03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

60 ден. • Бр. 3 • Февруари 2016

TRIBUTE TO

DAVID BOWIЕ

МЕЈКАП

ИНСПИРАЦИЈА

Моден

едиторијал

Sleek &

Simple

КАТАРИНА

ИВАНОВСКА1

www.lisca.com.mk

Содржина февруари 2016

РАБОТА

07. БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

Што научив низ мојата кариера

08. RUSH HOUR

Модерни комбинации за на работа

10. РАСКАЖУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИТЕ

ПРИКАЗНИ ПРЕКУ НАКИТОТ

Секојдневието на дизајнерката на накит

Елена Ристовска преточено во парчиња

накит

НА „ТИ“ СО

16. ВИНКА САЗДОВА

Умот знае, а срцето разбира

ИНСПИРАЦИЈА

20. КАТАРИНА ИВАНОВСКА

Понекогаш модниот свет е премногу

добар за да биде реален

40. ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ

Дислексијата не претставува

никакво ментално или психофизичко

заостанување

WONDERWOMАN

30. ЛЕНА ЗИКОВА

Да се добие дете по долги години

исчекување е вистински благослов

46.

ПОРТРЕТ МОДА

46. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Sleek & Simple

54. NIGHT WALKS

Мистична, модна приказна

66. ТЕКСАС ДИЛЕМА

Портрет модни фаворити

ПОРТРЕТ УБАВИНА

72. SPACE ODDITY

Инспирација од модната икона David

Bowie

77. СЈАЕН ФИНИШ

Свежина и сјај во темните часови

91. МИА КОСТОВА

Сакам да си подарам орден сама на себе

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

100. БИЛНИ МЛЕКА

Алтернативи на животинските млека

104. СВЕЖИ ЗАЧИНИ ВО ВАШАТА КУЈНА

Одгледувајте ги сами ароматичните билни

зачини

ДИЗАЈН И ДЕКОР

108. КРЕАТИВНИ ЅИДНИ ДЕКОРАЦИИ

Дајте му личен печат на просторот

112. НОРДИСКИ ЕНТЕРИЕР

Добијте го изгледот

МОЗАИК

118. ПАТУВАМЕ СО ДРАГАН ТАПШАНОВ

Патувачки блог низ Непал

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНА

20.

ГАЛЕРИЈА

44. ВИСОКИТЕ ПОТПЕТИЦИ НИЗ

ИСТОРИЈАТА

Од Луј XIV до Кристијан Лубутен

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

89. КОГА ЅВЕЗДИТЕ ГИ СПОЈУВААТ

СВОИТЕ ТЕМНИ СТРАНИ

Портрет на љубовта на Мерилин Монро и

Џо Димаџо

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стајлинг: Бојана Максимовска

Портрет ви

подарува

Испратете ни е-пошта со вашите контакт податоци на

contact@portretmag.com и освојте еден од подароците.

Среќните добитници ги одбираме по случаен избор.

Подароците може да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

LANCOME сет од мини

производи и BIOTHERM

AQUASOURCE крем за лице

BURBERRY несесер и DSQUARED2

WANT лосион за тело

NINA RICCI – MADEMOISELLE RICCI

кутија за накит, алкa и несесер

LUSH сет

Jackie oats - colour supplement

Независност - туш за очи

Copperhed - тврд шампон за коса

ARTDECO несесер и

огледало

EUCERIN DERMOPURIFYER

сет и EUCERIN балсам за

усни

ДОБИТНИЦИ ЗА ЈАНУАРИ 2016

JIMMY CHOO, плик чанта - ГАБРИЕЛА АНДОНОВСКА

LUSH СЕТ- АНА БЕБЕКОВСКА

TRUSSARDI сет- СЕВДАЛИНКА КРСТЕВСКА

CACHAREL сет и VICTOR ROLF мини производи- САНДРА

КАМИЛОВСКА

BURBERRY НЕСЕСЕР, DSQUARED ЛОСИОН и SALVADORE FERAG-

AMO мини производи - МАРЕ ТОДОРОВСКА

KENZO TOTEM сет- СОФИЈА БАСМАЏИЕВА

КНИГИ

„ДВОЈНА ИЗМАМА“ Џејм Патерсон- ХРИСТИНА НАКОВА

„ШЕПОТОТ НА КИПАРИСИТЕ“ Ивет Манесис Корпорон- ЕЛЕНА

КОНЕСКА

„СЛЕПИОТ МУЗИЧАР“ Владимир Короленко- ЉУБИНКА

ДАМЈАНОВИЌ

„ЗЕМЈАТА НА СНЕГОТ“ Јасунари Кавабата- МАРТИН

ЧАНЏУКОВСКИ

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември” бр.2/2-25

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главен и одговорен уредник

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменик главен и одговорен уредник

Тања Тодоровска (tanja@portretmag.com)

Уредник за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистент

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Филип Поповски

Драган Тапшанов

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 26.1.2016

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

МПМ 02/ 3089 305

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет” е авторска содржина што излегува еднаш

месечно со одобрение од сопственикот на правата, издавачката куќа

Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено

објавување, користење или репродуцирање на било која содржина ќе

се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи

на соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што

се дел од содржината задолжително консултирајте се со лекар.

„Портрет” претставува пријавена трговска марка во Државен завод за

индустриска сопственост-Скопје под број ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

Портрет на уредникот

Подари си прошка

Неколку години ме мачат работи од минатото. Колку

што ми е лесно да најдам оправдување за секоја моја лоша

постапка, да обвинам друг, да се утешам и за многу кратко време да

се чувствувам подобро, толку ми е тешко да простам некому друг. Сѐ

ми е јасно од библиските стихови, до поглавјата во нисковреднувани

книги за самопомош, дека простувањето ослободува, дека големината

на човекот е во него и слично, но мојата реалност е нешто друго. Ме

прогонуваат туѓи навреди, лоши зборови и постапки, на луѓе што ги

сакам повеќе или помалку. Со години ме враќаат чекори наназад, му

даваат горчлив вкус на секој мој успех. Тука се, со меморија на слон,

за секоја кавга, за секој тенденциозен обид, за сѐ што кога било ме

болело. Затоа толку ме погоди дел од разговорот што нашата колешка

Ана Јовковска го водеше со едно од најголемите македонски пера

– Винка Саздова. „Ме прогонуваат несподелените чувства. Тоа што

не сум кажала што чувствувам кога требало, што не сум побарала

прошка со време или што не сум си дозволила јас да си простам.

Тежат незатворени комуникации.“ Читам и сакам да го затворам и да го

пуштам тој дел од себе да си отиде засекогаш.

Истото го заклучив и од приказната на Даниел Димов, што овој месец

ја сподели со нас во рубриката „Моја борба“. Приказната за љубовта,

прифаќањето и простувањето. Даниел, кој од првиот момент кога

сфатил дека е хомосексуалец, го споделил тоа со сите и цврсто

одлучил дека ништо не е поважно од неговата среќа и фактот дека

никого не повредува. Кој секојдневно ја води својата борба за негово

прифаќање на неколку фронта и покрај сѐ наоѓа љубов и желба да им

прости на сите неистомисленици што неправедно го повредуваат.

Прифаќање, простување, толеранција... Како столб на љубовта и

живеење во спокој. И борба со сопствен труд против сите предрасуди.

Нашата гордост од насловната страница Катарина Ивановска ни

покажа како со професионализам, сериозност и стабилност се уриваат

сите стереотипи и предрасуди за сопствената професија. Нејзината

убавина е многу повеќе од совршено лице и тело од кампањите

на многу светски, модни гиганти. Нејзината убавина е во сјајот на

нејзините очи, во искреноста и непосредноста на мало девојче

што ја има зачувано недопрена од интригите на модниот свет и во

убавиот збор што го има за секого. Овој месец подарете прошка. На

непријателите, на блиските, на себе...

Ружица Антиќ

Илустрација: Жарко Чулиќ

KISS CAM

ОВОЈ МЕСЕЦ ЈА СЛАВИМЕ ЉУБОВТА СО ЈОВАН И МАЈА КОСТОВСКИ.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Работа

ШТО НАУЧИВ НИЗ МОЈАТА КАРИЕРА

БЛАГИЦА ПЕТРЕСКИ

Благица Петрески е докторанд по финансиска

стабилност, а својата професионална кариера ја гради

како извршна директорка на Finance Think – Институт

за економски истражувања и политики.

• Најзначајно е да знаеш што сакаш да

бидеш во животот. Секој да ја пронајде

професијата од своите соништа и со

храбри чекори да го реализира сонот.

Никогаш не се плашам да сонувам за

големи идеи, дури и тие да изгледаат

преамбициозни.

• Постојано учење и градење вештини

(наместо фаворизирање диплома) е клучно

за обезбедување професионализам.

• Во мојата работа, секогаш си поставувам

високи стандарди и барања од себеси –

никако не се задоволувам со просечност.

Истото го очекувам и од соработниците.

• Општествената одговорност е нешто

што ве прави да се чувствувате корисен,

ви дава енергија, ве облагородува. Со

мојата лична заложба и со активностите

за економско јакнење на жените, верувам

дека во нашето општество ќе се создадат

повеќе жени-лидери и ќе се намали

економската зависност на жените. За

возврат добивам полно срце радост, кога

ќе видам дека мојот влог вродува со плод.

• Кога работата станува хоби, успесите

нема да изостанат. Finance Think e дел од

тимот награден со второ место во светот

со Јапонската награда за исклучително

истражување за развој и освои прва

награда за општествена иновација од

Обединетите нации и Министерството за

надворешни работи на Македонија.

ОБРАЗОВАНИЕ И

ПОСТИГНУВАЊА:

• ДОКТОРАНД ПО ФИНАНСИСКА

СТАБИЛНОСТ, УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ

КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ.

• ИСТРАЖУВАЧКИ ПРЕСТОЈ НА

УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЛАВАЛ“, КАНАДА.

• ИСТРАЖУВАЧКИ ПРЕСТОЈ

НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕКОНОМСКИ

ИСТРАЖУВАЊА И ПОСТДИПЛОМСКИ

СТУДИИ – ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ

(CERGE-EI) НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

„КАРЛОВ“ ВО ПРАГА, ЧЕШКА.

• УЧЕСТВО НА НАД 20 МЕЃУНАРОДНИ

КОНФЕРЕНЦИИ, РАБОТИЛНИЦИ И

ТРЕНИНЗИ.

• ПУБЛИКУВАНИ ТРУДОВИ ВО

МЕЃУНАРОДНИ СПИСАНИЈА

ИНДЕКСИРАНИ НА WEB OF SCIENCE.

НАГРАДИ:

• НАГРАДА ЗА МЛАД ИСТРАЖУВАЧ

НА ГОДИНАТА ВО 2010 ГОДИНА ОД

НАРОДНАТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА.

• НАГРАДА ЗА МЛАД ИСТРАЖУВАЧ

НА ГОДИНАТА ВО 2014 ГОДИНА ОД

АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА

ОСИГУРУВАЊЕТО.

• Основната мисија на Finance Think e да

ја намалиме сиромаштијата, а визијата да

поттикнеме економско размислување за

подобра благосостојба утре.

• Успешноста на Finance Think се

темели на поставени принципи за висок

квалитет, иновативност, интерактивност

и транспарентност. Нашата девиза е

секогаш да размислуваме надвор од

кутијата.

• Вреднувањето на колегите,

флексибилноста на работното место и

дадените можности и отворени врати

за надградба, се карактеристики што

ги ценат вработените и соработниците.

Тоа влијае врз позитивниот дух

во организацијата, што е важен

предуслов за пораст и развој, покрај

професионализмот.

БЛАГИЦА СОВЕТУВА

Следете го сонот, колку и да изгледа

Работете со љубов и посветеност.

Не задоволувајте се со просечност.

1 2 3

голем и неостварлив.

Во остварувањето на идеите,

здружувајте се со истомисленици.

7

Работа

Rush

Hour

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стајлинг: Ана Коцевска

Модел: Елена Трпковска, Моделс Ин

MOTIVI блуза 2.190 ден.

SPRINGFIELD панталони 2.190 ден.

BATA чанта 6.993 ден.

PARFOIS часовник 2.090 ден.

MANGO кошула 1.190 ден.

MOTIVI здолниште 3.290 ден.

MANGO сако 2.490 ден.

MOTIVI кошула 1.640 ден.

MOTIVI панталони 1.940 ден.

PARFOIS ремен 590 ден.

PARFOIS марама 590 ден.

PARFOIS чанта 2.190 ден.

BATA чизми 3.493 ден.

8

MANGO панталони 2.190 ден.

MANGO блуза 3.290 ден.

MOTIVI сако 4.490 ден.

MANGO чанта 2.490 ден.

PARFOIS ланче 990 ден.

BATA чевли 2.095 ден.

9

Работа

Раскажување

на човечките

приказни

преку

накитот

Елена Ристовска

Историчар

на уметност и

дизајнер на накит

Пишува: Тања Тодоровска

MЛАДАТА И ТАЛЕНТИРАНА ЕЛЕНА РИСТОВСКА НИЗ

НАКИТОТ ШТО ГО ИЗРАБОТУВА ГИ РАСКАЖУВА

ПРИКАЗНИТЕ ОД СВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ.

УМЕТНИЧКИТЕ ИДЕИ И ИНСПИРАЦИЈА ГИ ПРЕТОЧУВА ВО

УНИКАТНИ ФИЛИГРАНСКИ, НО И ПАРЧИЊА ИЗРАБОТЕНИ ОД

МЕСИНГ. НЕЈЗИНАТА ДАРБА НЕОДАМНА БЕШЕ НАГРАДЕНА

ОД ШКОЛАТА ЗА СОВРЕМЕН НАКИТ ВО БУКУРЕШТ, А ВЕЌЕ

ДВЕ ГОДИНИ ИЗЛОЖУВА СВОИ ПАРЧИЊА ВО ПЕКИНГ.

Кога почнавте со изработка на накит? Колку првите изработени

парчиња се разликуваат од оние денес?

Кога вака ќе погледнам наназад, враќајќи си ги спомените од

средношколските денови, па и од детството, всушност можам

да согледам дека креативното изразување отсекогаш било

дел од мојот живот. А во 2008 година, кога сѐ уште бев студент

на катедрата за Историја на уметност и ги спремав последните

испити, почнав да го посетувам курсот за филигран. Тоа беа едни

од најубавите моменти во мојот живот, шест месеци изминати

со луѓе низ кои струеше иста енергија. Беше прекрасно. И сето

она што претходно го гледав само како надополнување на моите

главни обврски, ненадејното цртање, изработката на накит од

мониста или глина, се претвори во постојана ангажираност во

текот на денот, но сега среброто и месингот ги имав како медиум

за изразување.

А првите парчиња накит... Сѐ уште си го чувам првиот изработен

приврзок во облик на школка и еден пар обетчиња. Можам да

видам дека тоа била страшна борба, изгрицкана жица, истопени

осмици. (се смее) Мора прво убаво да се совлада техниката. Треба

многу време. Кога ќе се совлада техниката, така и самодовербата

расте, бидејќи умот сега не е насочен на тоа дали и како можам

да го изработам ова парче накит, тогаш почнува магијата, тогаш

се создаваат приказните.

Кој е вашиот особен печат по кој се препознатливи вашите

парчиња?

Не многу одамна, мојата драга другарка, која е историчар на

уметност, го запиша следното видување за моите дела:

„Елена Ристовска, практикувајќи сопствен модел на креативно

изразување, создава дело што сетилно следи, спонтано обзема,

атакувајќи со својата разноликост и наративност. Техниката

на изработка е традиционална, мајсторски усовршена и вешто

и ненаметливо инкорпорирана во свеста на современиот

восприемач и неговата отвореност на стари и нови вредности.

Ристовска не се плаши да експериментира. Храбро конципира,

конструира и компонира, следи правец, но и менува, така што

крајната реализација секогаш е иновативна и облагородена со

внатрешен порив што постојано се најавува со своето присуство.

Ристовска создава форми и облици што не ја губат целосно

нивната реалистичка асоцијација, но ги стилизира и прегрупира

со што добиваат на оригиналност. Овде се среќаваат зборови

од приказни, мистични симболи, еманати на природата, но и

урбани елементи, градски перцепции и сите тие остануваат

некатегоризирани, се мешаат и делуваат со сопствена

трансценденталност.“

Честитки за неодамна добиената награда од Assamblage –

школата за современ накит во Букурешт. Што претставува таа за

вас како уметник и дизајнер на накит?

Благодарам за вербата што ја имате во мене, благодарам на

честитките.

Исто така, среќна сум на можноста што ја имам во животот

да го работам она што навистина го сакам, можност да се

изразувам преку накитот, а со тоа што и желбата да патувам,

да откривам нови места стана реалност за мене. Неодамна

учествував на Autor – Интернационален саем за современ

накит во Букурешт со колекцијата „Playing with the Sun“. Секоја

година интернационалното жири доделува четири награди

на дизајнери кои се имаат претставено со најимпресивни

колекции. Оваа година имав чест да ја добијам наградата од

школото за современ накит – Assamblage и навистина ја ценам

и се радувам на можноста да се надградувам со нивното школо.

Какво искуство претставува, пак, учеството на

Интернационалната изложба на современ накит во Пекинг?

Наидуваат ли вашите парчиња на интерес таму?

Секое признание е скапоцено. Впрочем, ова е втора година

како учествувам на Интернационалната изложба за современ

накит во Пекинг, изложба што е дел од пекиншката недела на

дизајн.

Која порака сакате да ја испраќаат луѓето што го носат вашиот

накит?

Сите ние сме поврзани на некој начин... сите ја имаме искусено

љубовта, среќата... ги имаме забележано прекрасните креации

на природата, гласот на разочарувањето... јас само си ги

раскажувам моите приказни. Луѓето се препознаваат себеси

во мојот накит, на тој начин ја продолжуваат приказната,

внесувајќи дел од својата.

10

Kолекција „Playing with the Sun“

Фотографија: Жарко Чулиќ

11

Јин-Јанг

Елена Пренџова

НИКНУВА ЦВЕЌЕ

И МЕЃУ ПЛЕВЕЛ

Да се потсетиме дека сме луѓе,

а не богови или компјутери

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Унгарскиот поет Радноти запишал дека „цвеќињата на

трпението се мртви“. За што немате трпение?

ЕП: Се трудам да имам разбирање за сè и да ги прифатам

нештата и луѓето онакви какви што се. Од друга страна,

трпението не ми е во генот на карактерот. Даскалствувањето,

особено кога учениците се деца, ми е тренинг за трпение.

АЈ: Што гради, а што урива зборот?

ЕП: Зборот гради мостови меѓу душите. Урива прегратки меѓу

срцата, а најголемото проклетство на зборот е што може да го

урне она што го изградил.

АЈ: Херои се?

ЕП: Мајките! Жените во светот на привидна полова еднаквост!

АЈ: На патувањата и поетските турнеи низ светот учам за?

ЕП: За поезијата. За луѓето. За културите. За радоста наречена

живот! Ама лекциите доаѓаат подоцна, со првото стапнување на

„домашен терен“. Во меѓувреме се забавата и очудувањето.

АЈ: „Оној кому му редат ордени мора да ја свитка главата

надолу“ или?...

ЕП: Или да ја исправи главата како стрела нагоре!

АЈ: Кога е тишина најдобро го слушам...

ЕП: Животот на наночестичките. Постоењето на стварноста.

Битисувањето на духовноста, она што го нарекуваме mente или

психа. Слушам и чувствувам.

АЈ: „Поетска книга на каса во супермаркет до бричови или

поезија во режимски учебник“?

ЕП: И двете. Никнува цвеќе и меѓу плевел.

АЈ: Љубовта е?

ЕП: Нема дефиниција. Но, токму така – љубовта Е.

АЈ: Руми или Буковски?

ЕП: И двајцата и ни двајцата.

АЈ: „Заклучени во градот сме“, затоа што...

ЕП: Не се чувствувам заклучена во градот.

АЈ: Радост наоѓам во...

ЕП: O2 и CO2 што ги дишам, во новогодишниот кич, во ситниот

песок под ноктите на прстињата на нозете, во мирисот на

запалени ќумбиња во сезона на ајвар, во снегулката што се топи

на стаклото, во звукот на вибер-повикот, во првиот утрински,

разбушавен поглед в огледало.

АЈ: „Пишувањето е легална шизофренија“ – Жижек. Од што ве

ослободува пишувањето?

ЕП: Од себеси. Пишувањето е најголемата слобода на

сепството.

АЈ: Моментално читам...

ЕП: Сонетните венци на Лазо Каровски и Стојан Попов,

како лектира; џебно издание на анегдоти од животите на

српските писатели, во автобус; докторатот на њујоршката

професорка Сара Б. Померој, за жената во класичната антика,

за „одржување во кондиција“ на феминизмот; современа турска

поезија, и некои списанија на јазиците што се обидувам да ги

„одржам во форма“.

АЈ: Најголема гротеска во 2015 година беше?...

ЕП: Имам чувство, за жал, како масовна тепачка да е за

суперлативот.

АЈ: Како да го поправиме односот кон природата?

ЕП: Треба да се потсетиме дека сме луѓе, а не богови или

компјутери. Всушност, треба да си ја „поправиме“ свеста!

12

Никола Маџиров

ХЕРОИ СЕ ОНИЕ ШТО

НЕМААТ СПОМЕНИЦИ,

ТУКУ СПОМЕНИ

Зборовите се како камења – градат кога

се убаво поставени, уриваат кога се

фрлаат со омраза

АЈ: Унгарскиот поет Радноти запишал дека „цвеќињата на

трпението се мртви“. За што немате трпение?

НМ: Трпението не е пасивност, ниту доцнење на суштината. Се

вели дека сме нетрпеливи како дете. А детето трпеливо расте,

додека старецот нетрпеливо сака да биде дете.

АЈ: Што гради, а што урива зборот?

НМ: Зборовите се како камења – градат кога се убаво поставени,

уриваат кога се фрлаат со омраза. Мала е разликата помеѓу

озборувањето и каменувањето.

АЈ: Херои се?...

НМ: Оние што немаат споменици, туку спомени.

АЈ: На поетската турнеја во Азија, во Кина, Сингапур, Малезија и

Индија научив...

НМ: Дека патувањето низ заборавените форми на човечка

милост може да се случи со преместувања на телото, не само на

сеќавањата.

АЈ: „Оној кому му редат ордени мора да ја свитка главата

надолу“ или?...

НМ: Да погледне нагоре кон птиците без ордени, зашто пилотите

со ордени убиле некого.

АЈ: Кога е тишина најдобро ги слушам...

НМ: Стапките на синот дури и кога спие, ноќното автоматско

вклучување и гаснење на бојлерот и трпеливото отчукување

на часовникот. Дигиталните часовници ни помогнаа да си го

слушнеме отчукувањето на срцето.

АЈ: „Поетска книга на каса во супермаркет до бричови или

поезија во режимски учебник“?

НМ: Супермаркетот е новиот олтар на стварноста што ги диктира

режимите на секојдневната зависност. Автоматските врати не се

појавија во храмовите, ниту првин на автобуските станици, туку

во супермаркетите, за слободно да се излезе со заробени раце

од продукти. А штом поезијата ќе влезе во учебник, таа ќе биде

осудена на сквернавење како споменик од погрешни револуции.

АЈ: Љубовта е?...

НМ: Предсоздавање и пресоздавање. Љубовта е тишина во

погледот и слика во тишината.

АЈ: Руми или Буковски?

НМ: Две искрености на сосема поинакви вертикали. Руми е

прекрасно искрен, Буковски – болно искрен. Буковски резба врз

кожата, Руми разоткрива длабоко под кожата.

АЈ: „Заклучени во градот сме“, затоа што...

НМ: Современите градови имаат повеќе порти отколку страни на

светот, затоа што имаме повеќе клучеви отколку домови.

АЈ: Радост наоѓам во...

НМ: Враќањата. Секое враќање е поглед напред. Баба ми

истураше вода зад мене кога ќе заминам на пат, ми даваше да

се напијам чаша вода кога ќе се вратам. Враќањето е чин на

примање на светот во себе.

АЈ: „Пишувањето е легална шизофренија“ – Жижек. Од што ве

ослободува пишувањето?

НМ: Шизофренијата одамна е легална на овие простори.

Пишувањето ослободува од политички легалности. Пишувањето

ослободува од сеедноста.

АЈ: Моментално читам...

НМ: Есеите на Бродски.

АЈ: Најголема гротеска во 2015 година беше?...

НМ: Кревањето нови ѕидови по границите, додека некаде се

уриваат стари ѕидови од домовите.

АЈ: Како да го поправиме односот кон природата?

НМ: Веројатно само со вродени филтри за сопствена

незагаденост може да се побара незагаденост за светот.

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

САКАМ, ЗНАЧИ

ПОСТОЈАМ!

Никогаш не ги сакав равенките. Ме потсетуваат на

унифицирање на вредностите, а светот е шарен, различен

и нееднаков. Но, има една равенка што со задоволство ја

уважувам – Декартовата „Cogito ergo sum“ или „Мислам,

значи постојам“ за мене е еднаква на „Сакам, значи

постојам“! Па, без разлика дали на љубовта ќе ѝ пристапиме

западноцентрично и ќе се повикаме на грчката митологија, на

Афродита, божицата на љубовта, на Ерос, богот на љубовта,

страста и сексот или на римската митологија и нејзиниот

Купидон или ќе се потсетиме на мистериите на Толтеците во

јужно Мексико, кои биле уметници на љубовта или, пак, на

Дервишите и древниот суфизам... сеедно, пак ќе заглавиме

во црната дупка на љубовта. Во астрономијата, ЦРНАТА

ДУПКА се дефинира како подрачје во простор-време од кое

ништо не може да избега, дури ни светлината. Јас љубовта ја

дефинирам како слободна територија. Национален парк на

душата. Оаза на сетилноста. И во таа бестежинска состојба

на телото и умот не важат правилата на теоријата. Колку книги

и да прочитаме, нема да научиме како да љубиме, сè додека

не сме подготвени да се откажеме од повратниот ефект

– ЗАДОВОЛСТВОТО! А магијата на задоволството не е во

равенка еднаквост со љубовта. Задоволството е последица,

а љубовта е причина. Таа е причина за постоењето на

животот. Исто како што копнежот е посакување, а љубовта

е дарување. И еве го тригерот (чкрапецот) за мојата денешна

колумна – ДАРУВАЊЕТО. Денешниот прагматичен и

вулгарен консумеризам нè учи на материјалната вредност на

овој чин, што всушност треба да биде духовна размена на

несебичното постоење. За жал, се фаворизираат продукти,

моментални задоволства и брзи страсти. Свети Валентин,

празникот на вљубените, е уште една маркетиншка кампања

во светот на ПОТРОШУВАЧКИТЕ БУБАШВАБИ. Чоколатца,

мечиња, цвеќиња... Не дека сум обвиткана со цинизам ко

обланда, ниту, пак, сум против кој било облик на внимание и

повод за празнување, но сум против кампањско однесување

и ОРКЕСТРИРАНО РАДУВАЊЕ. Само во Америка, од каде

што потекнува овој празник, на 14 февруари, се подаруваат

околу 140 милиони честитки со љубовни пораки. Не дека би ја

намалиле експлоатацијата на дрва за хартија, ама пак, нема

ниту повеќе да се сакаме. :) Потрошувачката на цвеќе на овој

14

католички празник енормно е зголемена. Минатата година

во светот се продале околу 200 милиони рози. Статистиката

вели дека 76 отсто од мажите на Денот на вљубените

купуваат цвеќе, а околу 15 отсто од жените си купуваат сами

на себе. Некаде прочитав и дека американската поштенска

служба минатата година имала 40-тина дополнителни

летови на авиони-ладилници за транспорт на цвеќе за да

се расчистат потребите на пазарот. Е, тоа е тој ЉУБОВЕН

БИЗНИС! Можеби нема да се согласите со мене, но љубовта

не се смета низ подароците, па дури ни преку зборовите,

туку низ делата. Оние дела што одат рака под рака со

принципиелноста, лојалноста, довербата и слободата. И еве,

уште еден чкрапец, СЛОБОДАТА, или љубовта и слободата

оптегнати помеѓу лакот и стрелата. Сигурна сум дека сте го

слушнале она клише алиби – „Подрага ми е мојата слобода

од твојата љубов“. Тоа е оружјето на сите што сакаат да фатат

џаде кога љубовта престанува да биде состојба на вљубување

и полека станува состојба на истрајување. Никогаш не сум

го разбрала во целост. Можеби затоа што никогаш не сум го

сознала ривалството помеѓу љубовта и слободата. Тие две не

постојат една без друга. Љубовта без слобода е перверзија

на ограничениот ум! Секој друг облик е само искривена

слика. Но, дали би можеле да им ја опишеме светлината

на луѓе кои цел живот го поминале во темнина? Така е

приближно и со љубовта и љубомората. Дали би можеле да

им го опишеме чувството на слобода и бескрај на луѓе кои

се заглавени на нивото на љубомора? Кристофер Клалов,

експерт од Институтот за истражување на браковите во

Тависток, вели: „Кога љубовниците се чувствуваат несигурно,

тие често се однесуваат неконструктивно, или се обидуваат

да го задоволат партнерот или да го контролираат“. Целосна

понизност или арогантно однесување. Бришење на својата

автономија и автономијата на партнерот.

