07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

крем полудува по неговите креации. Бела, црна и неговата

препознатлива црвена се боите на безвременските тоалети

што го носат неговиот потпис. Шеесеттите Валентино ги

истакнува како неговата омилена модна деценија, кога

крeациите доживуваат своевидна револуција: тие се

извонредни, но не и претерани. Во овие рамки се случува и

неговиот најголем успех, модното шоу од 1967 година, кога

Валетино ја лансира неговата „Бела колекција“. Во периодот

кога модниот пазар е обоен во смели и фанки нијанси, тој

храбро ја изработува целата колекција во различни нијанси

на бело. Шоуто доживува невиден успех, а Валентино ја

добива престижната награда за дизајн „Ниман Маркус“.

Неговата модна куќа прераснува во империја. Славата и

добрите гласини во некоја мера се должат и на неговата

пријателка со беспрекорен стил, Џеки Кенеди, која премина

во Оназис облечена во креација на Валентино изработена

од тантела со боја на слонова коска. Настанот осамнува

на сите насловни страници, а името на Италијанецот кому

Џеки му ја довери својата венчаница добива статус на

вистинска икона. Листата на „богати и славни“ приврзаници

на брендот „Валентино“ е многу подолга и ги вбројува

некои од најубавите жени на светот како Елизабет Тејлор,

Софија Лорен, Грета Гарбо, Џулија Робертс, принцезата

Дајана и продолжува до бескрај; речиси да не поминува

црвен тепих без креација на Валентино. Цветни детали,

животински принтови, геометриски форми, плисе парчиња

и елегантни тантели се дел од елементите што Валентино

вешто ги комбинира, градејќи го својот препознатлив стил;

едноставен, а толку посебен. Во седумдесеттите ја дизајнира

и првата прет-а-порте колекција.

Пред крајот на осумдесеттите, империјата Валентино

се проширува со синџир бутици во САД и Јапонија.

Следните освоени парчиња од светот се Блискиот Исток,

Азија и нови делови од Европа. Неговите креации низ

годините остануваат романтични какви што ги сака тој,

со извонредни линии и внимателно избрани детали. По

40 години неуморно војување, во 1998 година ја продава

својата модна куќа на HdP, што во 2002 година ќе ја предаде

на Марцото, брендот лидер на текстилната индустрија во

Милано. Валентино Гаравани останува креативен директор

на модната куќа сѐ до крајот на 2007 година, кога по

половина век служба на убавината и модата официјално

го најавува своето пензионирање. Неговата последна хот

кутур ревија се одржува во Париз, во јануари следната

година. Заминувањето од модната сцена е прославено со

документарецот што е ретроспектива на неговиот живот и

кариера со наслов „Последниот император“ („Valentino: The

Last Emperor“, 2008). Дебитира најпрвин на Венецискиот

филмски фестивал, а подоцна поминува мошне успешно и

во киносалите во САД.

И се разбира, „Валентино“ не е само хот кутур и прет-апорте,

еднакво е и трагата што останува во воздухот по

секоја капка од парфемите од линијата на „императорот“.

Приказната почнува во 1978 година, кога првиот женски

парфем е претставен во Театарот „Шанзелизе“. Со истото

мајсторство со кое ги крои парчињата облека, тој им дава

живот и на мирисите што создаваат магија, за неа и за него.

Моќни композиции од ноти што низ годините еволуираат за да

му прилегаат на современиот маж, вљубеник во елеганцијата

и стилот, како и да ги отсликаат слободоумните, заводливи

и страсни жени-приврзанички на „Валентина“. Нејзиното

најново лице е „Valentina pоudre“, тоалетната вода што умее да

ја облече кожата, создавајќи необична „тантела“, невидлива,

но сензуална, недопирлива, но препознатлива. Создадена

е со акорди на теракота во прав и кремава комбинација

од перуника и тубероза, длабоко испреплетени со ноти

на ванила и сандалово дрво, за деликатен, а истовремено

смел мирис. Препознатливото тридимензионално шишенце

со цвет овој пат е во необична nude нијанса што открива

што претставува „Валентина“: втора кожа за која сонува

секоја жена, материјализација на најпрепознатливите

карактеристики на брендот „Валентино“: романтичност,

женственост, софистицираност.

73

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!