07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Изборот е слобода

КНИГА: Т’ГАТА НЕ Е ПОРАДИ ОТСУСТВО, ТУКУ ПОРАДИ

ПРИСУСТВО

Моцарт има одговори на сите мои прашања, но Харуки Мураками ги кажува сите нешта

што ги мислам јас, како со мои зборови! Тоа се тие невидливи нишки помеѓу мислите што

нè уверуваат во тоа дека ние сме дел од една иста универзална свесност. Дека не сме сами

во својот рај и пекол. Но, ако треба да издвојам книга, поточно две книги што ги влечкам

секаде со мене, тоа се моите џебни „библии“ – „Кавга со Кафка“ и „Приказни од Дивиот

Исток“, збирките на есеи, говори и интервјуа на Горан Стефановски. Горан редовно ми

разграничува што е „лирика“, а што „епика“ и љубезно ме потсетува дека „несвесното не

се дава лесно“ и дека „т’гата не е поради отсуство, туку поради присуство“.

ГРАД: БЕРЛИН Е ГРАД ВО КОЈШТО НЕ ПОСТОИ HORROR VACUI

Венеција беше мојата прва станица во „освојувањето“ на Западот. Град во кој бев жртва

на Стендаловиот синдром – предозираност од премногу уметност и убавина. Беше период

на уметничкото биенале и „мораше“ да се посетат сите изложби што беа распрскани низ

целиот град. Венеција е град во којшто се оди пеш, па ја засакав и поради можноста

да се изгубиш во лавиринтите на нејзините тесни улички. Редовно ѝ се навраќам, таа е

моја „романтична утопија на уметничкото совршенство“. За жал, Венеција континуирано

се уништува со транзитирањето на монструозно големите крузери, со преголемиот број

туристи и со иселувањето на локалните жители. Друг град што подоцна целосно ме освои

е Берлин. Ако Њујорк е град во кој доминираат објектите и духот на амбициозноста, на

индивидуалноста, на стремежот кон височината, во Берлин најважен е јавниот простор,

просторот меѓу објектите –„белата хартија од книгите“, широчината... Тоа е град во кој

слободно се дише и во кој не постои horror vacui – стравот од празниот простор. Берлин

го носи духот на поврзаноста и заедништвото.

ГРАДИНА: АКО ИМАШ ГРАДИНА И БИБЛИОТЕКА, ИМАШ СÈ ШТО

ТИ Е ПОТРЕБНО

Римскиот филозоф и политичар Цицерон своевремено кажал: „Ако имаш градина и

библиотека, имаш сè што ти е потребно“. Градината е благослов и мир за душата. Зеленото

ме разоружува, а свежиот воздух ги мие моите борбени бои. Мирисот на земјата, росата

врз розите и аромата на чајот од свежо набраниот јасмин му дават нов правец на денот

што почнува. Градината е моето лично парче природа. Во нејзина чест ќе цитирам стих од

една моја необјавена песна: „природата ме води секогаш на вистинското место“.

ОБЈЕКТ: ГЕРИЛА-ПЕРФОРМАНС ВО ГАЛЕРИЈАТА „ТЕЈТ МОДЕРН“

ВО ЛОНДОН

Во галеријата „Тејт модерн“ во Лондон првпат отидов во 2001 година, набрзо по нејзиното

отворање. Ја посетувам во секоја можна пригода и таму имам видено голем број врвни

уметнички изложби. Кај мене постои една континуирана фасцинација од тој простор,

од галериите, од балконот со поглед на Темза и катедралата „Св. Павле“, а најмногу од

големата Хала на турбините (зградата на музејот оригинално била електроцентрала). Во

2008 година направив еден непланиран герила-перформанс со „освојување“ на случајно

празниот простор на Халата на турбините. На фотографијата стојам во средината на

халата и од неа може да се забележи импозантноста на овој ентериер.

135

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!