и одвоеност, а сепак му допушта да биде свој и да го

зачува интегритетот. Во љубовта се случува парадоксот две

личности да станат едно, а сепак да останат двајца“.

И на крајот на краиштата, не е важно дали ни е поблизок

Руми или Буковски, суптилноста и помирувањето или

болката до коска и декаденцијата на очајот, сепак љубовта

ни е најмотивирачкиот импулс на сите. Прашањето е дали

ќе нè мотивира да станеме подобра верзија од себе или ќе

нè претвори во алчни и огорчени луѓе. Зависи од тоа дали

на болката на Фрида Кало гледате како на катализатор

на најдлабокото и најуметничкото во човекот или како на

бунар што ги голта и најхрабрите. За мене, ЉУБОВТА е

парче светлина дури и кога е во темно. На ова ме потсетија

и љубовните писма на португалската калуѓерка Маријана

Алкофорадо во кои пишува: „Ви благодарам од длабочината

на срцето за очајот што го предизвикавте кај мене. Јас го

мразев спокојството во кое живеев пред да ве сретнам“. И

не се сите Пепелашки среќни да го дочекаат принцот на бел

коњ, но сите се доволно силни од болката да кристализираат

дијамант. Затоа, секоја сентиментална калорија нè прави

духовно подебели. :) Така учиме дека животот е и уживање и

бродолом. И дека јазикот на љубовта во исто време е јазикот

на болката и ЈАЗИКОТ НА СЛОБОДАТА!

Веројатно постојат неколку филтри низ кои треба да минеме

за да сакаме чисто и безусловно. Еден од нив е ФИЛТЕРОТ

НА СТРАВОТ. Или, со зборовите на Зигмунт Бауман, еден од

најзначајните социолози на денешницата, „љубовта значи

отворање кон судбината и таа е највозвишената од сите

човечки состојби, каде што стравот и радоста создаваат

легура во која не е можно да се одвојат состојките“. А

ние, западњаците, згора на сè и Балканци, заглавени сме

во поседувањето. Цветот што ќе го сретнеме по пат, ќе го

скинеме за да го имаме, да го поседуваме. За разлика од

нас, во источната култура на луѓето им е доволно само да го

помирисаат. И додека тие мирисаат и чувствуваат, ние сме

веќе во акција и правиме парфем од него! Стравот дека ќе

ја загубиме љубовта е еден од емоционалните отрови што

ни ја трујат душата и ни го поматуваат умот. Тука на сцена

стапуваат ЕМОЦИОНАЛНИТЕ УЦЕНИ. За жал, овие игри

на ВИНА се практикуваат многу често. Манипулацијата

станува само уште еден од клучевите на љубовта. Но, некои

клучеви затвораат врати засекогаш, а некои, пак, отвораат

нови хоризонти на умеење и среќа. Јас сум за овие вториве,

со широки прозорци во собите. Во нив нема да те фати

клаустрофобија. Или, со зборовите на Ерих Фром: „Љубовта

му помага на човекот да го премавне чувството на осаменост

15

„На ти” со

ВИНКА САЗДОВА:

„УМОТ ЗНАЕ, А

СРЦЕТО РАЗБИРА“

„Тагата не бара ништо од

другиот, љубомората бара сè“

Пишува: Ана Јовковска

Kога го читав романот „Последниот чај“ (2009) на Винка

Саздова, што е една силна метафора, не како краен чај,

туку како ултимативно сознание дека вистината е толку

обична, ја повикав Винка на разговор. Добро паметам дека

таа ми рече: „Многу далеку сум ја барала вистината, надвор од

себе, а всушност била тука. И сум отишла во Индија, а баба ми

на сè ме научила“. Тогаш се сетив на мојата баба и на секоја

нејзина брчка што криеше животна лекција. Денес, додека

го читам новиот роман „Луна“ (2015), повторно се сеќавам на

баба ми и на сите жени што живееле за љубовта. Не оние што

манипулираат со својот плач, за да дојдат до целта, туку оние

што со сила го уриваат и го пресоздаваат светот. И повторно

доаѓам до истото сознание – кога стравот ќе се прифати и ќе се

освести, животот почнува!

16

Фотографија: Жарко Чулиќ

„На ти” со

АЈ: Психолог сте по образование, а еден период во младоста

сте работеле и како новинарка. И едната и другата професија,

а богами и писателската работа, подразбираат истражување и

проникнување длабоко внатре. Но, како што ќе речете: „Има

одговори до кои со умот не се доаѓа“. На кои работи во животот

умот им е до колена?

ВС: На сè она што нè крева во височини и нè сурива во амбиси.

На љубовта, вербата, среќата. Тие вистински нè поврзуваат со

светот. Умот знае, а срцето разбира. Можеш ли со умот да се

вљубиш, да веруваш, да бликаш од среќа? Не, се разбира не!

Постојат врати што само срцето ги отвора. Кога велам срце, се

разбира, мислам на најдлабокото во секој од нас. Најчистиот и

најсветиот дел. Она што си вистинскиот Ти.

ОДНОСОТ КОН УМЕТНИЧКОТО ДЕЛО Е ЛИЧЕН. КАКО ШТО Е

ЛИЧНОСЕН И ОДНОСОТ КОН БОГ.

АЈ: Романите „Полиња со диви нарциси“ и „Последниот чај“

во 2012 година ви ја донесоа наградата Најчитан автор во

Македонија, а „Последниот чај“ го доживеа своето десетто

издание. Еднаш ми рековте дека статистиките вообичаено

се врзани за некои грди нешта, сообраќајни или авионски

несреќи, процентуално пушачите болни-неболни итн... но

веројатно ова е една статистика што ја сакате?

ВС: Да, токму така. За мене е чудесно сознанието дека стотици

мои книги за една година се позајмени од библиотеките ширум

Македонија. Тоа е најголемото признание што може да го добие

еден автор. Публиката да го сака. Еве, сега и со новиот роман

„Луна“, само за еден месец се продаде првиот тираж од 1.000

примероци. Ми се чини дека сите други награди се подложни

на субјективност. Односот кон уметничкото дело е личен. Како

што е личносен и односот кон Бог.

АЈ: Што им ветувате на вашите читател(к)и за новиот роман

„Луна“, што го пишувавте три години?

ВС: Па... јас мразам ветувања. Тие обврзуваат. И прават да се

чувствуваш бедно, ако ги изневериш туѓите очекувања. Можам

само да посакувам Луна да ги осветли онака како што мене ме

осветли. Луна ја „извадив“ од своите емотивни, спиритуални

длабочини. Од камен вода исцедив.

ПРАЗНИ СЕ ОНИЕ ЗБОРОВИ ШТО СЕ ДОЦНА ИЗГОВОРЕНИ.

ТЕЖАТ НЕЗАТВОРЕНИТЕ КОМУНИКАЦИИ. НЕБАРЕ ЧЕКОРИШ

СО ЏЕБОВИ ПРЕПОЛНИ СО КАМЕЊА.

АЈ: Никогаш доволно зборови и тишини меѓу нас. Ако „Луна“ е

психолошки роман за незавршените комуникации, тогаш што

од премолченото во животот ве прогонува?

ВС: Ме прогонуваат несподелените чувства. Тоа што не

сум кажала што чувствувам, тогаш кога требало, што не сум

побарала прошка со време или што не сум си дозволила јас да

простам. Тежат незатворените комуникации. Небаре чекориш

со џебови преполни со камења. Празни се оние зборови што се

доцна изговорени.

АЈ: Што е за вас метафора за отуѓеноста?

ВС: Жиците што ми го затскриваат небото. Оние жици преку

кои праќаме мејлови, зборуваме на скајпови, се распостиламе

себеси на фејсбуци, твитери, инстаграми... Кажуваме толку

многу без ништо да кажеме. И многу приказни од секојдневието.

17

Еве две:

Приказна прва: Среде распукан цемент никнало цвеќе. Луѓе

минуваат, го газат. Една девојка подзастанува. Се наведнува

и нежно го допира цветот. Еден маж ја одминува со прекор

што му го попречила патот. Нема очи ниту за девојката, ниту

за цветот. А за себеси? Има многу такви цветови-луѓе крај кои

катаден минуваме без да нè допре нивната судбина.

Приказна втора: Двајца среде улица се кикотат како улави.

Солзи им течат од очите, се свиваат удолу држејќи се со рацете

за стомакот. Луѓето што ги одминуваат фрлаат намуртени

погледи кон нив. Лицата, наместо да им се осветлат од туѓата

смеа што на радост упатува, им остануваат исти. Бледи и

безизразни.

КОГА СУМ ДАЛЕКУ ОД ГРАДСКАТА ЏЕВА НЕМАМ НИКАКВА

ПОТРЕБА ШТО БИЛО ДА КАЖАМ, ДА ОБЈАСНАМ. ДОВОЛНИ

МИ СЕ НЕБОТО НАД МЕНЕ И ТИШИНАТА ВО МЕНЕ. И ПО НЕКОЈ

ПИСКОТ НА ОРЕЛ ВО ДАЛЕЧИНАТА.

АЈ: Се осамувате кога пишувате во Охрид, како во испосничка

ќелија, сами со лаптопот и езерото. Станувате на изгрејсонце,

два часа пешачите покрај езеро, појадок варен ѓеврек и јогурт

и се затворате в соба. Сега го разбирам Маркес кога велел:

„Живеам за да пишувам“. Што друго ве прави слободна и своја?

ВС: Врвната слобода е да си бидеш доволен самиот на себеси.

Да се одврзеш од материјалното и од другите. Не знам дали

некогаш ќе успеам во тоа. Најмногу „паѓам“ на моите деца.

А, има и нешта што ми ја даруваат слободата: природата и

тишината. Поврзаноста со природата ми дава чудно спокојство

и сила. Можеби зашто сум израснала по полиња, ридови, реки.

Сум трчала со ветрот, сум спиела под ѕвезди... И кога сум

далеку од градската џева немам никаква потреба што било да

кажам, да објаснам. Доволни ми се небото над мене и тишината

во мене. И по некој пискот на орел во далечината.

ОЧАЈНА СУМ ШТО ТОЛКУ МНОГУ ДРВЈА КАТАДЕН СЕ УБИВААТ.

И ТАЖНО Е ДЕКА СОПСТВЕНИОТ ГРАД ГО ОТСАКАВ ПОРАДИ

ТОА. ДА НЕ СЕ ЛУЃЕТО ШТО МИ ЗНАЧАТ, УЏУМ БИ ФАТИЛА, ДО

ТОЛКУ СУМ ГНЕВНА И НЕМОЌНА.

АЈ: Вашата издавачка куќа „Три“ е по светото тројство на

синовите, Александар, Бојан и Љубомир, но и по англискиот

збор tree/дрво. Пешачите по десет километри секој ден и ги

гушкате дрвата. Како реагирате на сечењето на дрвјата во

Скопје? Како да се избориме за урбаното зеленило што ни го

снемува пред очи?

ВС: Очајна сум што толку многу дрвја катаден се убиваат. Тие

се живи битија исто како нас. И тажно е дека и сопствениот

град го отсакав поради тоа. Да не се луѓето што ми значат, уџум

би фатила. До толку сум гневна и немоќна. Што да сториме за

да го сопреме ова насилство? За жал, немам одговор на ова

прашање. Освен да излеземе на улици со мотики и копачи в

раце и да садиме дрвја кај што ќе стигнеме. Но, и тоа би било

своевидно насилство. Се сади со убава енергија, а не со гнев

и бес во срцето. Се сади и со план и со убава синергија меѓу

жителите и оние што толку многу се соживеале со власта што

заборавиле дека сонцето не е нивно, дека небото не е нивно,

дека природата не е нивна. Кога бев во Нов Зеланд, се сопре

изградба на автопат дури не си заминат оттаму птицитепреселници,

се забрани посета на еден мал полуостров затоа

што пингвините што таму живееле станувале депресивни во

присуство на луѓе, на ударни вести се кажуваше дека морало

да се исече некое дрво зашто било сето гнило и истовремено

веднаш се засадувало ново... Бескрајни се ваквите примери во

светот. Има начини да се крене свеста кај луѓето за односот кон

природата, само ни треба заедништво. А тоа, за жал, во мигов,

најмногу ни недостига.

АЈ: „Тајните треба да останат неискажани и несподелени,

во спротивно би биле вести на телевизија“. Кои општествени

„тајни“ ве вадат од памет?

ВС: Кој со кого и кој што. И лагите и лицемерството.

ВО ТАГАТА ИМА ПРИФАЌАЊЕ, А ВО ЉУБОМОРАТА СТРАСТИ

И ИЗНЕВЕРЕНИ ОЧЕКУВАЊА. ТАГАТА Е КАКО ДОЖД ШТО

НЕПРЕСТАЈНО РОМОНИ, А ЉУБОМОРАТА КАКО ГРОМ ШТО СОТИРА.

АЈ: Во „Луна“ велите: „Љубомората е пострашна од тагата.

Тагата е тивка, смирувачка, има некоја полнота во неа. Живее

во тебе како потстанар на кој си се привикнал. А љубомората

жеже, разјадува однатре, виделото ти го одзема“. Тага vs.

љубомора? Која ви е поблиску?

ВС: Тагата. Има во неа нешто што смирува, што дава полнота. Во

тагата има прифаќање, а во љубомората страсти и изневерени

очекувања. Тагата не бара ништо од другиот, љубомората бара

сè. Се тажи сам, а се љубомори другому. Тагата е како дожд што

непрестајно ромони, а љубомората како гром што сотира.

БУДИЗМОТ, КАКО ФИЛОЗОФИЈА НА ЖИВЕЕЊЕ, МИ Е

НАЈПРИФАТЛИВ.

АЈ: Кои културолошки разлики ви се најблиски? Или, кои

култури ви се најегзотични?

ВС: Источната култура ми е најблиска или најегзотична,

како сакате. Будизмот, како филозофија на живеење, ми е

најприфатлив.

АЈ: И како голем вљубеник во Далечниот Исток, во Индија и

Катманду, што научивте таму?

ВС: Научив дека храмот, кај што ќе го најдеш спокојството,

е во тебе, а не надвор од тебе. Само треба да научиш да

бидеш трпелив и скромен. Е, тоа е најтешкото. Барем за нас

западњаците што сме научени на инстантна консумација, што

наместо да ни го стиши гладот (духовниот), уште повеќе нè

огладнува.

ШТО СÈ НЕ ИСЧИТАВ. ОД ФИЛОЗОФИ, МИСТИЦИ,

ШАРЛАТАНИ... И КОЛКУ ПОВЕЌЕ ЗНАЕВ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ БЕВ

ЗБУНЕТА. ТЕОРЕТСКИ, СОВРШЕНО ВЛАДЕЕВ СО СВЕТЛИНАТА,

А ВНАТРЕ... ТЕМНИНА. СЕБЕСИ СИ ЗАЛИЧУВАВ НА БЕТОНСКИ

СТОЛБ ОБЛЕПЕН СО ЦИТАТИ.

АЈ: Што е разликата помеѓу дознавањето и разбирањето?

ВС: Се дознава со умот, се разбира со срцето. Најголемите

лекции или вистини, за жал, не се учат од книгите. Тоа е

запишано и во Куранот. Можете да сте преполни со знаење,

„до заби да сте вооружени“ со теорија, а да сте бескрајно

збунети. Тоа го знам и по себе. Во еден период од мојот живот,

кога се „разбудив“, бев во трескавична потрага по вистинската

книга што ќе ме доведе до „просветление“. Што сè не исчитав.

Од филозофи, мистици, шарлатани... И колку повеќе знаев,

толку повеќе бев збунета. Ништо не ми беше јасно. Теоретски,

совршено владеев со светлината, а внатре... темнина. Себеси

си заличував на бетонски столб облепен со цитати. И кога се

уморив од „учење“, решив да заборавам сè. Така почнав да го

слушам својот внатрешен глас. И тишината во себе.

Вистината преку себе се дознава.

АЈ: Во „Луна“ напишавте: „Премногу се грижеше за другите,

а се забораваше себеси. Страдаше со сите страдалници

на светот. Очајуваше поради озонската дупка, глобалното

затоплување, земјотресите во Азија, гладните во Африка...

Како да сакаше да си ја одземе сопствената среќа, за да не

биде ни трошка посреќен од несреќниците во светот“. Но,

Винка, дали емпатијата е доволна или требаат конкретни

дела?

ВС: Сомилоста е многу важна, но не е доволна. Тоа е исто како

некој да падне на улица, а вие минувате крај него, мислејќи:

кутричок човек. Мора рака да се подаде. Најстрашни се

рамнодушноста и себичноста. Зашто, кога само себеси си

угодуваме, душата мувлосува. Инаку, исто како и мојот лик во

„Луна“, и јас страдам со сите страдалници на светот. Но, за жал,

ми се чини дека не можам ништо суштинско да сторам за да

им олеснам. Можам да донирам некоја симболична сума пари,

облека, книги... Но, кому му е до книги кога се бори за голиот

живот?

Инспирација

„ПОНЕКОГАШ

МОДНИОТ СВЕТ Е

ПРЕМНОГУ ДОБАР

ЗА ДА БИДЕ РЕАЛЕН“

Пишува: Тања Тодоровска

Фотограф: Жарко Чулиќ

Шминка: Дарко Мишовски

Фризура: Адо Мурис Хамзиќ, Hairdo

Катарина Ивановска е несомнено најуспешната

и најреализираната македонска манекенка. При

долгогодишните ангажмани далеку од родниот град, а во

период кога нејзините врсници беа само обични тинејџери, таа

ги газеше модните писти и учествуваше во кампањи и реклами

на некои од најпознатите и најценетите дизајнери и брендови.

Денес, по 11 години од нејзините почетоци, за себе вели дека

е истата девојка, непроменета од привремениот гламур на

модниот свет. Воедно, искрено и непосредно ни откри како

изгледа секојдневието на една успешна манекенка, разбивајќи

некои од најчестите стереотипови и митови за модниот свет.

По многубројни години патувања, особено на релација

Скопје-Њујорк, веќе подолг период сте во Скопје. Се

заситивте ли од патувањата, во прашање е носталгија или

можеби нешто друго?

Од патувањата никогаш нема да се заситам како што писателот

никогаш нема да се засити од перото. Не сум носталгична и

никогаш не сум била, но љубовта си го одбира патот, а тоа е

Скопје.

Веќе не сте дел од модните ревии, туку сѐ повеќе земате

учество во модни едиторијали, кампањи и фотосесии... Кои се

вашите планови за понатамошната кариера?

Веќе шест години не сум дел од модните писти и, како што

и самите кажавте, сѐ почесто снимам каталози и кампањи

или едиторијали... но продолжувам да се занимавам со

манекенството. Плановите за иднината не можам да ги кажам

однапред, зашто и јас самата не ги знам. Многу често не можам

да испланирам некое приватно патување, зашто букинзите

секогаш доаѓаат во 5 до 12 (се смее).

Како изгледаат кастинзите за ревиите на познатите

дизајнери? Дали тоа значи исполнување на строги правила,

наоѓање начин за наметнување на себеси со некоја лична

карактеристика, покажување на некој свој талент или сл.?

Колку е важен лук-букот при личното претставување на

кастингот?

За да се стигне до кастинг, агенцијата на секоја девојка ѝ

прави лук-бук. Потоа букерот има задача да ги промовира

манекенките кај креаторите, пред медиумите и пред целата

јавност. Една од најважните работи, како за манекенката,

така и за агенцијата е да обезбеди работа, односно

кампања. Кампањите пред сѐ ги добиваат девојките кои

имаат силен бук, кои треба да го продадат продуктот што

се рекламира, додека за настап на ревија е полесно, таму

можат да учествуваат и млади девојки кои се на почетокот

на кариерата. Но, токму и затоа снимање кампања, што

подразбира и каталог, реклама за принт-магазин, билборд

и ТВ-реклама, е многу повеќе платена работа отколку

учеството на ревија. Но, за да се стигне каде било најважен

е тој бук, што содржи одбрани фотографии од едиторијали,

кампањи. За учество на ревии, секако дека мора да се

помине низ кастинг. Секој креатор има своја замисла какви

манекенки сака на својата ревија, па тука е најважна улогата

на букерот или агентот на девојките кој треба да соработува

со модните куќи и со креаторите за тоа каква девојка треба

да ја испрати на одреден кастинг. Меѓутоа, верувајте дека

ниту една манекенка или модел не е случајно таму каде што

е. Сите ние многу работиме, па со многу труд, а секако и со

малку среќа, може да се успее.

21

Речиси цела кариера бевте во странство, минувајќи време на

кастинзи на светски познати дизајнери и модни куќи, дружејќи се

со други познати, професионални модели и манекенки. Од оваа,

денешна перспектива, каков е вашиот поглед на тој свет? Какви

жртви, посветувања и одрекувања подразбира тој?

Тоа е гламурозен, блескав свет што трае само пет минути. На писта

носиме прескапа гардероба со преубава шминка и фризура, се

смееме, а зад сето тоа се крие и нервоза и бунило што понекогаш

дури посакуваш да излезеш од тој филм, бидејќи е премногу

добар за да биде реален. А од друга страна, многу ми недостига...

Жртви има во секоја професија, во која било работа што сакаме

да ја направиме, па затоа секогаш најважна и на прво место ми е

поддршката од фамилијата. Сите оние тин-години наместо да се

дружам со моите врсници и да растам во чекор со моето време,

дури и да побегнам од некој час, ги поминав сама во различни

временски зони, на различни континенти, чувајќи се од сѐ што

можеше да му се случи на едно 16-годишно девојче пуштено како

јагула во модните води.

Во какви сѐ екстреми оди подготовката за модните ревии кај

некои девојки? На какви драстични примери од блиската околина

можеш да посочиш?

Кога Твиги се повлекуваше од модниот свет изјави дека не можеме

секогаш да бидеме само закачалки за алишта. Апсолутно се

согласувам, а сепак тоа не зависи од мене. Секој дизајнер кога

претставува нова колекција има замислено какви манекенки сака

да ја носат облеката на ревијата. Некои сакаат слаби девојки,

некои не, некои сакаат бринети, некои русокоси девојки. Кај

Карл Лагерфелд можете да забележите премногу слаби девојки,

кај Армани не многу познати имиња од светот на модата, а на

крајот сепак опстојуваат само оние што знаат визуелно како да ја

пренесат приказната на дизајнерот. Но, ова е професија во која

најважен е изгледот, па секако дека сите мораме да се грижиме

да изгледаме пред сѐ здраво и да бидеме во одлична форма. Во

однос на јадењето, особено денес, кога има толку многу интернетстраници,

ТВ-емисии со рецепти за здрава храна, не само ние туку

и сите други девојки и жени кои не се дел од овој бизнис, имаат

можност здраво и правилно да се хранат. Лично, можам да кажам

дека никогаш не сум се изгладнувала, а да, сум била на диета.

Во светските медиуми се пишува и дека некои од манекенките

и моделите буквално преку кревет добиваат нови ангажмани,

ревии, снимања... Дали станува збор за медиумски напумпани

вести или, пак, реалноста е малку поинаква?

Кога зборуваме за манекенки и модели со долгогодишна кариера,

можам да кажам дека таквата информација, дека преку кревет ја

добиле работата, не е точна. Секоја манекенка ја почнува својата

кариера на ист начин. Сите почнуваме многу млади, на 14-15

години, и секогаш на почетокот со нас доаѓа некој од нашето

семејство. Тоа го бара и нашата агенција, која, и покрај тоа што се

грижи за секоја од нас, сепак инсистира со нас да доаѓа родител,

постара сестра или брат.

Секако, има исклучоци, има девојки кои сакаат брзо и лесно да

дојдат до финансиски средства без многу труд, затоа што овој

бизнис бара многу жртва, откажувања и многу работа. Но, тие

девојки најчесто немаат долгорочна кариера.

Се случува и многу од познатите манекенки и модели да се омажат

за богати мажи, но дури откако и самите станале познати и

заработиле многу. Пример за ова е Наталија Водијанова, која беше

мажена за лорд, а сега е мажена со француски милионер, но таа

самата ја направи својата кариера, работејќи многу за да стане тоа

што е денес.

„РАБОТАТА МЕ НАУЧИ ДА НЕ ПЛАНИРАМ ЗА

ДАЛЕЧНА ИДНИНА. СЀ УШТЕ СЕ ЗАНИМАВАМ

СО МОДА И ЌЕ ПРОДОЛЖАМ ВО СЛИЧЕН

РИТАМ СЀ ДОДЕКА СУМ ФИЗИЧКИ И

МЕНТАЛНО ЗДРАВА И ЈАКА.“

23

24

Постои ли ривалство меѓу манекенките? До каде се

подготвени да одат девојките за изборот да падне на

нив, наместо на некоја од другите девојки дојдени на

кастингот?

Иако често се зборува дека постои ривалство помеѓу

манекенките, тоа речиси и да го нема. Кога имате

снимање, особено за кампања во која се вклучени повеќе

модели, знаеме да размениме совети, си помагаме,

се дружиме, забавуваме, а многу често остануваме во

контакти и по снимањето. За време на ревии, каде што

се вклучени многу манекенки, секако дека сите не се

познаваат и не се дружат, но не постои местење или

ривалство. Секоја од нас е професионалец и постарите

секогаш им помагаат на помладите. Има многу примери

меѓу манекенките и моделите кои приватно се дружат и

соработуваат и на други проекти. Најдобар пример за

пријателство меѓу манекенките се Наоми Кембел, Линда

Еванџелиста и Кристи Тарлингтон, кои за една кампања

на Долче и Габана рекоа дека ќе го прифатат ангажманот

само доколку и Наоми биде дел од кампањата. Уште еден

пример што покажува пред сѐ почит, но и пријателство

меѓу манекенките е оној од пред неколку години кога

Каролин Трентини и Иман бесплатно рекламираа накит

дизајниран од нивната колешка Коко Роша, чијашто

продажба се донираше во хуманитарни цели. Има уште

многу такви примери што докажуваат дека сепак нема

ривалство.

Инспирација

Се чини дека малку од македонските модели и манекенки

си ја пробуваат среќата во странство. Се откажуваат

прерано, не исполнуваат некои услови и критериуми или?...

Што мислите дека е причината за ваквата ситуација?

Можеби се плашат од успехот или не се доволно храбри и

подготвени за таков голем чекор. Знам многу случаи каде што

момчињата или девојките им забранувале на партнерите да

се занимаваат со мода и, секако, родители кои биле против

тоа нивните деца да се занимаваат со оваа професија.

Што лично ви паѓаше најтешко во периодот кога бевте

најактивна?

Помислата дека на 16 години треба сериозно да ја

сфатиш работата, а хормоните и мислите се во Скопје со

пријателите. За најмала главоболка или за варење чај при

настинка ги немав до себе ниту родителите, ниту сестра ми.

А од друга страна, кога се враќав во Скопје, не се прибирав

дома. По долги 11 години сфаќам дека ништо друго не ми

недостигало освен семејството. Ако сега имав еден семеен

албум, за жал многу празни страници без меморија ќе

останеа во него.

Моделската и манекенската професија, за жал, не нудат

долготрајна, долгогодишна кариера. Каде се гледате

себеси по неколку години? Дали можеби повторно некаде

во модната индустрија или?...

Не знам, навистина не знам. Работата ме научи да не

планирам за далечна иднина. Сѐ уште се занимавам со мода

и ќе продолжам во сличен ритам сѐ додека сум физички и

ментално здрава и јака.

Медиумите ве имаат забележано како една од

најинтересните гости на Модниот викенд во Скопје. Дали го

поддржувате и сметате ли дека е организиран на високо и

професионално ниво?

Штом сум била на Модниот викенд значи дека го поддржувам

и сметам дека треба да се има такво модно збиднување

во Македонија, зашто имаме многу талентирани и веќе

докажани дизајнери. А за тоа како е организирано не можам

да коментирам, бидејќи сум била само гостин. Тоа треба да

кажат оние што учествуваат.

25

26

„МОДНИОТ СВЕТ Е ГЛАМУРОЗЕН И БЛЕСКАВ,

НО ТРАЕ САМО ПЕТ МИНУТИ. НА ПИСТА

НОСИМЕ ПРЕСКАПА ГАРДЕРОБА СО ПРЕУБАВА

ШМИНКА И ФРИЗУРА, СЕ СМЕЕМЕ, А ЗАД СЕТО

ТОА СЕ КРИЕ И НЕРВОЗА И БУНИЛО ШТО

ПОНЕКОГАШ ДУРИ ПОСАКУВАШ ДА ИЗЛЕЗЕШ

ОД ТОЈ ФИЛМ, БИДЕЈЌИ Е ПРЕМНОГУ ДОБАР

ЗА ДА БИДЕ РЕАЛЕН.“

„НИТУ ЕДНА МАНЕКЕНКА ИЛИ МОДЕЛ НЕ Е

СЛУЧАЈНО ТАМУ КАДЕ ШТО Е. СИТЕ НИЕ МНОГУ

РАБОТИМЕ, ПА СО МНОГУ ТРУД, А СЕКАКО И СО

МАЛКУ СРЕЌА, МОЖЕ ДА СЕ УСПЕЕ.“

„ПО ДОЛГИ 11 ГОДИНИ СФАЌАМ ДЕКА

НИШТО ДРУГО НЕ МИ НЕДОСТИГАЛО ОСВЕН

СЕМЕЈСТВОТО. АКО СЕГА ИМАВ ЕДЕН СЕМЕЕН

АЛБУМ, ЗА ЖАЛ МНОГУ ПРАЗНИ СТРАНИЦИ

БЕЗ МЕМОРИЈА ЌЕ ОСТАНЕА ВО НЕГО.“

Инспирација

Забележана беше и вашата улога како Ребека во филмот

„Трето полувреме“. Дали филмот ги исполни вашите лични

очекувања од себе како актерка? Ве исполни ли улогата и

би повториле ли ваков сличен ангажман во иднина?

