03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Јин-Јанг

Елена Пренџова

НИКНУВА ЦВЕЌЕ

И МЕЃУ ПЛЕВЕЛ

Да се потсетиме дека сме луѓе,

а не богови или компјутери

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Унгарскиот поет Радноти запишал дека „цвеќињата на

трпението се мртви“. За што немате трпение?

ЕП: Се трудам да имам разбирање за сè и да ги прифатам

нештата и луѓето онакви какви што се. Од друга страна,

трпението не ми е во генот на карактерот. Даскалствувањето,

особено кога учениците се деца, ми е тренинг за трпение.

АЈ: Што гради, а што урива зборот?

ЕП: Зборот гради мостови меѓу душите. Урива прегратки меѓу

срцата, а најголемото проклетство на зборот е што може да го

урне она што го изградил.

АЈ: Херои се?

ЕП: Мајките! Жените во светот на привидна полова еднаквост!

АЈ: На патувањата и поетските турнеи низ светот учам за?

ЕП: За поезијата. За луѓето. За културите. За радоста наречена

живот! Ама лекциите доаѓаат подоцна, со првото стапнување на

„домашен терен“. Во меѓувреме се забавата и очудувањето.

АЈ: „Оној кому му редат ордени мора да ја свитка главата

надолу“ или?...

ЕП: Или да ја исправи главата како стрела нагоре!

АЈ: Кога е тишина најдобро го слушам...

ЕП: Животот на наночестичките. Постоењето на стварноста.

Битисувањето на духовноста, она што го нарекуваме mente или

психа. Слушам и чувствувам.

АЈ: „Поетска книга на каса во супермаркет до бричови или

поезија во режимски учебник“?

ЕП: И двете. Никнува цвеќе и меѓу плевел.

АЈ: Љубовта е?

ЕП: Нема дефиниција. Но, токму така – љубовта Е.

АЈ: Руми или Буковски?

ЕП: И двајцата и ни двајцата.

АЈ: „Заклучени во градот сме“, затоа што...

ЕП: Не се чувствувам заклучена во градот.

АЈ: Радост наоѓам во...

ЕП: O2 и CO2 што ги дишам, во новогодишниот кич, во ситниот

песок под ноктите на прстињата на нозете, во мирисот на

запалени ќумбиња во сезона на ајвар, во снегулката што се топи

на стаклото, во звукот на вибер-повикот, во првиот утрински,

разбушавен поглед в огледало.

АЈ: „Пишувањето е легална шизофренија“ – Жижек. Од што ве

ослободува пишувањето?

ЕП: Од себеси. Пишувањето е најголемата слобода на

сепството.

АЈ: Моментално читам...

ЕП: Сонетните венци на Лазо Каровски и Стојан Попов,

како лектира; џебно издание на анегдоти од животите на

српските писатели, во автобус; докторатот на њујоршката

професорка Сара Б. Померој, за жената во класичната антика,

за „одржување во кондиција“ на феминизмот; современа турска

поезија, и некои списанија на јазиците што се обидувам да ги

„одржам во форма“.

АЈ: Најголема гротеска во 2015 година беше?...

ЕП: Имам чувство, за жал, како масовна тепачка да е за

суперлативот.

АЈ: Како да го поправиме односот кон природата?

ЕП: Треба да се потсетиме дека сме луѓе, а не богови или

компјутери. Всушност, треба да си ја „поправиме“ свеста!

12

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!