПУСТ НА ТРЕТМАНИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ PRIVE.

*Вредносниот ваучер е за еднократна употреба.

85

Портрет поддржува македонска поезија

Пареа

Ти ја цртам насмевката

со крв од спомени

- речиси јаве е.

Низ плач и бакнеж

ти ги отклучувам очите

и мигум

отаде небесата

намигам со ѕвездена игра.

Сета тага на оној свет

облак е од сите детски желби

испиени од тишина

која и животот го мрзне

за да стане пареа.

Стефан Марковски

од „Ин Номине“ - Македонска реч, 2016 г.

86

87

Семеен портрет

СРЕЌНО НЕВЕНЧАНИ

Пишува: Џејлан Рустемоска

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА ГОЛДИ ХОУН И КУРТ РАСЕЛ

Во Холивуд, каде што браковите се многубројни како и

филмовите, но минливи како годишните времиња, љубовта на

Голди Хоун и Курт Расел е вистински евергрин. Триесет и три

години по ред тие одлучуваат да траат, без бурми, потписи и

врамени фотографии од свадба што ќе ги потсетуваат дека

така треба да биде, едноставно избирајќи се еден со друг

секој нов ден. Денес се речиси во нивните седумдесетти,

но изгледаат подеднакво романтични и блиски како на

фотографиите од раните почетоци. Единствена двојка од

ваков вид, тие се вљубените „бунтовници“ од Холивуд.

Првпат се среќаваат во далечната 1968 година. „Пресладок,

но малечок“ е коментарот на Голди, помалку разочарана

од сознанието дека не смее да се затреска во Курт Расел

кога првпат го запознава на сетот на мјузиклот „Еден

и единствен, оригинален, вистински семеен бенд“. Toj

има само шеснаесет години и глуми откако знае за себе.

Десетина години наназад игра улоги во семејните филмови

на Дизни. Иако премлад, умее да го забележи во Голди

истото што ги излудува и другите мажи. Таа има дваесет и

една година и по повеќегодишната кариера како танчарка

си ја испробува среќата на полето на филмот, најчесто

играјќи во комедии. Нејзината улога во мјузиклот е кратка

и споредна. Приземна и самокритична, за себе смета

дека не ги исполнува класичните канони за холивудска

убавина, а и нема превисоки очекувања од својата филмска

кариера. Еве како се опишува себеси: „Имам преголеми очи,

сплескан нос, неправилни уши, преголема уста, а премало

лице. Да не зборуваме за глуждовите, толку слаби што

морам да носам по два пара чорапи за да не привлекуваат

внимание“. Но, нејзината спонтана појава, продорните сини

очи и зашрафена насмевка, смислата за хумор, ведрината и

леснотијата со која ги игра како своите улоги, така и животот,

ќе ја направат една од највпечатливите и најнеодоливите

актерки на нејзиното време. Како и да е, за Курт Расел е

прерано да ѝ биде љубов. Искрите завршуваат со снимањето

на филмот, а тие имаат пред себе цела кариера за градење и

уште многу срца за освојување.

Велат дека ако две риби треба да се сретнат, џабе му е

на морето да е и стопати поголемо. Тогаш, што останува

за Холивуд?! Петнаесет години подоцна, по многубројни

успешни улоги, по некој неуспешен брак (два нејзини, еден

88

негов) и вкупно три деца (две нејзини, едно негово), патиштата повторно им

се вкрстуваат. Некои тоа го викаат судбина, а нивната им дава втора шанса.

Голди на големо задоволство открива дека тинејџерот кој го запозна пред

петнаесет години израснал во атлетски граден, шармантен маж, успешен

актер, миленик на женската публика. И таа стигна далеку со својата кариера,

сега е реномирана актерка со многубројни признанија и најпосакуваната

статуетка во својата витрина. Овој пат тајмингот е одличен, а поводот е филмот

„Дополнителна смена“. Иако Курт не е воодушевен од сценариото на оваа воена

драма, повеќе од воодушевен е од идејата повторно да игра покрај Голди. Ја

прифаќа улогата и веднаш се навлекува на нејзиниот весел дух, сака постојано

да ја има во близина. По три недели снимање ја кани на игранка со изговор

дека сака да го научи да танцува џитербаг. Очигледно нему не му пречат ни

крупните очи, ни слабите глуждови. Колку научил да танцува не знаеме, но дека

Голди ќе му стане партнерка за секој следен танц, тоа сме сигурни. Постои

само едно правило: без ветувања. Ветувањата ја ограничуваат слободата и се

трауматични кога се прекршени, исто како нивните претходни бракови. Иако

ја заобиколуваат свадбата, набрзо почнуваат да го градат својот заеднички

дом. Стануваат вистинско семејство. Ги спојуваат децата од нивните претходни

бракови. Тој има еден син, Бостон, а Голди од вториот брак ги има синот Оливер

и ќерката Кејт Хадсон. Три години подоцна доаѓа на свет и последниот член

на семејството, нивниот прв заеднички син, Вајат Расел. Набрзо избираат

безбедно и мирно место во кое ќе ги израснат нивните деца и ќе уживаат во

нивната приватност, далеку од љубопитните очи на папараците и брзите ритми

на големите градови. Својот семеен рај го наоѓаат во Онтарио, Канада, во

идилична дрвена колиба, опкружени со езерце и борова шума. Го минуваат

времето во ловење риба, кајакарење, долги прошетки во природа. Паралелно

се посветени и на нивните кариери. Независни еден од друг, а секогаш присутни

во секојдневието на партнерот. Уште еднаш ќе играат заедно во романтичната

комедија „Overboard“, еден од безвременските филмови за љубителите на овој

жанр.

Како што минува времето, светот не престанува да се прашува кога оваа

двојка ќе го каже толку очекуваното „да“. Одговорот на Голди е едноставен.

„Се сакаме. Точка. Се будам среќна покрај Курт секое утро. Тој ми носи кафе,

јас го бакнувам. Така ни почнуваат деновите. Просто е.“ Не си поставуваат

прашања до кога ќе трае, дали ќе трае. Особено Голди, чијшто дух не го собира

во стапица. Покрај Курт е слободна. Може да си оди кога и да посака, а сепак

одлучува да остане и да даде сѐ од себе. Некои го викаат лудост, за Голди и Курт

токму тоа е љубов.

Годините минуваат брзо и лесно. Нивните деца се веќе возрасни. Курт и Голди

со ентузијазам присуствуваат на нивните венчавки, но ни на крај на памет не им

паѓа да ги имитираат. Добиваат нови улоги, веќе се баба и дедо на пет внуци.

Брчките на Голди, обелената брада на Курт, сѐ е дел од приказната. Сепак, духот

не старее, бакнежите не стануваат поретки, држењето за рака не здосадува,

кратките авантури и романтични бегства продолжуваат. Ја негуваат љубовта за

да трае, дури и по триесет и три години. Која е тајната?! Според Голди, нивната

е тоа што никогаш не се венчаа. Но, секој треба да ја пронајде својата.

89

П Р А В И Л Н А

ХРОНО

К О М Б И Н А Ц И Ј А

ИСХРАНА

О Д

П Р О Д У К Т И

Хроно-диетата, односно начинот на исхрана што скоро и воопшто не ограничува внес на

продукти во организмот, стана популарна последниве години, токму поради флексибилноста

во начинот на исхрана. За разлика од рестриктивните диети за брзо слабеење, што бараат

откажување од многу продукти, за овој начин на исхрана е карактеристична правилна

комбинација од разна храна во одредени временски периоди. А и нема откажување од чоколадо,

што е дополнителен мотив диетата да се воведе во секојдневната исхрана. :)

ПОТЕКЛО И ПРИНЦИПИ НА ДИЕТАТА

Првиот принцип на хроно-исхрана ја има осмислено доктор Ален Делабоа, француски

нутриционист од осумдесеттите години на минатиот век, што се заснова на почитување на

законитостите на природниот ритам на лачење на хормоните и ензимите во организмот. Некои

ензими се излачуваат наутро, некои напладне, трети навечер, што значи дека одделни продукти

спонтано лесно се варат во одреден дел од денот, па тогаш треба и да се јадат. Американската

докторка Ана Гифинг ја приспособила програмата на Делабоа и со многу промени дошла до своја

лична програма што почнала да ја применува врз своите пациенти од 2005 година, а официјално

е регистрирана и патентирана во 2009 година. Оваа програма е единствена по тоа што им помага

на луѓето да дојдат до идеалната тежина, а со тоа и да си го подобрат сопственото здравје.

Предност на програмата на хроно-исхраната е во тоа што никогаш не се јавува таканаречениот

„јо-јо“ ефект (губење-враќање на тежината), а метаболните нарушувања трајно се решаваат.

ШТО ПОДРАЗБИРА ЕДЕН ХРОНО-ДЕН?

Првата фаза од програмата на исхрана е таканаречениот рестриктивен режим што трае 28 дена

и подразбира неконсумирање на брзи (прости) шеќери во облик на слатки, овошjе, бел/жолт

шеќер, вештачки засладувачи... како и на алкохолни пијалаци што содржат висока концентрација

на алкохол. По спроведување на рестриктивниот режим, одредени продукти постепено се

вклучуваат во исхраната.

Појадокот треба да биде обилен и пожелно е да има јаглехидрат, на пример леб, според

принципите на хроно-исхраната, путер, некое месо или јајца и салата. Во никој случај не е добро

да се биде гладен до ручекот, па затоа е пожелно појадокот да биде обилен, затоа што треба да

се издржи 5,5 часа без храна, а грицкањето меѓу оброците е забрането.

Ручекот, пак, треба да биде разновиден. Еден оброк треба да се состои од месо, сиров или варен

зеленчук и задолжително салата по желба. Исто така, треба да се испие по една чаша вода,

половина час пред и по ручекот.

Вечерата треба да биде едноставна и лесна. Еден лесен протеин и некој зелен, бел или жолт

зеленчук. Тоа може да биде белка, бело месо, риба... За вечера не смее да се јаде ништо што е

црвен зеленчук, бидејќи тоа има поголем глихемиски индекс. Најдобар избор е еден протеин и

еден зеленчук. По вечерата, нека помине барем еден час, пред спиење.

СОВЕТИ ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

• Со цел да се утврди постојната здравствена состојба, во приватните клиники низ Македонија

можат да се направат неопходните дијагностички процедури, што вклучуваат и тест за

интолеранција на храна.

• Задолжителни се три главни оброци во денот (појадок, ручек, вечера) со временско

растојание од четири до шест часа меѓу нив. Дозволен е внес на вода и чаеви од билки (не

овошни).

• Препорачливо е секогаш да се подготвува домашна храна и да се избегнува мешање на

многу различни производи.

• Јаглехидратите се дозволени само за појадокот, додека за ручекот и вечерата се забранети,

а доколку се чувствувате сити, можете и сосема да ја прескокнете вечерата.

• За ужина помеѓу оброците, иако е препорачливо да се избегнува, може да биде едно суво

овошје, малку ореви, неколку маслинки, малку кикиритки, лажичка мед или 30 грама црна

чоколада со 70 проценти какао.

• Треба да се избегнуваат конзервирани производи и производи на кои не им го знаете

потеклото, замрзнати и со многу конзерванси. Хроно-рецептите можете да ги најдете на

интернет-страниците или во посебни книги за готвење на хроно-начин во книжарниците низ

земјава.

У м е т н о с т а н а п и е њ е т о в и н о

РУБИНОВА БОЈА

ВО ЧАША ВРАНЕЦ

Во месецот на прослави и празници, виното е неизбежен дел од честитките и составен дел на празничните трпези

насекаде низ светот. За сите љубители на црвеното вино, во овој број се фокусиравме на сортата вранец, водечка

сорта во Македонија и една од најконсумираните за време на празничниот период. За нејзините карактеристики, но

и со какви вкусни комбинации од јадење се служи, поразговаравме со м-р Петар Петров, асистент на Универзитетот

МИТ – Скопје, при Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси, катедра за безбедност на храна.