Нормално дека ме исполни улогата, инаку немаше да бидам

дел до „Трето полувреме“. За мене, конкретниот филм

претставува еден од најубавите македонските бисери.

Во иднина, ако ме поканат за некоја следна улога, би

прифатила, зошто да не. Процесот на правење на филмот,

зборувам од гледиште на актер, сите оние подготовки,

чекања, дружења – не би ги менувала со ништо друго.

Неколкупати досега сте учествувале на маратони, и тука

во Скопје, но и во Њујорк, активно вежбате... Дали ваквите

активности ви се хоби или своевиден начин на живот? Што

друго, надвор од манекенството, ве исполнува и прави

среќна?

Првпат полумаратон трчав во Њујорк – повеќе ми беше

како еден вид животно искуство што никогаш нема да го

заборавам. Во Скопје трчав двапати досега. Секојдневно

вежбам, дури и во моментов додека ги одговарам прашањата

возам велосипед (се смее). Како што се миеме, кога ќе

станеме, така за мене е физичката активност. Надвор од

работните обврски, најмногу ме прави среќна дружењето

со моите внуци Симон и Марко, семејните ручеци кај моите

дома, патувањето со пријателите и, нормално, човекот до

мене (се смее).

Освен во позитивна конотација (што претпоставувам

ви годи), медиумите ве поврзувале и со различни мажи

и ве вметнувале во трач-муабети. Како реагирате на

последниве? Дали низ годините научивте да не реагирате

на нив?

Немам време за трач-муабети. Не реагирам никако, зашто не

можат да ме допрат.

Сосема за крај, како досегашната плодна кариера ја изгради

Катарина Ивановска? Колку оваа Кики денес се разликува

од девојчето кое ги изодуваше првите манекенски чекори?

Што научивте од сето искуство?

Тие што добро ме познаваат знаат дека Катарина Ивановска

и Кики воопшто не се разликуваат. Сѐ уште сум едно големо

дете, веројатно поради пропустот во тинејџерските години,

но воедно и одговорна и вредна личност каква што морав да

бидам ако сакав да бидам дел од тој „гламур“.

29

Wonder Woman

Лена Зикова

„ДА СЕ ДОБИЕ ДЕТЕ ПО ДОЛГИ

ГОДИНИ ИСЧЕКУВАЊЕ Е

ВИСТИНСКИ БЛАГОСЛОВ“

Пишува: Ружица Антиќ

Повеќе од десет години Лена Зикова е дел од македонскиот бизнис-сектор, како креатор и организатор на многу успешни

проекти во областа на квалификација на работната сила од различни сектори. Со нас поразговара за нивното семејно искуство

со стерилитетот, вештачкото оплодување, патот кон остварувањето на највисокиот идеал на речиси секоја жена, мајчинството.

Тивката болка со која се соочуваат многу парови, надежта, очекувањата, тагата, загубата, што се нераскинлив дел од борбата за

потомство, во оваа приказна за семејството Зикови завршува со најсреќниот крај, раѓањето на ќеркичката Јана, како најубав доказ

за упорност и истрајност.

30

Вие сте звучно име во македонското стопанство. Со

години работите на подобрување на квалификациските

способности на работната сила, со практично знаење и

организациски техники. Последниве години сте директор

на „Концепт“, тренинг-центарот за бизнис-едукација.

Кажете ни за што точно станува збор?

„Концепт“ е тренинг-центар за неформална едукација,

основан пред три години. Во негови рамки досега се

реализирани повеќе од триста обуки и семинари, курсеви

и проекти. Кога ние, тимот во „Концепт“, го развивавме

овој проект, главна цел ни беше да направиме место,

точка во градот и Македонија што ќе биде со богата

понуда за можности и алатки за работа за деловните

луѓе и професионалците од различни области од

работењето. Приказната ја раскажуваме секојдневно.

Имаме уште многу што да кажеме... Обуките се посетени

од различни хиерархиски структури во компаниите или

јавните претпријатија или другите институции. Од извршни

директори на големи компании, преку оперативни работници,

сметководители, па сè до архивари. Во моментот развиваме

повеќе програми за преквалификација и доквалификација

на возрасните, со што ќе им помогнеме на невработените

полесно да се вработат, од една страна, а од друга страна на

бизнисот ќе му помогнеме да најде соодветна квалификувана

работна сила.

Покрај вашата успешна бизнис-приказна, вие сте и

емотивно исполнета жена. Ваш брачен партнер е познатиот

продуцент, публицист и новинар Љупчо Зиков, со кого

сте во брак 20 години. Што ви е прва асоцијација кога ќе

помислите на оваа бројка?

Да, есенва ќе прославиме 20 години брак. Кога се навраќам,

сфаќам дека две децении заеднички живот поминаа многу

брзо. Години во кои отворивме и затворивме повеќе проекти.

Години исполнети со многу прекрасни моменти. Но, и

предизвици и исчекувања...

Кога мислам на проекти мислам на градење на домот,

основањето на „Капитал“, проширување на семејството,

„Концепт“, доедукација, патувања, социјална и општествена

интеграција...

Ленa, иако постојат повеќе причини поради што ја

заслужувате титулата „Wonder woman“, ние сакавме со нас

да ја споделите вашата прекрасна приказна за вербата,

упорноста и љубовта. Приказната за вашата упорност што

не врескала, туку сосема тивко шепотела, ќе се обидам утре

повторно, што завршува на најубав начин, со раѓањето на

вашата ќеркичка Јана. Што се роди во вас со раѓањето на

Јана?

Ми ги промени и денот и ноќта. Со раѓањето на Јана исчезна

целата неизвесност и целото исчекување. Јана ме исполни,

ме успокои, ми ги смени приоритетите, направи нови

баланси. Но, ми ослободи и нови визии. Некои скриени сили

и визии што тлееле длабоко во мене сега се ослободија...

Да се добие дете по долги години исчекување е вистински

благослов! Еден исклучителен момент во животот. Тешко со

зборови можам да ги опишам сите емоции, единствено знам

дека ме промени целосно.

Вашата повеќегодишна борба за потомство, како и на секоја

жена што поминува низ истото, покажува дека сте похрабра

отколку што сте верувале и посилна отколку што сте мислеле

дека сте. Можете ли да направите една хронологија на

патот што го поминавте?

Првите години од брак беа исполнети со многу нешта.

Едноставно, бевме исполнети со деловни планови,

31

уредување на домот, дружења. Во фазата кога неочекувано

го почнувавме нашиот долг пат, тргнавме со прегледи и

испитувања. Бевме охрабрени од сите резултати, едноставно

немаше видлива пречка.

Затоа немаше простор за сериозна грижа. По повеќе

години се одлучивме да направиме ин-витро оплодување. Го

направивме овде, во Скопје, но резултатот беше негативен.

Со оглед на фактот што во Македонија тогаш немаше долго

искуство во оваа постапка, одлучивме да следниот обид

го направивме надвор, во некој европски центар познат

по овој метод. Многумина од Македонија тогаш одеа во

Белград и Љубљана. Имавме добри информации за Гент,

Белгија, во престижната Кралска академска клиника. Гент

е еден од најпознатите академски градови во Европа. Така

воспоставивме контакт во доктор Донт, кој во тоа време

беше врвно име во областа на ин-витро оплодувањето.

Патувањето во овој град беше одлично искуство. Град

само стотина километри оддалечен од Брисел, а толку

тивок, релаксиран, иако беше преполн со огромен број на

интернационални студенти. Во тој период ја запознавме

внатрешноста на Белгија, преубавиот Бриж, што во многу

нешта се разликува од метрополата. Тимот кој нè водеше во

целата постапка беше прекрасен, бескрајно позитивен. И

покрај првиот неуспешен обид, ни оставија силен впечаток.

Имавме чувство дека сме во вистински раце. По извесна

пауза, повторно се обидовме во Гент, но немаше резултати.

Паралелно истражувавме дали постојат други центри

што прават дополнителни испитувања или други методи.

Одлучивме да отидеме во Њујорк, во Институтот „Корнел“,

кај доктор Зев Розенвакс, гуру во областа на гинекологијата.

Институтот „Корнел“, заедно со Универзитетот „Рокфелер“

се едни од водечките медицински установи во светот,

добитници на Нобеловата награда од областа на

медицината. Беа многу темелни, анамнезата траеше со

часови, а потоа и испитувањата. Повторно нè охрабрија да

продолжиме со нашите обиди. Едноставно, секој обид на инвитро

е независен од претходниот, зависно од реакцијата на

организмот на терапијата во дадениот момент. Институтот

„Корнел“ го чувавме како златен адут, можност за последен

обид, но за среќа немаше потреба, бидејќи следното инвитро

што го направивме во Прага беше успешно. По

комплетно мирување и со повеќе прегледи кај доктор Глигор

Димитров, во „Ремедика“, во јуни 2014 година се роди Јана.

Целиот тој пат е многу стресен, исполнет со психофизички

замор. Можете ли да издвоите кој дел од постапката на

лекување, вештачко оплодување ви паѓаше најтешко?

Ќе бидам искрена со вас и со вашите читатели. Нема ништо

едноставно во целиот процес. Пред секоја постапка се

повторуваат многубројните хормонски испитувања, се

следи подготвеноста на организмот, а потоа се почнува со

хормонската терапија, што трае цели дванаесет дена, потоа

пункција, трансфер...

И на крајот, посебно стресно е долгото двонеделно

исчекување на резултатот. Затоа е потребно големо

количество на ментална и физичка подготвеност на

партнерите, а посебно на жената.

Лекувањето на стерилитетот е еден облик на животна криза

што има директно влијание буквално на секој аспект од

заедницата помеѓу маж и жена. Како вие и вашиот сопруг го

надминавте сето тоа? Како сите оние негативни чувства на

лутина, вина, самосожалување, исчезнуваат под силата на

љубовта и разбирањето?

Бевме единствени во одлуката да одиме докрај. Ако

секој во животот има по еден камен за туркање, ова беше

нашиот камен. Со тоа се соочивме и затоа веројатно не

очајуваме. Една работа што сакам да ја споделам е дека

на тие патувања настојувавме да гледаме низ призмата на

вистинско туристичко патување, уживавме во местата низ

кои поминуваме и во кои престојувавме.

Во периодот кога одевме во Гент, посетивме многу гратчиња

во Белгија и Холандија, во Брисел и Амстердам бевме

повеќепати. А истото се случи и кога бевме во Соединетите

Американски Држави. Тоа е одлично искуство, тие патувања

се незаборавни.

Во нашето општество сѐ уште има строги општествени

норми за редот на нештата, брак, па деца и слично. Бевте

ли сведок на непристојни стереотипни фрази? Кој ви беше

најголема поддршка низ сите овие години?

Имавме силна потреба да имаме деца, нешто што ќе седне

во прегратките помеѓу нас, но не значи дека бракот без деца

нема смисла. Напротив, бракот, покрај децата, го сочинуваат

многу нешта што сопружниците го споделуваат меѓусебно,

како љубов, доверба, посветеност, поддршка, амбиции,

заеднички интереси... Оттука немаше простор за страв дека

заедничкиот живот без потомство нема да успее.

Важите за многу комуникативна жена, што сака да патува

и да се дружи со широк круг луѓе. Како наоѓавте сила, по

секој неуспешен обид, да функционирате? Што најмногу

ви помагаше кога ќе ја изгубевте надежта и ќе добиевте

негативни резултати?

Во сите изминати години, ние бевме опкружени со

пријателите. Никогаш не се затворивме, не ги оддалечивме

луѓето околу нас. Не запоставивме ниту еден сегмент од

секојдневниот живот. Затоа сметам дека, покрај нашите

семејства кои бескрајно нè поддржуваа, до нас беа и

пријателите, со кои поминавме одлични години на дружење.

Меѓу нив имаме пријатели кои ни помогнаа да го пронајдеме

патот до решението, ни даваа добри контакти. Многу важен

сегмент на животот, особено во кризи, се пријателите.

Во борбата против стерилитетот, за восхит е што секој пар

тргнува од можноста за среќен крај, без никаква гаранција.

Дали и пред тоа се сметавте себеси за упорна личност?

Имавте ли период во кој бевте на раб да се откажете?

Зад мене се многубројни испитувања и повеќе ин-витра, но

во ниту еден момент не помислив да се откажам. Единствено

ми одекнуваа зборовите на Розенвакс во Њујорк дека...

сè додека имам ментално и физичко здравје можам да

продолжам со обидите и со добра надеж дека ќе успееме.

Тој е мој вистински гуру!

Стара јапонска поговорка вели падни десет пати, стани

единаесет. По колкав период се одлучувавте за нов обид? Се

плашевте ли од медицински ризици за сопственото здравје?

Ги следевме инструкциите на лекарите, тие ја следеа

мојата подготвеност и така носевме одлуки кога почнуваме

со постапката. Тогаш не размислував за последиците, а

да бидам искрена, ниту лекарите не ме предупредија за

32

евентуални последици. Сега, откако ја завршив оваа фаза

во животот, сериозно сум посветена на моето здравје и ги

правам сите превентивни прегледи и испитувања.

Верувам дека вашата ментална сила ќе биде инспирација

за многу жени. Имате ли некоја порака за жените што

моментално го одат вашиот пат?

Иновациите во медицината, па и во гинекологијата постојано

се случуваат, се менуваат методологии и протоколи, се

пронаоѓаат нови лекови, се подобруваат постојните. Се

појавуваат и успешни лекари. Тоа треба да охрабри голем

број парови кои имаат определени проблеми, со издржан

оптимизам дека може за многу кратко време ситуацијата да

се промени. На оваа тема нештата се менуваат секојдневно.

Во меѓувреме, пак, во Македонија има повеќе болници што

израснаа во сериозни центри за ин-витро оплодување, што по

резултатите не заостануваат од другите европски болници.

Нема да има потреба да патуваат во други земји за оваа

постапка, а тоа е дополнителен напор. Вака анализирајќи,

сериозно нема простор за песимизам и откажувања кај

паровите кои немаат деца, бидејќи времето работи постојано

за нив. Мислам дека посветеноста и упорноста се клучните

зборови на оваа тема.

Јана е остварување на сите ваши соништа, форма на најчиста

љубов и круна на целата ваша мака. Како функционирате на

дневна основа? Какво дете е Јана? Имате ли помош?

Имаме развиено цела шема на дневни активности. Денот

почнува со цртан филм. Па, откако ќе се изгледаат неколку

епизоди, следува ритуалот на утрински активности. Таа

останува дома, додека ние се вратиме од работа, а потоа

целосното внимание ѝ припаѓа нејзе, задолжително шетање,

играње и пеење што трае додека не заспие, кога конечно

сите звуци од играчките ќе бидат ставени на „оф“. И тие да

одморат...

Јана е исклучително отворено дете, кое сака да комуницира

со познати и непознати лица, лесно ги прифаќа промените.

Воопшто не е плачлива, туку напротив, постојано наоѓа

некаков извор за радост и смеа.

Со години имате исполнет и успешен професионален живот.

Со раѓањето на вашата ќеркичка си докажавте дека не е

готово, додека добро не заврши. Колку нејзиното раѓање

ви внесе дополнителен мотив за нови професионални

подвизи?

Професионалниот дел од мојот живот отсекогаш ми бил

важен. Ги туркав истовремено и деловните и приватните

проекти. Но, имаше моменти кога беше тешко балансирањето

на овие две работи, па предност давав на приватното.

Сега кога таа битка е завршена, многу поедноставно е да

се посветам на сите деловни предизвици и на семејството.

Практично, сè си дојде на место. Целата моја енергија и

целото време ги вложувам колку што е можно посилно, заедно

со мојот тим, да ја раскажеме приказната за „Концепт“, да ѝ

се најдеме на македонската деловна и воопшто општествена

заедница. Да правиме убави работи.

33

Соседство

МАРКО ВУЛЕВИЌ ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „ПОРТРЕТ“

„СЕКОГАШ СУМ

СЕ ТРУДЕЛ ДА ГИ

ЗАДОВОЛАМ СВОИТЕ

КРИТЕРИУМИ“

Пишува: Тања Тодоровска

Mарко Вулевиќ е еден од најактивните, најиновативни модни

фотографи во Србија. Во неговата досегашна кариера има

соработувано со сите звучни имиња од српската модна сцена,

вклучително дизајнери, модели, модни магазини... За „Портрет“

ја сподели својата успешна приказна, како и дел од неговото

портфолио со фотографии.

Какво е вашето образование? Колку е важно за работата што ја

извршувате денес?

Образованието е важно како и за секоја друга професија. По

завршувањето на средното училиште за дизајн, каде што првпат се

сретнав со фотографијата, се одлучив да го студирам истото на

Факултетот за применети уметности, отсек фотографија.

Колку долго сте фотограф?

Во средното училиште фотографијата ми беше хоби, а од пред седум

години имам свое студио.

Како би го опишале вашиот стил на фотографирање?

Стилот го градев со времето, не знам како би го карактеризирал. За секое

снимање се трудам да изгледа поинаку.

Која е вашата прва фотографија?

Не се сеќавам, но тоа веројатно би бил портрет на некоја другарка од

средното училиште.

А каде првпат ви имаат објавено фотографија?

Во lifestyle додаток на еден дневен весник, мојата фотографија беше

избрана за насловната страница.

Како се станува успешен фотограф?

Никогаш не сум се трудел да станам успешен фотограф, секогаш сум се

трудел да ги задоволам своите критериуми. Успехот дојде спонтано и

мислам дека тука нема правила.

Каква опрема користите?

Од неодамна прејдов на „Канон“ и сум многу задоволен. Не сметам дека

секогаш е потребна сета опрема за креирање на добра фотографија – во

некои услови доволен е само фотоапарат.

Mac или Pc?

Би се определил за Mac, бидејќи платформата му е постабилна во однос

на софтверите што ги користам.

Колку е значаен фотошопот во средувањето на вашите фотографии?

Многу е важен. Фотошопот може навистина да го подобри квалитетот,

атмосферата на самите фотографии.

Вашите топ три омилени фотографи се?

Немам омилен фотограф, но ја ценам работата на Тим Вокер, Давид

Лашапел и Ник Најт.

Со која славна личност би сакале да соработувате?

Би сакал да соработувам со различни топ-модели. Би ги одвоил Наташа

Поли и Лара Стоун.

Студиска или природна светлина?

Мојот сензибилитет е природната светлина, но понекогаш и студиското

осветлување е неопходно.

Покрај модните фотографии, која друга област во фотографирањето ве

привлекува најмногу?

Најмногу ме привлекува уличната фотографија, бидејќи секогаш можете

да налетате на некој интересен минувач и да добиете одличен портрет.

35

Моја Борба

Пишува: Ружица Антиќ

„КОГА СФАТИВ ДЕКА

СУМ ХОМОСЕКСУАЛЕЦ,

ЗНАЕВ ДЕКА НЕМА

ДА СИ ДОЗВОЛАМ ДА

ЖИВЕАМ ВО СТРАВ“

Не сакам да завршам како некои латентни личности, преплашени

од тоа што го гледаат во огледало, полни со омраза кон тие што

имаат храброст да живеат како сакаат.

Хомофобијата, и по десет години од првите геј-паради на

Балканот, сѐ уште е присутна во сите сегменти на живеењето.

Иако секоја демократска земја се стреми да ја отфрли

дискриминацијата по која било основа, вклучувајќи ја и онаа

по сексуална ориентација, припадниците на сексуалното

малцинство поминуваат низ вистински пекол. Даниел Димов,

Македонец, кој љубовта кон својот партнер Андреас Милер го

однесе да живее и да работи во Германија, со нас ја сподели

својата борба. Својата приказна, што иако од почетокот

кај многумина предизвикува осуда и омраза, ја испраќа

најблагородната порака, никому да не посакуваме зло и да

шириме љубов и добрина.

Даниел, вие сте еден од ретките Македонци што реши јавно

да зборува за патот што го оди секојдневно во остварувањето

на своето универзално човеково право, правото на избор

на својата сексуална определба. Пред неколку месеци

македонските интернет-портали ја пренесоа веста за вашата

венчавка со Андреас Милер и дел од вашата приказна. Како

се чувствувате поради тоа, сега кога помина малку време,

имаше ли некои реакции? На каков прием наиде таа вест кај

македонската читателска публика?

Пред сè, би сакал да ве поздравам и да ви се заблагодарам за

понудата за интервју. Прифатив да поразговарам со вас, со

единствена цел, мојата приказна да допре до луѓе што мораат

да знаат дека не се сами. Да знаат дека во тешките моменти на

прифаќање лично или од околината, има и позитивни работи на

кои треба да се радуваат. И да, најважно, особено се надевам

дека моите зборови ќе освестат барем неколку читатели.

Приказната и веста што ја пренесоа македонските портали

беше наменета за следбениците на ЛГБТИ-центарот, насочена

публика и моја цел беше да донесе насмевка на нечии лица

кога ја читаат. Ја преземаа речиси сите портали и за кратко

време имаше многу бурни реакции. Имаше секакви коментари

и ставови, добри, лоши, нешто помеѓу и екстремни. Наидов на

поддршка, наидов и на огромна омраза. Единствено позитивно

беше што омразата доаѓаше од луѓе што не ме познаваат, а

и немаат никакво основно познавање на тематиката што ја

коментираат.

36

Моја Борба

Пред да го запознаете вашиот партнер, дали размислувавте

да ја напуштите Македонија поради предрасудите и ставот за

хомосексуалците, што генерално владее во нашата држава?

Да, за жал, како и поголемиот број на млади луѓе кои сакаат да

заминат од државава поради различни причини и јас сакав да ја

напуштам нашата земја веднаш по завршување на студиите. Но,

еве испадна вака, непланирано од емотивни побуди (се смее).

Кога решивте да зборувате отворено на оваа тема, имаше ли

некој настан, момент, што ја иницираше вашата одлука?

Уште од првиот момент кога ми беше јасно дека сум

хомосексуалец, знаев дека нема да си дозволам себеси да

бидам како поголемиот дел од македонските хомосексуалци,

исполнети со огромен страв да не ги открие некој. Или,

уште полошо, да завршам како некои латентни личности што

повредуваат други, што стравот од она што го гледаат во

огледало, го пренасочуваат во омраза кон сите што имаат

храброст да бидат тоа што се. Така што, моментот кога се

прифатив себеси, беше моментот кога се отворив пред сите.

Знаеме дека речиси е невозможно во средина како нашата

да имате еднаков третман и слободи, доколку вашиот родов

идентитет отстапува од воспоставените општествени норми.

Каков беше вашиот живот во Македонија? Се чувствувавте

ли дискриминирано? Дали беше можна ваша инклузија во

општеството и, воопшто, имавте ли непријатни секојдневни

ситуации?

Јас сум машки пол и машки род, мојот родов идентитет се совпаѓа

со мојот пол. Единствено ме привлекуваат други личности од

истиот пол и род. Според мојот начин на размислување, тоа е

само дел од мене и не ме дефинира, не е преголема работа

и секогаш сум ја третирал така. Имав непријатни моменти и

ситуации, но главно функционирав нормално, не привлекував

внимание и не дозволував да бидам третиран како жртва.

Во идеални услови, она што некого прави добар родител е

разбирањето за чувствата, желбите и амбициите на своето

дете. Освен адаптивниот период во кој би прифатиле дека

нив апсолутно ништо не им менува сексуалната определба на

нивното дете, некои родители тврдат дека станале подобри

луѓе и развиле емпатија и сочувство кон други луѓе. Каква е

реалноста, во вашиот случај, со вашите родители?

Моментално, ситуацијата со моите родители е подобра и имам

одвреме-навреме контакт со нив. Кога приказната за мојата

венчавка експлодираше, нормално дека ситуацијата беше

ужасна за нив, но за неколку денови, кога спласна актуелноста

и се пишуваше и се зборуваше за други теми, работите почнаа

да се враќаат во нормала.

Родителите на вашиот партнер беа на вашата венчавка,

отворено ја подржуваат вашата врска и немаат никаков

проблем со изборот на својот син. Во какви моменти најмногу

ви недостига поддршката на вашите најблиски? Имаа ли вашите

родители можност да го запознаат Андреас? Пробавте ли да ги

разубедите или нивниот став е радикален и не оставаат простор

за да разговарате на таа тема?

Ние им понудивме на моите родители да дојдат, но одбија. За

среќа, семејството на Андреас ме третира како дел од нив, што

многу ми значи. Во Германија почнав да се чувствувам како

функционален дел од семејството и општеството. Моите родители

имаа можност да го запознаат, бевме во нивната куќа. Андреас

готвеше и поминавме неколку добри цивилизирани денови

заедно. Потоа работите тргнаа лошо, ситуацијата ескалираше и

стана невозможно да продолжиме со каква било комуникација.

37

Моја Борба

Кога првпат им соопштивте дека сте хомосексуалец, ви донесе

ли тоа признание олеснување? Имате ли барем некој член од

семејството што ве прифати и со кого сега сте во контакт?

Дефинитивно, тоа ми донесе големо олеснување, не знам дали

некој од нив ме прифати целосно. Моите блиски ме знаат, знаат

дека не мислам на никого лошо, никого не повредувам, јас

мислам дека тоа е единствено важно и пресудно дали некој е

добар човек и вреден за љубов од семејството и околината.

Со експанзијата на социјалните мрежи, многу е полесно да се

шират и да се наметнуваат личните ставови, говор на омраза и

сл. Каква е разликата кога се справувате со неприфаќање од

околината и од семејството?

Неприфаќањето од семејството нормално дека ми падна

најтешко. Со текот на времето се навикнав и не дозволив тоа да

ме уништи целосно. Моите односи со луѓето од околината што

ме познаваат лично се делат на поддршка или прекинување на

контактот. За луѓето што не ме познаваат лично, не планирам да

трошам енергија и нерви.

Живеете во Германија, сосема поинаков систем, поинакво

општество. Каков е правниот и социјалниот статус таму на

луѓето од ЛГБТИ-заедницата?

Социјалниот и правниот статус е сосема идентичен како и

на хетеро-лицата. Немам почувствувано апсолутно никаква

разлика во споредба со другите луѓе. Никој се нема обидено

да ме етикетира, ни селектира, ни во ЛГБТИ, ни во ниедна друга

заедница. Немаме никакви непријатности, дури и кога шетаме

на улица фатени за раце, како секој хетеро-пар.

Ве фрустрира ли немоќта што ја носат ситуации во кои треба

да објаснувате дека не сте различен? Што ви е најважно да

знаат вашите родители од оваа дистанца?

Искрено, не ме фрустрира. Според мене, во моментот кога ќе

дозволам нешто да ме фрустрира го губам сѐ она за кое лично

сум се изборил, го губам мојот сопствен мир и спокој. Најважно

ми е моите родители да знаат дека сум среќен, дека сум здрав

и сигурен.

Обично се вели дека секое семејство, каде што постои љубов,

по извесно време наоѓа начин да ги помине недоразбирањата

и проблемите. Се надевате ли дека така ќе биде и во вашиот

случај?

На пат сме кон остварување на сето тоа. Сепак, би држел

одредена дистанца со единствена цел да можам сам да

се заштитам, доколку има потреба од тоа, ако решат да ме

отфрлат пак. Доколку утре се случи нешто и повторно почнат

со негативен став, не би сакал да сум премногу поврзан и

вовлечен во нови драми.

Што е најголема предрасуда, најчест стереотип што луѓето го

имаат за хомосексуалците?

Луѓето во Македонија треба да научат која е разликата помеѓу

сексуална ориентација, карактер, родов идентитет и трендови.

Тоа се премногу различни работи што не треба да се користат

како ист термин. Најчестите стереотипи, за хомосексуалците и

воопшто за сите луѓе настануваат како резултат на заклучоци,

ставови и тврдења за луѓе што не ги познаваш. Сето тоа и

премногу слободно време, што генерално го имаат луѓето на

Балканот.

Што би им препорачале на родителите што се сомневаат дека

нивните деца се хомосексуалци или што веќе добиле отворено

признание?

Родители, погледнете подобро околу вас, живееме во општество

преполно со омраза, предрасуди, дискриминација. Доколку

имате барем 1% сомнеж дека вашето дете е хомосексуалец,

покажете ја вашата љубов десет пати повеќе и посилно.

Покажете дека не се сами, дека во општество каде што секој ќе

сака да ги понижи, искористи, имаат дом. Имаат дом каде што се

безбедни, сакани, почитувани, дом во кој нема да имаат потреба

да се кријат, ќе имаат мир и спокој, каде што ќе имаат со кого

да ги споделат своите проблеми. Во светот и во Македонија,

огромен број ЛГБТИ-младина сами себе се измачуваат, си го

одземаат животот, живеат во депресија, во безнадежност,

немаат кому да му се обратат. Вие сте им родители, поддржете

ги, сакајте ги своите деца, заштитете ги. Ним им треба надеж,

како родител тоа е ваша одговорност, вие сте ги донеле на овој

свет, немојте да бидете предводник на нивните непријатели.

