24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

1

СКОПЈЕ - ул. Македонија,

ТЦ Сити мол, ТЦ Рамстор

БИТОЛА - Широк Сокак

www.bozinovski.com.mk

2

SWISS MADE CALVINKLEIN.COM #CKMINUTE#

Содржина август 2018

НА „ТИ“ СО

10. ФРОСИНА ПАРМАКОВСКА

Соголување до душевните тетоважи

НИЗ ГОДИНИТЕ СО...

16. НЕЛА ВИТОШЕВИЌ

Уметноста мора да биде слободна

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

70. ДИЕТА „WHOLE 30“

Здрав режим на исхрана или неосновано

кратење продукти?

84. ПРИЈАТЕЛСТВОТО НИЗ ДЕТСТВОТО И

АДОЛЕСЦЕНЦИЈА

Односите со врсниците во сите развојни

фази

ИНСПИРАЦИЈА

18. ИНЕС СТЕФАНОВСКА

Откако ја тргнав периката, послободна

сум и повеќе се сакам себеси

28. ЖАРКО ДИМИТРИОСКИ

Секој треба да се гледа себеси како

граѓанин на светот

ПОРТРЕТ МОДА

32. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Year 20??

ПОРТРЕТ УБАВИНА

44. SUN KISSED

Совршени бакарни тонови во лето

52. ПРОБЛЕМИ СО КОЖАТА ВО ЛЕТО

Научете како да се справите со сите

непријатности што ги предизвикува

сонцето и летните жештини

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

54. ТРИЕСЕТКА ЗА „ОСКАР“

Портрет на љубовта на Рита Вилсон и Том

Хенкс

ДИЗАЈН И ДЕКОР

88. ДОМ УРЕДЕН ВО ПАРИСКИ СТИЛ

Беспрекорна француска естетика и

славење на убавината

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

Фотограф: Горан HLVK Поповски

4

ИЗДАВАЧ

Година 4 бр.33, август 2018

Првиот број излезе на 01.12.2015

Излегува еднаш месечно

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември“ бр.2/2-16

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главна и одговорна уредничка

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Уредничка на содржина

Тања Тодоровска Малакјан (tanja@portretmag.com)

Новинарка

Марта Стевковска (marta@portretmag.com)

Креативна директорка и уредничка за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистентка и стилистка

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска, Џејлан Рустемоска, Ана Фрицханд, Филип Поповски

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com), Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Кристина Колеќевска (kristina@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски, Ивана Кузмановска

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 27.07.2018

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

Адриа Медиа Балкан - 072/236 529

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет“ е авторска содржина што излегува еднаш месечно со одобрение од сопственикот на правата,

издавачката куќа Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено објавување, користење или

репродуцирање на било која содржина ќе се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи на

соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што се дел од содржината задолжително консултирајте се со

лекар. „Портрет“ претставува заштитена трговска марка во Државен завод за индустриска сопственост-Скопје под број

ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

6

Портрет на уредничката

Водич за летните денови

Мислам дека поради цената што ја плаќаме

за својата зависност од социјалните мрежи,

луѓето никогаш не биле почувствителни за сè

што е поврзано со нивниот изглед. Ако некогаш

светските топ-модели и актерки, кои имаа далеку

поприфатлив и понормален изглед, беа закана

за самодовербата на жените низ светот, сега

имаме работа со армија експерти. Експерти

за естетска хирургија, за мода и убавина, за

„Фотошоп“. Сите тие со здружени сили постојано

ни шепкаат низ фотографиите на преубавите

жени од секој предел на светот, кои секојдневно

ги гледаме на „Инстаграм“. Па така, ако некогаш

за физичкиот изглед се коментираше најчесто

дали некој има вишок килограми или не, денес

предмет за несигурност се дури и трепките, ако

не ги исполнуваат светските трендовски норми. И

секогаш сите најголеми навреди што ги помниме

од детството најчесто се поврзани со физичкиот

изглед. Како поминуваат годините и растеш,

веќе не те повредуваат толку забелешките од

непознати луѓе за својот изглед. Но дали некогаш

во караница некој помлад роднина во афект ви ги

изнакажал сите навреди за вашиот изглед, кои се

очигледни и кои најмногу ве болат. Истото е и со

физичките недостатоци за кои немаме моќ да ги

промениме, туку постојат и мислиш дека времето

ти ги излекувало лузните, но единствената работа

што може да ги излекува е нивното прифаќање.

Не постои поголема храброст и доблест од онаа

кога некој ќе најде сила да прифати нешто кај

себеси и нема да дозволи никогаш повеќе да

живее во агонијата и стегите што ги носел на грб

додека се плашел.

Во сите броеви на магазинот „Портрет“ насловните

страници ги краселе жени што по многу нешта се

издвојуваат од средината. Некогаш имало жени

со кариери што инспирираат, некогаш имало

жени со прогресивни ставови кои ни помогнале

нам, на преостанатите. Но во овој број ја имаме

прекрасната Инес Стефановска, која покрај тоа

што ги има гореспоменатите квалитети потребни

за насловна страница, има и нешто што навистина

е несекојдневно и заслужува сите да знаат за

што станува збор. А тоа е преголема храброст да

биде своја, да ја слави својата убавина и да се

ослободи од сите тешки моменти што ги имала

во текот на своето растење. Да имаш алопеција

и да ја изгубиш целата коса во пубертетот и

секојдневно, покрај тоа што си здрава, да си

предмет на потсмев и сожалување, е вистински

пекол. Но нема ништо поубаво од чувството да

знаеш дека во себе имаш квалитети не само

за да го заборавиш тоа и да продолжиш со

нормален живот каков што заслужуваш, туку и од

тоа да излезеш како вистински победник, кој ќе

инспирира многу други луѓе да прифатат некоја

своја „болка“. „Имав тежок период во средно

училиште кога ме напаѓаа постарите ученици и ми

се закануваа дека ќе ми ја извадат периката. Тој

период ми беше најмачно, паднав во депресија,

имав анксиозни напади, па посетував и психолог

и со негова помош и со помош на роднините

и пријателите го пребродев и тоа. И самото

тинејџерство е стресно, а ова беше сол на рана.

Сепак, во тинејџерството откриваш кој си, што

сакаш, а јас уште од почетокот се криев. Помалку

му судам на кого било, на некој што е поразличен

од „нормалното“ за нашето општество, зашто

никогаш не знаеш што точно му се случува. За

тоа би им дала и совет на тие што се соочуваат

со истиот проблем и сакаат да ја тргнат периката,

прво да се погледнат себеси во огледало без

перика, да научат да се гледаат така, зашто

обично не си навикнат на тој одраз во огледало.“

Драга Инес, ти благодарам од срце што во

секој од нас влеа храброст, да почнеме да се

ослободуваме од сè што нè прави несигурни и

несреќни со цел да станеме свои. Зашто секоја

убавина е реална и видлива единствено во

моментот кога ќе одлучиш да бидеш тоа што си.

Ружица Антиќ

7

Портрет ви подарува

Напишете за кој подарок аплицирате и испратете ги вашите лични податоци на contact@portretmag.com.

Проверете дали сте еден од среќните добитници во следниот број на „Портрет“. Со среќа! Подароците може

да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

LE MINI MACARON

сет за маникир

MISS EN ваучер

LUSH Sweetest Thing сет

RETAP шише 0.5 литри

ОКТАГОН ПРИМА тефтер x3

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

Lush Rump лосион за тело и Deep Sleep желе за туширање / Нена Алексова

Max Factor Lipfinity Colour and Gloss кармин и Collistar несесер / Лина Тодоровска

Mac Ruby Woo кармин / Стефанија Трпкоска

Lancôme Le Doucer Softness сет чистачи за лице / Емилија Николовска

Октагон Прима тефтер x 3 / Васко Дојчиновски

Bobbi Brown Pot Rouge руменило / Кристина Илијоска

КНИГИ:

Понуда што не можеш да ја одбиеш - Џил Мансел / Елизабета Расолкоска

Контури - Рејчел Каск / Маја Силковска

Лисица - Дубравка Угрешиќ / Теодора Митовска

Планум - Александра Шаровиќ Атанасовска / Јованка Анѓелкоска

Колумна

Приказна

со совршен

крај

Од дете имам една глупава особина, без потреба да бегам од

познаници, кога случајно ќе ги сретнам. Без никаква причина

се криев од блиски роднини, драги луѓе, се правев дека не

ги гледам, се преправав дека зборувам на телефон и уште

многу поекстремни чекори, само за да не се поздравувам и

да не правам празни муабети. Потоа ме фаќаше грижа на

совест и многу размислував зошто го правам тоа, дали сум

размазена, некултурна, самобендисана, мрзелива... Немав

реално објаснување и сѐ завршуваше со ветување пред

себе дека никогаш повеќе нема да бегам. И следниот пат ќе

направев уште поекстремен чекор, како на пример ќе влезев

во продавница, за да избегнам средба и ќе купев непотребна

глупост од што ми беше непријатно што правам таму.

Како поминуваа години, забележав дека бегам од сѐ

поблиски луѓе, со кои навистина некогаш сум била блиска и

сум поминувала голем дел од денот. Тоа беа обично луѓе со

кои ништо не сме си згрешиле, но едноставно сме фатиле

различни правци во животот и со кои веќе сме имале една,

две непријатни средби на кои сме збореле единствено за

преубавото минато, за да не зборуваме за сегашноста, во

која немаме што да си кажеме. Иако најчесто и тие самите

ги користеа истите фрази за најљубезно откачување (те

барам во понеделник, многу сакам да те видам, ај дај ми го

бројот не сум ти го запишала во новиов телефон и сл.) сепак

не ми беше сеедно кога лажев и бегав знаејќи дека никогаш

нема да ги барам за кафе. Потоа престана да ми биде

непријатно, што уште повеќе ми беше чудно и ме тераше да

се преиспитувам колку сум сигурна дека сум добра личност.

Кога ова лето спремајќи се за на плажа престана да ми биде

гајле колку многу стрии имам, веќе сериозно се загрижив

дека навистина станувам мрзелива. За да ви биде појасно

изминатите неколку лета, преку цела година нарачував

секакви креми и масла за стрии, кога уште имаше оптимизам

во мене. Па потоа неколку месеци пред одмор купував пудри

за криење тешки лузни, што течеа кога влегував во вода и

поради кои наместо да бидам исончана, бев цела шарена и

личев како да имам белези по цело тело. И целиот тој стрес,

не знам ни сама како веќе немав сила да го поминувам, ни

желба да ги кријам. Сите овие промени во мојот карактер ги

препишував на константниот стрес од работата и животот

со три деца. Но кога П. направи една класично машко с**ње,

односно излезе некаде, не се врати кога кажа, телефонот

му беше исклучен, а јас само се грижев дали е добар и ми

олесна кога се врати, сфатив дека нешто сериозно се случува

со мојот карактер. Па за ваква вечер пред две, три години,

би направила драма од невидени размери и минимум недела

дена би му била скарана. Сериозно размислував дека сум во

некоја блага депресија што ме прави рамнодушна и ја барав

причината. Но кога еден ден добив букет цвеќиња од мојата

најдобра другарка, како благодарност што бев единствена

што ја поддржа да даде отказ од работата што премногу ја

правеше несреќна, текстот што ми го напиша на картичката

ми го даде одговорот на моите дилеми: „Од сите работи

поради кои сум среќна дека имам привилегија да растам со

тебе, најубавата е што имам можност секојдневно да гледам

како со љубов ги прифаќаш изборите на сите околу тебе.“ И

тогаш сфатив дека мојата рамнодушност всушност е растење

и прифаќање. Прифаќање на работите во мојот изглед кои

не можам да ги променам, прифаќање на изборите на моите

блиски, прифаќање на карактерот на човекот што го сакам.

Да, тоа е балансот што ни го дава животот за сметка на сите

брчки и други грди работи што ги носи стареењето. Ни дава

мир во душата дека ќе стануваме сѐ поспокојни за работите

што не зависат од нас. Нема поубаво чувство, од чувството

на ослободување од сите стравови, што се таложеле во нас

низ годините. Да тука сум на работ на 40тата година, со

безброј маани и со безброј бубачки во главата. Тука се и

сите мои луѓе исто така цели несовршени, полни со грижи

и стравови. Но тука сме еден за друг во секое време и тоа е

доволно за сѐ да биде совршено.

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

9

На „ти“ со

ФРОСИНА ПАРАМАКОВСКА

СОГОЛУВАЊЕ ДО

ДУШЕВНИТЕ ТЕТОВАЖИ

Од летање до ѕвездите до боледување на смртна постела

Пишува: Ана Јовковска

Фотограф: Жарко Чулиќ

АЈ: Со задоволство го прочитав Вашиот трет роман

„Одбројување“, за кој ја добивте наградата Роман на

годината за 2017 година. Се работи за потресна семејна

драма од современото скопско секојдневие, но во суштина

се работи за многу комплексни теми. За што?

ФП: Духовно соголување! Соголување до душевните тетоважи

и соголување на ткивото под тетоважата. Отсекогаш ме

фасцинирале длабочината на морето што секој човек го има

во себе и оние навидум најобични луѓе со кои секојдневно

се разминуваме на улица. Работата дополнително „се

усложнува“ кога тој човек, тоа море ќе влезе во некаков однос

со друг, па со трет и сите тие мориња се слеваат, се излеваат,

се повлекуваат, но никогаш не пресушуваат. „Одбројување“,

меѓу другото, е нурнување во водите на една жена.

АЈ: Низ „Одбројување“ го промислувате значењето на смртта

на мајката. Родителите не умираат со својата смрт. Ги носиме

со себе до крајот на животот. А смртта, тој голем феномен,

различни религии и филозофии ја третираат на различен

начин. Вие како?

ФП: Ја испишувам... па ја исчитувам... па одново... и уште сум

многу далеку од тоа дека сум ја надраснала или дека сум се

соочила со неа. Пред извесно време прочитав нешто што би

ја направило смртта колку-толку поподнослива, а се однесува

на тежината на секоја средба што ја остваруваме со луѓето низ

животот – секое видување со луѓето да го полниме со значење

како да е последно затоа што честопати луѓето си одат така,

без најава и знаејќи дека во такви околности сме кажале

нешто убаво, сме дале бакнеж или прегратка, навистина не

бара голем влог од нас, а би направило огромна разлика кога

на таков начин би се збогувале со луѓето што нè напуштиле

одненадеж.

АЈ: Ве цитирам: „Кога умре мама, нашата љубов почна да

добива контури како и секоја легитимна љубовна приказна,

и покрај криенката што ја игравме цели шест месеци, доби

и своја географија од клупи во паркот и прошетки што

завршуваа во мојата соба, каде што приказната стануваше

најинтимна, зад темните и тешки завеси се стемни и

последниот остаток од моето детство и ако претходно само

брзо пораснав, тогаш станав жена“.

- Па, Фросина, навистина, кога станавте жена?

ФП: Не би можела толку лесно, како ликот во мојот роман да

го лоцирам моментот кога станав жена. Од првиот пат кога се

нашминкав и зедов парче облека од мајка ми (се смее), па...

Сите тие лажни проекции и обиди да бидам жена беа увод

во тоа што вистински станав и тоа што сум сега – жена што

(умее да) љуби силно, безрезервно и бескомпромисно. И што

се чувствува фино така како што си е сега.

10

СЕКОЕ ВИДУВАЊЕ СО ЛУЃЕТО

ДА ГО ПОЛНИМЕ СО ЗНАЧЕЊЕ

КАКО ДА Е ПОСЛЕДНО ЗАТОА

ШТО ЧЕСТОПАТИ ЛУЃЕТО СИ

ОДАТ ТАКА, БЕЗ НАЈАВА...

АЈ: Кое е, според Вас, последното табу за машкоста?

ФП: Хм, еве реален пример што често ми се случува, а се

однесува на аналогното поставување на мажите и пивото. Кога

и да седнам со пријател и кога и да нарачаме пиво и кафе или

сок, не потенцирајќи што за кого, келнерот или келнерката

пивото го носи кај мажот (се смее).

АЈ: Првата жена што објавувала еротски раскази е францускокубанската

писателка Анаис Нин. Нејзината врска со Хенри

Милер е филмувана во филмот „Хенри и Џун“. Во дневниците

што ги водела целиот свој живот има еден цитат што многу

ми се допаѓа: „Да се биде непријателски настроен кон

непознатото е знак на голема внатрешна несигурност“. Што

мислите за синдромот на непријателство кон непознатото?

ФП: Тоа е само обид да се маскира стравот од искона

што се јавува кон непознатото и отаде, претпоставувам,

непријателството, како похрабар обид за спротивставување

кон него, што во самата основа е будалест, незрел и, во

најмала рака, апсурден обид. Да негуваш непријателство,

лично мене ми изгледа далеку потешко и поизискувачко

од обидот да ѕирнеш и да се соочиш со непознатото, да се

впуштиш во дијалог со него, да видиш какво е, што сака, што

нејќе, просто, да се обидеш да го спознаеш.

АЈ: Што значи добивањето на наградата Роман на годината за

една млада писателка? Сатисфакција или бреме?

ФП: Искрено и за среќа, сега за сега сатисфакцијата

преовладува во моите чувства. Повеќе е мотивирачка и

верувам дека ќе има позитивен ефект кон она што ќе го

создавам во иднина. А бремето, над границата што означува

одговорност, би можело само да произведе негативни ефекти

во таа насока.

АЈ: Книжевната клима ја следи општествената, но тенка е

границата од опасноста на ставање на писателот во служба

на политиката. Голем број наши писатели се ставија себеси

во служба на времето, пречекорувајќи од естетското во

политикантското. Хамсун, Брехт, Горки и други се примери

на големи писатели кои својот книжевен авторитет го ставиле

во служба, едни на фашизмот, други на комунизмот. Кој е

Вашиот став за писателското кокетирање со политиката?

ФП: Сè додека политичкото произлегува од искрена побуда

на авторот да изрази некоја своја вистина поврзана со

минатите или со актуелните случувања во стварноста што

го опкружува, тогаш е сосем легитимно и разбирливо.

Несфатливо и неоправдано е кога нема ниту искреност,

ниту побуда, ниту, пак, обид за вистина, туку за некоја друга

цел, никако благородна, авторот се служи со политичкото

како инструмент со кој испушта честички што ја загадуваат

11

На „ти“ со

ЖЕНА ШТО УМЕЕ

ДА ЉУБИ СИЛНО И

БЕСКОМПРОМИСНО.

објективната реалност, таа што читателите ја живеат. И не

знам дали, дејствувајќи на тој начин, е барем малку свесен за

можните штети што ги предизвикува.

АЈ: Заморени сме од линеарната потрошувачка логика и од

галопирачкото слепило на денешниот прагматичен свет. Кое

е Вашето зрнце бунт против поредокот? И кои цивилизациски

дресури генерално Ви пречат?

ФП: Пишувањето е, апсолутно, моето зрнце бунт и, генерално,

литературата е најдобриот и најпогоден терен каде што може

да се бунтуваме и да си ги кажеме маките, но и да бидеме

среќни. Среќна сум што одбрав да чекорам по тој терен и

што, ете, си означив некоја моја линија по која се движам. Ми

пречи што во литературата и уметноста, лесното, плиткото

и баналното секогаш предничат и се повеќе консумирани

од специфичното, деликатното и повеќеслојното. И тоа што

квалитетот сè помалку го условува она што денес се поима

како модерно.

АЈ: Истражувањата покажуваат дека во САД има опсесија

за купување која е дијагностицирана како болест, како

патологија кај 6% од популацијата. Воведен е терминот

шопингхолизам или шопинг-манија. Дали и ние сè повеќе

стануваме култура на шопинг-центри? Култура на вулгарен

материјализам и простотилак?

ФП: Во случајов, ќе речам за среќа, ние немаме стандард за да

развиеме на колективно ниво шопинг-манија, па следствено

на тоа, нашата дијагноза би била опседнатост со шопингманија

со исклучок на оној мал процент богати луѓе што би

можеле да ја проектираат оваа опседнатост во реалноста.

Во таа смисла, ние не сме сосем лишени од вулгарниот

материјализам затоа што дури и како опсесија или тенденција

тој постои и си работи во насока на негова реализација.

АЈ: Колку често сретнувате луѓе што се опседнуваат со

формата, а не со суштината?

ФП: Ова е доста деликатно прашање ако се земе предвид

дека сите ние, по грешка или, пак, во даден момент може „да

се заборавиме“ за потоа да „се фатиме“ како сме заглавиле

непотребно со формата. Па, ете, би рекла дека претежно сум

опкружена со луѓе чиј приоритет е суштината и се стремат кон

неа и доколку некој се подзаборави, дејствуваме критички и го

враќаме кон првичната замисла.

АЈ: Во романот пишувате: „Ако до нив има заспан човек

што никако не може да се разбуди, тие мора да тргнат кон

светлината или засекогаш ќе останат мртви луѓе“. На какви

луѓе мислите кога велите „заспан човек“?

ФП: На луѓето што заборавиле дека животот се живее

секојдневно. На оние што ѝ потклекнале на рутината и чии

движења се како на еден месечар, на оние што никогаш не

останале цела вечер будни, на оние што никогаш не се сопнале

и не се учеле чекор по чекор по падот, на оние што никогаш

не изгубиле ништо и никогаш не заплакале, на оние што не

пострадале, на оние што не се израдувале, на луѓето чија

улога во сопствениот живот е улогата на пасивен набљудувач.

АЈ: Еве уште еден цитат од „Одбројување“: „Само во

рутината сме и двајцата безбедни“. Колку е опасна рутината

на секојдневното живеење? И колку може да биде лажна

12

НА ОНИЕ ШТО

НИКОГАШ НЕ

ИЗГУБИЛЕ НИШТО

И НИКОГАШ НЕ

ЗАПЛАКАЛЕ, НА

ОНИЕ ШТО НЕ

ПОСТРАДАЛЕ, НА

ОНИЕ ШТО НЕ СЕ

ИЗРАДУВАЛЕ, НА

ЛУЃЕТО ЧИЈА УЛОГА

ВО СОПСТВЕНИОТ

ЖИВОТ Е УЛОГАТА

НА ПАСИВЕН

НАБЉУДУВАЧ.

реалноста што се гледа, и колку може да биде вистинита онаа

што не се гледа?