Висококвалитетно црвено вино

Вината добиени од сортата вранец спаѓаат во групата на висококвалитетни

црвени вина, категоризирани како средно јаки до јаки вина, доволно

хармонични, многу добро обоени и богати со екстракти. Младите вина вранец

имаат светлопурпурна боја со арома на џем од јагоди, овошни плодови и

ситнозрнести овошја. Зрелите средно јаки до јаки вина се со интензивна темна

рубинова боја, богати со екстракти и обоени материи. На вкус се хармонични,

со нагласен сортен мирис. Имаат комплексна арома што личи на шумско

овошје и дрвенести мириси. Најчесто се меша со сортите каберне совињон

и мерло. Квалитетот на виното покрај од агроеколошките и агротехничките

услови и биолошките карактеристики на сортата, во голема мера зависи и од

технологијата на производство. Постапката за производство на црвени вина

најчесто е слична за сите сорти вина. Се одвива низ неколку процеси: гмечење,

мацерација, ферментирање и зреење.

Антиоксидативна моќ

Вранецот е вино што кај нас, генерално, се консумира како младо вино, но

значителни поквалитетни својства добива со неколку годишно правилно чување

(зреење). Се одликува со многу благороден хемиски состав (полифеноли,

органски киселини, алкохоли, јаглехидрати, алдехиди, минерали и други

биоактивни молекули). Гледано од здравствен и нутритивен аспект има

исклучително висока антиоксидативна моќ, што влијае врз намалувањето на

развојот на канцерогените клетки, намалување на појавата на дијабетес и некои

невролошки и дементни нарушувања. Изразената рубинова црвена боја доаѓа

од фенолните соединенија, од антоцијаните, што, пак, имаат директно влијание

врз намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести. Исто така, високата

содржина на калиум има изразено диуретичко својство. Како што велам, во

црвеното вино има здравје.

Комбинации со јадења од месо, печурки и зеленчук

Повеќето консументи виното го сфаќаат како опојна материја, а не како

благородна напивка. Со години наназад кај нас при консумацијата на вино

постои традиција на негово пиење, но таа навика треба да се промени со

културно уживање во благодатите на виното, а тоа подразбира секојдневна

консумација на една до две чаши вино. Чашите во кои се служи вранецот

треба да бидат изработени од висококвалитетно стакло, со широка топка (60-

70 милиметри) и отвор од 43 до 48 милиметри. Во ваквите чаши, послужено на

температура од 16 до 18 Целзиусови степени, се чувствува максималното буке

на вранецот. Препорачливо е да биде послужено со главните јадења, и тоа

црвени меса, месо од живина (пилешко) со поароматизирани сосови, како и со

помасни риби. Исто така, може да се служи и со печурки, салати од домати и

зеленчуци на скара, а во однос на десертите секогаш треба да се внимава да не

се служи со преслатки десерти.

Мисли здрави мисли

ВАДЕЊЕ УМНИЦИ

Д-р Радмила Димовска, PhD

Специјалист по ортодонција

„Круна МС“

Девет од десет луѓе имаат барем по еден заглавен умник, додека третина од популацијата ги нема

воопшто. Умниците се последните заби сместени на двата краја во горната и во долната вилица. Наречени

се умници од причина што растат од 18 до 25 година од животот. Ги нарекуваат „заби на мудроста“,

бидејќи никнуваат кога луѓето созреваат. Доколку израснат правилно, не се потребни никакви интервенции, но за жал, не е секогаш

така. Голем број луѓе се соочуваат со проблем кога умниците почнуваат да растат, особено кога за нив нема доволно простор за

никнување, па како резултат на инфекција, местото отекува и се јавува болка, неможност нормално да се јаде, болката често знае

да се појавува во одредени интервали, а знаат да направат и компромитирање на соседните заби.

Според д-р Радмила Димовска, специјалист по ортодонција,

од стоматолошката ординација „Круна МС“, импактираните

умници се заби што последни никнуваат во вилиците и затоа

најчесто имаат најмалку место или воопшто го немаат за

правилно изникнување.

„Најчести симптоми што укажуваат дека умникот треба да

се извади се: честиот кариес поради тешката достапност

за правилно четкање, честата неправилна поставеност

на умникот во вилицата, односно во виличната коска, кога

постои и најмала шанса никнувањето на умникот да го

наруши правилниот распоред на другите заби. Најчесто,

тоа е од ортодонтски причини бидејќи децата се често

оптоварени со долготрајно носење на фиксни или мобилни

протези“, објаснува д-р Димовска.

Понатаму, како причина за вадење се наведува и кога умникот

е делумно изникнат, кога има тешко никнување на забот од

најразлични причини проследено со можни, чести локални

и пошироки инфекции, како и кога околу импактираниот

заб постои цистична формација што ги разорува коската и

корените на соседните заби.

„Полуимпактираниот заб е широка врата за влез на бактерии

околу забот што можат да предизвикаат инфекција. Болката,

отокот и тежината во вилиците, некогаш дури и покачена

телесна температура, се причина плус за вадење на забот“,

додава д-р Димовска.

Ако се работи за некои од наведените симптоми или

94

Мисли здрави мисли

причини, најчесто се препорачува хируршка интервенција,

вадење на забот, доколку се процени дека забот поради

лошата поставеност или механичка пречка нема да никне, а

предизвикува повеќекратни инфекции.

„Вадењето на импактираните умници се изведува од страна

на орален или максилофацијален хирург. Многу е важно при

зафатот да не е присутна инфекција, бидејќи тогаш вадењето

е потешко и болно, а и постои опасност да се прошири

инфекцијата. Инфекцијата се контролира и спречува со

антибиотик и зголемена локална хигиена. Многу е важно

пред вадењето пациентот да биде запознаен со целата

процедура, ризиците и предностите од вадењето на умникот.

Постапката е безболна и сигурна доколку ја изведува искусен

хирург. По завршувањето на постапката, пациентот добива

упатство како да се однесува постоперативно“, објаснува д-р

Димовска.

Мислењата во однос на вадењето умници се поделени.

Некои стоматолози сметаат дека по вадењето се менува

редот на забите или загризот, а набројуваат и други причини,

како болка, отекување, инфекција на непцата, кршење на

соседните заби, изложување на инфекции на синусите...

По Втората светска војна, луѓето сè почесто добивале

совет дека треба да ги отстранат умниците како мерка на

претпазливост. Иако поголемиот број луѓе ги вадат поради

тоа што навистина им се проблематични и им задаваат болка

и низа други симптоми, сепак дел од пациентите на светско

ниво, според истражувањата, одлучуваат да се подложат

на овој процес како мерка на претпазливост и честопати

даваат многу пари за процедурата. Според истражувањето

на американскиот лекар Џеј Фридман од 2007 година, тој

проценува дека најмалку две третини од милион умници

извадени секоја година, би требало да останат во устата

на човекот, меѓутоа тие сепак биле извадени поради

неоснованите стравувања за тоа што би можело да се случи.

Токму затоа е потребна консултација и совет од стоматолог

пред да се донесе одлука за вадење умници.

Според д-р Димовска, со вадењето на неправилно

поставените умници се спречува разместувањето на забите

и се отстранува притисокот врз забната низа.

„По операцијата, потребно е да се следат препораките да

се јаде течна, ладна и кашеста храна, да не се пуши и да не

се пие алкохол, особено во првите денови по операцијата,

бидејќи тоа може да предизвика крвавење и да го наруши

процесот на заздравување. Исто така, препорака е по

можност да се јаде од спротивната страна на вилицата и по

секое јадење да се испира устата“, вели д-р Димовска.

Таа објаснува дека по операцијата во раната се става

дрен, што се вади седмиот ден по оперативниот зафат, а

современите конци што се користат за шиење на раната се

ресорптивни и паѓаат сами.

„Отокот и болката, како и отежнатото отворање на устата

се привремени и очекувани симптоми што се јавуваат по

оперативниот зафат и се контролираат со антибиотик,

аналгетик и ладни облози од надворешната страна на

образот“, завршува д-р Димовска.

25 години jубилеј

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

ЧОКОЛАДЕН ТАРТ

Глеј сеа, десерти како овој се вистински деликатеси и можете

да ги најдете во понуда на многу популарни ресторани. Се

работи за вистинска чоколадна магија!

За тестото измешајте 250 г. брашно со 125 г. путер (путерот

секогаш треба да биде ладен), додадете лажица шеќер,

прстохват сол и едно јајце. Замесете бисквит тесто кое ќе

биде подлога/рамка.

Расукајте го тестото и постелете го во калап за тарт, на

дното избоцкајте го со вилушка, одозгора залепете хартија

за печење и наполнете ја со грав, ориз или леќа или доколку

сте во можност најдете камчиња за печење. Вака тестото оди

во рерна на 200 степени, околу 13 минути. Од истото тесто

можете да направите и мини тартови наречени тартлети.

Чоколадната смеса оди вака, растопете 200 г. темно чоколадо,

во сад изматете 5 белки од јајце, во друг сад изматете 5

жолчки од јајце. И во двете смеси додадете по 3 лажици

шеќер. Во жолчките додадете 1 доза амарето ликер.

Додека ги матите жолчките додадете го растопеното

чоколадо и продолжете да матите додека не се спојат. Потоа

со шпатула додадете една третина од белките и продолжете

да матите со шпатулата додека не се спојат.

Добивте воздушест чоколаден крем со кој ќе го исполните

тестото за тарт.

Откако ќе се испече тестото, извадете го од рерна, тргнете

ја хартијата и оризот и вратете го во рерна околу 1 минута.

Потоа оставете го да се олади, потоа наполнете го со

чоколадниот крем и ставете го во фрижидер да се олади и

да се избалансира. Пред сервирање наросете со квалитетна

сол. Солта одлично оди со чоколадо зашто му го појачува и

потенцира вкусот.

Доколку сакате повеќе вакви деликатесни рецепти, посетете

го мојот блог www.gotvimesofico.mk

96

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

97

ВКУСОТ НА ГРАДОТ

Подгответе се за вкусен градски водич! Моника Потер ви препорачува вкусни оброци од

локалите низ градот. Бидете спремни за уживање без грижа на совест!

ПЕЛИСТЕР - КУРИОЗА

Подготвена во фурна на дрва, по

традиционален италијански рецепт со

Semolina брашно. Куриоза го спојува

најдоброто од Италија - пелат, моцарела,

пршут, рукола и пармезан. Пелистер е

едно од ретките места во градот, каде

храната е со постојан квалитет. Која пица

и да ја порачате нема да погрешите :)

ЛЕОНЕ - СУПЕР ЛЕОНЕ

Прилепска пицерија, во центарот на

Скопје. Специјалитетот на куќата,

најкалорична и со најмногу состојки од

сите пици. Подеднакво вкусна и печена

на дрва. Пелат, кашкавал, печурки, врат,

павлака, чајна, маслинки и оригано

е калоричната бомба по име Супер

Леоне. Имаат прилично голем избор на

пици, верувам дека секој ќе си го најде

фаворитот :)

CARPE DIEM - FINE WINE & DINE - QUATTRO

FORMAGGI

Од мирисот на лукче и крцкава кора со

нота на оригано, до совршениот спој на

4 сирења - моцарела, пекорино, сино

сирење и ајдамер. Quattro Formaggi е

вистинско уживање за секој љубител на

пица, а пријатниот амбиент и одличната

услуга во Carpe Diem го прави ова

искуство незаборавно.

БАЛИЛА - КАПРИЧИОЗА

Балила е една од најстарите пицерии во

градот. Ретко кој не пробал пица овде,

но доколку сте вие еден од тие - топло ви

препорачувам да пробате капричиоза.

Подготвена со пелат, шунка, кашкавал

и печурки. Секогаш нагласувајте дека

сакате свежи печурки, бидејќи користат

маринирани. Ако сте презаситени од

класична капричоза, предлагам да нарачате

Калцоне, крцкаво потпечена и крунисана со

сусам (како додаток).

98

ЕНРИКО - КУЛЕН

Македонскиот твист на најпопуларната

пица во Америка - Pepperoni, со пелат,

кулен, ајдамер, маслинки и оригано.

Вкусот на оваа пица најдобро е

доловен во Енрико, а специфичната

форма на тесто ја прави поразлична

од сите останати пицерии. Но и покрај

добрата италијанска храна, Енрико

константно потфрла на услуга и

љубезност.