Доволно ќе им биде да им кажете дека ќе биде подобро и дека

сѐ ќе се среди. Доволно животи се изгубени поради омраза.

Споделете љубов и среќа. Тоа е мојата порака.

38

Портрет поддржува македонска уметност

„СЕПУКУ“

МЕНСУР БОЈДА

39

дискусија, соработка и поддршка за сите што се засегнати

од оваа проблематика.

Нашата цел е подобрување и олеснување на процесот на

образование на учениците со дислексија, како и потпомагање

во воведување на соодветен и подобрен образовен систем.

Нашата цел неизбежно опфаќа создавање општество што

ќе има капацитет да ги исполни сите барања и потреби на

лицата со дислексија и да се приклучи на земјите што веќе

50 години активно развиваат техники и методи за работа

за овие лица, настојувајќи да го пронајдат и да го истакнат

својот талент.

40

ДАМЈАН НИКОЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ДИСЛЕКСИЈА „АЈНШТАЈН“

„ДИСЛЕКСИЈАТА

НЕ ПРЕТСТАВУВА

НИКАКВО

МЕНТАЛНО ИЛИ

ПСИХОФИЗИЧКО

ЗАОСТАНУВАЊЕ“

Пишува: Тања Тодоровска

Препознавањето, разбирањето и прифаќањето на

дислексијата се само некои од чекорите на патот

кон подигнување на свеста за дислексијата. Токму

имплементирањето на сите овие во нашето општество

се целите на здружението за дислексија „Ајнштајн“.

Следствено, тоа се и целите на претседателот Дамјан

Николовски кој и самиот лично се соочува со дислексија.

Од кога постои здружението „Ајнштајн“? Кој стои зад него и

која е неговата цел, неговата мисија?

Здружението е формирано кон крајот на 2013 година. Зад

здружението стојат неговите основачи, родители на деца со

дислексија и лица кои имаат дислексија. Тимот што неуморно

ја актуализира дислексијата во нашата република се состои

од мене како претседател, мојата најблиска соработничка

Марија Анчевска, која е и проект-координатор, Славица

Тасевска Николовска – стручно лице за дислексија, Мартин

Трајановски – креативен директор, Фани Кузмановска- правен

застапник на здружението, како и големиот број волонтери.

Нашата мисија е подигнување на јавната свест за дислексијата

во образовните институции, кај родителите, релевантните

институции, како и кај пошироката јавност. Ајнштајн ги

остварува своите цели преку информирање, едукација,

Каква е свесноста за дислексијата во нашето општество? Се

препознава ли во образовните институции, во компаниите,

во различните сфери на дејствување?

Од денешна перспектива можам со задоволство да кажам

дека свесноста за дислексијата во нашето општество е

зголемена во споредба со изминатите две до три години

кога терминот дислексија воопшто не беше познат. Во однос

на образовните институции исто така имаме голем напредок

во однос на препознавањето на оваа состојба, но морам

да истакнам дека сепак тоа не е на очекуваното ниво. Во

компаниите оваа проблематика не е воопшто препознаена,

но тоа не се должи на раководствата во компаниите, туку на

состојбата дислексија, бидејќи голем дел од повозрасните

индивидуи воопшто не се свесни дека ја поседуваат оваа

состојба.

Во медиумите актуелна е кампањата „Јас знам што е

дислексија“, во што се вклучени познати, јавни личности.

Каков е одѕивот?

Да, кампањата почна во октомври, кој е месец за зголемување

на јавната свест за дислексијата во светски рамки и ќе трае

континуирано до следниот октомври. Целта на кампањата е

преку познатите личности од нашата држава да се зголеми

јавната свест за оваа состојба. Одѕивот од кампањата досега

оди според очекуваните резултати, иако може да биде и

многу подобро, сепак се работи за хуманитарна кампања со

којашто и досега се постигна многу.

Соработувате ли со одредени училишта и установи во

мисијата за подигнување на свесноста за дислексијата?

Секако, училиштата претставуваат и почетната алка од целиот

синџир што води кон остварување на нашата цел. Со огромно

задоволство признавам дека од голем број училишта имаме

многу голема поддршка и заинтересираност, особено од

наставниците што е многу добар показател дека Република

Македонија има потенцијали и можности да биде во ранг со

развиените земји, каде што дислексијата се работи повеќе

од 70 години.

Имате ли податок за тоа колкав процент од населението во

Македонија се справува со дислексија?

Ние како здружение се раководевме со бројката од

соседните земји, каде што се направени истражувања,

и бројката е од 10 до 15% од вкупното население. Во

изминатата година ги спроведовме и првите истражувања за

застапеноста на оваа состојба во нашето општество со што

и се потврди оваа бројка. Со поддршка од Град Скопје се

направи истражување во две средни училишта со различна

етничка структура, каде што во просек, застапеноста на

дислексијата изнесува 17%.

Инспирација

Што всушност претставува дислексијата? Што треба да

знае личноста која се справува со неа или, пак, лицата во

нејзина најблиска околина (на пример, родители на дете со

дислексија, другарчиња и сл.)?

Дислексијата е состојба при која мозокот различно ги

процесира пишаниот или говорниот јазик. Најчесто се

манифестира со тешкотија во читањето и пишувањето,

односно тешкотија со учењето. Не е минлива состојба, туку

е состојба што личноста ја има доживотно. Најважно е да

се знае дека дислексијата не претставува никакво ментално

или психофизичко заостанување, ниту, пак, има врска со

интелигенцијата на индивидуата, туку напротив, дислексија

е често предводена со натпросечна интелигенција, за што

се доказ и сите оние брилијантни и вонсериски умови што

ја поседувале оваа состојба, како што се Алберт Ајнштајн,

Стив Џобс, Томас Едисон, Џенифер Анистон, Бил Гејтс,

Том Круз, Агата Кристи и многу други. Дислексијата е

едноставно различен стил на учење, односно восприемање

на информациите.

Дислексијата не е ништо страшно, токму и тоа е нашето

мото. Дислексијата треба да се разбере како дарба на една

индивидуа и токму затоа раното препознавање е многу

важно со цел да се надминат тешкотиите и притоа да се

искористи талентот што произлегува од неа.

Многу е важно да се знае дека со децата кои имаат

дислексија треба да се постапува внимателно, односно

да се избегнуваат сите погрдни зборови што најчесто се

употребуваат за децата кои имаат проблеми со учењето.

Мотивацијата и поддршката од родителите и наставниците е

многу важна со цел градење личности без фрустрации.

Неодамна излезе годишниот извештај за работата на

„Ајнштајн“ во 2015 година. Гледајќи наназад, колку сте

задоволни од она што сте го постигнале во годината зад

вас? Кои се, пак, плановите за „Ајнштајн“ во иднина?

Гледајќи наназад, 2015 година заврши и многу поуспешно

од очекуваното. Минатата година беше значајна година за

дислексијата во Република Македонија – година кога првпат

јавно се зборуваше на оваа проблематика и кога првпат се

организираа семинари посветени на оваа тема на кои свое

учество земаа 400 заинтересирани наставници и родители.

Така што, со големо задоволство ќе кажам дека зад нас

имаме многу успешна година.

Во иднина имаме цел „Ајнштајн“ да постане дел од

меѓународните асоцијации за дислексија.

Проектот „Фокус на дислексија“, што е поддржан од Проектот

на УСАИД за граѓанско општество, што го спроведува

Фондацијата Отворено општество Македонија, е во тек.

Овој проект ќе придонесе за општествено добро во нашата

држава, бидејќи со предвидените активности ќе се направат

истражувања во училиштата во три поголеми општини, 600

наставници ќе се стекнат со вештини за препознавањето

на учениците кои имаат дислексија. Во проектот исто

така предвидено е и вработените од институциите, кои се

задолжени за креирање на образовните политики, поблиску

да бидат запознаени со дислексијата, преку предавања на

странски експерт од Ирска.

Наскоро почнуваме со едукативни работилници низ

територијата на целата република со цел доближување и

презентирање начини како наставниот кадар да се справи

со децата кои имаат дислексија. Во текот на оваа година

ќе се формира и првото координативно тело за дислексија,

чијашто цел ќе биде заедничко дејствување за разрешување

на проблемите што се јавуваат со оваа состојба и постојано

лобирање за промена на законските регулативи со цел

дислексијата да се вметне во законот како специфична

тешкотија во читањето, пишувањето и учењето. Како што

веќе напомнав, свесноста за дислексијата е зголемена,

но не на задоволителното ниво, па затоа и кампањите ќе

продолжат и во иднина. Се надевам дека ќе успееме да

ги обезбедиме и потребните ресурси за да овозможиме и

бесплатни обуки на психолозите од училиштата со што би

придонеле многу за раното препознавање на дислексијата

и навремена корекција. Тоа се накратко идните планови на

„Ајнштајн“.

Во поглед на моите идни чекори професионалното

усовршување е секогаш во прв план, потоа следува

хуманитарната работа, бидејќи како човек огромно

задоволство ми претставува помагањето на сите оние на

коишто им е потребна некаква помош без разлика дали

тоа го правам лично или преку нашата организација, која

секогаш се стреми да дејствува хумано во рамките на своите

можности.

Контактирајте ги „Ајнштајн“ на: facebook.com/zdruzenie.einstein

Фотографија: Жарко Чулиќ

Галерија

ОД МИЛАНО ДО ЦЕЛИОТ СВЕТ,

ОД САВОЈА ДО ЃАВОЛОТ:

ПАТОТ НА ПРАДА

Пишува: Џејлан Рустемоска

Миуча и Патрицио

сакав да бидам различна.

Отсекогаш сакав да бидам прва.“ Ова се

„Oтсекогаш

зборовите на Миуча Прада, жената која

успеа од својот бренд да изгради универзум, успешно

сплотувајќи ги во едно модата, дизајнот и уметноста;

храбро потпирајќи се на својот инстинкт и добар

вкус. Ако пред речиси еден век браќата Прада биле

ексклузивни снабдувачи на кралското семејство

Савоја во Италија, нивната внука Миуча успева да го

одведе брендот многу подалеку од Милано, отворајќи

седишта на сите континенти. Еден век подоцна, дури

и ѓаволот носи „Прада“.

За да се раскаже приказната зад препознатливиот

превртен триаголник, потребно е да се вратиме во

Милано во 1913 година, при крајот на бел епок, кога

браќата Марио и Мартино Прада го отвораат својот

прв дуќан во Галеријата „Виторио Емануеле II“ во кој

продаваат чанти, куфери и други модни додатоци од

кожа увезена од Австрија, Германија и Англија. Уште

од почетокот не се работи за обични чанти и куфери,

туку нивниот бутик е специјализиран за луксузни

предмети што нема да поминат од мода во рок од

една сезона. Називот на бутикот е „Fratelli Prada“

Прада, Милано

или „Браќата Прада“, кои благодарение на својата

умешност во 1919 година стануваат ексклузивни

снабдувачи на кралското семејство Савоја, што

е доволно признание за нивниот бутик да стане

задолжителна станица на европската аристократија,

а потоа и неизбежен детаљ на секоја листа за

свадбени подароци.

За чудо, „Браќата Прада“ успева да ги преброди

двете светски војни. Откако Мартино се повлекува, на

чело на бизнисот останува Марио сѐ до 1958 година,

надевајќи се дека ќе го наследат неговите синови,

зашто според него жените немаат нос за бизнис.

Но, синовите не се заинтересирани за кожените

куфери и чанти и судбината на „Прада“ ја оставаат

во рацете на нивните сестри Нанда и Луиза, за дури

две децении и значителни парични загуби подоцна

да ја преземе внуката Миуча. Токму со неа почнува

метаморфозата на „Прада“.

Миуча е срамежлива по природа, но храбра и

одлучна кога се работи за модните комбинации.

Во тој период е активен учесник во културнополитичките

збиднувања во Италија, дел е на

феминистичкото движење и политички е активна во

42

Комунистичката партија. Студира глума и пантомима,

а потоа и политички науки. Како што вели подоцна,

„претпочитам да правам повеќе работи лошо,

отколку само една добро“. Во седумдесеттите

патува низ Америка и привлекува внимание со својот

ексцентричен стил, шетајќи се со голи нозе во зима

и волнени чорапи и сандали во лето, комбинирајќи

најразлични материјали без некоја логика, како

шифон и твид. Неизбежен дел од нејзиниот стајлинг

во тоа време се етно-здолништата на Ив Сен Лоран и

шарените креации на Андре Куреж.

Во раните осумдесетти се случува средбата што

ќе ја одреди судбината на „Прада“. Миуча од

љубопитност го посетува штандот на една фирма

во Милано за која велат дека продава чанти слични

на нејзините. Човекот кој Миуча на првата средба

по кој полудува светот (или барем женскиот дел) е

славниот црн ранец од најлон поконо (на сликата),

доволно едноставен и практичен за да ја спакува

идејата на „Прада“ да се доближи до што поголем

број купувачи. Експериментирањето од страна на

Миуча продолжува со првата женска прет-а-порте

линија, што не го поминува добро првиот тест пред

модните критичари. Всушност, не се работи само

за облека туку уметност што вклучува материјали и

бои инспирирани од најразлични предели и епохи

што треба да „бодат очи“ и да се софистицирани во

исто време, зашто убавото само по себе знае да биде

здодевно. „Прада“ или се допаѓа или не.

До средината на деведесеттите години нивниот

уметнички и интелектуален концепт конечно е

разбран и прифатен. Во 1993 година излегува првата

Прада епицентар, Токио Прада есен/зима 2015/16

дрско го обвинува за плагијат е Патрицио Бертели,

кој ѝ одговара предлагајќи ѝ соработка, што подоцна

ќе вклучи и брак. Денес, тие се срцето и мозокот на

„Прада“.

Токму во овој период „Прада“ добива нов идентитет.

Во 1983 година излегува првата колекција чевли, а во

1985 година првпат е креирано и логото со превртениот

триаголник инспирирано од механизмот за затварање

на куферите на Марио Прада. Уште еден производ

колекција „Миу Миу“ (прекарот на Миуча), пошарена,

подиректна, наменета за помладите. Следува и

машка колекција „Прада“, а по неколку години и

спортска линија. Брендот созрева и станува синоним

за минималистички луксуз и елеганција што одбива

да биде секси по секоја цена. Од единството модауметност

во 1995 година се раѓа Фондацијата „Прада“

со цел да го потпомогнат развојот на нови проекти

од областа на современата уметност, што денес ги

опфаќа и филозофијата, филмот и архитектурата.

Кога сме кај архитектурата, „Прада“ се познати по

своите седишта (во Њујорк, Токио, Сеул, Лос Анџелес),

што ги нарекуваат епицентри, зашто се способни да

предизвикаат земјотрес од емоции и да му дадат нова

димензија на купувањето, каде што естетиката од

парчињата облека и модни додатоци се проширува

на целиот простор дизајниран од врвни архитекти.

Мода, уметност и архитектура се трите различни

светови што денес ги спојува „Прада“, постојано

експериментирајќи и работејќи на својот имиџ. „Кога

цел свет се стреми кон баналност, решението е да се

биде поинтелигентен, покомплициран, поинтересен

и поиновативен.“ (Миуча Прада)

43

Галерија

ВИСОКИТE ПОТПЕТИЦИ

НИЗ ИСТОРИЈАТА

Од Луј XIV до Кристијан Лубутен, високите потпетици поминале

долг пат. Од статусен симбол до основен показател на елеганција и

женственост, речиси и да нема жена што не обожава и не поседува

голем број високи потпетици.

1. Не се знае прв кој ги измислил чевлите на високи

потпетици. Некој вид обувки, поставени на дрвени

платформи, уште во 14 век, носеле најнапред венецијанските

проститутки, а потоа и венецијанските убавици, кои биле

воодушевени, зашто во нив изгледале повитко и посензуално.

Исто така, тогашните улици биле многу валкани и прашливи,

па високите платформи им биле дополнителна заштита.

2. Понатамошниот развој на високите

потпетици се поврзува со јавањето.

Се појавиле чевли за јавање, што

имале потпетица од 3 сантиметри и

што многу потсетувале на денешните

каубојски чизми. И денес се

употребува терминот „јавачка петица“

за некој вид на ниски потпетици.

3. Развојот на високите

потпетици не може да го

заобиколи францускиот

крал Луј XIV (1643-1715), што

никако не можел да прифати

дека е низок и наредил да

му се изработат чевли со

потпетица од 4 сантиметри,

што останале како негов

заштитен знак. Набргу и

ниските жени во Франција

барале да им се изработат

вакви обувки и високите

потпетици станале симбол

на класен статус, богатство

и моден тренд. Преку

склопување на браковите

се прошириле и во другите

делови на Европа.

4. Во 17 и 18 век високите потпетици доживеале вистинска

револуција. Се појавиле обувки со висока потпетица и над 35

сантиметри. Обувките го менувале обликот, се изработувале

украсени со големи копчиња, камења, тантела и панделки.

44

Галерија

5. По Француската револуција чевлите со висока потпетица паѓаат

во заборав поради револт, бидејќи биле симбол на аристократите.

По Револуцијата биле носени рамни обувки, а во 19 век високите

потпетици се враќаат на голема врата.

6. Дури во 1850 година почнале да се разликуваат лева и десна

обувка. Дотогаш чевларите изработувале исти обувки за двете нозе.

7. Во осумдесеттите години на 20 век во златните години

на супер моделите, кога во модата повеќе од кога било се

почитувала женственост, елеганција и префинетост, високите

потпетици станале планетарно популарни.

8. Кристијан Лубутен, култно модно име и

прва асоцијација за високи потпетици, има

изработено илјадници модели и усреќено

многу жени. Кариерата ја почнал креирајќи

за Шанел, Ив Сен Лоран и други. Во 1991

година го отворил својот прв салон за обувки и

веднаш ја стекнал довербата на многу светски

ѕвезди. Денес, црвената заднина на чевлите

Лубутен, освен статусен симбол, претставуваат

и доказ за добар вкус и стил.

9. Многу истакнати модни куќи како Александар Меквин, Балмен и други ги имаат подигнато чевлите со високи потпетици

на сосема ново ниво, изработувајќи необични, футуристички модели, непрактични, но со голем артистичен момент и

претставуваат вистински уметнички дела.

45

46

MARELLA фустан 14.190 ден.

PARFOIS сандали 1.590 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Модел: Бојана Нушкова, Подиум

Стилист: Бојана Максимовска

Асистент: Ана Коцевска

Шминка: Јована Коциќ

47

Портрет мода

LIU JO елек 15.890 ден.

PARFOIS шешир 2.590 ден.

48

MANGO џемпер 3.290 ден.

PARFOIS сандали 1.590 ден.

Инспирација

Портрет мода

MARELLA сако 19.990 ден.

MANGO панталони 2.190 ден.

50

MANGO ролка 1.490 ден.

MAX&CO ѕвонарки 10.090 ден.

51

Портрет мода

MAX&CO елек 17.890 ден.

MAX&CO панталони 12.490 ден.

PARFOIS шноли 290 ден.

PARFOIS чевли 1.890 ден.

52

MARELLA елек 29.490 ден.

PARFOIS прстени 390/490 ден.

Портрет Мода

Инспиративната соработка меѓу „Портрет“ и македонските дизајнери се

отсликува во мрачниот, надреален едиторијал. Дизајнерските парчиња од

колекциите есен/зима 2015/16 совршено го надополнија фотографскиот

естетски порив, дополнувајќи ја мистичната приказна...

Фотограф: Горан В. Поповски HLVK

Модел: Ивана Гелева

Стилист: Бојана Максимовска

Асистент стилист: Ана Коцевска

Шминка: Фросина Ангеловска

Модна агенција: Подиум

54

МИЛА КАДРИУ

56

МИТЕ ЗАНОВ

ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ

57

ОЛГИЦА ГЕОРГИЕВА

Сако: АНА ЉУБИНКОВИЌ

Панталони: ТАТЈАНА ОСТОЈИЌ

РОСИЦА МРШИЌ

59

60

МИТЕ ЗАНОВ

Портрет мода

ОМИЛЕНИТЕ COOL

ПАРЧИЊА

MANGO маица 990 ден.

REPLAY јакна 12.590 ден.

MANGO блуза 1.590 ден.

DESIQUAL фармерки 3.590 ден.

TIMBERLAND капа 1.390 ден.

TIMBERLAND чевли 3.690 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

61

Портрет мода

GEOX јакна 9.170 ден.

GUESS ролка 3.790 ден.

MANGO фармерки 2.190 ден.

TIMBERLAND чизми 7.190 ден.

62

Портрет мода

MANGO здолниште 2.490 ден.

MANGO јакна 5.290 ден.

MANGO блуза 3.290 ден.

PARFOIS шешир 1.490 ден.

MAX&CO чевли 24.390 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

63

Портрет мода

MANGO панталони 2.190 ден.

MARELLA блуза 7.790 ден.

MANGO кошула 1.990 ден.

MAX&CO панталони 7.490 ден.

GEOX чизми 6.290 ден.

64

Портрет мода

MAX&CO капут 13.290 ден.

LIU JO џемпер 8.190 ден.

MARELLA панталони 12.790 ден.

MANGO чевли 2.990 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

65

Портрет мода

66

Фотографија: Жарко Чулиќ

ПОРТРЕТ

МОДНИ

ФАВОРИТИ

Излишно е да зборуваме

за тоа дека фармерките се

секогаш во мода и омилено

парче на повеќето жени.

Во нашата редакција

разговаравме за тоа дека

сите ние веќе подолго

време не сме облекле нешто

друго освен фармерки.

Инспирирани од нашето

омилено парче, еве ги нашите

фаворити за оваа сезона.

TIMBERLAND виолетови фармерки 4.190 ден.

MOTIVI црвени фармерки 1.090 ден.

MANGO розови фармерки 1.990 ден.

LEVI’S светло сини фармерки 4.090 ден.

DESIGUAL темно сини фармерки 3.290 ден.

ТЕКСАС

ДИЛЕМА

Lingerie

Во месецот на љубовта ви предложуваме

заводлив и секси корсет.

LISCA корсет 4.679 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

68

Портрет мода

Accessories

PARFOIS чанта со линии 1.890 ден.

PARFOIS чанта 1.590 ден.

GEOX салонки 5.390 ден.

PARFOIS очила за сонце 1.190 ден.

5

Фотографија: Жарко Чулиќ

69

Портрет мода

GUESS чанта 10.790 ден.

GUESS сребрени патики 7.390 ден.

SPRINGFIELD бели патики 1.990 ден.

70

LIU JO црно бела чанта 9.890 ден.

LIU JO сина чанта 10.290 ден.

MARELLA сандали 17.090 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

71

Портрет убавина

Неодамнешното заминување на еден од најмаркантните музичари, David Bowie нѐ

поттикна да му искажеме почит на малку поинаков начин. Токму Bowie нѐ инспирираше

во креирањето на мејкап едиторијалот за месец февруари. Имајќи ја во предвид

неговата андрогинија, психоделичните фази, уникатноста и постојаната променливост,

невозможно е да се реконструираат сите изгледи од различните фази на неговата

кариера. Затоа, се задржавме на некои од најпрепознатливите.

Фотографија: Горан В. Поповски

Модел: Ана Ежова

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Фросина Ангеловска

Портрет убавина

73

74

Портрет убавина

75

76

Портрет убавина

ЈАСНИ ЛИНИИ

Исцртајте го окото со

јасна црна линија. Ретростилот

можеби е полн

погодок за похрабрите,

а тенката дискретна

линија за оние што сакаат

сигурна варијанта.

BOURJOIS LINER FEUTRE

ULTRA BLACK ТУШ ЗА ОЧИ

575 ДЕН.

ОБОЈТЕ СО СВЕЖИНА

Лесната кремава структура

и едноставниот начин на

нанесување ја прави оваа

сенка омилен производ

на многу жени. Светлите,

природни нијанси се одлични

за секојдневна употреба, а

пак, јаките нијанси прекрасно

освежување кога сакате да

направите нешто различно.

LANCOME OMBRE HYPNOSE

STYLO КРЕМ-СЕНКА ЗА ОЧИ

1.630 ДЕН.

СВЕЖИ ОБРАЗИ

Иако во последно време нападната

шминка се враќа во тренд, ние секогаш

стоиме зад тоа дека нема ништо поубаво

од природните нијанси. Ова руменило е

одличен додаток за да добиете природен,

а свеж изглед.

YVES SAINT LAURENT VOLUPTE HEART OF

LIGHT РУМЕНИЛО 2.690 ДЕН.

НАГЛАСЕНИ ТРЕПКИ

Нема ништо подобро од

впечатливи трепки! Дали

и вие се чувствувате како

нов човек кога ќе ставите

маскара?

Маскара во уникатно

пакување. Содржи една четка

што може да се користи за

две намени. Едниот дел за

издолжување на трепките, а

другиот дел за максимален

волумен.

BOURJOIS TWIST UP THE

VOLUME 599 ДЕН.

Сјаен финиш

СВЕЖИНА И СЈАЈ ВО ТЕМНИТЕ ЧАСОВИ

СРЕБРЕН ГЛАМУР

Одлична нијанса кога ви е здодевно

од секојдневната обична шминка

се сребрените тонови што даваат

елеганција и гламур.

MISSLYN VELVET DIAMOND ЛАК ЗА

НОКТИ 180 ДЕН.

ARTDECO PURE MINERAL СЕНКА ЗА

ОЧИ 320 ДЕН.

РОЗОВОВА ЖЕНСТВЕНОСТ

Розовите усни или, пак, лакот за нокти можеби се прифатлива

опција и за жени кои не сe љубители на розовите нијанси.

MISSLYN EFFECT TOP COAT 160 ДЕН. е одличен за оние што

сакаат слатки и нежни работи, а срценцата што ги содржи се

полни со забава.

YVES SAINT LAURENT GLOSS VOLUPTE СЈАЈ ЈА УСНИ 1.930 ДЕН.

Добијте идеална комбинација од сјај, а без лепливост. Овој сјај

за усни го нема она што можеби нервира најмногу кај другите

видови сјај, а тоа е лепливоста.

МАТ ТЕН

Добро нијансираниот тен е основа на секоја добра шминка.

За оние што не се почитувачи на нагласувањето контури, овие

две пудри важат за кралеви на покривањето. Тие ќе ги покријат

подочниците, ќе ги затворат порите и ќе ви дадат свежина.

MAX FACTOR FACEFINITY 3 IN 1 ТЕЧНА ПУДРА 760 ДЕН.

CLINIQUE BEYOND PERFECTING ПУДРА + КОРЕКТОР 2.299 ДЕН.

77

Портрет убавина

ЧУДЕСНО

УЖИВАЊЕ

НАШИТЕ ОМИЛЕНИ

ПРОИЗВОДИ ЗА

ИЗМИНАТИОТ МЕСЕЦ.

L’OCCITANE MOUSSE MAINS

&CORPS САПУН ЗА РАЦЕ И

ТЕЛО 1.090 ДЕН.

Сапун со кремава структура

богата со шеа путер, како и

смирувачко овесно млеко,

оваа крем-пена нежно ги

чисти рацете и телото и

ја почитува природната

рамнотежа на кожата.

MAX FACTOR FACEFINITY ALL DAY

ПОДЛОГА ЗА ШМИНКА 760 ДЕН.

Подлогата за шминка се нанесува

по целото лице, почнувајќи од

Т-зоната, па сè до образите.

Придобивките се: матирана кожа,

целата шминка ќе ви стои на место,

содржи коректори за масните

делови и штити од штетните

сончеви зраци.

LANCOME BI-FACIL

ОТСТРАНУВАЧ НА

ШМИНКА ОД ОЧИ

2.020 ДЕН.

Без никаков проблем

отстранува шминка, дури

и водоотпорна. Очите ги

остава чисти и свежи, без

мрсни остатоци.

ESTEE LAUDER RE-NUTRIV INTENSIVE AGE RENEWAL КРЕМ ЗА

ОКОЛУ ОЧИ 7.859 ДЕН.

Супермоќниот крем ја освежува кожата и ѝ дава младешка

енергија. Освен што ја хидрира кожата како навлажнувач,

воедно ја обновува како силен серум. Забележливо ги намалува

ситните линии и брчки, правејќи ја кожата поцврста, помазна и

посјајна.

EUCERIN HYALURON-FILLER CC

КРЕМ ЗА ЛИЦЕ 1.350 ДЕН.

Содржи високоуникатна формула

што комбинира хијалуронска

киселина и сапонини (природен

екстракт од никулците од соја),

што ја стимулираат сопствената

синтеза на хијалуронска

киселина во клетките на кожата,

исполнувајќи ги и најдлабоките

брчки однатре.

78

Портрет убавина

LUSH GORGEOUS FACIAL MOISTURIZER

КРЕМ ЗА ЛИЦЕ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА

КОЖА 2.495 ДЕН.

Крем направен од најдобрите и

најефективните состојки што можат

да се најдат во природата. Кремот

е балансирана емулзија од шест

растителни масла и сок од ананас,

свежо исцеден сок од органски

лимони и портокали и вода од цвет од

портокал.

