07.07.2016 Views

Portret Magazine No8 xs

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

1

www.lisca.com.mk Lisca liscalingerie

Портрет ви

подарува

Испратете ни е-пошта со вашите контакт податоци на

contact@portretmag.com и освојте еден од подароците.

Среќните добитници ги одбираме по случаен избор.

Подароците може да ги подигнете во рок од 30 дена по објавувањето.

SLC Advance додаток на

храна за одржување на

телесната тежина

Palmolive сет гелови

за туширање

Сет Melem

Melem Стик за усни, Melem

природен заштитeн крем за

осетлива кожа од 35 мл. и

Melem природен заштитeн крем за

осетлива кожа од 10 мл.

Clinique кармин

Lip pop и High

Impact маскара.

Oil Infusion мицеларна

вода и Oil Infusion

дневен крем

Lush Crumble сет од 4

шарени купки

ИЗДАВАЧ

Адреса на издавач и редакција

Ул. „8-ми Септември” бр.2/2-25

Скопје

тел/факс 02/3080 305

contact@portretmag.com

ПРОДУКЦИЈА

Одговорно лице, главен и одговорен уредник

Ружица Антиќ (ruzica@portretmag.com)

Заменик главен и одговорен уредник

Тања Тодоровска (tanja@portretmag.com)

Новинар

Марта Таневска (marta@portretmag.com)

Уредник за мода и убавина

Бојана Максимовска (bojana@portretmag.com)

Асистент

Ана Коцевска

Соработници

Ана Јовковска

Џејлан Рустемоска

Филип Поповски

Драган Тапшанов

Фотографија

Жарко Чулиќ (zarko@portretmag.com)

Горан В. Поповски HLVK

Арт дирекција и графички уредник

Душан Стојковиќ (dushan@portretmag.com)

Маркетинг

Елена Шекеровска (elena@portretmag.com)

Кристина Колеќевска (kristina@portretmag.com)

Лектор

Дејан Василевски

ДОБИТНИЦИ НА ПОДАРОЦИ ОД ПРЕТХОДНИОТ МЕСЕЦ

Slimline Advance додаток на храна за одржување на телесна

тежина / Јасна Христовска

Lush Shiny Happy People сет производи / Анастасија Стевчевска

Givenchy Very Irresistible EDT 75.ml тоалетна вода и плик ташна /

Викторија Георгиевска

Melem сет: melem стик за усни, melem природен заштитен крем

за осетлива кожа од 35 мл. и melem природен заштитен крем за

осетлива кожа од 10 мл. / Зекрија Јашар

Clinique сет производи / Анита Мијовска

Сет: Max Factor маскара, Max Factor лак за нокти и Lancome Regenerie

мини крем за лице / Стефана Чакар

Љубовна Саботажа / Амели Нотомб / Даница Стојановска

Трилогија Дневникот на Бриџит Џонс / Хелен Финдинг / Катерина

Стевовска

3 минути и 53 секунди/ Берт Стајн / Маја Андоноска

Темната соба / Исак Роса / Зора Ивановска

Печатница

Европа 92- Кочани

Адреса: Крижевска 52, Кочани

Датум на печатење: 27.6.2016

Број на печатени примероци: 5.000

Дистрибуција

МПМ 02/ 3089 305

ISSN 1857-9906

Правен застапник

Панчевски Адвокатска канцеларија

Бул. „8ми Септември“ бр.2/2-4 1000 Скопје

тел. 02/ 3213 683 070/234 163

Забелешка

Списанието „Портрет” е авторска содржина што излегува еднаш

месечно со одобрение од сопственикот на правата, издавачката куќа

Антиќ медиа. Сите авторски права се задржани. Секое недозволено

објавување, користење или репродуцирање на било која содржина ќе

се смета за прекршување на авторските права и истото ќе подлежи

на соодветна санкција. Пред примена на лекарските совети што

се дел од содржината задолжително консултирајте се со лекар.

„Портрет” претставува пријавена трговска марка во Државен завод за

индустриска сопственост-Скопје под број ТМ/2015/1119

и број ТМ/2015/1120.

Содржина јули 2016

РАБОТА

10. АНА НАСТЕВСКА

Апстрактен минимализам и еколошки

материјали

НА „ТИ“ СО

13. ИЛИНА АРСОВА

Охрид е мојот духовен Монт Еверест

WONDERWOMEN

22. ЖЕНИ-РОМКИ СО СИЛНА ВОЛЈА ЗА

ПРОМЕНА

Неопходни се инклузија и интегрални

промени

ИНСПИРАЦИЈА

28. НАДИЦА ГЕОРГИЕВА

Мојот изглед е одраз на мојата среќа

МОЈА БОРБА

36. ИВИЦА И ДИНО ШКРИЊАРИЌ

Дино е личност полна со верба што

покажува посебен и чист поглед на светот

ПОРТРЕТ МОДА

44. МОДЕН ЕДИТОРИЈАЛ

Pure lines

52. GLOOMY SUNDAY

Арт модна приказна

ПОРТРЕТ УБАВИНА

71. ЗАБАВА ВО ЛЕТО

Заштитете ја кожата во лето

73. SUMMER TREATS

Задолжителни летни производи

МИСЛИ ЗДРАВИ МИСЛИ

92. НОВИ МЕТОДИ НА ЛЕКУВАЊЕ

Употреба на канабис за медицински цели

94. ЈОГА ВО КАНЦЕЛАРИЈА

Ослободете ја тензијата и обновете ја

енергијата додека работите

ДИЗАЈН И ДЕКОР

110. УЖИВАЊЕ ПОД СОНЦЕТО

Уредете ги терасите и балконите

ИЗБОРОТ Е СЛОБОДА

126. ПЕТАР ГОРКО

Низ работите кои ме инспирираат ја

правам најголемата психоанализа за себе

ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА СТРАНИЦА

ГАЛЕРИЈА

40. КАРИРАНИ ПРИКАЗНИ

Поглед низ историјата на модниот бренд

Burberry

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ

84. КОГА ПРИКАЗНАТА ТРАЕ ПОДОЛГО

ОД ФИЛМСКАТА ЛЕНТА

Портрет на љубовта на Хемфри Богарт и

Лорин Бекол

Фотограф: Жарко Чулиќ

Гардероба: Mango

Портрет на уредникот

Биди ми другар

Имам една особина на која сум посебно горда, никогаш немам

компетитивна природа или нетрпеливост без причина кон друга

жена. Напротив, не пропуштам можност да доделам комплимент, кога сметам

дека некој го заслужува. Низ моето растење и созревање, многу жени ми

помогнале на различни начини. Жени од Холивуд, жени од моето секојдневие,

славни и неславни. На пример, во раната младост ја обожував Сиена Милер.

Не знам дали бидејќи се идентификував со неа (плава и слаба :) ) или зашто

навистина отскокнуваше, модно освестена и своја, ама многу ја сакав. За

секој проблем што го имав, се прашував како таа би постапила, го мразев Џад

Лоу кога ја изневери, едноставно таа беше мојата другарка од Лондон, само

што требаше некој да ѝ каже дека сме другарки.

Сум имала многу такви, најразлични фази. Едно време, кога се омажив, ја

сакав Џеки Кенеди. Колку само достоинствено ги шетала стотиците костими

од Шанел и колку филмски ѝ стоеле сите очила за сонце. Посебно ѝ се

восхитував што во секоја пригода изгледала како: „Мерилин која?“

Сите тие мои холивудски и не толку гламурозни другарки се со мене во

добро и лошо. Последниве години се сѐ помалку славни и познати. Жени,

мајки, другарки, познајнички, со една заедничка карактеристика. Сите си го

живеат својот живот, си ја водат својата борба, си го одат својот пат, мирно

и спокојно, без злоба, со многу љубов и убав збор за секого. Со своите

проблеми се носат најдостоинствено и притоа изгледаат совршено. Нивниот

изглед е нивна заслуга, зашто се сакаат себеси и зашто не пропуштаат да се

надградат на кое било поле.

Затоа посебно ме радува тоа што нашата јулска насловна страница ја краси

токму таква жена. Прекрасната Надица Георгиева е многу повеќе од една од

најубавите Македонки. Нејзината стабилност, мирот и спокојот што зрачат од

секој нејзин чекор се одлика на години работа на себе и исклучителна лична

сила.

