24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Инспирација

да ми расте. Но повторно само еден помал стрес беше доволен за веднаш да падне. Јас сум

помирена дека немам коса, но можеби некогаш ќе имам, фоликулите се живи, имаат сè што

им треба на влакната за да пораснат и буквално само пред да излезат на површината нешто

ги спречува, организмот како да ги сече. Со оглед на тоа дека немам влакна никаде, ниту

трепки, ниту веѓи, кожата ми е многу чувствителна, како и очите и носот, ми пречат сонце,

прашина... Често знаат да ми направат проблем и синусите, па летно време кога сум под

клима, на пример, на работа, седам со капа или со шал. Со лекувањето престанав на 16-17

години, си реков дека веќе нема да продолжам со третманите бидејќи беа доста агресивни,

имав рани и не можев да спијам убаво. Тогаш вистински влегов во светот на периките кои,

искрено, се како мобилниве телефони денес. Имаш добар телефон, но знаеш дека има и

подобри. Прво почнав со наједноставните и навлегов толку многу, во однос на тоа како да

се наместат, од какво влакно се подобри, како да се скројат по обликот на главата, дури

и како да се нарача коса и како да се сошие перика. Но тој процес на местење и носење е

многу напорен.

Дали сте се нашле во ситуација, поради губењето на косата, да не можете да остварите

некоја зацртана цел, дали Ве спречило тоа во остварување на желбите и плановите?

Во основно училиште многу сакав да одам на одбојка, но поради периката, бидејќи тогаш

не знаев многу како да ја наместам, ми беше ново и ми пречеше, морав да се откажам од

одбојката, а и од пливање. Подоцна пак се запишав на одбојка на 17 години, но тогаш веќе

знаев како да ја врзувам периката и да ја наместам. Сепак, повторно беше тешко бидејќи

цело време е како да носиш волнена капа, телесната температура се зголемува, потта не е

природна, тешко е да се издржи.

Велите дека ослободување сте нашле во алпинизмот, кој на некој начин и Ви помогнал да

се откриете каква што сте. Каков совет би ѝ дале на некоја млада личност што се соочува

со истите дилеми и проблеми како Вас?

Алпинизмот ме направи слободна и храбра и уште по првиот тренинг почнав да одам секој

ден. Во истиот момент кога се качуваш на карпа имаш, но и немаш време да се преиспиташ

психички за тоа што го сакаш и тоа што не го сакаш. Околу тоа што те вознемирува, на карпа

учиш (вежбаш) како одлуките и мислите да доаѓаат смирено, како еден вид медитација,

мир... Бидејќи си доста изолиран кога си на карпа, иако со партнер, сепак си сам и сам

одлучуваш за ситуацијата и ги преземаш мерките. Дефинитивно откако ја тргнав периката,

похрабра сум, поотворена и повеќе се сакам себеси. Многу е полесно кога се претставуваш

во вистинско светло, не се криеш зад нешто. Помалку му судам на кого било, на некој што е

поразличен од „нормалното“ за нашето општество, зашто никогаш не знаеш што точно му

се случува. За тоа би им дала и совет на тие што се соочуваат со истиот проблем и сакаат

да ја тргнат периката, прво да се погледнат себеси во огледало без перика, да се научат да

се гледаат така, зашто обично не си навикнат на тој одраз во огледало. Да станат удобни

со тоа дека немаат коса, да го прифатат тоа и потоа пред некој најблизок пријател, на

пример, или на место кај што се чувствуваат послободни и посигурни, да пробаат да ја

извадат периката, ако тоа навистина го сакаат. На пример, јас во Белград првпат почнав да

се шетам без перика зашто таму дефинитивно е помала осудата. Почетокот на откривањето

е тежок, но со бебешки чекори, прво пред себе, па пред најблиските, па потоа кругот се

шири и доаѓа моментот на конечно прифаќање.

24

Помалку му судам на кого било, на некој што е поразличен од „нормалното“ за нашето

општество, зашто никогаш не знаеш што точно му се случува. За тоа би им дала и совет на

тие што се соочуваат со истиот проблем и сакаат да ја тргнат периката, прво да се погледнат

себеси во огледало без перика, да научат да се гледаат така, зашто обично не си навикнат на

тој одраз во огледало.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!