LUSH ENCHANTED КРЕМ ЗА ОКОЛУ

ОЧИ 1.150 ДЕН.

Водата од лаванда и мед, маслото од

јојоба и бадеми се употребени за да се

добие омекнувачки крем, што е лесен

и не ја оптоварува кожата. Кожата

околу очите е чувствителна на многу

работи, како што се конзерванси,

бактерии и многу лесно може да се

дојде до несакана инфекција. Само

со внимателна грижа можете да

постигнете вистински ефект.

L’OCCITANE STICK LEVRES БАЛСАМ

ЗА УСНИ 490 ДЕН.

Ги поправа и ги негува сувите усни.

Ултра богатиот балсам за усни

содржи 10% шеа путер што помага

во обновата, негата и заштитата

на сувите усни, оставајќи меко и

нежно чувство.

79

Мат изглед

Snow white

Мејк-ап изгледот на модните писти секогаш е најава за трендот што следува

во наредната сезона. Ние сме посебно задоволни со годинешниот тренд на

едноставен мејк-ап, „маскулин“ изглед и доминација на природната убавина.

За да го постигнете овој изглед, еве неколку лесни чекори што треба да ги

следите за да се нашминкате најлесно на овој начин.

BURBERRY

DIOR

ПРИРОДНИ НИЈАНСИ

Сенката за очи овој пат треба да послужи за да се

изедначат очите со нијансата на пудра без некакви

поголеми и крупни нијансирања. Бидејќи кожата ќе

ви биде покриена со пудра, сенките ќе ви послужат за

малку да ги затемните очите. За крај, нанесете сосема

малку маскара без да се трудите да постигнете

драматичен ефект.

ESTEE LAUDER SUMPTUOUS INFINITE

МАСКАРА 1.969 ДЕН.

ТЕМЕН КАРМИН

Наш омилен дел од цел овој

изглед е нијансата на карминот.

Последниве години сите бои на

кармин се дозволени и тоа нè

прави посебно задоволни. Овие

необични нијанси на темноцрвени

и лила бои се финишот на изгледот

што модната куќа „Барбери“ го

промовираше оваа сезона.

ESTEE LAUDER PURE COLOR ENVY

КАРМИН ЗА УСНИ 2.375 ДЕН.

ПОДЛОГАТА Е СÈ

За да го постигнете овој мазен и

беспрекорен изглед, неизбежно

е да користите подлога за пудра.

Подлогата ќе ви овозможи пудрата

да остане на свое место подолго

време, ќе го намали сјајот на лицето

и ќе ви даде мат финиш. Генерално,

подлогата е основа на овој изглед.

ARTDECO SKIN PERFECTING MAKE UP

BASE 920 ДЕН.

LANCOME LA BASE PRO PRIMER

2.540 ДЕН.

ПОКРИЈТЕ ГИ СИТЕ НЕСОВРШЕНОСТИ

Подочниците, акните или, пак, митесерите

покријте ги со коректор, а откако ќе нанесете

течна пудра, фиксирајте ја со пудра во прав.

Овој изглед не дозволува нијанси на кожата.

Лицето треба да биде изедначено, без

контури и нагласени делови.

YVES SAINT LAURENT SOUFFLE D’ECLAT

ПУДРА ВО ПРАВ 2.920 ДЕН.

CATRICE CAMOUFLAGE КОРЕКТОР 239 ДЕН.

MAX FACTOR MIRACLE TOUCH ТЕЧНА ПУДРА

810 ДЕН.

Fruitylicious

NINA RICCIE NINA L'EAU EDT 50ML. 3.270 ДЕН.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Портрет убавина

YVES SAINT LAURENT SAHARIENNE EDT 50ML. 2.680 ДЕН.

GIVENCHY DAHLIA DIVINE EDP 50 ML. 4.003 ДЕН.

Портрет убавина

GIVENCHY LIVE IRRESISTIBLE EDP 40 ML. 3.814 ДЕН.

Фотографија: Жарко Чулиќ

KENZO TOTEM UNISEX EDT 50 ML. 3.400 ДЕН.

Фотографија: Жарко Чулиќ

85

Се зборува за...

AVON СО СИЛНА

ПОДДРШКА НА

УБАВИНАТА

ВО СЛУЖБА НА

ПОВИСОКИТЕ ЦЕЛИ

FLOWERBOMB:

ЦВЕТНАТА БОМБА

НА VIKTOR&ROLF

Успешните и самостојни жени кои ја користат моќта на убавината

за да ги мотивираат другите околу себе да бидат исто толку

успешни, се носечката идеологија во работењето на козметичкиот

гигант AVON, што компанијата ја наслови како „Убавина со цел“.

„Убавина со цел“, всушност, ја раскажува и ја слави целата

приказна на компанијата од нејзиното основање досега – од

создавањето врвни производи за убавина по многу прифатливи

цени, до многубројните можности за заработувачка, што на

жените им помагаат да станат успешни и независни.

Својата мисија за создавање на поубав свет компанијата ја

потврдува и преку хуманитарната продажба на специјално

избрани производи од нејзините брошури. Притоа, 100 отсто од

профитот од продажбата на овие производи се насочува кон

различни хумани цели, како што се кампањите за борба против

ракот на дојка и против семејното насилство.

„Убавина со цел“ ја опфаќа целата оваа едноставна вистина.

„Кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш

убавина околу себе“, потенцираат од AVON.

За повеќе информации, посетете ја нивната страница:

www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/ubavinasocel.

За да учествувате во ФБ-натпреварот, посетете ги на страницата

на „Фејсбук“ на AVON: www.facebook.com/AvonMacedonia,

најавете се во апликацијата, прикачете своја фотографија,

напишете што значи за вас убавината и станете дел од кампањата

„Убавина со цел“.

Концепт на гламур. Провокативна мода. Неочекувана

елеганција. Viktor&Rolf го избраа својот креативен пат, имајќи

ги на ум токму тие основни вредности, а тоа беше случај и кога

го дизајнираа парфемот „Flowerbomb“, што е вистински одраз

на нивната визија за убавина.

Сѐ почнува со името и со предизвикот на исклучително

женствено-цветниот парфем да му бидат додадени

провокативни и експлозивни ноти. Неочекуваниот спој на

цветната експлозија и скромната слаткост го отвори патот

на овој раскошен парфем. Десетина орхидеи, стотици

фасцинантни јасмин цвеќиња, илјадници сочни цветови

фрезија и милиони ливчиња од роза се споени во букет што

едноставно предизвикува зависност, а сето тоа е проследено

со провокативен акорд на пачули и слатка ванила. Шишенцето

претставува луксузно оружје за заведување и љубов.

Сјајното стакло на дијамантската бомба го претвора

негативниот симбол во позитивен, во убавина и луксуз. На

пакувањето обвиткано со лента на која се наоѓа името на

парфемот, во црн восок е втиснат печат со потписот на Viktor&Rolf.

Желбата за креирање луксузно љубовно оружје и нова

класика е исполнета.

LARO – НОВА

ПРИКАЗНА ЗА ВАС И

ЗА ВАШИОТ ДОМ

Основањето на брендот „Ларо“ е во 1999 година, а за кратко

време овој проект прерасна во вистински предизвик, во хоби,

пасија, професија.

Искуството со кое се здоби брендот „Ларо“ во текот на

изминатите дваесет години е одраз на вкусовите и потребите

на своите корисници, но и на трендовите што ги носи

пазарот. Мисијата на „Ларо“ е да продолжи да креира

мебел со уникатен и персонализиран дизајн, изработен од

висококвалитетни материјали по врвни стандарди и достапни

цени.

Во моментов, во тек е големата промоција на Laro Kitchen

Center, што подразбира попуст на кујните, гарнитурите и

експонатите од изложбениот салон. Попустот се однесува на

артиклите што ги има во резерва, па затоа се во ограничени

количини.

Повеќе информации побарајте на www.laro.mk и на

www.facebook.com/Larokitchen.

BOURJOIS CREATES

THE BRIGHTENING

BEIGE

NEW

CITY RADIANCE

ANTI-POLLUTION FOUNDATION

RADIANCE-BOOSTING PIGMENTS

BOURJOIS CITY RADIANCE – СВЕЖ И

СЈАЕН ТЕН И ВО ЗАГАДЕНА СРЕДИНА

Беспрекорна, заштитна и свиленкава – новата течна пудра

на Bourjois, „City Radiance“ го блокира загадувањето, а

заштитниот сончев фактор 30 штити од штетните УВ-зраци.

Збогатена е со пигменти што обезбедуваат долготрајна

подлога во текот на денот, а воедно го зголемуваат природниот

сјај на кожата.

Долготрајната формула не ја спречува кожата да дише, бидејќи

лесната и воздушeста формула на „City Radiance“ ја хидрира

кожата и ја заштитува од агресивните урбани фактори во сите

временски услови. По нанесувањето, кожата е заштитена, а

тенот е свеж и изедначен.

Достапна е во пет нијанси, што одговараат на различните

нијанси на тен, а свежиот цветен мирис ја прави уште

попријатна за целодневно уживање.

ИНТЕРАКЦИЈА

Контактирајте нѐ:

contact@portretmag.com

facebook.com/portretmagazin

instagram.com/portretmagazin

#portretmagazin

#портретмагазин

88

Семеен портрет

КОГА ЅВЕЗДИТЕ ГИ СПОЈУВААТ

СВОИТЕ ТЕМНИ СТРАНИ

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА МЕРИЛИН МOНРО И ЏО ДИМАЏО

Љубовните приказни меѓу врвни спортисти и

холивудски диви се чини дека никогаш не

излегуваат од мода, но ретко кои се доволно силни

за да станат вистински митови вредни за прераскажување

и повеќе од половина век подоцна. Кога женскиот дел од

приказната е Мерилин Монро, ни паѓаат на памет повеќе

романси врзани за славни имиња како браќата Кенеди,

Марлон Брандо, Артур Милер, Синатра, но само еден од

нив ѝ останува близок докрај, Џо Димаџо. Тој е нејзината

пропаст, но и сигурно прибежиште. Нивната е една од

најзапаметените американски љубовни приказни, бурен

спој на две легенди. Љубов што оди во сите крајности, од

нежност и страст, до лудило и болка.

Кога се среќаваат во 1952 година, Димаџо зад себе има

славна кариера на бејзбол-играч на Њујорк јенкис, а таа ги

прави првите чекори во Холивуд, поткрепена од убавина,

талент и сексапил, што навестуваат блескава кариера.

Димаџо, привлечен од нејзините фотографии и охрабрен од

статусот на веќе афирмирана ѕвезда, ја поканува на состанок

во еден италијански ресторан во Лос Анџелес. Мерилин

Монро воопшто не е возбудена околу средбата, мислејќи

дека се работи за уште еден обичен, вообразен спортист,

кого згора на сѐ го бие лош глас поради првиот неуспешен

брак од кој излегол со етикета на крајно непосветен сопруг.

Таа доцни на средбата цели два часа. Но, Димаџо веднаш ѝ

го менува впечатокот. Иако не ја импресионира со изгледот

(лице со остри агли, криви заби и премногу доближени очи),

ја освојува со начинот на кој успева да владее со целиот

простор околу себе. Спротивно од она што го очекува таа, на

оваа прва средба Димаџо е тивок и речиси ја игнорира – неа,

која мажите никогаш не ја игнорираат. Ја завршуваат вечерта

возејќи се цели три часа низ Беверли Хилс, воодушевени

еден од друг.

Пишува: Џејлан Рустемоска

89

Продолжуваат да се состануваат, обидувајќи се да се скријат

од новинарите, најчесто поминувајќи го времето дома или во

задниот дел на ресторанот на Димаџо. Но, тој од почетокот

не е воодушевен од нејзината кариера и е видно љубоморен

на целото внимание што го добива Мерилин, особено од

мажите. Кога истото лето ќе ја однесе во Сан Франциско за

да ја запознае со неговото семејство, на Мерилин ѝ станува

појасен неговиот став околу тоа која е улогата на жената

во семејството. Тој потекнува од семејство на италијански

емигранти и е осмо од девет деца израснати во духот на

сицилијанската и католичката традиција. За него, местото на

жената е во кујната и околу семејството. Таа, која никогаш

не го запознала својот татко и од малечка била дадена

на посвојување поради психичките проблеми на мајка ѝ,

го наоѓа во Димаџо семејството што никогаш го немала.

Можеби тоа е причината што кога Џо ќе ја побара за жена

на новогодишната ноќ во 1953 година, Мерилин ќе каже да.

„Кога одлучив да се омажам за него, не бев многу сигурна

зошто. Имам премногу фантазија за да бидам домаќинка.“

На 14 јануари 1954 година официјално стапуваат во брак со

граѓанска церемонија во Сан Франциско. Но, проблемите

што почнуваат уште на медениот месец во Јапонија, не

завршуваат веќе никогаш. Џо е опседнат со Мерилин.

Вљубен е и поласкан да биде избран од најпосакуваната

жена на светот (и не само) во тоа време, но од друга страна,

ја сака само за себе. Мерилин на почетокот се согласува да

игра во филмовите што ќе ги одобри тој и да се облекува

попристојно, но попусто. Вниманието што го добива

Мерилин порано му припаѓало нему, а сега, покрај неа, тој

исчезнува, засенет е и безгласен. Следниот степен на лудило

на Џо е физичка тортура. Се сеќавате на легендарната сцена

на која лета здолништето на Мерилин Монро, откривајќи

ѝ ја долната облека, а таа шармантно се смее? Сите се

сеќаваат, а сигурно и Мерилин никогаш не ја заборавила

таа ноќ, зашто меѓу петте милиони присутни на сетот е

и љубоморниот сопруг, кој истата ноќ ќе ја претепа во

хотелската соба. Не се чувствува ни виновен, тврдејќи дека

тој не е таков по природа, туку таа го вади најлошото од него.

Мерилин, растргната помеѓу кариерата и должноста да му

полага сметка на Џо за секој потег, ја губи својата психичка

рамнотежа. Прибегнува кон вонбрачни афери, што нема да

ја направат посреќна. Бракот, меѓу страсти и шлаканици,

девет месеци подоцна неизбежно завршува со развод.

Но, меѓу нив никогаш не е завршено. Она што Димаџо не

успеа да ѝ биде за време на краткиот брак, ќе ѝ биде до

крајот на животот: пријател, морална поддршка, семејство

и љубов што само тие знаат да ја разберат. Џо веќе никогаш

нема да се ожени, а Мерилин му се враќа по секоја од

бурните љубови, што ја фрлаат во депресија, зависност

од дрога и алкохол. Само тој останува покрај неа кога ѝ

дијагностицираат параноидна шизофренија. И самата

пишува во мемоарите „Да не беше Џо, сигурно одамна ќе

се самоубиев“. Кога на само 36 години ја наоѓаат мртва од

предозираност, токму Џо се погрижува околу погребот, а

во следните две децении го исполнува ветувањето што ѝ

го дал уште кога ја запознал: дека ако таа умре пред него,

ќе ѝ праќа цвеќиња на гробот барем еднаш неделно. И

навистина, црвени свежи рози ќе стигнуваат на гробот на

Мерилин сѐ до неговата смрт во 1999 година.

90

Семеен портрет

„САКАМ

ДА СИ

ПОДАРАМ

ОРДЕН САМА

НА СЕБЕ“

НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД ИДНИНАТА,

СПОСОБНА СУМ САМА ДА

НАПРАВАМ СEЀ ЗА МОЕТО ДЕТЕ.

Пишува: Ружица Антиќ

Миа Костова, добро познато ТВлице,

за многумина интригантна по

многу основи, за нас жена со став и

сопствено мислење. Ретко која жена

планира да биде самохран родител, сѐ

се случува и секој се снаоѓа најдобро

што може и умее. Поразговаравме со

неа на оваа тема, зашто мислиме дека

одлично плови во овие води. Храбро,

самоуверено, со сите адути што ги

поседува и, најважно, со насмевка и

голем оптимизам за својата иднина и

иднината на нејзиното дете. Зашто,

како што вели таа, многу е полесно кога

сето тоа зависи исклучиво само од неа.

И доброто здравје, што од срце ѝ го

посакуваме.

91

Некои ве викаат самохрани мајки, ние ве викаме

горди борци. Како се доживувате самата, со оглед на

фактот што самохраните родители немаат простор

за импровизација, па треба секогаш да се 100% физички и

емоционално посветени?

Интересно, до пред извесно време не се доживував како

херој, ама како полека Андрија расте и обврските околу него

се сѐ поголеми, а од друга страна, имам шанса во околина да

гледам мајки кои растат деца со полна помош, сфаќам зошто

сме борци и херои. Вистината е дека кога се сака, сѐ се може

или барем кога се мора. Само добра организација на време,

трпение и силна желба за да се постигне буквално сѐ.

НЕКОГАШ МИ Е ТЕШКО ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМ И ДА

ИЗЛЕЗАМ НАКРАЈ СО ДНЕВНИТЕ ОБВРСКИ, НЕКОГАШ

Е САМО РУТИНА, НО НЕКОГАШ БУКВАЛНО ДОБИВАМ

ЖЕЛБА ДА СИ ПОДАРАМ ОРДЕН САМА НА СЕБЕ. ИСКРЕНО,

СÈ ПОЧЕСТО СУМ ГОРДА НА СЕБЕ.

На секоја жена ѝ е потребна љубов, сигурност, хармоничен

дом и финансиски услови. Какво е чувството секојдневно да

се жртвувате и вложувате сето ова сама да му го обезбедите

на вашето дете?

Имам љубов во неограничени количества, а сигурност дури

и посилна од онаа на невработените жени кои чекаат од

своите мажи, затоа што сигурноста е во мои раце, хармонија

во домот се подразбира, затоа што сме само јас и тој.

Андрија многу често знае да реагира трауматично на висок

тон, токму поради тоа што кај нас дома тоа не се случува,

финансиски, не знам дали е среќа или е навистина мојата

упорност во прашање, работам на две места и исклучително

сум им благодарна на двата тима што стојат зад мене,

„Бекстејџ“ веќе шест години и „Диор“ трета година, што токму

поради фактот што сум самохрана мајка се исклучително

толерантни кога се во прашања кратките отсуства заради

снимање или брзањето на екипата на снимања за да се

вратам побрзо на работа. И да, успевам, живееме попријатен

живот од многумина кои ги познавам. Успевам да го однесам

и на одмор и на планина, успевам да му овозможам сѐ што

имаат неговите врсници.

Голем товар е кога не можете да сметате на никого. Сте се

нашле ли во слична ситуација? Колку вашето семејство,

пријателите се вклучени во поделбата на обврските околу

Андрија?

Додека беше помал, да речеме до пред една година,

навистина имав проблем со снаоѓање околу чувањето на

Андрија. Имам пропуштено низа отворања, родендени,

случувања, нови години, прослави, затоа што немаше кој

да го причува, иако мајка ми, која не живее во Скопје, ми

помагаше понекогаш, а и до ден-денес, па сум го оставала

и на баба ми, која има 80 години, и на сестра ми, која

секогаш негодува за чување, затоа што сега е токму нејзино

време за шетање, има само 18 години... Ама, од годинава

е навистина полесно, станаа ептен другари со татко ми,

па знаат да се дружат и по десетина денови надвор од

Скопје, сега е разбран, па дедо му навистина му годи. Инаку,

конкретно околу обврските, домашни и оние кон Андрија,

па и обврските околу регистрација и сервис на автомобил,

маркет... Нема делење, сѐ си е мое (се смее).

Ако со секое дете се раѓа и нова мајка, што се промени

со раѓањето на вашиот син? Колку се разликуваа вашите

очекувања за животот на самохрана мајка додека бевте

бремена и реалноста сега, откако го живеете сето тоа?

Мислам дека не бев мала и зелена кога бев бремена, знаев

Фотографија: Жарко Чулиќ

што ме очекува, ама е малку пострашно кога ќе го видиш тоа

во практиката. Искрено, изненадена сум од себеси, колку

всушност можам повеќе од она што замислував. И да, точно

е тоа дека со раѓањето на детето се раѓа поинаква личност

во секоја мајка.

Ако сѐ што сме изгубиле ни се враќа во друга форма, кои се

предностите на самохраните родители? Во какви моменти

се чувствувате горда на себе и на патот што го одите?

Во ова брзо време? Од сè она што го гледам околу себе?

Секој брак, што трае максимум три години? Постојано си

потврдувам дека сум на вистинскиот пат. А околу детето,

предности еден куп. Од она дека Андрија е исклучително

воспитано и послушно момче, кое се однесува буквално како

по книга. Нема кој да го гали и да го лигави кога мама е лута,

јас сум неговиот најголем авторитет, ама секако и неговата

најголема утеха. Предност е и она од погоре, што детето во

принцип расте во мирна средина без конфликтни ситуации

што сè повеќе деца редовно ги сведочат, па така, кога некој

некому вика, Андрија сериозно е вознемирен. Ете, тоа се

некои работи во кои буквално уживам.

„вклучува светилката“ за борбеност кај самохраната мајка,

иако нормално е стравот да постои на почеток. Ама она

што го враќа детето преку љубовта кога навечер ќе ви рече

„мама, ти си ми сѐ“ е непроценливо.

Дека љубовта раѓа убавина се потврди и во вашиот случај.

Физичкиот изглед го доведовте до перфекција откако

станавте мајка. Имате ли некои сопствени ритуали што ги

применувате?

Искрено, мислам дека изминатава година созреав многу

емотивно. Тоа се одрази и на физичкиот изглед. Внимавам

многу на себе, внимавам околу исхрана постојано, не

дозволувам да качам повеќе од кило, ритуал и хоби ми е

мерење на вага (се смее), морам да признам дека не вежбам,

од немање време, а и мислам дека треба Андрија да порасне

уште малку за да можеме заедно да одиме по фитнес-центри,

но реално, и не сум љубител на вежбање. Ритуал ми е и

апсолутно правило да не излегувам од дома без шминка, нека

е само пудра и руменило, и, секако, како дел од работата, 365

дена во годината да имам исфенирана коса.

Важите за голем поборник за здрава исхрана. Многу мајки

секојдневно ве читаат на социјалните мрежи, каде што

отворено ги споделувате своите ставови на оваа тема и

на други родителски теми. За какви работи од неговото

воспитување имате ригорозен, бескомпромисен став? Што

ви е најважно да поттикнете кај вашето дете? Во каков

човек ќе се трудите тој да прерасне?

Не верував дека ќе бидам толку совесен родител. Сакам

Андрија да биде само самостоен човек кој ќе може да оди

сам низ животот. Тоа ми е најважно, што и да одбере, јас ќе го

поддржам. Околу исхраната, до двегодишна возраст тоа ми

беше како втора професија, сега сум многу порелаксирана

и некои работи ги допуштам, ама и ден-денес сето тоа е со

мера. Уживам во неговата реакција кога тргнува по чоколадо

во маркет, јас само кажувам не, се договоривме дека денес

не е ден за благо. Во моментот без приговор враќа назад и

продолжува како ништо да не се случило. Бескомпромисна

сум кога е во прашање воспитувањето, редот што го има од

бебе. Се знае, три години 21 часот не поминува, а да не е

в кревет, па да се преврти светот, станувам од каде било

за да се запази редот. И мислам дека таа рутина ги прави

одговорни и понатаму во животот, миење заби, собирање

играчки, нема компромис. Сакам воспитани деца.

Храброста е одлика на речиси секоја самохрана мајка. Кои

се вашите најголеми стравови, за вас и за вашето дете? Си го

дозволувате ли луксузот да се плашите од иднината?

Искрено не, не се плашам од иднината, способна сум да

направам сè за него, и образование и сè што е потребно,

клише, ама само да сме здрави и живи, ништо друго не ме

плаши.

Ве сметаат за жена со став. Зборувате отворено за многу

табуа, урнавте неколку предрасуди во Македонија. Што би

ги советувале другите самохрани родители?

Советувам само од почетокот да се тргнат настрана сите,

доколку се во можност, самохрана мајка не е онаа што

остава дете на мајка ѝ и си брка работа низ животот, ниту

е онаа на која сѐ ѝ е платено дома, ама ете, родила дете

сама... Храбро и само напред, мислам дека често детето ја

93

до петок и децата имаат можност деветта година по ред

да се дружат со своите омилени ликови, Петко, Лина,

детектив Цветко и други. Продукцијата ОХО уште од

почетокот стои зад оваа успешна приказна, креативен

директор е Пеце Талевски, режисер е Игор Иванов-Изи,

директор на фотографија е Наум Доксески. Сценаристи се

Драгана Лукан Николовски, Билјана Крајчевска, Елеонора

Венинова, Александра Миланова и Огнен Георгиевски.

Актерската екипа ја сочинуваат Билјана Драгичевиќ

Пројковска, Игор Ангелов, Сања Арсовска, Зоран Љутков и

други. Поразговаравме со креативниот тим на ОХО, кои ни

одговорија зашто е многу важно децата да растат со ваков

вид на телевизиски содржини.

СИТЕ ИМАМЕ

ШТО ДА

НАУЧИМЕ ОД

ПЕТКО И ОД

НЕГОВИТЕ

ПРИJАТЕЛИ

Во моментов медиумскиот сервис е сиромашен

со детска програма. Во трката по рејтинг и

сензационализам, националните телевизии

посветуваат минимален простор на детските едукативни

емисии. Кога медиумската програма не е адаптирана

за деца, таа може директно да влијае и да доминира на

детето, кое пасивно ги прима сите информации и потоа

ги проектира во односите со врсниците и возрасните.

Во нашиот медиумски етер, вистинска светла точка е

играната серија „5+ Фамилија“, што во соработка со

телевизија „Телма“ и со поддршка на Министерството

за информатичко општество, се емитува од понеделник

Вие сте можеби единствена емисија од овој тип, што

моментално се прикажува во нашата земја. Вторава сезона

се емитува во нова форма како „5+ Фамилија“. Што е

разликата и што е карактеристично за новиот формат?

Детската емисија „5+“ се продуцираше како интерактивна

емисија во живо, седум години на македонски и шест

на албански јазик. По толку години развој на емисијата,

едуцирање на тимот преку повеќе обуки во Америка и

Европа, логично беше да се збогати концептот и да премине

во друга форма. Така, одлучивме од емисија да стане серија

и тоа не само за деца туку и серија за целата фамилија.

Разликата во форматот е голема. Сега е точно утврдена со

приказна и дијалози и се снима како филм. А тоа значи дека

одеднаш се снимаат сите епизоди. Но, она што е останато,

тоа се познатите ликови и едукативната вреднoст по која

сме препознатливи.

Секоја епизода обработува конкретна тема и една

едукативна целина. Што е пресудно во оформувањето на

сценариото? Дали ги утврдувате содржините по актуелност

или работите по однапред утврден план и редослед?

Содржините и темите се одредуваат по однапред утврден

план и редослед. Целта на секое сценарио е да постави

некој проблем или некаква ситуација од секојдневието што

го живеат децата, но немаат секогаш можност или знаење

тоа да го споделат и да го пренесат на своите родители и

за него да побараат помош за сите дилеми што им се вртат

во нивните глави.

Меѓу другото, емисиите ги обелоденуваат дилемите што

ги имаат децата, го оживува, па дури и предимензионира

проблемот со цел да развие возбуда и динамика, а потоа,

на едноставен начин покажува дека сето тоа е составен

дел од животот, дека за сѐ има решение и дека ништо не е

толку страшно и несовладливо.

Редовна практика е да ви гостуваат познати личности, со

истакнати кариери и влијателност. Како ги избирате и што

треба да поседува некој за да остави трага во детската

психологија?

Кога викаме гости, особено познати личности, императив

е тие низ својата кариера да промовираат позитивни

вредности што ќе им бидат пример на децата. Низ

годините, речиси и да нема некоја позната личност која

оставила трага во својата кариера, талент или работа, а да

не била гостин во емисијата. Децата особено реагираат на

ваквите гостувања, бидејќи ги гледаат нивните идоли во

друштво на омилените 5+ ликови и така уште полесно се

идентификуваат со нив.

Семеен Портрет

На крајот на минатата година одржавте успешни концерти.

Девет години сте дел од ТВ-програмите, имате статистика

за почит, а Петко веќе е култен лик. Како децата реагираат

на него? Кој сѐ учествува во креирањето на ликот на Петко?

Во текот на декември, „5+ Бенд“ одржа 21 концерт.

Неверојатниот успех на првото големо шоу од ваков

вид го посетија повеќе од 12.000 деца и родители. На

концертите беа изведени најголемите хитови од двете

сезони, проследени со драмско дејство, како и директна

интеракција со децата. Навистина беше прекрасно чувството

да се гледаат децата како со целосно внимание и огромна

радост ги гледаа во живо своите омилени ликови. Тие се,

едноставно, најискрената публика.

Статистиката на гледаност е навистина огромна, особено

на „Јутјуб“, каде што прегледите достигнуваат до неколку

милиони.

Покрај Петко, мораме да признаеме дека и другите ликови

се омилени меѓу децата, особено ликот на Комшо и Цветко.

Сите ликови се внимателно градени, со одредени позитивни

и негативни карактерни особини, за децата да научат, но и

сами да разграничат што е добро, а што не. А ликот на Петко

претставува еден позитивен, весел, па дури и наивен лик, кој

многупати греши, но тука е неговата другарка Лина, за да го

научи на добри работи.