Ви благодарам за сите предлози кои

ми ги испративте. Во јануарскиот

број ќе ви откријам каде да пробате

дел од најдобрите десерти во

градот. До тогаш се читаме на мојот

инстаграм профил @monikapotter

или на info@monikapotter.mk

Ви посакуваме топли

празнични денови,

весели разговори,

грст меѓусебна љубов

и слатки SUNDAY

моменти!

www.sunday.mk

Филмски предлози

Ни следува возбудлив месец во Cineplexx! Соберете го омиленото друштво и уживајте во богатата филмска програма за декември.

СТАДО (STADO)

КОМЕДИЈА

Почеток на

филмот:

1.12.2016

ВАИЈАНА – ПОТРАГА ПО МИТСКИОТ

ОСТРОВ (MOANA)

АНИМАЦИЈА, АВАНТУРА, КОМЕДИЈА

СОЈУЗНИЦИ (ALLIED)

АКЦИЈА, ДРАМА, РОМАНСА

Почеток на

филмот:

24.11.2016

Почеток на

филмот:

1.12.2016

РОУГ 1: ПРИКАЗНА ОД ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ

(ROGUE ONE – A STAR WARS STORY)

Џин Ерсо, бунтовната воинка и криминалка, тукушто не се

соочила со нејзиниот најголем предизвик, кога Мон Мотма

ја испраќа на мисија да ги украде плановите за Дет стар. Со

помош од бунтовниците, врвниот мечувалец и несојузничките

сили, Џин е пред нешто поголемо од она што може да го

замисли.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 15.12.2016

АСАСИН КРИД (ASSASSIN'S CREED)

АКЦИЈА, АВАНТУРА, ФАНТАЗИЈА

Со помош на револуционерна технологија, што допира до

генетичката меморија, Калум Линч ги доживува авантурите

на неговиот предок, Агилар, кој живеел во 15 век во Шпанија.

Калум открива дека потекнува од мистериозно, тајно

друштво, Асасини, и стекнува големи знаења и вештини за да

ја доведе моќната темпларска организација во сегашноста.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 29.12.2016

ПОДЗЕМЕН СВЕТ: КРВАВИ ВОЈНИ

(UNDERWORLD – BLOOD WARS), АКЦИЈА, ХОРОР

Новото продолжение на „Андерворлд“ ја следи Селен, која

ги спречува бруталните напади од двата клана – Ликан и

вампирската секта што ја предаде. Со нејзините единствени

сојузници, Дејвид и неговиот татко Томас, таа мора да ја

запре вечната битка меѓу Ликаните и вампирите, дури и

доколку тоа значи дека таа треба да ја изврши ултимативната

жртва.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 1.12.2016

ПЕЈТЕ СО НАС (SING)

АНИМАЦИЈА, КОМЕДИЈА, ДРАМА

Во свет како нашиот, но комплетно населен од животни,

коалата Бастер Мун, која живее во некогаш величествениот

хотел, минува низ тежок период. Бастер Мун е заколнат

оптимист што го сака хотелот и ќе направи што било за да

го зачува. Соочен со неговата животна амбиција, има уште

една шанса да го возобнови стариот скапоцен камен со

продуцирање на светски фестивал на песни.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 22.12.2016

Мозаик

Нови серии за нов месец. Доколку сакате да се опуштите со интересна комедија, тогаш Atlanta е вистинскиот избор за

вас. Љубителите на научна фантастика, пак, можат да уживаат во Westworld, серија што има одличен одѕив од гледачите.

Апликациите за овој месец се разновидни и интересни, можат да ви бидат потсетник или, едноставно, да ве забавуваат.

Atlanta

Westworld

Драма-комедија за двајца братучеди кои го пробиваат својот

пат кон рап-сцената во Атланта, со цел да го подобрат својот

живот и животот на своите фамилии. Настаните го следат Ерн,

кој се обидува да се искупи во очите на својата девојка со која

има ќерка, неговите родители и неговиот братучед, кој е рапер

со сценско име „Paper Boi“. Откако го напушта Универзитетот

„Принстон“, Ерн нема ниту пари, ниту дом. Откако ќе разбере

дека неговиот братучед е на патот кон славата, тој очајно се

обидува да се поврзе со него за да го подобри својот и животот

на ќерката. Серијата ја имаше својата премиера во септември, а

неодамна беше објавено дека ќе има и втора сезона.

Научно-фантастичен трилер на Ејџ-би-о (HBO) што полека но

сигурно го зазема врвот на листите со најинтересни нови серии,

а премиерно излезе на втори октомври. Настаните се одвиваат

во измисленото место Вестворлд, технолошки развиен забавен

парк со популација од роботи-андроиди, кои се нарекуваат

„домаќини“. Наменет за богати луѓе, паркот им овозможува на

„гостите“ да ги доживеат сите свои фантазии преку вештачка

свесност. Без разлика на тоа колку фантазијата е забранета

или противзаконска, нема никакви последици за гостите,

дозволувајќи им секоја желба да им се исполни. Првата сезона

има десет епизоди, а дел од актерската екипа се и Ентони

Хопкинс и Ед Харис.

102

Не пропуштајте нова серија

Series Guide

Long Lasting Hydra Lipstick No.32

Следете ги вашите омилени серии и филмови на паметниот

телефон. Апликацијата ви дава информации за новитети,

ве информира до која епизода сте стигнале, а можете да си

направите и сопствена колекција на серии и филмови. Работи и

без интернет-конекција и без логирање, а можете да оставите и

коментар или да давате оценки.

Со игра против загадувањето

AirPocalypto: The City of Smog

esen-zima 2016/17

НОВО

Strobing No.01

Golden Glow

СТРОБИНГ е техника

на интензивно

хајлајтирање.

Додавање на

блескавост и

светлина на

одредени делови

на лицето

за здрав, свеж

и младешки изглед

Една од игрите на Schroom apps, тим на развивачи од Тетово,

е AirPocalypto: The City of Smog, што е од посебна важност

за проблемот со загадувањето на воздухот. Окси е момче од

Тетово, кој ги има загубено своите блиски заради загадувањето.

Тој знае дека на светот му треба промена и решава да преземе

нешто. Целта на играта е да се подигне свеста и да се намали

толеранцијата (и индиферентноста) кон загадувањето на

воздухот.

Скопје 02/3130008

Битола 047/234004

Мозаик

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

„ДЛАНКА ПОЛНА БОИ“ – СУЧЕН КРИСТИН ЛИМ [АНТОЛОГ]

Повеќеслојниот роман истражува 80 години од историјата на Сингапур, преку еден ден од

животот на Сувен, млада професорка која се обидува да се определи себеси како личност и како

уметник. Во својата потрага, таа ја истражува богатата историја на семејството на нејзиниот очув

и открива многу надежи и тешкотии на раната емигрантска заедница на Сингапур – од кинески

возачи на рикши и малајски келнери, до индиски лекари. Зад овие кулиси, пријателите на Сувен ги

истражуваат темите на уметноста, љубовта, слободата и на предавството. Приказната изобилува со

локални вкусови и ароми, а ликовите се живописно претставени и уверливи. „Дланка полна бои“ е

прв добитник на Сингапурската книжевна награда во 1992 година.

„БРАЌАТА СИСТЕР“ – ПАТРИК ДЕВИТ [БЕГЕМОТ]

„Браќата Систер“ претставува омаж кон класичниот вестерн роман трансформиран во незаборавен

комичен книжевен триумф. Ова е приказна полна со извонредно насликани ликови – губитници,

измамници, отпадници од сите сфери на животот – раскажана од комплексен и убедлив наратор.

Романот е насилна и страсна одисеја низ подземјето на Дивиот запад во втората половина на 19

век, што прекрасно го доловува хуморот, меланхолијата и смелоста на Дивиот запад и на двајцата

браќа кои ги врзува крвта, насилството и љубовта во времето на златната треска во Америка.

„ЛАЖГО“ – НОРА РОБЕРТС [КУЛТУРА]

Шелби Фоксфорт го губи својот сопруг. Веднаш потоа ќе ги изгуби и своите илузии... Човекот во

кој таа се вљуби и со кој реши да живее, ја остави во големи долгови. Тој бил прељубник и лажго,

а кога Шелби случајно ќе го открие неговиот таен сеф, во него ќе пронајде безброј лични карти.

Човекот што таа го сакаше не е само мртов, тој не ни постоел никогаш. Шелби се сели на југ каде

што ќе запознае ново лице: Грифин Лот, успешен изведувач. Но, нејзиниот сопруг имал тајни што

таа допрва ќе ги открие. Дури и во овој мал град, опасноста што ги демне неа и Грифин е поблиску

отколку што таа може да си претпостави.

„МОЈАТА ГЕНИЈАЛНА ДРУГАРКА“ – ЕЛЕНА ФЕРАНТЕ [ТРИ]

Приказната ја раскажува шеесетгодишната Елена која, соочена со мистериозното исчезнување на

својата другарка Лила, решава да го овековечи секој детаљ од нивното заедничко минато. Растејќи

во сиромашното неаполско маало во педесеттите, двете девојчиња учат да се потпираат една на

друга пред сите детски стравови и предизвици. Иако патиштата непрестајно им се вкрстуваат и

раскрстуваат, овие две дијаметрално спротивни жени сепак остануваат најверни другарки чии

судбини се огледуваат една во друга и се прекршуваат.

Со првиот дел од тетралогијата „Неаполски романи“, Феранте се докажува како еден од

најголемите италијански раскажувачи на сите времиња. Мајсторски скроен и трепетно возбудлив

наратив што го одзема здивот со секоја нова авантура на двете хероини.

„ПЛАНУМ“ - АЛЕКСАНДРА ШАРОВИЌ АТАНАСОВСКА [ТРИ]

„ПланУМ“ е креативен планер што ќе ви помогне во остварување на вашите цели преку детална

мапа и план за нивна реализација. Дејствува како личен водич и е персонализирано решение за

секој што води грижа во својот личен и професионален напредок, а пред сѐ за професионалци

со набиени агенди од кои во текот на еден работен ден се очекува вешто балансирање меѓу

деловниот и приватниот живот. „ПланУМ“ нуди можност за брендирање со ваше лого на кориците,

што го прави идеален подарок за вашите вработени и за деловните партнери. Со својот современ и

инспиративен дизајн совршено одговара за секој професионалец или за секоја компанија, што се

грижи за својот имиџ.

104

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

ИЗБЕРЕТЕ ДОМ СО КОЈ ЌЕ СЕ

ГОРДЕЕТЕ ВИЕ И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!

Светски урбан стил со

светлосен топлински звучен еко комфор

Сигурност, топлина, трајност. Дефиниција за љубов и за

нашите домови.

15 години традиција – изградени 40 објекти со 2600 домови

низ Македонија.

Во портретот на „Адора инженеринг“ изминатава година

главен печат се двата најнови објекта: „Адора Flatiron

Скопје“ и „Адора Diamond Garden“. Градежниот бренд што

постојано ги подига културата и стилот на домувањето во

Македонија има добиено повеќе меѓународни признанија,

меѓу кои е наградата „The BIZZ“ 2016, доделена од

Светската бизнис конфедерација во Монте Карло – Монако.

Инспирирани од њујоршката икона Flatiron, архитектите на

„Адора“ го создадоа новиот урбан симбол на Скопје,

УЖИВАЈТЕ ВО ПРИДОБИВКИТЕ ОД ДОМУВАЊЕТО ВО

„АДОРА FLATIRON“:

◊ Станари кои се оттргнати од чувството дека живеат во

шпицот на градската динамика во централното подрачје

на Скопје – интимност.

◊ Пентхаус (penthouse) станови со прекрасен панорамски

поглед кон сите страни на Скопје – удобност и приватност.

◊ Сино небо, изобилство на природна светлина и свеж

воздух што продира во целиот комплекс низ атриумот

светлосен комфор.

◊ Одлична термоизолација GENEO FIPRO (REHAU) - Енергетска

ефикасност А-класа – економичност и топлински комфор.

◊ Отпорност на надворешнио влијанија со STO трајна

органска фасада за здрав воздух во домот – еко комфор.

◊ Без бучава во домот со RIGIPS (SAINT GOBAIN) сертификат

за акустични својства – звучен комфор.

Адора Flatiron Скопје

www.adoraflatiron.mk

„Адора Flatiron“ во срцето на македонската метропола.

