24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

МАРГАРИТА ДЕРМАТИТ

Медицинскиот термин за овој тип дерматит е фитофотодерматит, а се појавува

како изгореница од сонце што едноставно не се повлекува. Оваа состојба се

јавува особено во летните месеци кога кожата е изложена на ултравиолетово

зрачење додека исто така организмот е во контакт со фотосензитивни состојки

што во комбинација ја предизвикуваат оваа воспалителна кожна реакција. А

токму лимонската киселина од омилениот летен пијалак е фотосензитивна

состојка. Како превенција треба да се нанесе малку повеќе крем за сончање и

да се мијат рацете темелно по цедење лимон или други цитрусни овошја. Иако

може да се јави хиперпигментација по губењето на ова воспаление, сепак,

не треба да загрижува бидејќи со тек на време бојата на кожата се враќа во

нормала.

КЕРАТОЗА ПИЛАРИС

Иако можеби името не е толку познато, многумина се запознаени со изгледот и

чувството на таканаречената „пилешка кожа“ што може да се појави на задниот

дел на надлактницата и на бутовите. Тоа се појавува кога протеинот кератин

се собира околу фоликулите на влакната на телото, а особено чувствителни се

рацете и нозете. Не се знае точната причина зошто се појавува, но голема улога

има генетиката, а во лето дополнително се потенцира и воспалува од потење

и иритација. Производите за ексфолијација и тие што содржат ретинол може

да го забрзаат процесот на обнова на клетките и кожата да изгледа помазно

додека се користат производите.

ПРОБЛЕМИ СО ХЛОРОТ

Како резултат на капењето во базен, кое во лето може да биде неизбежно,

со текот на времето хлорот придонесува за посува кожа бидејќи го измива

слојот од кожата што всушност ја задржува влажноста. Решение на овој

проблем е брза реакција по излегувањето од базен, како туширање, за да се

измијат хемикалиите и потоа да се нанесе хидратантен крем. Доколку кожата

е чувствителна, а базенот е со високо количество на хлор, постојат и посебни

лосиони и гелови за туширање што се наменети да го неутрализираат хлорот и

да ѝ ја дадат потребната влажност на кожата.

ПОТКОЖНИ ВЛАКНА

Иако се појавуваат преку целата година кај тие што практикуваат бричење,

летната сезона ги прави уште поочигледни и поиритирани. Поткожните влакна

се резултат на тоа што кога излегуваат од фоликулата, наместо на површина

на кожата, се враќаат назад под неа, растат така и притоа се воспалуваат.

Постојана ексфолијација е задолжителна за да се спречат мртвите клетки да ги

заробуваат влакната во фоликулите. При бричење е важно да се користи чист

брич и гел или крем за бричење, влакната да се бричат во насока на растењето

и по бричењето да се нанесе хидрокортизон. Некои се особено склони кон

поткожни влакна, на пример, тие со виткана коса, па затоа наместо бричење, се

препорачува депилација или ласерско отстранување како потрајно решение.

ПОТЕЊЕ ПОД ГРАДИТЕ

Поради потните жлезди присутни на градите, честа е појавата во лето и градите

да се потат, а потта плус целодневното носење градник е комбинација и за

развој на габични инфекции. Добар совет за потење под градите е нанесување

пудра наменета за тоа, што е мешавина од глината каолин и пченкарен скроб, за

делот под градите да биде сув. Доколку веќе се појавило црвенило и испукана

кожа, тогаш за да се спречи дополнителна иритација, треба да се нанесе крем

против габична инфекција.

АКНИ ПО ТЕЛОТО

Бидејќи најмногу кожа се покажува во лето, исто како и на лицето, и на телото

поради комбинацијата од пот и производите што се нанесуваат за сончање,

порите се блокираат и се појавуваат акни. Најчесто најчувствителни места

се градите, грбот и задникот, но колку и да е разочарувачки, вообичаените

кремови и лосиони против акни помагаат речиси секогаш.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!