24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЕДЕН ЗВУК, ИЛЈАДА СПОМЕНИ

Се сеќавам прв пат кога ја слушнав A Wonderful Life од Carl Craig. Истата нумера и после

25 години од кога е издадена нема изгубено ниту еден процент од магијата што ја содржи.

Безвременска утопија, емотивна приказна што секој пат кога ќе ја чујам ме ежи. Сѐ повеќе

верувам во карактеристиките на мојот хороскопски знак (рак), дека од секогаш повеќе

ме влечел звук што содржи одреден сентимент. Музиката е многу битен сегмент во нашето

секојдневие затоа што низ неа се релаксираме или истражуваме и се поврзуваме со нашиот

спокој, гнев, страв, љубов, надеж или која било друга емоција што ни ја буди.

БЕРЛИН НИКОГАШ НЕ СПИЕ

Ноќниот живот во Берлин е една озбилна индустрија која носи огромни приливи во буџетот

на берлинското градско собрание. Најразвиени гранки во градот се услужниот сектор,

информатиката и туризмот (поради огромната историска вредност која Берлин ја има сам по

себе). Одговорните лица од градот се свесни за важноста на ноќниот живот и инвестираат

огромни суми во одржливост на клупската сцена. Без разлика на сезоната, градот е полн со

туристи кои доаѓаат од целиот свет. Берлин е музички центар со најголема понуда во Европа

можеби и во светот, двигател на сите трендови и град во кој законите се порелаксирани во

споредба со другите германски градови. Сѐ во функција на оваа индустрија.

СТОЈЧЕ ЦВЕТАНОВСКИ

DJ

DREAMS COME TRUE

Да си дел од култниот берлински „Tresor“ значи да го живееш својот сон. Да ми кажеше некој

пред 15 години, дека еден ден ќе бидам дел од оваа екипа, ни самиот немаше да му поверувам.

Но ете, сега ја живеам и таа реалност. Со многу инспирација, љубов кон работата, комплетна

фокусираност и посветеност и не е сѐ така недостижно. :)

ПОСВЕТЕНОСТА ЗЕМА ЖРТВИ

Јас тоа не би го нарекол жртва. Може нема да отидеш на скијање или на летен одмор, или

некое време викендите ќе ги поминуваш дома. Ако ги пренасочиш заштедените пари во

купување на некој синтисајзер или ритам машина, сепак тоа има оправдана цел. Му се радувам

на секој момент поминат во студио, кога влечам низ аеродроми торбица полна со музика или

кога одам до пошта да подигнам нова пратка плочи. Мислам дека нема поголем благослов од

тоа да можеш да опстојуваш од работата која ја сакаш. Така да можам да кажам дека музиката

враќа доволно. Единствено нешто што некогаш ми пречи е физичкиот умор или нарушениот

биоритам. После долг пат и неколку настапи во серија знаат физички да ме исцрпат. Но, тоа е

составен дел од оваа работа така да и со тоа се справувам.

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ

Македонската техно сцена и македонските подиуми се прилично добри земајќи ги во предвид

нашите околности. Има прилично добра понуда од нашите барови, клубови и фестивали.

Несомнено имаме голем број талентирани артисти кои допрва имаат што да ѝ кажат на

глобалната техно сцена. За тоа да се реализира мора да се обезбеди подобра инфраструктура

за работа и на клубовите, и на артистите. Ова воедно е и еден повик до властодржците да

ја субвенционираат повеќе оваа културна гранка, која има огромен потенцијал да ја стави

Македонија на мапата посакувани клабинг дестинации.

АГЕНДА

Имам закажани неколку синглови, ремикси и компилации кои треба да се објават во блиска

иднина и моментално работам на својот прв студиски албум, кој ќе биде составен од 10 траки

и ќе се појави на дупла плоча за мојата издавачка куќа „Tangible Assets“. Летово ќе настапам

на неколку фестивали низ Европа, сега прво во Србија на „Love Fest“, па Хановер, Берлин,

Мадрид, Љубљана, „Echowaves“ фестивалот во Грузија итн.

ИДЕАЛНО СЦЕНАРИО

За добра журка потребно е сите коцки од мозаикот да се спојат. Мислам дека прво и есенцијално

е дека нашите клубови имаат потреба од подолго работно време. Потоа, квалитетен диџеј,

функционална опрема, добар звук, мотивирана публика која ги остава секојдневните

главоболки надвор од клубот, добра селекција на врата, богат шанк со насмевнати шанкери.

Не се потребни намрштени лица, наоружана војска и полиција и ригорозни инспектори.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!