ФП: Опасноста на рутината најчесто и не се гледа. Очигледната

реалност наспрема она што таа го крие зад завесата е една

од најзначајните преокупации на романот „Одбројување“

кој, всушност, доаѓа токму до тоа дека работите не се онакви

какви што изгледаат, суштината никогаш не ни е дадена „на

прва“, туку по неа е неопходно да се трага – колку е таа потрага

подлабока, толку повеќе сме успеале да ја демаскираме

реалноста каде што работите се прикажуваат искривени,

лажни или, едноставно, поинакви.

АЈ: Сте им биле некогаш благодарни на некои луѓе што

направиле да страдате, поради тоа што од тоа произлегол

некаков процес на учење и духовно растење?

ФП: Па да, има луѓе кои, без разлика на релацијата што сме

ја имале, ме повредиле за некако потоа да ме зацврстат и во

тие моменти не сум им била благодарна затоа што не сум била

соодветно дорасната на таа задача, но од оваа перспектива и

од оваа емоционална дистанца, да, можам вистински да им се

заблагодарам.

АЈ: Во книгата пишувате за шминкањето на болката, па јас ве

прашувам како Вие ја шминкате болката?

ФП: Ах, болката... Болката гледам да си ја одболувам, онака

целосно и со сите марифети затоа што краткотрајниот

ефект на шминката, еве, на пример, во форма на насмевка,

води директно во ќор-сокак. Подзалечена болка се појавува

како лошо наместено колено на секоја драстична промена

на времето. Одболуваната болка, пак, оди таму каде што ѝ е

местото – во заборав.

АЈ: Што значи да се биде љубовен метеопат?

ФП: Од летање до ѕвездите до боледување на смртна постела

– сите состојби што ги собира во оваа бездна може да бидат

карактеристични за љубовниот метеопат.

АЈ: Пишувањето роман е слично како и пишувањето сценарио

за филм. За кој филм би сакале Вие да сте го напишале

сценариото?

ФП: Miracolo а Milano.

13

ЕСЕНСКИ СЈАЈ СО

SWATCH

Метализирај го својот стил со сјајните модели на часовници од новата

есенска Swatch Worldhood колекција. Кој е твојот фаворит?

Новите модели на часовници може да ги пронајдете во продажните

места на „Божиновски часовници и накит“.

14

Портрет поддржува македонска уметност

„НИМ“

ИВАН ИВАНОВСКИ

15

и поради нивните видувања и ставови и затоа настојувам

секогаш да бидат дел од моите претстави. Но има и такви

за кои не ми е пријатно да кажам дека се дел од нашата

професија.

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ, РЕЖИСЕРКА

НИЗ ГОДИНИTE

НАУЧИВ…

Фотографија: Жарко Чулиќ

Квалитетна театарска уметност за секој современ општествен

систем е... онаа што воспоставува нов театарски јазик, што

отвора нови начини на мислење и што буди силни емоции

кај публиката. Таквата уметност ја поттикнува единката да

чувствува, сочувствува, размислува за себе и за светот што

ја опкружува. Театарот во кој јас верувам подразбира многу

пот и солзи, а истовремено и дистанца од нив. Тоа е театар

кој работи на контрасти, кој копа по несвесното и буди некои

чудни приказни.

Кога подготвувам претстава секогаш... се возам на

рингишпил од емоционални пресврти, барам да работам

многу, работам долго, сакам сè да пробам, сакам и да се

скарам и да се смирам и да го опцујам, и да се мачиме и

сакаме истовремено. Со театарот сум во патолошка врска.

Како со момче кое многу го сакаш, а страшно многу тe

нервира. Значи многу го сакам, но истовремено и многу ме

нервира и никако не можам да го оставам.

Жените во мојата професија се... различни. Не можам да

генерализирам и да речам дека се похрабри или повешти.

Има одредени жени што бескрајно ги ценам поради талентот

За еден театарски проект да биде успешен, потребно

е... за почеток зад него да стои група на автори со сличен

сензибилитет и желба нешто да раскаже. Но, според мене,

најпотребен е добар менаџер кој ќе им излезе во пресрет на

барањата на режисерот и на авторите, а потоа ќе се погрижи

да ја пласира претставата на пазарот. Менаџерската работа е

голем проблем во театрите кај нас. Негрижата за претставите

е страшна. Продажбата на претставите најчесто зависи од

личните заложби на екипата, кои се сведуваат на постови на

„Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“ и лично канење луѓе. Да не

зборуваме за тоа дека повеќето директори немаат никакви

амбиции да ги отворат границите за добра претстава, освен

ако не е во прашање личен интерес. И ако јас се прашувам, со

секторот маркетинг во театрите треба некој сериозно да се

позанимава и да се види како и на кој начин ќе се рекламира

одредена претстава, а со тоа како и ќе се создава и образова

нова публика. А не од нерасположение и немање концепт

да се предвидуваат во репертоарите по една до две лесни

комедии кои ќе се продаваат по фирми, а другите претстави

што навистина има што да кажат некој нема да се помачи да

ги продава.

Политиката треба да стои настрана од уметноста затоа што...

Политиката е составен дел од уметноста и претставите треба

да бидат општествено/политички/социјално ангажирани.

Она што е апсурдно е кога културата се партизира или уште

полошо - кога се инструментализира. Тоа е борба во која

секој освестен уметник треба да учествува и да ја одбрани

уметноста.

Кога работам со студенти, настојувам да... Имав одлична

комуникација со студентите додека работев на Факултетот

за драмски уметности, како демонстратор на катедрата за

актерска игра. Ми беше важно секој од нив да добие свој

простор и да извади максимум од себе и од улогата. Имавме

другарски однос и бидејќи јас не знам да се штедам за

ништо, така и во таа комуникација се обидував да најдам

заеднички јазик и да отворам кај нив некоја нова димензија.

Тие го препознаваа мојот искрен ангажман и поради тоа

супер функциониравме.

Новиот бран на македонски, млади актери е... несомнено

со голем потенцијал. Дали тој потенцијал ќе го развијат

понатаму, дали ќе добијат шанси и дали ќе ги искористат,

тоа не би знаела да го кажам. Не ми е јасно дури ни каде

е изворот на проблемот затоа што ми се чини дека доаѓа

од повеќе страни. Од една страна, премногу студенти се

примаат на катедрите по актерска игра и на крајот кога

ќе ги завршат студиите, голем дел не успеваат ниту да се

вработат ниту да останат во професијата. Од друга страна,

за непотизмот и клиентелизмот подобро и да не почнувам.

Еден куп млади таленти пропаднаа изминативе години

поради овие со „добри врски“. Притоа многумина од нив и

тоа како се покажале на независната сцена, но никако да

16

добијат шанса во националните институции. Одговорните

за овие одлуки не ни сфаќаат каква штета ѝ направија на

уметноста. Но веројатно некаде длабоко во себе тие воопшто

и не се уметници, туку бизнисмени. И го претвораат театарот

во бизнис. И тоа најчесто во ситен бизнис, па оттука овие

луѓе не се можеби ни бизнисмени, туку најобични бакали.

Жално е што ќе го кажам ова, но театарот во Македонија го

претворија во ситен бакалски бизнис од чии долгови сè уште

не може да куртулиме.

Идеален театарски објект каде што би сакала да се изведува

моја претстава... Не можам да дадам едноставен одговор

на ова прашање. Сè зависи од тоа каков концепт имаш

за конкретна претстава. И покрај тоа што сега сум доста

ангажирана по театарските институции низ Македонија,

никогаш не ми пречело да работам и објективно сум се

преработела претстави (про боно) по најразлични кафулиња,

барови, дискотеки, на разни независни сцени. И од тоа имам

голема придобивка како еден вид животна и театарска школа.

И повторно би го правела истото доколку имам концепт за

некој вонинституционален простор. Инаку, ако зборуваме за

соништа, германскиот Schaubühne е еден од театрите што ги

обожавам. И во смисла на технички можности и во естетска

смисла. Со радост би откачила кога би работела претстава

таму.

Кога одбирам текст за адаптација, секогаш... Додека

студирав, мојот професор Унковски често велеше дека

текстот нè избира нас, а не ние него. Во тие моменти тоа

не го разбирав, но сега ми е појасно што сакал да каже.

Можете да прочитате илјадници фантастични текстови, но

ако во тој момент вашето чувство за животот што го живеете

не го привлече некој одреден аспект од некое дело, можете

упорно да талкате низ зборовите на еден тон култни дела

и тоа да биде напразно. Во тој контекст, доволен е макар

и еден спореден аспект во драмите да се адаптира или да

послужи како добра предлошка за претстава.

Театарот е рендген на сите пукнатини во една средина... Би

требало да е така, но изминатава деценија бевме сведоци на

сосема обратна слика. И таа слика би сакала да ја заборавам

што поскоро и се надевам дека театарот во Македонија може

да го ослободиме од партиските стеги. Уметноста мора да

биде слободна, а сцената празен простор во кој секој еден

може да биде каде што сака, да прави што сака, да живее

како што сака и сето тоа не само за да биде рендген на сите

пукнатини во средината, туку и рендген на емоционалните и

психолошки состојби, како лични така и колективни.

Сакам да работам со актери кои... имаат богата фантазија

и мислат со своја глава. Претставата е колективен чин, а

јас додека работам, сакам да пливам во огромен базен од

најразлични идеи, а дури потоа да селектирам што спаѓа

во големата слика што ја креирам, а што не. Обожавам да

создавам хаос, а потоа ред. Ако не ја поминам фазата на

хаос, ми се чини дека моите претстави нема да го даваат

оној резултат што го даваат. Апсурдно, но од тие причини,

глумците во моите претстави дејствуваат со математичка

прецизност, а претставата работи како саат.

За продуктивна и успешна проба, многу е важно... сите да

се обединиме околу една идеја. Искрено мислам дека она

што го убива македонскиот театар е необединувањето околу

заедничка идеја. Страшно е што не може да се договориме

околу најпроста работа. Ние сме земја која проблемите ги

решава при кафепиење и со телефонско пазарење. Не знам

кога ќе престане да важи оваа матрица, но знам дека мора.

Нам ни олеснува кога ќе извадиме од себе сè што нè мачи и

ќе си го раскажеме додека сме на кафе, но исто толку сме

подготвени следниот ден да се вратиме во живата кал и

полека да тонеме.

Кога го режирам сопствениот живот внимавам... на одлуките

што ги носам. Нема ништо потешко од тоа да донесеш

вистинска одлука. Затоа дилемите се сеприсутни во мојот

живот. Другар ми Марко често ми се обраќа со Хамлет,

додека јас замислено го гледам, а мојата потсвест плете

дилема. И во следниот миг се прашувам дали е подобро

да нарачам „кока-кола“ или сок од вишна. И така во круг,

постојано, секој ден.

По завршен успешен

проект најчесто се

релаксирам со... читање

стрип, а ако имам време и

средства, и со некое патување.

Патувањата ми ја даваат

најголемата инспирација

за мојата работа. Исто и

стриповите. А кога патувам

негде, можам да си купам и нови

стрипови, па така убивам две

муви со еден потег.

Сакам да се дружам и да сум опкружена со... моите пријатели

од детство и со некои колеги со кои често работам. Имам

супер друштво од детство, кое не би го менувала за ништо

на светот. Сите сме комплетно различни, но на некој посебен

начин се разбираме. Нè врзуваат многу спомени и ситуации.

А очигледно и разликите нè спојуваат.

Книга што оставила најголем впечаток во мојот живот... Ух,

тешко прашање. Се разбира дека се повеќе, но овој пат како

една од многуте ќе ја издвојам „Прашај ја прашината“ на Џон

Фанте. Често навечер кога ми доаѓа преку глава од мојот

живот како уметник, го повикувам нејзиниот главен јунак

Артуро Бандини и се кинеме од смеење. Тој има одличен

хумор. Редок и циничен. Тој е дефинитивно единствениот тип

што може да ме насмее до солзи во секое време. Добро се

дружиме. Живели Артуро.

17

Инспирација

ИНЕС

СТЕФАНОВСКА

ОТКАКО ЈА ТРГНАВ ПЕРИКАТА, ПОСЛОБОДНА

СУМ И ПОВЕЌЕ СЕ САКАМ СЕБЕСИ

Пишува: Марта Стевковска

Соочувањето со физички недостаток уште од рана возраст носи голем товар и буквално

секојдневна борба со прифаќање на ситуацијата, обидите за прикривање, но и

избегнување дискриминирачки погледи, справување со вербални напади кои, за жал,

во нашето општество сè уште се присутни и тешко се прифаќа „различноста“... Младата

Инес Стефановска низ личната инспиративна приказна ни раскажа како уште од основно

училиште се соочила со целосно паѓање на косата, болеста алопеција, по што почнало

прикривањето, но и како научила да се ослободи од стегите на периката и конечно јавно

да излезе и да биде таква каква што е. Како што вели и самата: „Многу е полесно кога се

претставуваш во вистинско светло, кога не се криеш зад нешто.“

18

Фотографија: Горан HLVK Поповски

Стилистка: Бојана Максимовска

Шминка: Доковски (VD Makeup)

Облека: Fashion Group

19

Инспирација

Во денешно време, кога на физичкиот изглед му се придава големо значење поради сè

поголемата потрага по „совршенство“ и нереални стандарди кои само се гледа да бидат

задоволени, тешко е да се истакне нечија индивидуалност, во поглед на изгледот, ако не

се вклопува во она што општеството го смета за „нормално“. Токму Вие се соочувате со

болест која го напаѓа физичкиот изглед, опаѓање на косата и на влакната од телото. Кога

првпат забележавте дека имате алопеција?

Прво на 8 години се појави еден круг, парче коса паднато, и тогаш почнаа испитувањата,

но никој не даде конкретна причина зошто ми се случува тоа. Претпоставуваа дека е

од внатрешен акумулиран стрес и организмот така го манифестира, се ослободува од

стресот, при што ги исфрла влакната на телото. На почетокот се лекував со течен азот и со

камфор на база на ментол и првично третманот успеа, кругот се изгуби. Но на 10 години се

појавија два круга без коса и тогаш ми беше и постресно бидејќи бев постара. Потоа моите

почнаа посериозно да ја сфаќаат болеста и правев испитувања и надвор од државата,

беа испратени примероци од нокти, коса и од кожа во Кина и во Германија, но и оттаму

резултатите беа во ред, не се покажа дека има некое конкретно заболување. Дијагнозата на

почетокот беше алопеција ареата, а потоа за три години стана алопеција тоталис (губење

на целата коса) и универзалис (паѓање на сите влакна на телото), и тогаш веќе почна и

прикривањето зад марами, капи и перики.

Дали се сеќавате како се чувствувавте со оглед на тоа што за толку мало дете таква

состојба е непозната и претпоставувам носи голема збунетост?

Искрено, јас не го ни забележав кругот без коса, мајка ми го забележа и на почетокот

тоа се криеше од мене. Но кога почнав да одам на испитувања, забележав дека нешто не

е во ред, мислев дека е нешто пострашно, па онака детски ги прашував моите што ми е,

што се случува, помислував на најлошото, но некако тоа не беа реални прашања, повеќе

под влијание на филмови. :) Секако, уште на почетокот имав поддршка од роднините,

пријателите и блиската околина. Отпрвин и моите беа поисплашени, што ќе биде кога ќе

дознам, како ќе го прифатам тоа, како ќе реагира околината... Но со текот на годините сите

станувавме поопуштени, па добивав поддршка и да ја тргнам периката, дека сум убава и

вака и така.

Често физичкиот недостаток е голема причина за емотивен стрес, особено кога се работи

за справување од мала возраст и во тинејџерските денови. Како ја поднесувавте состојбата

тогаш со тоа што интензитетот се засилил, а за млада девојка косата е еден од најважните

атрибути на физичкиот изглед?

На 13 години ја изгубив целата коса на главата и тогаш првпат почнав да носам перики.

Тогаш бев во основно училиште и не беше толку стресно бидејќи соучениците ме знаеја од

претходно, знаеја што се случува и не ми беше тешко да се навикнам да носам перика. Не

зборуваа за тоа, барем не пред мене, за разлика од средното уметничко училиште каде што

беше навистина стресно. Сè уште не бев вистински помирена иако ја знаев ситуацијата и

што точно ми се случува. Инаку, на некои соученици во средно можев и да им кажам што

се случува, но имав и навистина гадни случки, кога ме напаѓаа постарите и ми се закануваа

дека ќе ми ја извадат периката, што многу тешко го поднесов. Тој период траеше околу

три месеци, а заврши со тоа што ги викнав родителите на соучениците и моите родители и

се презедоа мерки од страна на училиштето. За среќа, тие соученици што ме напаѓаа беа

четврта година и завршија, па потоа ситуацијата се стабилизира. Но тој период ми беше

20

Сум добила и многу комплименти од случајни

минувачи, на пример, дека имам убава глава,

дека зрачам со позитивна енергија, но и

такви дека личам на Египќанка и на лик од

научнофантастични филмови :)

21

22

Инспирација

најтешко, паднав во депресија, имав анксиозни напади, па посетував и психолог и со негова

помош и со помош на роднините и пријателите го пребродев и тоа. Имаше и соученици што

навистина ми помогнаа во тој период, застанаа на моја страна и тие што очекував и тие

што не очекував, така што имаше и позитивни моменти. И самото тинејџерство е стресно, а

ова беше сол на рана. Сепак, во тинејџерството откриваш кој си, што сакаш, а јас уште од

почетокот се криев. Имаше и период кога се затворив дома, месец-два не одев во училиште,

отидов и во Србија кај баба ми, па откако се вратив, почнав да одам на терапии кај психолог

и станав физички активна, што ми влијаеше многу добро. Потоа следуваше работа на себе

и прифаќање на состојбата. Дури и денес некогаш се прашувам околу алопецијата, зошто

ми се случува мене, но тоа трае две минути и поминува.

Денес сосема позитивно и со широко насмеано лице веќе не се криете зад периките. Како

дојдовте до моментот да излезете јавно и без кочници и страв од околината да ја покажете

„голата“ глава?

Пред две години кога почнав да тренирам алпинизам, собрав храброст да ја извадам

периката најверојатно бидејќи и за алпинизам треба храброст, па така се поврза едното

со другото. Се сеќавам дека беше лето, многу беше жешко, имав многу големи рани како

резултат на алергија на лепилата за перика. Се подготвувавме да се качуваме, а требаше да

ставам и кацига, па со оглед на жештините и раните, решив дента да се појавам на тренинг

без перика. И онака сите знаеја дека носам и само се појавив така гологлава, и добив само

позитивни коментари и поддршка. Од тој ден веќе престанав постојано да носам перика,

иако понекогаш сè уште ставам.

Поддршката или осудата од околината игра голема улога во справувањето со каква било

ситуација. Какво искуство имате и со непосредната околина, секојдневното среќавање со

луѓе?

И ден-денес има осуда од околината, луѓето знаат да се свртат, да ме гледаат чудно, тоа ми

е секојдневие тука, некој да ме гледа, да зборува за мене, да подбуцне некој да ме види. Од

една страна, тоа ме нервира на моменти, особено кога не ми е денот, но има и позитивни

моменти кога ќе ми пријдат млади со истиот проблем и ќе ме прашаат дали ми е полесно,

како се чувствувам сега, па бараат совет... Сум добила и многу комплименти од случајни

минувачи, на пример, дека имам убава глава, дека зрачам со позитивна енергија, но и такви

дека личам на Египќанка и на лик од научнофантастични филмови :). Зашто реално тешко е

кога се носи перика, обврска е наутро да станеш, да ја наместиш, па ако користиш лепило,

да се нанесе подлогата. Во суштина, алергијата на лепилата и на подлогите беше една од

причините зошто се откажав од периките.

Има начини за лекување на состојбата, меѓутоа, не се знае дали тоа би имало долготраен

ефект. Во Вашата ситуација, дали се свртевте кон некој тип лекување и каков ефект

имаше?

Oдев на третмани со течен азот, ласери и ампули во Србија, а користев и кортикостероиди

што ми ги носеа од Германија, но во суштина ова е автоимуно заболување, не е нешто што

се лекува со лекови. Има и надри начини на лекување, како со лук, кисело млеко, пепел, а

некои луѓе велат дека им помогнало. Но, сепак, сè зависи од типот и од агресивноста на

алопецијата и од самиот човек, колку стресно ги доживува работите. Кај мене, на пример, се

случувало кога ќе сменам нешто на позитивно, или место или ситуација, косата почнуваше

Имав тежок период во средно училиште кога ме напаѓаа постарите ученици и ми се закануваа

дека ќе ми ја извадат периката. Тој период ми беше најмачно, паднав во депресија, имав

анксиозни напади, па посетував и психолог и со негова помош и со помош на роднините и

пријателите го пребродев и тоа. И самото тинејџерство е стресно, а ова беше сол на рана.

Сепак, во тинејџерството откриваш кој си, што сакаш, а јас уште од почетокот се криев.

23

Инспирација

да ми расте. Но повторно само еден помал стрес беше доволен за веднаш да падне. Јас сум

помирена дека немам коса, но можеби некогаш ќе имам, фоликулите се живи, имаат сè што

им треба на влакната за да пораснат и буквално само пред да излезат на површината нешто

ги спречува, организмот како да ги сече. Со оглед на тоа дека немам влакна никаде, ниту

трепки, ниту веѓи, кожата ми е многу чувствителна, како и очите и носот, ми пречат сонце,

прашина... Често знаат да ми направат проблем и синусите, па летно време кога сум под

клима, на пример, на работа, седам со капа или со шал. Со лекувањето престанав на 16-17

години, си реков дека веќе нема да продолжам со третманите бидејќи беа доста агресивни,

имав рани и не можев да спијам убаво. Тогаш вистински влегов во светот на периките кои,

искрено, се како мобилниве телефони денес. Имаш добар телефон, но знаеш дека има и

подобри. Прво почнав со наједноставните и навлегов толку многу, во однос на тоа како да

се наместат, од какво влакно се подобри, како да се скројат по обликот на главата, дури

и како да се нарача коса и како да се сошие перика. Но тој процес на местење и носење е

многу напорен.

Дали сте се нашле во ситуација, поради губењето на косата, да не можете да остварите

некоја зацртана цел, дали Ве спречило тоа во остварување на желбите и плановите?