Ме радува и што запознав еден татко, кој секогаш е тука за својот син,

подготвен да го фати пред да падне, да блеска од гордост при секој негов

напредок, да го гледа додека другарува во кафуле тргнат настрана со

очи полни љубов. Се идентификував со борбата на Ивица Шкрињариќ

со состојбата на неговиот син Дино, не само зашто сум родител и исто

мислам дека не постои работа што не би ја направила за да му помогнам на

своето дете, туку зашто Дино е доказ дека само љубов и добрина создаваат

квалитетни луѓе.

И овој број на страниците на „Портрет“ ќе најдете многу инспиративни

приказни. Можеби во некоја ќе се пронајдете и вие. Можеби нечија победа

ќе ја доживеете како своја, некој личен пораз ќе го препознаете во нечии

зборови. Зашто сѐ е многу полесно кога имаш другар. Па, макар и од Холивуд.

Ружица Антиќ

Илустрација: Жарко Чулиќ

КРЕМА ЗА СОВРШЕН ИЗГЛЕД

СО ЕКСТРАКТ ОД БОЖУР

НЕГУВАНА КОЖА КАКО ЦВЕТ ОД БОЖУР

Обожуван заради неговата грациозност и убавина, цветот од

божур од регионот Drome во Франција поседува неверојатна моќ:

совршеност. Лабораторијата на L’OCCITANE ги открива својствата

за усовршување на кожата во формула со интелигентни, природни

состојки кои обезбедуваат максимална хидратација за сите типови

на кожа, трансформирајќи го квалитетот на површината на кожата

преку нагласување на природниот сјај.

L’OCCITANE, вистинска приказна.

L’OCCITANE Рамстор Мол, приземје • 1000 Скопје • Тел: 070.367 556

L’OCCITANE Скопје Сити Мол, приземје • 1000 Скопје

loccitane.com

Колумна

АНА

ЈОВКОВСКА

новинарка, авторка и активистка

ДА ГО ЗАТВОРИМЕ

КРУГОТ НА

ОМРАЗАТА

НАЈМНОГУ ИМ СЕ ЛУТАМ НА ЦРНИТЕ ХРОНИКИ, ОТИ ЗАБОРАВААТ ДА ПИШУВААТ ЗА

УБИСТВОТО НА ИДЕАЛИТЕ НА ЛУЃЕТО.

Ах, таа моќ на хартијата! Во неа се втопени истории, царства,

подеми и падови, формули и равенки, научни достигнувања,

љубовни писма, трагедии, раѓања, некролози, радости, солзи...

Хартијата во себе го впива целото мастилото на животот. Така и

јас, кога ќе се најдам пред белилото на хартијата цели светови

ми се отвораат, цивилизации се покренуваат и разни прашања

ме подбуцнуваат. Како трн што те боцнува секогаш кога си се

„улежал“ во монотонија. И во тој процес на интроспекција во кој

си ги признавам оние работи што вешто сакам да ги скријам од

светот, наоѓам вентил за наталоженото. Распостилам дилеми,

стравови и желби, да се чудиш просто каде сум ги криела досега

сите тие светови во мене. Почнувам со генералка на потсвеста,

а завршувам со џогирање на духовните ходници на свеста.

Некому му е потребен психијатар, некому рамо за плачење,

мене ми треба хартија. :) Така и денеска, седнав да решавам

егзистенцијални прашања на парчево белило, од кое треба

да обликувам колумна и наеднаш ужасна вест ме пречекува

од електробрановите од дневната соба. – Потивко! Намали го

телевизорот! – викам преку ходниците во станот. Како, бе, нема

осет дека пишувам текст за кој ми е потребна концентрација

и креативна мисла?! – си велам во себе, додека партнерот

возбудено ме вика да видам што се случило. Поубаво и помирно

8

ни беше кога живеевме без телевизор. Тој период работев во

телевизија, и тоа беше најголемата иронија, :) но цела година

живеевме без ТВ-приемник дома. Ѓаволска кутија! Ја отвораш

и цело светско зло ти се истура пред тебе во дневната соба.

Сепак, да не бидам игнорантна кон вестите (а богами и кон

повикот од партнерот), станувам од своето пишувачко царство

и одам набрзина да ги слушнам првите, ударни наслови

во вестите. ШОК! Си-ен-ен (CNN) трешти во хистерија! 50

мртви во Орландо, САД. Уште толку повредени во масовното

убиство што се случило во ноќниот клуб „Пулс“. Новинарите

и медиумите тријат прсти, паднати во сензационалистички

транс, па пробувам да ги филтрирам вистините од морето

информации. Ова сигурно е терористички напад помислувам,

за секунда потоа да ја слушнам веста дека жртвите се дел од

ЛГБТ-популацијата и дека се работи за масакр во геј-клуб.

Ако не е ИСИС зад ова, тогаш е хомофобичен тероризам во

прашање, сеедно. Во секој случај се работи за патолошка

омраза, фрустрација и лудачка агресија. Светот од ова ќе

направи нова терористичка закана, а во суштината коренот

на проблемот е во историски пренесуваната и континуирано

поттикнуваната нетрпеливост и омраза кон Другиот! И кога

велам Другиот, не мислам на „Другото“ како alter ego (второ јас),

туку на секој што е поинаков од нас по разна основа – расна,

етничка, национална, религиска, родова, сексуална... Како ли да

излеземе од кругот на омраза? Во 21 век сме, а сè уште до мене

допираат гласови полни со предрасуди што не ги оправдуваат,

ниту толерираат, а уште помалку ги прифаќаат различните

од нас. Како што во античко време, кога сите оние што имале

поинаква етничка припадност и зборувале поинаков јазик од

грчкиот биле именувани како „варвари“ (barbarophonoi) или

тоа биле оние што „брборат“, односно зборуваат неразбирливи

јазици, така ден-денес, за жал, различните ги сметаме за

туѓинци. И во ова оро на туѓинци влегуваат мигрантите,

азилантите, луѓето со темна кожа, хомосексуалците итн., сите

малцински групи што се дискриминирани на секој чекор. Од

погледите попреку и невкусните шеги за нив, до стравот во

којшто секојдневно живеат и сериозното кршење на човековите

права. И ова не е само адвокатура на хартија туку се сетив и на

интимната исповед на двајца мои геј-пријатели кои пред некое

време ми кажаа дека во зградата во којашто живеат во Скопје

(се работи за пар со исклучително културни манири) соседите

речиси и да не ги поздравуваат, со тоа покажувајќи им дека

не се добредојдени. Се прашувам како би се чувствувала јас

секој ден од дома да излегувам со чувство на вина и срам само

поради тоа што сум поразлична?! Сите тие погледи на прекор

и закани, сите тие психолошки тортури... Живот под маска. Но,

хомосексуалноста не е болест! Дури и во животинскиот свет, сè

почести се истражувањата што докажуваат геј-парови. Месецов

прочитав дека во Македонија живее најгустата популација на

„геј-желки“. Ова откритие го направило интернационален тим на

истражувачи кои изминативе седум години правеле испитувања

на островот Голем Град во Преспанското Езеро. Нејсе,

податоков го пишувам за најголемите скептици. Хомофобијата

во општеството е причина за насилство, а секое насилство е

еден вид тероризам. Можеби не од оној тип на тероризам хранет

од религискиот фанатизам или, пак, со географска маркичка за

нафтени ресурси и богатства, ами тероризам на духот!

Нема да продолжам во стилот на медиумските, некрофилски

анализи за жртвите на страшниот масакр во Орландо,

но најостро ќе го осудам овој чин. Секоја предрасуда,

стереотипизирање, дискриминација и нетолеранција кон

различноста е потенцијално жариште за омраза, а омразата

раѓа насилство! И додека да излезе новиов, јулски број на

„Портрет“, темава можеби нема да биде веќе толку актуелна

како деновиве кога ја пишувам колумната, но некои работи не

смеат да останат премолчени. А темава е всушност и поширока

од конкретната ЛГБТ-трагедија и влегува во нашите срца полни

со омраза. Внимавав да не заглавам во евтиниот, да не речам

„шитнат“ сензационализам на медиумите, ала „шок пристап“,

кога се работи за известување за теми од црна хроника, при

што несвесно се прави секундарна виктимизација на жртвите,

без никаква етичка дилема. Сепак, не успеав целосно да се

дистанцирам од болката на семејствата кои ги изгубија своите

најблиски заради лудилото на еден радикализиран хомофоб,

задоен од млекото на екстремизмот. И сè додека другоста ни

боде очи, сè дотогаш ќе гледаме непријатели во секој што е

поразличен од нас.