Идејата за проектот, што е круна на 15-годишното работење

на „Адора инженеринг“, беше да се изгради најубавиот

комплекс во Скопје и Македонија, со достапни цени за

граѓаните и станови од 30 до 260 квадратни метри.

„Адора инженеринг“ нуди елитни домови на повеќе

атрактивни локации и деловни простории со одлични

услови за успешен бизнис.

Адора Diamond Garden

www.adora.com.mk

На атрактивна локација во скопскиот Карпош – Тафталиџе,

годинава почна изградбата на дијамантската градина на

Адора. „Адора Diamond Garden“ го носи светскиот тренд

на зеленото домување во Македонија, со многу природна

светлина што во комплексот продира преку двата централни

атриума, стаклените површини и внатрешните градини.

Станарите на овој уникатен објект во Македонија, во

урбаната зона на метрополата, ќе ги уживаат придобивките

на современото комфорно домување со чувство на слобода,

свежина и интимност.

Со „Адора инженеринг“ трасирајте си среќна иднина во

2017 и идните години!

Честит ПРВ роденден на магазинот „Портрет“, кој сјајно блеска во медиумскиот простор во Македонија!

105

Royal House

НАЈУБАВИОТ ПРАЗНИЧЕН

АМБИЕНТ ВО СКОПЈЕ

Украсувањето на домот за време на омилениот дел од годината за многумина, новогодишните и божиќни

празници, претставува посебно уживање. Китење, поставување на разни украси, како и издвојување на посебен

прибор, чинии и чаши за јадење и пиење, особено за време на празничните ручеци и вечери, го прави домот

поубав и става насмевки на лицата на најблиските. Годинава разубавете го ентериерот и изнудете воздишки кај

вашите роднини и пријатели со понудата на Royal House, најтоплото катче во градов за време на празничниот

период, и нивните брендови, Vileroy-boch, V&b HORECA, WMF, Rosenthal, Leonardo, Nachtmann, Brabantia,

Riedel, Swarovski и Swarovski Elements.

106

Продажниот салон на Royal House

се наоѓа на ул. „Македонија“, бр. 32.

Повеќе информации на:

www.royalhouse.mk или на 02 3221 500

107

Дизајн и декор

Камини во

уредувањето

на домот

Освен примарната функција на загревање на просторот, камините имаат и еднакво декоративна улога.

Каков камин ќе изберете зависи од достапниот простор и од другиот стил на домот.

Ако сакате да играте на сигурно, изберете ја класиката – ѕидан камин, со соодветна декоративна рамка и оџак.

108

Дизајн и декор

Модерна верзија на класичните камини се

металните, самостоечки камини што висат

од таванот и зафаќаат многу малку простор.

Самостоечките камини можат да бидат и со

футуристички дизајн независно од тоа дали

се на гас или, пак, се електрични.

И вѕиданите камини можат да бидат

минималистички доколку се прикриени. Во

полн декоративен сјај ќе дојдат до израз

кога ќе бидат вклучени.

Иако практиката вели дека каминот грее

во една просторија, постои можност тој да

биде поставен помеѓу две простории што е

и практично и естетско решение.

Камините што припаѓаат на

скандинавскиот декор начесто се аголни,

во форма на декоративна печка или

ѕидани во тула.

Доколку со каминот сакате да постигнете

ретро-ефект, одберете рустикален камин,

односно стилизирана печка на дрва.

109

Мозаик

ПАТУВАМЕ СО

ДРАГАН ТАПШАНОВ

Фотографија и текст*: Драган Тапшанов

Доживејте го Тајланд патувајќи низ неговите живописни улички, делејќи миг од

секојдневието на мноштво занимливи ликови.

На пат кон висорамнините

Жена подготвува лек од билки во аптека во Бангкок. Покрај

стандардните фармаколошки лекови, достапни се и бројни билни

лекови. Традиционалната медицина е сѐ уште дел од животот на

многу тајландски фамилии.

Кројач во неговата мала продавница, Чианг Маи, северен Тајланд.

Тој прави униформи за учениците од околината, а познат е и по

квалитетните, формални костуми.

110

Девојка која продава

оризови чадори на

неделниот пазар во

Чианг Маи, Тајланд.

Ја фотографирав оваа девојка во Тајланд додека сечкаше папаја

во планинското гратче Паи во северен Тајланд.

Маж ужива во својата удобна

фотелја, Бангкок, Тајланд.

ГРАДСКИ РИТАМ

20 ГОДИНИ SMUT @ТАКСИРАТ

2 декември од 20 ч.

МКЦ

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН – П. И. ЧАЈКОВСКИ

2 декември од 20 ч.

МОБ

EDO MAAJKA + FRENKIE & DJ SOUL

2 декември од 23.59 ч.

VOX Night club

TUXEDOMOON – HALF MUTE TOUR

@ТАКСИРАТ

3 декември од 20 ч.

МКЦ

БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ, ПРЉАВО

КАЗАЛИШТЕ И АРЕА

3 декември од 20 ч.

Вип арена

ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ 2016

9 ноември од 19 ч.

Метрополис арена

ИГОР ЈОСИФОВ, ИЗЛОЖБА

„CONTINUUM“

14 декември од 20 ч.

Галериски простор МКЦ

ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ, 30 ГОДИНИ

ОД АЛБУМОТ „ДИСТОРЗИЈА“

17 декември од 21 ч.

МКЦ

ЛЕБ И СОЛ SYMPHONY, ПРОШТАЛЕН

КОНЦЕРТ СО ХОРОТ И ОРКЕСТАРОТ

НА МОБ

19 декември од 20 ч.

МОБ

КОНЦЕРТ НА РЕПЕТИТОР,

ПАЛИНДРОМ И ВИЗЕЉ

23 декември од 21 ч.

МКЦ

МАША И МЕДО

28 декември од 18 ч.

Македонски народен театар

10-12 декември

3 ДЕНА ПОПУСТИ

3 КОНЦЕРТИ

3 ПРЕТСТАВИ

www.capitolmall.mk

113

REBORN ПРЕПОРАЧУВА:

ОД ДИСКО ХАУС

ДО БОСА НОВА:

РАЗГОВОР СО

ТРОЈЦА СЕРИОЗНИ

ЗАВИСНИЦИ ОД

МУЗИКА

Кој си ти кога никој не те гледа?

Често размислувам за ова, па ме фасцинираат луѓето кои успеваат да отидат „во длабокото“, да си ја најдат

својата пасија и потоа да ја негуваат, без компромис кон околината. Во нивна чест, доаѓа следната наша тема.

Овој пат ќе ти претставиме неколку ликови кои имаат своја интимна, силна врска со музиката на свој начин, во

своето секојдневие. Ние само ги лоциравме и едвај ги натеравме да го споделат своето музичко патување со

нас, со надеж дека некому ќе дадат инспирација, нова насока во сопственото (музичко) ослободување на умот.

Поопширната верзија од овие три интервјуа ќе можете да ја најдете кај нас на www.reborn.mk.

Пишува: Искра од Reborn

Фотографии: Лилика Стрезоска

114

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

МАРИЈА

ВЕЛИЧКОВА

Родена си во Скопје и веќе 8 години живееш во Лондон,

активно присутна на музичките настани таму, особено во

електронската сцена. Колку таа средина го промени твојот

музички живот?

Нормално е дека самиот град ме дефинира во повеќе аспекти.

Сакам да кажам, Лондон не е она што е ако не ти го расцепи

мозокот на милион парчиња за да ти го состави по нов распоред.

Ми го смени начинот на живот, смислата на животот, музичките

преференции, како и приоритетите по кои се водев.

Како и секое будало дете на 18 години што првпат се запознава

со Лондон, се бутав кај не во толпата и уживав во сè што ми е ново

и неискусено. Со секое искачање се доживува нова енергија

на луѓе, нови звуци, па те поплавува бран од прекраснотии и

стануваш заразен од истото чувство. Без разлика дали станува

збор за вечерите на Лондон Џез Фестивал, хип хоп журка со

хероите од детството или рандом вечер со електронска музика

во складиште, ритамот кој ти останува во главата е оној по кој

си во потрага наредниот ден.

Мислиш ли дека музиката може да биде терапија за еден

човек? Да се потсетиме на вечното прашање на Ник Хорнби:

„What came first, the music or the misery?“. Дали обрнуваш

внимание на текстовите во музиката или оставаш таа да добие

свое значење, во твојот ум?

Да ти вратам и јас со извадок по кој се водам: „If i can’t dance

to it it’s not my revolution“. Верувам во моќта на музиката, па ја

оставам сама да ме води. Секоја етапа на мојот живот има свој

саундтрак и свој правец на музика. Растев во хип хоп од 90тите

години, па преку џез стигнав до електронската музика, преку

која некои артисти ме доведоа до копање на музика од Бразил

или Колумбија од 60тите години, па од таму се доближив до

Балеарската музика од Ибица во 80тите, ама без разлика. Нема

крај. Не знам како оди распоредот, дали ти ја бираш или таа

тебе, но секако има намена да делува терапевтско, дури и на

сред подиум кога се тресе клубот.

Како активен зависник од звук, музика и движење во ритам,

претпоставувам дека колекцијата што ја имаш е голема,

знаењето е веќе акумулирано, вкусовите горе-доле изделкани.

Добиваш ли желба ова да го споделиш со другите во некоја

форма?

Ако ме прашуваш дали ќе станам DJ или ќе почнам да правам

своја музика, одговорот е не. Има толку добра музика во светот

за уште 10 животи да ги поткрепува и инспирира моите вистински

амбиции, како јогата, нутриционизмот и фотографирањето.

Пуштам музика од неодамна во Скопје сосема рекреативно само

колку да си ја слушам музиката што ја сакам и да си поминам

топ во град. Во моментов планирам хуманитарна забава каде

што би ги продавала своите фотографии направени низ светот

за да им помогнам на Анима Мунди и нивната борба за правата

на уличните животни. Мора да се подигне свеста на народот, па

ние сме сите одговорни за тоа што чекори низ нашите улици.

Инаку, кога ќе заминам во Лондон, ќе ја завршам и кариерата

како ДЈ (смешки).

Издвој артист/и кои ти се актуелни во моментов - светски и

македонски.

Прашање што не знам баш да го одговорам, ама ќе ти кажам дека

вечна инспирација ми се Intergalactic Gary поради диверзноста

во неговото пуштање, Timothy J Fairplay за психоделиите и

хаусот во слоу моушн во неговите траки и пуштањето, Alexander

Nut заради огромниот изакумулиран спектар на музика, Andrew

Weatherall за пост панкот, пост рокот и електрото.

Колку и да сакам, не следам никаква друга сцена освен

електронската во Македонија. Најчесто доаѓам на две-три

недели во Скопје и тука ми е кругот на пријателите. Најчесто ќе

ме најдеш во Капан Ан на журки и имам љубов и почит за сите

наши артисти што ја одржуваат сцената во живот. Скопје ми е

секогаш омилена дестинација. Дома си е дома, не?

115

ИГОР

СПИРОВСКИ

Игор, за тебе слушнав од Адо, еден од екипата на Пекинезерите

(Летечки Пекинезери не е само бенд), како нивен драг

истомисленик. За музичко-слушачките работи, знам дека си

станал особено сериозен во последните неколку години, што

беше клучно за оваа промена?

Хм клучно за оваа промена? It’s a destiny call. Да, може да се

каже дека запознавањето со нив како друштво ме измести

од шарка, многу помлади од мене со огромна љубов и почит

кон музиката. Пишуваат, свират, селектираат, во константен

процес на откривање и уживање во различна музика. Се споија

неколку работи. Запознавањето со Летечки Пекинезери,

страшно вкусните музички селекции на Адо, Чакра, Сол, Шамба,

престојот во витешкото музичко гнездо на Чика Љупчо од Jazz

FM радио каде ги совладуваш основите на џезот преку неговата

љубов кон Duke Ellington, неколку ноќи во теќето на моите драги

пријатели Зоран Лазороски и Христијан Масевски, музичкото

студио на Дуке Бојаџиев каде ги слушавме аранжманите на

Шпато, Масевски, Бојаџиев, и тоа е тоа... Навлечен си. Сигурен

сум дека секој еден кој умее да го почитува интелектот,

индивидуалноста, естетиката и слободата, при ваква

презентација ќе потоне во магијата на музиката.

