07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Портрет на уредникот

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН

„ПОРТРЕТ“

ема да биде претерано ако кажам дека изминатава година ми беше една од

најубавите години во мојот живот. Раѓањето на „Портрет“ беше делчето што ѝ

недостигаше на мојата лична сложувалка. Во оваа измината година запознав

толку многу креативни и вредни луѓе, се радував на женската сила и моќ,

плачев на секоја животна приказна од „Моја борба“ и се восхитував на секој

доказ на талентите и квалитетите на моите колеги. Додека го подготвувавме

овој наш роденденски број, сфатив дека најубавите приказни на страниците на

„Портрет“ се раскажани од победници, луѓе не секогаш со јавна професија, со

топло срце и убави мисли. Тие ни дадоа верба дека и нашата држава конечно

ќе се ослободи од предрасуди од секаков вид, од какво било загрозување

на човековите права и од говорот на омраза што се шири како лош грип,

дополнително поттикнат од масовниот и лесен пристап до социјалните мрежи.

Изминатава година се обидувавме, почнувајќи од изборот на жени за насловната

страница, па сè до малите тајни за козметика и убавина да ви покажеме дека сè

уште постојат ненаметливи луѓе, чиишто дела и кариери зборуваат погласно од нив, што го одат својот

пат, посветено и фрлаат нова светлина на зборот квалитет. Секоја од овие дванаесет жени беше различен

вид инспирација за нас и од секоја од нив научивме различна лекција. Овој последен број за оваа година

го краси преубавата Рисима Рисимкин, наша најистакната кореографка, уметничка директорка на „Танц

фест“ и основачка и уметничка директорка на „Скопје танцов театар“. Таа гордо раскажува за својата

најголема љубов – танцот, за големиот број танчари, чијшто ментор е, и за чувството на слобода што е

нераскинлив дел од животот на уметниците. Гледајќи слики од нејзините студенти заклучив дека танцот е

можеби движење што е најблиску до магија, храна за сите сетила и лек за сечија душа.

Овој број, на наше големо задоволство, имавме можност да запознаеме уште еден уметник, младата

Ема Ананиевска, што ни ја раскажа својата борба, што е воедно и пат што го одат речиси сите лица со

оштетен вид во нашата земја. „Сакам луѓето да ме гледаат како Ема-пијанистката, а не како Ема-девојката

со оштетен вид“, вели оваа млада, храбра девојка, чиишто предизвици растат заедно со нејзините

лични постигнувања. Месецов, рубриката „Wonder Womеn“ ја посветивме на сите луѓе што работат

на подобрување на родовата еднаквост на платите во нашата земја. Поттикнати од поразителната

статистика дека жените, особено со пониско образование, добиваат до 28,4% пониски плати од мажите,

разговаравме со Благица Петрески, извршната директорка на Институтот за економски истражувања

и политики „Finance Think“. Овој институт стои зад веб-платформата за поголема родова еднаквост

„ЕдПлаКо-Мк“, што има цел да ги поттикне компаниите да тестираат дали постојат разлики во нивните

платни списоци.

Годинава ја завршуваме со огромна благодарност до сите наши читатели. Без трошка клише и лажна

љубезност, морам да ви кажам дека секоја ваша порака, секој убав збор, критика, забелешка бескрајно

нè радуваше секој број. Вашата желба да помогнете во нашата мисија за создавање медиум за луѓе со

отворено срце и со чиста мисла, нè направи бескрајно среќни и мотивирани за следната година. И за

крај, можеби ќе звучи нескромно, но мислам дека изминатава година сериозно ги размрдавме месечните

изданија на печатените медиуми во нашата земја. Нашиот предизвик дека принтот не само што не е мртов

туку и станува сериозна уметничка творба, тие го прифатија со раширени раце и во чекор со нас. Сѐ

тоа по една година резултираше со подобрување на квалитетот и работата на речиси сите македонски

изданија. До следниот наш број во идната година ви посакувам мирен и спокоен месец, радувајте се на

малите нешта, читајте, простувајте... Најдете убав збор за секого и уживајте со вашите сакани.

14

Ружица Антиќ

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!