03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Инспирација

Што всушност претставува дислексијата? Што треба да

знае личноста која се справува со неа или, пак, лицата во

нејзина најблиска околина (на пример, родители на дете со

дислексија, другарчиња и сл.)?

Дислексијата е состојба при која мозокот различно ги

процесира пишаниот или говорниот јазик. Најчесто се

манифестира со тешкотија во читањето и пишувањето,

односно тешкотија со учењето. Не е минлива состојба, туку

е состојба што личноста ја има доживотно. Најважно е да

се знае дека дислексијата не претставува никакво ментално

или психофизичко заостанување, ниту, пак, има врска со

интелигенцијата на индивидуата, туку напротив, дислексија

е често предводена со натпросечна интелигенција, за што

се доказ и сите оние брилијантни и вонсериски умови што

ја поседувале оваа состојба, како што се Алберт Ајнштајн,

Стив Џобс, Томас Едисон, Џенифер Анистон, Бил Гејтс,

Том Круз, Агата Кристи и многу други. Дислексијата е

едноставно различен стил на учење, односно восприемање

на информациите.

Дислексијата не е ништо страшно, токму и тоа е нашето

мото. Дислексијата треба да се разбере како дарба на една

индивидуа и токму затоа раното препознавање е многу

важно со цел да се надминат тешкотиите и притоа да се

искористи талентот што произлегува од неа.

Многу е важно да се знае дека со децата кои имаат

дислексија треба да се постапува внимателно, односно

да се избегнуваат сите погрдни зборови што најчесто се

употребуваат за децата кои имаат проблеми со учењето.

Мотивацијата и поддршката од родителите и наставниците е

многу важна со цел градење личности без фрустрации.

Неодамна излезе годишниот извештај за работата на

„Ајнштајн“ во 2015 година. Гледајќи наназад, колку сте

задоволни од она што сте го постигнале во годината зад

вас? Кои се, пак, плановите за „Ајнштајн“ во иднина?

Гледајќи наназад, 2015 година заврши и многу поуспешно

од очекуваното. Минатата година беше значајна година за

дислексијата во Република Македонија – година кога првпат

јавно се зборуваше на оваа проблематика и кога првпат се

организираа семинари посветени на оваа тема на кои свое

учество земаа 400 заинтересирани наставници и родители.

Така што, со големо задоволство ќе кажам дека зад нас

имаме многу успешна година.

Во иднина имаме цел „Ајнштајн“ да постане дел од

меѓународните асоцијации за дислексија.

Проектот „Фокус на дислексија“, што е поддржан од Проектот

на УСАИД за граѓанско општество, што го спроведува

Фондацијата Отворено општество Македонија, е во тек.

Овој проект ќе придонесе за општествено добро во нашата

држава, бидејќи со предвидените активности ќе се направат

истражувања во училиштата во три поголеми општини, 600

наставници ќе се стекнат со вештини за препознавањето

на учениците кои имаат дислексија. Во проектот исто

така предвидено е и вработените од институциите, кои се

задолжени за креирање на образовните политики, поблиску

да бидат запознаени со дислексијата, преку предавања на

странски експерт од Ирска.

Наскоро почнуваме со едукативни работилници низ

територијата на целата република со цел доближување и

презентирање начини како наставниот кадар да се справи

со децата кои имаат дислексија. Во текот на оваа година

ќе се формира и првото координативно тело за дислексија,

чијашто цел ќе биде заедничко дејствување за разрешување

на проблемите што се јавуваат со оваа состојба и постојано

лобирање за промена на законските регулативи со цел

дислексијата да се вметне во законот како специфична

тешкотија во читањето, пишувањето и учењето. Како што

веќе напомнав, свесноста за дислексијата е зголемена,

но не на задоволителното ниво, па затоа и кампањите ќе

продолжат и во иднина. Се надевам дека ќе успееме да

ги обезбедиме и потребните ресурси за да овозможиме и

бесплатни обуки на психолозите од училиштата со што би

придонеле многу за раното препознавање на дислексијата

и навремена корекција. Тоа се накратко идните планови на

„Ајнштајн“.

Во поглед на моите идни чекори професионалното

усовршување е секогаш во прв план, потоа следува

хуманитарната работа, бидејќи како човек огромно

задоволство ми претставува помагањето на сите оние на

коишто им е потребна некаква помош без разлика дали

тоа го правам лично или преку нашата организација, која

секогаш се стреми да дејствува хумано во рамките на своите

можности.

Контактирајте ги „Ајнштајн“ на: facebook.com/zdruzenie.einstein

Фотографија: Жарко Чулиќ

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!