ЕКЛЕКТИКА Филигранскиот накит „Еклектика“ е она што ги обединува дизајнерите Моника Лозановска и Александар Баки Милев. Ако ги прашате, ќе ви кажат дека нивната работа се разликува – Моника почесто изработува минималистички парчиња, додека Александар помасивни парчиња накит збогатени со благородни камења, но ќе си дадам слобода да кажам дека и двата случаи резултираат со еднакво привлечни и уникатни парчиња филигрански накит. „Во Торино претставивме неколку парчиња од колекциите, како што се: обетката за едно уво и филигранските приврзоци со школката пауа. Колекција обетки ’Elf mono earrings‘: Вечната потрага по поубавото и пофункционалното овој пат нѐ однесе на појадок со сонливите самовили. Од нив буквално ја украдовме префинетоста, мистичноста и сексапилот со кои беа распослани нашите самовили тоа креативно утро. Следствено, се потрудивме атмосферата да ја пренесеме во колекцијата обетки за едно уво. Префинетите приврзоци, орнаментирани со школката пауа ’Paua Collection‘, што се наоѓа само на егзотичниот Мадагаскар, беа комбинирани со слободниот стил на традиционалната македонска техника на филигранот. И како краен резултат добивме декоративни елементи за секоја жена, приврзоци што зрачат со заробената светлина во проѕирната школка од островот Мадагаскар“. Билет до Торино сметаат дека, освен дизајнот на накитот, им донесе и неговото специфично изложување на раце од гипс, што ја доловуваа вистинската убавина и изработка на накитот. А за Торино ми кажаа: „Со учеството успеавме да ја претставиме автентичната изработка на македонскиот филигран и да го подигнеме на едно галериско ниво. Важни ни беа контактите со други артисти и галерии за понатамошна соработка. Не очекувавме толку голем настан и изненадени сме од огромната посетеност. Многу сме задоволни од одличната организација на девојките од ’Паратисима Скопје‘, како и целиот италијански тим. Градот Торино се покажа како вистински домаќин за ваков фестивал од светски рамки“. пренасочи во гнев. Почувствував одговорност да пробам да ги доближам и да ги информирам луѓето за темава преку автопортрети, кршејќи неколку табуа.“ На прашањето што ја издвои од другите учесници на „Паратисима Скопје“ ни кажа – прашајте го жирито! Или, со нивни зборови: „Ања Илиева, преку различни техники на фотографскиот медиум, се обидува да апелира кон подигање на свеста за последиците и следствените трансформации на телото, особено на млади личности, заболени од една од најчестите болести на денешнината – туморот“. За неа патувањето во Торино претставува можност за ширење на пораката и надвор од нашите граници, а ни се довери и дека тамошната „Паратисима“ ги исполнила нејзините очекувања, иако често нема никакви очекувања. ХАНИС БАГАШОВ Нашите читатели веќе имаа можност да го запознаат Ханис преку интервјуто во соработка со reborn.mk, но нашиот креативен фотограф и режисер и неговиот краток документарен филм „Лица“ имаше можност да го запознае и италијанската публика. За неговото изразување преку филмовите, фотографиите, вели дека е воден од потребата да се изрази, да каже нешто. За „Лица“ вели: „Тогаш, во тој момент – тоа имав да го кажам. Сакав да документирам една АЊА ИЛИЕВА Без да ми се налутат другите учесници :) морам да кажам дека делото на Ања Илиева го доживеав како најлична, најинтимна експресија. Веројатно затоа што нејзините фотографии се своевидна ангажирана уметност – дела со општествена и социјална порака. Додадете го тука и факторот на целосно разоткривање на нејзината лична приказна и ќе сфатите што ви зборувам. „Стравот предизвикан од недоволната информираност, дознавајќи за мојот тумор на дојки, се вистина, што ќе содржи во себе ненаметлива наративна форма – мој начин и пристап кон стварноста, воден првенствено од интуицијата“. Она што го издвојува смета дека е начинот и искреноста во прикажувањето на вистината, особено кога се зборува за документарен
oooh A AAH Вагинален крем Вагинален крем American Express® е регистрирана трговска марка на American Express®. Картичките се издадени од Силк Роуд Банка АД Скопје согласно лиценцата добиена од American Express.