Прличев вели: „Голема вода сама си прави корито“.

Продуценти од Словенија на некој од фестивалите ја гледале

„5+ Фамилија“ и се заинтересираа за ова што го работиме.

И така Петко стана Словенец и зборува словенечки.

Продукцијата на серијата се одвива во Македонија, актерите

доаѓаат од Словенија и епизодите ќе се емитуваат на

словенечка национална телевизија.

"Карактеристично за децата, без разлика на возраста, е

желбата да се забавуваат, да мечтаат и да се во акција.

Со новата сезона „5+ Фамилија“ сакавме да ги следиме

детските интереси и потреби и да им понудиме забава што

воедно ќе ги научи нешто ново, ќе им отвори некое прашање

за размислување и ќе им постави проблем што е реален за

нивната возраст, со цел да ги поставиме во улога на активни

граѓани кои ќе бараат решенија за нивните проблеми.

Во однос на идентификација со ликовите, не е толку важно

дали ќе се идентификуваат или не, туку она што е важно е

да се претстават различни аспекти на гледање на работите.

Тие да се почитуваат, како и можноста децата сами да си

проценат начин на решавање на секојдневните предизвици."

Во текот на епизодите се изведуваат преработки на стари

македонски антологиски песни. Зашто е важно децата во

најрана возраст да се запознаат со вистинските музички

вредности и со нашето богато музичко наследство?

Добра програма за деца значи во исто време да биде забавна,

едукативна, интересна и за возрасни и да има добра музика.

Половина од музиката од серијата се нови оригинални песни

снимени за потребите на серијата „5+ Фамилија“, а другите

се проверена музичка лектира за која мислевме дека децата

треба да ја „прочитаат“.

Од неодамна Петко се емитува во Словенија. „5+ Фамилија“

е единствената македонска емисија што доби прва

медиумска франшиза во земја на ЕУ. Што значи тоа? Дали

ќе биде адаптирана? Дали е откупен ликот на Петко или

готови епизоди што би ги синхронизирале?

Што е пораката што Петко низ годиниве ја испраќа на

децата?

Петко и неговите пријатели преку своите случувања

постојано пренесуваат пораки за добро однесување,

пораки што ги поттикнуваат децата да размислуваат сами

за своите постапки, да бидат свесни за своите права, за

своите одговорности.

Преку содржините, на децата сакаме да им ја пренесеме

важноста за соживотот, почитувањето на различностите,

да ги инспирираме да си ја развиваат сопствената

фантазија и да ги насочуваме да си ги препознаваат

талентите. Она што е најважно, индиректно се обраќаме и

на родителите и многу често потенцираме дека е значајно

тие, заедно со своите деца, да гледаат „5+ Фамилија“. Tака

многу повеќе ќе успеат да ја пренесат точната порака и

цел на своите деца.

95

НЕГА НА

ДЕТСКА КОЖА

На нежната детска кожа уште од најрана возраст ѝ треба дополнителна заштита, влажност и нега во зима.

Ви предложуваме неколку производи кои совршено ќе се вклопат во дневната нега на вашето дете.

FIORI DI COTONE КРЕМ – 510 ДЕН.

Нежен крем наменет за грижа на

деликатната бебешка кожа. Путерот

од Карите, заедно со растителните

масла од семе од памук, оризово,

сончогледово, таману и масло

од сладок бадем ја хранат и ја

хидрираат бебешката кожа додека

дестилираната вода од камилица ја

смирува и ги намалува црвенилата и

иритациите.

BIODERMA ATODERM УЛТРАБОГАТ

ПЕНЕСТ ГЕЛ – 1.049 ДЕН.

Гелот е наменет за нежно и темелно

чистење на кожата. Ја прочистува,

смирува и омекнува кожата.

WELEDA МАСЛО ОД НЕВЕН БЕЗ

МИРИСИ – 1.073 ДЕН.

Органското масло од невен

овозможува лесна и пријатна нега

на кожата на вашето бебе. Идеално

е за секојдневна нега, блага масажа,

како и за чистење во регионот на

пелените.

FIORI DI COTONE МЛЕКО ЗА

ЧИСТЕЊЕ – 510 ДЕН.

Без полиетилен гликол, парабени и

силикони. Дерматолошки тестирано,

никел тестирано, мирис без

алергени.

BIODERMA ATODERM КРЕМ

1.234 ДЕН.

Кремот Атодерм од линијата

на „Биодерма“ е наменет за

секојдневна употреба како хранлива

и хидратантна нега. Овој крем

ефикасно ја хидрира и ја обновува

бариерата на кожата, а исто така ја

смирува и ја омекнува.

WELEDA БАЛСАМ ЗА ЗАШТИТА ОД

СТУД И ВЕТЕР – 500 ДЕН.

Идеална заштита од студ и лоши

временски услови, наменет за

чувствителната кожа кај бебињата.

Маслото од органски невен и ланолинот

создаваат природна заштитна бариера и

ја исхрануваат кожата.

Мисли здрави мисли

КОИ ЗАСЛАДУВАЧИ

СЕ ДОБРИ ЗА

ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ?

Кога е шеќерот во исхраната во прашање, веќе подолго време се водат дебати со спротивставени мислења – природни наспрема

вештачки засладувачи, исхрана со мал внес на шеќери или негово комплетно исфрлање од дневното мени... Проверете како да

уживате во слатките и десертите на здрав начин и без ризици по здравјето.

ДАЛИ ВЕШТАЧКИТЕ ЗАСЛАДУВАЧИ СЕ ТОЛКУ ШТЕТНИ?

Вештачките засладувачи се синтетички замени за шеќер, но

можат да се добијат и од некои билки што природно содржат

шеќери. Сите вештачки засладувачи се многу послатки

од обичниот шеќер и потребно е само мало количество

вештачки засладувач за да се замени една лажица шеќер, но

за разлика од него, тие немаат калориска вредност.

Вештачките засладувачи имаат карактеристичен вкус.

По консумирањето, сахаринот има благо-горчлив вкус, а

тауматинот вкус како бонбона „Негро“. За да се избегне

лошиот вкус, при производството засладувачите се мешаат

меѓу себе и така го подобруваат и го надополнуваат вкусот

на другите. Токму поради ваквата комбинација тие не треба

да се користат во преголеми количества.

Денес, засладувачите можат да се најдат во голем број

различни производи, од диетални пијалаци, преку гуми за

џвакање, слатки, сладоледи, сокови, па сѐ до протеински

суплементи.

ТИПОВИ ВЕШТАЧКИ ЗАСЛАДУВАЧИ

Дозволени вештачки засладувачи се: калиум ацесулфам,

аспартам, неотам, сахарин, сукралоза и цикламат, што е

одобрен за користење, но само во некои држави. Од нив,

најчесто употребувани и најкористени се сахаринот и

аспартамот.

Сахаринот е кристален прав што е 300-550 пати посладок

од шеќерот. Тешко се топи во ладна вода, полесно во врела

вода и алкохол. Се употребува како засладувач на храна

и пијалаци. Не покажува никакви токсични дејства врз

човечкиот организам. Често го употребуваат лицата кои

имаат дијабетес. Неговиот дериват, кристалоза, еднакво

често се користи како и сахаринот. И едниот и другиот

немаат хранлива вредност.

Аспартамот е нискокалоричен засладувач што е 180-200

пати посладок од шеќерот. Се состои од две аминокиселини,

аспартамска киселина и фениланин што природно се наоѓа

во месото, житарките и млечните производи. Аспартамот е

означен со меѓународниот код Е-951 и се наоѓа на дозволената

листа за употреба на адитиви во правилникот за квалитет,

иако активистите против неговата употреба ги истакнуваат

штетните последици од неговото користење како карцином,

главоболки, депресија, наклоност кон дебелеење, па сѐ до

Алцхајмерова болест. Го користи прехранбената индустрија

како адитив-засладувач и засилувач на аромите во речиси

сите прехранбени производи и пијалаци.

Мисли здрави мисли

ДОБРИ И ЛОШИ СТРАНИ НА ВЕШТАЧКИТЕ ЗАСЛАДУВАЧИ

Добрата страна на вештачките засладувачи е тоа што содржат

нула калории. На пример, во една чаша вода (2 дл) засладена

со шеќер има 65 калории, додека, пак, во пијалакот засладен

со вештачки засладувач има само четвртина од овој износ,

односно 15 калории. Една лажица шеќер (5 г) има околу 20

калории, а засладувачот во форма на таблета речиси и да

нема калории. Доколку се обидувате да го намалите внесот

на калории, како и количеството на прости шеќери, тогаш

вештачките засладувачи и другите замени за шеќер можат

да бидат една од опциите. Здравствените придобивки

од вештачките засладувачи можат да се забележат при

контрола на телесната тежина, кај дијабетесот и кариесот.

Лошите страни на вештачките засладувачи се честа тема на

дебатирање, а некои ги поврзуваат со создавање тумори,

што е последица на едно истражување од пред 40 години,

при кое е најдена поврзаност на сахаринот со појавата

на тумори на мочниот меур кај стаорците што биле дел од

научниот експеримент. Генерално, повеќето истражувачи се

согласуваат дека тие се безбедни за употреба, но треба да се

има на ум дека за секој засладувач постои дозволено дневно

количество. Согласно тоа, управата за храна има поставено

прифатливо количество на дневен внес за вештачките

засладувачи. Станува збор за количеството што е безбедно

да се консумира, по килограм од телесната маса, секој ден

во текот на животот. Проблемот е во тоа што ваквите мерки

се базирани врз истражувања направени на животни, па

научните докази за безбедноста на вештачките засладувачи

се неуверливи и непотполни. Многу од истражувањата се

водени или платени од компаниите што имаат право да ги

користат овие супстанции. Можеби уште повеќе загрижува

фактот што количеството на вештачки засладувачи не мора

да биде наведено на етикетата на производот.

ЗДРАВИ ПРИРОДНИ ЗАСЛАДУВАЧИ

Постојат неколку природни засладувачи што не влијаат

лошо на здравјето. Поточно, засладувачи што имаат мал број

калории, ниско ниво на фруктоза и многу сладок вкус.

Стевија

Стевија е еден од најпопуларните природни засладувачи,

а всушност претставува екстракт извлечен од листовите на

истоимената билка. Во листовите стевија постојат неколку

слатки компоненти до сто пати послатки од обичниот бел

шеќер што најчесто го користиме. Иако е многу слатка,

стевијата не содржи калории, а некои истражувања ги

докажаа и нејзините лековити својства: го намалува

покачениот крвен притисок за 6-14%, а воедно го смалува

нивото на шеќер кај дијабетичарите.

Во неколку научни истражувања се зборува за влијанието

на стевијата во подобрување на чувствителноста на

организмот на инсулин, намалувањето на ЛДЛ-холестеролот

и насобраните наслаги во артериите.

Доколку сакате да засладите нешто, можеби стевијата е

најздравиот избор. Сепак, постои и лоша страна. Многу

луѓе едноставно не го поднесуваат специфичниот вкус на

стевијата, а тоа сепак зависи од производителот. Пронајдете

го оној што најмногу ви одговара.

Еритритол

Еритритолот е уште еден засладувач со малку калории.

Всушност, претставува шеќерен алкохол пронајден во

одредени овошја, но доколку купувате еритритол во прав,

имајте предвид дека веројатно е добиен по индустриски пат.

Содржи 0,24 калории на грам.

И еритритолот не го крева нивото на шеќер и инсулин, ниту

има каков било ефект на биомаркерите на холестерол и

триглицериди. Се апсорбира во телото преку цревата, а

непроменет се исфрла преку бубрезите. Истражувањата

покажаа дека еритритолот е сигурен за употреба, но како

и другите шеќерни алкохоли, може лошо да влијае на

варењето доколку се користи во зголемени количества.

Има многу сличен вкус на шеќерот, но по неговата

консумација останува благ вкус во устата. Не може да се

каже дека еритритолот е здрав, но е помалку штетен од

другите шеќери.

Ксилитол

Ксилитолот, исто како еритритолот, е шеќерен алкохол

што содржи 2,4 калории по грам или две третини од

калориската вредност на обичниот шеќер. Докажано е

дека ксилитолот содржи компоненти што добро влијаат на

здравјето на забите, го смалува ризикот за создавање кариес

и крвавењето на забите. Воедно, добро влијае на цврстината

на коските со што помага при спречувањето на создавањето

остеопороза. Не го подигнува нивото на шеќер, ниту инсулин

во крвта. Исто како еритритолот, може лошо да влијае на

варењето, а доколку имате миленици, имајте на ум дека е

особено отровен за кучињата.

Јакон сируп

Во последно време хит меѓу засладувачите е јакон

сирупот што се добива од истоимената билка. Овој сируп

стана многу популарен откако е објавено дека е одличен

суплемент за намалување на килограмите. Особено богат

е со фруктоолигосахариди, што имаат иста функција како

растителните влакна што се добри за дигестивниот систем.

Јакон сирупот е многу делотворен при опстипација, но

претераната консумација може да предизвика проблеми со

варењето.

ШТО Е СО ОСТАНАТИТЕ ПРИРОДНИ ЗАСЛАДУВАЧИ?

Постојат неколку многу популарни производи што луѓето ги

користат наместо шеќер, а тоа се мед, меласа, кокосов шеќер

и јаворов сируп. Иако многу често се користат наместо

белиот шеќер, сепак тие не се разликуваат премногу од

него. Содржат малку пониска концентрација на фруктоза

и малку хранливи материи, но вашиот црн дроб нема да ја

забележи разликата во однос на обичниот бел шеќер.

Но, да разјасниме – малите количества шеќер нема да ви

направат никаква штета доколку не ги земате многу често

и доколку не боледувате од некоја болест што во целост

ја забранува употребата на шеќерот. Сепак, имајте на ум

дека шеќерите се празни калории, без хранливи својства

што лошо влијаат на здравјето на забите, но сигурно нема

да ви го уништат здравјето или да влијаат на здравиот црн

дроб. Сѐ е во умереноста. Ако се храните здраво и вежбате,

нема да ви наштети доколку повремено се засладите со

омилениот десерт.

99

Мисли здрави мисли

БИЛНИ

Негативните нуспојави што сè почесто му се препишуваат

на кравјото и на другите видови животински млека,

придонесуваат билните млека сѐ повеќе да бидат

атрактивни за консумирање. Индустриските животински

млека од кои поради процесот на пастеризација се

исчезнати ензимите, витамините А, Д и Ц, а вештачки

е додаден витамин Д, стануваат предмет на дискусија

на различни медицински форуми и дебати. Луѓето

преминуваат кон користење на билни млека од различни

медицински причини: алергии, нетолерантност на лактоза,

висок холестерол и друго или поради страв од хормоните

и антибиотиците што се додаваат во животинските

млека. Од билните млека најчесто се користат: бадемoво,

оризово, соино, пченично и кокосово.

Ова млеко е богато со протеини и калциум и не содржи заситени

масти. Нискокалорично е и може да се најде со различни вкусови по

желба. Не содржи лактоза, една шолја необогатено млеко содржи

7 грама протеини, 4 грама јаглехидрати и не содржи холестерол.

Сојата природно содржи изофлавон, билна хемикалија што помага

во намалување на ЛДЛ (лошиот холестерол). Соиното млеко се

користи и се смета за здраво зашто не содржи глутен, казеин и

лактоза.

СОИНО МЛЕКО

Постојат предупредувања за соиното млеко наменето за трудници и

доилки, бидејќи не е познато влијанието на изофлавинот врз бебето

или плодот. Некои истражувања покажале дека сојата може да

дејствува како хормон (фитоестроген) и на тој начин да го зголемува

ризикот од рак на дојка. Фитоестрогенот е природна хемикалија

што се наоѓа во растенијата, а во човечкото тело дејствува слично

на хормонот естроген. Сојата ја блокира апсорпцијата на цинк,

калциум, магнезиум, бакар и железо во телото. Цинкот е поврзан

со когнитивниот развој и функционирањето на мозокот и кога не

се консумира правилно влијае на имунитетот, на регулирањето на

нивото на шеќерот, на репродуктивниот систем. За жал, соиното

млеко има многу повеќе негативни својства, отколку придобивки,

делумно и поради тоа што денес сојата во најголем број случаи е

генетички модифицирана.

100

Мисли здрави мисли

Содржи висок процент на витамини, минерали и масти. Има јак

богат вкус и воопшто не содржи лактоза. Не содржи ни казеин –

млечен протеин што е хемиски сличен на глутенот. Во бадемовото

млеко нема заситени масти, ниту холестерол, а содржи омега-3

масни киселини, што го прават одлично за срцето. Богато е и

со манган, селен, магнезиум, цинк, железо, влакна, фосфор

и калциум. Флавоноидите во бадемовото млеко помагаат при

спречување на ракот.

БАДЕМОВО МЛЕКО

Количеството протеини во бадемовото млеко изнесува 1 грам

по шолја, во споредба со 7-8 грама кај соиното и кравјото. Не

е соодветно за луѓе што се алергични на јаткави плодови, а и

многу често заради подобрување на вкусот му се додава огромно

количество шеќер.

Кокосовото млеко е преполно со витамини Ц, Е, Б1, Б3, Б5 и

Б6, а содржи и железо, селен, натриум, калциум, магнезиум и

фосфор. Ова млеко содржи и лауринска киселина, која е многу

корисна за човечкото тело, зашто преминува во монолаурин,

кој има антивирусни и антибактериски својства. Кокосовото

млеко содржи манган, што е витален за регулацијата на нивото

на шеќер во крвта, односно директно влијае на метаболизмот на

гликозата во човечкото тело. Кокосовото млеко лечи воспаленија,

ја превенира остеопорозата, го ублажува ПМС и го одржува

здравјето на системот за варење. Селенот што се наоѓа во

кокосовото млеко е антиоксиданс што ги ублажува симптомите на

артритис, ги контролира слободните радикали и друго.

КОКОСОВО МЛЕКО

Консумирањето на кокосовото млеко има најмалку негативни

страни. Како негови маани се истакнуваат малото количество

калциум и протеини што ги содржи и тоа што го подига нивото на

холестеролот доколку се консумира во големи количества.

Оризовото млеко е најхипоалергено од сите млечни производи.

Исто така, содржи најмало количество масти во однос на сите други

млека. Не содржи холестерол и одличен извор е на витамините Б,

што се неопходни за метаболизмот, циркулацијата и функциите

на нервниот систем. Оризовото млеко содржи најмногу манган

и селен, што се силни антиоксиданси што помагаат во борбата

против сите видови инфекции и карциноми. Пиењето оризово

млеко го подобрува имунолошкиот систем.

ОРИЗОВО МЛЕКО

Оризовото млеко е сиромашно со витамин А и Ц и содржи малку

протеини. Содржи големо количество скроб, речиси 3-4 поголема

од кравјото или соиното млеко. Ова го прави оризовото млеко

несоодветно за дијабетичари. Исто така, содржи и глутен.

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

Фотографија: Жарко Чулиќ

ВИСТИНСКО ИТАЛИЈАНСКО РИЖОТО

Оригиналното италијанско рижото има потекло од северна Италија. Во старт да се разбереме,

рижото се прави само од еден тип на ориз, тоа е „Карнароли“ оризот, a во ред e и кога се прави

од „Арборио“ оризот, меѓутоа не е тоа, тоа. Арборио е ориз со покрупно зрно од Карнароли и во

Италија најчесто се користи како прилог на риба и останати полесни јадења.

Важен момент во оригиналното италијанско рижото е да не го преварите! За еден италијански

шеф е недозволиво да превари рижото, правилната структура се нарекува „al dente“ – тоа значи

крцкав ориз. И на тој начин се задржуваат сите хранливи материи во оризот.

Креацијата на рижотото ви ја оставам вам, јас ќе ви откријам само една опција, само една патека

до превкусно, оригинално италијанско рижото.

Одиме!

За две до три порции доволни се 250г. Карнароли ориз. За почеток ќе исецкате една главица

кромид со средна големина и 3 чешниња лук. Ситно ќе исецкате ¼ од страк праз и 1/3 од чили

пиперче. (Правилна порција/доза на рижото е од 80г. до 100г.)

Во загреана тава (на средна температура) ставате околу 20г. квалитетен путер и една лажица

маслиново масло. Ги ставате зеленчуците да се пропржат. Кромидот е показател за перфектно

издинстан зеленчук. Штом ќе добие стаклест изглед тоа значи дека е време за следен чекор.

Го додавате оризот и го пропржувате околу 5 минути. Прва течност која треба да ја впие оризот

е околу 60мл. бело пенливо вино (Просеко). Мешате за да го впие вкусот и да испари алкохолот.

Во посебен сад спремате коцка бујон – една коцка за говедски бујон го растворате во 600мл.

топла вода (оваа количина ја додавате на три пати).

Третина од количината ја додавате во тавата и мешате додека не почне да се спојува.

Вистинското рижото мора да биде кремаво, но со структура, значи да не испадне како сутлијаш,

меѓутоа да биде кремаво (ал денте)!

Потоа додавате 20г. путер и мешате за оризот да ја впие маснотијата и вкусот на путерот (со

додавањето на путер, лесно ќе ја постигнете кремавата структура).

Мешате околу 5 минути и потоа додавате уште третина од бујонот. Пред да прејдете на третиот

чекор додавате сол и бибер, а може да додадете и малку шафран.

За шафранот велат дека е злато меѓу зачините. Тој е најскапиот зачин на светот! Се дозира во

делови од грам.

Доколку имате вистински шафран додавате околу 0,03г.

Потоа ја додавате и последната третина од бујонот, мешате околу 7 минути. Откако оризот ќе ја

впие 70% од течноста, додавате 50г. ситно сецкана димена сланина (можете и пршут). Сланината

или пршутот ќе му го даде на рижотото оној димен, дрвенаст вкус…

Мешате и како финале додавате две полни раце млад спанаќ. Мешате додека не добиете

вистинска кремава структура.

Сервирате по желба!

Следете го овој рецепт и никогаш нема да згрешите, ако имате дополнителни прашања пишете

ми на мојата страна на Фејсбук и ќе ви одговорам на секое ваше прашање… до следниот број!

СОВЕТ: Доколку имате пармезан го додавате пред да го додадете спанаќот. Пармезанот е

перфектен додаток на секое рижото!

102

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

103

Мисли Се зборува здрави за... мисли

Свежи

зачини

во

вашата

кујна

Босилек

Дури и да не го користите во готвењето, сигурно ќе уживате

во неговиот мирис. Можете да го израснете од семе или да го

прескокнете целиот процес на садење, така што ќе купите веќе

пораснато гранче. Чувајте го во саксија со многу дупчиња за

дренажа, како и со доволно простор за развивање на билката.

Наводнувајте го така што ќе го ставите во мијалникот, ќе го

посипете со вода и ќе го оставите добро да се исцеди пред да го

вратите на полиците во кујната.

Одгледувањето зачини во домот е одличен начин

на уживање во свежа арома и богат вкус во текот

на целата година. Одберете билка што често ја

користите во исхраната, но внимавајте да биде

лесна за растење и одржување. Ова се нашите

топ три фаворити.

Нане

Резервирајте го најсончевото место во кујната за нането. Купете

мала саксија со нане од продавница и пресадете ја во поголема

саксија, надополнета со соодветно количество земја. Нането расте

многу брзо, па затоа колку поголема е саксијата, толку подобро.

Користете го за арома во диеталната комбинација од вода и

парчиња краставица или во свежиот мохито-коктел.

Рузмарин

Како и босилекот, рузмаринот има богата, ароматична арома. Дава

одличен вкус на супите, на печеното месо или свежо месениот

леб или домашни крекери. Почнете со гранче рузмарин што ќе

го купите од продавница, па пресадете го во саксија со дупчиња.

Наводнувајте го често за кога ќе ја допрете земјата со прстот да

исплива влага од неа. Воедно, ротирајте ја билката за да добива

еднакво количество сонце од сите страни.

104

Мисли здрави мисли

Чизкејк со

боровинки

Чоколаден

чизкејк

За кората:

300 г мелени плазма бисквити

5 лажици млеко

150 г путер

За филот:

2 пакувања крем-сир

8 лажици шеќер во прав

1 кесичка желатин

¼ слатка павлака

1 ванилин шеќер

500 г боровинки

8 лажици кафеав шеќер

2 дл вода

Подготовка:

Смесата за кора убаво измешајте ја со раце. Ставете ја

во калап, па во фрижидер да се стегне 20-30 минути. За

да го подготвите белиот фил, измешајте го крем-сирот

со ванилиниот шеќер. Додајте го желатинот и слатката

павлака. И оваа смеса се лади во фрижидер, па се става

на кората. Овошјето се става во зовриена вода и се

додава желатин. Се остава да врие на тивко 20 минути.

Кога добро ќе се олади се става преку белиот фил.

Состојки:

300 г мелени плазма бисквити

1 лажица какао

15 мл рум

150 мл вода

200 г чоколадо за готвење

300 г крем-сир

200 мл слатка павлака

150 г шеќер во прав

100 г суво грозје

Подготовка:

Во сад, добро измешајте ги мелените бисквити,

какаото, румот и водата. Целата смеса се истура

во калап да се стегне во фрижидер половина

час. Растопете го чоколадото, а потоа оладете го.

Изматете ја слатката павлака со крем-сирот, шеќерот

во прав, чоколадото и по желба додајте суво грозје.

Еднаквата смеса се мачка по кората. Откако добро ќе

се олади во фрижидер, се ренда чоколадо.

105

Мисли здрави мисли

Бојана Спировска

Фотографија: Жарко Чулиќ

„СПОРТСКОТО КАЧУВАЊЕ

КАКО НАЧИН НА ЖИВОТ“

Кога постои вистинска желба и порив, а занимавањето

со спортската активност не се гледа како хоби, туку како

начин на живот, мотивираноста, одлучноста и успехот нема

да изостанат. Доказ за ова е Бојана Спировска, која повеќе

од десет години се занимава со спортско искачување на

карпи и планински врвови, за што има добиено медали од

балкански и државни натпревари.

Пишува: Тања Тодоровска

Кога и како се роди љубовта кон планинарењето и

алпинизмот?

Тоа беше далечната 2004 година, при крајот на осмо

одделение. Сосема случајно налетав на емисија за

спортското качување кај нас и веднаш ми се роди огромна

желба да пробам. По мојот прв обид, сфатив дека тоа е

нешто што ќе сакам да го правам цел живот. Со другарка ми

Љуба се зачленивме во спортско-качувачкиот клуб „Екстрем“

и почнавме со тренинзи, што во тој период се одржуваа во

салата на Машинскиот факултет. Би рекла дека тоа е една

од најдобрите одлуки во мојот живот, затоа што не беше

само почеток на спортската активност туку и зародиш на

многу убави пријателства, дружби во природа, споделување

на убави моменти, смеа, позитивна енергија...

Колку вашата професија е поврзана со спортското хоби?

Дали работата ви овозможува непречено да ги исполнувате

вашите спортски потфати и активности?

Јас сум лингвист, поточно германист, и моментално работам

на две места – приватна гимназија и јазично училиште во

Скопје, што значи дека сум мошне зафатена и „растрчана“

помеѓу овие места. Веќе одамна сум рекреативец во спортов

и се трудам секогаш кога имам простор помеѓу часовите

и другите обврски да направам тренинг, односно некое

искачување. За среќа, локалитетот Матка е во непосредна

близина, па тие искачувања понекогаш се случуваат во

природа и во текот на работната недела. Инаку, најчесто се

качувам за време на викендите.

Што подразбира искачувањето на карпи со спортскокачувачки

насоки? Дали спортското качување се разликува

од алпинизмот? Постои ли одредена психо-физичка

подготовка пред искачувањето?

Се работи за искачување на вертикални насоки на

природна или вештачка карпа, со веќе поставени клинови.

Во спортското качување има три дисциплини: качување во

водство, болдер-качување и брзинско качување.

Иако има голем број сличности помеѓу спортското качување

и алпинизмот, постојат неколку видувања во однос на

разликите меѓу двете, но генерално тие се однесуваат на

критериумите што ја одредуваат тежината на една насока.

Последнава година имав можност неколкупати да се качувам

во алпинистичка наврска на Матка со пријатели-алпинисти.

За безбедно и правилно практикување на спортското

качување, потребно е да се помине обука за спортски

качувач, преку која се стекнуваат базични знаења за овој

спорт.

Каква опрема е потребна при тренирањето и при

искачувањето?

Во лична и задолжителна опрема спаѓаат патики за

качување, појас, шлем, торбичка за магнезиум, алатка за

обезбедување, додека преостанатата опрема најчесто

е заедничка, односно клупска и во неа спаѓаат јажиња,

комплети и друга опрема за обезбедување.

Кога тренингот се одвива во т.н. болдер-вежбална, односно

просторија со ниски ѕидови за качување и душеци на подот,

доволно е да се има само патики за качување.

Колку долго се натпреварувавте во овој спорт? Кои награди

и признанија ги имате освоено? Од кога искачувањето го

практикувате само како хоби?

Првите 3-4 години се натпреварував, всушност тогаш и му

бев најпосветена на спортското качување и целиот живот си

го организирав околу тоа. Додека моите пријатели излегуваа

во град, јас секој петок и сабота си легнував порано за да

можам следното утро да станам навреме за тренинг во сала

или на Матка. Имам неколку медали од балкански и државни

натпревари. Веќе 10 години практикувам рекреативно

качување, но не би рекла дека за мене ова е само хоби туку

начин на живот.

