Се зборува за... ЖИВОТОТ Е ПОСЛАДОК СО САНДЕЈ! Сандеј е меѓународно афирмиран и препознатлив бренд за висококвалитетни домашни колачиња, чијашто цел е да ги донесе производите во секој дом и да ги збогати најскапоцените семејни моменти. Во светски опремената фабрика „Колид Интернационал“ по уникатна рецептура и со висока контрола на квалитетот се произведуваат вкусните колачиња и десерти Сандеј. Иако Сандеј е интернационален бренд, во својот асортиман ги негува повеќето македонски традиционални рецепти и вкусови, што резултира со вкусни баклави со ореви, тригуни со вишни, тулумби, гурабии со бадеми, бискоти со џем и крем, произведени од најквалитетни суровини како бадеми, ореви, мед, чоколадо и претставуваат вистинско задоволство за сите возрасти. Денес, Сандеј е присутен на полиците на сите големи малопродажни синџири на Балканот и во некои од глобалните синџири. МИСТИЧНА УБАВИНА ВО НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА OXETTE Колекцијата есен/зима 2016-17 од Oxette е посветена на универзумот и на сите негови мрачни, неистражени мистерии, но во неочекувана игра со сјајни и светли бои. Светкавиот ефект е клучен. Органските облици и круговите што експлодираат се инспирација и за комбинирањето на широката палета на бои што се движат меѓу различни нијанси на сини, портокалови и сребрени тонови. Црната и темносината даваат драматичен контраст. Ваквиот тренд потекнува од светот насочен кон технолошкиот развој што на убавината гледа како низ рендгенска снимка, детално доловувајќи ја нејзината транспарентност и кршливост. Бегството во светот на гламурот е овозможено со парчињата од Luxe jewelry collection – впечатливи ѓердани, светкави скапоцени камења што ќе создадат уникатен изглед кај секој што ги носи. ЗАБЛЕСКАЈТЕ СО МАСКИТЕ НА GLAM GLOW Приказната за Glam Glow почнува во 2010 година во Холивуд, а зад неа стојат Глен и Шенон Делимор. Тие тргнале од идејата да направат квалитетен препарат за своите пријатели, холивудски актери, односно да ја подготват нивната кожа за најдобар изглед пред камерите. Тоа подразбирало сјајна кожа, намалување на видливоста на порите, како и минимизирање на брчките. Крајниот резултат се маските Glam Glow, што доаѓаат во повеќе изгледи и формули, а третираат различни состојби на кожата. Линијата маски доаѓа претставена во шест производи: Flashmud, Gravitymud, Powermud, Supermud, Thirstymud и Youthmud. Flashmud претставува третман за осветлување на тенот и помага при враќање на свежиот тен на кожата. Идеален е за отстранување на темните дамки и сивкавиот, безживотен тен, како и неизедначената текстура на кожата. Gravitymud е третман за поцврста, позатегната кожа. Претставува своевиден лифтинг и видливо го враќа тонусот на лицето. Powermud е револуционерен производ со двојно дејство за почиста и помека кожа. Хранливата маска ја обновува и ја регенерира кожата. Supermud е идеален за третман и чистење на проблематичната кожа. Ги третира несовршеностите на кожата, ги чисти порите и дава свеж, мат изглед на лицето. Thirstymud ја обновува влажноста на кожата, а воедно ја смирува и ја хидратизира. Youthmud е десетминутен професионален третман за беспрекорна кожа, подготвена за фотографирање. Има anti-age ефект што ги измазнува ситните линии и брчки и дава сјаен изглед. 126
127