А за тоа како навистина гледаме на другите, показател е и

нашиот незаинтересиран однос додека лежиме на песочна

плажа на море, а крај нас минуваат Африканци кои продаваат

марами, шапки и крофни, по некое летно парче облека или

накит од слонова коска, пешачејќи по десет километри дневно

на 40 Целзиусови степени за парче леб и гола егзистенција. Не

треба многу за некому да му помогнеме и да му подадеме рака.

Оправдувањата ќе бидат секогаш тука, но шансите нема! Овој

наш свет на бели луѓе направил многу црнила низ историјата

– колонизација, сиромаштија и војни. Светот на белите, хетеромажи

е свет на доминација, а доминацијата легитимира

насилство. Се надевам дека во новиов милениум ќе научиме

да ги почитуваме различните и маргинализираните... сите што

на прва ни изгледаат туѓи од нашите светогледи. Секој ден

одново учам дека во различноста е убавината. Само така ќе го

затвориме кругот на омразата!

АПСТРАКТЕН

МИНИМАЛИЗАМ

НА ЕКОЛОШКИ

МАТЕРИЈАЛИ

Пишува: Марта Таневска

Ана

Настевска

СТУДИОТО „SIMPLE.“ ИЗОБИЛУВА СО ДИЗАЈНИРАНИ ПРОИЗВОДИ СО ИНТЕНЗИВНИ И НЕУТРАЛНИ БОИ И

ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ. СЕКОЈА КОЛЕКЦИЈА НА КРЕАТИВНАТА АНА НАСТЕВСКА НУДИ ЦЕЛИНА И ОСОБЕНОСТ, А

КАКО ШТО ВЕЛИ, ВАЖНО Е КОГА ЌЕ ВЛЕЗЕ КЛИЕНТ ВО СТУДИОТО ДА ИЗЛЕЗЕ КАКО ПРИЈАТЕЛ. СПОРЕД НАСТЕВСКА,

НАСМЕВКАТА НА КЛИЕНТОТ Е НАЈГОЛЕМИОТ ПОКАЗАТЕЛ ДЕКА Е ЗАДОВОЛЕН ОД ТОА ШТО ГО ГЛЕДА И ГО ДОБИВА.

Кога ќе се спомене „Simple.“ се помислува на креативните

и разиграни постелнини што внесуваат свежина во домот.

Но, како всушност дојдовте до идејата и колку време постои

студиото?

Приказната на „Simple.“ почна многу спонтано. Идеjата

да создадам креативно катче каде што ќе можам да ја

изразувам својата енергија и да создавам дизајн низ кој ќе

биде пресликана мојата љубов кон уметноста постои многу

одамна, па оттука и се роди „Simple.“, студио што постои

веќе половина година.

Што сè е дел од асортиманот на „Simple.“?

Тоа што нè разликува од другите продавници со слични

производи е потеклото и изработката на материјалот. Сите

производи се изработени од стопроцентен органски памук.

Освен постелнините, кај нас можат да се најдат несесери во

различни големини и форми, пижами, декоративни перници,

маски за спиење, чанти и торби за плажа, чаши, тефтери... Со

новата колекција воведуваме и додатоци за бебиња и мали

деца, а имаме и рачно плетени играчки од памучна волница.

Вашиот дизајнерски печат се геометриските форми,

разиграност на бои, што даваат особеност на производите.

Како го оформивте вашиот стил на дизајнирање?

Секој дизајн поминува низ еден креативен процес. Од

основната замисла, првите скици, па сè до крајното решение,

дизајните ги формирам како еден вид сложувалка. Речиси

секогаш инспирацијата се раѓа од некаква емоција или кадар

што ми останал во меморија. Бидејќи се работи за колекција,

правам комбинација на бои и форми, сакам дизајнот да

раскаже своја приказна, но и заедно сите модели да имаат

една целина и да направат убава слика. Мојот дизајн би го

нарекла апстрактен минимализам, единствено чувство што

има задача да ви го разубави домот или секојдневието.

Зошто се одлучивте за органски материјали и дали лесно

можат да се најдат кај нас?

Како што споменав, користиме стопроцентен органски

памук, на што дизајните се аплицирани со еколошки бои што

не се токсични и се антиалергенски. Многу лесно одлучив да

работам со таков материјал, а причината за тоа е фактот дека

Фотографија: Жарко Чулиќ

кај нас сè уште не е распространет ваквиот начин на живот,

но забележав дека пазарот има потреба од ваква промена.

За жал, сè уште нема домашно производство на еколошки и

органски материјали, па ги набавуваме од соработници од

Европа, кои се сертифицирани за дејноста. Верувам дека

сите треба да се грижиме за своето здравје и за иднината на

нашиот еко-систем. Ризикот беше голем, бидејќи луѓето не се

доволно запознаени што точно значи органско потекло, но

дефинитивно се исплатеше. Нашите производи не се штетни

ниту за вас, ниту за околината. Тоа е нашето мото и чекор по

чекор, се надевам правиме промена во нечиј животен стил.

По професија сте графички дизајнер, што совршено се

совпаѓа со вашата работа. Дали освен со брендот „Simple.“

сте се занимавале и со нешто друго?

Не, „Simple.“ е моето првенче, во однос на бизнис.

Долго време работев на полето на графички дизајн како

фриленсер. Сега, покрај работата и раководењето во студио,

продолжувам да работам графички дизајн со клиенти од

домашниот и од странскиот пазар. Малкумина знаат дека

„Simple.“ е и студио за графички дизајн, па доколку некој има

потреба од таков вид услуга, слободно може да воспостави

контакт со нас.

Учествувате на разни креативни настани и изложби, како

„Fashion & Lifestyle Expo 2016“. Со какви впечатоци си

заминувате?

Секогаш е голема чест и задоволство да се биде дел од

настани како „Fashion & Lifestyle Expo“. Да се биде рамо

до рамо со еминентни брендови е искуство од кое научив

навистина многу. Дружбата со позитивни луѓе со кои може да

се сподели креативната енергија е најголемо задоволство.

Имате нова колекција. Што сè е дел од неа?

Колекцијата е отсликување на летото во која доминираат

разиграни мотиви. Производите се смислени за да бидат

најдобар пријател за летното патување и даваат можност да

се направи совршената летна комбинација. Од декорации за

домот и летната тераса, па до најудобните пижами за поубав

сон.

Како го гледате студиото во иднина, кон што се стремите?

И понатаму планирам да работам со исто темпо, со емоции и

многу љубов, па се надевам дека во иднина ќе имам можност

и за проширување на нова локација. Има заинтересираност

и надвор од границите на Македонија, но со продажба

засега остануваме тука. Верувам дека со многу труд можат

да се исполнат и најголемите соништа.

11

ВЕ НАГРАДУВАME СО

Valentino Donna EDP 100 ml. парфем

Valentino Donna цврст парфем

Valentino Donna несесер

Ја наградуваме вашата доверба и лојалност со вредни подароци од колекцијата Valentino Donna. Сѐ што

треба да направите е да аплицирате со испраќање на вашите лични податоци на contact@portretmag.com и

со малку среќа да бидете среќната добитничка на три Valentino Donna подароци – парфем Valentino Donna

од 100 мл., цврст парфем Valentino Donna и несесер од истата колекција. Најсреќната добитничка ќе ја

објавиме во следниот број на „Портрет“.

На „ти“ со

ИЛИНА АРСОВА

ОХРИД Е МОЈОТ

ДУХОВЕН

МОНТ ЕВЕРЕСТ

Планината нè учи на

вистинските вредности

во животот, оние што ги

отфрла општеството

Пишува: Ана Јовковска

Фотографија: Жарко Чулиќ

Секој почеток е тежок, па така и почетокот на нова

експедиција. Денали ми беше голем предизвик. Сериозна

планина што ми дава чувство на неизмерна возбуда и

страхопочит, трема, но истовремено и радост што повторно

сум тука. Неслучајно, цели четири години од претходното мое

доаѓање овде, не ме оставаше на мир и ме повикуваше. - Ова се

првите редови од дневникот на Илина Арсова, запишани на 5

мај 2016 година за време на долгиот и исцрпен авионски лет на

почетокот на новата планинска авантура...

