03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

уредување на домот, дружења. Во фазата кога неочекувано

го почнувавме нашиот долг пат, тргнавме со прегледи и

испитувања. Бевме охрабрени од сите резултати, едноставно

немаше видлива пречка.

Затоа немаше простор за сериозна грижа. По повеќе

години се одлучивме да направиме ин-витро оплодување. Го

направивме овде, во Скопје, но резултатот беше негативен.

Со оглед на фактот што во Македонија тогаш немаше долго

искуство во оваа постапка, одлучивме да следниот обид

го направивме надвор, во некој европски центар познат

по овој метод. Многумина од Македонија тогаш одеа во

Белград и Љубљана. Имавме добри информации за Гент,

Белгија, во престижната Кралска академска клиника. Гент

е еден од најпознатите академски градови во Европа. Така

воспоставивме контакт во доктор Донт, кој во тоа време

беше врвно име во областа на ин-витро оплодувањето.

Патувањето во овој град беше одлично искуство. Град

само стотина километри оддалечен од Брисел, а толку

тивок, релаксиран, иако беше преполн со огромен број на

интернационални студенти. Во тој период ја запознавме

внатрешноста на Белгија, преубавиот Бриж, што во многу

нешта се разликува од метрополата. Тимот кој нè водеше во

целата постапка беше прекрасен, бескрајно позитивен. И

покрај првиот неуспешен обид, ни оставија силен впечаток.

Имавме чувство дека сме во вистински раце. По извесна

пауза, повторно се обидовме во Гент, но немаше резултати.

Паралелно истражувавме дали постојат други центри

што прават дополнителни испитувања или други методи.

Одлучивме да отидеме во Њујорк, во Институтот „Корнел“,

кај доктор Зев Розенвакс, гуру во областа на гинекологијата.

Институтот „Корнел“, заедно со Универзитетот „Рокфелер“

се едни од водечките медицински установи во светот,

добитници на Нобеловата награда од областа на

медицината. Беа многу темелни, анамнезата траеше со

часови, а потоа и испитувањата. Повторно нè охрабрија да

продолжиме со нашите обиди. Едноставно, секој обид на инвитро

е независен од претходниот, зависно од реакцијата на

организмот на терапијата во дадениот момент. Институтот

„Корнел“ го чувавме како златен адут, можност за последен

обид, но за среќа немаше потреба, бидејќи следното инвитро

што го направивме во Прага беше успешно. По

комплетно мирување и со повеќе прегледи кај доктор Глигор

Димитров, во „Ремедика“, во јуни 2014 година се роди Јана.

Целиот тој пат е многу стресен, исполнет со психофизички

замор. Можете ли да издвоите кој дел од постапката на

лекување, вештачко оплодување ви паѓаше најтешко?

Ќе бидам искрена со вас и со вашите читатели. Нема ништо

едноставно во целиот процес. Пред секоја постапка се

повторуваат многубројните хормонски испитувања, се

следи подготвеноста на организмот, а потоа се почнува со

хормонската терапија, што трае цели дванаесет дена, потоа

пункција, трансфер...

И на крајот, посебно стресно е долгото двонеделно

исчекување на резултатот. Затоа е потребно големо

количество на ментална и физичка подготвеност на

партнерите, а посебно на жената.

Лекувањето на стерилитетот е еден облик на животна криза

што има директно влијание буквално на секој аспект од

заедницата помеѓу маж и жена. Како вие и вашиот сопруг го

надминавте сето тоа? Како сите оние негативни чувства на

лутина, вина, самосожалување, исчезнуваат под силата на

љубовта и разбирањето?

Бевме единствени во одлуката да одиме докрај. Ако

секој во животот има по еден камен за туркање, ова беше

нашиот камен. Со тоа се соочивме и затоа веројатно не

очајуваме. Една работа што сакам да ја споделам е дека

на тие патувања настојувавме да гледаме низ призмата на

вистинско туристичко патување, уживавме во местата низ

кои поминуваме и во кои престојувавме.

Во периодот кога одевме во Гент, посетивме многу гратчиња

во Белгија и Холандија, во Брисел и Амстердам бевме

повеќепати. А истото се случи и кога бевме во Соединетите

Американски Држави. Тоа е одлично искуство, тие патувања

се незаборавни.

Во нашето општество сѐ уште има строги општествени

норми за редот на нештата, брак, па деца и слично. Бевте

ли сведок на непристојни стереотипни фрази? Кој ви беше

најголема поддршка низ сите овие години?

Имавме силна потреба да имаме деца, нешто што ќе седне

во прегратките помеѓу нас, но не значи дека бракот без деца

нема смисла. Напротив, бракот, покрај децата, го сочинуваат

многу нешта што сопружниците го споделуваат меѓусебно,

како љубов, доверба, посветеност, поддршка, амбиции,

заеднички интереси... Оттука немаше простор за страв дека

заедничкиот живот без потомство нема да успее.

Важите за многу комуникативна жена, што сака да патува

и да се дружи со широк круг луѓе. Како наоѓавте сила, по

секој неуспешен обид, да функционирате? Што најмногу

ви помагаше кога ќе ја изгубевте надежта и ќе добиевте

негативни резултати?

Во сите изминати години, ние бевме опкружени со

пријателите. Никогаш не се затворивме, не ги оддалечивме

луѓето околу нас. Не запоставивме ниту еден сегмент од

секојдневниот живот. Затоа сметам дека, покрај нашите

семејства кои бескрајно нè поддржуваа, до нас беа и

пријателите, со кои поминавме одлични години на дружење.

Меѓу нив имаме пријатели кои ни помогнаа да го пронајдеме

патот до решението, ни даваа добри контакти. Многу важен

сегмент на животот, особено во кризи, се пријателите.

Во борбата против стерилитетот, за восхит е што секој пар

тргнува од можноста за среќен крај, без никаква гаранција.

Дали и пред тоа се сметавте себеси за упорна личност?

Имавте ли период во кој бевте на раб да се откажете?

Зад мене се многубројни испитувања и повеќе ин-витра, но

во ниту еден момент не помислив да се откажам. Единствено

ми одекнуваа зборовите на Розенвакс во Њујорк дека...

сè додека имам ментално и физичко здравје можам да

продолжам со обидите и со добра надеж дека ќе успееме.

Тој е мој вистински гуру!

Стара јапонска поговорка вели падни десет пати, стани

единаесет. По колкав период се одлучувавте за нов обид? Се

плашевте ли од медицински ризици за сопственото здравје?

Ги следевме инструкциите на лекарите, тие ја следеа

мојата подготвеност и така носевме одлуки кога почнуваме

со постапката. Тогаш не размислував за последиците, а

да бидам искрена, ниту лекарите не ме предупредија за

32

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!