03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Мисли здрави мисли

Бојана Спировска

Фотографија: Жарко Чулиќ

„СПОРТСКОТО КАЧУВАЊЕ

КАКО НАЧИН НА ЖИВОТ“

Кога постои вистинска желба и порив, а занимавањето

со спортската активност не се гледа како хоби, туку како

начин на живот, мотивираноста, одлучноста и успехот нема

да изостанат. Доказ за ова е Бојана Спировска, која повеќе

од десет години се занимава со спортско искачување на

карпи и планински врвови, за што има добиено медали од

балкански и државни натпревари.

Пишува: Тања Тодоровска

Кога и како се роди љубовта кон планинарењето и

алпинизмот?

Тоа беше далечната 2004 година, при крајот на осмо

одделение. Сосема случајно налетав на емисија за

спортското качување кај нас и веднаш ми се роди огромна

желба да пробам. По мојот прв обид, сфатив дека тоа е

нешто што ќе сакам да го правам цел живот. Со другарка ми

Љуба се зачленивме во спортско-качувачкиот клуб „Екстрем“

и почнавме со тренинзи, што во тој период се одржуваа во

салата на Машинскиот факултет. Би рекла дека тоа е една

од најдобрите одлуки во мојот живот, затоа што не беше

само почеток на спортската активност туку и зародиш на

многу убави пријателства, дружби во природа, споделување

на убави моменти, смеа, позитивна енергија...

Колку вашата професија е поврзана со спортското хоби?

Дали работата ви овозможува непречено да ги исполнувате

вашите спортски потфати и активности?

Јас сум лингвист, поточно германист, и моментално работам

на две места – приватна гимназија и јазично училиште во

Скопје, што значи дека сум мошне зафатена и „растрчана“

помеѓу овие места. Веќе одамна сум рекреативец во спортов

и се трудам секогаш кога имам простор помеѓу часовите

и другите обврски да направам тренинг, односно некое

искачување. За среќа, локалитетот Матка е во непосредна

близина, па тие искачувања понекогаш се случуваат во

природа и во текот на работната недела. Инаку, најчесто се

качувам за време на викендите.

Што подразбира искачувањето на карпи со спортскокачувачки

насоки? Дали спортското качување се разликува

од алпинизмот? Постои ли одредена психо-физичка

подготовка пред искачувањето?

Се работи за искачување на вертикални насоки на

природна или вештачка карпа, со веќе поставени клинови.

Во спортското качување има три дисциплини: качување во

водство, болдер-качување и брзинско качување.

Иако има голем број сличности помеѓу спортското качување

и алпинизмот, постојат неколку видувања во однос на

разликите меѓу двете, но генерално тие се однесуваат на

критериумите што ја одредуваат тежината на една насока.

Последнава година имав можност неколкупати да се качувам

во алпинистичка наврска на Матка со пријатели-алпинисти.

За безбедно и правилно практикување на спортското

качување, потребно е да се помине обука за спортски

качувач, преку која се стекнуваат базични знаења за овој

спорт.

Каква опрема е потребна при тренирањето и при

искачувањето?

Во лична и задолжителна опрема спаѓаат патики за

качување, појас, шлем, торбичка за магнезиум, алатка за

обезбедување, додека преостанатата опрема најчесто

е заедничка, односно клупска и во неа спаѓаат јажиња,

комплети и друга опрема за обезбедување.

Кога тренингот се одвива во т.н. болдер-вежбална, односно

просторија со ниски ѕидови за качување и душеци на подот,

доволно е да се има само патики за качување.

Колку долго се натпреварувавте во овој спорт? Кои награди

и признанија ги имате освоено? Од кога искачувањето го

практикувате само како хоби?

Првите 3-4 години се натпреварував, всушност тогаш и му

бев најпосветена на спортското качување и целиот живот си

го организирав околу тоа. Додека моите пријатели излегуваа

во град, јас секој петок и сабота си легнував порано за да

можам следното утро да станам навреме за тренинг во сала

или на Матка. Имам неколку медали од балкански и државни

натпревари. Веќе 10 години практикувам рекреативно

качување, но не би рекла дека за мене ова е само хоби туку

начин на живот.

На кои места се имате искачено во земјава и надвор од неа?

Моите искачувања најчесто се одвиваат во Македонија, на

Матка, Демир Капија, Камена Баба, Стење, Маврово, Кадина

Пештера. Надвор од земјава сум се качувала во неколку

други држави, а како најдраги би ги издвоила искачувањата

во околината на Марсеј со членови на мојот клуб, како и

минатото лето во Ѓипе, Албанија.

Како ја одржувате кондицијата во зимскиот период? Покрај

индор-качување на вештачки карпи, постои ли можност за

искачувања и на отворено? Практикувате ли други типови

вежбање и телесна активност покрај спортското качување?

Во овој период на годината временските услови ни го

ограничуваат качувањето во природа, па затоа тренинзите

најчесто се одвиваат во затворени простории, односно

болдер-вежбални и сали со ѕидови за спортско качување.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!