АЈ: Илина, и после сите врвови, на 24 мај го искачи и

највисокиот врв во Северна Америка, Дeнали (6.195). Само

19 проценти од луѓето кои се обиделе да го искачат овој врв,

успеале во тоа. Велиш, ова е едно од најсуровите искуства

досега. Честитки за успехот! Какво беше целото искуство?

Што научи овој пат?

ИА: Денали беше посебно искуство за мене и за мојот

партнер во искачување, Филип, бидејќи сами донесувавме

одлуки и сами ја спроведувавме целата експедиција, иако

13

СЕКОЈ ПРЕСТОЈ ВО НЕПАЛ, АЗИСКИТЕ ЗЕМЈИ ИЛИ КОЈА БИЛО

ДРУГА ВИСОКА ПЛАНИНА ЗА МЕНЕ Е ДУХОВНА ХРАНА.

цело време бевме свесни за огромниот ризик што го носи таа

со секој чекор. Ова е единствениот врв каде што се качив од

втор обид, па затоа на планината ѝ пристапував со голема

претпазливост. Таму се најдовме на почетокот на сезоната

кога времето беше многу нестабилно и со екстремно ниски

температури до –45 Целзиусови степени и со ветрови преку

120 км/ч. Тоа ја отежнуваше ситуацијата и ни влијаеше на

мотивацијата. Сепак, ова е уште еден голем успех за мене,

бидејќи на врвот му пристапив со скии во телемарк стил.

За време на аклиматизацијата се качував и скијав од околу

4.900 метри. Научив колку е важно да си трпелив и истраен,

како физички, така и психички, и да знаеш да ги поместиш

сопствените граници.

АЈ: Пред неколку години влезе во светската историја како

првата жена Македонка која го искачи Монт Еверест. Кој е,

пак, твојот духовен Монт Еверест?

ИА: Секој престој во Непал, азиските земји или која било друга

висока планина за мене е духовна храна. Тоа се места каде што

физички се истоштува телото, но мислите се насочени само

кон едно... да се вратиш дома. Во меѓувреме, останува доволно

време за размислување, медитирање, цртање и пишување.

Умот станува сè поедноставен, а душата смирена. Планината

нè учи на вистинските вредности во животот, оние што ги

отфрла општеството. Умот достигнува друг стадиум, за жал

некомпатибилен со современото модернистичко општество во

кое со тешкотии повторно се враќаме.

МОНАСИТЕ ПРЕКУ ПОСЕБЕН РИТУАЛ СО МОЛИТВА НÈ

ИСПРАЌАА ВО ПОХОДОТ, БАРАЈЌИ БЛАГОСЛОВ ОД

ПЛАНИНАТА.

АЈ: Кое е значењето на твојата тетоважа на раката на која во

Непал ја испиша мантрата „Ом мани падме ум“?

ИА: Мантрата е еден вид олицетворение на сочувство. Особено

е важна за локалното население, а монасите преку посебен

ритуал со оваа молитва нè испраќаа во походот, барајќи

благослов од планината. Со тетоважата решив да го овековечам

успешното искачување на Монт Еверест, реализирајќи еден од

моите животни соништа, носејќи ја со себе и цела Македонија.

ВО ФАЗА НА АКЛИМАТИЗАЦИЈА ГРАДИМЕ ЗАСОЛНИШТЕ

ОД СНЕЖНИ ЅИДОВИ ОКОЛУ ШАТОРОТ, ТОПИМЕ СНЕГ

И ПОДГОТВУВАМЕ ХРАНА. А НА ВИСИНА ДОБИВАМ И

ИНСПИРАЦИЈА ЗА ПИШУВАЊЕ И СЛИКАРСТВО, ШТО ГО

СМЕСТУВАМ МЕЃУ ПАТОПИСИТЕ ВО МАЛИОТ ЏЕБЕН ДНЕВНИК

ДОДЕКА СЕ ТОПЛАМ ВО ВРЕЌАТА ЗА СПИЕЊЕ.

АЈ: Што сè излегува на површина кога човек е на надморска

височина на над 5.000 метри?

ИА: За мене, како за сликарка, пред сè многу е инспиративно

пејзажното опкружување. Тоа ме прави креативна и кон другите

теми што во моментот ми се моткаат низ глава. Таму имаме

ограничен избор на активности и ако не се движиме во некоја

фаза на аклиматизација, тогаш градиме засолниште од снежни

ѕидови околу шаторот, топиме снег и подготвуваме храна. На

висина често добивам инспирација за пишување и сликарство,

На „ти“ со

што го сместувам меѓу патописите во малиот џебен дневник

додека се топлам во вреќата за спиење.

АЈ: Сликарството е твојата прва професија. Како би се

дефинирала себеси во уметнички жаргон?

ИА: Како уметник сакам да истражувам и експериментирам

во техниката што ја користам и начинот на кој се изразувам.

На почетокот сликарството и планините беа две дејности

што се надополнуваа или беа неразделни, за конечно да

сфатам дека тие се едно. Искачувањето планини за мене е

уметност на животот, а патешествието до врвот само по себе

е перформанс. Секоја нова планина за мене е нов почеток.

ВО ОХРИД НАЈДОВ МИР И УБАВИНА ШТО ДОТОГАШ ЈА

НЕМАВ ПОЧУВСТВУВАНО НА ДРУГО МЕСТО. МОЈАТА

ФИНАНСИСКА ЕГЗИСТЕНЦИЈА СЕ БАЗИРА ВРЗ ТУРИСТИЧКИ

УСЛУГИ, КАДЕ ШТО КОМБИНИРАМ ПЛАНИНАРЕЊЕ,

УГОСТИТЕЛСТВО И УМЕТНОСТ.

АЈ: Во твојата професионална биографија влегува и

магистратурата по јазици и меѓународна трговија, а сепак

најактивно се занимаваш со алтернативен туризам. Зошто?

ИА: Да, француско-македонските магистерски студии по

јазици и бизнис и меѓународна трговија ми отворија нови

видици по завршување на ликовната академија во Скопје.

Тие знаења ми користат и денес, а сепак не се пронајдов

многу во бизнис-водите. Мојата финансиска егзистенција

се базира врз туристички услуги, каде што комбинирам

планинарење, угостителство и уметност. Сакам да работам

со луѓе и како туристички водич со огромно задоволство на

туристите им ги покажувам знаменитостите и убавините на

Македонија.

АЈ: Што те натера да се преселиш да живееш од Скопје во

Охрид?

ИА: Во периодот по Монт Еверест (2013), на кој му претходеше

долг номадски циклус, кога работев и патував во разни

делови од светот, дојде фаза кога барав мирно место што би

можела да го наречам дом. Во Охрид најдов мир и убавина

што дотогаш ја немав почувствувано на друго место. Добив

идеја таму да ги пренесам сите мои претходни искуства–

креативни, професионални, егзистенцијални... преку

концепт за поттикнување на целогодишен авантуристички

туризам во Охрид и регионот.

ШТЕТАТА ШТО ЌЕ СЕ НАПРАВИ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ЌЕ БИДЕ НЕПОВРАТНА! ИЗУМРЕНИОТ ЕНДЕМСКИ СВЕТ

НИКОГАШ ПОВТОРНО НЕМА ДА СЕ ВРАТИ И ТОГАШ

ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОД НАЈСТАРО ЕЗЕРО ВО ЕВРОПА, ЌЕ

СТАНЕ САМО ЕДНО ОБИЧНО ЕЗЕРО КАКВИ ШТО ГИ ИМА

ИЛЈАДНИЦИ НИЗ СВЕТОТ.

АЈ: Активен борец си за еколошката средина на Охридското

Езеро и охридското крајбрежје? Како оди битката со

граѓанската иницијатива Охрид СОС?

ИА: Сите релевантни научни факти се насочени кон зачувување

на езерото такво како што е без дополнителни градби и

понатамошна урбанизација. Сепак, свесни сме дека живееме

во општество каде што одлуките и проектите, за жал, се косат

со науката и со здравиот разум. Но, штетата што ќе се направи

ќе биде неповратна, бидејќи никогаш понатаму изумрениот

ендемски свет нема да се врати, ниту во Охридско, ниту на

некое друго место. Тогаш Охридското Езеро од најстаро

езеро во Европа, ќе стане само едно обично езеро какви што

ги има илјадници низ светот.

