Моја борба Ема Ананиевска САКАМ ЛУЃЕТО ДА МЕ ДОЖИВУВААТ КАКО ПИЈАНИСТКА, А НЕ КАКО ДЕВОЈКА СО ОШТЕТЕН ВИД Пишува: Марта Стевковска Цел свет се раѓа под прстите на Ема Ананиевска, студентка во четврта година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Свирењето клавир за неа претставува посебно уживање, а и не само за неа туку и за тие околу неа е навистина мевлем за уши. Иако со целосно оштетен вид, Ема успеала да се избори за своите желби, да стане пијанистка, да учествува на концерти и настапи и надвор од земјава. Освен тоа, таа активно се бори за подобри услови за слепите лица во Македонија. Без изгубена надеж, насмеана и храбра, со цврст став, Ема ни ја раскажа својата приказна за тешкотиите со кои се сочувала, но и за нејзината љубов кон клавирот. 22 Фотографија: Жарко Чулиќ
Моја борба Навистина е инспиративно и поттикнувачки што, и покрај целосно оштетениот вид од бебе, вие сепак во овие дваесет и една година, сте успеале да го следите својот талент за пијано и се обидувате постојано да го подобрувате секојдневието што, претпоставувам, не ви било лесно. Како се соочувавте на почетокот со фактот дека целосно го имате изгубено видот и која е причината за слепилото? Видот ми е оштетен од лекарска грешка, сум го изгубила додека сум била бебе од преголема доза кислород во инкубатор без заштита. И покрај тоа, уште од мала возраст сум свесна за проблемот што го имам зашто секогаш ми се зборувало за тоа, ништо не се криело од мене, објаснето ми е дека, ете, можеби сум поразлична од другите, дека не можам да гледам. Нормално, како дете не ми било јасно што ми се случува, сум поставувала секакви прашања, дали некогаш ќе можам да гледам, зошто не можам да гледам, сум го прашувала дури и татко ми дали, кога би можел, би ми ги дал неговите очи да гледам. За моите родители тие прашања биле многу болни, бидејќи не знаеле што да ми одговорат. Сепак, тоа што сум свесна од почеток, ми помогна едноставно да се соочам со тоа и да терам напред, бидејќи не може да се врати времето за да се смени тоа што се случило. Секако, не е лесно, но моите родители ме воспитале да бидам многу храбра. Никогаш не ме двоеле од сестра ми, како што била воспитувана таа сум била и јас, растена сум во средина во која сум прифатена најнормално. Ќе ни ја раскажете ли накратко вашата борба низ годините со оштетениот вид, но и процесот низ образовниот систем, од основно училиште до денес? Дали сте се соочиле со некој вид дискриминација и маргинализација во текот на вашето растење? На почетокот, кога беше борбата за запишување во редовно училиште, имаше многу пречки. Мајка ми има повеќе трауми од тоа зашто некои мислеле дека не би требало да бидам интегрирана во редовно училиште. Но, нејзината желба и, сметајќи дека оди по вистинскиот пат, успеа да се избори. Генерално бев прифатена и од соучениците и од наставниците, секако секогаш има луѓе кои не ме прифаќаа. На почетокот тоа ми беше тешко, но секој може да биде во таква ситуација, не може секој да прифати секого. Сепак, сфатив дека ако некој не сака да ме прифати таква каква што сум, тоа не е мој проблем. Во текот на образованието немав овозможено еднакви услови како и другите ученици, а и денес немам. Немав Брајова литература во основно и средно училиште, мајка ми ми ги читаше лекциите, снимав на диктафон, па потоа ги учев. Во однос на пристапноста и движењето и ден-денес не се осмелувам да излезам Имаше скептици да не се запишувам на инструментален оддел на клавир, дека тоа ќе ми биде многу тешко, дека е подобро да одам на теоретски дел за професорка. Но, решив да се послушам себе и еве, сега сум четврта година на музичката академија и подготвувам дипломски труд. Најмногу ме исполнува кога излегувам да свирам на сцена, се чувствувам убаво на сцената. сама на улица да се движам. Културата ни е на ниско ниво, сообраќајот ни е хаос, улиците не се пристапни, звучните семафори што ги направија се грешни... Сè што постигнав е благодарение на напорот што е вложен од моето семејство, ништо конкретно не сум добила од некоја државна институција. Во средно училиште имавме обид да побараме аудиокниги од Министерството за образование за да ми се олесни начинот на учење, но не сакаа да ни дадат, затоа што наводно ќе сме ги злоупотребеле. На оваа тема сум зборувала многупати и мислам дека самите треба да се бориме за да се направи нешто. Се надевам дека сето тоа низ што поминав на тие од другите генерации, можеби за некој чекор ќе им биде олеснето затоа што многу е лошо и тешко да зависиш за учење од некој друг. Кога би направиле споредба со деновите во средното музичко училиште и сегашните студентски денови, колку вие лично се променивте низ годините, дали изградивте поинаков, похрабар став кон вашата ситуација? Дефинитивно сум многу изменета, во средно училиште уште бев дете и не знаев со што ќе се соочам понатаму во животот. Мислев дека сè е лесно, фино, наивно, дека е како дома. Но, како поминуваат годините, се соочувам со разни ситуации, добри и лоши, и мислам дека сум многу поцврста и похрабра од тоа што бев можеби и пред една година. Во однос на тоа колку оштетениот вид ме спречи за некои желби, како помала размислував многу околу тоа, на пример дека нема да можам да возам автомобил. Тогаш тоа го сфаќав многу трагично. Но, сега не гледам така на работите, сега го прифаќам тоа без проблем, впрочем и многу мои другарки што имаат нормален вид не возат автомобил. Во принцип, секоја желба што ја имав мислам дека ја постигнав, иако со повеќе труд, а сепак на крајот се исплатело. Кога почнавте да користите асистивна технологија, компјутер со посебна говорна програма за лица со оштетен вид, и колку тоа ви го олесни функционирањето? Во прва година од средно училиште почнав да ја користам асистивната технологија. Одев во здружението „Отворени прозорци“, за да ми покажат како се користи софтверот на компјутер за лица со оштетен вид што го имав уште од претходно. Дотогаш мислев дека нема да можам никогаш да користам компјутер, дури и на сестра ми, и се лутев зашто таа може да користи, а јас не. Меѓутоа, асистивната технологија, со напредокот на технологијата воопшто, многу го олеснува секојдневието и функционирањето. Преку тоа сум многу посамостојна, не треба некој друг да ми прочита порака, да 23