24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Колумна

додека се заедно. Нејсе. Стигнуваме на местото за одмор. Мирис на лаванда и вода ми го

дразни носот. Совршена комбинација! Излегувам од автомобилот и тргнувам накај водата,

а Тој цинично ме потсетува дека имаме пола ден за отпакување на торбите. После три дена

изгубени во пакување ми се смачува од самата помисла. Алекс и Ада (нашето дете и куче)

срипуваат од колата и безгрижно трчаат кон езерото. Малото раче ме вика да си играме во

песок. Нестрпливо е. Нема време да ме чека да ги отпакувам мојата библиотека и аптека.

Му давам знак да оди со татко му, дека мама ќе дојде подоцна откако ќе ги среди работите.

Како што се оддалечува кон плажата, неколку пати го врти главчето по мене. За миг ми

светнува - каква будала сум!!! Има ли нешто поважно од неговата желба за игра?! Во пет

минути како филм ми се одмотува секој миг што залудно сум го потрошила во неважни

работи, во формалности, во прекумерна грижа, во стил, во робување на навиките... Животот

си врви додека правиме проекции како е најдобро да го живееме. И секој миг е единствен и

неповторлив. Нема жива сила што ќе ме натера да го пропуштам првото капење во езерото

на моето малечко! Нема ништо позначајно од малите радости сега и тука!

Ги спуштам куферите полни грижи и се стрчувам кон плажата. Не ми е гајле дали косата ми

е средена, не ми е гајле што сум во истите алишта со кои патував, не ми е гајле за 100-те

марами што ги понесов за на плажа, не ми е гајле за дрвените ѓердани, ниту за шапките во

разни бои. Боја на моите денови им даваат насмевките на луѓето што ги сакам. Нивната

искреност е без филтер. Трчам кон водата и сфаќам дека сум боса. Жежок песок ми ги

скокотка прстите на нозете. Не ми требаат ниту едни од петте пара апостолки и сандали

што ги зедов. Вака подобро се поврзувам со земјата под мене. Нејзината природна

енергија ми струи низ телото. Насмеана итам да стигнам до моите сакани. Ветрот ми ја

бушави косата, а јас заборавам да се грижам за фризурата. Не ми е веќе важно како ќе

ме перципира околината, туку како ќе се чувствувам внатре, во себе. Како дупнат балон,

полека издишувам и нечујно се ослободувам од преголемиот обѕир кон другите. Кучето прво

ме здогледува и срипува накај мене. Другпат ќе го прекорев за прашината што ја кренало

трчајќи од радост, но овој пат не се тревожам. Морам да ја научам тенката граница помеѓу

преголемата внимателност и живеењето за други луѓе. Ада ми скока од радост. Луѓето се

единствените суштества што се ограничуваат себеси поради репресијата на културата. Ми

текнува на „Неугодното во културата“ од Фројд и ги пуштам сите узди од моите емоции.

Ја гушкам крзнената миленичка и ја насочувам да ме упати кон моите луѓе. Чекорот кон

нив ми е лесен. Не ми тежи ни карминот во чантата, го немам. Ги здогледувам како весело

се превртуваат во песокот. Им се доближувам, ги гушкам. Езерото е како тепсија што ги

вшмукува сите човечки грижи. Бескраен мир се протега пред нас. Хоризонтот се смее во

боите на злато. Се прашувам кога последно бев среќна само со рацете в џеб и со луѓето

што ми значат? Наеднаш решавам сите несигурности и стравови во мене, спакувани во

несесери и куфери, да ги скршам на ситни парченца кристали. Амбиентот е совршен за

соочување со себеси. Околу мене нема луѓе со замрзнати насмевки, нема луѓе со болни

амбиции, нема луѓе што прават пари, за потоа да си купат малку мир. Има чиста природа и

убавина која летото ја послало на нашите душеци. Езерото има чудна прочистувачка моќ.

Те соочува со својата рефлексија, дури и со онаа што сакаш да ја скриеш! Песокот ми ја

гушка сенката која полека се ослободува од товарот на егото. Сè станува некако полесно.

И јас станувам полесна. Почнувам да се прашувам дали секој ден сум некоја друга? Одам

уште подалеку со умот... Се присетувам на летните одмори од пред десет години. Помнам

колку ми беше важно да сум убава и беспрекорно дотерана, a денес излегувам од дома во

најкомотните алишта за да можам да трчам со детето и кучето. Пред пет години ми беше

важно секој ден да имам нов „филозофски муабет“ со партнерот, како храна за умот. Денес

ми е убаво по сто пати на ден да повторувам баналности кои ни ја смеат душата. Колку сме

различни од ден на ден... дури и од вчера до денес. Ете, вчера додека се пакував ми се

плачеше, без причина, или заради многу причини - за секое само дете, за секое сиромашно

семeјство што не може да оди на одмор, за секое бездомно и осамено животно, за секој

болен човек, за секоја загубена љубов... Денес се смешкам цело време. Не, не сум полудела.

Животот е контрастен. Треба само да се избрусиме себеси во неговите контури. Денес ми

доаѓа убаво само што ќе погледнам во синото небо со бели торти од облаци, во кулите од

песок, во зборлестите деца со кофички и топки, во куклата на тревата зад плажата, во секое

растрчано и разиграно куче. Денес сфаќам - ДА СИ УБАВА, ЗНАЧИ ДА СИ СЛОБОДНА И

СРЕЌНА!

95

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!