03.02.2016 Views

Portret Magazine No 3

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

католички празник енормно е зголемена. Минатата година

во светот се продале околу 200 милиони рози. Статистиката

вели дека 76 отсто од мажите на Денот на вљубените

купуваат цвеќе, а околу 15 отсто од жените си купуваат сами

на себе. Некаде прочитав и дека американската поштенска

служба минатата година имала 40-тина дополнителни

летови на авиони-ладилници за транспорт на цвеќе за да

се расчистат потребите на пазарот. Е, тоа е тој ЉУБОВЕН

БИЗНИС! Можеби нема да се согласите со мене, но љубовта

не се смета низ подароците, па дури ни преку зборовите,

туку низ делата. Оние дела што одат рака под рака со

принципиелноста, лојалноста, довербата и слободата. И еве,

уште еден чкрапец, СЛОБОДАТА, или љубовта и слободата

оптегнати помеѓу лакот и стрелата. Сигурна сум дека сте го

слушнале она клише алиби – „Подрага ми е мојата слобода

од твојата љубов“. Тоа е оружјето на сите што сакаат да фатат

џаде кога љубовта престанува да биде состојба на вљубување

и полека станува состојба на истрајување. Никогаш не сум

го разбрала во целост. Можеби затоа што никогаш не сум го

сознала ривалството помеѓу љубовта и слободата. Тие две не

постојат една без друга. Љубовта без слобода е перверзија

на ограничениот ум! Секој друг облик е само искривена

слика. Но, дали би можеле да им ја опишеме светлината

на луѓе кои цел живот го поминале во темнина? Така е

приближно и со љубовта и љубомората. Дали би можеле да

им го опишеме чувството на слобода и бескрај на луѓе кои

се заглавени на нивото на љубомора? Кристофер Клалов,

експерт од Институтот за истражување на браковите во

Тависток, вели: „Кога љубовниците се чувствуваат несигурно,

тие често се однесуваат неконструктивно, или се обидуваат

да го задоволат партнерот или да го контролираат“. Целосна

понизност или арогантно однесување. Бришење на својата

автономија и автономијата на партнерот.

и одвоеност, а сепак му допушта да биде свој и да го

зачува интегритетот. Во љубовта се случува парадоксот две

личности да станат едно, а сепак да останат двајца“.

И на крајот на краиштата, не е важно дали ни е поблизок

Руми или Буковски, суптилноста и помирувањето или

болката до коска и декаденцијата на очајот, сепак љубовта

ни е најмотивирачкиот импулс на сите. Прашањето е дали

ќе нè мотивира да станеме подобра верзија од себе или ќе

нè претвори во алчни и огорчени луѓе. Зависи од тоа дали

на болката на Фрида Кало гледате како на катализатор

на најдлабокото и најуметничкото во човекот или како на

бунар што ги голта и најхрабрите. За мене, ЉУБОВТА е

парче светлина дури и кога е во темно. На ова ме потсетија

и љубовните писма на португалската калуѓерка Маријана

Алкофорадо во кои пишува: „Ви благодарам од длабочината

на срцето за очајот што го предизвикавте кај мене. Јас го

мразев спокојството во кое живеев пред да ве сретнам“. И

не се сите Пепелашки среќни да го дочекаат принцот на бел

коњ, но сите се доволно силни од болката да кристализираат

дијамант. Затоа, секоја сентиментална калорија нè прави

духовно подебели. :) Така учиме дека животот е и уживање и

бродолом. И дека јазикот на љубовта во исто време е јазикот

на болката и ЈАЗИКОТ НА СЛОБОДАТА!

Веројатно постојат неколку филтри низ кои треба да минеме

за да сакаме чисто и безусловно. Еден од нив е ФИЛТЕРОТ

НА СТРАВОТ. Или, со зборовите на Зигмунт Бауман, еден од

најзначајните социолози на денешницата, „љубовта значи

отворање кон судбината и таа е највозвишената од сите

човечки состојби, каде што стравот и радоста создаваат

легура во која не е можно да се одвојат состојките“. А

ние, западњаците, згора на сè и Балканци, заглавени сме

во поседувањето. Цветот што ќе го сретнеме по пат, ќе го

скинеме за да го имаме, да го поседуваме. За разлика од

нас, во источната култура на луѓето им е доволно само да го

помирисаат. И додека тие мирисаат и чувствуваат, ние сме

веќе во акција и правиме парфем од него! Стравот дека ќе

ја загубиме љубовта е еден од емоционалните отрови што

ни ја трујат душата и ни го поматуваат умот. Тука на сцена

стапуваат ЕМОЦИОНАЛНИТЕ УЦЕНИ. За жал, овие игри

на ВИНА се практикуваат многу често. Манипулацијата

станува само уште еден од клучевите на љубовта. Но, некои

клучеви затвораат врати засекогаш, а некои, пак, отвораат

нови хоризонти на умеење и среќа. Јас сум за овие вториве,

со широки прозорци во собите. Во нив нема да те фати

клаустрофобија. Или, со зборовите на Ерих Фром: „Љубовта

му помага на човекот да го премавне чувството на осаменост

15

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!