03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Мисли здрави мисли

ДОБРИ И ЛОШИ СТРАНИ НА ВЕШТАЧКИТЕ ЗАСЛАДУВАЧИ

Добрата страна на вештачките засладувачи е тоа што содржат

нула калории. На пример, во една чаша вода (2 дл) засладена

со шеќер има 65 калории, додека, пак, во пијалакот засладен

со вештачки засладувач има само четвртина од овој износ,

односно 15 калории. Една лажица шеќер (5 г) има околу 20

калории, а засладувачот во форма на таблета речиси и да

нема калории. Доколку се обидувате да го намалите внесот

на калории, како и количеството на прости шеќери, тогаш

вештачките засладувачи и другите замени за шеќер можат

да бидат една од опциите. Здравствените придобивки

од вештачките засладувачи можат да се забележат при

контрола на телесната тежина, кај дијабетесот и кариесот.

Лошите страни на вештачките засладувачи се честа тема на

дебатирање, а некои ги поврзуваат со создавање тумори,

што е последица на едно истражување од пред 40 години,

при кое е најдена поврзаност на сахаринот со појавата

на тумори на мочниот меур кај стаорците што биле дел од

научниот експеримент. Генерално, повеќето истражувачи се

согласуваат дека тие се безбедни за употреба, но треба да се

има на ум дека за секој засладувач постои дозволено дневно

количество. Согласно тоа, управата за храна има поставено

прифатливо количество на дневен внес за вештачките

засладувачи. Станува збор за количеството што е безбедно

да се консумира, по килограм од телесната маса, секој ден

во текот на животот. Проблемот е во тоа што ваквите мерки

се базирани врз истражувања направени на животни, па

научните докази за безбедноста на вештачките засладувачи

се неуверливи и непотполни. Многу од истражувањата се

водени или платени од компаниите што имаат право да ги

користат овие супстанции. Можеби уште повеќе загрижува

фактот што количеството на вештачки засладувачи не мора

да биде наведено на етикетата на производот.

ЗДРАВИ ПРИРОДНИ ЗАСЛАДУВАЧИ

Постојат неколку природни засладувачи што не влијаат

лошо на здравјето. Поточно, засладувачи што имаат мал број

калории, ниско ниво на фруктоза и многу сладок вкус.

Стевија

Стевија е еден од најпопуларните природни засладувачи,

а всушност претставува екстракт извлечен од листовите на

истоимената билка. Во листовите стевија постојат неколку

слатки компоненти до сто пати послатки од обичниот бел

шеќер што најчесто го користиме. Иако е многу слатка,

стевијата не содржи калории, а некои истражувања ги

докажаа и нејзините лековити својства: го намалува

покачениот крвен притисок за 6-14%, а воедно го смалува

нивото на шеќер кај дијабетичарите.

Во неколку научни истражувања се зборува за влијанието

на стевијата во подобрување на чувствителноста на

организмот на инсулин, намалувањето на ЛДЛ-холестеролот

и насобраните наслаги во артериите.

Доколку сакате да засладите нешто, можеби стевијата е

најздравиот избор. Сепак, постои и лоша страна. Многу

луѓе едноставно не го поднесуваат специфичниот вкус на

стевијата, а тоа сепак зависи од производителот. Пронајдете

го оној што најмногу ви одговара.

Еритритол

Еритритолот е уште еден засладувач со малку калории.

Всушност, претставува шеќерен алкохол пронајден во

одредени овошја, но доколку купувате еритритол во прав,

имајте предвид дека веројатно е добиен по индустриски пат.

Содржи 0,24 калории на грам.

И еритритолот не го крева нивото на шеќер и инсулин, ниту

има каков било ефект на биомаркерите на холестерол и

триглицериди. Се апсорбира во телото преку цревата, а

непроменет се исфрла преку бубрезите. Истражувањата

покажаа дека еритритолот е сигурен за употреба, но како

и другите шеќерни алкохоли, може лошо да влијае на

варењето доколку се користи во зголемени количества.

Има многу сличен вкус на шеќерот, но по неговата

консумација останува благ вкус во устата. Не може да се

каже дека еритритолот е здрав, но е помалку штетен од

другите шеќери.

Ксилитол

Ксилитолот, исто како еритритолот, е шеќерен алкохол

што содржи 2,4 калории по грам или две третини од

калориската вредност на обичниот шеќер. Докажано е

дека ксилитолот содржи компоненти што добро влијаат на

здравјето на забите, го смалува ризикот за создавање кариес

и крвавењето на забите. Воедно, добро влијае на цврстината

на коските со што помага при спречувањето на создавањето

остеопороза. Не го подигнува нивото на шеќер, ниту инсулин

во крвта. Исто како еритритолот, може лошо да влијае на

варењето, а доколку имате миленици, имајте на ум дека е

особено отровен за кучињата.

Јакон сируп

Во последно време хит меѓу засладувачите е јакон

сирупот што се добива од истоимената билка. Овој сируп

стана многу популарен откако е објавено дека е одличен

суплемент за намалување на килограмите. Особено богат

е со фруктоолигосахариди, што имаат иста функција како

растителните влакна што се добри за дигестивниот систем.

Јакон сирупот е многу делотворен при опстипација, но

претераната консумација може да предизвика проблеми со

варењето.

ШТО Е СО ОСТАНАТИТЕ ПРИРОДНИ ЗАСЛАДУВАЧИ?

Постојат неколку многу популарни производи што луѓето ги

користат наместо шеќер, а тоа се мед, меласа, кокосов шеќер

и јаворов сируп. Иако многу често се користат наместо

белиот шеќер, сепак тие не се разликуваат премногу од

него. Содржат малку пониска концентрација на фруктоза

и малку хранливи материи, но вашиот црн дроб нема да ја

забележи разликата во однос на обичниот бел шеќер.

Но, да разјасниме – малите количества шеќер нема да ви

направат никаква штета доколку не ги земате многу често

и доколку не боледувате од некоја болест што во целост

ја забранува употребата на шеќерот. Сепак, имајте на ум

дека шеќерите се празни калории, без хранливи својства

што лошо влијаат на здравјето на забите, но сигурно нема

да ви го уништат здравјето или да влијаат на здравиот црн

дроб. Сѐ е во умереноста. Ако се храните здраво и вежбате,

нема да ви наштети доколку повремено се засладите со

омилениот десерт.

99

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!