Имаш ли истомисленици во твојот музички свет или

претпочиташ да го чуваш само за себе?

Ах да… Браќата, сите погоре спомнати. Споделуваме, знаеш

ние сме ти нешто као Dead Poets Society. Сите имаат милји

поминато музика и се одлични музички селектори. Тоа е битен

дел од секојдневното живеење, имаме ритуал кој го нарекуваме

теќе. Споделуваме добра музика и животни сознанија,

учиме еден од друг, си помагаме да останеме нормални. Се

собираме кај некого и тоа е посебно доживување, секое теќе

има посебна атмосфера и најбитното од сè: различна музика

од онаа која си ти навикнат да ја слушаш. Треба да заслужиш

просторот да добие титула теќе, најмногу со музиката што се

слуша и атмосферата што се создава. Се вртат новите плочи и

почнуваат разговори кои вообичаено се поголеми од животот,

буквално. Тоа се собирања каде спиритуалното има приоритет

над материјалното и така за момент го напуштаме реалниот

свет и градиме наш паралелен свет, микрокосмос базиран на

добра музика. Некогаш музиката е толку добра што саат време

освен некој извик на задоволство, глас не можеш да чуеш. Е тоа

е добра плоча, потврдена од критичко друштво кое уопште не е

наивно… Хаха, таа одма иде на посебна полица.

Слушањето музика на плочи е посебно самото по себе, дали

го комбинираш со некаков ритуал? Од што се состои твојата

колекција на музика?

Повеќе го доживувам како слобода, немам некој посебен ритуал

освен предизвикот да најдам плоча која кореспондира со моето

расположение и да ги прочитам убаво liner notes. Вообичаено

слушам музика околу полноќ, кога ќе си легнат малите и рано

сабајле пред да отидам на работа. Е да, имам ритуал, доколку

може да се нарече ритуал, покрај професионалните обврски

уживам на патувањата да се мувам низ продавници за стари

плочи. Мојата колекција генерално ја делам на 4 категории: џез,

блуз, боса нова, World Music, но она што е навистина мое и при

срце е музиката од касните 40ти и 50ти години на западниот

брег на САД наречена West Coast Jazz. Ја сакам целокупната

естетика од тоа време и тоа место, вибрира со живот и слобода.

Ти си всушност доктор и работиш како интервентен кардиолог.

Каква музика го убрзува, а каква го забавува чукањето на

срцето?

Да, има сознанија дека музиката влијае на здравјето кај луѓето.

Слушањето на повторувачки ритам во времетраење од 10

секунди ја намалува срцевата фреквенца и срцевиот притисок

(пример се делата од класичната музика), се лачи повеќе од

среќниот молекул Допамин и затоа убаво се чувствуваме додека

слушаме музика, но на крајот веројатно влијае слично како и

љубовта. Центарот на мозокот каде се случува љубовта граничи

со центарот на мозокот кој ја регулира срцевата фреквенца.

Неговата возбуда при вљубување го вознемирува и центарот за

срцева фреквенца и така срцето трепери па љубовта ја имаме

сместено во срцето како орган.

Одговорот на прашањето како и дали музиката влијае врз

здравјето е верувањето дека влијае. Тогаш за сигурно влијае...

Издвој артист/и кои ти се актуелни во моментов - светски и

македонски.

Bob Zieff – езотеричен автор и аранжер на џез музика, и два

од Македонија: целокупното творештво и проекти на Летечки

Пекинезери и The Јohn and the Space Rebel Gang by The Јohn

and the Space Rebel Gang.

116

БЕНЗИН

ДИЗЕЛ

1.25i 82КС | TREND

1.5 TDCi 75КС | TREND

БОЖИДАР

ХРИСТОВ

Се познаваме скоро 20 години, доволно долго за да ја

препознаам твојата интензивна врска со музиката. Дома имам

едни слики од екскурзија во основно, сите деца се на купче за

слика, а Бошко некаде во позадина е со слушалки и дискмен :).

Како се случи музиката да стане толку голем дел од тебе, имаше

ли влијание од некого?

Прв пат алтернативна музика слушнав од братучед ми, ми

пушти Moloko. Како дете не ме влечеа игри и компјутери, туку

ме завлече музиката. Долго време парите за доручек ги трошев

на музика, најчесто во петок одев по продавниците за дискови,

со собрани пари од цела недела и си купував по два-три диска.

Во Чув Де Чув имаше музика што на други места ги немаше,

локалните диџеи (Шурбе, Бушава Азбука) снимаа музика што се

продаваше таму. Музиката да биде голем дел од мојот живот се

случи одеднаш, во основно и од тогаш секогаш е со мене.

Што мислиш за промените кои технологијата и интернетот

ги направија на музиката? Има ли разлика во тоа колку се

вреднува музиката сега, со промените, наспроти во минатото

пред интернетот?

За мене технологијата, особено интернетот ми отвори врати кон

музика од целиот свет. Порано, се случувало да менувам по два

автобуси за да преснимам нешто ново. За да добиеш музика,

пред интернетот значеше дека треба да се откажеш од некое

друго уживање. Така добиваше вредност поради тоа што за неа

се потрошени пари. Таа музика добиваше и повеќе внимание,

еден албум се преслушуваше по многу пати. Од друга страна

сега сè ни е достапно на еден клик и тоа нè прави мрзливи да

дадеме шанса на нешто што не ни се допаѓа на прва.

Пушташ и музика под името DJ Ulterior, но никогаш не си

бил особено активен за да те запознае пошироката публика.

Поврзан си и со низа настани и музички друштва (BTKRSH,

MASH радио, ја направи групата Микс на денот и др.), но

повторно твојот ангажман е дозиран. Колку се разликува

изборот на музика што го правиш кога пушташ музика за себе,

од оној за пред публика?

Никогаш не сум решил дека музиката ќе биде мој главен

извор на приход и мое занимање. Меѓутоа, секогаш кога сум

добивал шанса сум ѝ го презентирал на публиката најдоброто

од мене. Сите шанси што сум ги имал да се презентирам како

ДЈ сум ги искористил и оние кои имале прилика да ме слушнат

никогаш не заборавиле како сум направил да се чувствуваат.

Кога пуштам музика, мојата цел е тоа што јас сум го открил во

музиката да им го доловам на слушателите. Тоа значи дека не

правам компромис во изборот за пред публика.

Издвој артист/и кои ти се актуелни во моментов - светски и

македонски.

Поетот Gil Scott-Heron, продуцентот на оригинална хаус и

електронска музика John Roberts и нашиот Димитар Додовски.

УМЕТНОСТ ДО

ЅВЕЗДИТЕ „ПОРТРЕТ“ НА

„ПАРАТИСИМА ТОРИНО“

На покана на „Паратисима Скопје“, а заедно со македонските финалисти, „Портрет“

гостуваше на најпосетениот саем за современа уметност „Паратисима Торино“.

Пишува: Тања Тодоровска

Фотографија: Давиде Белука

Месецот што му претходеше на тринаесеттиот,

роденденски број на „Портрет“ почна невообичаено, но

ветувачки – по сите состаноци, договарања, планирања,

„Портрет“ ги спакува куферите за уште едно патување.

Добивме покана да гостуваме на дванаесеттото издание

на италијанскиот саем за современа уметност „Паратисима

Торино“ под мотото „Паратисима дo ѕвездите“, и тоа заедно

со финалистите од истиот настан во Скопје. Требаше да

претпоставам дека ваквото уметничко „отворање“ на

месецот ќе навести уште многу инспиративни и креативни

гости во декемвриското издание, па така до крајот на

месецот ја запознавме извонредната Рисима Рисимкин,

се воодушевивме од талентираната Ема Ананиевска,

се растопивме на фотографиите на Маја Аргакијева,

останавме заинтригирани пред делата на Игор Јосифов...

од денешна перспектива, тврдам дека ноември беше месец

на уметноста.

Но, да се вратам на почетокот. За тоа да го сторам најпрвин

ќе се вратам неколку години наназад, поточно до 2014

година, кога саемот на современа уметност „Паратисима“

првпат се одржа во Скопје, а од 2016-та свое деби доживеа

и во главниот град на Португалија, Лисабон. Во Италија

почнува во 2005 година, и тоа сосема случајно, по пат

на шега, кога неколку другари од Торино решаваат да

организираат изложба во еден празен стан. На првиот

настан учествуваат околу 15-тина уметници, а таа била

отворена за сите учесници и посетители. Буквално секој

со желба за креативно изразување на кој било начин

можел да се пријави, што е начело што е задржано до

ден-денес, и тоа во сите три градови. По десет години од

почетното изложување, „Паратисима Торино“ станува еден

од најважните настани поврзани со современа уметност во

Италија, а од 2012 година е и најпосетен. Во тоа се уверив и

самата уште на првата вечер од саемот кога буквално редици

луѓе трпеливо чекаа да стигнат до влезот. Меѓу нив имаше

лица од различни возрасти, деца, мајки со новороденчиња,

момчиња и девојки во придружба на своите кучиња (секогаш

во ваква пригода се прашувам дали и кога би било дозволено

ова кај нас). Интересно е што во исто време се одржува

уште еден саем на современа уметност на кој учествуваат

академски сликари – „Артисима“, па „Паратисима“, имајќи

ја предвид слободата за пријавување учесници, доаѓа

како негова антитеза или, ако така сакате, пародија. :) Но,

15.000 квадратни метри простор за изложување во „Торино

Еспозициони“, конструирана од познатиот архитект Пјер

Луиџи Нерви, и преку 600 уметници и креативни таленти се

многу повеќе од само пародија, нели?

120

АСЈА МУЧА

Сличниот дух на почнување на „Паратисима Торино“ го

следеше и зачетокот на скопската – ни се довери Бојана

Стојменовска, една од неколкуте девојки и момци во

организација на „Паратисима Скопје“, која, како што

и самата вели, се прашувала за неопходноста од саем

за современа уметност, но откако веќе почнала целата

реализација околу добивањето на локална платформа. За

среќа, првичната дилема и неверување резултираат со секоја

година помасовен саем и сѐ поголем број на учесници. Така,

„Паратисима Скопје“ оваа година броеше 108 учесници

од кои 12 проекти беа наградени (наградите се дел и од

„Паратисима Торино“, поточно 37 на годинешниот саем) и

имаат можност да учествуваат на „Паратисима Торино“. А

и можност да одговорат на некои од моите прашања околу

нивните дела, искуството во Скопје и, секако, очекувањата и

импресиите од Торино.

Асја е апсолвент на отсекот по индустриски дизајн на

Машинскиот факултет во Скопје. Има широки интереси за

многу нешта, што лесно се забележува и при првото фрлање

поглед на нејзината работа. Ламбата со која учествуваше

на „Паратисима Скопје“, а потоа и во Торино ги спојува во

едно ваквите интереси, па освен квалитетен производ и

чист префинет дизајн, Асја мислела и на еко-аспектот зад

своето креирање. „Вообичаено, при дизајнирањето на некој

производ на почетокот немам некоја одредена мисла или

емоција што ме поттикнува во работата. Едноставно, следам

некој внатрешен инстинкт што ме води низ процесот, па на

крајот кога производот е готов му наоѓам поврзување со

некоја појава, процес или постојно дело“. За уметниците

од „Паратисима Скопје“, поточно за оние што успеала да

ги анализира, кажа дека биле одлични, а настанот опфатил

огромна разновидност на стилови и гранки од уметноста.

„Успеав да забележам дека ламби или други елементи за

осветлување не преовладуваа на настанот, а сепак тоа што

сметам дека ме издвои е необичниот состав на елементи кај

мојот дизајн“. Изложувањето на „Паратисима Торино“ за неа

беше прва промоција пред светската јавност, што секако ѝ

претставува огромна гордост и задоволство. „Патувањето

во Торино ќе го паметам по тоа што имав можност да

споделувам искуства и да створам пријателства со луѓе од

различни сфери, различни гледишта и ставови, а сепак тоа

да резултира со одлична дружба за паметење, како и многу

нови научени работи“.

