„ПО ДОЛГИ 11 ГОДИНИ СФАЌАМ ДЕКА НИШТО ДРУГО НЕ МИ НЕДОСТИГАЛО ОСВЕН СЕМЕЈСТВОТО. АКО СЕГА ИМАВ ЕДЕН СЕМЕЕН АЛБУМ, ЗА ЖАЛ МНОГУ ПРАЗНИ СТРАНИЦИ БЕЗ МЕМОРИЈА ЌЕ ОСТАНЕА ВО НЕГО.“
Инспирација Забележана беше и вашата улога како Ребека во филмот „Трето полувреме“. Дали филмот ги исполни вашите лични очекувања од себе како актерка? Ве исполни ли улогата и би повториле ли ваков сличен ангажман во иднина? Нормално дека ме исполни улогата, инаку немаше да бидам дел до „Трето полувреме“. За мене, конкретниот филм претставува еден од најубавите македонските бисери. Во иднина, ако ме поканат за некоја следна улога, би прифатила, зошто да не. Процесот на правење на филмот, зборувам од гледиште на актер, сите оние подготовки, чекања, дружења – не би ги менувала со ништо друго. Неколкупати досега сте учествувале на маратони, и тука во Скопје, но и во Њујорк, активно вежбате... Дали ваквите активности ви се хоби или своевиден начин на живот? Што друго, надвор од манекенството, ве исполнува и прави среќна? Првпат полумаратон трчав во Њујорк – повеќе ми беше како еден вид животно искуство што никогаш нема да го заборавам. Во Скопје трчав двапати досега. Секојдневно вежбам, дури и во моментов додека ги одговарам прашањата возам велосипед (се смее). Како што се миеме, кога ќе станеме, така за мене е физичката активност. Надвор од работните обврски, најмногу ме прави среќна дружењето со моите внуци Симон и Марко, семејните ручеци кај моите дома, патувањето со пријателите и, нормално, човекот до мене (се смее). Освен во позитивна конотација (што претпоставувам ви годи), медиумите ве поврзувале и со различни мажи и ве вметнувале во трач-муабети. Како реагирате на последниве? Дали низ годините научивте да не реагирате на нив? Немам време за трач-муабети. Не реагирам никако, зашто не можат да ме допрат. Сосема за крај, како досегашната плодна кариера ја изгради Катарина Ивановска? Колку оваа Кики денес се разликува од девојчето кое ги изодуваше првите манекенски чекори? Што научивте од сето искуство? Тие што добро ме познаваат знаат дека Катарина Ивановска и Кики воопшто не се разликуваат. Сѐ уште сум едно големо дете, веројатно поради пропустот во тинејџерските години, но воедно и одговорна и вредна личност каква што морав да бидам ако сакав да бидам дел од тој „гламур“. 29