24.08.2018 Views

Portret Magazine No 33

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Портрет на уредничката

Водич за летните денови

Мислам дека поради цената што ја плаќаме

за својата зависност од социјалните мрежи,

луѓето никогаш не биле почувствителни за сè

што е поврзано со нивниот изглед. Ако некогаш

светските топ-модели и актерки, кои имаа далеку

поприфатлив и понормален изглед, беа закана

за самодовербата на жените низ светот, сега

имаме работа со армија експерти. Експерти

за естетска хирургија, за мода и убавина, за

„Фотошоп“. Сите тие со здружени сили постојано

ни шепкаат низ фотографиите на преубавите

жени од секој предел на светот, кои секојдневно

ги гледаме на „Инстаграм“. Па така, ако некогаш

за физичкиот изглед се коментираше најчесто

дали некој има вишок килограми или не, денес

предмет за несигурност се дури и трепките, ако

не ги исполнуваат светските трендовски норми. И

секогаш сите најголеми навреди што ги помниме

од детството најчесто се поврзани со физичкиот

изглед. Како поминуваат годините и растеш,

веќе не те повредуваат толку забелешките од

непознати луѓе за својот изглед. Но дали некогаш

во караница некој помлад роднина во афект ви ги

изнакажал сите навреди за вашиот изглед, кои се

очигледни и кои најмногу ве болат. Истото е и со

физичките недостатоци за кои немаме моќ да ги

промениме, туку постојат и мислиш дека времето

ти ги излекувало лузните, но единствената работа

што може да ги излекува е нивното прифаќање.

Не постои поголема храброст и доблест од онаа

кога некој ќе најде сила да прифати нешто кај

себеси и нема да дозволи никогаш повеќе да

живее во агонијата и стегите што ги носел на грб

додека се плашел.

Во сите броеви на магазинот „Портрет“ насловните

страници ги краселе жени што по многу нешта се

издвојуваат од средината. Некогаш имало жени

со кариери што инспирираат, некогаш имало

жени со прогресивни ставови кои ни помогнале

нам, на преостанатите. Но во овој број ја имаме

прекрасната Инес Стефановска, која покрај тоа

што ги има гореспоменатите квалитети потребни

за насловна страница, има и нешто што навистина

е несекојдневно и заслужува сите да знаат за

што станува збор. А тоа е преголема храброст да

биде своја, да ја слави својата убавина и да се

ослободи од сите тешки моменти што ги имала

во текот на своето растење. Да имаш алопеција

и да ја изгубиш целата коса во пубертетот и

секојдневно, покрај тоа што си здрава, да си

предмет на потсмев и сожалување, е вистински

пекол. Но нема ништо поубаво од чувството да

знаеш дека во себе имаш квалитети не само

за да го заборавиш тоа и да продолжиш со

нормален живот каков што заслужуваш, туку и од

тоа да излезеш како вистински победник, кој ќе

инспирира многу други луѓе да прифатат некоја

своја „болка“. „Имав тежок период во средно

училиште кога ме напаѓаа постарите ученици и ми

се закануваа дека ќе ми ја извадат периката. Тој

период ми беше најмачно, паднав во депресија,

имав анксиозни напади, па посетував и психолог

и со негова помош и со помош на роднините

и пријателите го пребродев и тоа. И самото

тинејџерство е стресно, а ова беше сол на рана.

Сепак, во тинејџерството откриваш кој си, што

сакаш, а јас уште од почетокот се криев. Помалку

му судам на кого било, на некој што е поразличен

од „нормалното“ за нашето општество, зашто

никогаш не знаеш што точно му се случува. За

тоа би им дала и совет на тие што се соочуваат

со истиот проблем и сакаат да ја тргнат периката,

прво да се погледнат себеси во огледало без

перика, да научат да се гледаат така, зашто

обично не си навикнат на тој одраз во огледало.“

Драга Инес, ти благодарам од срце што во

секој од нас влеа храброст, да почнеме да се

ослободуваме од сè што нè прави несигурни и

несреќни со цел да станеме свои. Зашто секоја

убавина е реална и видлива единствено во

моментот кога ќе одлучиш да бидеш тоа што си.

Ружица Антиќ

7

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!