121

ЕКЛЕКТИКА

Филигранскиот накит „Еклектика“ е она што ги обединува

дизајнерите Моника Лозановска и Александар Баки

Милев. Ако ги прашате, ќе ви кажат дека нивната работа се

разликува – Моника почесто изработува минималистички

парчиња, додека Александар помасивни парчиња накит

збогатени со благородни камења, но ќе си дадам слобода

да кажам дека и двата случаи резултираат со еднакво

привлечни и уникатни парчиња филигрански накит. „Во

Торино претставивме неколку парчиња од колекциите, како

што се: обетката за едно уво и филигранските приврзоци со

школката пауа. Колекција обетки ’Elf mono earrings‘: Вечната

потрага по поубавото и пофункционалното овој пат нѐ

однесе на појадок со сонливите самовили. Од нив буквално

ја украдовме префинетоста, мистичноста и сексапилот со

кои беа распослани нашите самовили тоа креативно утро.

Следствено, се потрудивме атмосферата да ја пренесеме

во колекцијата обетки за едно уво. Префинетите приврзоци,

орнаментирани со школката пауа ’Paua Collection‘, што се

наоѓа само на егзотичниот Мадагаскар, беа комбинирани

со слободниот стил на традиционалната македонска

техника на филигранот. И како краен резултат добивме

декоративни елементи за секоја жена, приврзоци што зрачат

со заробената светлина во проѕирната школка од островот

Мадагаскар“. Билет до Торино сметаат дека, освен дизајнот

на накитот, им донесе и неговото специфично изложување

на раце од гипс, што ја доловуваа вистинската убавина и

изработка на накитот. А за Торино ми кажаа: „Со учеството

успеавме да ја претставиме автентичната изработка на

македонскиот филигран и да го подигнеме на едно галериско

ниво. Важни ни беа контактите со други артисти и галерии

за понатамошна соработка. Не очекувавме толку голем

настан и изненадени сме од огромната посетеност. Многу

сме задоволни од одличната организација на девојките од

’Паратисима Скопје‘, како и целиот италијански тим. Градот

Торино се покажа како вистински домаќин за ваков фестивал

од светски рамки“.

пренасочи во гнев. Почувствував одговорност да пробам

да ги доближам и да ги информирам луѓето за темава преку

автопортрети, кршејќи неколку табуа.“ На прашањето што

ја издвои од другите учесници на „Паратисима Скопје“

ни кажа – прашајте го жирито! Или, со нивни зборови:

„Ања Илиева, преку различни техники на фотографскиот

медиум, се обидува да апелира кон подигање на свеста за

последиците и следствените трансформации на телото,

особено на млади личности, заболени од една од најчестите

болести на денешнината – туморот“. За неа патувањето

во Торино претставува можност за ширење на пораката и

надвор од нашите граници, а ни се довери и дека тамошната

„Паратисима“ ги исполнила нејзините очекувања, иако често

нема никакви очекувања.

ХАНИС БАГАШОВ

Нашите читатели веќе имаа можност да го запознаат

Ханис преку интервјуто во соработка со reborn.mk, но

нашиот креативен фотограф и режисер и неговиот краток

документарен филм „Лица“ имаше можност да го запознае

и италијанската публика. За неговото изразување преку

филмовите, фотографиите, вели дека е воден од потребата

да се изрази, да каже нешто. За „Лица“ вели: „Тогаш, во тој

момент – тоа имав да го кажам. Сакав да документирам една

АЊА ИЛИЕВА

Без да ми се налутат другите учесници :) морам да кажам дека

делото на Ања Илиева го доживеав како најлична, најинтимна

експресија. Веројатно затоа што нејзините фотографии се

своевидна ангажирана уметност – дела со општествена и

социјална порака. Додадете го тука и факторот на целосно

разоткривање на нејзината лична приказна и ќе сфатите

што ви зборувам. „Стравот предизвикан од недоволната

информираност, дознавајќи за мојот тумор на дојки, се

вистина, што ќе содржи во себе ненаметлива наративна

форма – мој начин и пристап кон стварноста, воден

првенствено од интуицијата“. Она што го издвојува смета

дека е начинот и искреноста во прикажувањето на вистината,

особено кога се зборува за документарен

oooh

A AAH

Вагинален крем

Вагинален крем

American Express® е регистрирана трговска марка на American Express®.

Картичките се издадени од Силк Роуд Банка АД Скопје согласно лиценцата

добиена од American Express.

филм. Можноста за посета на „Паратисима Торино“ за него

значи нова публика со претставување на делото и попатно,

дополнителна можност за посета на Националниот филмски

музеј во Торино. „Филмот помина слично како и во Скопје.

Немаше многу публика, но таа што беше не ја напушти салата

среде проекција. Тоа е добар знак и причина за задоволство.

А Торино е исклучително убав град и среќен сум што добив

можност да го посетам, преку филмот“.

ВИКТОРИЈА ПОПОСКА

Фотографија: Борис Јурмовски

ХРИСТИНА СЕКУЛОСКА И ИРЕНА МИЛОЈЕСКА

Двете девојки (и двете студентки по архитектура) имаа

можеби најамбициозна задача – да ја постават масивната

инсталација за само неколку часови, на денот на отворањето

на саемот во Торино. Во целиот процес им помагаа и другите

учесници и организаторите од Скопје. Претпоставувам дека

тоа беше главната причина поради која саемот во Торино не

ги задоволи нивните очекувања од тамошното претставување,

но ја искористија можноста преку интервјуто да им се

заблагодарат на Марио Еспозито, Бојана Стојменовска,

Кристина Лозановска, Андреј Прошевски, Асја Муча,

Викторија Попоска, Блашка Миева и Горјана Јордановска

за напорите и помошта што им ја дадоа до крајот на

изведбата на делото. Во креирањето на делото ги водеше:

„можноста да изградиме архитектонска метафора што ќе

предизвика посебно просторно доживување за луѓе кои не

се поврзани на никој начин со архитектурата, со цел да им

ги доловиме нашите чувства кон градењето и односот кон

изграденото“, а она што сметаат дека ги издвои од другите

учесници на „Паратисима Скопје“ беше „монументалноста

на делото и развојот на реална можна теорија на разбирање

на архитектурата во генерална смисла“. Можноста за

изложување во Торино ја гледаат како јавно изразување на

интернационално ниво на нивната перцепција на човечкото

домување како област на архитектурата во која работат,

што идеално би можело да резултира со развој на нови

можности на многу повисоко ниво произлезени од теоријата

што ја предлагаат.

Во разговорот со Викторија непосредно пред почетокот на

„Паратисима Торино“, таа ми ги пренесе своите гледишта за

среќата и сите ситни честички на позитивност што градат

и обликуваат сѐ околу нас. Пораката им ја пренесе и на

присутните вечерта на несекојдневен начин – најпозитивна

и облечена во фустан со принт од нејзиното дело, што, пак,

го создавала со протест пред себеси, поглед на внатре

за надвор, враќањето назад како одење напред = мир,

љубов. Смета дека нема посебен фактор што ја издвоил од

изложувачите на „Паратисима Скопје“, туку дека тогаш се

наместиле ѕвездите во нејзина полза или, народски кажано,

ѝ се усреќило. За патувањето во Торино вели: „Тоа е мое прво

професионално патување-учество на меѓународна изложба,

фин почеток“. :) За очекувањата од него продолжува во нејзин

стил: „Карактеристика на секој млад автор е сонувањето и

искреноста. Секако, очекував да се лансирам во орбита и за

некој месец да пијам кафе со Аниш Капур, но неговиот менаџер

не е секогаш и на ’Паратисима‘. :) Па, заминав накај Македонија

задоволна од неколкуте пофални коментари од дел од

учесниците од Италија, неколку нови пријатели на „Фејсбук“ и

среќичка во вреќичка дека запознав фини луѓе – Тања, Блашка,

Горјана, Кристина, Асја, Ирена, Христина, Ханис, Баки... и

сите“.

Освен дружење на „Паратисима Торино“, заедно со

учесниците имавме можност да посетиме и неколку музеи,

но и да прошетаме низ Торино, да уживаме во вкусна храна

и подобро да сфатиме што го прави Торино и, генерално,

Италија колепка на уметноста во Европа и во светот.

Следната „Паратисима“ е во Скопје во јуни, а дотогаш ќе

ве запознаеме со програмата, со правилата за пријавување

и учество, со датумите, учесниците... Па, иако ноември,

„месецот на уметноста“, е зад нас, по сѐ изгледа дека ни

претстои креативен периодот и во месеците што доаѓаат. А

имајќи ја на ум можноста за индивидуално интерпретирање,

завирање во различни светови и гледање на стварноста и

имагинативноста од различни перспективи што уметноста ја

нуди, можам само да кажам дека едвај чекам!

124

ГТЦ Скопје, Приземје / Хотел Александар Палас / тел. 02 3122 517

125

Се зборува за...

ЖИВОТОТ Е ПОСЛАДОК СО

САНДЕЈ!

Сандеј е меѓународно афирмиран и препознатлив бренд

за висококвалитетни домашни колачиња, чијашто цел е

да ги донесе производите во секој дом и да ги збогати

најскапоцените семејни моменти. Во светски опремената

фабрика „Колид Интернационал“ по уникатна рецептура и

со висока контрола на квалитетот се произведуваат вкусните

колачиња и десерти Сандеј.

Иако Сандеј е интернационален бренд, во својот асортиман

ги негува повеќето македонски традиционални рецепти и

вкусови, што резултира со вкусни баклави со ореви, тригуни

со вишни, тулумби, гурабии со бадеми, бискоти со џем и

крем, произведени од најквалитетни суровини како бадеми,

ореви, мед, чоколадо и претставуваат вистинско задоволство

за сите возрасти. Денес, Сандеј е присутен на полиците на

сите големи малопродажни синџири на Балканот и во некои

од глобалните синџири.

МИСТИЧНА УБАВИНА ВО

НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА

OXETTE

Колекцијата есен/зима 2016-17 од

Oxette е посветена на универзумот и

на сите негови мрачни, неистражени

мистерии, но во неочекувана игра

со сјајни и светли бои. Светкавиот

ефект е клучен. Органските облици

и круговите што експлодираат се

инспирација и за комбинирањето

на широката палета на бои што

се движат меѓу различни нијанси

на сини, портокалови и сребрени

тонови. Црната и темносината даваат

драматичен контраст. Ваквиот

тренд потекнува од светот насочен

кон технолошкиот развој што на

убавината гледа како низ рендгенска

снимка, детално доловувајќи ја

нејзината транспарентност и

кршливост. Бегството во светот на

гламурот е овозможено со парчињата

од Luxe jewelry collection – впечатливи

ѓердани, светкави скапоцени камења

што ќе создадат уникатен изглед кај

секој што ги носи.

ЗАБЛЕСКАЈТЕ СО МАСКИТЕ НА GLAM GLOW

Приказната за Glam Glow почнува во 2010 година во

Холивуд, а зад неа стојат Глен и Шенон Делимор. Тие

тргнале од идејата да направат квалитетен препарат

за своите пријатели, холивудски актери, односно да

ја подготват нивната кожа за најдобар изглед пред

камерите. Тоа подразбирало сјајна кожа, намалување на

видливоста на порите, како и минимизирање на брчките.

Крајниот резултат се маските Glam Glow, што доаѓаат во

повеќе изгледи и формули, а третираат различни состојби

на кожата. Линијата маски доаѓа претставена во шест

производи: Flashmud, Gravitymud, Powermud, Supermud,

Thirstymud и Youthmud.

Flashmud претставува третман за осветлување на тенот и

помага при враќање на свежиот тен на кожата. Идеален е

за отстранување на темните дамки и сивкавиот, безживотен

тен, како и неизедначената текстура на кожата.

Gravitymud е третман за поцврста, позатегната кожа.

Претставува своевиден лифтинг и видливо го враќа тонусот

на лицето.

Powermud е револуционерен производ со двојно дејство за

почиста и помека кожа. Хранливата маска ја обновува и ја

регенерира кожата.

Supermud е идеален за третман и чистење на

проблематичната кожа. Ги третира несовршеностите на

кожата, ги чисти порите и дава свеж, мат изглед на лицето.

Thirstymud ја обновува влажноста на кожата, а воедно ја

смирува и ја хидратизира.