Во основно училиште многу сакав да одам на одбојка, но поради периката, бидејќи тогаш

не знаев многу како да ја наместам, ми беше ново и ми пречеше, морав да се откажам од

одбојката, а и од пливање. Подоцна пак се запишав на одбојка на 17 години, но тогаш веќе

знаев како да ја врзувам периката и да ја наместам. Сепак, повторно беше тешко бидејќи

цело време е како да носиш волнена капа, телесната температура се зголемува, потта не е

природна, тешко е да се издржи.

Велите дека ослободување сте нашле во алпинизмот, кој на некој начин и Ви помогнал да

се откриете каква што сте. Каков совет би ѝ дале на некоја млада личност што се соочува

со истите дилеми и проблеми како Вас?

Алпинизмот ме направи слободна и храбра и уште по првиот тренинг почнав да одам секој

ден. Во истиот момент кога се качуваш на карпа имаш, но и немаш време да се преиспиташ

психички за тоа што го сакаш и тоа што не го сакаш. Околу тоа што те вознемирува, на карпа

учиш (вежбаш) како одлуките и мислите да доаѓаат смирено, како еден вид медитација,

мир... Бидејќи си доста изолиран кога си на карпа, иако со партнер, сепак си сам и сам

одлучуваш за ситуацијата и ги преземаш мерките. Дефинитивно откако ја тргнав периката,

похрабра сум, поотворена и повеќе се сакам себеси. Многу е полесно кога се претставуваш

во вистинско светло, не се криеш зад нешто. Помалку му судам на кого било, на некој што е

поразличен од „нормалното“ за нашето општество, зашто никогаш не знаеш што точно му

се случува. За тоа би им дала и совет на тие што се соочуваат со истиот проблем и сакаат

да ја тргнат периката, прво да се погледнат себеси во огледало без перика, да се научат да

се гледаат така, зашто обично не си навикнат на тој одраз во огледало. Да станат удобни

со тоа дека немаат коса, да го прифатат тоа и потоа пред некој најблизок пријател, на

пример, или на место кај што се чувствуваат послободни и посигурни, да пробаат да ја

извадат периката, ако тоа навистина го сакаат. На пример, јас во Белград првпат почнав да

се шетам без перика зашто таму дефинитивно е помала осудата. Почетокот на откривањето

е тежок, но со бебешки чекори, прво пред себе, па пред најблиските, па потоа кругот се

шири и доаѓа моментот на конечно прифаќање.

24

Помалку му судам на кого било, на некој што е поразличен од „нормалното“ за нашето

општество, зашто никогаш не знаеш што точно му се случува. За тоа би им дала и совет на

тие што се соочуваат со истиот проблем и сакаат да ја тргнат периката, прво да се погледнат

себеси во огледало без перика, да научат да се гледаат така, зашто обично не си навикнат на

тој одраз во огледало.

25

Инспирација

C HIT

C HAT

СО БЕНДОТ

ДУПЕР

„ДУПЕР“ опишан со еден збор е… СУПЕР!

Нашето појавување на македонската музичка сцена

е… почеток на нов бран.

Сакаме нашиот прв албум да… биде таков каков што го

замислуваме.

Реакциите од спотот за „Не сум твој тип“ се… многу позитивни и

мотивирачки.

За успешна проба најважно е… опрема, клима уред, добро

расположение и вода.

Освен создавање фраерска музика нас уште нè спојува… муабетот.

Најмногу се расправаме за… тоа кој да купи кисела вода.

Најголем оптимист за нашата кариера е… БОРИС!

Фотографија: Жарко Чулиќ

Наш омилен бенд... ДУПЕР.

Мартина како единствена девојка во ДУПЕР... е слобода, братство и единство, жена-борец.

Сакаме нашата музика да… мотивира повеќе млади бендови да се приклучат на бранот!

Наш заштитен знак е… ДУПЕР.

Идеална локација за свирка… Скопје.

Зависни сме од… лоши фори.

Најкул спот што е по наш ќеиф… Нокаут - Телефонскиот број не постои.

Омилена социјална мрежа… Инстаграм.

За добар „ПР“ и промоција на нешто ново најважни се… производот, тајмингот и енергијата.

26

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

УВИД ВО СОПСТВЕНИТЕ

СМЕТКИ ОД КАДЕ БИЛО

И КОГА БИЛО СО

ТОПСИ

НА СТОПАНСКА БАНКА

ТОПСИ платформата на Стопанска Банка АД Скопје, е полн погодок за младите од 18 до 28 години.

Со неа корисниците можат да имаат увид во сметките 24/7 од каде било, а не само од дома, да

бидат блиску до сопствените финансии, искуство што го имаа младите кои ја користат платформата

ТОПСИ, а беа и дел од „Д фестивал“ во Дојран минатиот месец. Поточно со пристапноста преку

различните i-bank канали, младите имаат увид во сопствените сметки 24/7 без разлика каде се

наоѓаат. Со тоа се добива комплетен пакет на услуги во секое време, а сигурноста да се знае дека

во кое било време и каде било може да се има увид во финансиите е повеќе од потребна. Кaко

и претходните години, Стопанска Банка и ТОПСИ тимот ја препозна забавата за млади во Дојран

и веќе трета година е еден од поддржувачите на „Д фестивал“. Подароци, регистрирање, многу

фотографии и препознатливата пинг-понг маса дефинитивно беа забава каква што им доликува на

фестивалот и на младите посетители.

Како што е веќе познато, креирана од млади за млади, ТОПСИ платформата е посебен канал за

комуникација и интеракција со Банката на соодветен начин близок до младите. Нуди бесплатна

картичка, трансакциска сметка и 24/7 онлајн-пристап. Плус, со ТОПСИ Мастеркард-картичката,

освен за плаќање онлајн или во трговија, обезбедени се супер попусти и зделки во трговската

мрежа. За да се биде дел од ТОПСИ платформата, потребно е да се биде клиент на Стопанска

Банка со трансакциска сметка и обезбеден пристап до i-bank услугите. Пристапот 24/7 до i-bank

услугите е бесплатен, додека за реализирање трансакции Банката издава ОТП токен за потпишување

налози. А тука е и апликацијата TOPSI Pay, слична на „Вајбер“ или на „Месинџер“, која овозможува

брзи меѓусебни плаќања со пријателите. Вграден во m-banking апликацијата на Банката, TOPSI

Pay овозможува инстант-трансфер на средства и без да се знае сметката на пријателите - само

со избор од именикот. Функционира 24/7, а средствата се веднаш на располагање на основната

трансакциска сметка и на платежната картичка поврзана за неа. Повеќе информации и одговор

на прашањата за платформата ТОПСИ може да се добијат во филијалите на Стопанска Банка АД

Скопје или на веб-страницата www.topsi.mk

Инспирација

Пишува: Ружица Антиќ

ЖАРКО ДИМИТРИОСКИ

СЕКОЈ ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДА СЕБЕСИ

КАКО ГРАЃАНИН НА СВЕТОТ

За Жарко Димитриоски слободно можеме да кажеме дека растеше пред очите на јавноста. Ретко кој не ги забележа

неговите паметни очиња кога ја играше улогата на Диме Такси во сега веќе култната серија на МРТВ - „Големи и

мали“. Од пресладок детски актер, до водител на секогаш најгледаните забавни емисии, гордо го гледавме развојот

на неговиот талент и карактер. Но ние имавме желба со него да поразговараме за неговата страст кон светот на

маркетингот, во кој веќе е звучно име, и за целиот труд вложен да стигне таму.

Во последниве години постои некој бран на негирање на нашите локални институции, на

нашиот пазар и на целокупниот образовен систем. Какво е Вашето мислење, сте почувствувале

ли товар што почнавте да ја градите кариерата во средина како нашата?

Мојата девојка студира медицина и таа размислува да си оди од земјава. Јас имам поинаков

став, и секогаш имаме „конфликт“ бидејќи мојот став е дека ова е плодна почва која можеш да

ја ораш. Не можам да кажам дека не ја разбирам, можеби и јас да сум на нејзино место би го

мислел истото, но мојот став е дека не е точно дека секаде е подобро од овде. И покрај сите

28

Инспирација

клишеа што сме ги слушале за начинот на работа и животот

во странство, овде имаме една предност. А тоа е дека многу

полесно можеш да испливаш на површина, да се издвоиш од

толпата, се разбира, единствено ако навистина поседуваш

квалитети. Работата е што ние, луѓето што не сме помагани

од никого во работата гледаме на тоа како по дифолт, не на

пример дали некој некому му е татко или чичко, едноставно

не ни е матрицата така фигурирана. Потешко е кога е

навистина голем пазар, кога никому не му значи ништо друго

во врска со тебе освен твојата стручност и подготвеност. Па

така и за нашава средина, едноставно како и за сè друго во

животот, си правиш анализа на тоа што е предност, а што

недостаток, и работиш да ги редуцираш недостатоците и

да ги истакнеш предностите. Исто така, имам среќа што се

борам и работам на пазар кај што не важи субвенција или

држава, туку поддршка од корпорации од приватни ентитети.

Актер, спортски новинар, коментатор, телевизиски водител,

стендап-комичар, креативен маркетинг-директор, не знам

дали успеав сè да набројам. Очигледно е дека сите овие

работи ги работите со голем талент и креативност, но

можете ли да издвоите една од нив што сте ја работеле со

најсилна страст и посветеност?

Искрено, најголема љубов ми е музиката, болен сум по гитара

и многу време поминувам со неа. Не само за работата, јас

во принцип имам многу такви периоди на преминување од

еден интерес на друг, на пример, во моментов интересна ми

е теоријата дека античките градби во Египет се 5.000 години

постари од тоа што се мисли во официјалната историја и

сега сум фиксиран на тоа. Следниве два-три месеци ќе бидам

опседнат сè да прочитам и да истражувам околу тоа и ќе го

терам до максимум. Но таквите луѓе што можат да се исклучат

речиси од сè и да се фокусираат максимално на една работа

обично ја плаќаат цената за тоа. Еве, на пример, јас немам

социјален живот, а и веќе ме плаши моментот на анализирање

на луѓе, пријатели, а и на моменти се чувствувам сам во својот

мини-круг. Од човек што имал многу познајници, пријатели и

друштва, одеднаш се сменив и размислувам зошто се сменив,

кој ме натера да се сменам и дали е тоа воопшто добро. На

крајот од денот не ми останува ништо друго освен да си се

оправдам себеси за тоа однесување и размислување.

Оваа година Ви почна прекрасно со веста дека сте ставени на

листата на Forbes, 30 under 30, што значи дека сте оставиле

силен печат на европската медиумска сцена. Имавте ли

некоја интересна средба на доделувањето на наградите

во Лондон, Ви остави ли некој од другите наградени силен

впечаток?

Немав такво искуство и токму тоа е добро, тоа ме мотивира.

Всушност, сфаќаш дека не е важно тоа што си од Скопје,

од Македонија, и воопшто не е важно што добар дел од нив

не ни знаат нешто за земјата од каде што доаѓаш. Гледаш

дека слободно можеш да се тркаш, дека државите не се

важни, па ни капиталот, на пример. Не сме хендикепирани

во ниеден момент и тоа е супер. Преку агенцијата почнав

да се ориентирам и кон интернационалниот пазар, многу

природно, спонтано, едноставно како резултат на целиот

вложен труд. Кога се работи за голем пазар и брендови

за какви што работиме сега, постојано има потреба да се

докажуваш. Кога ќе се сетам дека денес работиме кампањи

за брендови за кои пред една година некој да ми кажеше

дека ќе работиме, немаше шанси да му поверувам, на пр.,

„Полароид“, „Мекдоналдс“ и сл. Клучот е да не гледаш на

себе како граѓанин на Македонија, туку како граѓанин на

светот. Да сфатиш дека сите можности ти се еднакви, и да

искористиш сè со што располагаш за да дојдеш до правото

место, и кога ќе дојдеш, најпонизно на свет да ја доставиш

правата понуда. Кај нас кога некој ќе постигне некое ниво

на успех, постои некоја потреба за надменост и мислење

дека заслужил работите да му доаѓаат сами по себе, но тоа

ќе те доведе само во амбис. Може да имам милион причини

да мислам дека сè сум заслужил и сум направил, можам да

одам на карта - јас сум јавна личност, телевизиско лице, но

знам дека тоа на глобално ниво не проаѓа, а мене тоа ми е

најважно.

Постојано се жалиме дека музиката, уметноста, ни стагнира,

дека има недостиг на продукција и квалитетни изведувачи,

но од друга страна речиси секој нов проект се дочекува на

нож. Какво е Вашето размислување, како некој што долги

години работи со јавните и естрадни личности?

Во агенцијава ги подучувам луѓето да не очекуваат пофалби

бидејќи ние не сме општество што фали, туку општество

што куди. Во суштина, да бидат некој што дава најмногу од

себе, а да не очекува повратен позитивен фидбек, туку ако

го добијат, на тоа да гледаат како бонус. Тоа е навистина

лоша работа, но не очекувам да се среди. Искрено, не ми

е важно дали ти се допаѓам или не, важно ми е јас да сум

задоволен со мојата работа. Се сеќавам на зборовите на

Никола Младенов, со кој често излегував и имав можност да

се дружам. Луѓето многу често сакаа да зборуваат со него

за свои политички ставови и да споделуваат што очекуваат

од државата, знаејќи го кој е. На тоа тој ги прашуваше дали

знаат кога била основана Првата Француска Република или

кога е напишан Уставот на САД. Поентата негова беше дека

држава за 50 години не се прави, бидејќи промени не можеш

да очекуваш во 50 години, но твое е да турнеш до каде

што можеш да турнеш. И јас се водам по таа норма, не ни

очекувам да се промениме, да се чуваме сами едни со други

и да кажеме дека „Еден на еден“ е најдобра емисија бидејќи

така кажуваат бројки. Но ние живееме во вакво општество

и не треба да очекуваме ништо, а да даваме максимум, и да

оставиме кој што сака да мисли.

Велат дека секој успех е сладок само ако го споделуваш во

круг на луѓе што те сакаат, поддржуваат и што се секогаш

тука за тебе. Вие работите заедно со Вашиот постар брат,

тешко ли е да се тргнат настрана семејните релации, во

услови каде што се потребни професионалност и реалност?

Ние сме меѓусебни корективи бидејќи јас сам или тој

сам нема да можеме да го направиме сето ова. Не дека

сме јин и јанг, до толку различни, имаме и многу точки во

кои се допираме, во однос на комуникација со клиенти,

размислување, однос со вработени и слично. Работата е што

кога на едниот му прекипува и сака да направи нешто што

не треба, другиот е тука да го спречи и да му каже „не“, дека

треба да размисли. Едниот е локомотива, другиот вагон, но

не секогаш е еднакво тоа, туку наизменично, и навистина сум

29

Инспирација

среќен што го имам. Поради тоа што татко ни почина кога

јас имав 12, а тој 18 години, тој стана авторитетот за мене и

секогаш почитувам што има да каже и како размислува, тоа нè

има многу изградено како личности. Можеби не секогаш ќе

го применам тоа што ќе го каже, но го почитувам и пробувам

за негов атер да го сменам, па и да не го сменам, давам сè од

себе, знам дека сум се обидел.

Многу примери од животот на светските комичари ни

покажуваат дека голем дел од нив биле депресивни и тажни

луѓе. Какво е Вашето искуство од контактите што ги имате со

луѓе од таа професија?

Кај нас не можеш да кажеш дека има сцена или дека е некој

комичар или сценарист за стендап бидејќи нема услови тоа

да постои и да се развива професионално. Тие луѓе што се

занимаваат со тоа секогаш имаат приход и од друго место,

ние не знаеме што е стендап-сцена, туку имаме обиди од

искрени луѓе кои сакаат да го прават тоа, и добро е да го

има. За шегите нема граници, можеби нема да можеш да

настапуваш во Америка, но можеш шегите да си ги продадеш

онлајн и да заработиш сериозни пари. Пријател сум со еден

етаблиран маркетинг-гуру во регионов, Давор Брукета, човек

чија агенција од рани деведесетти години во Хрватска се

проби на интернационалниот пазар. Токму тој ми има кажано

дека сè е до очекувањата и дека треба како што се обидуваш

да се пробиеш на домашниот пазар, истото да го правиш и

на интернационално ниво. Потребно е да се пратат неколку

илјади мејлови и ако се добие фидбек од 20 фирми, да се

договори состанок со барем две, да се вложи, инвестира во

патот и во себе, и да се оди каде што треба. Можеби нема

да имаш успех на првиот или на вториот состанок, но на

деветтиот или десеттиот ќе падне договор, теоријата на

квантитет така вели. Во тој контекст, сега ќе правиме Media

Innovation Forum, прв од овој тип кај нас. Ме радува што

конечно тоа што го има во многу земји во околината ќе го

има и кај нас. Конечно и во нашата земја ќе имаме можност

да се собереме професионалци и да разменуваме мислења,

да имаме панел-дискусии и едноставно да видиме до

кај сме и каде сакаме да одиме. Мислам дека ова ќе биде

исклучителен настан зашто од осамостојувањето на нашата

земја, 28 години, немало настан од ваков вид.

Во последниов период нашата земја беше во исклучителна

политичка криза и тоа се одрази врз сите аспекти од нашето

секојдневие. Имавте ли Вие некогаш обиди да бидете

политички инволвирани, со оглед на тоа дека сте автор на

една од најгледаните телевизиски емисии?

Немав такви притисоци, иако ситуацијата навистина беше

лоша и тоа се одрази врз сите медиуми и врз нивниот

квалитет. Без разлика на поделбата на медиумите на владини

и опозициски, авторските емисии потпишуваат договор дека

ние самите стоиме целосно зад сè што е кажано во емисијата.

Јас имав предност што кога почнаа политичките превирања,

мојата емисија веќе беше етаблирана, така што не бев на

удар на притисоците. Но за секој постои замка да се фати

на орото, иако реално, најважно е да си настрана од орото и

да си правиш како што мислиш без разлика на политичките

убедувања. Единствено на тој начин долгорочно ти ја

добиваш играта и никогаш нема да можат да ти кажат едно

или друго. Тоа секогаш ни било принцип, наш внатрешен

договор, и многу добро знаеме кои ни се начелата, и кои

граници по ниедна цена нема да ги поминеме.

Стресот од напорната работа секојдневно зема жртви и се

смета за најголема закана на денешното живеење. Имате ли

Вие слободно време за релаксација, дружење, одмор?

Гледам да не се жалам и секогаш да размислувам дека сето

ова сам сум го избрал. Јас во принцип сум човек што секогаш

успева да си најде оправдување за своите постапки, колку

и да личат на погрешни. Мојата девојка често ме кара за

тоа, а и сигурно е напорно со човек што речиси никогаш не

вели извини, односно секогаш има оправдување дека така

требало. Точно е дека напорното работење има негативни

страни, односно кога веќе работата ќе ти стане преокупација,

нема саботи-недели, постојано сум со лаптопот и со мејлови.

Тоа не е својствено за ова поднебје и не велам дека е добро

така, но тоа е патот што јас сум го избрал. Сигурен сум дека

многу луѓе во мојот живот ми се лутеле, мислеле дека не им

посветувам доволно внимание, а јас тоа сум си го оправдал

преку филтрацијата дека ете сум останал со оние на кои

навистина им значам. Постојат луѓе со кои се дружам и со

кои и една година да не се видиме, кога ќе се видиме, ќе се

гушнеме и тие 12 месеци нема да влијаат, ќе биде како да не

поминале. А инаку, каде и да сум, не можам без да проверам

како е завршена работата, тоа е лошо, сакам да можам да го

оставам процесот докрај да го заврши мојот тим, но не можам

да не мислам. Во моментов сум во фаза кога ја давам идејата и

оставам процесот да се тера, но на крај во финишот не можам

да издржам без да видам како е. А не сакам да е така бидејќи

на тој начин му робуваш на вифито, робуваш да видиш како

излегол проектот, едноставно тоа не е уживање во моментот.

Ако си на одмор на убава плажа со друштво, доколку цело

време има нешто што ти тежи и проверуваш кога ќе стигне,

па откако ќе стигне, бараш интернет да провериш дали е

добро, тогаш само се лажеш дека живееш во моментот. Но

се надевам дека тоа ќе се смени, најверојатно тоа е следна

фаза, некаде да еволуираме и да не застанеме тука бидејќи

не сакам да бидам како тие глувчињата на цртаните што се

влезени во тркалото и не застануваат.

Секој добар менаџер има свои вештини и тактики преку кои

го мотивира и организира својот тим. Може ли да издвоите

нешто што најчесто Ве мотивира или ја поттикнува Вашата

продуктивност?

Буквално ако работиш како коњ, ќе ти се исплати, дури и да

не си експерт, прво ќе работиш за тоа да станеш, па потоа

ќе работиш за да се докажеш дека си експерт. Убаво ми е

многу кога си размислувам кај бевме пред четири месеци, на

пример, или пред една година, а каде сме сега. И така најубаво

ќе сфатиш што си направил, можело ли поинаку и до каде си.

Но немањето капацитет да се исклучиш и да направиш една

ретроспектива на тоа што си го направил дотогаш е многу

зезнато. Мораш да си дозволиш себеси удобност да видиш

што си направил низ годините зашто само тоа ќе те натера да

го цениш моментот кој ќе ти даде мотивација да продолжиш

понатаму. Јас сум како волк самотник, не очекувам ништо од

никого и таа мотивација ми доаѓа од себеси, а за да биде така,

мораш да се дистанцираш, да ги погледнеш работите што си

30

Инспирација

ги направил и да си речеш „секоја чест, одиме понатаму“. А

во однос на тимот, сè се сведува на голема посветеност и

работа. Би издвоил неколку работи, на пример манијакално

читање биографии бидејќи тоа е единствен начин да можеш

на маса да ги седнеш луѓето што веќе го изоделе патот. Јас

не можам да го запознам Ричард Брансон, но можам да ја

прочитам неговата биографија и да научам. Регионално, јас

можам да седнам, како во случајот со Давор Брукета или

локално, на пример, со Игор Џамбазов или со некој друг

што би сакал, но на светско ниво не можеш. Треба да бидеш

отворен за искуства од сите квалитетни луѓе во твојот живот,

и сите тие што искрено ме подучувале сум си ги задржал за

себе и ден-денес се вртам кон нив за совет. И, секако, треба

да си опкружен со луѓе што се подобри од тебе, така да ги

одбираш опкружувањето и друштвото, да бидат луѓе од кои

имаш трема. Еве, на пример, мене секоја средба со Младенов

ми била со огромна трема, иако биле десетици. Прво од чест,

а второ што ќе кажам денес, дали ќе го фасцинирам со нешто

интересно... Но тоа се такви луѓе со кои кога веќе си седнат,

ти даваат до знаење дека сè е ок, биди тука и учи. Не треба

да се биде самобендисан, само од луѓе подобри од тебе

можеш многу да научиш. Ние сме само зрнца од прашина,

не сме важни во универзумот, сè се сведува на таа поголема

филозoфија. Наоѓам среќа во работата, во тоа да ми расте

бизнисот. Многу ми е важна и поддршката од мојата девојка,

која вистински го прави тоа, ме остава да работам колку и

да треба зашто знае колку среќен ме прави тоа. Неважни

работи, како на пр., што мисли за мене комшијата, дали

мислат дека сум парајлија или не, дали ќе ги импресионирам

со автомобилот, за жал, се грижите на мнозинството луѓе кај

нас. Исто така, јас не користам социјални медиуми, не ставам

ништо од приватниот живот бидејќи не ја гледам потребата

да ставам што било, нив ги користам единствено од бизнисаспект.

