You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Јин-Јанг

МАЈА КИРОВСКА, УМЕТНИЦА

ЧОВЕК ТРЕБА ДА

СЕ ОСЛОБОДИ ОД

ОТРОВИТЕ

Уметноста функционира надвор од

правилата

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Уметноста ќе го спаси светот. Да или не?

МК: И да и не. Уметноста ги согледува проблемите, што секако

помага во таа насока, но потребна е помасовна активност на

повеќе полиња.

АЈ: Кои се најопасните синџири на градот?

МК: Достапноста на сите „удобности“.

АЈ: Светот знае да биде и големо садистичко место. Во мојата

фантазија светот би бил…

МК: Урамнотежен!

АЈ: Современо и архаично во исто време е?

МК: Уметноста е таква.

АЈ: Патетична меланхолија е...

МК: Тажењето по минатото.

АЈ: Декември е месец на?...

МК: Месец на изложби и шопинг.

АЈ: Феминизмот е важен затоа што...

МК: Затоа што феминизмот е заложување за рамнотежа.

АЈ: „Никогаш во животот не сум имал мое ателје и не разбирам

како може да се слика затворен меѓу четири ѕида. Мене ми

треба убавината на воздухот“, Клод Моне. Коментар?

МК: Немањето ателје, соодветни услови и средства за творење се

само изговор. Некогаш е доволно парче хартија и место каде да

го потпрете.

АЈ: Херои за мене се?

МК: Луѓето кои несебично ги инвестираат сопственото време,

сили и знаења за доброто на сите.

АЈ: Што им е заедничко на уметноста и демократијата?

МК: Ништо! Уметноста функционира надвор од многу правила.

АЈ: Најдоброто од независната културна сцена во Скопје се...

МК: Не знам дали е најдобро, но мене ми е најдраго :) – еден

пример од независната сцена во Скопје од пред неколку години

Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.

АЈ: Која е најважната морална порака на која ве научил животот

досега?

МК: Треба реално да ги процениш сопствените способности и

знаење.

АЈ: Ако уметноста е бунт против колективното молчење, тогаш

кој крик би вреснал од вашите уметнички дела кон денешново

наше општество?

МК: Моите дела зборуваат за различни нешта што го креираат

дисбалансот во нашето општество.

АЈ: Енди Ворхол или Ван Гог?

МК: Гении се и двајцата!

АЈ: Нобелова награда за мир би дал на...

МК: Наградите не се секогаш праведни. Има многу поединци, но

и колективи кои вложуваат огромни напори за подобро утре.

АЈ: Која слика најдобро го илустрира вашиот живот?

МК: Веројатно моите. :) Сите мои дела се одраз на

размислувањата во одреден период во животот.

АЈ: Од минатава година сакам да заборавам...

МК: Дури и она што е лошо или непријатно не треба да се

заборава, треба да се памети како пример за да не се повтори.

Фотографија: Жарко Чулиќ

132