15

На „ти“ со

АЈ: За жал, ова е сериозен еколошки проблем за кој како да

нема доволно свесност од надлежните институции. Секоја

чест Илина за оваа еколошка битка. Што друго е Илина

помеѓу крајностите на активистка, експресивна ликовна

уметница и страсна алпинистка?

ИА: Хммм... има уште многу работи. Некојпат се сметам за

премногу растргната меѓу сите пасии, бидејќи сите спортови

што ме пленат, а тоа се од спортско качување на карпа до

скијање и екстремно планинарење на високите врвови,

бараат различни временски сезони и терен, па тоа повлекува

и многу патувања. Сакам и да сум дома понекогаш, да

зготвам нешто за пријателите, да се забавувам со добро

друштво и музика. Промотор сум на телемарк скијањето

на Балканот, а со невладината организација „ТАКТ“ со

моите истомисленички правиме напори да го промовираме

спортот меѓу жените. Последното е дел од акцискиот план

што го работев за време на Глобалната светска менторска

програма на Стејт департментот на САД во 2012 година под

покровителство и иницијатива на поранешната секретарка

Хилари Клинтон.

СО МОИТЕ ИСТОМИСЛЕНИЧКИ ПРАВИМЕ НАПОРИ ДА ГО

ПРОМОВИРАМЕ СПОРТОТ МЕЃУ ЖЕНИТЕ. ПОСЛЕДНОТО

Е ДЕЛ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН ШТО ГО РАБОТЕВ ВО САД

ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО И ИНИЦИЈАТИВА НА ХИЛАРИ

КЛИНТОН.

АЈ: Што значи да се биде жена на врвот? :)

ИА: Процентуално на Сагармата (Еверест) значи помалку

од 10% во светот. Овие спортови се значително помалку

застапени од понежниот пол. Интересен момент е што на

Еверест во 2013 година се искачивме во иста сезона: прва

Македонка, прва Португалка, прва Арапка и две близначки

од Индија. Португалката по некое време ме праша: „Како

е животот по Еверест?“ Ѝ одговорив: „Исто како и пред

него“ (се смее). Во различни земји девојките кои го искачија

врвот на светот таа година добиja различен третман.

Најдобро помина Пакистанката, Самина, која на аеродром

беше дочекана од премиерот на државата и комплетно

спонзорство за комплетирање на планинарскиот предизвик

„7 самитс“ (искачување на највисоките врвови на сите

континенти). За мене, најголема награда е кога преку моите

презентации ќе успеам да ја мотивирам околината, особено

дамите кои се активни во овие спортови.

АЈ: Минативе години ги искачи и ги освои и врвовите

Матерхорн (4.587 метри, Европа), Ама Даблам (6.856 метри,

Азија) и Аконкагва (6.963 метри, Јужна Америка). Со какво

разбирање за себе и за сè околу тебе се враќаш по таквите

храбри авантури и патешествија?

ИА: Секое патешествие е како еден нов факултет или, да

речеме, „лектира“ во мојот живот. Мозокот работи на разни

теми: од анализирање на сопствениот порив, страв, возбуда,

адреналин, до социјалните и културни разлики во локалната

средина кои нè надградуваат како луѓе.

ТЕАТАРОТ И ПРИВАТНОСТА НЕ МОЖАТ СОСЕМА ДА СЕ ОДДЕЛАТ.

И ЗА ДВЕТЕ Е ПОТРЕБНА ИСТАТА ДУША.

АЈ: Верувам дека човек си е доволен на себе, таму горе

поблиску до сонцето, над цивилизациското сивило и

лицемерство, каде што најгласен дијалог е дијалогот со

себе, внатре во себе, а сепaк, кој најмногу ти недостига при

самотијата на планинарењето? Какви мисли ти поминуваат

низ глава на чекор до небото, слободата и бескрајот?

ИА: Во тие мигови ми се случува пресврт на целиот живот

и сите луѓе во него, особено најблиските. Тие што мислат

на мене, загрижени, а отсечени од комуникација со мене и

по неколку недели или месеци. Но, интересен е мигот кога

знаеш дека го имаш врвот! Тоа е најчесто последната голема

стрмнина или гребен од каде што ништо веќе не те двои од

16

врвот што се гледа на достижно растојание. Тоа е моментот

кога ме исполнува среќа и солзи-радосници што замрзнуваат

пред да се стркалаат. Благодарна сум кон планината што нè

пречекува на врвот. Еве ви нешто лично од мојот дневник,

напишано на 24 мај, денот на Св. Кирил и Методиј, кои

можеби нè варделе по патот. :) „Пресветла планино, стиши ги

за момент бурните ветрови и смири ја својата семоќна става,

да стигнеме до врвот и да ги доживееме во полн сјај твоите

убавини.“

ВО ФРАНЦИЈА ПРИЈАТЕЛИТЕ МИ ДАДОА ПРЕКАР „СРЦЕ

ОД АРТИЧОКА“, ШТО ВАЖЕЛО ЗА НЕКОЈ ШТО ЛЕСНО СЕ

ВЉУБУВА, НО И ОДЉУБУВА. :)

АЈ: Те гледаме на Македонската телевизија во проектот

„Истражи ја Македонија“. Што беше пресудно да се обидеш

во телевизиските води?

ИА: И онака бев мошне експонирана по медиумите, те за

уметност, те за екологија, планински достигнувања, па

кога добив понуда за водителка на една ваква емисија,

каде што се промовира активниот туризам во земјава, што

е дефинитивно концепт што го поддржувам, ми се допадна

идејата, а и екипата и веднаш прифатив. Ти си, Ана, поискусна

во телевизиските води, па еве можеш да ми дадеш критика

како се покажав (се смее). Но, искрено уживав во работата.

АЈ: Ми се чини дека природноста и спонтаноста се твојот

најсилен адут, а се разбира и вистинската, неодглумена

љубов кон туризмот. Изгледаш храбра на екран. Дали

си така храбра, смела и бескомпромисна и во љубовнопартнерските

релации?

ИА: Не баш... Прилично сум емотивна и лесно вљублива. Во

Франција пријателите ми дадоа прекар „срце од артичока“,

што важело за некој што лесно се вљубува, но и одљубува

(се смее).

АЈ: А што најмногу те разочарува?

ИА: Најмногу ме разочарува неправда. Мразам агресија и

наметнување.

ВО ОДРЕДЕН МОМЕНТ СИ ВЕЛЕВ: ВО РЕД, УШТЕ ОВА И

ДОСТА Е! ЌЕ МИСЛАМ НА ФАМИЛИЈА И НА ПОТИПИЧЕН

„ЗЕМСКИ“ ЖИВОТ. ЗАЛУДНО, ВЕЌЕ СЛЕДНИОТ МИГ

ПЛАНИРАМ СЛЕДНО ПАТЕШЕСТВИЕ (СЕ СМЕЕ).

АЈ: Кој е твојот следен врв (во метафорична смисла)?

ИА: Ах Ана, чудно е како се менуваат желбите и мислите

во текот на едно вакво целомесечно патување. Во одреден

момент си велев: Во ред, уште ова и доста е! Ќе мислам на

фамилија и на потипичен „земски“ живот. Залудно, веќе

следниот миг планирам следно патешествие (се смее). Уште

во шаторот планирам маршрути, запишувам датуми и идни

дестинации. Спонзори – најголем предизвик, од каде, како,

што?... Понекогаш си мислам дека сум заразена од некаква

болест што, и покрај сите физички нарушувања и стресови

што ги доживувам на планината, не ме остава на мир и

постојано ме влече кон нови авантури.

17

Магнус Албректсон

шведскиош

гошвач

кој гошвеше за

нобеловцише

Пишува: Марта Таневска

Познатиот шведски готвач Магнус Албректсон, по

вторпат престојуваше во Македонија, во организација

на шведската амбасада во Скопје. Приготвувајќи разни

специјалитети за Деновите на шведска храна, „Taste

swedish“ минатиот месец, шефот, што ја приготвувал и

храната за нобеловците, ни раскажа за почетоците на

својата пасија, неговиот стил на подготовка на храната,

состојките што ги обожава, како и за тоа дека шопската

салата му е најголем фаворит од македонските јадења.

Имате околу 30 години искуство како шеф, работејќи

во врвни ресторани во Стокхолм, Шведска, а имате и

меѓународно искуство како главен готвач во луксузни

ресорти и бродови за крстосување. Но, какви беа вашите

почетоци, како ја добивте желбата да станете готвач?