Фотограф: Жарко Чулиќ

31

year 20??

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилист: Ана Коцевска

Модел: Павлина Манева - Подиум

Шминка: Доковски (VD Make Up)

Фризура: Даниел Артевски

SPORT M блуза 2.490 ден.

PARFOIS обетки 190 ден.

WOMEN’SECRET градник 1.590 ден.

SPORT M долна тренерка 4.290 ден.

SPORT M патики 6.190 ден.

33

SPORT M горна тренерка 5.490 ден.

MANGO маица 990 ден.

MANGO панталони 1.290 ден.

SPORT M патики 6.190 ден.

MANGO боди 1.290 ден.

SPORT M долна тренерка 4.990 ден.

PARFOIS чанта за на појас 1.490 ден.

SPORT M папучи 1.992 ден.

35

SPORT M маица 3.990 ден.

LEVI’S фармерки 3.790 ден.

SPORT M папучи 1.992 ден.

SPORT M костим за капење 2.490 ден.

LEVI’S јакна 4.890 ден.

SPORT M патики 7.390 ден.

Портрет мода

Портрет мода

3 БОИ ЗА ОВА ЛЕТО

Контраст на топли и ладни тонови што ја враќа

силата пред новата сезона. Идеален стил за жена

која го замислува животот во движење.

1. MANGO 1.490 ден.

2. PARFOIS 490 ден.

3. MANGO 1.690 ден.

4. MANGO 1.490 ден.

5. MANGO 1.290 ден.

6. MANGO 1.290 ден.

7. GUESS 6.490 ден.

8. CARPISA 1.990 ден.

9. MOTIVI 3.890 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Портрет мода

DOTS &

STRIPES

1. PARFOIS 690 ден.

2. MOTIVI 2.495 ден.

3. PARFOIS 790 ден.

4. SPRINGFIELD 2.399 ден.

5. MOTIVI 1.645 ден.

6. PARFOIS 1.790 ден.

7. CARPISA 1.690 ден.

8. GUESS 4.590 ден.

9. GUESS 5.190 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Маслинесто

Црно

Правете

комбинации со

нијансите на

зелена, кафена и

црна. За необичен

изглед доволен е

кафеав комбинезон

украсен со

интересен ремен,

мала впечатлива

чанта и сандали во

маслинеста боја.

MANGO комбинезон 2.990 ден.

PARFOIS чанта 2.090 ден.

PARFOIS ремен 490 ден.

PARFOIS чевли 1.190 ден.

MANGO обетки 690 ден.

Тегет

Бело

Полн погодок

за летен изглед

е лежерен

комбинезон

во линии. Во

комбинација со

тегет патики и

чанта, како и бел

шешир сте спремни

за попладневното

кафе.

SPRINGFIELD комбинезон 1.399 ден.

SPRINGFIELD шешир 799 ден.

SPRINGFIELD чанта 2.390 ден.

PARFOIS ремен 90 ден.

PARFOIS чевли 1.390 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилист: Ана Коцевска

Модел: Ана Марија Јанковиќ - Моделс Ин

Шминка: Фросина FRAN Ангеловска

1.490 ден.

2.490 ден.

2.490 ден.

1.199 ден.

1.490 ден.

2.490 ден.

Пастелни чекори

Портрет мода

Шаренило од чанти

1.545 ден.

1.390 ден.

1.490 ден.

1.490 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

2.490 ден.

Sun

KISSED

ROSAL Perfect You

путер за тело

Светло кафеавите тонови

и бакарните нијанси

се совршени за летна

шминка. Истакнете

ги очите со нежните

неутрални сенки, но

не заборавајте да се

погрижите и за косата и

кожата по денот поминат

на плажа.

LUSH Sunny Day

Anti Static спреј

за расчешлување

795 ден.

LUSH Sea

Spray спреј за

омекнување на

коса 795 ден.

LUSH Honey пилинг за усни

495 ден.

MAC четка за лице

3.085 ден.

MAC Warm Neutral

палета со сенки за

очи 8.293 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

SHISEIDO Future Solution

заштитна емулзија за

лице 18.143 ден.

Портрет убавина

Flawless

fragrance

DOLCE & GABBANA

Light Blue Intense

Womеn EDP 100 ml

6.770 ден.

TOM FORD Patchouli

Absolu EDP 100 ml

19.222 ден.

NARCISO Rouge EDP

30 ml 3.690 ден.

LUSH Sikkim

Girls EDP 100 ml

3.995 ден.

TOM FORD Eau De

Soleil Blanc EDT 50 ml

13.168 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

45

Портрет мода

АКО ЖИВОТОТ Е ИГРА,

LACOSTE

ГО ИМА СОВРШЕНИОТ ДРЕС

Пишува: Џејлан Рустемоска

Пред 85 години љубовта кон тенисот, поривот за

иновативност и вродената француска елеганција

го инспирираа Рене Лакост да ги создаде славните

маички со лого-крокодил, кои не само што своевремено

предизвикаа вистинска револуција на терените за тенис

и голф туку и денес, безмалку еден век подоцна, се поим

за лежерна елеганција и добар вкус. Неодамнешната

благородна одлука на брендот по повеќе од осум децении

крокодилчето да го замени со лого од десет загрозени

животни за лимитирана колекција, чиј број на маички го

симболизира бројот на преостанати примероци од овие

животински видови, ни послужи како инспирација месецов

да одвоиме простор и да ѕирнеме во одличната приказна

зад брендот „Лакост“.

Имено, крокодилот, долго пред да се најде на маичка, бил

поврзан со името Лакост на сосема поинаков начин. Во

дваесеттите години на минатиот век Жан Рене Лакост е

познат француски тенисер кој станува светски број еден,

истакнувајќи се пред сѐ како најмлад член од славната

француска тениска четворка „четворицата мускетари“, но

и како соло-играч по неколку последователни победи на

гренд слем турнирите во Франција, Америка и во Англија.

Неговиот успех, пред сѐ, како спортист, а подоцна и како

основач на брендот се должи повеќе на упорноста и

посветеноста отколку на вродената дарба. Желбата за

креирање наместо за приспособување на околностите е таа

што од мали нозе го оддалечува од плановите на семејството

за неговата иднина во автомобилскиот семеен бизнис и го

приближува до тениските терени, каде што може да сонува

не само за слава, туку пред сѐ за фер игра, нови потези

и постојано надминување на сопствените капацитети.

Легендата вели дека при едно патување во Бостон со Дејвис

куп-тимот будното око за елеганција на Рене забележува

прекрасен куфер од крокодилска кожа на еден излог, а

тренерот, шегувајќи се, му го ветува доколку победат. Не

знаеме што станало со куферот, но вака почнува приказната

за крокодилот, а прекарот што го добива Рене совршено

ќе им легне на спортските новинари кои го користат како

метафора за неговите потези на теренот, за тоа колку вешто

ги „голта“ своите противници. Но „без елеганција, и да се

игра и да се победува не е доволно“, вели Рене Лакост,

кој уморен од преофицијалните некомотни блузи со долги

Портрет мода

ракави и класичните здодевни панталони на тенисерите,

не се ограничува на елеганцијата на своите потези, копнее

за свежина во спортскиот изглед на терен. Идејата е

едноставна: да се скратат ракавите на кошулата за им се

даде слобода за движење на рацете; да се задржат јаките

за да остане неопходната елеганција. Преку ноќ настанува

револуција. Во 1933 г. се раѓаат поло-маичките на кои првпат

ќе се најде логото со крокодил дизајнирано од страна на

пријателот на Рене, Роберт Џорџ, неколку години претходно

и веќе заштитен знак на Рене на теренот. Идејата логото да

биде видливо е уште еден новитет: ако дотогаш името на

брендот сошиен од внатрешната страна значело гаранција

за квалитет, сега вака видливо значи идентификација за

стил. L.12.12 е првиот модел кој дефинира сѐ што и денес

значи брендот: префинета ткаенина petit piqué, едноставни

линии, комотна елеганција и, се разбира, L за името на

виновникот - Лакост.

Иако во изминатите 85 години со еволуирањето на

модните стилови еволуира и познатата маичка, методите

на производство остануваат непроменети. Петте чекори

низ кои поминува процесот на создавање (плетење, боење,

сечење, шиење на логото со ништо помалку од 1600 конци

и спојување на одделните делови) бараат прецизност,

професионалност и внимателност на деталите, правејќи

ги сите обиди за копија видливи и неуспешни. Во првиот

каталог од 1933 година влегуваат неколку различни

модели, смислени за играчите на тенис, но и за голф, поле

на кое брендот го добива и првиот крокодил-амбасадор,

и тоа жена. Честа ја има Симон де ла Шам, повеќекратен

француски шампион во голф, а подоцна и сопруга на Рене

Лакост. Заедно со нивните три сина и ќерка ќе ја кренат

на нозе семејната империја чии маички ќе го освојат

светот. Во педесеттите години визијата на „Лакост“ е да

го обои секојдневието лансирајќи ги еднобојните маички

во најразлични нијанси, а подоцна и на риги. При крајот

на деценијата доаѓа на свет и првата детска колекција.

Инвентивноста на Рене Лакост не запира на маичките,

тенисот ќе го памети и по револуционерната идеја да ги

замени дрвените рачки на рекетите со челични, изум кој е

патентиран во 1963 година. Седумдесеттите години брендот

ги одбележа со интензивните меѓународни рекламни

кампањи кои ги промовираат францускиот беспрекорен

стил и филозофијата на крокодилот насекаде низ светот,

добивајќи свои приврзаници меѓу богатите и славните. Со

растењето на профитот се зголемува и асортиманот на

производи, вклучувајќи модни додатоци од кожа и парфеми,

кон кои при крајот на осумдесеттите се придружуваат

очилата за сонце и патиките за тенис.

По смртта на Рене Лакост брендот прави постојани

напори да не скршне од неговите основни вредности и

идеали, учествувајќи со Лакост-фондацијата во проекти за

социјална интеграција на ранливите категории преку тенис

и голф, гласно борејќи се за заштита на животната средина

и животинските видови што се во опасност и внимателно

избирајќи ги своите „крокодили“ и вредностите што тие

ги промовираат. Последниот од нив е Новак Ѓоковиќ, кој

исполнувајќи ги критериумите на Рене Лакост за фер игра,

елеганција и истрајност, од 2017 г. е новото заштитно

лице на брендот. По повод 85 години постоење, „Лакост“

годинава лансира капсула-колекција. Сконцентрирана во 15

култни парчиња извадени од архивите што го отсликуваат

славното минато на брендот преку својот дизајн, форма

и материјали, колекцијата вклучува осум унисекс маички

кои ја одбележале секоја деценија од постоењето, три

фустани, пар чевли и три чанти. Инспирирани од минатото,

а внимателни кон иднината, не само на брендот, туку и на

животинските видови, славејќи го јубилејот, од „Лакост“

годинава уште еднаш ги потврдија идеалите на нивниот

основач ветувајќи уште долги децении на едноставна

елеганција и крокодилска истрајност на стилот.

СПФ ЗАШТИТА

Лосион за лице со

заштитен СПФ 15 фактор

со витамин Е и камилица

BOBBI BROWN 1.760 ден.

Лосион за лице со СПФ 50 фактор

MAC Prep+Prime 1.961 ден.

Хидратантен крем

за лице со СПФ 20

фактор

CLINIQUE pep-start 50

ml 1.626 ден.

Пудра за лице со СПФ

15 фактор

MAC Studio Sculpt

2.238 ден.

Заштитен спреј за тело

со СПФ 15 фактор

BOBBI BROWN Beach

2.780 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

48

1

2

1. ОКТАГОН ПРИМА - Тефтери

2. CLARINS Joli Rouge Brilliant кармин 1.531 ден.

3. ESTEE LAUDER Pure Color кармин 2.375 ден.

4. MAC Plenty оf Pout Kiss & Cuddle кармин 1.430 ден.

5. CLARINS Joli Rouge кармин 1.531 ден.

6. MAC Habanero Liptensity кармин 1.595 ден.

1

3

1

5

4

1

6

Фотограф: Жарко Чулиќ

49

МАЗНО ЛИЦЕ И КОЖА БЕЗ ЦЕЛУЛИТ СО

МЕЗОТЕРАПИЈА БЕЗ ИГЛИ ВО

Miss EN

Борбата со целулитот и брчките, опуштената кожа со текот на годините и масните наслојки никогаш не застанува

и жените постојано испробуваат нови, но и традиционални начини за подмладување на лицето и на телото.

Особено практикувана во Европа, мезотерапијата е медицинска техника на длабинско вметнување различни

активни супстанции во слоевите на кожата и поткожното ткиво. Овој начин на борба со знаците на стареење и

целулитот, но без игли, е достапен во козметичкиот салон „Мис Ен“.

Третманите помагаат при решавање проблеми со кожата кои се последица на стареење, брчки на лицето,

опуштена и дехидрирана кожа во пределот на вратот и на деколтето, нарушување на пигментацијата, а исто

така ефикасно дејствува и при отстранување на вишокот масни наслојки и целулитот на телото. За разлика од

класичната мезотерапија со игли и инјектирање витамини, минерали и аминокиселини во кожата, опцијата без

игли е најдобра алтернатива за оние што се плашат од игли. Разликата е во тоа што мезотерапијата без игли е

целосно безболна и не остава траги и несакани ефекти. Иглите се заменуваат со електрични радиофреквентни

импулси и ултразвуци. Ултразвуците дејствуваат како достава на активните супстанции, влегувајќи низ слоевите

кожа без користење игла. Во меѓувреме клеточните мембрани стануваат попопустливи за клетката да ги

апсорбира виталните хранливи материи што се во секоја активна супстанција. Коктелите вклучени во третманите

се изработуваат исклучиво со ампулите „Dermclar“ што одговараат на секој вид кожа на која било возраст.

50

Предности на мезотерапијата без игли

• Намалување на трагите од стареење, подмладување и хидратација на рацете, лицето, деколтето.

• Се подобрува квалитетот на кожата и се генерира производство на колаген. Ова е одлично кога се работи за

третман против знаци на стареење, брчки и линии, и е особено важно за хидратација на кожата по летото,

давајќи ѝ ја обновата што ѝ е потребна.

• Измазнување и зацврстување на кожата со целулит и на виснатата кожа на надлактниците. Состојките и

витамините во ампулите ја зацврстуваат кожата и создаваат нови клетки, а истовремено се борат со целулитот.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Во „Мис Ен“ се нудат следниве промотивни пакети за мезотерапија за лице и за тело:

ПАКЕТ 1

6 третмани мезотерапија на лице = 9.600 денари + гратис „OXY“ третман

ПАКЕТ 2

6 третмани мезотерапија на цело тело = 14.400 денари + гратис 5 третмани лимфна дренажа

Испробајте ја оваа неинвазивна терапија без игли и сами согледајте ги резултатите на вашето лице и тело по

неколку третмани.

51

Портрет убавина

Проблеми

со кожата

во лето

Синоним за секое лето е мазна бронзена кожа со здрав сјај, но често топлината и сонцето се први непријатели,

па затоа не треба да изненадува фактот дека може да се појави неочекувано црвенило од високата надворешна

температура, од триење на кожата или од потта, но и изненадни нафрлања од акни на неочекувани места. За среќа,

има и лесни начини како да се спречат или да се решат проблемите со кожата во лето.

ЦРВЕНИЛО ОД ТРИЕЊЕ

Без разлика дали е од триење кожа со кожа или кожа со облека, оваа иритација може

да изгледа како сува кожа, но исто така може и да се воспали или да се појават дамки.

Воспаленото место треба да се третира со производ со масло и да се покрие со фластер

за да се спречи дополнително оштетување на кожата. Исто така, може да се стави и мраз

на местото за да се намали црвенилото, а при бањање да се избегнува топла вода што може

дополнително да ја исуши кожата. Супер трик е и користење бебешка пудра на местата на

иритација зашто ќе го намали триењето.

ТОПЛОТЕН ИСИП

Исипот од високите летни температури обично се јавува кога потните жлезди се блокирани

од самата пот и од маснотиите што се собираат под кожата и предизвикуваат црвенило

и чувство на чешање. Може да се јави и при вежбање во лето, па затоа се препорачува

вежбање во полесна облека. Иако чувството е непријатно, сепак, вообичаено исипот

се повлекува сам по неколку дена, но за побрз процес и за да се намали непријатноста,

ладниот алое вера гел може да помогне да се изгубат побрзо симптомите.

52

МАРГАРИТА ДЕРМАТИТ

Медицинскиот термин за овој тип дерматит е фитофотодерматит, а се појавува

како изгореница од сонце што едноставно не се повлекува. Оваа состојба се

јавува особено во летните месеци кога кожата е изложена на ултравиолетово

зрачење додека исто така организмот е во контакт со фотосензитивни состојки

што во комбинација ја предизвикуваат оваа воспалителна кожна реакција. А

токму лимонската киселина од омилениот летен пијалак е фотосензитивна

состојка. Како превенција треба да се нанесе малку повеќе крем за сончање и

да се мијат рацете темелно по цедење лимон или други цитрусни овошја. Иако

може да се јави хиперпигментација по губењето на ова воспаление, сепак,

не треба да загрижува бидејќи со тек на време бојата на кожата се враќа во

нормала.

КЕРАТОЗА ПИЛАРИС

Иако можеби името не е толку познато, многумина се запознаени со изгледот и

чувството на таканаречената „пилешка кожа“ што може да се појави на задниот

дел на надлактницата и на бутовите. Тоа се појавува кога протеинот кератин

се собира околу фоликулите на влакната на телото, а особено чувствителни се

рацете и нозете. Не се знае точната причина зошто се појавува, но голема улога

има генетиката, а во лето дополнително се потенцира и воспалува од потење

и иритација. Производите за ексфолијација и тие што содржат ретинол може

да го забрзаат процесот на обнова на клетките и кожата да изгледа помазно

додека се користат производите.

ПРОБЛЕМИ СО ХЛОРОТ

Како резултат на капењето во базен, кое во лето може да биде неизбежно,

со текот на времето хлорот придонесува за посува кожа бидејќи го измива

слојот од кожата што всушност ја задржува влажноста. Решение на овој

проблем е брза реакција по излегувањето од базен, како туширање, за да се

измијат хемикалиите и потоа да се нанесе хидратантен крем. Доколку кожата

е чувствителна, а базенот е со високо количество на хлор, постојат и посебни

лосиони и гелови за туширање што се наменети да го неутрализираат хлорот и

да ѝ ја дадат потребната влажност на кожата.

ПОТКОЖНИ ВЛАКНА

Иако се појавуваат преку целата година кај тие што практикуваат бричење,

летната сезона ги прави уште поочигледни и поиритирани. Поткожните влакна

се резултат на тоа што кога излегуваат од фоликулата, наместо на површина

на кожата, се враќаат назад под неа, растат така и притоа се воспалуваат.

Постојана ексфолијација е задолжителна за да се спречат мртвите клетки да ги

заробуваат влакната во фоликулите. При бричење е важно да се користи чист

брич и гел или крем за бричење, влакната да се бричат во насока на растењето

и по бричењето да се нанесе хидрокортизон. Некои се особено склони кон

поткожни влакна, на пример, тие со виткана коса, па затоа наместо бричење, се

препорачува депилација или ласерско отстранување како потрајно решение.

ПОТЕЊЕ ПОД ГРАДИТЕ

Поради потните жлезди присутни на градите, честа е појавата во лето и градите

да се потат, а потта плус целодневното носење градник е комбинација и за

развој на габични инфекции. Добар совет за потење под градите е нанесување

пудра наменета за тоа, што е мешавина од глината каолин и пченкарен скроб, за

делот под градите да биде сув. Доколку веќе се појавило црвенило и испукана

кожа, тогаш за да се спречи дополнителна иритација, треба да се нанесе крем

против габична инфекција.

АКНИ ПО ТЕЛОТО

Бидејќи најмногу кожа се покажува во лето, исто како и на лицето, и на телото

поради комбинацијата од пот и производите што се нанесуваат за сончање,

порите се блокираат и се појавуваат акни. Најчесто најчувствителни места

се градите, грбот и задникот, но колку и да е разочарувачки, вообичаените

кремови и лосиони против акни помагаат речиси секогаш.

ТРИЕСЕТКА ЗА „ОСКАР“

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА МЕЃУ РИТА ВИЛСОН И ТОМ ХЕНКС

Пишува: Џејлан Рустемоска

Oд досегашните љубовни портрети што се најдоа на

страниците во изминатите броеви можевме да заклучиме

дека е по малку клише тезата дека холивудските двојки

се осудени на краток век, а од тие долговечните, ќе се согласите

дека Рита Вилсон и Том Хенкс се меѓу најсимпатичните. Тие

годинава прославија три децении брак, љубов, меѓусебна

поддршка, родителство и добар хумор, а нивните романтични

слатки изјави низ годините ни дозволуваат да ги собереме

парчињата од љубовната приказна и да ви ја донесеме во овој

број.

