You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
МАЈА АРГАКИЈЕВА

СЛАДОК СВЕТ ИНСПИРИРАН

ОД НАЈМАЛИТЕ

Фотографката Маја Аргакијева создава вистинска уметност за новороденчиња, бебиња и деца, фотографирајќи ги во најразлични моменти и

ситуации. Со фотографија се занимава повеќе од 20 години, а со фотографирање бебиња, последните пет години.

„По раѓањето на моите ќерки-близначки, Каја и Веда, во 2011 година, целосно го насочив својот фокус кон нив две, личен, како мајка, но и

фотографски. Сè до моментот на нивното раѓање, немав некоја идеја дека ќе се занимавам со детска фотографија. Фотографирав сè, најчесто

концерти и документарна фотографија. Фотографиите од нив две очигледно допреа до срцата на многу луѓе, па почнав да добивам барања за

фотографирање и на други бебиња. Така, малку по малку, станав фотограф на бебиња, другото е историја. :) Работата со бебиња, а посебно со

новороденчиња, е најубавото нешто што некому може да му се случи. Свесна сум за тоа и бескрајно сум благодарна“, вели Аргакијева.

Фотографијата ѝ е голема љубов откако памети за себе, а нејзините почетоци, како што раскажува, се врзани за стариот фотоапарат „Зенит“

од татко ѝ. „Сè уште се сеќавам колку бев возбудена и фасцинирана кога го открив. Откако го купив првиот дигитален SLR-фотоапарат, не

одев никаде без него и фотографирав сè што ќе ми се видеше интересно. Од 2004 година сум член на Фотоклубот ’Елема‘ од Скопје, еден од

најстарите фотоклубови во Македонија. Имам учествувано на интернационални и домашни изложби и освоено повеќе награди. Последната

е од годинешната меѓународна изложба по фотографии ’Фотомедија‘, односно прва награда за поединечна фотографија од Фотосојузот на

Македонија (ФСМ) и диплома за колекција фотографии, исто од ФСМ. Наградените фотографии се од колекцијата ’Циркус‘, направени летово во

Бугарија“, додава Аргакијева. Во овој број, погледнете ги слатките фотографии од бебиња!