Отсекогаш сум сакал да пробувам храна и кога бев дете

постојано експериментирав со секаква храна, најмногу

со слатки, голем љубител сум на слатко. Влијание имаше и

тоа што мајка ми постојано готвеше дома, а дедо ми беше

месар. Интересот се зголеми кога се запишав во училиште

за готвење и тогаш сфатив дека со тоа ќе се занимавам, дека

тоа е на некој начин мое прибежиште. Тоа беше почеток за

мене. Сепак, можам да кажам дека е работа што бара голема

посветеност, со подолги работни часови и стресни ситуации.

На 40 години одлучив дека веќе нема да работам во кујна,

ако таа не е лично моја. Поради тоа, мојата компанија

„Албректсон Гастрономик“ е спој помеѓу моја кујна и фирма,

бидејќи немам свој ресторан.

Компанијата ја основавте во 2007 година. Kоја е вашата цел

како готвач и по која филозофија ја водите компанијата?

Сакам постојано да учам, да се надградувам, да имам

можност да патувам и да бидам распространет во повеќе

области, не да готвам специфично само шведска храна или

18

да бидам специјалист само за една кујна. Мислам дека тоа е мојата силна страна како шеф,

да можам да подготвувам разни јадења, бидејќи ако се ограничам само на подготовка на

шведска храна, тоа би било како да се кочам себеси, наместо со полна пареа да чекорам

напред. Но, и покрај тоа, срцето ми е во шведската храна. Компанијата постојано се развива

и имам нови идеи што ќе видиме каде ќе ме однесат. Како и да е, ова патување последниве

седум години беше навистина фантастично и извонредно. Постојано работам со нови

идеи, нови компании, доживувам нови искуства. Убаво е чувството кога додека сте дома

ќе добиете телефонски повик од некој што сака нешто да му подготвите, а вие можете со

задоволство да се согласите.

Како би ја опишале шведската кујна и вашиот стил на готвење?

Еден познат шведски шеф комплетно ја смени сцената на шведската храна, од многу

сиромашна до многу вкусна и убава. Тоа е шефот Торе Вретман, а јас работев во еден од

неговите ресторани во Стокхолм. Неговото наследство живее и денес и во чест на неговото

име се послужуваат неговите рецепти и идеи, бидејќи направи нешто извонредно. Неговата

работа почнала во шеесеттите и е всушност првиот Швеѓанец кој работел во француски

ресторан. Тоа што го научил таму го донел во Шведска и претставил како треба да се сервира,

како треба да изгледа еден оброк. Многу е важно да се знае историјата пред да се каже што

ќе донесе иднината. Во шведската кујна се користат многу димени работи, шеќер и сол, како

и копар. Тоа што сега претставува шведска кујна се две варијации. Со една нога сè уште сме

во класичните јадења, но сè почесто тоа што го гледате во скандинавската кујна е многу

модерно. Сега се користи многу повеќе зеленчук, додека, пак, класичната храна е повеќе

на протеинска основа. И на глобално ниво исто така се забележува почесто користење на

разновиден зеленчук во чинијата, не само парче месо со компири туку многу пошарена,

поразновидна и поздрава храна. Зеленчуците можат да го променат оброкот, а протеин

може да се внесе секогаш, било преку месо или преку нешто друго. Многу е важно да се

употребува во готвењето сезонскиот зеленчук, на пример напролет аспарагус и секаков

млад зеленчук, додека есента изобилува со печурки... Тоа е начинот на кој работам јас, со

сезонска храна во лето, зима, пролет, есен и може да се каже дека мојот стил е сезонско

готвење. Одгледувам зеленчук за сопствена употреба и тој зеленчук што се одбира од

сопствената градина е највкусен.

Дали се согласувате со тоа дека патувањето и пробувањето различна храна е важно за да

се стане добар и препознатлив готвач? Која е, пак, вашата омилена кујна?

Откако бев во Јапонија, би рекол дека тоа е јапонската храна, бидејќи е толку добро

осмислена. Начинот на готвење во западниот свет е повеќе за да биде вкусно и да изгледа

добро и не се размислува многу за тоа колку е здраво и дали ќе помогне на здрав начин.

19

Фотографија: Жарко Чулиќ

Јапонската храна е целосно смислена тие ја користат

повеќе како лек, иако не ја промовираат така. Но, и вкусот

е одличен, во Токио никаде не може да се наиде на лоша

храна. Исто така, ми се допаѓа италијанската храна,

шведската, француската... Сметам дека кујна по која се

стремам е шведската и веројатно е така за сите, кујната

од сопствената земја е особено вкусна, посебно домашно

подготвената, на пример ќофтињата на мама. Сепак, доколку

не се пробува постојано нова храна и не се истражуваат

вкусови, тогаш нема да има кон што да се стреми. Токму

поради тоа, кога се патува се добива инспирација и се

бараат одговори за тоа како некое јадење е подготвено

и како може да се имплементира во сопствената кујна.

Преку тоа може да се развие и земјата, шведските готвачи

се двигатели на бизнисот со ресторани во Шведска. Исто

така, преку јадењата е потребно да се образуваат и гостите,

бидејќи нив некој оброк може да им е сосем ново искуство.

Порано се раскажуваше приказна за тоа како некој гостин

во ресторан првпат пробал маслинка и си го повредил забот,

бидејќи не знаел дека внатре има семка. Сакал и да го тужи

ресторанот за таа незгода, но не можеш да тужиш ресторан

поради тоа што има семка во маслинката, тоа е мошне често

во маслинките (се смее).

Вие сте еден од ретките искусни шефови (мастер-шеф) кој

подготвувал храна за вечерата по повод доделувањето

на Нобеловата награда во 2008 година, организирано од

Кралското семејство на Шведска. Какво искуство беше тоа

за вас?

Тоа беше фантастично искуство и многу сум задоволен што

бев дел од таков настан. Работев заедно со готвачот Штефан

Ериксон, кој ја освои наградата за шеф на годината во

2007 година и ме покани да бидам дел од тимот што ќе ја

подготвува вечерата. Тоа беше голема чест за мене, особено

што бев дел од целото креирање и подготвување на менито.

Беше мошне интересно, 35 шефови работевме напорно цела

недела за да се подготви сè.

Давате и часови по готвење, учител сте. Колку тоа ве

исполнува и што претставува за вас?

Навистина сакам да подучувам и се чувствувам многу удобно

да давам часови, со оглед на тоа што голем број шефови

воопшто не го сакаат тоа, посебно на некој што не знае

многу во врска со готвењето. Секој час за мене претставува

предизвик и сакам крајниот производ, јадењето, секогаш да

изгледа добро, да биде вкусно и да биде презентирано како

што треба. Најчесто, имам група од 10 до 18 ученици и кога

имате поголема група, тогаш често се случува сите да бидат

на различни ќошеви со само една обврска, но јас се обидувам

сите да ги соберам околу мене за да видат, да вкусат што се

подготвува, да бидат дел од целото искуство, а не да прават

една работа во еден ќош од кујната. Целата група треба да

биде сплотена во едно, да се направи уметност од храната.

Токму за часовите по готвење можам да кажам дека се тоа

едно нешто во кое навистина сум добар. Во еден момент

имав и по сто часа во една година, сега се сведени на 50.

20

Ова ви е втора година во Македонија заедно со шведската

амбасада во Скопје. Кои се вашите впечатоци и како ви се

допаѓа македонската национална кујна? Се надевам дека

имавте шанса да пробате некое традиционално јадење?

Секако, шопската салата е мојот фаворит, просто не можам

да престанам да ја јадам (се смее). Доматите се многу вкусни,

но најмногу ми се допаѓаат краставиците, бидејќи обожавам

краставици, а тие во Шведска не се толку вкусни како во

Македонија. Направив и супа од краставици во состав на

Деновите на шведска храна во хотелот „Мериот“, што се

служи ладна, со копар и крем. Навистина излезе многу

вкусна, со прекрасна зелена боја. Вкусот на шведската

храна со локални, домашни состојки.

Дали сакате повеќе да експериментирате со различни

вкусови и состојки или, пак, имате некоја состојка што ја

користите постојано?

Сакам да експериментирам, но секогаш користам лимон.

