Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
Моја борба

немаше дефектолог, а не беше можно наставникот да ми

се посвети целосно, зашто сепак бев во одделение од 30

деца. На пример, со математика имав голем проблем, не

можев да видам на табла што се објаснува, што се решава

или да учам геометрија зашто не можам да цртам. Во такви

моменти се чувствував лошо. Потоа потребно е да има лична

асистенција што ќе биде овозможена од државните органи,

бидејќи родителите не можат секогаш да бидат со детето со

попреченост, а и не би требало секогаш да бидат. Тоа дете

ќе порасне, ќе тргне во средно училиште и не сака да биде

цело време со мајка му или татко му. Сега ќе почнеме да се

бориме за да се донесе и закон за кучиња-водичи, кои исто

така се многу големо олеснување. Се запознав со Швеѓанката

писателка и флејтистка Сара Шамлу Екблад, која е слепа и

бев фасцинирана од нејзиното куче и поради тоа што сакам

кучиња, и колку големо олеснување претставува, а и колку е

приврзано за неа.

Какви се вашите желби и планови за иднината, што е следно

по завршувањето на факултетот? Каква порака би сакате да

пренесете на другите лица со попреченост, со вашето јавно

дејствување и личен пример?

Сакам да продолжам на магистерски студии во странство, но

не знам каде и кога. Ќе направам пауза зашто сакам да одам во

посебни школи во САД за ориентација во простор, што траат

една година. Сакам да пренесам на лицата со попреченост

дека без оглед на тоа во каква средина се и колку луѓето ги

прифаќаат или не, не треба да бидат затворени во себе, туку

да веруваат и да си ги исполнуваат желбите и амбициите без

оглед на пречките на кои ќе наидат. Секој човек, на крајот, е

различен, без разлика дали е со попреченост или не.

За крај, едно малку необично прашање околу сонување.

Познато е дека луѓето кои ослепеле во текот на животот

сонуваат работи што дотогаш можеле да ги видат. Каков е

случајот со вас, со оглед на тоа што сте го изгубиле видот

уште додека сте биле бебе?

Обично се обидувам да го објаснам тоа, но на крајот

повторно се сведува на прашањето „Епа, ајде објасни ни ти

како гледаш“, а тоа не можам да го објаснам. Сонувањето е

исто како во реалноста, создавам слики врз основа на звуци.

На пример, како што разговараме ние тука, јас ве доживувам

како личност од вашиот глас и од нашиот разговор. Исто е и

во сонот, добивам слика за тоа што го сонувам преку звуци.

Исто така, можам да добијам инспирација за да свирам

некое дело или да компонирам од нешто што се случува

околу мене, на пример од дождот. Компонирам за своја

душа, а во иднина можеби еден ден би била и композитор. :)

Сакам луѓето да ме доживуваат како Ема-пијанистката, а не

Ема-девојката со оштетен вид.

26