03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Моја Борба

Пред да го запознаете вашиот партнер, дали размислувавте

да ја напуштите Македонија поради предрасудите и ставот за

хомосексуалците, што генерално владее во нашата држава?

Да, за жал, како и поголемиот број на млади луѓе кои сакаат да

заминат од државава поради различни причини и јас сакав да ја

напуштам нашата земја веднаш по завршување на студиите. Но,

еве испадна вака, непланирано од емотивни побуди (се смее).

Кога решивте да зборувате отворено на оваа тема, имаше ли

некој настан, момент, што ја иницираше вашата одлука?

Уште од првиот момент кога ми беше јасно дека сум

хомосексуалец, знаев дека нема да си дозволам себеси да

бидам како поголемиот дел од македонските хомосексуалци,

исполнети со огромен страв да не ги открие некој. Или,

уште полошо, да завршам како некои латентни личности што

повредуваат други, што стравот од она што го гледаат во

огледало, го пренасочуваат во омраза кон сите што имаат

храброст да бидат тоа што се. Така што, моментот кога се

прифатив себеси, беше моментот кога се отворив пред сите.

Знаеме дека речиси е невозможно во средина како нашата

да имате еднаков третман и слободи, доколку вашиот родов

идентитет отстапува од воспоставените општествени норми.

Каков беше вашиот живот во Македонија? Се чувствувавте

ли дискриминирано? Дали беше можна ваша инклузија во

општеството и, воопшто, имавте ли непријатни секојдневни

ситуации?

Јас сум машки пол и машки род, мојот родов идентитет се совпаѓа

со мојот пол. Единствено ме привлекуваат други личности од

истиот пол и род. Според мојот начин на размислување, тоа е

само дел од мене и не ме дефинира, не е преголема работа

и секогаш сум ја третирал така. Имав непријатни моменти и

ситуации, но главно функционирав нормално, не привлекував

внимание и не дозволував да бидам третиран како жртва.

Во идеални услови, она што некого прави добар родител е

разбирањето за чувствата, желбите и амбициите на своето

дете. Освен адаптивниот период во кој би прифатиле дека

нив апсолутно ништо не им менува сексуалната определба на

нивното дете, некои родители тврдат дека станале подобри

луѓе и развиле емпатија и сочувство кон други луѓе. Каква е

реалноста, во вашиот случај, со вашите родители?

Моментално, ситуацијата со моите родители е подобра и имам

одвреме-навреме контакт со нив. Кога приказната за мојата

венчавка експлодираше, нормално дека ситуацијата беше

ужасна за нив, но за неколку денови, кога спласна актуелноста

и се пишуваше и се зборуваше за други теми, работите почнаа

да се враќаат во нормала.

Родителите на вашиот партнер беа на вашата венчавка,

отворено ја подржуваат вашата врска и немаат никаков

проблем со изборот на својот син. Во какви моменти најмногу

ви недостига поддршката на вашите најблиски? Имаа ли вашите

родители можност да го запознаат Андреас? Пробавте ли да ги

разубедите или нивниот став е радикален и не оставаат простор

за да разговарате на таа тема?

Ние им понудивме на моите родители да дојдат, но одбија. За

среќа, семејството на Андреас ме третира како дел од нив, што

многу ми значи. Во Германија почнав да се чувствувам како

функционален дел од семејството и општеството. Моите родители

имаа можност да го запознаат, бевме во нивната куќа. Андреас

готвеше и поминавме неколку добри цивилизирани денови

заедно. Потоа работите тргнаа лошо, ситуацијата ескалираше и

стана невозможно да продолжиме со каква било комуникација.

37

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!