24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ТРИЕСЕТКА ЗА „ОСКАР“

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА МЕЃУ РИТА ВИЛСОН И ТОМ ХЕНКС

Пишува: Џејлан Рустемоска

Oд досегашните љубовни портрети што се најдоа на

страниците во изминатите броеви можевме да заклучиме

дека е по малку клише тезата дека холивудските двојки

се осудени на краток век, а од тие долговечните, ќе се согласите

дека Рита Вилсон и Том Хенкс се меѓу најсимпатичните. Тие

годинава прославија три децении брак, љубов, меѓусебна

поддршка, родителство и добар хумор, а нивните романтични

слатки изјави низ годините ни дозволуваат да ги собереме

парчињата од љубовната приказна и да ви ја донесеме во овој

број.

Ништо необично или особено оригинално во нивната прва

средба. Се среќаваат во раните осумдесетти на сетот за

комичната серија „Bosom buddies“. Том Хенкс е дел од

постојаниот состав, а Рита се појавува само во една епизода,

доволно за да го заскокотка неговото одамна ветено срце на

неговата тогашна сопруга, средношколска љубов и мајка на

неговите две деца, Саманта Луис. А можеби првичните симпатии

ќе поминеле безопасно доколку судбината не ги споеше

повторно, овој пат на сетот за филмот „Волонтери“ во кој играат

рамо до рамо. Се наоѓаме во 1985 година, а Хенкс иако не ја

негира хемијата кон својата партнерка пред камерите, вели

дека неговиот прв брак во кој влетал прерано, станувајќи татко

на 20 години и барајќи ја сигурноста на домот што никогаш

ја немал како дете, бил веќе распаднат кога ја сретнал Рита.

Свесен за веројатноста да ги осуди на истите емоции своите две

деца Колин и Елизабет, тој го одолжувал официјалниот развод

сѐ од премиерата на филмот „Три амигоси“, кога првпат се

појавува во јавност со својата нова партнерка Рита, и двајцата

носејќи ги истите насмевки што и денес се заштитен знак на

оваа двојка. „Во нашата врска јас сум среќникот. Таа можеше

и подобро“, вели Хенкс, но кој би се согласил?! Свадбените

ѕвона ќе заѕвонат во април 88-мата. Кога зборува за почетокот

на нивниот брачен живот, Том Хенкс вели дека пресудни биле

тајмингот, зрелоста и желбата да се поврзат на подлабоко

ниво. Доколку се сретнеле порано во животот, веројатно не би

го издржале притисокот. Иако судбината замешала прсти да ги

спои, сѐ друго во изминатите 30 години не е магична случајност

и слатка романтична комедија, туку свесна одлука во најтешките

моменти да не заборават што ги држи заедно.

Нивните кариери се развиваат паралелно со нивната брачна

заедница. На почетокот на деведесеттите го добиваат првиот

заеднички син Честер, а во 1993 г. повторно ќе заиграат

заедно во една од најубавите романтични комедии на

сите времиња, „Бессони во Сиетл“, овој пат како најдобри

пријатели. Филмот се смета за отскочна штица во кариерата

на Хенкс, носејќи му го статусот на „добро момче“ и миленик

на публиката. Во средината на деведесеттите години Хенкс се

закитува со два последователни „Оскари“ за најдобра главна

машка улога во филмовите „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, а

и во двата победнички говори ѝ се заблагодарува на својата

сопруга, покрај која го доживеа рајот на земјата и учи што е

љубовта со секој изминат ден; без неа никогаш не би ја сфатил

длабочината на ликот на Форест Гамп и неговата љубов за

54

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!