24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Колумна

Приказна

со совршен

крај

Од дете имам една глупава особина, без потреба да бегам од

познаници, кога случајно ќе ги сретнам. Без никаква причина

се криев од блиски роднини, драги луѓе, се правев дека не

ги гледам, се преправав дека зборувам на телефон и уште

многу поекстремни чекори, само за да не се поздравувам и

да не правам празни муабети. Потоа ме фаќаше грижа на

совест и многу размислував зошто го правам тоа, дали сум

размазена, некултурна, самобендисана, мрзелива... Немав

реално објаснување и сѐ завршуваше со ветување пред

себе дека никогаш повеќе нема да бегам. И следниот пат ќе

направев уште поекстремен чекор, како на пример ќе влезев

во продавница, за да избегнам средба и ќе купев непотребна

глупост од што ми беше непријатно што правам таму.

Како поминуваа години, забележав дека бегам од сѐ

поблиски луѓе, со кои навистина некогаш сум била блиска и

сум поминувала голем дел од денот. Тоа беа обично луѓе со

кои ништо не сме си згрешиле, но едноставно сме фатиле

различни правци во животот и со кои веќе сме имале една,

две непријатни средби на кои сме збореле единствено за

преубавото минато, за да не зборуваме за сегашноста, во

која немаме што да си кажеме. Иако најчесто и тие самите

ги користеа истите фрази за најљубезно откачување (те

барам во понеделник, многу сакам да те видам, ај дај ми го

бројот не сум ти го запишала во новиов телефон и сл.) сепак

не ми беше сеедно кога лажев и бегав знаејќи дека никогаш

нема да ги барам за кафе. Потоа престана да ми биде

непријатно, што уште повеќе ми беше чудно и ме тераше да

се преиспитувам колку сум сигурна дека сум добра личност.

Кога ова лето спремајќи се за на плажа престана да ми биде

гајле колку многу стрии имам, веќе сериозно се загрижив

дека навистина станувам мрзелива. За да ви биде појасно

изминатите неколку лета, преку цела година нарачував

секакви креми и масла за стрии, кога уште имаше оптимизам

во мене. Па потоа неколку месеци пред одмор купував пудри

за криење тешки лузни, што течеа кога влегував во вода и

поради кои наместо да бидам исончана, бев цела шарена и

личев како да имам белези по цело тело. И целиот тој стрес,

не знам ни сама како веќе немав сила да го поминувам, ни

желба да ги кријам. Сите овие промени во мојот карактер ги

препишував на константниот стрес од работата и животот

со три деца. Но кога П. направи една класично машко с**ње,

односно излезе некаде, не се врати кога кажа, телефонот

му беше исклучен, а јас само се грижев дали е добар и ми

олесна кога се врати, сфатив дека нешто сериозно се случува

со мојот карактер. Па за ваква вечер пред две, три години,

би направила драма од невидени размери и минимум недела

дена би му била скарана. Сериозно размислував дека сум во

некоја блага депресија што ме прави рамнодушна и ја барав

причината. Но кога еден ден добив букет цвеќиња од мојата

најдобра другарка, како благодарност што бев единствена

што ја поддржа да даде отказ од работата што премногу ја

правеше несреќна, текстот што ми го напиша на картичката

ми го даде одговорот на моите дилеми: „Од сите работи

поради кои сум среќна дека имам привилегија да растам со

тебе, најубавата е што имам можност секојдневно да гледам

како со љубов ги прифаќаш изборите на сите околу тебе.“ И

тогаш сфатив дека мојата рамнодушност всушност е растење

и прифаќање. Прифаќање на работите во мојот изглед кои

не можам да ги променам, прифаќање на изборите на моите

блиски, прифаќање на карактерот на човекот што го сакам.

Да, тоа е балансот што ни го дава животот за сметка на сите

брчки и други грди работи што ги носи стареењето. Ни дава

мир во душата дека ќе стануваме сѐ поспокојни за работите

што не зависат од нас. Нема поубаво чувство, од чувството

на ослободување од сите стравови, што се таложеле во нас

низ годините. Да тука сум на работ на 40тата година, со

безброј маани и со безброј бубачки во главата. Тука се и

сите мои луѓе исто така цели несовршени, полни со грижи

и стравови. Но тука сме еден за друг во секое време и тоа е

доволно за сѐ да биде совршено.

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

9

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!