22
Инспирација најтешко, паднав во депресија, имав анксиозни напади, па посетував и психолог и со негова помош и со помош на роднините и пријателите го пребродев и тоа. Имаше и соученици што навистина ми помогнаа во тој период, застанаа на моја страна и тие што очекував и тие што не очекував, така што имаше и позитивни моменти. И самото тинејџерство е стресно, а ова беше сол на рана. Сепак, во тинејџерството откриваш кој си, што сакаш, а јас уште од почетокот се криев. Имаше и период кога се затворив дома, месец-два не одев во училиште, отидов и во Србија кај баба ми, па откако се вратив, почнав да одам на терапии кај психолог и станав физички активна, што ми влијаеше многу добро. Потоа следуваше работа на себе и прифаќање на состојбата. Дури и денес некогаш се прашувам околу алопецијата, зошто ми се случува мене, но тоа трае две минути и поминува. Денес сосема позитивно и со широко насмеано лице веќе не се криете зад периките. Како дојдовте до моментот да излезете јавно и без кочници и страв од околината да ја покажете „голата“ глава? Пред две години кога почнав да тренирам алпинизам, собрав храброст да ја извадам периката најверојатно бидејќи и за алпинизам треба храброст, па така се поврза едното со другото. Се сеќавам дека беше лето, многу беше жешко, имав многу големи рани како резултат на алергија на лепилата за перика. Се подготвувавме да се качуваме, а требаше да ставам и кацига, па со оглед на жештините и раните, решив дента да се појавам на тренинг без перика. И онака сите знаеја дека носам и само се појавив така гологлава, и добив само позитивни коментари и поддршка. Од тој ден веќе престанав постојано да носам перика, иако понекогаш сè уште ставам. Поддршката или осудата од околината игра голема улога во справувањето со каква било ситуација. Какво искуство имате и со непосредната околина, секојдневното среќавање со луѓе? И ден-денес има осуда од околината, луѓето знаат да се свртат, да ме гледаат чудно, тоа ми е секојдневие тука, некој да ме гледа, да зборува за мене, да подбуцне некој да ме види. Од една страна, тоа ме нервира на моменти, особено кога не ми е денот, но има и позитивни моменти кога ќе ми пријдат млади со истиот проблем и ќе ме прашаат дали ми е полесно, како се чувствувам сега, па бараат совет... Сум добила и многу комплименти од случајни минувачи, на пример, дека имам убава глава, дека зрачам со позитивна енергија, но и такви дека личам на Египќанка и на лик од научнофантастични филмови :). Зашто реално тешко е кога се носи перика, обврска е наутро да станеш, да ја наместиш, па ако користиш лепило, да се нанесе подлогата. Во суштина, алергијата на лепилата и на подлогите беше една од причините зошто се откажав од периките. Има начини за лекување на состојбата, меѓутоа, не се знае дали тоа би имало долготраен ефект. Во Вашата ситуација, дали се свртевте кон некој тип лекување и каков ефект имаше? Oдев на третмани со течен азот, ласери и ампули во Србија, а користев и кортикостероиди што ми ги носеа од Германија, но во суштина ова е автоимуно заболување, не е нешто што се лекува со лекови. Има и надри начини на лекување, како со лук, кисело млеко, пепел, а некои луѓе велат дека им помогнало. Но, сепак, сè зависи од типот и од агресивноста на алопецијата и од самиот човек, колку стресно ги доживува работите. Кај мене, на пример, се случувало кога ќе сменам нешто на позитивно, или место или ситуација, косата почнуваше Имав тежок период во средно училиште кога ме напаѓаа постарите ученици и ми се закануваа дека ќе ми ја извадат периката. Тој период ми беше најмачно, паднав во депресија, имав анксиозни напади, па посетував и психолог и со негова помош и со помош на роднините и пријателите го пребродев и тоа. И самото тинејџерство е стресно, а ова беше сол на рана. Сепак, во тинејџерството откриваш кој си, што сакаш, а јас уште од почетокот се криев. 23