На кои места се имате искачено во земјава и надвор од неа?

Моите искачувања најчесто се одвиваат во Македонија, на

Матка, Демир Капија, Камена Баба, Стење, Маврово, Кадина

Пештера. Надвор од земјава сум се качувала во неколку

други држави, а како најдраги би ги издвоила искачувањата

во околината на Марсеј со членови на мојот клуб, како и

минатото лето во Ѓипе, Албанија.

Како ја одржувате кондицијата во зимскиот период? Покрај

индор-качување на вештачки карпи, постои ли можност за

искачувања и на отворено? Практикувате ли други типови

вежбање и телесна активност покрај спортското качување?

Во овој период на годината временските услови ни го

ограничуваат качувањето во природа, па затоа тренинзите

најчесто се одвиваат во затворени простории, односно

болдер-вежбални и сали со ѕидови за спортско качување.

Демир Капија, 2012 година

Сепак, кога временските услови се добри, се прават искачувања

на Матка или, пак, на другите качувачки локалитети. Периодов

го користам и за други спортски активности, на пример

планинарење, јога, скијање. Се трудам да спортувам постојано,

без разлика на годишното време и на временските услови.

Дали вашата редовна исхрана претрпува драстични измени

кога се подготвувате за искачување на особено големи врвови

или на стрмни патеки, што претставуваат поголем предизвик?

Во времето кога се натпреварував, многу внимавав на

исхраната, не јадев брза храна и се трудев преку моите оброци

да внесам повеќе протеини, витамини, магнезиум. Не

консумирав алкохол, ниту прехранбени продукти базирани

на шеќер.

Сега не внимавам толку на исхраната, а сепак се обидувам

да ми биде добро испланирана пред поголеми спортски

активности.

Кои се следните места или врвови на кои би сакале да се

искачите? Дали засега ваквите желби се само замисли?

Многу би сакала да се посветам повеќе на алпинистички

искачувања во Македонија, но и надвор од неа, на пример

Доломити или Алпи. Во последно време ми се роди желба за

ice climbing, односно качување на мраз, како и планинарење

на повисоки планински врвови. Сепак, за овие подвизи е

потребно многу време и посветеност, како и соодветна

спортска опрема, па засега остануваат само како желби.

Ветерански - Матка, 2015 година

Камена Баба

Прилеп, 2014 година

Демир Капија,

сектор Сахара,

2015 година

Матка, 2009 година

Матка, Св. Никола Шишевски 2015.

Дизајн и декор

КРЕАТИВНИ

ЅИДНИ ДЕКОРАЦИИ

Ако порано една уметничка слика беше доволна за да го покаже вашиот стил и вкус, денес нештата се

поинакви. Внесете личен печат во уредувањето на ентериерот така што ќе ги исполните ѕидовите со

огледала, празни рамки, керамички чинии... Колку повеќе, толку подобро!

Очекувано е на ѕидот во сечиј дом да најдете ѕиден часовник. А што мислите за закачување на спортскиот

велосипед? Па, зошто да фаќа прашина во подрум цела зима?

108

Дизајн и декор

Кој вели дека рамките служат единствено

за уметничките слики? Врамете ги вашите

достигнувања, пораките од блиски луѓе,

цртежите од вашите деца или интересниот

исечок од вашиот омилен магазин.

Огледалото визуелно го зголемува

просторот каде што е поставено. Тогаш

помислете што ли можат да направат

десетина огледала...

Дополнителна топлина, текстура, но и

ориентална нишка ќе внесете доколку на

ѕидот (во кујната или дневната) закачите

неколку плетени кошници. Не ограничувајте

се во поглед на нивната големина или боја.

Не потценувајте ги закачалките, мислејќи

дека никој не ги гледа под капутите и

палтата. И самите нека бидат украсен дел

од ѕидот и впечатлив детаљ во уредувањето.

Идеја плус за креативецот во вас –

исцртајте ги старите чинии што не ги

користите и закачете на ѕидот. Дури и да

не ве бива за цртање, сигурно имате т.н.

викторијански сервис во наследство од

вашата мајка или баба.

Еднакво впечатлив ефект ќе даде и

силната боја на некој од ѕидовите во

домот. „Врамете“ ја во празни рамки што

дополнително ќе го разиграат просторот.

109

news

Живот

во

боја

Соберете храброст и внесете боја во уредувањето

на домот. Инспирацијата ви ја нудиме ние.

Боја во домот може да додадете

со гарнитурите и фотелјите

на брендот Lenova што за

Македонија ексклузивно ги

увезува Laro.

Фотелја: 19.800 ден.

Контрасти за

расположение

Ентериерот на овој дом во Волково неодоливо потсетува на култната

игра „Тетрис“. Со играњето со боите и редењето на колоритните

детали, сѐ си доаѓа на свое место. Како контраст на сите весели

тонови доаѓа минималистичката кујна што нуди смиреност.

Ентериерот е комплетно изработен и изведен од Laro Kitchen Center

www.facebook.com/Larokitchen; www.laro.mk

Интересно ликовно решение за ѕид, што совршено ја

надополнува модерната линија на мебелот во дневната

соба. Дополнителна свежина во просторот овозможува

екстравагантната комода на масивни ногалки, со

колоритен дизајн во храбра боја.

Сонце во домот

Понекогаш само менување на бојата на ѕидот

е доволна за да внесете топлина во домот.

Жолто бојадисаниот ѕид го краси практично

искористениот ходник со скриена закачалка зад

големото огледало и стилската фиока за чевли.

Пурпурна

свежина

Пурпурно-виолетовиот елемент игра главна улога во

елегантната женска бања. Просторот е максимално

искористен и соодветен за складирање на мали луксузи

што го чинат животот поубав. Белите предели со метални

барокни рачки го надополнуваат просторот, давајќи му

елеганција.

Дизајн и декор

&TRADITION BELLEVUE AJ2 FLOOR

LAMP – ПОДНА ЛАМБА

ДОБИЈТЕ ГО ИЗГЛЕДОТ:

Нордиски

ентериер

Модерниот нордиски ентериер ги комбинира

традиционалните материјали во еден нов, свеж

изглед. Добијте го со паметно комбинирање

мебел, осветлување и додатоци, што ќе му дадат

уникатен стил и изглед на вашиот дом.

Палета на бои

Изберете контраст од неутрални бои – ладни

сини и сиви тонови што во комбинација со

лесни дрвени детали од јасен или даб ќе дадат

топлина на просторот.

& TRADITION

TOPAN VP6

BLACK & GOLD –

ЛУСТЕР

& TRADITION RAFT

BAR STOOL – БАРСКИ

СТОЛ

&TRADITION HOOF SW1 SIDE

TABLE – МАСИЧКА

NORMANN COPENHAGEN ONE

STEP UP BOOKCASE HIGH –

ПОЛИЦА ЗА КНИГИ

NORMANN COPENHAGEN ONKEL SOFA 3 SEATER – СОФА

„Патот до успехот

е еднаков за сите

без разлика на

полот“

Пишува: Тања Тодоровска

Нина Шерифовска, извршен директор на станбениот и деловен комплекс

„Парк резиденс“, е вистински пример за тоа како полека и стабилно

се напредува во една компанија. Оставајќи ги сите предрасуди што се

однесуваат на жените во бизнис-светот зад себе, таа секојдневно наоѓа

нови начини во одржувањето на балансот помеѓу сите улоги на една

успешна, мотивирана и современа млада жена.

Луксузниот станбен и деловен комплекс „Парк резиденс“

важи за добропозната и етаблирана компанија. Тоа носи

одговорност, притисок и постојана работа за одржувањето

на високо ниво на компанијата. Што претставува сето ова за

вас како извршен директор?

Многу е лесно кога имате поставено цели. Мојот баланс е

фидбекот што досега го добиваме, и покрај притисокот и

постојаната работа. Мислам дека постигнавме извонредност

во исполнување на потребите за нашите станари што за нас

претставува приоритет и токму поради тоа не е случајност

што за странците сме прва дестинација кога го прават

нивниот избор, бидејќи тие ги препознаваат високите

стандарди на заедничкото живеење, а тоа се квалитетот,

луксузниот и удобен животен стил.

Постои ли простор за ваше професионално и лично

надградување во рамките на компанијата?

Секогаш постои простор и можност за професионално

и лично надградување. Нашата компанија е полна со

предизвици со кои сум подготвена да се носам и на нив

да одговорам со многу ентузијазам и посветеност. Што се

однесува до личното надградување, мислам дека со секој

професионален напредок се надградува и личноста во

смисла на доведување на високо ниво на способностите,

задоволството од работата и со неа. Исто така, јас сум и

пример и мотив за тоа како полека и стабилно се напредува

во компанијата.

Како ги поттикнувате вработените во компанијата - имате ли

увид и влијание врз работата на секој член во компанијата,

трудејќи се да ја донесете продуктивноста на највисоко

можно ниво?

Визијата и енергијата што ја внесувам во својот тим може да

биде поткренувачка енергија што може многу да мотивира

и демотивира и затоа е многу важно да имате слух за тимот

со кој работите, да го разберете и да го диктирате темпото

со кое тимот ќе ве следи, бидејќи најдобри резултати се

остваруваат кога не заостанува никој во тимот. За да го

мотивирате вашиот тим луѓето во него мораат прво да ви

веруваат, а тоа се постигнува со почит, напорна работа,

објективност во донесувањето на одлуките, трпение и

транспарентност, вклучување на тимот во брејнсторминг,

односно да имате слух и за нивното мислење, со што на

поединецот му давате одговорност.

Исто така, практикувам и индивидуална мотивација. Тоа

ми дава можност да знам повеќе за нивната работа, за

тешкотиите со кои се соочуваат, а со тоа и јас повеќе ги

запознавам и полесно ми е да го најдам најдобриот начин

за мотивација, бидејќи парите не се секогаш универзална

мотивација и двигател за постигнување максимум кај

вработениот.

Да се биде извршен директор е одговорна функција, што

честопати подразбира соочување со стрес, носење на

важни одлуки во куси временски интервали, дополнителни

часови работа дури и надвор од работното време. Како се

справувате со сите овие работи што ги подразбира вашата

работна позиција?

Баланс, па иако е тешко да се постигне, со голема желба и

поддршка од семејството и колегите, сѐ е остварливо. Со

текот на времето се средува балансот помеѓу работното

време, што често знае да биде растегнато и навлегува во

времето што ми преостанува за себе и семејството. Носењето

важни одлуки во кратки временски интервали е дел од оваа

работа, а тоа е всушност и дел од мојот карактер и како

жена, мајка и професионалец. Понекогаш е стресно, но тоа

во исто време е и предизвик за мене.

113

Мозаик

Дали во досегашната работа сте се соочиле со одредени

стереотипи и предрасуди единствено поради фактот што

сте жена во средина во која сѐ уште сме навикнати да

гледаме мажи на носечки и одговорни функции и позиции?

Да, за жал, морам да признаам дека сум се соочила со

стереотипи и предрасуди. Бизнисот се сметал до неодамна

за „свет на мажите“, со чесни исклучоци за кои вака би рекла,

ако можеле тогаш во тоа време како пионери да успеат, сега е

многу, многу полесно. Патот до успехот е еднаков за сите, без

разлика на полот и тој никогаш не е лесен и нема запирање

мора да работи дури и неколкупати повеќе од мажот и да си

ги докажува своите способности во бизнисот, без разлика

дали нејзината работа е неколкупати подобро завршена и

поуспешна од таа на мажот. Едноставно, мораш да бидеш

визибилен. Но, сметам дека оваа ситуација што неправедно

им е наметната на жените полека се искоренува. Сѐ повеќе

се практикува половата рамноправност, а амбициозните,

упорни и работливи жени го пронаоѓаат нивното место што

им припаѓа во тој таканаречен „машки свет“. Лично, драго

ми е што веќе табуата и предрасудите околу ова прашање

почнуваат да се разбиваат, полека но сигурно и драго ми е

што и јас, меѓу другите жени, во бизнисот придонесувам на

некој начин за тоа.

Како вие се снаоѓате исполнувајќи ги сите улоги на успешна

професионална жена, како и посветена сопруга и мајка?

Дали успевате сѐ да завршите во рамките на само овие 24

часа на денот што ги имаме на располагање?

Не успевам секогаш да завршам сѐ. Но, во вакви ситуации,

важна е добрата организација и добро поставените

приоритети. Како што веќе напомнав, добар баланс помеѓу

приватниот и деловниот живот, во практиката значи дека

би требало да работиме вредно, но да оставиме време и за

семејството и за работите што нѐ прават среќни.

Мислам дека жената го усоврши мултитаскингот. Јас сум

сопруга и мајка на две прекрасни деца, 17-годишна ќерка

и 14-годишен син, двајцата репрезентативци, исполнителни

во своите обврски и мислам дека тоа е мојот најголем успех.

Токму она што ме води кога сум тажна се лицата на Берна и

Еди, кои веќе ја градат својата успешна приказна, а верувам

дека има и моја „вина“ во тоа.

додека не се постигне целта. Мене, пак, овие бариери не ме

обесхрабруваат. Напротив, не го барам полесниот пат, туку

секогаш се стремам да го најдам она позитивното и тоа ме

води. Нашата компанија дискриминацијата ја трга настрана

и нуди еднакви можности за сите амбициозни, посветени

личности кои се ориентирани кон успехот.

Сметате ли дека жената од почетокот е во подредена

ситуација во бизнис-светот, имајќи го предвид породилното

отсуство, посветеноста на мајчинството и другите обврски

на една жена, мајка... Или, пак, нештата се поинакви?

За жал, жената уште од почетокот е во подредена позиција

во бизнис-светот. Доказ за тоа е и фактот што жената сѐ уште

Неодамна медиумите ја проследија новогодишната акција

на „Парк резиденс“, што имаше цел да им ги израдува децата

со Даунов синдром... Минатото лето, пак, ја организиравте

т.н. „Фабрика на знаење“, што беше настан од едукативнозабавен

карактер. На чија иницијатива ги организирате

ваквите случувања и настани?

Идејата на сопствениците е секогаш да одиме со

суптилен ненападен маркетинг и како компанија секогаш

имаме интерес да поддржиме некој едукативен или,

пак, општествено одговорен настан или активност.

Во изминатиот период дадовме наша поддршка за

спроведување на проектот „Фабрика на знаење“, преку кој се

имплементираа теоретски стекнатите знаења на студентите

и се промовираше потенцијалот пред идните работодавци.

Завршетокот на проектот беше одбележан со свечена

церемонија што се одржа во дворот на „Парк резиденс“.

Другиот проект што го споменавте го спроведовме во пресрет

на новогодишните и божиќните празници. Мотивирани од

идејата дека секој човек треба да ја почувствува топлината

и среќата на новогодишните празници, компанијата „Парк

резиденс“ ги изненади дечињата од Здружението за лица

со Даунов синдром – „Трисомија 21“. Со оваа активност

нашата компанија целеше кон тоа да им овозможи различно

искуство од вообичаените, заедничко дружење, што ќе

остане засекогаш во сеќавањето на овие деца.

Компанијата „Парк резиденс“ и во иднина ќе продолжи да

биде одговорен партнер на заедницата и општеството во кое

работи и дејствува, поддржувајќи проекти и спроведувајќи

активности од ваков тип.

Мозаик

APPS ПРЕДЛОЗИ

Тестиравме 4 мобилни апликации и ви ги

пренесуваме нашите искуства.

ИСКУСТВА,

НОВИТЕТИ,

ИНСПИРАЦИЈА

NIKE + TRAINING CLUB

Доколку ви недостига мотивација

за вежбање, оваа апликација

ќе ви помогне во таа мисија. По

најавувањето и внесувањето на

неколку лични податоци, одбирате

во која од четирите категории

припаѓате: нови во вежбањето,

малку залежани, редовни вежбачи

и речиси професионалци. Воедно, избирате која е вашата

цел од вежбањето: слабеење, тонирање, зајакнување

или фокусирање на еден дел од телото. Добро е што

има многу режими на вежбање, па затоа нема да ви

биде здодевно. Тие се лесни за следење, имаат вграден

тајмер, а единствениот недостаток е тоа што морате да

го симнете тренингот за да го видите, а подоцна и да

вежбате со помош на него. Достапна за iOS и Android.

EVERNOTE

Апликација што е одлична за

фаќање белешки, зачувување

документи, пребарување по нив.

Создадена во чист, минималистички

дизајн, дотолку чист што ваквата

празнина на почеток може и да

ве збуни, но со практика или со

советите и триковите на блогот

на Evernote лесно ќе се снајдете. Со оваа апликација

ќе можете да ги зачувувате сите мисли, забелешки,

документи, фотографии, а и да ги имате на сите уреди

на кои имате интернет преку cloud платформата на

апликацијата. Сите податоци од апликацијата можат да

се споделуваат со соработници и колеги, што ја прави

одлична алатка за организирање на обемот и обврските

на работа. Достапна за iOS и Android.

YUMMLY RECIPES

& SHOPPING LIST

Кога барате инспирација или идеја

за вашиот следен оброк, побарајте

ја на оваа апликација. Таа најпрвин

ќе побара да се најавите, за подоцна

да ја следи вашата активност. Кога

веќе ќе се најавите, имате можност

рецептите што ви се допаѓаат да

ги зачувате стискајќи на опцијата

„yum“. По пет вакви обележувања, апликацијата ви дава

предлози за следни оброци врз база на вашите претходни

фаворити. Секој рецепт, покрај листата на состојки

што се потребни, нуди и нутритивни факти за секоја од

нив. Можете да пребарувате по клучен збор, како и по

категорија (на пример, вегетаријански, безглутенски,

вегански рецепти, рецепти за алергични лица и сл.)

Достапна за iOS и Android.

CLUE

Апликација што го следи вашиот

месечен циклус без да биде толку

очигледна за што станува збор,

судејќи според името и изгледот.

На почетокот внесувате неколку

податоци од должината на циклусот

до неговото времетраење, како и

појавата на болки и преостанатите

симптоми поврзани со ПМС. По внесувањето на

последниот циклус, апликацијата ги пресметува наредните

циклуси. Воедно, апликацијата овозможува дневно

внесување на неколку параметри поврзани со нивото на

енергија, сексуалната активност, квалитетот на сонот и

слично. Исто така, Clue овозможува поставување аларми

што ќе ве потсетуваат кога е вашиот нареден циклус или

плодните денови. Достапна за iOS и Android.

Мозаик

PEUGEOT 208

ВАШИОТ ОМИЛЕН

ГРАДСКИ ПРИДРУЖНИК

Го тестиравме новиот Peugeot 208 за да се увериме зошто е најпопуларен и омилен автомобил на жените. Модерниот изглед,

ефикасноста во перформансите, високото ниво на безбедност се само некои од карактеристиките што го даваат приматот

токму на Peugeot 208.

ОДЛИЧНО НИВО НА ОПРЕМЕНОСТ

На секоја жена ѝ е важно автомобилот да биде опремен со сите

значајни карактеристики. Тестираниот модел 1.2 Pure Tech е

со Active ниво на опременост – специфична само за „Пежо“.

Дополнет е со неколку елементи, карактеристични за Allure

ниво на опременост, како алуминиумски наплатки, автоматски

двозонски клима-уред, вај-фај функција Mirror Screen, Lime

Yellow персонализација.

Новата Ice Silver боја влегува во категорија на „текстурни

бои“, а остава мат и сатенски ефект истовремено. Покрај Ice

Silver, достапна е и Ice Grey боја – и двете се поиздржливи и

поедноставни за одржување отколку класичните мат бои,

ултра-отпорни се на микро-гребаници и можат да го издржат

притисокот од честото миење.

Сѐ на сѐ, новиот Peugeot 208 изгледа неодоливо, впечатливо,

енергично и моќно.

Мозаик

ПАКЕТИ НА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Можноста за персонализација овозможува задржување

на личниот, стилски печат. Одберете еден од двата

пакета: Menthol White пакет, што со своите бели елементи

обезбедува динамичен и елегантен амбиент, или Lime Yellow

пакет, што со своите колоритни елементи е особено забавен

и модерен.

Персонализацијата на ентериерот нуди модерен, подобрен

стил, со посебно внимание посветено до последниот

детаљ. Токму затоа новиот Peugeot 208 се истакнува во

секој поглед со своите ексклузивни бои, персонализација,

спортски изведби, нова технологија за уште поголем

комфор, безбедност и нови економични мотори со високи

перформанси.

ВРВНО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ

Една од водечките карактеристики, особено значајна за

секоја жена и мајка, е високата безбедност во автомобилот.

Новиот Peugeot 208 овозможува едноставно поставување на

детското седиште преку интегрираниот Isofix систем – без

комплицирани елементи, задржувајќи ја безбедноста на

детето на прво место.

Друга носечка карактеристика е Active City Brake – нова

технологија што овозможува да се избегне несреќа или да

се намали нејзината тежина ако не реагира возачот. Таа се

вклучува во градски услови со брзина помала од 20 километри

на час. Овој модел поседува 6 воздушни перничиња за

безбедност, програм за електронска стабилност (ESP) како

стандардна опрема, систем против пролизгување на тркалата

(ASR), систем за динамичка контрола на стабилноста (DSC),

помош при нагло сопирање (EBA), систем против блокирање

на тркалата (ABS) како и систем за електронска дистрибуција

на силата за сопирање (EBD).

А, на EuroNCAP тестовите за безбедност, Peugeot 208 е

одликуван со максимални 5 ѕвезди.

КОМПАКТЕН И УЛТРА-ЕФИКАСЕН АВТОМОБИЛ

Почнувајќи од женската чанта, на секоја жена ѝ е потребен

простор плус што ќе одговори на сите нејзини потреби.

Компактната големина на новиот Peugeot 208 – во должина

помала од 4м – во комбинација со својот компактен

управувач, го прави овој модел агилен и ултра-ефикасен

во градски услови и создава забавно и возбудливо искуство

при возењето. Воедно, поседува најдобар багажен простор

во класата и изобилува со простори за оставање ситници во

внатрешноста.

Покрај лесното управување во град и на отворен пат, новиот

Peugeot 208 е практичен и за секојдневно користење и

едноставен за паркирање, благодарение на камерата за

возење наназад, паркинг-сензорите (детекција на скриени

предмети при возење наназад) и Park Assist (помош при

паркирање наназад, со брзина под 8 км/ч.) Двете опции од

опремата можат да се користат заедно.

ВОЗБУДЛИВО, ИНСТИНКТИВНО ВОЗЕЊЕ

Во внатрешноста на новиот Peugeot 208 сѐ е лесно достапно,

а задавањето команди е многу едноставно благодарение на

Peugeot I-Cocpit. Изобилува со висока технологија, стилски

ентериер, каде што секој детаљ е внимателно осмислен,

почнувајќи од местата за складирање предмети, изборот на

материјали, сѐ до беспрекорното технолошко осветлување.

Напредната user friendly технологија го прави автомобилот

едноставен за користење, а екранот се поврзува со интернет

и дава можност за пребарување.

„МОТОР НА ГОДИНАТА“

Производителот е посебно горд на признанието „Мотор на

годината“, што беше врачено на 17. издание на International

Engine of the Year Awards, а се однесуваше во категоријата

волумен 1,0-1,4 на трицилиндричниот турбомотор

PureTech. „Пежо“ има вложено многу за овие нови мотори

да акцентираат и грижа за околината, респектирајќи го

еколошкиот момент.

ФИНАНСИСКА ЕКОНОМИЧНОСТ

Имајќи го предвид ефикасното распределување на буџетот,

возилото не треба да биде првата финансиска ставка во

семејството. Цената на тестираниот модел соодветствува

на нејзината вредност, квалитет и врвни перформанси:

автомобилот Peugeot 208, 1.2 Pure Tech, Active (со

дополнителни елементи) изнесува 13.280 евра.

Мозаик

ПАТУВАМЕ СО

ДРАГАН ТАПШАНОВ

АВАНТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ НИЗ НЕПАЛ ПРЕКУ

ФОТОГРАФИИТЕ И ПАТУВАЧКИОТ БЛОГ НА

ДРАГАН ТАПШАНОВ.

Фотографија и текст*: Драган Тапшанов

Непалските носачи и нивните помошници

Во 2005 година, прогласени за најсилните луѓе во светот според National

Geographic, непалските носачи сѐ уште се борат со препреките кои им

ги поставуваат Хималаите. Со развивањето на планинскиот туризам во

Непал и носачите добиваат мал дел од финансискиот колач - освен како

доставувачи на роба за локалните села, сега се и неопходни членови на

секоја експедиција.

На фотографиите десно се носачи од регионот на Лангтанг, доставувачи

на намирници, но и носачи кои се членови на кореанската екпедиција за

освојување на врвот Церко Ри. Носачите на поголеми експедиции најчесто се

помогнати и од магариња и коњи кои освен што служат за носење на товар,

во снежни услови се користат и за пробивање и оформување на патеката.

Патеката до Кјанџин Гомпа

Снежна олуја, минусни температури, снег

длабок еден метар, се само дел од предизвиците

што требаше да ги совладам за да стигнам до

последната база Кианџин Гумба, Лангтанг.

Патеката е рај за документарните фотографи во

зимскиот период поради номадите кои со своите

коњи ги напуштаат огништата во селата што се

наоѓаат над 3000 метри надморска височина и

се спуштаат во непалските висорамнини каде

го поминуваат остатокот од зимата. Освен

номадите, додека ја искачував патеката до врвот

Церко Ри бев придружуван од шерпаси кои

беа на пат да го обезбедат преминот до врвот

Јала, но среќата не беше на наша страна зошто

регионот што го искачувавме беше зафатен од

опасна снежна олуја и моравме неколку ноќи да

поминеме во последното село-база и да чекаме

стишување на бурата.

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

Малиот чувар на јаковите од Госајкунда

На високите предели на Госајкунда, Хималаја во Непал,

деца на возраст од 4 години, па нагоре се водичи и чувари

на фамилијарните јакови. Поради изолираноста на

нивните села тие не посетуваат школо и нивниот живот го

поминуваат грижејќи се за фамилијата, нивите и стоката.

Според бројот на јакови се мери богатството на една

тибетанска фамилија, а цената на еден јак изнесува од

400 до 600 долари.

Децата кои може да се сретнат по пасиштата на Госаикунда

и други предели од Хималаите се најчесто опремени со

ножеви кукри што ги наследуваат од нивните родители

кога ќе почнат со нивната работа со стоката. Јаковите од

овие предели најчесто се напаѓани од јагуари во зимскиот

период од годината.

Трагедија е што овие дечиња немаат услови да посетуваат

училиште и да се социјализираат со други деца поради

изолираноста на нивните живеалишта. Наскоро Обединетите

нации планираат да отворат училиште со интернат во

Бесисахар каде дечињата од високите планински села ќе

може да престојуваат колку што е потребно и да се здобијат со

квалитетно образование.

Ова девојче го фотографирав во селото Бамбу (над 2000 м.)

додека ручав во „ресторанот“ на нејзините родители.

Хималајски образи

Според кожата на децата на Хималаите можете да видите колку

е тежок животот над 2000 метри надморска височина. Јакото

сонце, силниот ветар, сувиот студ се само дел од факторите што

влијаат на нежната кожа на овие дечиња. Освен природните

фактори, и работната обврска во нивите и фармите што

започнува од најрана возраст, влијае на нивната кожа и здравје.

ФИЛМОВИ ВО

ФЕВРУАРИ

Во месецот посветен на „Оскарите“ (не пропуштајте ги

на 28 месецов), ви предлагаме неколку нови филмови

во различни жанрови. Драми, трилери, еден анимиран

филм – во предлозите подолу ќе најдете по нешто за

сечиј вкус!

„SNOWTIME!“

За да се занимаваат за време на зимскиот распуст,

децата од малото село решаваат да организираат

масовна тепачка со снежни топки. На чело на двете

спротивставени страни се Лук и Софи. Софи и

нејзините пријатели се трудат да ја зачуваат снежната

тврдина од нападите на Лук и неговата банда.

Договорот е – кој ќе ја окупира тврдината до крајот на

распустот, победува.

„4TH MAN OUT“

Адам (Еван Тод) е просечен маж од средната работна класа во Америка.

Работи како автомеханичар, а слободното време го поминува со неговите

другари Крис (Паркер Јанг), Ник (Корд Оверстрит) и Орту (Џон Габрус) со кои

прави сѐ – пијанење, играње игри, покер, запознавање девојки. Но, има нешто

што пријателите не го знаат за Адам. Тој не е заинтересиран за жени. Кога ќе

им каже на пријателите за неговата сексуална определба, тие му ветуваат дека

ништо меѓу нив нема да се смени. Но, дали ќе биде навистина така?

„REGRESSION“

Дејството се случува во Минесота во 1990

година. Детективот Брус Кенер (Итан Хок)

го истражува случајот на младата Ангела

(Ема Вотсон), која го обвинува татко ѝ

Џон Греј (Давид Денцик) за злосторство

што тој не се сеќава дека го сторил. Кога

Џон сепак ја прифаќа вината, психологот

кој треба да работи со него на враќање

на сеќавањата, д-р Рејнс (Дејвид Тевлис),

полека открива ужасна мистерија зад

целата приказна.