Ништо необично или особено оригинално во нивната прва

средба. Се среќаваат во раните осумдесетти на сетот за

комичната серија „Bosom buddies“. Том Хенкс е дел од

постојаниот состав, а Рита се појавува само во една епизода,

доволно за да го заскокотка неговото одамна ветено срце на

неговата тогашна сопруга, средношколска љубов и мајка на

неговите две деца, Саманта Луис. А можеби првичните симпатии

ќе поминеле безопасно доколку судбината не ги споеше

повторно, овој пат на сетот за филмот „Волонтери“ во кој играат

рамо до рамо. Се наоѓаме во 1985 година, а Хенкс иако не ја

негира хемијата кон својата партнерка пред камерите, вели

дека неговиот прв брак во кој влетал прерано, станувајќи татко

на 20 години и барајќи ја сигурноста на домот што никогаш

ја немал како дете, бил веќе распаднат кога ја сретнал Рита.

Свесен за веројатноста да ги осуди на истите емоции своите две

деца Колин и Елизабет, тој го одолжувал официјалниот развод

сѐ од премиерата на филмот „Три амигоси“, кога првпат се

појавува во јавност со својата нова партнерка Рита, и двајцата

носејќи ги истите насмевки што и денес се заштитен знак на

оваа двојка. „Во нашата врска јас сум среќникот. Таа можеше

и подобро“, вели Хенкс, но кој би се согласил?! Свадбените

ѕвона ќе заѕвонат во април 88-мата. Кога зборува за почетокот

на нивниот брачен живот, Том Хенкс вели дека пресудни биле

тајмингот, зрелоста и желбата да се поврзат на подлабоко

ниво. Доколку се сретнеле порано во животот, веројатно не би

го издржале притисокот. Иако судбината замешала прсти да ги

спои, сѐ друго во изминатите 30 години не е магична случајност

и слатка романтична комедија, туку свесна одлука во најтешките

моменти да не заборават што ги држи заедно.

Нивните кариери се развиваат паралелно со нивната брачна

заедница. На почетокот на деведесеттите го добиваат првиот

заеднички син Честер, а во 1993 г. повторно ќе заиграат

заедно во една од најубавите романтични комедии на

сите времиња, „Бессони во Сиетл“, овој пат како најдобри

пријатели. Филмот се смета за отскочна штица во кариерата

на Хенкс, носејќи му го статусот на „добро момче“ и миленик

на публиката. Во средината на деведесеттите години Хенкс се

закитува со два последователни „Оскари“ за најдобра главна

машка улога во филмовите „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, а

и во двата победнички говори ѝ се заблагодарува на својата

сопруга, покрај која го доживеа рајот на земјата и учи што е

љубовта со секој изминат ден; без неа никогаш не би ја сфатил

длабочината на ликот на Форест Гамп и неговата љубов за

54

Џени. Неговата поврзаност со Рита и улогата што таа ја игра

во неговиот живот оди подалеку од која била дефиниција

за девојка, жена, мајка. Истата година тие го добиваат и

вториот син Труман. Кариерата на Рита е малку поскромна од

таа на нејзиниот сопруг во поглед на номинации и награди,

но се одликува со константна работа и сестраност, не само

во однос на разноликоста на улогите што ги игра, туку таа

успешно се покажува и во улогата на продуцент (најпозната

по работата на филмот „Мојата голема дебела грчка

свадба“), а и како пејачка, објавувајќи албум со класични

љубовни песни.

Низ годините, како родители, Том и Рита се потрудија да ги

држат своите деца подалеку од будните очи на медиумите;

нивните заеднички семејни појави во јавност се вистинска

реткост. Во едно од неговите интервјуа со Опра, Том повторно

изјавува дека ѝ ја должи на Рита визијата за здрав семеен

живот кој како дете немал среќа да го живее во рамките на

својот прв дом. Нивното е класично старомодно семејство

каде што членовите сакаат да поминуваат време заедно и се

активни учесници во животот на другите, а за Хенкс, ваквата

подлога е незаменлива кога се соочуваш со остатокот од

светот. Честите патувања насекаде во светот за снимање

на филмовите во нивниот случај се одлична можност да го

понесат со себе семејството и да ги доживеат на автентичен

начин различните градови и култури, собирајќи незаменливи

заеднички искуства.

Нивните триесет години брак се многу повеќе отколку глума

пред камерите, чекорење по црвениот тепих, смешкање

и држење за раце, емотивни говори при примањето

многубројни награди, дружење со некои од најславните

имиња на денешницата и одгледување на нивните деца. Во

2015 г. Рита се соочи со рак на двете дојки и беше подложена

на двојна мастектомија, тешки моменти за кои денес вели

дека не би ги надминала доколку не ја имала целосната

поддршка и љубов од нејзиниот сопруг и од семејството.

„Никогаш не знаеме како партнерот би реагирал во ваква

ситуација, но во нашиот случај тешкиот период нѐ направи

уште поблиски.“ Сите зборуваат дека е тешко да се остане

во брак кога си дел од шоу-бизнисот, на што Том Хенкс вели

дека е тешко да се остане во брак и надвор од него, но ако

имате среќа да налетате на вистинскиот партнер, може и да

успее. Важна е природната меѓусебна поддршка за сѐ што

наумил другиот. Тогаш триесет години и не се така тешки да

се поминат заедно, а за ваква двојка не би нѐ зачудиле уште

двапати по триесет.

ИСИДОРА ДАНКАН

МАЈКАТА НА МОДЕРНИОТ ТАНЦ

Со нејзините слободни движења во танцот Исидора Данкан ја поставила основата на модерниот танц. Американка, која својата

слава ја доживеа во Европа, каде што нејзиниот слободен танц и новостите што ги внесуваше наидоа на големо воодушевување

и восхит и ја направија прва балетска ѕвезда. Боса, облечена во прилепени шалови и со фустани како грчки туники, таа создала

примитивистички танц, за да им се спротивстави на нефлексибилните стилови од тоа време. Таа била инспирирана од класиците,

особено од грчкиот мит. Ги отфрлила традиционалните балетски чекори за да ја нагласи импровизацијата, емоцијата, човечката

форма. Исидора верувала дека класичниот балет, со своите строги правила на држење и развивање е „гаден и против природата“.

Со тоа придобила широка маса на следбеници кои ѝ овозможиле да основа училиште во кое ќе може да предава.

Исидора е најмладата од четирите деца на Џозеф Чарлс

Данкан и Мери Дора Греј. Родена е во банкарско

семејство во мај 1877 година во Сан Франциско,

но поради пропаѓањето на банкарскиот бизнис на својот

татко, нејзините родители се разведуваат и таа се сели во

Оукленд со мајка ѝ и со нејзините браќа и сестри, каде што

мајка ѝ работи како пијанистка. На десетгодишна возраст го

напуштилa училиштето, бидејќи увидела дека ѝ ја нарушува

индивидуалноста, а бидејќи семејството ѝ било сиромашно,

заедно со сестра ѝ давале часови по танц на локалните

деца. Во 1895 година станала дел од театарската компанија

„Августин Дејли“ во Њујорк, но наскоро се разочарала и во

1899 година одлучила да се пресели во Европа, пред сè во

Лондон, а по една година во Париз. Не згрешила во одлуката,

бидејќи Европа се покажала како поотворена, затоа и

Исидора токму во Европа го остварува најголемиот успех.

Официјално, за почеток на нејзината уметничка кариера се

смета Будимпешта, каде што триесет пати игра пред полна

сала, додека публиката лудува од воодушевување. Оттаму

таа заминува на европска турнеја, а потоа во Америка. Иако

сметала дека комерцијалните турнеи го нарушуваат односот

кон играта како уметност, играла низ цела Европа, во

Северна и Јужна Америка и сама на Акропол, што го сметала

за врв на уметничкото достигнување. Станала толку позната

што инспирирала уметници и автори да создаваат скулптури,

накит, поезија, романи, фотографии, акварел, печатени

текстови и слики. Низ нејзината кариера, Исидора не ги сакала

комерцијалните аспекти на јавниот настап, во однос на тури и

договори, како што велела, зашто ја оттргнуваат од нејзината

вистинска мисија: создавање убавина и образование на

младите. Надарен, неконвенционален педагог, таа била

основачот на три училишта, првото училиште, во Грунвалд,

Германија, ја истакнало нејзината најпозната група на

ученици, наречена „Исидорабли“ (Isadorables) по нејзиното

име, кои подоцна настапувале и со Данкан, но и самостојно.

Второто постоело многу кратко поради Првата светска

56

војна, во еден замок надвор од Париз, додека, пак, третото било дел од

нејзините бурни искуства во Москва при будењето на Руската револуција.

Како и во кариерата, таа им се потсмевала на традиционалните обичаи и на

моралните норми, како во професионалниот, така и во приватниот живот.

Од врската со Гордон Крег, театарски дизајнер ја раѓа ќерката Дирдре во

1906 година, а во 1910 година од врската со Парис Сингер, еден од многуте

синови на магнатот за машини за шиење, Исак Сингер, го добива синот

Патрик. Меѓутоа, голема несреќа доживува во 1913 година, кога двете деца,

заедно со дадијарката, загинуваат во автомобилска несреќа. Автомобилот

влетува во Сена и децата се дават. Исидора никогаш нема да заздрави од

оваа трагедија. Помислува да се убие, а на сила ја продолжува педагошката

работа. Во времето на Првата светска војна, настапувала за да собира

средства за ранетите и бегалците. Сè повеќе надеж имала во новото време,

загледана во големите промени што ги носела револуцијата во Русија.

Автобиографијата „Мојот живот“ завршува со зборовите – „Збогум, Стар

свете! Го поздравувам Новиот свет!“. Во 1921 година, Исидора по последен

пат заминува во Русија. Една вечер во Петроград, во ателјето на сликарот

Јакулов, го сретнува младиот разбушавен поет Сергеј Есенин. Таа, за тоа

време скандалозна љубовна приказна меѓу славната танчарка и исто толку

славниот, но 20 години помлад од неа поет, почнува на прв поглед. Штом

влегол, тој прашал за Исидора, седнал до нејзините нозе, а таа го погалила

по русата коса и ги изговорила оние малку зборови на руски што ги знаела

„Златна глава... ангел... ѓавол“. Исидора и Есенин почнуваат тешка врска,

измешана со алкохол, разделби, кавги, тепачки и постојани враќања. Се

венчаваат во 1922 година и патуваат заедно низ Европа. Тогаш Есенин ги

„ТАА ДОАЃА, ТАНЧАРКАТА НА ИДНИНАТА: СО СЛОБОДЕН

ДУХ, КОЈ ЌЕ ГО ОКУПИРА ТЕЛОТО НА НОВАТА ЖЕНА;

МНОГУ ПОГЛАМУРОЗНА ОД КОГА БИЛО ДОТОГАШ; МНОГУ

ПОУБАВА ОД КОЈА БИЛО ЖЕНА ВО МИНАТИТЕ ВЕКОВИ.

НАЈВИСОКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО НАЈСЛОБОДНО ТЕЛО.“

објавува своите избрани песни, а Исидора ѝ се враќа на уметноста. Иако

изгледало дека на нивната љубов ништо не може да ѝ застане на патот,

надвор од границите на Русија, Есенин не го прифаќале како автентичен

уметник, туку како нејзин „приврзок“. Врската станала проблематична и

опсесивна, особено и поради психичките проблеми на Есенин и тие се

разделуваат веќе во 1923 година. Следната година, Исидора танцува за

последен пат во театарот Бољшој и ја напушта Москва, а Есенин, за жал,

една година подоцна наводно извршува самоубиство во хотелот „Англетер“

во Петроград. По смртта на Есенин, Исидора не наоѓа мир. Често се

појавува пијана во јавноста, води несреден живот, повеќе се занимава со

финансиски проблеми отколку со танцот.

Нејзината смрт останува запаметена како неочекувана и драматична.

Наклонетоста кон марами што се веат била причината за смртта во една

налудничава, автомобилска несреќа во Ница, Франција, вечерта на 14

септември 1927 година на 50-годишна возраст. По ручекот со пријатели

седнала во автомобилот „амилкар“, на својот пријател Италијанец, кого

нагалено го викала Бугати. Во текот на возењето, долгиот шал што го

носела околу вратот се заплеткал меѓу задното тркало на автомобилот и ѝ

го прекршил вратот. Марамата била рачно насликана од уметникот роден

како Русин, Роман Чатов. Несреќата дала повод за саркастичната забелешка

на Гертруд Штајн дека „преправањата можат да биде опасни“. Погребана

е во Париз, покрај нејзините деца. Нејзиниот бурен живот, пркосењето

на традицијата и класиката ѝ донела голема слава, а инсистирањето на

поприродни движења во балетот, неограничените костуми и емоционални

изрази, во широки размери, влијаеле врз другите танчари. Иако нејзините

училишта не траеле долго, нејзиното дело имало влијание во уметноста,

како основачка на модерниот танц.

57

Фото дневник

ЕДЕН ДЕН СО ИВА, КАЛИНА И САНДРА ОД

Skopje Casual

10 ч. За почеток на денот, аранжирање на

хортензии во домашна тепсија, за мирис.

11 ч. Подмладокот бара да се шета

во парк!

12 ч. Ива раскажува за мислите од

книгата на Questlove.

15 ч. Спремни сме за ручек!

18 ч. „Грамафон микрофон па правиме

историја“.

21 ч. Типкање, многу емоџи и хахаха во

групниот чет до касно навечер.

58

КЕТЛБЕЛ

СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ТРЕНИНГ СО РУСКО ЅВОНО

ТЕКСТ И ВЕЖБИ: ОГНЕН БРАЖАНСКИ

Фитнес инструктор во „Фитнес Револуција“

Кетлбел (руски> гиря) е леано железо (личи на топ со рачка) што се користи за изведување балистички движења

кои се комбинираат како вежби за губење на телесната тежина, дефинирање на мускулите на телото, сила,

снага, борбеност, силова издржливост, брзина, плиометрија. Постојат различни тежини на кетлбели, од 5, па

сè до 32 килограми. Ако се навратиме низ историјата, можеме да ги најдеме кетлбелите во Русија дури во 1700

година како дел од општата физичка подготовка на Советската армија. Веќе во 1940 година почнуваат да се

користат и како дел од кондициската подготовка на спортистите низ светот, па почнуваат и првите натпревари

со кетлбели. Типични вежби со кетлбел се за зголемување на силовата издржливост, особено во долниот дел

на грбот, нозете и рамениците, и за зголемување на потпорната сила. Основните движења со кетлбел, како што

е мавтањето, ги имитираат позицијата на телото и контракцијата на мускулите од активностите во реалниот

свет, каде што се вклучуваат повеќе мускулни групи за изведување одредена активност. Моментумот на многу

кетлбел движења создава центрифугална сила, фокусирајќи повеќе внимание на мускулите што се користат

за забавување и стабилизација. Кетлбел вежбите во нивната природа се холистички, па затоа тие вклучуваат

неколку мускулни групи, а истовремено може и да се повторат движењата, постојано, за неколку минути или

со кратки паузи. Оваа комбинација го прави овој вид вежбање делумно аеробно и може да се комбинира

како интервален интензитет, за разлика од традиционалното кревање тежини. Контролираните движења со

кетлбел, ако се направат правилно, можат да бидат многу корисни за санирање болки во рамената и во грбот.

Тие нудат подобрена мобилност, опсег на движење и зголемување на силата. Теговите се одлични за градење

на мускулите и силата со изолирани бавни и контролирани движења, додека кетлбелите го вклучуваат целото

тело и се фокусираат на издржливост, сила и динамиката на движењата.

ТРЕНИНГ ПРОГРАМА СО РУСКО ЅВОНО (КЕТЛБЕЛ)

Тренинг-програмата која вклучува руски ѕвона може да вклучува менување активност или промена од една

во друга компонента на фитнесот. На пример, крос тренинг со веслање, користење руско ѕвоно (кетлбел),

користење на сопствената телесна тежина за кардиоваскуларен фитнес, користење слободни тежини и

многу динамични алатки наместо изведување една иста активност ден за ден. Исто така, може да се создадат

измени помеѓу главните компоненти на фитнесот, на пример, менување на активностите во една балансирачка

вежба, што вклучува кардиоваскуларен тренинг, тренинг за сила и истегнување. Различни тренинг-програми

се ставени на куп под терминот наречен „системи“. Повеќето тренинг-системи се базирани на солидна наука

и ефективно ги исполнуваат целите што биле зацртани. Како и да е, важно е да се осигуриме дека целта на тој

систем е во иста линија со целта, потребите и можностите на лицето за кое е наменет. Додека еден „рецепт“

или систем на тренинг може да одговара на една индивидуа, тој може да нема ефект врз друга, па дури може и

да нанесе повреди. Овој вид тренинг разработува повеќе активни станици една по друга. Со користење на овој

метод на тренирање со руски ѕвонa може да се вежба за намалување на телесната тежина, дефинирање на

мускулите на телото, сила, снага, борбеност, силова издржливост, брзина, плиометрија. Теренот за тренирање

се уредува така што се создава круг од справи или вежби како станици. Еден дел од телото не треба да биде

повторен двапати по ред бидејќи на тој начин се овозможува одредени мускулни групи да закрепнат.

59

МАВТАЊЕ СО РУСКО ЅВОНО

ИСФРЛУВАЊЕ НА РУСКОТО

ЅВОНО ОД ПРЕДНА ПОЗИЦИЈА

СУМО ЧУЧНУВАЊЕ СО РУСКО

ЅВОНО

Основа на сите напредни

движења со руско ѕвоно е токму

оваа вежба.

Почетна позиција на ова

движење е всушност длабок

наклон нанапред со благо

свиткани колена, гради и рамена

исправени и лумбалниот дел на

‘рбетот исправен, со руското

ѕвоно помеѓу двете нозе во

двете раце. Поентата е да се

создаде синергија во активација

на повеќе мускулни групи за

да се „исфрли“ руското ѕвоно

до предел на гради со благо

свиткани раце во лакти. На

тој начин се исправа телото,

колената се исправени и од

длабок наклон се доведува

телото во исправена положба.

Руското ѕвоно може да се

користи и како алатка преку

која може да се сконцентрира

тренингот или вежбата на една

мускулна група.

Следното движење започнува со

длабоко чучнување со руското

ѕвоно во двете раце, каде

телото е целосно исправено.

Колената отворени нанадвор и

свиткани, тежината на телото е

распоредена на цело стапало

и само се исправаат колената

со што се доведува телото во

права положба. На тој начин се

активираат мускулите на нозете

со дополнителна тежина.

Оваа вежба се изведува со

две руски ѕвона. Телото е во

исправена положба со две

руски ѕвона фиксирани на

пределот на градите, со што

прилагоденото држење на

дланките на рацете длабоко

во рачките на руските ѕвона

дозволуваат масивниот дел каде

е главното тежиште на ѕвоната

да налегне на рамената. Рацете

се во речиси паралелна линија

со траекторија на движење

спремни за исфрлање нагоре.

Користејќи ги мускулите во

раменскиот појас и мала помош

од благото потклекнување на

нозете, ѕвоната се исфрлаат над

глава, рацете се исправени во

зглобот на лакотот и рамената го

фиксираат движењето.

1 2 3

60

ИСФРЛУВАЊЕ НА ЅВОНОТО

НАД ГЛАВА СО ЕДНА РАКА

(SNATCH)

LONG CYCLE

ВЛЕЧЕЊЕ ДО БРАДА СО РУСКО

ЅВОНО

Ѕвоното се држи со двете раце

исправени надолу, и со помош

на рамената и грбните мускули

се извлекува до висина на

гради. Дланките и самата рачка

остануваат под самата брада, а

лактите се во линија со очите, со

што се прави „V“ форма.

Ова движење е натпреварувачко

движење. Доста е комплексно

и се состои од три и повеќе

стадиуми на изведување.

Најпрво се започнува со мавтање

на ѕвоното со една рака, телото

е во длабок налон кон напред со

благо свиткани колена, гради и

рамена исправени и лумбалниот

дел на ‘рбетот исправен, со

руското ѕвоно помеѓу двете

нозе во една рака. Следно е

исфрлувањето на ѕвоното што

се изведува преку синергија

на мускулите на нозете и

лумбалниот дел на ‘рбетот. На

крај се завршува движењето

со фиксација на ѕвоното над

глава преку раменскиот појас на

раката што го изведува истото.

Главната поента на движењето

е комплетна релаксација на

целото тело во трите стадиуми

и навремено и точно фиксирање

на ѕвоното над глава.

Комплексно движење што се

изведува со две руски ѕвона

што исто така се користи на

натпревари. Започнува со

мавтање на две руски ѕвона од

почетна позиција каде телото е

во длабок наклон кон напред со

благо свиткани колена, гради и

рамена исправени и лумбалниот

дел на ‘рбетот исправен, со

руските ѕвона помеѓу двете нозе

во рацете. Следно е исправање

на телото и повлекување на

ѕвоната до позиција каде се

пласираат на самите гради со

приспособување на дланките

во рачките на ѕвоната за да се

оствари одредена фиксација,

а тежиштето би се довело што

поблиску до централниот дел

на телото. Од оваа позиција,

користејќи ги мускулите во

раменскиот појас и мала помош

од благото потклекнување на

нозете, ѕвоната се исфрлаат над

глава каде рацете се исправени

во зглобот на лакотот и рамената

го фиксираат движењето.

4 5 6

61

ИНТЕРАКЦИЈА

Контактирајте нѐ:

contact@portretmag.com

facebook.com/portretmagazin

instagram.com/portretmagazin

#portretmagazin

#портретмагазин

#portretstreetstyle

ВКУСОТ НА ГРАДОТ

Тако, бурито, врап, фахитас, кесадиља, чимичанга, флаутас се само некои од

оброците кои може да се спремат со тортиља. Ви ги споделувам моите 5 фаворити.

ТАКО-АМИГОС

Во Амигос имаат многу мексикански

јадења кои се базираат на тортиља.

Лични фаворити ми се фахитас и тако.

Во тако можете да изберете дали сакате

пилешко, свинско или телешко месо. Убаво

растопениот чедар, вкусното пилешко месо

и секогаш тазе тортиљата освојуваат уште

на првиот залак.

ЦЕЗАР ВРАП – TALGO АLL DAY BAR & KITCHEN

Највкусната цезар салата подготвена во врап

варијанта, полна со витамини, вкус и свежина!

Овој врап се сервира во 2 пченкарни тортиљи,

полнети со пилешко на скара, ајсберг,

пармезан и неодоливиот цезар дресинг.

Како прилог, крцкав помфрит послужен со

уникатниот корнер сос!