Обожавам лимон, посебно неговата кора, мошне е сочна и

вкусна, иако не е баш шведска состојка. Исто така, користам

и лук и мајчина душица, што не се баш шведски зачини,

повеќе даваат медитерански вкус. И покрај тоа, сакам да ги

користам, бидејќи можам да ги ставам во сè, било да е месо

или да е риба.

Имате ли учествувано на натпревари по готвење и дали

имате освоено некои награди?

Не сум освоил ништо досега, но бев во полуфинале во трката

за награда Шеф на годината во Шведска. Имам учествувано

исто така со уште еден рецепт на натпревар, меѓутоа тука

запрев. Иако натпреварите се добри и се нешто што ја

води гастрономијата напред, сепак мислам дека премногу

внимание се посветува на нив. Не мора постојано да има

натпревари за тоа кој готви најдобро. Јас сум повеќе за

тоа исто да бидат признаени и тие момци и девојки кои

секојдневно работат во кујна, стојат на нозе по 12 до 14 часа,

тие се вистинските херои за мене.

Кои се вашите идни планови и желби? Дали можеби сакате

да имате сопствен ресторан?

Не сакам да отворам мој ресторан, работев околу 25 години

во ресторани. Мислам дека го живеам мојот сон сега, затоа

што сум бил секаде во светот, оваа година веќе работев во

четири земји. Ако отворам ресторан, веројатно ќе треба и да

спијам таму, бидејќи ако е отворен по цел ден ќе сакам да

бидам таму цело време, да бидам дел од сè, да ги пречекувам

и гостите... Си ја сакам мојата слобода, а и со компанијата

сум како со едната нога на две места. Можам да кажам дека

сум авантурист, сакам да работам на проекти, наместо да

морам да водам ресторан цело време. Сепак, би сакал да

отворам студио, тоа ми е желба, мало место за приватни

седенки до десетина луѓе. Работам и кетеринг, но сакам да го

префрлам во друга фирма што би ја почнал со мој пријател.

Сепак, компанијата „Албректсон Гастрономик“ ќе си остане

во моја сопственост, бидејќи таа е дел од мене како личност.

ЖЕНИ-РОМКИ

СО СИЛНА ВОЛЈА

ЗА ПРОМЕНА

Пишува: Марта Таневска

Прашањето за Ромите во македонското општество

секогаш отворало разни теми, како од социјален

аспект, така и од образование, вработување,

домување и здравство, интеграција, граѓанско учество...

Освен тоа, стереотипите и предрасудите што отсекогаш

постоеле за ромската националност, сè уште преовладуваат,

како и перцепцијата за нивниот начин на живот. Меѓутоа,

како што велат активистите од ромска националност, кои

се занимаваат со прашања за правилна интеграција на

Ромите во општеството, многу е поразлична денешната

состојба, каде што сè повеќе се обрнува внимание на

образованието и се менуваат размислувањата. Сепак,

потребна е поголема свест за да се разбијат постојните

стереотипи, да се надмине дискриминацијата, што и

директно и индиректно сè уште е присутна, да се развие

чувството за мултикултурализам и прифаќање на тој што е

поинаков, совладување на социјалните вештини и поголемо

граѓанско учество на Ромите, но и поефективни политики

од страна на институциите за решавање на прашањата

поврзани со вадење на лична документација, невработеност,

образование...

Двете организации, РРОМА и „Сумнал“, што се занимаваат

со различни образовни и општествени активности се водени

од жени од ромска националност, кои со својата упорност

и работа прават промена за младите Роми во општеството,

даваат совети и насоки за формално и неформално

образование, организираат размена на млади, работат на

проекти со институциите, а ги вклучуваат и родителите и

ги поттикнуваат повеќе да се заинтересираат за важноста

од правилно насочување на своите деца и менување на

перцепцијата за животот на Ромите. Даниела Јаневска и

Фатма Бајрам Аземовска и самите се пример за кршење на

стереотипите и секојдневно активно учество за подобра и

посигурна иднина.

ФАТМА БАЈРАМ АЗЕМОВСКА

САМО ПРЕКУ ОБРАЗОВАНИЕТО

МОЖЕ ДА ИМА ИНТЕГРАЛНИ

ПРОМЕНИ

Фатма, вие сте претседател на Здружението за развој на

ромската заедница „Сумнал“, по професија сте педагог

и работите во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола, а

истовремено сте и на постдипломски студии на Педагошкиот

факултет „Св. Климент Охридски“. Колку е вашата

професија поврзана со вашата работа во здружението?

„Сумнал“ е организација што настана како резултат на

ентузијазмот на група млади луѓе кои не сакаа да ја

прифатат суровата реалност во која живее ромската

заедница во Македонија. На почетокот водени од високата

мотивираност, мораше да ги зајакнеме сопствените

капацитети, да завршиме со студиите за да можеме да се

посветиме на развојот на ромската заедница. Уште како

студент имав можност да комуницирам со моите професори,

кои покрај формалната настава, ми дадоа и многу насоки

и совети каде треба да ја фокусираме нашата работа, а

тоа е образованието. Нашите проекти произлегуваат од

потребата на заедницата и тие се спроведуваат во соработка

со институциите на системот како дел од стратегиите и

развојните програми на национално ниво.

„Сумнал“ постои од 2004 година и се занимава со помош

во едукација на децата од ромската заедница, различни

образовни и општествени активности... Колку е во денешно

време генерализирана состојбата на Ромите во Македонија?

Дали сè уште е иста перцепцијата за условите на ромската

заедница?

22

Културата и супкултурата на живеење во Македонија,

општествените процеси и текови, трендови што се случуваат

на национално, но и на глобално ниво, имаат свое влијание и

на животот на Ромите. Сакам да ја избегнам генерализацијата

што другите ја имаат кон припадниците на ромската

заедница дека сите живеат во лоши услови, се занимаваат

со физичка слабо платена работа, активно вклучени во

пребарувањето на пластични шишиња по контејнери.

Раслојувањето на припадниците на ромската заедница, како

и на другите, го делам на три категории. Првата категорија

се Роми со високо образование интегрирани во системот кои

со својата стручност и професионалност даваат значителен

придонес во развојот на современото македонско

општество. Втора категорија се Роми кои завршиле

задолжително основно и средно образование, владеат

со занаети и вештини и се вклучени на пазарот на трудот.

Оваа категорија е најзастапена со 70 отсто од ромската

популација кај нас. Третата категорија се припадници

на ромската заедница кои се без или со недооформено

образование, живеат во супстандардни услови за живеење,

корисници се на социјална помош и својот опстанок го

обезбедуваат со активности во сивата економија. За жал, кај

пошироката јавност перцепцијата за ромската заедница е

рефлектирана преку последната категорија, која всушност

е и најмала по процентуална застапеност. Проблемите се

најголеми кај третата категорија на ниво на секојдневни

егзистенцијални проблеми, обезбедување храна, облека,

топол дом и обезбедување услови за правилен раст и развој

на децата. Кај оваа категорија најприсутни се проблемите

на институционална поддршка и остварување на основните

човекови права и слободи. Оваа категорија е најизложена

на манипулација и злоупотреба на децата и младите,

злоупотреба од политичките партии. Кај оваа категорија

Роми, силниот социјален притисок предизвикува присуство

на девијантни, асоцијални и криминални активности на

злоупотреба на детскиот труд, присуство на малолетничка

проституција и наркоманија и други незаконски дејства.

Wonder Womеn

„Ран детски развој“, што е финансирана од УНИЦЕФ. Оваа

програма за нас е најзначајна затоа што ги опфаќа децата

до шест години. Сметаме дека можеме од најрана возраст да

влијаеме позитивно на развојот на децата, а преку програмата

индиректно да влијаеме на поголема заинтересираност на

родителите. Децата како волонтери преку неформалното

образование се стекнаа со вештини што им значат многу во

однос на јакнење на нивната самодоверба, борба против

пороците, комуникациските вештини и пронаоѓањето

начини на изразување на нивната креативност. Еве и малку

бројки... Од еден или двајца средношколци пред пет години

сега имаме околу стотина со солиден успех, од еден или

ниеден запишан на факултет сега имa над дваесет студенти

на различни факултети. Нашата примарна цел беше да

инвестираме во образованието на новите генерации,

бидејќи тоа значи инвестиција во иднината што најмногу се

исплатува. Се разбира, без неопходната институционална

и финансиска поддршка успехот на „Сумнал“ во делот на

образование немаше да биде можен.

