07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

ДЕВОЈЧЕТО СО

КИБРИТЧИЊАТА

БИДИ ТИ ПРОМЕНАТА ШТО САКАШ

ДА МУ СЕ СЛУЧИ НА СВЕТОТ!

Декември е најмагичниот месец во годината! Не затоа

што во декември ѝ е роденден на Носталгијата (за

целата измината година), туку затоа што е зачнување

на новата година. А таа, госпоѓа Нова година, ги крчка своите

изненадувања за нас...

...И сè почнува со еуфоријата на купување подароци. Има

нешто убаво во чувството дека некого ќе направиш среќен со

еден мал гест на внимание. Ги паметам миговите од детството

како со татко ми и мајка ми го чекавме Дедо Мраз да дојде во

нашиот дом. Мајка ми ќе ме извадеше на балконот да видам

дали стариот дедо со бела брада ќе слета со својата санка

од небото, додека татко ми за тоа време скришум ги редеше

подароците под елка. И кога ќе влезев внатре, под божиќното

дрво блескаа подароци во разни бои. Сè беше толку магично...

Го паметам мирисот на снег помешан со мирис на свежо

печен, топол домашен леб. Надвор снегулките танцуваа

танго (две по две како во љубовен пар:), а внатре, светилките

на елката играа брејкденс, правејќи виножито од бои. На

радоста ѝ немаше крај, иако на прв момент ќе се разочарав

дека сме се разминале со Дедо Мраз, оти тој со своите ирваси

наводно влегол од другата врата, но тоа чувство траеше

кратко и набрзо се враќав на топлата и радосна атмосфера

во домот. Долго верував дека постои Дедо Мраз. Моите не

сакаа да ми ја скршат илузијата, исто како што порано кога

ние бевме деца, мислевме дека бебињата ги носи штркот.

Сегашните деца зборот секс го знаат пред зборот те сакам.

Како и да е, секоја Нова година ми беше како бајка. Подоцна,

кога дознав дека не постои Дедо Мраз, не се насекирав

многу оти татко ми ја продолжи дедомразовската традиција

на подарување. Е, тука почнуваат моите празнични с’клети

на душата... КАДЕ Е ДЕДО МРАЗ ЗА ОНИЕ ДЕЧИЊА ЧИИ

РОДИТЕЛИ ЕДВАЈ ВРЗУВААТ КРАЈ СО КРАЈ? И ЗОШТО ДЕДО

МРАЗ НЕ Е ДАРЕЖЛИВ ЗА СИРОМАШНИТЕ СЕМЕЈСТВА? За

нив и едно пакетче со чоколатца би било доволно...

Се сеќавате ли на приказната за девојчето со кибритчињата?

Тоа не е приказна измислена од Ханс Кристијан Андерсен или

од браќата Грим, ниту, пак, сказна на Дизни. Тоа не е парче

сценаристка патетика скината од филмското платно, туку

приказна од вистинскиот живот. Но, некако не ги гледаме

околу нас девојчињата со кибритчиња додека брзоглаво

итаме низ трговските центри. За тие деца нема подароци под

елка... Ниту домот им е топло огниште...

Во 21 век топлите огништа не се луксуз, а нив сепак ги немаат

сите. И додека реалноста не ти влепи шлаканица, не ги гледаш

таквите луѓе. Неодамна имав можност да водам хуманитарен

настан на којшто се собираа средства за луѓето без покрив

над главата. Бездомниците се категорија на луѓе што сите ги

игнорираат. И додека стоев на бината со подготвен говор,

на неколку метри од мене на улицата „живееше/домуваше“

девојка која нема покрив над глава. Јас требаше да

филозофирам нешто, а до мене се одвиваше животна драма.

На студената земја имаше фрлено само едно старо ќебе.

Тоа веројатно ѝ беше единственото парче топла покривка за

студените и остри ноемвриски денови. И тогаш се прашав: Се

плашиме ли да ги погледнеме директно во очи луѓето кои се

борат за достоинствен живот и се обидуваат да го обезбедат

130

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!