ДУРУМ – PLASET DONER

Традиционален турски специјалитет

со зачинето телешко месо во тортиља

запечена на тост, полнет со свежа

салата и сосови. Месото е секогаш тазе

подготвено и сочно, како и тортиљите

кои ги подготвуваат сами. Несекојдневен

вкус и нешто што дефинитивно мора да го

пробате!

ЧИЗИ БУРИТО – LA PUERTA

Бурито што ќе го задоволи вкусот на

сите гурмани! Освен класичното бурито,

омилени ми се и гвакамоле и чизи

буритото. Тортиља полнета со крцкаво

пилешко на скара (препорачувам

пикантно пилешко), три вида на топен

кашкавал и традиционална пико де гало

салса. Совршен мексикански вкус со секој

залак!

КЕСАДИЉА - КАНТИНА

Вкусна крцкаво печена тортиља полнета

со пилешко месо и растопен кашкавал. Се

користи голема пченкарна тортиља и истата

е потпечена однадвор. Како прилог служат

павлака и свеж домат.

Во наредниот број ви спремам

изненадување на дури три страни.

До тогаш се читаме на инстаграм

@monikapotter

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста 63

Ч А С О В И З А П И Е Њ Е В И Н О

СМЕДЕРЕВКА

Традиционално бело вино со освежителна арома

И покрај мислењето дека смедеревката е вино со многу ниски квалитетни својства, првенствено поради

ниската продажна цена, сепак, оваа сорта е една од најраспространетите и најкористените во Македонија.

Околу смедеревката и нејзините карактеристики поразговаравме со м-р Петар Петров, асистент на МИТ

Универзитет- Скопје, Факултет за менаџмент на еколошки ресурси, катедра за безбедност на храна.

Смедеревката претставува една од најпродуктивните сорти за производство на бели вина

во нашиот регион. Според голем број автори, нејзиното потекло е од Смедерево, Србија, а

распространета е речиси низ целиот Балкански Полуостров. Во Македонија првпат е воведена во

1925 година и оттогаш до раните деведесетти години претставува една од најраспространетите

сорти за производство на бели вина. Застапена е во сите македонски виногорја. Нејзината

голема застапеност по лозовите парцели се должи на високата родност, која најчесто изнесува

од 16 до 25 тони на хектар, и добриот рандман на гроздот. Во просек околу 98 проценти од

масата на гроздот им припаѓаат на зрната. Зрната се одликуваат со златно-жолта боја и многу

богат вкус, поради што често пати смедеревката знае на пазарот да се сретне и како десертно

грозје.

Кога станува збор за вината добиени од смедеревка, секогаш се мисли дека тоа се бели вина

со многу ниски квалитетни својства, а ова е резултат на релативно ниската продажна цена

и несоодветно применетата техника за преработка на ова грозје, со цел да се добијат што

поголеми количини на вино. Но, всушност, не постои трпеза и некоја прослава кај нас без

присуство на смедеревката. И покрај лошите шпекулации, ова бело вино се одликува со доста

богато буке, освежителна арома на цитрусно овошје и зелено јаболко, а во потоплите региони

вината добиваат арома на мед. Грозјето синтетизира околу 20 до 22 проценти на шеќери, кои

при ферментативните процеси се конвертираат во алкохол кој најчесто изнесува 10 до 12

проценти. Смедеревката е вино што се одликува и со релативно висока содржина на вкупни

киселини кои во просек изнесуваат од 6 до 8 проценти.

Токму нежните ароми и релативно високата содржина на вкупни киселини ѝ даваат можност

на смедеревката да биде доминантна сорта во купажирањето со силно ароматизираните и

благи бели вина, при што се добиваат високо квалитетни полусуви до суви бели вина. Виното

смедеревка се одликува со жолта боја проткаена со зелени тонови. Квалитетните вина се

пакуваат во темнозелени шишиња со волумен од 750 милилитри. Ова освежително бело

вино се консумира како младо вино, без дополнително дозревање, а на трпезата се сервира

на температура од 10 до 12 Целзиусови степени. Лесните ароми и освежителниот вкус му

овозможува комбинирање со повеќе видови храна, а за најкомпатибилни се сметаат разните

зеленчукови салати, зеленчук на скара, пилешко месо, речни риби, како и свежи овошни салати.

64

Перфектен бургер

Кога би побарале во некој речник што точно означува бургер по дефиниција, ќе добиете резултат

кој вели дека тоа е месо притиснато во круг, кое има рамна форма. А кога се дискутира за бургери,

јас сум специфичен како тој треба да изгледа во целиот состав и како треба да се послужи.

Перфектната плескавица се содржи од чисто месо, па оттука мојата плескавица е составена од

мелен јунешки рамстек на којшто додавам сол, бибер и малку ворчестер сос. Секоја плескавица

содржи во себе, во просек од 180-200 г чисто месо.

Од исклучителна важност е да го посолите месото и да го оставите да отстои во фрижидер околу

30 часа. Потоа, формирате округла плескавица во рамна форма и на тој начин сте спремни за

перфектен бургер.

Лепчето е исто така многу важна комплементарна состојка на бургерот. Како лепчето би било

совршено, ќе замесите тесто од 400 г брашно, 2 пакетчиња сув квасец, 20 мл масло за јадење, 1

мала лажичка сол и 3 мали лажички шеќер, ќе додадете 1 јајце и 40 г растопен путер.

Оставете го тестото да стаса околу 1 час. Потоа, формирајте топчиња со тежина од 140 г и

оставете ги повторно да стасуваат на плех за печење. Пред да ги ставите да се печат, премачкајте

ги со жолчка од јајце и наросете ги со сусам и црно семе. За да биде лепчето уште подраматично,

засечете го на врвот со остар нож.

Печете ги топчињата во загреана рерна на 190 степени, околу 15 минути.

Плескавицата печете ја со повеќе превртувања затоа што само така ќе биде посочна.

Пресечете го лепчето на половина, премачкајте го со вашиот омилен бургер сос (може и барбикју

сос), наредете тенко исечен црвен кромид и кисели краставички. Врз плескавицата на која

претходно сте ставиле кашкавал да се растопи, ставете две парчиња пржена сланина, а врз

сланината додадете сецкана ајсберг салата.

Во целава комбинација, доматот е состојка која исто така одлично се вклопува.

Филип Поповски

Бургер и Coca-Cola

е стил на живот!

Испржете помфрит и зачинете го со сол и оригано. Послужете го како прилог на бургерот,

заедно со добро оладена Coca-Cola за уште подобро доживување.

Нека ви е на здравје!

Доколку сакате повеќе вакви рецепти

посетете го мојот блог www.gotvimesofico.mk

65

Мисли здрави мисли

Со здрава и правилна

исхрана

против

гастритис

Тања Турунџиева,

нутриционист во

„Вита диет клуб“

Воспалението на слузницата на желудникот е уште познато и под името гастритис. Оваа состојба може да се

појави ненадејно и да трае кус период, но може да се развие до стадиум на хроничен гастритис што трае долго.

Во двата случаи исхраната се покажала како клучна во спречување, олеснување и надминување на гастритисот.

НАЈЧЕСТИ ПРЕДИЗВИКУВАЧИ НА ГАСТРИТИС

Гастритисот е воспаление на слузокожата на желудникот. Карактеристични симптоми за оваа состојба се болка

во горниот дел на желудникот и жиговина. При гастритис слузницата на желудникот е надразнета и воспалена, но

не постои отворена рана што е обележје на пептички улкус. Гастритисот најчесто е предизвикан од неправилна

исхрана и/ли од супстанции што го иритираат желудникот, како што се:

- алкохолни пијалаци и кафе

- лекови, особено оние против воспаление, како што е аспиринот

- претерано ладни или топли јадења и пијалаци, на пример, чаеви, сладолед или ладно пиво

- цигари – за време на пушењето се ослободуваат никотин и катран кои се разложуваат во плунката и преку неа

се пренесуваат во желудникот, каде што можат да предизвикаат гастритис.

ЛЕКУВАЊЕ НА ГАСТРИТИСОТ

За лекување на гастритисот, исхраната има главна улога. Таа мора да се состои од лесни намирници што не го

надразнуваат желудникот. Многу е важно да се избегнува сѐ што може да ја иритира слузокожата на желудникот.

Антацидните лекови што често се користат при заболување од гастритис не може да помогнат доколку не се

одречеме од лошите животни навики и неправилната исхрана.

66

Мисли здрави мисли

ПРЕПОРАЧАНИ ПРОДУКТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЛЕКУВАЊЕ НА ГАСТРИТИСОТ

Како што се вели, секогаш е подобро да се спречи отколку да се лекува, па оттаму промената во исхраната треба

да подразбира внес на одредени продукти што можат да послужат како превенција, односно како помошно

средство за справување со гастритисот. Обидете се секојдневно да внесувате:

• Компир – во случај на гастритис соодветен е компирот подготвен на здрав начин (варен или печен со малку

маслиново масло). Компирот содржи супстанции кои дејствуваат смирувачки, а има и антацидно дејство.

• Овес – содржи муколитици што ја омекнуваат и штитат слузокожата на желудникот. Оброкот што содржи

овес особено се препорачува кај заболени од гастритис доколку не се појави интолерантност или алергија

на глутен.

• Ориз – дејствува како атстрингенс, противвоспалително за желудникот и цревата, па поради тоа се

препорачува кај оние што боледуваат од гастритис.

• Тапиока – брашното тапиока е богато со муколитици што го опуштаат и штитат дигестивниот систем.

Сварено со зеленчук има голема хранлива вредност.

• Морков – содржи растителни влакна и провитамин А што го регулираат создавањето на желудочните

сокови и ја намалуваат нивната киселост. Морковот воедно ги намалува и ги ублажува желудочните болки

и помага кај гастритисот. Благотворни дејства има и доколку се јаде свеж, варен или, пак, доколку се пие

како свежо исцеден сок.

• Авокадо – го намалува и го ублажува воспалението на желудникот и ја штити неговата слузокожа. Исто така,

авокадото го неутрализира вишокот на желудочна киселина.

• Тиква – го неутрализира вишокот желудочна киселина и ја заштитува слузокожата на желудникот. Изберете

пире од тиква како најдобра храна при гастритис.

• Јаболка – содржат растворливи влакна, пектин и танин, што го смалуваат воспалението на желудникот, а со

тоа и појавата на гастритис и/ли колитис.

• Зелка – го спречува создавањето на вишок киселини во желудникот, а воедно и го смирува неговото

воспаление.

ПРОДУКТИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВААТ ПРИ ГАСТРИТИС

Покрај препорачаните продукти, постои листа со производи што треба да се избегнуваат при проблеми со

желудникот и гастритис. Некои од нив се:

• Пиво – овој пијалак е особено штетен за слузокожата на желудникот бидејќи содржи алкохол и се пие

ладно. При справување со гастритис се препорачува тотално елиминирање на пивото од исхраната, дури и

во неговата безалкохолна варијанта.

• Алкохолни пијалаци – покрај пивото, и другите алкохолни пијалаци треба да се избегнуваат, односно да се

елиминираат комплетно. Алкохолот ја надразнува слузокожата на желудникот, ги зголемува желудочните

сокови што го олеснуваат варењето, но истовремено доведува до воспаление на желудникот. Редовното

консумирање алкохол предизвикува трајно оштетување на желудникот, познато како хроничен гастритис.

• Стимулативни пијалаци – кафето, чајот и сите други пијалаци со кофеин се штетни при состојба на

гастритис.

• Кафе – уште еднаш ја потенцираме штетноста на кафето, не само поради кофеинот што го содржи, туку

и поради супстанциите што му даваат специфична арома на кафето, а го зголемуваат производството на

киселини во желудникот што го поттикнува гастритисот. Поради сето ова, и бескофеинското кафе е штетно

за желудникот.

• Газирани пијалаци – тие вообичаено содржат шеќери, хемиски адитиви и јаглероден диоксид (CO2) што го

надразнуваат желудникот.

• Лути зачини – докажано е дека лутите зачини го зголемуваат производството на желудочните сокови, но

на штета на желудникот бидејќи доведуваат до воспаление на неговата слузокожа. Слично дејство има и

аспиринот. Црниот и белиот бибер влијаат врз изумирањето на клетките на желудочната слузокожа што,

пак, може да предизвика микрокрвавења во желудникот.

• Школки – консумацијата на школки може да доведе до воспаление на желудникот поради големата

количина на токсични материи што можат да ги содржат, како и поради тоа што се тешки за дигестирање.

• Месо – содржи пурини, азотни супстанции што му го даваат типичниот вкус на месото. Овие супстанции

придонесуваат за зголемување на желудочните сокови, а со тоа и за воспаленијата на желудникот.

Консумирањето месо може да предизвика гастритис, како и да го отежни неговото лекување.

• Шеќери – голема количина шеќери ја надразнува слузокожата на желудникот и поттикнува размножување

на бактерии како што е Helicobacter pylori, која предизвикува гастритис и желудочни чиреви.

• Сладолед – ладното чувство што го предизвикува сладоледот иницира вазоконстрикција и го смалува

протокот на крв во желудникот, со што ја ослабнува самата слузокожа и ја прави чувствителна на воспаление.

• Агруми – поради својата киселост, агрумите (лимони, портокали, цитрони и сл.) можат да наштетат при

воспалување на слузокожата и да ја отежнат дигестијата на храната.

67

Мисли здрави мисли

НИСКОКАЛОРИЧЕН ПОЈАДОК

ЧИА ПУДИНГ

ЗА 8 ПОРЦИИ

1 шолја сирови индиски

ореви, киснети во вода 2

часа, па исцедени

3 шолји вода 3 супени лажици јаворов

сируп или мед

1 супена лажица екстракт

од ванила

½ шолја чиа семе

малку сол

боровинки, јагоди, малини, бадеми, индиски ореви и/ли семки од сончоглед за посипување по желба

Изблендирајте ги сите состојки, освен чиа семето во блендер. Блендирајте додека не добиете мазна смеса, додадете

ја чиата и малку промешајте. Ставете ја смесата во длабок сад и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Послужете ја со

боровинки, малини, јагоди, бадеми, индиски ореви и/ли семки од сончоглед одозгора. По желба, прелејте сѐ заедно со мед

или со јаворов сируп.

Нутритивни вредности за една порција: 193 калории, 13 г масти, 17 г јаглехидрати, 5,5 г протеин.

68

НИСКОКАЛОРИЧЕН ОБРОК

СУПА ОД КИНОА, МОРКОВ И

ПАШКАНАТ

ЗА 4 ПОРЦИИ

Мисли здрави мисли

1 супена лажица масло за

јадење

1 жолт кромид, исечкан 1 црвен кромид, ситно

исечкан

1 кафена лажица истолчен

лук

1 кафена лажица свежа

мајчина душица

3 листови жалфија, ситно

исечкани

1 кафена лажичка кумин + ¼ кафена лажица куркума + малку црвен пипер + малку мелен бибер +

450 г моркови, излупени и исечкани + 220 г пашканат, излупен и исечкан + 1/3 шолја незготвена киноа, измиена

и исцедена + 5 шолји зеленчукова супа или вода + малку сол + власец за декорација + 2 супени лажици рендан

ементалер кашкавал, за гарнир по желба

Во големо тенџере загрејте го маслото на умерен оган. Додадете ги жолтиот и црвениот кромид и лукот, пржете

ги пет до седум минути, па додадете ги мајчината душица, жалфијата, куминот, куркумата, биберот, пиперот и

промешајте. Додадете ги морковите, пашканатот, киноата, супата или водата и оставете да зоврие сѐ заедно.

Намалете ја температурата и оставете супата да се готви додека не омекнат зеленчуците, односно од 20 до 40

минути. Тргнете ја супата од оган и блендирајте ја целата содржина во блендер што дозволува блендирање на

топла храна. Доколку немате таков блендер, ставете ја во процесор или најдобро, почекајте да се олади. Штом

добие изедначена кремава структура, можете да ја послужите посебно или посипана со власец и/ли кашкавал

одозгора.

Нутритивни вредности за една порција: 280 калории, 7 г масти, 44 г јаглехидрати, 9 г протеин.

69

Мисли здрави мисли

ДИЕТА „WHOLE 30“

ЗДРАВ РЕЖИМ НА ИСХРАНА ИЛИ НЕОСНОВАНО КРАТЕЊЕ ПРОДУКТИ?

Диетата што ја почна Мелиса Хартвиг со нејзиниот поранешен сопруг Далас во 2009 година, првенствено

поради здравствени причини, стана навистина популарна и мошне актуелна особено на социјалните

медиуми. Програмата како варијација на палео диетата, всушност ја почнал Далас, за да ја намали

постојаната болка во рамената, поради која ги истражувал воспалителните состојки во одредени продукти.

И Мелиса и Далас се договориле да престанат 30 дена да ги јадат продуктите што Далас ги означил како

потенцијални провокатори на болката и потоа да ги воведуваат една по една со текот на времето. По

истекот на триесетте дена Мелиса Хартвиг рекла дека експериментот ѝ го подобрил расположението,

енергијата ѝ се зголемила и ѝ се сменил односот кон храната. Тоа што не се надевале е дека оваа диета

првенствено ќе стане препознатлива по губењето килограми, бидејќи според нив тоа е само споредна

придобивка, а не причина да се почне диетата.

Всушност, целта на диетата не е да го „казни“ телото за вишокот килограми или претерувањето со храна,

туку да се исфрли сè што е вкусно и добро (вклучувајќи и житарки и мешунки). Пораката не е дека ова

се штетни продукти, туку дали некоја од тие продукти е провокатор за некоја непријатност или болка во

организмот. Во текот на диетата треба да се открие како телото реагира на одредена храна, со тоа што прво

се отфрла, па по 30 дена повторно се воведува. Сепак, диетата е контроверзна и отвора многу прашања

во светот на лекарите и нутриционистите, кои строго се спротивставуваат на многубројните рестрикции на

храна, дури и онаа што е навистина здрава за организмот и треба да се внесува секојдневно.

КОИ СЕ ДОЗВОЛЕНИ ПРОДУКТИ?

МЕСО

Најдобро е да се јаде варено или печено, на скара или во сува тава, а се препорачува

бело пилешко и мисиркино наместо јунешко, телешко или свинско. Месото не треба

да се јаде почесто од еднаш дневно.

ЈАЈЦА

Ако се јадат целосно сосе жолчката ограничувањето е две цели јајца дневно, додека

консумирањето белки е неограничено.

РИБА

Најдобар избор е масна риба, како туна и лосос. Секако, сите видови риби се

дозволени и пожелни. Рибата слободно може да се јаде за два оброка дневно, а

школките и морските плодови се дозволени еднаш неделно.

ЗЕЛЕНЧУК

Сите видови зеленчук се дозволени и тоа свеж, варен или на пареа во неограничени

количества со секој оброк. Салатите можат да се зачинат со маслиново масло,

природни зачини и лимонов сок.

ОВОШЈЕ

Секакво овошје е дозволено, но само претпладне. Дозволена е една порција секој

ден на пример, помеѓу појадок и ручек. Јатките-бадем, лешник, бразилски орев,

ф'стаци, индиски орев, исто така се дозволени, а се јадат свежи или печени, никако

пржени, најмногу една рака дневно.

МАСТИ

Две супени лажици ладно цедено маслиново масло дневно, а може да се јаде и

путер прочистен од млечни масти. Имено, протеините од млекото и сите млечни

производи се смета дека можат негативно да влијаат врз резултатите од оваа диета.

70

КОИ ПРОДУКТИ СЕ НА ЗАБРАНЕТАТА ЛИСТА?

ШЕЌЕР

Забранет е секаков шеќер, и бел и кафеав. Забранети се и природните засладувачи,

како што е јаворов сируп, мед, агаве, нектар, кокосов шеќер, стевија...

ЖИТАРКИ

Не смее да се јаде ниеден вид житарка. Забранета е пченица, ’рж, јачмен, овес,

пченка, ориз, просо, хелда... Не смее да се додаваат снегулки и ’ркулци во храната.

МЕШУНКИ

Скробот е исто така на листата на тоа што не смее да се јаде, а тука се и гравот,

грашокот, леблебијата, леќата, кикиритките... не е дозволена соја, како ни производи

од соја - соја сос, мисо, тофу...

МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Никакво млеко не е дозволено, ниту кравјо, ниту козјо ниту овчо, ниту соино. Кајмак,

сирење, кефир, јогурт, павлака - сè е забрането.

АЛКОХОЛ

Не смее да се консумира алкохол, дури ни за готвење.

ПРЕДНОСТИ НА ДИЕТАТА „WHOLE 30“

По тие 30 дена, тврдат авторите на диетата, видливи се здравствени и естетски ефекти

како подобра крвна слика, побрз метаболизам, посилен имунитет и регулација на

проблемите со варењето. Болките од различно потекло, на пример во вратот, грбот

и рамената, менструални болки, мигрена, ќе бидат значително послаби. Сите што

го пробале овој начин на исхрана почувствувале дека имаат повеќе енергија, дека

се помалку изморени и подобро расположени. Придобивки има и за кожата, како

намалување на акните, псоријазата, егземите... И секако главниот атрибут за кој

многумина се навлекоа на овој режим е губењето на килограмите, масните наслаги

и целулитот.

НЕДОСТАТОЦИ НА ДИЕТАТА „WHOLE 30“

Според нутриционистите откажувањето од храна што е всушност добра за здравјето

како житарки и мешунки не е добра идеја и диетата е премногу рестриктивна и

невозможна да се следи. Напротив, создава лоши навики и навидум по пат на

елиминација им помага на тие што се решиле да ја спроведат, да откријат кои

продукти им создаваат алергии и чувствителност, нешто што не би требало да се

прави со диета за губење килограми. Од друга страна, со диетата се промовира

консумација на месо, што генерално е лоша идеја, за сметка на совршено здрави

видови храна. Со диетата „Whole 30“ се внесува и големо количество натриум, а слабо

е внесувањето калциум, како и многу холестерол, што е резултат на непотребната

рестрикција на одредени продукти. Дури некои нутриционисти ја сметаат за

тотално нездрава и нутритивно сиромашна диета што може да предизвика и големи

проблеми за организмот.

71

Филмски предлози

Од сега имате причина повеќе да уживате во најактуелните анимирани детски филмови. За сите членови на семејниот

филмски клуб, со купување на три или четири билети за еден филм добивате специјална намалена цена од 150 денари за

2D анимирани филмови за сите членови на Вашето семејство!

*Специјалниот пакет се однесува на анимирани, детски и семејни филмови.

