Колумна Ugly Betty Последниов месец се чувствувам прегрда. Без посебна причина, од чиста мира почнав секое гледање во огледало да си пронаоѓам маани. Работите стојат вака. Лице: hard core црни подочњаци, хормонски влакна, непослушни веѓи, уста без пигмент. Брчки тон, „среќна“ околност што сите ми се онакви мимички, од смеење. Коса најседа. Уште од неполни 25 години, без да видам дух, под чудни околности преку ноќ оседев целосно. Поседа сум од баба ми и со години мака мачам со фарбање, шатирање и сл. Телото не се осудувам да го коментирам. Три царски реза, гради минимум три години цицани, и задник Ким Кардашијан без фотошоп. Дополнителна нервоза ми правеше маж ми што кога ми ги откри нервозите без престан ме замараше: - „Опааа 40 години уште малку, ти не се приметуваш ама тетка си скроз“. Секој ден смислуваше нови начини да ме нервира и му беше презабавно. Зашто фазата со креми за брчки ја имав веќе поминато, заклучив дека ми останува да преземам порадикални мерки. Дааа тоа е тоа, сега кога ќе си се средам, ботоксче, лифтингче, хијалуронче, па силикони, па третмани. Господ да ме види - си мислам пресреќна и забележувам старачка пеѓа на раката. Одма се пуштив во разгледување сајтови на естетско - корективни салони за убавина, и одма ми се направи нервоза од еден факт што го занемарив во мојот преоптимистички план. Сѐ е со боцкање, со игли и со трпење болка. Се храбрам дека сум издржала три царски реза и закажувам некој третман со кислород за кој што сто пати прашав да ми потврдат дека е безболен. Ќе почнам вака light си викам и ќе се мотивирам и ќе станам несопирлива. Со недели се измачував и одев на разноразни третмани сѐ до една вечер кога редовната проверка на телефонот на син ми (не ме осудувајте одма, престресно е да растеш деца во доба на ССМ- страшни социјални мрежи) не ми ја намали маката. Си пишува фраеров мој со една од симпатиите на вибер, и ѝ вика: „Па што и јас кога ќе бидам стар како татко ми ќе бидам ќелав како него. Па девојчево му одговара: „Хахахаха и јас кога ќе бидам стара како мајка ми ќе имам многу брчки.“ Оооооо мали монструми едни си викам, татко ти можеби е ќелав ама е фраер. А мајка ти госпоѓице мала, преслатка, има 30 години! И нема брчки, барем не многу. И од кај ти воопшто знаеш што е брчка? Ме обзема среќа дека ми пораснало детето. Си викам сѐ е ова нормално, сѐ е ова живот. Да сум здрава и духот да си го сочувам па друго сѐ се поправа. А и да не се поправа нема да се сликам за Playboy. Си ја галам вештачката коса до газ, си се храбрам со мантри „ Still fabulous at 40“ и не ни забележувам колку брзо лета времето. Скоро е 16 часот, а јас веќе многу каснам на ласер. Ружица Антиќ *Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста
SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUE, УЛ. МAКЕДОНИЈА 32, 1000 СКОПЈЕ, ТЕЛ: ++389 2 3222 300 SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUE, SKOPJE CITY MALL, 1000 СКОПЈЕ, ТЕЛ: ++ 389 2 3091 003 SWAROVSKI PARTNER BOUTIQUE, PALMA MALL, 1200 ТЕТОВО, ТЕЛ: ++389 44 36 88 78 KARLIE KLOSS #GiveBrilliant WITH THE CHRISTMAS COLLECTION DISCOVER MORE AT SWAROVSKI.COM