Youthmud е десетминутен професионален третман за

беспрекорна кожа, подготвена за фотографирање. Има

anti-age ефект што ги измазнува ситните линии и брчки и

дава сјаен изглед.

126

127

МАЈА АРГАКИЈЕВА

СЛАДОК СВЕТ ИНСПИРИРАН

ОД НАЈМАЛИТЕ

Фотографката Маја Аргакијева создава вистинска уметност за новороденчиња, бебиња и деца, фотографирајќи ги во најразлични моменти и

ситуации. Со фотографија се занимава повеќе од 20 години, а со фотографирање бебиња, последните пет години.

„По раѓањето на моите ќерки-близначки, Каја и Веда, во 2011 година, целосно го насочив својот фокус кон нив две, личен, како мајка, но и

фотографски. Сè до моментот на нивното раѓање, немав некоја идеја дека ќе се занимавам со детска фотографија. Фотографирав сè, најчесто

концерти и документарна фотографија. Фотографиите од нив две очигледно допреа до срцата на многу луѓе, па почнав да добивам барања за

фотографирање и на други бебиња. Така, малку по малку, станав фотограф на бебиња, другото е историја. :) Работата со бебиња, а посебно со

новороденчиња, е најубавото нешто што некому може да му се случи. Свесна сум за тоа и бескрајно сум благодарна“, вели Аргакијева.

Фотографијата ѝ е голема љубов откако памети за себе, а нејзините почетоци, како што раскажува, се врзани за стариот фотоапарат „Зенит“

од татко ѝ. „Сè уште се сеќавам колку бев возбудена и фасцинирана кога го открив. Откако го купив првиот дигитален SLR-фотоапарат, не

одев никаде без него и фотографирав сè што ќе ми се видеше интересно. Од 2004 година сум член на Фотоклубот ’Елема‘ од Скопје, еден од

најстарите фотоклубови во Македонија. Имам учествувано на интернационални и домашни изложби и освоено повеќе награди. Последната

е од годинешната меѓународна изложба по фотографии ’Фотомедија‘, односно прва награда за поединечна фотографија од Фотосојузот на

Македонија (ФСМ) и диплома за колекција фотографии, исто од ФСМ. Наградените фотографии се од колекцијата ’Циркус‘, направени летово во

Бугарија“, додава Аргакијева. Во овој број, погледнете ги слатките фотографии од бебиња!

Македонска фотографија

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

ДЕВОЈЧЕТО СО

КИБРИТЧИЊАТА

БИДИ ТИ ПРОМЕНАТА ШТО САКАШ

ДА МУ СЕ СЛУЧИ НА СВЕТОТ!

Декември е најмагичниот месец во годината! Не затоа

што во декември ѝ е роденден на Носталгијата (за

целата измината година), туку затоа што е зачнување

на новата година. А таа, госпоѓа Нова година, ги крчка своите

изненадувања за нас...

...И сè почнува со еуфоријата на купување подароци. Има

нешто убаво во чувството дека некого ќе направиш среќен со

еден мал гест на внимание. Ги паметам миговите од детството

како со татко ми и мајка ми го чекавме Дедо Мраз да дојде во

нашиот дом. Мајка ми ќе ме извадеше на балконот да видам

дали стариот дедо со бела брада ќе слета со својата санка

од небото, додека татко ми за тоа време скришум ги редеше

подароците под елка. И кога ќе влезев внатре, под божиќното

дрво блескаа подароци во разни бои. Сè беше толку магично...

Го паметам мирисот на снег помешан со мирис на свежо

печен, топол домашен леб. Надвор снегулките танцуваа

танго (две по две како во љубовен пар:), а внатре, светилките

на елката играа брејкденс, правејќи виножито од бои. На

радоста ѝ немаше крај, иако на прв момент ќе се разочарав

дека сме се разминале со Дедо Мраз, оти тој со своите ирваси

наводно влегол од другата врата, но тоа чувство траеше

кратко и набрзо се враќав на топлата и радосна атмосфера

во домот. Долго верував дека постои Дедо Мраз. Моите не

сакаа да ми ја скршат илузијата, исто како што порано кога

ние бевме деца, мислевме дека бебињата ги носи штркот.

Сегашните деца зборот секс го знаат пред зборот те сакам.

Како и да е, секоја Нова година ми беше како бајка. Подоцна,

кога дознав дека не постои Дедо Мраз, не се насекирав

многу оти татко ми ја продолжи дедомразовската традиција

на подарување. Е, тука почнуваат моите празнични с’клети

на душата... КАДЕ Е ДЕДО МРАЗ ЗА ОНИЕ ДЕЧИЊА ЧИИ

РОДИТЕЛИ ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ? И ЗОШТО ДЕДО

МРАЗ НЕ Е ДАРЕЖЛИВ ЗА СИРОМАШНИТЕ СЕМЕЈСТВА? За

нив и едно пакетче со чоколатца би било доволно...

Се сеќавате ли на приказната за девојчето со кибритчињата?

Тоа не е приказна измислена од Ханс Кристијан Андерсен или

од браќата Грим, ниту, пак, сказна на Дизни. Тоа не е парче

сценаристка патетика скината од филмското платно, туку

приказна од вистинскиот живот. Но, некако не ги гледаме

околу нас девојчињата со кибритчиња додека брзоглаво

итаме низ трговските центри. За тие деца нема подароци под

елка... Ниту домот им е топло огниште...

Во 21 век топлите огништа не се луксуз, а нив сепак ги немаат

сите. И додека реалноста не ти влепи шлаканица, не ги гледаш

таквите луѓе. Неодамна имав можност да водам хуманитарен

настан на којшто се собираа средства за луѓето без покрив

над главата. Бездомниците се категорија на луѓе што сите ги

игнорираат. И додека стоев на бината со подготвен говор,

на неколку метри од мене на улицата „живееше/домуваше“

девојка која нема покрив над глава. Јас требаше да

филозофирам нешто, а до мене се одвиваше животна драма.

На студената земја имаше фрлено само едно старо ќебе.

Тоа веројатно ѝ беше единственото парче топла покривка за

студените и остри ноемвриски денови. И тогаш се прашав: Се

плашиме ли да ги погледнеме директно во очи луѓето кои се

борат за достоинствен живот и се обидуваат да го обезбедат

130

своето парче леб? Често замижуваме пред туѓите проблеми,

дури и ние, кои себеси се сметаме за освестени граѓани и се

воспитуваме себеси да бидеме чесни, хумани, пожртвувани

и солидарни. Кога ни е добро, го спуштаме погледот пред

грдото лице на неправдата. Ќе се сетиме на нивните проблеми

можеби на Светскиот ден на бездомниците, но не е само

еден ден во годината што треба да нѐ потсети колку е важен

нашиот личен придонес во пресвртот на тажните приказни на

луѓето на кои им е потребна подадена рака.

Сто милиони луѓе во светот немаат свој дом!!! Статистиката

вели дека само минатата година над 300 граѓани во Македонија

останале без дом. За жал, некои луѓе ги немаат ни основните

човекови потреби – храна и топол дом, а уште помалку можат

да размислуваат да си дозволат некои фини нешта. А тие луѓе,

исто како и ние, сонуваат во боја, сакаат убава облека, добра

музика, забава... И кога некој интелектуален циник ќе ми

спомене дека сиромаштијата не се решава со индивидуална

хуманост или, пак, дека солидарноста не треба да доаѓа

како милосрдие, туку како системско решение... Ми се крева

косата! Да, се согласувам дека треба да има одговорни

институции за тоа, социјална држава (што ја имаме само на

хартија) закони... бла, бла... а сепак, се присетувам на моќната

приказна за школката. Еве како тече оваа поучна сторија...

Еден човек минувал на брег на којшто надвор од океанот

имало многу школки. Почнал да ги спасува, враќајќи ги една

по една во водата. Во меѓувреме поминал друг човек и кога го

видел што прави со потсмев му рекол: „Залудно е, пријателе.

Зарем мислиш дека нешто ќе постигнеш? Не можеш да ги

вратиш сите школки во океанот. Не можеш да ги спасиш сите“.

А овој му одговорил: „Да, во право си, можеби не можам да ги

спасам сите школки, но на оваа една на која ќе ѝ помогнам

многу ќе ѝ значи“.

И така некако, во стилот на големиот Ганди, би рекла: „БИДИ

ТИ ПРОМЕНАТА ШТО САКАШ ДА МУ СЕ СЛУЧИ НА СВЕТОТ!“

Се разбира, додека ги чекаме сериозните системски решенија,

нели?! Ова не значи амнестирање на одговорните за состојбата

во којашто ни се наоѓа државата, ниту, пак, неверување дека

институциите треба да си ги решат социјалните проблеми,

ами само апел дека во меѓувреме секој од нас може да се

откаже од своето материјално изобилство и да помогне

онаму каде што некому му е насушно потребно. И секогаш

кога зборувам или пишувам за личната заложба на пазарот

на сиромашни души, се фаќам себеси во една лицемерна

позиција во која повеќе зборувам отколку што правам.

Делата, а не зборовите, се вистинските мерки. А сепак, секое

освестување е добредојдено и е чекор поблиску до промената.

Верувам дека полека стануваме свесни дека културата на

шопинг-центри нè прави слепи и отрпнати пред болките

и немаштијата на луѓето. Занесени во консумеристичката

мантра и заслепени од сјајот на материјалното, забораваме

дека скромноста е доблест и дека секое наше прекумерно

трошење и шопингување е нерационално во овој свет полн

со сиромашни и беспомошни луѓе. Затоа, секоја Нова година,

додека гледам трпези преполни со храна, прејадени и

препиени луѓе, кичесто осветлени улици што трошат енормно

количество струја, купишта исечени елки, прасиња со јаболко

во уста, компјутери и таблети за деца под елка, тон светкави

облеки и пластични играчки... се присетувам на девојчето

со кибритчињата. Во нејзината приказна се огледуваат

сите детски очи полни со солзи. На овие деца чистината и

добрината им се најголемото богатство и од овоземското

материјално богатство не им треба многу, само основните

потреби за нормален и достоинствен живот.

Празниците се навистина најтешкиот период во годината

за луѓето кои немаат. Сурово потсетување на онаа капка

радост што им недостига... Затоа, без многу филозофирање,

апелирам за малку свесност додека трчаме по продавници

како, кај и да е, да ќе дојде крајот на светот. Новата година ќе

стигне и без нашата шопинг-манија и без нашата налудничава

еуфорија! Она што можеме да направиме е да се потрудиме

да стигне по некое новогодишно пакетче во нечиј скромен

детски живот. ТAKA, ПОМАГАЈЌИ ИМ НА ДРУГИТЕ И НИЕ ЌЕ

СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОДОБРО!

131

Јин-Јанг

МАЈА КИРОВСКА, УМЕТНИЦА

ЧОВЕК ТРЕБА ДА

СЕ ОСЛОБОДИ ОД

ОТРОВИТЕ

Уметноста функционира надвор од

правилата

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Уметноста ќе го спаси светот. Да или не?

МК: И да и не. Уметноста ги согледува проблемите, што секако

помага во таа насока, но потребна е помасовна активност на

повеќе полиња.

АЈ: Кои се најопасните синџири на градот?

МК: Достапноста на сите „удобности“.

АЈ: Светот знае да биде и големо садистичко место. Во мојата

фантазија светот би бил…

МК: Урамнотежен!

АЈ: Современо и архаично во исто време е?

МК: Уметноста е таква.

АЈ: Патетична меланхолија е...

МК: Тажењето по минатото.

АЈ: Декември е месец на?...

МК: Месец на изложби и шопинг.

АЈ: Феминизмот е важен затоа што...

МК: Затоа што феминизмот е заложување за рамнотежа.

АЈ: „Никогаш во животот не сум имал мое ателје и не разбирам

како може да се слика затворен меѓу четири ѕида. Мене ми

треба убавината на воздухот“, Клод Моне. Коментар?

МК: Немањето ателје, соодветни услови и средства за творење се

само изговор. Некогаш е доволно парче хартија и место каде да

го потпрете.

АЈ: Херои за мене се?

МК: Луѓето кои несебично ги инвестираат сопственото време,

сили и знаења за доброто на сите.

АЈ: Што им е заедничко на уметноста и демократијата?

МК: Ништо! Уметноста функционира надвор од многу правила.