**На наведените цени се додаваат регуларните доплати кои се наведени во редовниот ценовник на Cineplexx.

Летен водич

Веруваме дека летото го искористувате максимално и во тој дух одбравме две премиерни серии што ќе ве

опуштат дополнително – едната комедија, другата трилер-акција. Апликациите, пак, ќе извлечат максимум

од уживањето под сонцето и ќе ви го олеснат секојдневието.

Jack Ryan

Who is America_

Во првата серија базирана на книгите на Том Кленси, Џон

Красински игра современа верзија на познатиот ЦИАаналитичар

– претходно пресликан на филмското платно

преку Алек Болдвин, Харисон Форд, Бен Афлек и Крис Пајн.

Красински ја почнува својата приказна на првата должност на

терен, обидувајќи се да спречи терористички напад. Првата

сезона содржи осум епизоди, а во очекување на премиерата

беше потврдено снимање и на втората сезона.

Пред премиерата на новата комична серија има само малку

детали, некако сѐ се држи во тајност. Сепак, познато е

дека станува збор за седум епизоди со Саша Барон Коен во

насловната улога, а гласиштата велат дека хумористичното

шоу ќе личи на Da Ali G Show. И самиот Коен навести дека во

серијата ќе бидат вклучени Trump University и Dick Cheney, а

на почетоков на годината имаше интервју и со О-Џеј Симпсон.

За каква пародична комбинација станува збор, останува да

видиме. П.С. Првите епизоди веќе ги оправдуваат очекувањата.

74

Мозаик

Be skin smart

Facebook local

Да не се лажеме – сите забораваме да нанесеме крем за

заштита од сонцето, па често завршуваме со изгореници. Оваа

апликација, базирано на информациите што ќе ги внесете

за тенот на кожата, бојата на очите, косата и слично ќе ве

потсетува кога е време за ново мачкање и заштита на кожата

под сонцето.

Ако размислувате каде да излезете вечер, „Фејсбук“ има

апликација за тоа. Facebook local ви нуди предлози за барови,

ресторани и атракции во околината согласно тоа каде се

движат вашите пријатели и што е актуелно во периодот. Нема

веќе страв од пропуштање на забавите во градот.

8 Tracks Runkeeper

Сигурно имате омилена летна плеј-листа, но доколку ви

недостига малку инспирација, тука е апликацијата 8 Tracks. Таа

ќе креира музичка листа за вас согласно периодот од денот,

денот од неделата и/ли музичкиот жанр што ќе го изберете.

Пуштете погласно, бидејќи животот е поубав со музика!

Многумина вежбачи во лето преферираат активности на

отворено, како трчање, возење велосипед, ролерки и слично.

Не пропуштајте да ги измерите резултатите. Преку оваа

апликација на едноставен начин, со внесување на локацијата

ќе ги бележите активноста, изминатите километри, калориите

и слично.

75

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

ЗАСЕКОГАШ, ЛАРА ЏИН – ЏЕНИ ХАН [КУЛТУРА]

Кога срцето и умот ти војуваат, кого треба да послушаш?

Лара Џин ја живее најдобрата година од својот живот. Вљубена е до уши во своето момче, Питер. Татко ѝ

конечно ќе се ожени за нивната сосетка, г-ца Ротчајлд, а сестра ѝ Марго ќе се врати дома за летниот распуст и

за венчавката. Но, нешто ќе се промени.

Додека Лара Џин се забавува и ужива во планирањето на свадбата на татко ѝ, не може да ги игнорира

големите животни промени што мора да ги направи. А најважно од сè, каде ќе оди на факултет и што ќе значи

тоа за нејзината врска со Питер? Сега Лара Џин е таа која ќе матурира и ќе оди на факултет, ќе го остави

своето семејство зад себе, а можеби и своето момче.

„КНИГА НА ЛЕТОТО“ – ТУВЕ ЈАНСОН [АНТОЛОГ]

„Книга на летото“ е магичен роман, дестилат на суштината на летото. Софија, шестгодишно девојче, и

нејзината баба го минуваат летото на мал остров во Финскиот Залив. Шетаат заедно покрај брегот и во

шумата, изработуваат бротчиња од кора од дрво, создаваат една мала Венеција, ги проучуваат тамошните

бубалки. Како што минува времето, тие учат да се приспособат една на друга. Туве Јансон опфатила голем

дел од своето животно искуство и дух во оваа книга, која ѝ била омилена од оние што ги напишала за

возрасни. Полна со хумор и со мудрост, „Книга на летото“ е прослава на животот.

„ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО“ – АЛАН И БАРБАРА ПИЗ [ТРИ]

Од оваа стручна и забавна книга можете да ги дознаете тајните на говорот на телото и да ги читате мислите

на другите преку нивните гестови. Да дознаете како да бидете пријатни, како да стекнете повеќе самодоверба

и како да ја контролирате секоја ситуација. Да ги откриете техниките што ќе ви покажат како да ги толкувате

гестовите и како да ги читате неизговорените мисли и емоции – и да извлечете правилни заклучоци.

Како да им оставите позитивен впечаток на другите? Како успешно да преговарате? Како да знаете дали некој

е достапен? Како да увидите дека некој лаже? Како да читате меѓу редови? Како да го користите говорот на

телото за да го постигнете она што го сакате?

„МОЌТА НА НАВИКИТЕ“ – ЧАРЛС ДЈУХИГ [ТРИ]

Добитникот на Пулицерова награда, новинарот на „Њујорк тајмс“, Чарлс Дјухиг, ни ги открива начинот на кој

функционираат навиките и механизмите со кои можеме да ги промениме. Низ конкретни примери од животот

на олимпиецот Мајкл Фелпс, директорот на „Старбакс“, Хауард Шулц, борецот за човекови права Мартин Лутер

Кинг Помладиот и други личности, Дјухиг објаснува како со примена на новите научни сознанија за навиките

можеме да предизвикаме позитивни промени не само во нашите животи туку и во нашата работна средина и во

целото општество.

Ако верувате дека можете да се промените – тогаш промената станува реална. Во тоа лежи моќта на навиките:

во сфаќањето дека нашите навики се она што ние ќе избереме да ни биде навика. А кога таа еднаш ќе се

автоматизира, неумоливо нè носи кон успех.

76

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

Портрет поддржува македонска поезија

ДОМАШЕН БЛУЗ

Меѓу

– подај ми вода

– исечи леб

– кај ми се чорапите

таа се извлече невидливо од телото

во кујната уште тропаа чиниите и лажиците

некој спомна дека јадењето не е доволно

солено

чкрипеше плакарот во другата соба

од радиото испаѓаа вести, посети, делегации

и течеше лесна музика

надвор беше жежок летен ден

таа се сврте наназад

и се зачуди колку ѝ била тесна соблечената

кошулка

и колку ѝ беше прозрачна свилата на епидермот

и тие малки дамки црвено кафени бодежи

што ја чинеа толку налик на пастрмка

се оддалечи уште малку

стаса скоро до надворешната врата

сакаше молчешкум и сите зборови

да им ги остави сосе кошулката

ама надвор ја зграпчи светлината

и ѝ стана жал, многу жал

што не ќе може таму каде тргна

да ги изговара гласно

имињата на боите

Во чест на Лилјана Дирјан

77

Подготвуваат: Ружица Антиќ & Душан Стојковиќ

Фотографија: Ана Марија Радосављевиќ

ЕДЕН ЗВУК, ИЛЈАДА СПОМЕНИ

Се сеќавам прв пат кога ја слушнав A Wonderful Life од Carl Craig. Истата нумера и после

25 години од кога е издадена нема изгубено ниту еден процент од магијата што ја содржи.

Безвременска утопија, емотивна приказна што секој пат кога ќе ја чујам ме ежи. Сѐ повеќе

верувам во карактеристиките на мојот хороскопски знак (рак), дека од секогаш повеќе

ме влечел звук што содржи одреден сентимент. Музиката е многу битен сегмент во нашето

секојдневие затоа што низ неа се релаксираме или истражуваме и се поврзуваме со нашиот

спокој, гнев, страв, љубов, надеж или која било друга емоција што ни ја буди.

БЕРЛИН НИКОГАШ НЕ СПИЕ

Ноќниот живот во Берлин е една озбилна индустрија која носи огромни приливи во буџетот

на берлинското градско собрание. Најразвиени гранки во градот се услужниот сектор,

информатиката и туризмот (поради огромната историска вредност која Берлин ја има сам по

себе). Одговорните лица од градот се свесни за важноста на ноќниот живот и инвестираат

огромни суми во одржливост на клупската сцена. Без разлика на сезоната, градот е полн со

туристи кои доаѓаат од целиот свет. Берлин е музички центар со најголема понуда во Европа

можеби и во светот, двигател на сите трендови и град во кој законите се порелаксирани во

споредба со другите германски градови. Сѐ во функција на оваа индустрија.

СТОЈЧЕ ЦВЕТАНОВСКИ

DJ

DREAMS COME TRUE

Да си дел од култниот берлински „Tresor“ значи да го живееш својот сон. Да ми кажеше некој

пред 15 години, дека еден ден ќе бидам дел од оваа екипа, ни самиот немаше да му поверувам.

Но ете, сега ја живеам и таа реалност. Со многу инспирација, љубов кон работата, комплетна

фокусираност и посветеност и не е сѐ така недостижно. :)

ПОСВЕТЕНОСТА ЗЕМА ЖРТВИ

Јас тоа не би го нарекол жртва. Може нема да отидеш на скијање или на летен одмор, или

некое време викендите ќе ги поминуваш дома. Ако ги пренасочиш заштедените пари во

купување на некој синтисајзер или ритам машина, сепак тоа има оправдана цел. Му се радувам

на секој момент поминат во студио, кога влечам низ аеродроми торбица полна со музика или

кога одам до пошта да подигнам нова пратка плочи. Мислам дека нема поголем благослов од

тоа да можеш да опстојуваш од работата која ја сакаш. Така да можам да кажам дека музиката

враќа доволно. Единствено нешто што некогаш ми пречи е физичкиот умор или нарушениот

биоритам. После долг пат и неколку настапи во серија знаат физички да ме исцрпат. Но, тоа е

составен дел од оваа работа така да и со тоа се справувам.

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Македонската техно сцена и македонските подиуми се прилично добри земајќи ги во предвид

нашите околности. Има прилично добра понуда од нашите барови, клубови и фестивали.

Несомнено имаме голем број талентирани артисти кои допрва имаат што да ѝ кажат на

глобалната техно сцена. За тоа да се реализира мора да се обезбеди подобра инфраструктура

за работа и на клубовите, и на артистите. Ова воедно е и еден повик до властодржците да

ја субвенционираат повеќе оваа културна гранка, која има огромен потенцијал да ја стави

Македонија на мапата посакувани клабинг дестинации.

АГЕНДА

Имам закажани неколку синглови, ремикси и компилации кои треба да се објават во блиска

иднина и моментално работам на својот прв студиски албум, кој ќе биде составен од 10 траки

и ќе се појави на дупла плоча за мојата издавачка куќа „Tangible Assets“. Летово ќе настапам

на неколку фестивали низ Европа, сега прво во Србија на „Love Fest“, па Хановер, Берлин,

Мадрид, Љубљана, „Echowaves“ фестивалот во Грузија итн.

ИДЕАЛНО СЦЕНАРИО

За добра журка потребно е сите коцки од мозаикот да се спојат. Мислам дека прво и есенцијално

е дека нашите клубови имаат потреба од подолго работно време. Потоа, квалитетен диџеј,

функционална опрема, добар звук, мотивирана публика која ги остава секојдневните

главоболки надвор од клубот, добра селекција на врата, богат шанк со насмевнати шанкери.

Не се потребни намрштени лица, наоружана војска и полиција и ригорозни инспектори.

Пишува: Душан Стојковиќ

МАГИЧНАТА ПРИКАЗНА

НАРЕЧЕНА ЕXIT

Минатата година се вративме воодушевени и без зборови,

па моравме да чекаме 2-3 дена за се стабилизираме и да

можеме да напишеме нешто. Оваа година искуството беше

уште појако, уште по магично. Егзит напредува со брзина на

светлината!!!

Полнолетен 18 EXIT. Со преку 200.000 весели млади и

возрасни посетители. Сѐ почести гости се родителите

со своите деца, но и повозрасните гости кои пркосат на

балканските стандарди за добра забава.

На Main Stage и Dance Arena, oсветлувањето и звукот беа

како од некоја апстрактна бајка напишана во иднината. Сѐ

бeше толку добро осветлено, поставено и озвучено што те

остава без зборови и со желба времето да запре.

Немавме којзнае колкава кондиција, а телефонот изброја

брутални 30.000 изодени чекори или повеќе од 21

километар дневно.

Од овој Егзит не беа импресионирани само гостите туку и

артистите, па така Grace Jones воодушевена од публиката

го продолжи настапот за уште неверојатни 45 минути на

што се чудеше и нејзиниот менаџер. После настапот лабаво

си остана во бекстејџ до сабајле… Nina Kraviz уживаше

на подиумите на Dance Arena и No Sleep, Maceo Plex на

Твитер напиша дека го прогласува за најдобар фестивал,

Boris Brejcha дека е заљубен во Егзит, а ѕвездата на новите

генерации Amelie Lens кажа дека имала многу трема за

време на настапот зашто конечно и се исполнила животната

желба да настапи на Егзит...

Браво за целата екипа што го организира и браво за

спонзорите кои безусловно го поддржуваат Егзит и заедно

прават манифестација со невидени убавини.

Скроз заслужено на 17 јануари 2018 година Егзит ја освои

наградата „Најдобар голем европски фестивал за 2017

година“ на деветтите Европски награди за фестивал.

Ако и оваа година не отидовте, следната обавезно

бетонирајте ја датата во календарот. Колку и да имате

години заслужувате барем еднаш во животот да ви се

деси Егзит. Букирајте си смештај уште од Нова година, а

другарите известете ги уште од сега.

80

82

83

ПРИЈАТЕЛСТВОТО

НИЗ ДЕТСТВОТО И

АДОЛЕСЦЕНЦИЈАТА

Врсниците се еден од примарните агенси на социјализација, особено во

текот на адолесценцијата. Односите со врсниците бргу се развиваат од

прилично едноставни, до мошне сложени. Сепак, влијанието на врсниците не

е идентично во сите развојни периоди. Развојот на пријателството кај децата

и адолесцентите минува низ неколку фази. Така, во текот на предучилишна возраст

односите со врсниците добиваат на значење. Децата на возраст од 3 до 4 години

сакаат да играат со други деца, особено игри на улоги и заедничко конструирање.

Се јавуваат првите знаци на пријателство кое се заснова врз близина и заеднички

интерес, но тоа не е долготрајно. Всушност, во периодот помеѓу 3-тата и 7-мата година

не постои пријателство во вистинска смисла на зборот, туку моментален соиграч.

Овде, пријателствата најчесто се помеѓу деца од ист пол, што е уште понагласено

во училишниот период. Понатаму, меѓу 4-тата и 9-тата година пријател е оној што му

помага на детето и прави според неговите/нејзините желби и барања. Меѓу 6-тата и 12-

тата година веќе почнува да се јавува т.н. реципрочна соработка помеѓу пријателите.

Подоцна, во периодот помеѓу 9-тата и 15-тата година се усложнува квалитетот на

пријателството, со тоа што претставува интимна и заемно споделена врска во која

има поддршка, споделување тајни и слично. Уште една изразена карактеристика

на пријателството во овој период е неговата посесивност, како и ексклузивност.

Највисокиот стадиум во развојот на пријателството се јавува по 12-тата година и

се одликува со квалитет на автономна меѓузависност, што подразбира пријателите

заемно да си помагаат, да се поддржуваат, но да не бидат посесивни.

Пишува: Проф. д-р Ана Фрицханд

Во средното детство времето поминато со врсниците е најдолго и овде на детето

му станува значајно да има блиски пријатели. Секоја група на деца има своја

култура која се пренесува од повозрасните деца. Активностите во врсничките групи

овозможуваат развој на нови сознајни и општествени вештини. Во таа смисла, преку

врсниците се испитуваат нови поведенија и нивното прифаќање или неприфаќање

од возрасните. Во меѓусебните релации децата вежбаат преговарање, учат да

соработуваат, разменуваат информации и вештини. Се поставуваат правила и

граници и се согледуваат последиците кога тие не се почитуваат. Меѓу врсниците

во овој период постои изразена интеракција во текот на која се создаваат дијадни

врски. Врсниците соработуваат за да направат нешто, тие се извор на знаења

и информации, се поддржуваат и си помагаат. Врсничките односи се мошне

динамични, а во нив има позитивна или негативна размена на емоции. Во средното

детство постои свест за групните норми, кои најчесто се поврзуваат со стилот на

облекување и другото видливо поведение. Децата се свесни за местото што го

имаат во врсничката група и се подготвени да се конформираат на групните норми.

Притоа, конформираноста со врсниците се зголемува на возраст до околу 13–14

години, а потоа се намалува.

84

Мисли здрави мисли

Сфаќањето за пријателството во периодот на средно

детство се разликува од она во предучилишниот период.

На оваа возраст, за децата пријател е некој кој добро

го познаваат и го разбираат, со кого имаат заеднички

интереси, слични способности и лични својства. Пријателите

споделуваат исти вредности и верувања и се од истиот пол.

Споделувањето, меѓусебното помагање и поддршка се добра

основа на просоцијалните поведенија или алтруизмот кои

почнуваат да се поставуваат и развиваат рано во животот.

Притоа, се забележува дека повеќе споделуваат децата од

предучилишна и рана училишна возраст. Од друга страна,

злоупотребувањето како однесување кое, исто така, може

да се јави помеѓу врсниците на оваа возраст може да биде

во вид на вербална агресија или како директно насилство.

Заклучоците од проучувањата

на развојот во средното детство

и на конкретната улога на

интеракцијата помеѓу врсниците

можат да се сумираат во насока

на тоа дека оваа интеракција

ги зголемува разбирањата на

социјалните правила, доведува

до пораст на способноста за

справување со конфликти и го

усложнува поимот за себе.

Што се однесува до периодот на

адолесценција, пријателствата

овде стануваат трајни, стабилни

и блиски и не се хиерархиски

поставени. Нивните основни

состојки се интимноста,

лојалноста и верноста. Овие

компоненти се замена за

празнината што се создава

поради одвојувањето од

родителите, како последица

од неизбежниот процес на

индивидуација. Тие се воедно

и најинтимните и најсилните

од кога и да било во другите

возрасни периоди. Во овој

период е најистакната

сличноста меѓу пријателите.

Можноста да се создаваат

длабоки пријателски врски се заснова врз напреднатиот

сознаен развој. Тоа овозможува да се споделат и изразат

порасчленети мислења и доживувања. Групата врсници

е средство за преминување кон независноста. Нејзините

членови си обезбедуваат меѓусебна поддршка и разбирање.

Притоа, идентификацијата и приврзаноста кон врсниците и

кон родителите не се исклучуваат една со друга.

Почнувајќи од раната адолесценција, поединците повеќе

ги привлекуваат заедничките активности со врсниците

отколку животот во семејството. Тоа не мора да значи

дека тие автоматски ги напуштаат вредностите што им

ги пренеле родителите, но некогаш и тоа се случува. Во

овој период адолесцентите стануваат поотворени за нови

искуства и покажуваат поголема самостојност. Ова, меѓу

другото, резултира и со појава на ризични однесувања како

дел од експериментирањето и љубопитноста. Врсниците

му дозволуваат на адолесцентот да експериментира со

можните себства, што родителите најчесто не го дозволуваат,

помагајќи го на тој начин развојот на идентитетот. Оттаму,

оние поединци што сметаат дека треба да се вклучат во

конкретна активност на врсничката група, да се облекуваат

на одреден начин или да се движат низ конкретни места

поради тоа што „сите така прават“, всушност, се обидуваат

да ја поттикнат сопствената

одговорност за одреден

животен стил или филозофија

која сакаат да ја испробаат.

Врсничките групи ги

карактеризираат заеднички

вредности и ставови и

покажуваат одредени истоветни

начини на однесување и животни

стилови кои ги претпочитаат.

Во врсничките групи постојат

стандарди на однесување кои

нивните членови треба да

ги прифатат, а кои некогаш

се оспорувани од страна на

возрасните. За да биде дел

од групата, поединецот треба

да ги соочи своите ставови,

вредности и верувања со

оние на групата и со нив да се

согласи. Доколку размислува

и се однесува поинаку, тој од

страна на другите членови е

оценет како несоодветен, што

може да резултира со казнување,

па дури и со исклучување од

групата. Оттука, под влијание

на притисокот на врсниците,

адолесцентот може да постапи

или да се однесува на начин

на кој во друга ситуација, самиот, не би се однесувал.

Токму во рана и средна адолесценција, одобрувањето или

неодобрувањето на постапките од страна на врсниците е

честопати многу поважно од одобрувањето од страна на

родителите или на другите авторитети. Ваквиот притисок

знае да биде особено силен во периоди на неизвесност и

несигурност и треба да се земе предвид при разбирање на

конкретното однесување на адолесцентот.

Доколку имате прашања и теми од развојната психологија за кои сакате да читате во некои од следните

броеви, пишете ни на contact@portretmag.com

ЗДЕНКО ПЕТРОВСКИ

ФОТОГРАФСКО ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА МУЗИЧКИ

РОК-НАСТАНИ И ЉУБОВ КОН ПОРТРЕТИ

Иако за фотографијата фотографот Зденко Петровски вели дека

му е занимација или хоби, сепак со неа се дружи речиси 40 години.

„Уште во основно училиште имавме одличен наставник по ОТП

(тогаш ОТО), кој нѐ запозна со тајните на фотографијата. Имав

среќа што постарите другари во маалото веќе имаа направено

свои лаборатории за развивање фотографии и со нивна помош се

’навлеков‘ уште повеќе на фотографијата“, вели Петровски.

Има два носечки мотива при фотографирањето: „Ги сакам луѓето,

сакам да фотографирам портрети. Секој лик е приказна за себе. Ја

сакам музиката и уживам во фотографирање на музички настани,

особено рок-концерти, но поважен ми е документаристичкиот

карактер на рок-фотографијата отколку уметничкиот“, додава тој.

Инспирација за ваквиот тип фотографија му биле британскиот

музички магазин NME (New Musical Express) и хрватскиот младински

неделник „Полет“, што излегувал во почетокот на осумдесеттите

години.