„TOUCHED WITH FIRE“

Хемијата меѓу двајцата поети со

биполарно нарушување Карла

(Кети Холмс) и Марко (Лук Кирби) се

разгорува уште кога ќе се запознаат

во една медицинска установа.

Нивната страст ги надминува

границите на нормалноста, одејќи

во чудесни височини во моментите

кога се и обајцата екстатични, па сѐ

до измачувачки длабочини кога се

депримирани. И сѐ така додека не

мора конечно да избираат помеѓу

здравиот разум и љубовта.

„REMEMBER“

Двајцата преживеани од Аушвиц, Зев (Кристофер Пламер) и неговиот пријател

Макс (Мартин Ландау) прават план во преостанатите денови од нивните животи да

завршат една недовршена работа: да го пронајдат наци-командантот одговорен за

убиството на нивните семејства за време на Втората светска војна. Макс е преслаб и

изнемоштен, па така Зев, иако веќе соочувајќи се со Алцхајмерова болест, заминува

на пат за пронаоѓање на поранешниот злосторник, не знаејќи дека ќе се соочи со

шокантен заклучок.

120

НОВИ МУЗИЧКИ

ПРЕДЛОЗИ

ПРЕСЛУШАЈТЕ ГИ НОВИТЕ АЛБУМИ НА ОМИЛЕНИТЕ

АРТИСТИ.

„MISCONDUCT“

Кога младиот амбициозен адвокат Бен (Џош Думел) ќе

преземе случај и ќе се најде во борба со корумпираниот

директор на фармацевтска компанија Денинг (Ентони

Хопкинс) и неговиот постар партнер Абрамс (Ал Пачино),

набрзо ќе сфати дека и самиот се вплеткал во случај полн

со уцени и поткупливост. Колку далеку се подготвени да

одат двете страни за извојување лична победа?

CULT

„HIDDEN CITY “

На петти ноември 2015-

та беше објавено дека

новиот албум на „Калт“,

„Hidden City“ ќе излезе

на петти февруари 2016

година. Тој е последен

дел од трилогијата што

почна со „Born into This“,

а воедно е и петти пат

откако Боб Рок продуцира

албум на „Калт“. Најавата за албумот е дека ќе има многу „тежок

гитарски ритам“.

ALL I NEED

„FOXES“

Вториот албум на

британската пејачка

и текстописец Луиза

Роуз Ален, или подобро

кажано Фоксис, е многу

поемотивен од нејзиното

првенче. Песните се

повокални и поисполнети

со звуци на пијано и

гудачки инструменти, а

инспирацијата Фоксис ја пронашла во нејзините врски. Самата

вели дека искреноста во вториот албум по малку и ја заплашува.

WILD NOTHING

„ LIFE OF PAUSE“

Текстописецот и автор

Џек Тејтум, подобро

познат по неговото

сценско име Вајлд Натинг,

на 19-ти овој месец ќе

го промовира својот нов

албум. Самиот за него

вели дека очајнички се

труди да биде поразличен

од другите негови албуми,

сакајќи да не припаѓа на ниту еден правец или стил. За да го

постигне тоа, се труди одново и постојано да се пронаоѓа себеси.

121

Мозаик

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

ДВА КРИМИНАЛИСТИЧКИ РОМАНА, ЕДЕН ЉУБОВЕН И ЕДНА КЛАСИКА –

ВО ФЕВРУАРИ ВИ ПРЕДЛАГАМЕ РАЗЛИЧНИ ЧЕТИВА ШТО ГАРАНТИРАНО

ЌЕ ВЕ ЗАИНТРИГИРААТ. КОЈ Е ВАШИОТ ФАВОРИТ?

„ПРВА ЉУБОВ“ ЏЕЈМС ПАТЕРСОН И ЕМИЛИ РЕЈМОНД [ТРИ]

Акси Мур е „добра девојка“: вредно учи, ги избегнува непријатните

ситуации и никому не кажува дека сака да избега од целиот свој живот.

Единствениот кому може да се довери е нејзиниот најдобар пријател

Робинсон – во кого случајно е и лудо вљубена. Кога неочекувано ќе

го покани заедно да патуваат низ земјата, Акси првпат во животот ги

прекршува правилата. Но, откако двајцата тинејџери почнуваат да бегаат

од полицијата, безгрижната авантура набрзо излегува од контрола... А кога

Робинсон ненадејно колабира, Акси се соочува со вистината дека тоа може

да биде неговото последно патување во животот.

„МРАЧНИ ТАЈНИ“ МИКЕЛ ХЈОРТ И ХАНС РОЗЕ [МАТИЦА]

Времето за најдобриот меѓу најдобрите дојде... телефонскиот повик,

навидувам вообичаен, беше само почеток. Една вознемирена мајка

пријави дека нејзиниот шеснаесетгодишен син Рогер Ериксон не се

вратил дома, а полицијата во Вестерос не стори нешто во првите денови,

верувајќи дека момчето тргнало во потрага по забава во главниот град.

И веруваа во тоа сѐ до мигот кога неговото осакатено тело исплива

во блиското мочуриште во Листашар. Во неговите гради недостигаше

срцето. Ритуално убиство ли е ова? Тоа беше мигот кога требаше да се

повика најдобриот – Себастијан Бергман, полициски и криминалистички

профајлер, специјалист за сериски убијци.

„ВПЕЧАТОЦИ И ПЕЈЗАЖИ“ ФЕДЕРИКО ГАРСИЈА ЛОРКА [ЃУРЃА]

Вистински книжевни медалјони, извонредно музикални, натопени со боите

и со звуците на Шпанија – Гренада, Севилја, Авила, Албаисин... Токму затоа

можат да се доживеат дури и како мали патописи. Тие изобилуваат со

описи на многу кастилијански крчми, манастири, градини, улици, празници,

ситуации... Во нив трепери летната жештина, дувка пролетното ветре, а

„...зимските денови се претвораат во полиња од соништата...“

„ИСПОВЕДТА НА ЛУСИО“ МАРИО ДЕ СА-КАРНЕИРО [БЕГЕМОТ]

„Исповедта на Лусио“ е едно од најважните дела на Марио де Са-Карнеиро,

бидејќи ги обработува неговите три главни животни опсесии: самоубиството,

перверзната љубов и ненормалниот развој што кулминира со лудило.

Приказната се развива меѓу Рикардо, Лусио и Марта, што е страсниот јазол

меѓу нив двајца. Во форма на криминалистички роман, дејството почнува

со исповедта на Лусио за смртта на својот пријател Рикардо и минува десет

години во затвор.

Напишана со колоритен и раскошен стил, „Исповедта на Лусио“ е приказна

за љубовта, прељубата, боемството, уметничката треска...

122

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

Портрет поддржува македонска поезија

Вложив многу во мојата нерамнотежа.

(Прашајте ги келнерките.)

Одев несигурно и се нишав лево-десно

како што син ми сега се напрега да прооди

стабилно и цврсто, без ничија помош.

Не брзај, сине.

Ниедна вртоглавица не е бесплатна

освен оваа.

Ќе те чекам на центарот на игралиштето

кога тоа ќе престане да биде центар на твојот свет.

Сонцето на залез како дупната топка ќе нè спречи

да се надмудруваме со дриблинзи.

Патиките врзани меѓу себе

закачени на електричните кабли

што ги осветлуваат приказните за добра ноќ

се вага што покажува совршена рамнотежа.

Боси сме и фатени под рака.

Ми раскажуваш за пијанството.

Ти раскажувам за проодувањето.

Од далеку, не се познава кој кого придржува.

Автор: Иван Шопов

123

Мозаик

ЖИВОТНИ ЛЕКЦИИ СО

ВАСКО ЕФТОВ

НИЗ ГОДИНИТЕ

НАУЧИВ…

„Во центар“ ме направи... премногу во центарот за мој вкус.

По илјадници интервјуа и стотици емисии сè уште да

наоѓам инспирација во... стравот дека не сум ја направил

најдобрата емисија.

Да се релаксирам со... што би рекол Дино Мерлин –

најдобро е кога имаш некој со кој можеш да молчиш.

Новинарска кариера најтешко се гради... ако

новинарството го сфатиш како професија.

Мораш да се однесуваш како со љубовница

– да има страст, разочарување, еуфорија,

да бидеш анализиран, сакан и мразен, но

секогаш да имаш искра во погледот со која

ќе ја врзеш публиката пред малите екрани.

За гледана емисија треба многу повеќе од... треба сѐ. Но,

најважно е во ниту еден момент публиката да не сфати

дека не си господар на целата ситуација.

Ексклузивен гостин, звучно име, значи/не значи секогаш

добра емисија... И најдобрите ќебапчиња се јадат во оние

биртии, каде што келнерите не можат да стигнат да ги

сменат извалканите чаршафи.

За да зачуваш независност на македонската политичка

сцена потребно е... да ти се плашат политичарите. Да ги

гледаш цело време директно во очи и во ниту една секунда

да не го спушташ погледот пред нив.

Во 2015 година најинтересен соговорник ми беше... не го

снимив. Ми беше срам да направам интервју сам со себе.

Ги користам социјалните мрежи за... да бидам носталгичен

по она време кога денот го почнувавме со кафе и мирисот

на тазе купените дневни весници.

Најголема предрасуда за мене е... Предрасудите мораат да

останат предрасуди, бидејќи ако ги нема нив, тогаш се губи

привлечноста да се биде популарна личност.

Мојот омилен историски лик ме научи... дека балансот ја

овозможува долговечноста во кариерата.

По емисија за која на почетокот знам дека ќе биде

антологиска, најтешко ми е... да ја снимам следната

емисија.

Кога соговорник ми напушти интервју, тоа го доживеав...

како нешто гладијаторско во оваа новинарска професија.

Тоа е мешавина на жал дека тоа ти се случило и чувство

на една исконска супериорност да не ви биде земен

просторот.

Престанав да се нервирам за... Не престанав да се

нервирам. Само се обидувам нервирањето да го претворам

во креативност, а не во деструкција.

Од мојот најголем страв научив... дека само будалите не

се плашат. Храбри се оние што ги прават работите од кои

се плашат.

Кога ќе ти забранат емисија многу е важно да... се

навикнеш на тишината и на молкот на мобилниот телефон.

Тогаш сфаќате дека во новинарството е многу поважно да

ви се плашат отколку да ве сакаат.

Ме инспирираат луѓе што... свесно ги провоцираат

предрасудите во општеството.

Сакам да читам за... историски личности.

Од просечен новинар до новинарски бренд има... разлика

од една секунда. Во таа секунда ќе го поставите или нема

да го поставите вистинското прашање.

За да ја зачуваш приватноста во мала земја како нашата

најважно е... да уживаш во индивидуалноста. Тоа е како да

јаваш тигар, не знаеш каде ќе те однесе, а се плашиш да

се симнеш, да не бидеш изеден од него. Мораш да научиш

како да живеете заедно.

Колумна

POST HOLIDAY BLUES

Jа почнав годината со пат до Истанбул

со автомобил, осми месец трудна, со две деца

што наизменично се тепаа, јадеа како термити, плачеа,

па повраќаа... Нова година ко секоја друга, ништо посебно, со најблиските

во домашна атмосфера. Од нигде никаде почнаа да ми доаѓаат безброј спомени

од моите најбезгрижни години, кога бев млада и убава... и слободна. Ќе ме потсетеше

ретро песна, парфем. Ќе се сетев на многуте безделнички, скитнички денови, кога единствено

замарање ни беше од кој кафич* каде да се оди. Ред спомени, ред реалност… Будење по сто пати

секоја ноќ, мамо дај млеко, WC од труднички причини, WC за да го усовршиме животот без пелени,

заспивање по 15 минути од почетокот на кој било филм. Не знам што повеќе ме фрустрираше, дали тоа што

кога сум ги имала сите услови да уживам сама во себе, во патувања, да спијам... многу да спијам, да гледам цели

сезони серии, сум плачела по кретени, или што сега кога ги имам исполнето емотивно најприфатливите клише

норми, сопруг, скоро три деца, сакам да сум безделник со средношколски манири. Се чудев зошто годината ми

почна вака безвезе, сѐ им препишував на трудничките хормони. Ми текна и на глупоштините што ги читав на времето

во Cosmopolitan, па си поставив дијагноза дека имам пост-празнична депресија. Она кога после лудите новогодишни

журки, не можеш да се вратиш во реалноста. Јас Нова година ја пречекав во XL тренерка и горна пижама. Дефинитивно

моево не беше post holiday blues.

Кулминираше пред некој ден. На работа последна недела пред затварање на бројов, дома моиве двајца невозможни.

Се тепаа, скубеа, вриштеа за секоја играчка, ми го скршија телефонот, ја ишкртаа дневната кречена пред месец дена.

Бев скоро пред расплачување... И тогаш ја згазнав најмалата и најостра Lego коцка... На босо... Мислам дека женска

ламја, онаква со замок, со оган, со костури по ходниците, најдобро би ме опишала како изгледав во тој момент.

Толку многу им викав што сами отидоа да си легнат. И после плачев филмски, кратко ама со липање, како да

одеше во позадина All by my self од Celine Dion, толку филмски плачев. Кога ми помина (негде за три и пол

минути) одма ми беше значително полесно. Го немаше глупавото чувство што ме мачеше 10 дена. Отидов

да ги видам децата. По сите борби, спиеја заедно, гушнати. Ми оставиле и писмо: We hate LEGO toys

and we love you mamma.

Се смеев ко зелена. Сфатив што ми беше. Ми беше живот. Таквите безвезни недели,

месеци, ко моите претходни нѐ спремаат за секундите ко овие со писмото од

моите деца.

Само еден месец помина од годинава а јас веќе доживеав

просветление. Ова е моја година, до крајот на

годината ќе станам духовен гуру. :)

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

125

Изборот е слобода

ТЕЛЕСНОТО ЗБОРУВА

ЗА СЛОБОДАТА

БИЛЈАНА ТАНУРОВСКА-ЌУЛАВКОВСКИ, КУЛТУРЕН РАБОТНИК

Пишува: Ана Јовковска

ЛЕАВРОВСКОТО СРЦЕ ШТО ГО ОТСЛИКА КАУРИЗМАКИ ГО

ВИДОВ И КАЈ ОВИЕ ЛУЃЕ ВО ЈУЖНА ФРАНЦИЈА

Откога летоска ги запознав другарите од Ле Авр на другарка ми Беатрис на нејзината

роденденска забава, повторно ми стана актуелен „Ле Авр“ на Аки Кауризмаки.

Филмот, освен што го отсликува во стриповска естетика тој темен, индустриски град,

зборува и за љубовта, човекољубието и солидарноста. Тоа големото леавровско

срце што го отслика Кауризмаки го видов и кај овие луѓе. Некоја коинциденција,

синхроницитет се случи. Големи срца кај Кауризмаки на платно и исто така кај Беа на

забава во јужна Франција. Знам дека моево гледање може да звучи чудно, ама морам

да си дозволам да си ја развивам асоцијативната мисла, за да не се претворам во

некој хард диск, каде што само ќе се полнат информации без приказна.

ТАТКО МИ БИЛ ВО ЊУЈОРК КОГА СУМ СЕ РОДИЛА, А БЕРЛИН

СТАНА „МОЈОТ“ ГРАД

Градот за кој имав најобоени асоцијации беше Њујорк. Тој секогаш беше во

приказните од моето детство, затоа што татко ми бил таму кога сум се родила. Кога

првпат отидов таму, го обоив со тие бои од детството и знаев дека ќе се среќаваме

повеќепати. И така би, секогаш има некоја работа што ми овозможува да одам

пак таму. Другиот град каде што долго сакав да одам е Берлин, и ете, се случи и

тоа. Берлин стана градот каде што би сакала сè повеќе да се враќам, градот на

мојата сегашност. Првиот пат кога слетував не можев да им се изначудам на бројот

на дрвјата што ги гледав. Да се разбереме, не дека сум напатена што во моето

најдраго Скопје секој ден по едно дрво се сече, туку затоа што на афективно ниво

е неизбежно да реагираш со восхит. Берлин е градот обоен во зелено, градот на

современата уметност, другар на сите возрасти, раси, ентитети, градот на минатото

и сегашноста. Кога одам во Берлин најмногу сум во Вединг, дел на Берлин каде што

живеат емигранти и каде што се изградија Уферстудиос, 14-тина студија за современ

танц и перформанс. Таму се чувствувам како да сум на свое, таму среќавам убави

луѓе, гледам претстави, слушам предавања, останувам долго во ноќите да разговарам.

КУЈНАТА НА МАЈКА МИ Е НЕПОВТОРЛИВА. ЉУБОВТА БЕШЕ

НЕЈЗИНИОТ ЗАЧИН

Сакам разна храна, сакам македонска, јапонска, арапска, таи кујна и во секоја кујна

што сум имала можност да ја пробам наоѓам нешто што ми се допаѓа. Арно ама,

кујната на мајка ми е неповторлива. За жал, мајка ми не е тука веќе, до мене, за да

ми направи кога и да посакам една касато торта, супа или неповторливи тортелини

или... Покрај таа храна, мајка ми Вера ја произведуваше и онаа „безрезервната“ –

што за мене имаше најхранлива вредност оти ја знаеше дозата на нежност, острина,

критика, поддршка, дозата кога да каже, праша, слуша и сè убаво зачинуваше со

љубов. Јас се мачам рецептот на мајка ми да го откријам за да знам да „готвам“ така

добро и за ќерка ми. А што се однесува до другите рецепти, за колачи, пити и други

работи, тие ни ги пренесе, арно ама јас ништо од готвењето, но брат ми така добро ги

усоврши што некогаш кога јадам го чувствувам мирисот на мајка ми.

„КИНО КУЛТУРА“ Е СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА НА

СЕЌАВАЊА

„Кино Култура“ е она за кое долго сонувам. Многу ќе речат дека тоа е „луда“ идеја,

бидејќи во овие времиња е неодржлива, нејсе, ќе учиме како можеме да го развиеме

овој модел за простор што нема да ни служи само нам туку и на пошироката

заедница. Тој простор е сон за отвореноста, за уметноста и за можноста да се

твори. „Кино Култура“ не е само објект, тој е скулптура извајана со содржините

низ минатото, со животните приказни на луѓето кои доаѓале, минувале, работеле и

живееле таму. Тој објект е споменик на културата на сеќавањата, што за жал кај нас

сè повеќе се бришат доколку за доминантната политичка приказна се неприфатливи.

Се шегувам понекогаш со Слободан Унковски и Ацо Поповски дека можеме да

напишеме водич за барање простор, што ќе ги содржи сите наши анегдоти во таа

долгогодишна авантура. Знаете, не треба многу за остварување на соништата,

само треба да се препознаат, затоа што само тогаш се претвораат во реалност што

преобликува. Во ова лудо време, за жал, многу добри соништа останаа неостварени,

а оние лудите станаа реалност.

ТЕЛЕСНОТО ЗБОРУВА ЗА СЛОБОДАТА

Како селекторка на претстави сум имала можност да видам многу и онаа што ќе ја

издвојам е на еден прекрасен млад кореограф, изведувач и истражувач, Фабијан

Барба, кој доаѓа од Еквадор, а претставата е реконструкција на делата на Мери

Вигман. Ова негово дело го гледав по третпат. Еднаш го гледав во Виена, па во

Истанбул, па сега пред еден месец во Љубљана. Го издвојувам затоа што е една

од оние претстави што се развиваат со секоја изведба, што се надживуваат и

себеси. Мери Вигман, заедно со Рудолф фон Лабан и Исидора Данкан, е една

од основоположниците на модерниот танц во Европа. Таа работи во дваесеттите

и триесеттите години на минатиот век, обидувајќи да ги пробие конвенциите на

класичниот балет преку промислување на нови техники и јазик на движење. Ова дело

на некој начин е и посвета на модерниот, експресионистичкиот танц, разработена низ

истражување на движењето, телесното и когнитивното, на историското прегледано

низ личното читање на едно време – невреме. Телесното зборува за слободата, но и за

ропството во сопственото себезамајување за вистината во времето на нацизмот.

КНИГА ЗА КОСМОПОЛИТИЗАМ, АНТИФАШИЗАМ, ОТПОР, СОЛИДАРНОСТ, ЗАЕДНИЦА

Мојата добра другарка, Драгана Алфиревиќ, Србинка која живее и работи во Словенија, еден ден ми се јави и ми рече дека

има една книга што ќе треба да ја прочитам „Јуропа – Југословенско наследство и политики на иднина во постјугословенските

општества“ од Тања Петровиќ. Ништо не ми значеше авторката, арно ама ја послушав и кога бев во Белград уредно си ја

купив, затоа што Драгана ми рече дека книгата ќе ми разјасни некои недоумици и ќе одговори на нашите прашања околу

постјугословенската негативна аура создадена од поствоените и неонационалистичките политики на овие простори. Оваа книга

зборува за културните и идентитетските политики, за вредностите како антифашизам, космополитизам, отпор, солидарност,

заедница, самоорганизација, што се интегративен елемент на тоа општество, а сепак тоа минато често само се сведува на

историски факт или се брише. Да, оваа книга ми потврди дека треба и понатаму тврдоглаво да ја продолжиме работата што сме ја

почнале.

127

INSTAGRAM

ИНСПИРАЦИЈА

РЕЧИСИ НЕВОЗМОЖНО Е ДА ИМАТЕ ДОМАШЕН МИЛЕНИК, А

ИСТИОТ ДА НЕ ГО ФОТОГРАФИРАТЕ И ПОСТИРАТЕ НА ИНСТАГРАМ.

ЗАСПАН ВО НАЈЛУДА ПОЗА, НА ПРВИОТ СНЕГ, ПРИ ПРОШЕТКА...

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО НЕКОИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТАГРАМЏИИ ГИ

ФОТОГРАФИРААТ СВОИТЕ МИЛЕНИЧИЊА И КАКО ГИ НАМАМУВААТ ДА

ЗАСТАНАТ ПРЕД КАМЕРА.

@SoleMilo

Соња Милошевска

На фотката е: На аватар

фотката е Лиса Мило,

јапонска акита, а на другата

Пино Мило, јоркширски

териер.

Опишете ги со неколку

зборови: Лиса е весело,

игриво и мило животно, голем

и лојален чувар пред сѐ. Пино

е малечок, итар, хиперактивен

и секогаш гладен.

За да извлечам добра фотка од нив: Лиса успевам да ја

изманеврирам за фотографирање или со гушкање или

со грицки. Пино пак е расположен за фотографирање

во секое време. (се смее)

@_emabo

Ема Николовска

На фотката е: Без име, но

кога ќе направи беља го

викаме Мици (машко е). Го

чувам веќе 9 години и тој ни

е омиленото створче дома.

Опишете го со неколку

зборови: Најголемиот

мрзливец и најголемиот

крадец на храна.

За да извлечам добра

фотка од него: Тежок е на

фотографирање и тоа е страшна борба. Како што може

да се забележи, мирен е само кога спие или доколку

некој мавта со храна. (се смее)

@v.stoimirov

Виктор Стоимиров

На фотката се: Холмс,

боксер, и Нела, мопс.

Опишете ги со неколку

зборови: Холмс едвај чека да

излезе надвор и да игра, а

Нела е посмирена. Во глава ѝ

се вртат само храна, чешкање

и спиење.

Сакаат да се фотографираат:

Не можат да седат долго

време на едно исто место

кога сме надвор.

За да извлечам добра фотка од нив: Најчесто им

давам наредба да седнат, а зад мене стои девојка ми

за да им привлече внимание.

@t.karic

Тамара Кариќ

На фотката е: Лекси,

мешанче, 1,5 година.

Опишете го миленикот

со неколку зборови:

Најоткачениот пријател

што некогаш сум го имала,

со најмногу потенцијал

за љубов и позитивна

хиперенергија.

Сака да се фотографира:

Кога е во состојба за

галење или кога знае дека ќе добие награда. На тој

начин се добива и добра фотка од неа.

@velinovav

Ведрана Велинова

На фотката е: Џо, англиски

булдог.

Опишете го со неколку

зборови: Премногу

приврзан за секој член

@doctorzee981

од семејството, гооолем

спанко, поголемиот дел од

денот го поминува в кревет.

Многу е мирен, ретко лае,

често ’рчи.

Сака да се фотографира:

Во една положба може да

седи со часови, па не ми претставува проблем да го

фотографирам.

За да извлечам добра фотка од него: Најчесто кога

сакам да го смирам, му вклучувам греалка, пред неа

е целосно хипнотизиран.

@erikapesik

Ерика Пешиќ

На фотката е: Мајло, бигл.

Опишете го со неколку

зборови: Претерано

хиперактивно, паметно

животинче, пријателски

настроено кон секого и

секогаш расположено за

игра.

Сака да се фотографира:

Обожава да позира кога е

дома, а надвор буквално не

ме перципира. (се смее)

За да извлечам добра фотка од него: Искрено,

немам потреба да го смирувам, обично е

расположен, но во ретки случаи најчесто го

залажувам со некој бисквит или името на неговата

пријателка Леа (се смее).

128

Доколку Instagram е една од вашите омилени апликации, пратете ни ваши фотографии на contact@portretmag.com или

користете го хаштагот #portretmagazin за обележување на вашите фотографии.

„И ОТКАКО ЌЕ СИ

ЗАМИНАМ СИГУРНО

ЌЕ СЕ ВРАЌАМ ВО

СКОПЈЕ“

Passport control

Колку навистина ви недостига родната земја

сфаќате тогаш кога сте далеку од неа. А сте

помислиле ли како ја доживуваат Македонија

оние што во неа поминуваат неколку месеци

или години? Уживајте во престојот!

Пишува: Тања Тодоровска

Каква е приказната зад вашето доаѓање во Македонија?

До 2013 година играв во РК Копер, а кога во клубот се

појавија проблеми и финансиски ситуацијата не беше толку

добра, требаше да променам средина. Тогаш како можност

се појави „Вардар“, кој почна амбициозно да прави екипа

со одлични услови. На крајот сѐ испадна и подобро отколку

што мислев и самиот.

Дали тука ги имате сите услови за напредок во вашата

кариера?

Дури и повеќе од тоа. Ова е клуб што навистина има сѐ што

еден играч би посакал. Имаме своја сала, односно две,

лекарска служба, базени, спа-центар, одлични навивачи,

супер атмосфера на натпреварите... Лично, сметам дека сега

на секој играч му е чест да дојде да игра во Вардар.

Дали градот ви нуди богата понуда по завршувањето на

професионалните активности?

Колку и да е напорно со сите натпревари и тренинзи, сепак

имаме и слободно време. Градот е супер, голем е, има сѐ

што е потребно, климата е супер, топло е, има многу сонце.

Освен Скопје, сум бил во Охрид, на Маврово, на ловење

риби, бидејќи сакам рибарење и на други места каде што ме

воделе пријателите од Македонија. Има многу можности за

користење на слободното време, не само во Скопје туку и во

цела Македонија.

Дали некој дел од градот ве потсетува на вашиот роден

град?

Не можам да кажам дека Скопје ме потсетува на Љубљана.

Тука е поразличен животот, многу е поопуштено, има многу

ресторани, многу кафеани, каде што луѓето се дружат

повеќе отколку во Словенија. Кај нас, освен во петок и во

сабота, по полноќ сѐ е затворено. Во Скопје поразличен

е начинот на живот, сѐ е малку полежерно, поопуштено и

луѓето се многу љубезни. Имам само добри искуства и многу

пријатели и тоа не само друштвото што игра со мене туку и

луѓе надвор од ракометните кругови. Така што, и откако ќе

си заминам, сигурно ќе се враќам во Скопје за да ги видам.

Ќе ми останат многу спомени.

Како се справувате со надминувањето на јазичната

бариера? Дали учите македонски јазик?

Па, не учам, но разбирам сѐ, дури би можел и да го зборувам,

Име и презиме: Матјаж Брумен

Професија: Ракометар во РК Вардар

Матична земја: Словенија, Љубљана

Во Македонија од 2013 година

но малку се срамам, така што подобро е да зборувам српски

или хрватски. На почетокот, кога дојдов, не разбирав баш сѐ,

ама по еден месец и тоа се промени.

Што би промениле во Скопје за да ви биде престојот тука

уште попријатен?

Недисциплината што се однесува на автомобилите. Луѓето

возат лудо, не се почитува паркирањето и тоа ми пречи.

Градот е супер, но нема многу зелени површини, има сѐ

повеќе згради, воздухот е нечист и во тој однос, според

мене, би требало малку повеќе да се внимава, да се направи

нешто повеќе во таа насока.

Кое ви е омилено, традиционално јадење? И дали постои

нешто што никогаш не би пробале повторно?

Па, искрено, досега не се случило нешто да не биде добро. Сѐ

е многу вкусно, а особено ние играчите треба да внимаваме.

Понекогаш поради тоа се појавуваат и некои мали проблеми

со килажата, но со тренинг тоа се поправа.

STREET & STYLE

РАЗЛИЧНИТЕ МОДЕЛИ НА ЗИМСКИ OUTWEAR ИМ ДАДОА СТИЛСКИ ПЕЧАТ НА

МОДЕРНИТЕ МОМЦИ И ДЕВОЈКИ НИЗ ГРАДОТ.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Тијана Каевска Стела Поповска Маја Кикириткова

Марија Амски

Јасна Чилиманова

Драги Павлевски

130

131

132

НОВО!

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!