Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
би фатила. До толку сум гневна и немоќна. Што да сториме за

да го сопреме ова насилство? За жал, немам одговор на ова

прашање. Освен да излеземе на улици со мотики и копачи в

раце и да садиме дрвја кај што ќе стигнеме. Но, и тоа би било

своевидно насилство. Се сади со убава енергија, а не со гнев

и бес во срцето. Се сади и со план и со убава синергија меѓу

жителите и оние што толку многу се соживеале со власта што

заборавиле дека сонцето не е нивно, дека небото не е нивно,

дека природата не е нивна. Кога бев во Нов Зеланд, се сопре

изградба на автопат дури не си заминат оттаму птицитепреселници,

се забрани посета на еден мал полуостров затоа

што пингвините што таму живееле станувале депресивни во

присуство на луѓе, на ударни вести се кажуваше дека морало

да се исече некое дрво зашто било сето гнило и истовремено

веднаш се засадувало ново... Бескрајни се ваквите примери во

светот. Има начини да се крене свеста кај луѓето за односот кон

природата, само ни треба заедништво. А тоа, за жал, во мигов,

најмногу ни недостига.

АЈ: „Тајните треба да останат неискажани и несподелени,

во спротивно би биле вести на телевизија“. Кои општествени

„тајни“ ве вадат од памет?

ВС: Кој со кого и кој што. И лагите и лицемерството.

ВО ТАГАТА ИМА ПРИФАЌАЊЕ, А ВО ЉУБОМОРАТА СТРАСТИ

И ИЗНЕВЕРЕНИ ОЧЕКУВАЊА. ТАГАТА Е КАКО ДОЖД ШТО

НЕПРЕСТАЈНО РОМОНИ, А ЉУБОМОРАТА КАКО ГРОМ ШТО СОТИРА.

АЈ: Во „Луна“ велите: „Љубомората е пострашна од тагата.

Тагата е тивка, смирувачка, има некоја полнота во неа. Живее

во тебе како потстанар на кој си се привикнал. А љубомората

жеже, разјадува однатре, виделото ти го одзема“. Тага vs.

љубомора? Која ви е поблиску?

ВС: Тагата. Има во неа нешто што смирува, што дава полнота. Во

тагата има прифаќање, а во љубомората страсти и изневерени

очекувања. Тагата не бара ништо од другиот, љубомората бара

сè. Се тажи сам, а се љубомори другому. Тагата е како дожд што

непрестајно ромони, а љубомората како гром што сотира.

БУДИЗМОТ, КАКО ФИЛОЗОФИЈА НА ЖИВЕЕЊЕ, МИ Е

НАЈПРИФАТЛИВ.

АЈ: Кои културолошки разлики ви се најблиски? Или, кои

култури ви се најегзотични?

ВС: Источната култура ми е најблиска или најегзотична,

како сакате. Будизмот, како филозофија на живеење, ми е

најприфатлив.

АЈ: И како голем вљубеник во Далечниот Исток, во Индија и

Катманду, што научивте таму?

ВС: Научив дека храмот, кај што ќе го најдеш спокојството,

е во тебе, а не надвор од тебе. Само треба да научиш да

бидеш трпелив и скромен. Е, тоа е најтешкото. Барем за нас

западњаците што сме научени на инстантна консумација, што

наместо да ни го стиши гладот (духовниот), уште повеќе нè

огладнува.

ШТО СÈ НЕ ИСЧИТАВ. ОД ФИЛОЗОФИ, МИСТИЦИ,

ШАРЛАТАНИ... И КОЛКУ ПОВЕЌЕ ЗНАЕВ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ БЕВ

ЗБУНЕТА. ТЕОРЕТСКИ, СОВРШЕНО ВЛАДЕЕВ СО СВЕТЛИНАТА,

А ВНАТРЕ... ТЕМНИНА. СЕБЕСИ СИ ЗАЛИЧУВАВ НА БЕТОНСКИ

СТОЛБ ОБЛЕПЕН СО ЦИТАТИ.

АЈ: Што е разликата помеѓу дознавањето и разбирањето?

ВС: Се дознава со умот, се разбира со срцето. Најголемите

лекции или вистини, за жал, не се учат од книгите. Тоа е

запишано и во Куранот. Можете да сте преполни со знаење,

„до заби да сте вооружени“ со теорија, а да сте бескрајно

збунети. Тоа го знам и по себе. Во еден период од мојот живот,

кога се „разбудив“, бев во трескавична потрага по вистинската

книга што ќе ме доведе до „просветление“. Што сè не исчитав.

Од филозофи, мистици, шарлатани... И колку повеќе знаев,

толку повеќе бев збунета. Ништо не ми беше јасно. Теоретски,

совршено владеев со светлината, а внатре... темнина. Себеси

си заличував на бетонски столб облепен со цитати. И кога се

уморив од „учење“, решив да заборавам сè. Така почнав да го

слушам својот внатрешен глас. И тишината во себе.

Вистината преку себе се дознава.

АЈ: Во „Луна“ напишавте: „Премногу се грижеше за другите,

а се забораваше себеси. Страдаше со сите страдалници

на светот. Очајуваше поради озонската дупка, глобалното

затоплување, земјотресите во Азија, гладните во Африка...

Како да сакаше да си ја одземе сопствената среќа, за да не

биде ни трошка посреќен од несреќниците во светот“. Но,

Винка, дали емпатијата е доволна или требаат конкретни

дела?

ВС: Сомилоста е многу важна, но не е доволна. Тоа е исто како

некој да падне на улица, а вие минувате крај него, мислејќи:

кутричок човек. Мора рака да се подаде. Најстрашни се

рамнодушноста и себичноста. Зашто, кога само себеси си

угодуваме, душата мувлосува. Инаку, исто како и мојот лик во

„Луна“, и јас страдам со сите страдалници на светот. Но, за жал,

ми се чини дека не можам ништо суштинско да сторам за да

им олеснам. Можам да донирам некоја симболична сума пари,

облека, книги... Но, кому му е до книги кога се бори за голиот

живот?