АЈ: Најдоброто од независната културна сцена во Скопје се...

МК: Не знам дали е најдобро, но мене ми е најдраго :) – еден

пример од независната сцена во Скопје од пред неколку години

Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.

АЈ: Која е најважната морална порака на која ве научил животот

досега?

МК: Треба реално да ги процениш сопствените способности и

знаење.

АЈ: Ако уметноста е бунт против колективното молчење, тогаш

кој крик би вреснал од вашите уметнички дела кон денешново

наше општество?

МК: Моите дела зборуваат за различни нешта што го креираат

дисбалансот во нашето општество.

АЈ: Енди Ворхол или Ван Гог?

МК: Гении се и двајцата!

АЈ: Нобелова награда за мир би дал на...

МК: Наградите не се секогаш праведни. Има многу поединци, но

и колективи кои вложуваат огромни напори за подобро утре.

АЈ: Која слика најдобро го илустрира вашиот живот?

МК: Веројатно моите. :) Сите мои дела се одраз на

размислувањата во одреден период во животот.

АЈ: Од минатава година сакам да заборавам...

МК: Дури и она што е лошо или непријатно не треба да се

заборава, треба да се памети како пример за да не се повтори.

Фотографија: Жарко Чулиќ

132

Јин-Јанг

ЈАНЕ ЧАЛОВСКИ, УМЕТНИК

НАЈВАЖНАТА МОРАЛНА

ПОРАКА Е ДА НЕ

МОРАЛИЗИРАМ

Зборовите за татко ми беа голема

одговорност

АЈ: Уметноста ќе го спаси светот. Да или не?

ЈЧ: Не, уметноста нема да го спаси светот од себеси! Таа е

хуманистичка појава што гради и разградува чувства, процеси и

мисли. Уметноста не спасува само еден свет туку таа е тука за да

возбуди и да возобнови милион интимни светови кога тие ќе се

изгубат во сивилото.

АЈ: Кои се најопасните синџири на градот?

ЈЧ: Емотивните и економските!

АЈ: Светот знае да биде и големо садистичко место. Во мојата

фантазија светот би бил…

ЈЧ: Спротивно од тоа. „Убав е светот крaј нема“ – тоа е

последниот стих од мојата омилена песна „Исповед на

староседелецот“ од мојот татко, поетот Тодор Чаловски.

Песната штоја опишува интимната болка од соочувањето со

неповратното. Истовремено го опишува и моментот кога таа

болка ќе се залекува со повикот за игра упатен до беседникот од

страна на неговото дете.

АЈ: Современо и архаично во исто време е?

ЈЧ: Поезијата! Зборовите за татко ми беа голема одговорност.

Светот го градеше преку беседи за комплексните чувства и

состојби на современиот човек.

АЈ: Патетична меланхолија е...

ЈЧ: Пијана состојба. :)

АЈ: Декември е месец на?...

ЈЧ: Илузија!

АЈ: Феминизмот е важен затоа што...

ЈЧ: Затоа што еднаквоста е важна!

АЈ: „Никогаш во животот не сум имал мое ателје и не разбирам

како може да се слика затворен меѓу четири ѕида. Мене ми

треба убавината на воздухот“, Клод Моне. Коментар?

ЈЧ: Моне знаел што му треба, но бил исто така многу повластен и

успешен и имал можности да работи во идеални услови. Денес е

неверојатно тешко да работиш како уметник и да опстојуваш од

својот труд.

АЈ: Херои за мене се?

ЈЧ: Луѓето кои навистина прават нешто за восхит се оние што не

мислат за себе како херои, ниту, пак, хероизмот им е причината

заради која се осмелиле да тргнат по патот на заедничкото и

праведното.

АЈ: Што им е заедничко на уметноста и демократијата?

ЈЧ: Потенцијалот, идеалите, несовршеноста, заедницата,

разочарувањето и малите победи, а големите планови...

АЈ: Најдоброто од независната културна сцена во Скопје се...

ЈЧ: Има многу храбри луѓе кои ги ставаат заедничките интереси

пред партикуларните.

АЈ: Која е најважната морална порака на која ве научил животот

досега?

ЈЧ: Да не морализарам!

АЈ: Ако уметноста е бунт против колективното молчење, тогаш

кој крик би вреснал од вашите уметнички дела кон денешново

наше општество?

ЈЧ: Дека промената е неминовна.Се надевам дека во мојата

уметност има придвижувачка иницијатива кон свртување на

погледот кон личната одговорност.

АЈ: Енди Ворхол или Ван Гог?

ЈЧ: Историја на уметност. :)

АЈ: Нобелова награда за мир би дал на...

ЈЧ: Има еден мал милион активисти кои сигурно ја заслужуваат.

АЈ: Која слика најдобро го илустрира вашиот живот?

ЈЧ: Таа е комбинација на апстракција, геометрија и органскиприроден

елемент што се доживува како инцидентен. Не знам

дали постои таква слика, но сигурно е синтеза на уметноста на

Агнес Мартин и Пол Тек и цртежите и објектите на син ми Теодор.

АЈ: Од минатава година сакам да заборавам...

ЈЧ: Веќе сум заборавил многу небитни работи, глупости. Имало

и препукувања меѓу довчерашни соработници кои, за жал, не

можам да ги заборавам, а би сакал.

133

Изборот е слобода

ПРИРОДАТА

МЕ ВОДИ НА

ВИСТИНСКОТО

МЕСТО

ГОРДАНА ВРЕНЦОСКА - УМЕТНИК И ДИЗАЈНЕР

Пишува: Ана Јовковска

Фотографија: Жарко Чулиќ

БОЈА: РОЗОВОТО ЅВОНИ! ТОА СУМ ЈАС!

„Розова соната во Г-мол“ е песна на мојата женска луцидност, на шармот и желбата за

освојување, на уметничката храброст. Ја преоблекувам традицијата во мои тонови и создавам

нови објекти на желбите. Во пембе како ориентален звук, во фушија како егзотика, во магента

како модернизам. Розовото „ѕвони“. Тоа сум дефинитивно ЈАС!

ФИЛМ: „ВРАЌАЊЕ“ ОД АНДРЕЈ ЗВЈАГИНЦЕВ Е ВИЗУЕЛНА ПОЕТИКА

По првото гледање на филмот „Враќање“ на рускиот режисер Андреј Звјагинцев, едноставно

останав занемена. Ова врвно остварување ме допира на сите можни нивоа. „Враќање“ е сурово

реалистичен филм кому не му се потребни никакви ефекти и „шминка“, а се гледа во еден здив.

Секоја сцена е совршена сама за себе, едноставна, но моќна. Визуелна поезија! Актерската игра

на двете деца во главните улоги е неповторлива. Тие совршено ќе ја прикажат комплексната

врска на два сина со својот отуѓен и штотуку вратен татко, со кого ќе заминат на мачен одмор и

верно ќе ги отсликаат чувствата на бес, страв и воодушевување од строгата татковска фигура.

Филмот е добитник на Златен лав во Венеција во 2003 година.

134

Изборот е слобода

КНИГА: Т’ГАТА НЕ Е ПОРАДИ ОТСУСТВО, ТУКУ ПОРАДИ

ПРИСУСТВО

Моцарт има одговори на сите мои прашања, но Харуки Мураками ги кажува сите нешта

што ги мислам јас, како со мои зборови! Тоа се тие невидливи нишки помеѓу мислите што

нè уверуваат во тоа дека ние сме дел од една иста универзална свесност. Дека не сме сами

во својот рај и пекол. Но, ако треба да издвојам книга, поточно две книги што ги влечкам

секаде со мене, тоа се моите џебни „библии“ – „Кавга со Кафка“ и „Приказни од Дивиот

Исток“, збирките на есеи, говори и интервјуа на Горан Стефановски. Горан редовно ми

разграничува што е „лирика“, а што „епика“ и љубезно ме потсетува дека „несвесното не

се дава лесно“ и дека „т’гата не е поради отсуство, туку поради присуство“.

ГРАД: БЕРЛИН Е ГРАД ВО КОЈШТО НЕ ПОСТОИ HORROR VACUI

Венеција беше мојата прва станица во „освојувањето“ на Западот. Град во кој бев жртва

на Стендаловиот синдром – предозираност од премногу уметност и убавина. Беше период

на уметничкото биенале и „мораше“ да се посетат сите изложби што беа распрскани низ

целиот град. Венеција е град во којшто се оди пеш, па ја засакав и поради можноста

да се изгубиш во лавиринтите на нејзините тесни улички. Редовно ѝ се навраќам, таа е

моја „романтична утопија на уметничкото совршенство“. За жал, Венеција континуирано

се уништува со транзитирањето на монструозно големите крузери, со преголемиот број

туристи и со иселувањето на локалните жители. Друг град што подоцна целосно ме освои

е Берлин. Ако Њујорк е град во кој доминираат објектите и духот на амбициозноста, на

индивидуалноста, на стремежот кон височината, во Берлин најважен е јавниот простор,

просторот меѓу објектите –„белата хартија од книгите“, широчината... Тоа е град во кој

слободно се дише и во кој не постои horror vacui – стравот од празниот простор. Берлин

го носи духот на поврзаноста и заедништвото.

ГРАДИНА: АКО ИМАШ ГРАДИНА И БИБЛИОТЕКА, ИМАШ СÈ ШТО

ТИ Е ПОТРЕБНО

Римскиот филозоф и политичар Цицерон своевремено кажал: „Ако имаш градина и

библиотека, имаш сè што ти е потребно“. Градината е благослов и мир за душата. Зеленото

ме разоружува, а свежиот воздух ги мие моите борбени бои. Мирисот на земјата, росата

врз розите и аромата на чајот од свежо набраниот јасмин му дават нов правец на денот

што почнува. Градината е моето лично парче природа. Во нејзина чест ќе цитирам стих од

една моја необјавена песна: „природата ме води секогаш на вистинското место“.

ОБЈЕКТ: ГЕРИЛА-ПЕРФОРМАНС ВО ГАЛЕРИЈАТА „ТЕЈТ МОДЕРН“

ВО ЛОНДОН

Во галеријата „Тејт модерн“ во Лондон првпат отидов во 2001 година, набрзо по нејзиното

отворање. Ја посетувам во секоја можна пригода и таму имам видено голем број врвни

уметнички изложби. Кај мене постои една континуирана фасцинација од тој простор,

од галериите, од балконот со поглед на Темза и катедралата „Св. Павле“, а најмногу од

големата Хала на турбините (зградата на музејот оригинално била електроцентрала). Во

2008 година направив еден непланиран герила-перформанс со „освојување“ на случајно

празниот простор на Халата на турбините. На фотографијата стојам во средината на

халата и од неа може да се забележи импозантноста на овој ентериер.

135

#PORTRETMAGAZIN

@mjaneska

@mila_tequilla

@dgjurovska

@klincharova_15

@iskra.mladenovska

@cuklev

136

ВО МЕСЕЦОТ КОГА ГО ПРОСЛАВУВАМЕ НАШИОТ ПРВ РОДЕНДЕН, И СТРАНИЦИТЕ ПОСВЕТЕНИ НА

„ИНСТАГРАМ“ ВЕЛАТ: СРЕЌЕН ПРВ РОДЕНДЕН „ПОРТРЕТ“! НАПРАВИВМЕ РЕТРОСПЕКТИВА ОД

ВАШИТЕ НАЈКРЕАТИВНИ ФОТОГРАФИИ СО НАСЛОВНИТЕ СТРАНИЦИ НА „ПОРТРЕТ“ И ТОА ОД

ПРВИОТ ДО ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ, А ДРУЖБАТА ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ НА #PORTRETMAGAZIN !

@monikapotter

@emiphey

@popovskameri

@theloridiaries

@millennial.girl

@jasnaandonova

STREET & STYLE

НЀ РАДУВА КОГА НИЗ ГРАД ЌЕ СРЕТНЕМЕ ИНТЕРЕСНИ И ВПЕЧАТЛИВИ ЛИКОВИ СО

ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ. ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ И ВИЕ

Фотографија: Жарко Чулиќ

Билјана Лалкова Дарко Жиковски Емилија Крстевска

Хана Ѓакова

Марко Ѓуковиќ

Вања Штркова

138

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!