07.02.2017 Views

Portret Magazine No13

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ДАНА СТОЈКОВА, НАЦИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА AVON ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА ЦРНА ГОРА

ОСНОВНА ЦЕЛ НИ Е ПОДИГАЊЕ

НА СВЕСНОСТА ЗА НАЈГОРЛИВИТЕ

ПРОБЛЕМИ НА ЖЕНИТЕ

Розовата панделка и сината линија на производи на компанијата AVON се поврзани со борбата со едни од најголемите проблеми

на жените во општеството, ракот на дојката и домашното насилство. Дана Стојкова, национален менаџер за продажба на AVON за

Македонија и за Црна Гора, вели дека како општествено одговорна компанија нивниот мотив е да се подобри животот на жените.

Вашата општествена одговорност е на високо ниво повеќе

години, а освен добропознатата кампања за борба против

ракот на дојка во Македонија, годинава се осврнавте кон

помош на жртвите на домашно насилство. Каде се корените

на хуманитарната дејност на компанијата, кои се целта и

мотивот?

AVON ја почна својата филантропска историја уште во

1955 година, кога е формирана

првата фондација што ги третира

најгорливите проблеми на жените,

ракот на дојка и домашното насилство.

Мотивот е едноставен, во срцевината

на нашата компанија е да работиме на

подобрување на животот на жените не

само преку зголемување на финансиска

независност туку и околу проблемите

што долго време претставуваат табу

теми и беше срам да се говори за нив.

Токму минатиот месец беше посветен

на подигнување на свесноста за

домашното насилство. Овој проблем

се смета за поопштествен, во кој е

потребно вклучување не само на

поблиското семејство на жртвата туку

и на институциите и сите кои гледаат

дека се случува тоа. Која е мисијата

што сакате да ја постигнете вие?

Со кампањата имаме поставено три

основни цели. Првата е да се развие

свесноста дека домашното насилство е

проблем што не треба да се игнорира

и потребно е жртвите да знаат дека

не е нивна вина и да почнат да бараат

помош. Втората, преку кризниот центар „Надеж“, е да

се помогне во првиот момент кога жртвите ќе побараат

прибежиште. Третата е од поширок социјален аспект,

да ги поттикнеме и комерцијалниот и државниот сектор,

дека заедно можеме ефикасно да се справиме со овој

проблем. Според податоците на кризниот центар, годишно

официјално се пријавуваат околу 1.000 случаи на домашно

насилство. Неофицијалната бројка е петпати повеќе. Тоа се

5.000 страшни ситуации или 15 дневно со кои се соочува

земјава. Од нив, 78 проценти се врз жени, а преку тоа и врз

децата во тие семејства.

Со години вложувате и во кампањaта за борба против

ракот на дојката, ја кревате свеста за оваа болест. Како сте

задоволни од досегашните резултати?

Фактот дека сме првата компанија што јавно почна уште

пред десет години да го третира ова прашање нè прави

исклучително горди. Особено нè радува што сега има

реалност со многу поголема свест за оваа проблематика,

нè одликуваат голем број на преземени

активности и имаме донирано 3.000.000

денари за оваа кауза. И понатаму ќе

продолжиме да работиме со полна

пареа.

Во 2006 година, заедно со здружението

„Борка“, ја отворивте единствената

бесплатна СОС-линија за совети и

информации во борбата со ракот на

дојката. Како ја оценувате успешноста

на бесплатната телефонска линија

досега?

Голем број жени имаат побарано совет

што значи дека проектот ја остварува

својата функција. Едукацијата значи

многу кога станува збор за овој

проблем и СОС-линијата го овозможува

токму тоа. Мислам дека со линијата

направивме уште едно мало, но значајно

поместување на состојбата на подобро.

Донации, посебна палета на козметички

производи, симболи за борба против

ракот на дојката и домашното

насилство, но и соработка со јавните

личности, се дел од вашите активности

за кампањите. Што би порачале на тие што на некој начин се

дел од тие борби и проблеми?

Би наспоменала дека преку производите што се наменети за

поддршка на овие две кампањи, розовата панделка за борба

против ракот на дојка и сината линија против домашно

насилство, AVON не заработува ништо, сите приходи од

продажбата се наменети за донации. На кој било што се

соочува со рак на дојка или со домашно насилство би

порачала, побарајте помош! Не сте сами во оваа битка и

нема зошто да чувствувате вина или срам. Има луѓе околу вас

кои се подготвени да ви помогнат во тешките мигови.

78

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!