03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Продолжуваат да се состануваат, обидувајќи се да се скријат

од новинарите, најчесто поминувајќи го времето дома или во

задниот дел на ресторанот на Димаџо. Но, тој од почетокот

не е воодушевен од нејзината кариера и е видно љубоморен

на целото внимание што го добива Мерилин, особено од

мажите. Кога истото лето ќе ја однесе во Сан Франциско за

да ја запознае со неговото семејство, на Мерилин ѝ станува

појасен неговиот став околу тоа која е улогата на жената

во семејството. Тој потекнува од семејство на италијански

емигранти и е осмо од девет деца израснати во духот на

сицилијанската и католичката традиција. За него, местото на

жената е во кујната и околу семејството. Таа, која никогаш

не го запознала својот татко и од малечка била дадена

на посвојување поради психичките проблеми на мајка ѝ,

го наоѓа во Димаџо семејството што никогаш го немала.

Можеби тоа е причината што кога Џо ќе ја побара за жена

на новогодишната ноќ во 1953 година, Мерилин ќе каже да.

„Кога одлучив да се омажам за него, не бев многу сигурна

зошто. Имам премногу фантазија за да бидам домаќинка.“

На 14 јануари 1954 година официјално стапуваат во брак со

граѓанска церемонија во Сан Франциско. Но, проблемите

што почнуваат уште на медениот месец во Јапонија, не

завршуваат веќе никогаш. Џо е опседнат со Мерилин.

Вљубен е и поласкан да биде избран од најпосакуваната

жена на светот (и не само) во тоа време, но од друга страна,

ја сака само за себе. Мерилин на почетокот се согласува да

игра во филмовите што ќе ги одобри тој и да се облекува

попристојно, но попусто. Вниманието што го добива

Мерилин порано му припаѓало нему, а сега, покрај неа, тој

исчезнува, засенет е и безгласен. Следниот степен на лудило

на Џо е физичка тортура. Се сеќавате на легендарната сцена

на која лета здолништето на Мерилин Монро, откривајќи

ѝ ја долната облека, а таа шармантно се смее? Сите се

сеќаваат, а сигурно и Мерилин никогаш не ја заборавила

таа ноќ, зашто меѓу петте милиони присутни на сетот е

и љубоморниот сопруг, кој истата ноќ ќе ја претепа во

хотелската соба. Не се чувствува ни виновен, тврдејќи дека

тој не е таков по природа, туку таа го вади најлошото од него.

Мерилин, растргната помеѓу кариерата и должноста да му

полага сметка на Џо за секој потег, ја губи својата психичка

рамнотежа. Прибегнува кон вонбрачни афери, што нема да

ја направат посреќна. Бракот, меѓу страсти и шлаканици,

девет месеци подоцна неизбежно завршува со развод.

Но, меѓу нив никогаш не е завршено. Она што Димаџо не

успеа да ѝ биде за време на краткиот брак, ќе ѝ биде до

крајот на животот: пријател, морална поддршка, семејство

и љубов што само тие знаат да ја разберат. Џо веќе никогаш

нема да се ожени, а Мерилин му се враќа по секоја од

бурните љубови, што ја фрлаат во депресија, зависност

од дрога и алкохол. Само тој останува покрај неа кога ѝ

дијагностицираат параноидна шизофренија. И самата

пишува во мемоарите „Да не беше Џо, сигурно одамна ќе

се самоубиев“. Кога на само 36 години ја наоѓаат мртва од

предозираност, токму Џо се погрижува околу погребот, а

во следните две децении го исполнува ветувањето што ѝ

го дал уште кога ја запознал: дека ако таа умре пред него,

ќе ѝ праќа цвеќиња на гробот барем еднаш неделно. И

навистина, црвени свежи рози ќе стигнуваат на гробот на

Мерилин сѐ до неговата смрт во 1999 година.

90

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!