07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Моја борба

ми испрати електронска пошта или да ми каже кој ми пишал

на „Фејсбук“. Освен тоа, ако ми треба некоја информација

веднаш отворам и си наоѓам сама. Оваа технологија треба да

биде пристапна за секое лице со оштетен вид.

Во една статија за вас се вели дека љубовта кон музиката ја

негувате од мала, сте пројавиле талент што го препознале

вашите родители и неуморно се бореле да ви овозможат

непречено да го негувате и да

бидете тоа што сте денес. Какви

беа вашите почетоци со пијаното и

учењето да свирите?

Кога се запишав во музичко

училиште, искрено не знаев зошто

ме запишуваат, бев дете, имав околу

осум години. Кога дојде времето

да се избере инструментот и ме

прашуваа на кој инструмент сакам да

свирам, им кажував дека не сакам да

свирам, туку сакам да пеам. :) Сепак,

се одлучив за пијано зашто веќе имав

синтисајзер дома и на него си играв

кога бев помала. Искрено, првиот

момент кога седнав пред клавир

не го паметам, но се сеќавам дека

се роди желба во мене да свирам

постојано и да учам, да откривам

нови работи. Долг период сакав

да се запишам во општа гимназија,

бидејќи сестра ми учеше во

гимназија и по нејзини стапки сакав

да одам. Меѓутоа, во шеста година

од основното музичко училиште,

што е последна година таму, имаше

хуманитарен концерт од Црвениот

крст. Учествував на него, убаво

отсвирев, разговарав и со учесници

од средното училиште и одлучив да

продолжам во таа насока. Повторно

имаше скептици да не се запишувам

на инструментален оддел на

клавир, дека тоа ќе ми биде многу

тешко, дека е подобро да одам

на теоретски дел за професорка.

Но, решив да се послушам себе

и еве, сега сум четврта година на

музичката академија и подготвувам

дипломски труд. Процесот на

читање на партитурите е најтешкиот

дел што ме прави побавна од другите студенти, бидејќи тука

повторно се јавува проблемот што нема никаква Брајова

литература. Имав многу голема поддршка од професорите,

посебно професорката Маја Поповиќ, која беше со мене

и во нижо и во средно музичко училиште и поради неа ја

имам љубовта кон пијаното. Да не беше таа немаше да го

постигнам тоа што го постигнав, даваше сè од себе за да

бидам успешна во тоа што го работам. Сега и на факултет

имам голема поддршка од професорката Рита Поповиќ,

која ми предава пијано. Пред некое време купивме звучна

Нормално, како дете не ми било

јасно што ми се случува, сум

поставувала секакви прашања,

дали некогаш ќе можам да

гледам, зошто не можам да

гледам, сум го прашувала дури

и татко ми дали, кога би можел,

би ми ги дал неговите очи да

гледам.

програма од САД што чита ноти и може многу да ми олесни.

Досега имате настапувано на голем број настани и

концерти, меѓу кои и во Москва, Русија, уште додека сте

биле во средното училиште „Илија Николовски-Луј“, а и

наградувана сте неколкупати. Кој досега настап ви оставил

најголем впечаток и кога сте биле најзадоволна од себе

како музичар?

Најмногу ме исполнува кога

излегувам да свирам на сцена, се

чувствувам убаво на сцената. Тешко

е да се издвои еден настап, иако тој

во Москва можам да го издвојам како

најголемо искуство досега. Таму,

луѓето кои ме слушаа воопшто не

ме познаваа, а сепак беа музичари

и добив многу убави критики, што

мене многу ми значеше, доаѓајќи

од нив. Понекогаш луѓето кои

те познаваат можат да не бидат

објективни. Засега свирам класична

музика, но сакам и помодерна

музика, на пример за да одморам од

вежбање, а Фредерик Шопен ми е

омилен композитор. :)

Освен со музика, имате и

спортски хобија, играте тенис,

што е за пофалба, бидејќи

не сте се откажале ни од тоа,

покрај попреченоста. Активно

сте вклучена во подобрување на

условите и поддршка за слепите

лица, што сметате дека е најважно

да бидат правилно интегрирани во

нашето општество?

Приказната со тенисот е интересна

како почна. :) Момчето на една

моја другарка е тренер по тенис

и кога зборувавме дека сакам да

играм тенис, а не можам, тој ми

предложи да пробаме и сфатив

дека можам. Бев горда на тоа и

така ми стана како еден вид хоби.

Во слободно време волонтирам

во невладиниот сектор во „Крик“,

центар за младински активизам.

Организираме работилници,

програми, одиме на обуки и тоа е нешто што ме исполнува.

Кај нас, навидум се зборува за некаква инклузија и

интеграција на лицата со попреченост, но тоа сè уште е

само на хартија. Прво е потребно секое училиште да биде

пристапно, на пример имам познајничка која токму поради

проблемот со пристапност не можеше да стигне до средното

училиште и мораше да го завршува вонредно. Треба да има

услови за различен вид попреченост и задолжително треба

да има дефектолози кои ќе работат со тие деца, бидејќи

е потребно повеќе внимание да се обрне на нив. За мене

24

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!