Инспирација Во денешно време, кога на физичкиот изглед му се придава големо значење поради сè поголемата потрага по „совршенство“ и нереални стандарди кои само се гледа да бидат задоволени, тешко е да се истакне нечија индивидуалност, во поглед на изгледот, ако не се вклопува во она што општеството го смета за „нормално“. Токму Вие се соочувате со болест која го напаѓа физичкиот изглед, опаѓање на косата и на влакната од телото. Кога првпат забележавте дека имате алопеција? Прво на 8 години се појави еден круг, парче коса паднато, и тогаш почнаа испитувањата, но никој не даде конкретна причина зошто ми се случува тоа. Претпоставуваа дека е од внатрешен акумулиран стрес и организмот така го манифестира, се ослободува од стресот, при што ги исфрла влакната на телото. На почетокот се лекував со течен азот и со камфор на база на ментол и првично третманот успеа, кругот се изгуби. Но на 10 години се појавија два круга без коса и тогаш ми беше и постресно бидејќи бев постара. Потоа моите почнаа посериозно да ја сфаќаат болеста и правев испитувања и надвор од државата, беа испратени примероци од нокти, коса и од кожа во Кина и во Германија, но и оттаму резултатите беа во ред, не се покажа дека има некое конкретно заболување. Дијагнозата на почетокот беше алопеција ареата, а потоа за три години стана алопеција тоталис (губење на целата коса) и универзалис (паѓање на сите влакна на телото), и тогаш веќе почна и прикривањето зад марами, капи и перики. Дали се сеќавате како се чувствувавте со оглед на тоа што за толку мало дете таква состојба е непозната и претпоставувам носи голема збунетост? Искрено, јас не го ни забележав кругот без коса, мајка ми го забележа и на почетокот тоа се криеше од мене. Но кога почнав да одам на испитувања, забележав дека нешто не е во ред, мислев дека е нешто пострашно, па онака детски ги прашував моите што ми е, што се случува, помислував на најлошото, но некако тоа не беа реални прашања, повеќе под влијание на филмови. :) Секако, уште на почетокот имав поддршка од роднините, пријателите и блиската околина. Отпрвин и моите беа поисплашени, што ќе биде кога ќе дознам, како ќе го прифатам тоа, како ќе реагира околината... Но со текот на годините сите станувавме поопуштени, па добивав поддршка и да ја тргнам периката, дека сум убава и вака и така. Често физичкиот недостаток е голема причина за емотивен стрес, особено кога се работи за справување од мала возраст и во тинејџерските денови. Како ја поднесувавте состојбата тогаш со тоа што интензитетот се засилил, а за млада девојка косата е еден од најважните атрибути на физичкиот изглед? На 13 години ја изгубив целата коса на главата и тогаш првпат почнав да носам перики. Тогаш бев во основно училиште и не беше толку стресно бидејќи соучениците ме знаеја од претходно, знаеја што се случува и не ми беше тешко да се навикнам да носам перика. Не зборуваа за тоа, барем не пред мене, за разлика од средното уметничко училиште каде што беше навистина стресно. Сè уште не бев вистински помирена иако ја знаев ситуацијата и што точно ми се случува. Инаку, на некои соученици во средно можев и да им кажам што се случува, но имав и навистина гадни случки, кога ме напаѓаа постарите и ми се закануваа дека ќе ми ја извадат периката, што многу тешко го поднесов. Тој период траеше околу три месеци, а заврши со тоа што ги викнав родителите на соучениците и моите родители и се презедоа мерки од страна на училиштето. За среќа, тие соученици што ме напаѓаа беа четврта година и завршија, па потоа ситуацијата се стабилизира. Но тој период ми беше 20 Сум добила и многу комплименти од случајни минувачи, на пример, дека имам убава глава, дека зрачам со позитивна енергија, но и такви дека личам на Египќанка и на лик од научнофантастични филмови :)
21