Досега има учествувано на повеќе групни изложби, има објавено

фотографии на deviantart, flickr и др., а со свои фотографии

учествува и на сајтот kritika.mk. „Имам направено неколку обвивки

на музички албуми, неколку фотографии ми се објавени во

Македонската рок енциклопедија, а сега еве и во вашиот ценет

магазин“, завршува тој.

86

Македонска фотографија

87

Дизајн и декор

ДОМ УРЕДЕН ВО

ПАРИСКИ СТИЛ

Французите се познати по својата беспрекорна естетика и славење на убавината. Од модата, преку

храната, па сѐ до уредувањето на домот. Доколку парискиот стил е близок до вашата замисла за ентериери,

искористете некој од советите и предлозите подолу и направете го вашиот дом удобно париско катче.

Многу од париските станови се мали и темни (освен оние што се на последниот кат). Затоа, парижаните

се стремат да внесат светлина во домот, не оптоварувајќи го со многу бои и детали, па неретко и вратите

се бојадисани исто како и ѕидовите, во бела боја. Подот е најчесто светол паркет, што ја прави визуелно

поголема просторијата, или ненападен тепих, што ќе даде топлина и по малку ретро-ефект.

88

Дизајн и декор

Ваквата белина честопати е доволна,

имајќи ги на ум декорациите на ѕидовите

во барокен, па и рококо стил, бордурите

на прозорците, таванските украси. Дури

и да сакате да додадете уметнички дела,

изберете ненападни рамки и мотиви што ќе

се надополнат на преостанатиот ѕиден декор.

Друг начин за „разбивање“ на ваквата

белина ќе постигнете внесувајќи златни

нијанси на ѕидните бордури

и/ли внесувајќи огледало. Со избирање на

впечатливо огледало со златни рамки со

едно парче ќе ги постигнете двата ефекта.

Парижаните ги слават старинските парчиња

и честопати ги комбинираат со нови, модерни

детали во совршена симбиоза.

Доколку ретро-парчињата на мебелот

не се за вас, ваквиот винтиџ-ефект ќе го

постигнете со впечатлив, кристален лустер.

Кадата со впечатливи ногалки е

карактеристична за парискиот стил на

уредување на бањата. Стерилниот изглед

што ризикува да го даде белата боја, пак,

е избегнат со специфичните плочки во

византиски стил и интересниот лустер.

Препознатливите париски тераси даваат

посебен шмек на домот. Доволни се две

столчиња и масичка, свежи цвеќиња

и можете да уживате во кафе или чај,

сонувајќи за Париз.

89

ЛЕТНИ (СЀ УШТЕ)

НЕОТКРИЕНИ ДЕСТИНАЦИИ

Тренди летните дестинации и покрај преплавеноста со туристи, секоја година привлекуваат уште повеќе посетители, што во

високата сезона знае да биде премногу и за оние што дошле на одмор, како и за локалците. Доколку турканиците, долгите

редици и толпата љубопитни туристи што мораат да видат, посетат и фотнат сѐ не е вашата идеја за одмор, ви предложуваме

неколку сѐ уште непопуларни дестинации, подеднакво привлечни за посета и уживање во деновите посветени на себе.

Уживајте во одморот!

ЛА КОРУЊА, ШПАНИЈА

Посетете ја наместо: Барселона, Мадрид.

Сместена во северниот дел на Шпанија, во областа

Галиција, Ла Коруња крие богата историја, одлични плажи

и возбудлив ноќен живот. Па што повеќе би посакале?

Посетете ја Кулата на Херкулес – светилник од римската

епоха што нуди извонреден поглед од врвот, како и

плоштадот Марија Пита посветен на истоимената хероина

и заштитничка на градот. Пешачката патека Пасео

Маритимо што го опкружува полуостровот е долга речиси

13 километри и овозможува лежерно шетање низ градот,

возење велосипед покрај океанот и плажите, па затоа е

едно од омилените места и на туристите и на локалното

население, особено во попладневните часови. Вечерта не

пропуштајте да ја започнете со традиционалните тапас

мезиња во некоја од бројните панадерии (пекарници).

Како да стигнете до таму: Лет од Скопје до Барселона (2

часа и 50 минути), па оттаму уште еден лет до Ла Коруња (1

час и 45 минути).

ТУЛУЗ, ФРАНЦИЈА

Посетете го наместо: Париз

Дури и самите парижани кога сакаат да избегаат од

градот, се упатуваат кон југот на Франција во градот кој

често го нарекуваат и Ville Rose или розовиот град, поради

многубројните згради со црвени тули. Тулуз се наоѓа во

регион познат по кулинарските деликатеси како чорбата

касуле на пример, а посетителите можат да испробаат

дел од нив во еден од петте ресторани со Мишлен ѕвезди

лоцирани во овој регион или пак во некое од локалните

кафулиња и ресторани. Гурманското искуство надополнете

го со фоа гра, тулуски колбаси и рокфор сирење, залеано

со по некоја чашка Армањак бренди и/ли Фронтон или

Гајак вино. Градот е дом на преку 50 уметнички галерии

и бројни музеи, а Каналот ди Миди е дел од светското

наследство на УНЕСКО.

Како да стигнете до таму: Лет до Париз (2 часа и 55

минути), па со уште еден лет (1 час и 15 минути) или воз (од

5 до 6 часа) до Тулуз.

90

КВАРНЕРСКИ ЗАЛИВ, ХРВАТСКА

Посетете го наместо: Дубровник

Доколку досега не сте чуле за овој дел од Хрватска, тоа е

затоа што локалците сѐ уште се надеваат дека ќе го зачуваат

само за себе. Овој неистражен регион се наоѓа на северниот

и североисточниот дел од Јадранското Море, а е прекриен

со густи шуми, опколен со импресивни плажи и острови меѓу

кои се и Крк, Црес, Лошињ и Раб. Одморот во овој дел на

Хрватска подразбира уживање на плажа, планинарење низ

Горски Котар или пак истражување на островот Крк на две

тркала. Јужниот дел на Крк пак е дом на едни од најубавите

плажи во регионот, Башка и Стара Башка.

Како да стигнете до таму: Со автомобил до Загреб (8 и

половина часа) или лет Скопје-Загреб (1 час и 20 минути),

па оттаму со автомобил (околу 2 и пол часа) или автобус (3

часа) до Крк.

САЛИНА, ИТАЛИЈА

Посетете ја наместо: Венеција, Рим, Сицилија.

Салина е еден од осумте липарски (еолски) острови од

вулканскиот архипелаг во Тиренското море. Препознатлива

по своите питорескни селца, Салина е место каде се чини

дека времето застанало. Од една страна се протегаат

вулканските терени и останатите липарски острови, од

другата пак сосема контрастно ќе наидете на раскошна

природа со диви цветови, шумски предели и виногорја

и крајбрежни карпи што ја сечат кристално чистата

морска вода. Островот го карактеризираат и живописни

планинарски патеки и прекрасни плажи како на пример

плажата Полара каде е сниман италијанскиот филм од 1994

година, „Il Postino“. Симнете ги 200те скали, минувајќи низ

старите камени куќи и стигнете до кристално бистрата вода.

Како да стигнете до таму: Лет од Софија до Катанија (40

минути) па со ферибот до Салина (уште 1 час и 25 минути).

ГРАДСКИ РИТАМ

LEHAR & MUSUMECI, SANDRINO

10 август од 18:00 ч.

ПЛАЖА „ОРЕВЧЕ“, ОХРИД

ДО ЗОРА ФЕСТ

10-12 август од 20:00 ч.

ДЕЛЧЕВО

КАРОЛИНА ГОЧЕВА

10/11 август од 21:00 ч.

ХЕРАКЛЕЈА, БИТОЛА / АНТИЧКИ

ТЕАТАР, ОХРИД

TRUE SOUND OF KAMENICA 4

11-12 август од 20:00 ч.

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

HERNAN CATTANEO / NICK WARREN

13 август од 22:00 ч.

ПЛАЖА „ОРЕВЧЕ“, ОХРИД

OSUNLADE

17 август од 23:59 ч.

СЕКТОР 909

ОХРИДСКО ЛЕТО – СВЕЧЕНО

ЗАТВОРАЊЕ СО ТЕАТАРСКА

ПРЕТСТАВА „ИЛИЈАДА“ ОД ХОМЕР

20 август од 21:00 ч.

АНТИЧКИ ТЕАТАР, ОХРИД

SEAN PAUL

23 август од 20:00 ч.

СТАДИОН НА АРМ

SAN PROPER

24 август од 23:59 ч.

СЕКТОР 909

STEFFI

29 август од 23:59 ч.

СЕКТОР 909

VAAL

31 август од 23:59 ч.

ЕПИЦЕНТАР

ЗДРАВО МЛАДИ #8 ЈУНИОР

ПРОГРАМА

1 септември од 12:00 ч.

МКЦ

ЗДРАВО МЛАДИ #8

1 септември од 20:00 ч.

МКЦ

92

Се зборува за...

КАКО ПРАВИЛНО ДА НЕГУВАТЕ ТЕНКА И

КРШЛИВА КОСА?

Генетика, неправилна нега, лоша исхрана – сите овие работи

можат да резултираат со тоа да имате тенко и кршливо

влакно. Тенкото и кршливо влакно е тешко за обликување

и затоа жените кои се соочуваат со овој проблем не треба

да применуваат агресивни третмани. Доколку забележувате

разретченост на косата (состојба во која густината на

фоликулите е мала) и имате тенко влакно, од особена

важност е како се храните (внесувајте храна богата со

биотин, како банани, ореви, бадеми, на пример) и какви

производи за хигиена и нега употребувате (треба да содржат

протеин и биотин). Линијата „Парусан“ (шампон и тоник) е

идеалниот избор за третман при дифузно опаѓање на косата,

односно ретко и тенко влакно. Оваа линија го стимулира

растот на косата во два чекора: стимулирачкиот шампон

„Парусан“ се нанесува на косата и се остава да дејствува две

до три минути, а потоа се плакне, додека енергетскиот тоник

се нанесува по миењето, со нежно масирање на кожата на

главата.

Резултатите се видливи по само три месеци редовно

користење, што е и клинички докажано.

ПРОКРЕДИТ БАНКА

ГРАДИ ДОЛГОРОЧНА СОРАБОТКА СО

СВОИТЕ КЛИЕНТИ

„Чест и задоволство ни е да соработуваме со нашите лојални

клиенти и токму поради тоа, им се заблагодаруваме на

довербата. Нашето дигитално банкарство е предност за

клиентите бидејќи нивната банка е достапна насекаде и

нема потреба да ја бараат најблиската експозитура“ – изјави

Елена Никовска, директор на секторот за банкарски услуги.

„Со ПроКредит банка соработувам веќе четири години. Го

користам целиот сет на банкарски услуги кој вклучува сè

што ми е потребно од една банка: трансакциска сметка,

е-банкарство, картичка и штедна сметка. Картичката ја

користам секојдневно на сите банкомати и за разни плаќања

во државава и во странство. Е-банкарството најчесто го

користам за трансфер на средства од и на штедната сметка.

Тоа што најмногу ми се допаѓа се одличните услови за

флексибилно штедење: надополнување или повлекување

средства може да се направи во кое било време и на кое

било место, единствено е потребна интернет-конекција,

а каматната стапка е најдобра на пазарот“, Артан Д.,

долгогодишен клиент на ПроКредит.

НОВИТЕ ПРОИЗВОДИ НА

LANCÔME

ЈА ДЕФИНИРААТ СРЕЌАТА

Секогаш се радуваме на настаните посветени на Lancôme,

особено бидејќи тоа најчесто значи претставување на нови

производи од богатата палета на престижната француска

компанија. Овој пат имавме можност да се запознаеме со

неколку новитети што веќе можете да ги испробате и вие,

а ни беа претставени од страна на мејкап артистката за

Lancôme, Ивана Лисак. Култната маскара Hypnôse доаѓа

во практично издание и ги штити и зајакнува трепките,

давајќи им совршен волумен. Во комбинација со базата за

маскара Cils Booster што го поттикнува растот на трепките

ќе добиете идеален ефект! Природен изглед без шминка ќе

постигнете со хидратантниот тониран крем Lancôme Skin

Feels Good со состојки што ќе овозможат кожата да блесне.

Реинтерпретацијата на течниот кармин L’Absolu Lacquer

нуди палета од 18 бои со различен интензитет и блескав

финиш. Еден слој на усните ќе даде сјај, два слоја моќен и

впечатлив изглед, а три слоја ќе дадат ефект на брилијантен,

софистициран лак. И омилениот мирис на жените има ново

издание – Lancôme La Vie Est Belle L’Eclat Eau De Toilette е

новата мирисна дефиниција за радост и среќа. Почнувајќи

од нероли, преку мандарина, грејпфрут, бергамот и розов

бибер, па сѐ до ирис, пачули и цвет на портокал, L’Eclat

овозможува мирисен допир, удобен и пријатен како

втора кожа. Пронајдете ги своите Lancôme фаворити во

продажните места на „Еликсир“.

Колумна

АНА ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

ОДМОР БЕЗ

ФИЛТЕР

ДА СИ УБАВА, ЗНАЧИ ДА СИ СРЕЌНА!

Фризер, педикир, маникир... сè со ред, мислиш се подготвувам за телевизиски настап, а

не за одмор. Перфекционистот во мене ме потсетува дека стремежот кон совршенство е

половина пат до целта. Си го слушам внатрешниот глас дека жената секогаш, во секоја

пригода, треба да е „средена“ и почнувам да се пакувам. Го вадам најголемиот куфер и

полнам во него како да заминувам на шестмесечен престој на Марс, каде што нема ни

вода. Списокот со работи што планирам да ги понесам со себе е долг колку романите на

Достоевски. Од најосновното до најсофистицираното, од турпија за нозе, до блендер за в

кујна. Некоја внатрешна несигурност ме убедува дека сè може да ми притреба. Штиклирам

едно по едно и уредно ги систематизирам во торбите кои едвај се затвораат. Личам на

подвижна аптека, подвижен супермаркет и подвижна библиотека. Не планирам да се

разболам, но планирам да читам. Носам седум книги со мене. И онака секогаш читам по дветри

во исто време, плус книга за на плажа, плус за на планина... Тамам успевам да ги затворам

торбите, во собата влегува мојот партнер. Не му требаат повеќе од пет секунди да ми упати

прекорувачки поглед со кој низ остар, стаклен молк, без зборови, ме суди. Знам што мисли -

дека сум тежок консумерист кој не умее да се ослободи од материјалното. Точно знае дека

таквите квалификации ме болат при обидот за себе да мислам дека сум високо освестена

и продуховена. Со зен-техники за самоконтрола мудро решавам да избегнам кавга, па сама

си ги симнувам куферите в кола. Не ми треба помош, имам и јас кичма за расипување. Тој не

наоѓа друго оружје, па додека ме гледа како кревам, ме потсетува дека ние, жените, сме се

бореле за родова еднаквост, со други зборови - еве ви ја сега родовата еднаквост од глава!

Се вртам и низ заби му кажувам дека тоа што го зборува нема врска со почит и со женски

права, ами со џентлменство. Јасно му е, ама како поинаку би ме изнервирал ако не со „свој

камен по глава“ за теми за кои знае дека ми се важни. Не планирам да балансирам, па сега

тој ја стопува ироничната насмевка, му паѓа жал за мене, па го зема најтешкиот куфер и ме

прегрнува. Тргнуваме. Куфери, куче, дете, количка, базенче, играчки, подвижно креветче,

точаче... кој ли асфалт ќе нè издржи?!

Додека се оддалечуваме од градот, далеку од зовриениот асфалт, како ехо од духови

се слуша шумот на сите пцуења изречени во сообраќајот, пред шалтерите во банка, во

редиците на каса, низ административните процедури... Колку сме заробени во ѕидовите

на урбаното живеење, си мислам. Едвај чекам да стигнеме во дивина. Патот ни минува

брзо. Kако навиени будилници зборуваме цело време, ко првпат да сме се запознале. :)

Секогаш има теми што ни се недовршени или сè уште непочнати. Барем никогаш не ни

е здодевно. :) Отсекогаш сум им се чудела на оние парови што со саати „мудро“ молчат

94

Колумна

додека се заедно. Нејсе. Стигнуваме на местото за одмор. Мирис на лаванда и вода ми го

дразни носот. Совршена комбинација! Излегувам од автомобилот и тргнувам накај водата,

а Тој цинично ме потсетува дека имаме пола ден за отпакување на торбите. После три дена

изгубени во пакување ми се смачува од самата помисла. Алекс и Ада (нашето дете и куче)

срипуваат од колата и безгрижно трчаат кон езерото. Малото раче ме вика да си играме во

песок. Нестрпливо е. Нема време да ме чека да ги отпакувам мојата библиотека и аптека.

Му давам знак да оди со татко му, дека мама ќе дојде подоцна откако ќе ги среди работите.

Како што се оддалечува кон плажата, неколку пати го врти главчето по мене. За миг ми

светнува - каква будала сум!!! Има ли нешто поважно од неговата желба за игра?! Во пет

минути како филм ми се одмотува секој миг што залудно сум го потрошила во неважни

работи, во формалности, во прекумерна грижа, во стил, во робување на навиките... Животот

си врви додека правиме проекции како е најдобро да го живееме. И секој миг е единствен и

неповторлив. Нема жива сила што ќе ме натера да го пропуштам првото капење во езерото

на моето малечко! Нема ништо позначајно од малите радости сега и тука!

Ги спуштам куферите полни грижи и се стрчувам кон плажата. Не ми е гајле дали косата ми

е средена, не ми е гајле што сум во истите алишта со кои патував, не ми е гајле за 100-те

марами што ги понесов за на плажа, не ми е гајле за дрвените ѓердани, ниту за шапките во

разни бои. Боја на моите денови им даваат насмевките на луѓето што ги сакам. Нивната

искреност е без филтер. Трчам кон водата и сфаќам дека сум боса. Жежок песок ми ги

скокотка прстите на нозете. Не ми требаат ниту едни од петте пара апостолки и сандали

што ги зедов. Вака подобро се поврзувам со земјата под мене. Нејзината природна

енергија ми струи низ телото. Насмеана итам да стигнам до моите сакани. Ветрот ми ја

бушави косата, а јас заборавам да се грижам за фризурата. Не ми е веќе важно како ќе

ме перципира околината, туку како ќе се чувствувам внатре, во себе. Како дупнат балон,

полека издишувам и нечујно се ослободувам од преголемиот обѕир кон другите. Кучето прво

ме здогледува и срипува накај мене. Другпат ќе го прекорев за прашината што ја кренало

трчајќи од радост, но овој пат не се тревожам. Морам да ја научам тенката граница помеѓу

преголемата внимателност и живеењето за други луѓе. Ада ми скока од радост. Луѓето се

единствените суштества што се ограничуваат себеси поради репресијата на културата. Ми

текнува на „Неугодното во културата“ од Фројд и ги пуштам сите узди од моите емоции.

Ја гушкам крзнената миленичка и ја насочувам да ме упати кон моите луѓе. Чекорот кон

нив ми е лесен. Не ми тежи ни карминот во чантата, го немам. Ги здогледувам како весело

се превртуваат во песокот. Им се доближувам, ги гушкам. Езерото е како тепсија што ги

вшмукува сите човечки грижи. Бескраен мир се протега пред нас. Хоризонтот се смее во

боите на злато. Се прашувам кога последно бев среќна само со рацете в џеб и со луѓето

што ми значат? Наеднаш решавам сите несигурности и стравови во мене, спакувани во

несесери и куфери, да ги скршам на ситни парченца кристали. Амбиентот е совршен за

соочување со себеси. Околу мене нема луѓе со замрзнати насмевки, нема луѓе со болни

амбиции, нема луѓе што прават пари, за потоа да си купат малку мир. Има чиста природа и

убавина која летото ја послало на нашите душеци. Езерото има чудна прочистувачка моќ.

Те соочува со својата рефлексија, дури и со онаа што сакаш да ја скриеш! Песокот ми ја

гушка сенката која полека се ослободува од товарот на егото. Сè станува некако полесно.

И јас станувам полесна. Почнувам да се прашувам дали секој ден сум некоја друга? Одам

уште подалеку со умот... Се присетувам на летните одмори од пред десет години. Помнам

колку ми беше важно да сум убава и беспрекорно дотерана, a денес излегувам од дома во

најкомотните алишта за да можам да трчам со детето и кучето. Пред пет години ми беше

важно секој ден да имам нов „филозофски муабет“ со партнерот, како храна за умот. Денес

ми е убаво по сто пати на ден да повторувам баналности кои ни ја смеат душата. Колку сме

различни од ден на ден... дури и од вчера до денес. Ете, вчера додека се пакував ми се

плачеше, без причина, или заради многу причини - за секое само дете, за секое сиромашно

семeјство што не може да оди на одмор, за секое бездомно и осамено животно, за секој

болен човек, за секоја загубена љубов... Денес се смешкам цело време. Не, не сум полудела.

Животот е контрастен. Треба само да се избрусиме себеси во неговите контури. Денес ми

доаѓа убаво само што ќе погледнам во синото небо со бели торти од облаци, во кулите од

песок, во зборлестите деца со кофички и топки, во куклата на тревата зад плажата, во секое

растрчано и разиграно куче. Денес сфаќам - ДА СИ УБАВА, ЗНАЧИ ДА СИ СЛОБОДНА И

СРЕЌНА!

95

#PORTRETMAGAZIN

#SUMMER

#URBAN

@v.miljovski

@vljordanov

@fiko.jpg

@radovan.spiridonov

@ajzi.is

@marijastam

96

LOVES

INSTAGRAM

#SUNSET

#PORTRETMAGAZIN

@vlatkoristevski

@meri_filipovska

@popovskiiii

@kojaelena

@aleksandra.kocheska

@hannah.bannanah

97

STREET & STYLE

ИМАТЕ СУПЕР СТИЛ И САКАТЕ ДА НИ ГОСТУВАТЕ ВО РУБРИКАТА STREET STYLE?

ФОТОГРАФИРАЈТЕ СЕ И ТАГИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ ФОТКИ СО ХАШТАГОТ #PORTRETSTREETSTYLE.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Сандра Спирова

Филип Дренковски

Ина Михајлова

Симона Ципан

Нинослав Антоски

98

99

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!