Една од локациите ви е во скопската населба Топаана,

каде што директно сте во контакт со Ромите и можете да

дејствувате поблиску до нив. Како го прифатија Ромите овој

ОД ЕДЕН ИЛИ ДВАЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ ПРЕД ПЕТ

ГОДИНИ СЕГА ИМАМЕ ОКОЛУ СТОТИНА СО СОЛИДЕН

УСПЕХ, ОД ЕДЕН ИЛИ НИЕДЕН ЗАПИШАН НА ФАКУЛТЕТ

СЕГА ИМA НАД ДВАЕСЕТ СТУДЕНТИ НА РАЗЛИЧНИ

ФАКУЛТЕТИ. НАШАТА ПРИМАРНА ЦЕЛ БЕШЕ ДА

ИНВЕСТИРАМЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО НА НОВИТЕ

ГЕНЕРАЦИИ, БИДЕЈЌИ ТОА ЗНАЧИ ИНВЕСТИЦИЈА ВО

ИДНИНАТА ШТО НАЈМНОГУ СЕ ИСПЛАТУВА.

Што постигнавте досега преку здружението? Колку вашата

работа помага за поголема свесност од потребата за

образование кај ромската заедница?

Досега успеавме да направиме интегрална промена на

свеста на населението да прифати нови стандарди и

принципи на живеење дека образованието е важно за

нивните деца, дека родителите активно треба да се вклучат

во нивното образование, здравството, хигиената и да бидат

активни чинители во креирањето на сопствената иднина и

иднината на нивните деца преку нивно учество во различни

активности и манифестации. Ја имплементираме програмата

23

Wonder Womеn

центар? Дали покажуваа заинтересираност од почетокот за

активностите што ги нудите?

Искуствата се позитивни и даваат резултати. На почетокот,

како и со секоја работа, потребно е да се стекне

одредена доверба во лицата кои го работат тоа, со оглед

на специфичните состојби, процеси и ситуации од кои

одреден дел спаѓаат во делот на професионална тајна.

Успесите решивме да ги продолжиме и во Битола. Веќе две

години работиме во месната заедница „Таки Даскалот“.

Благодарение на општината Битола и УНИЦЕФ отворивме

центар за ран детски развој за деца од три до шест години.

Мојот личен став е дека е потребно уште многу вложување

во ромската заедница до постигнување на задоволително

ниво на развој. Особено е важно инвестирањето во човечки

капитал, млади Роми кои ќе работат за развој на заедницата.

ТРЕНД КАЈ МЛАДИТЕ РОМИ, ПО СТЕКНУВАЊЕТО НА

ПОЛНОЛЕТСТВОТО И ЗАВРШУВАЊЕ НА СРЕДНОТО

ОБРАЗОВАНИЕ, Е БАРАЊЕТО НА БРАЧНИ СОПАТНИЦИ ВО

СТРАНСТВО, ПРЕТЕЖНО ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ.

Вие сте и мајка и сопруга, но и жена од ромска националност

која сака да помага, да промени некои работи во

општеството за подобра социјална инклузија на Ромите

во Македонија. Што конкретно сметате дека треба да се

преземе по ова прашање во државата?

Тоа што ме прави посебна, а што и како карактерна особина

може да се забележи е дека околината ја приспособувам на

моите потреби. Тоа се рефлектира и во приватниот живот,

а особено во мојот придонес кон успесите и работата на

„Сумнал“. Сопруга сум и мајка на петгодишната Леона и

едногодишниот Даријан. Мајчинството ме измени многу,

бидејќи во очите и насмевката на Леона и Даријан ја

пронајдов смислата на постоењето и тајната на животот.

За жал, во Македонија, и по 16 години од 21 век, ние имаме

луѓе-фантоми во општеството. Тука сметам дека потфрлија

институциите на системот што многу повеќе треба да се на

терен и да си ја работат својата работа, што е невозможно да

се реализира од удобно топлата канцеларија и фотелја. Тука

мислам на социјалните работници, образовните институции,

центрите за јавно здравје и здравје на децата...

Дали раното стапување во брак денес сè уште е застапено?

Во минатото, раното стапување во брак беше поврзано со

пократкиот век на живеење на припадниците на ромската

заедница поради традиционалниот начин на живеење и

лошите социјално економски услови. Сегашните генерации

имаат многу поголем пристап до образованието, покрај

основното, и средното образование е задолжително што

условува поинакво планирање на иднината и ставање

на економскиот момент на прво место. Од друга страна,

здравствената едукација на младите и аспектите за сексуална

едукација, заштита од несакана бременост и сексуално

преносливи болести се на многу повисоко ниво, што како

резултат дава промена на социјалните норми и однесување

во ромската заедница и намалување на малолетничките

бракови. Тренд кај младите Роми, по стекнувањето на

полнолетството и завршување на средното образование, е

барањето на брачни сопатници во странство, претежно во

европските земји.

Каков совет им давате на луѓето кои доаѓаат во вашето

здружение, со оглед на вашето искуство во оваа област низ

годините?

Вложувајте во образованието на вашите деца ако сакате да

се интегрираат во општеството. Само преку образованието

можеме да направиме интегрални промени.

ДАНИЕЛА ЈАНЕВСКА

ИНКЛУЗИЈАТА НЕ Е СЕТ НА

ДОКУМЕНТИ, ТУКУ ЧУВСТВО

НА ПРИПАДНОСТ

Даниела, вие сте една од основачите на Регионалната

ромска образовна младинска асоцијација – РРОМА, а

сте и дипломиран професор по одбрана и заштита на

Филозофскиот факултет во Скопје, Институтот за одбрана,

мир и безбедност. Сепак, досега не сте имале можност да се

занимавате со тоа и во 2006 година активно сте се вклучиле

во невладиниот сектор. Какви се почетоците на РРОМА?

Која е примарната цел?

Здружението почна како неформална мрежа во декември

2007 година, увидувајќи ја потребата од организирање

на младите Роми во нашиот регион. РРОМА работи на

афирмација и промоција на можностите за личен развој и

интеграција, како и промовирање на активното граѓанство и

самовклучување на младите Роми во општеството, креирање

на младински политики што ги засегаат како граѓани во

општините. Активностите се фокусираат на младите Роми и

24

на тие од другите заедници, градење на меѓусебен дијалог и доверба, зајакнување

и мобилизација на капацитетите на младите за да станат позитивни примери во

своите заедници. Организираме младински размени, обуки, семинари на различни

теми, кампањи, активности за сеќавање на ромскиот геноцид, лоби и застапување...

Нудиме поддршка и информации на младите Роми за формално образование

(информации за стипендии, пракса, волонтерство, препораки), но и неформално.

Фокус ставаме на развојот на чувството за самовклучување и активно граѓанство,

промовирање на позитивни вредности, почитување на човековите права,

мултикултурализам, социјална инклузија, живеење во хармонија со природата...

Во 2010 година ја добивме наградата за креативна кампања од MTV – Staying Alive

Foundation за подигнување на свеста за опасностите од ХИВ/СИДА меѓу младата

ромска популација, со што успеавме да скршиме многу табуа поврзани со темата.

Соработувавме со околу 20 средни училишта преку едукатори на средношколска

возраст, а можете само да замислите колку горд момент е ромска девојка да зборува

пред своите врсници за ширење на вирусот или за заштита при сексуален однос.

Работевме активно и на признавање на ромскиот геноцид што се случи за време на

Втората светска војна. Од 2011 година, секоја година на втори август носиме млади

од Македонија во Краков и посета на Аушвиц. Редовно организираме и проекти во

рамките на програмата „Еразмус плус“. Најнов проект што ни почнува во август е

претприемништвото и кариерното советување кај младите.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Wonder Womеn

Што според вас е досега постигнато за развој на ромската

заедница во Македонија?

Од аспект на домување, на пример, многу малку, но од

аспект на образование, многу повеќе. Проблемите на

Ромите не се од вчера, туку се насобрани со текот на

времето. Предрасудите и стереотипите се врежани во

општеството, а тоа ја отежнува интеграцијата на ромската

заедница. Индиректната дискриминација исто така е

присутна. Има граѓани-Роми без документација, без домови,

без работа, неквалификувани за пазарот на трудот. На

пример, ако треба да се реши некој проблем кај ромската

заедница, веднаш се бараат донатори, се пишува проект,

се носат стратегии без буџетски ставки... Ако, пак, станува

збор за друга заедница, тогаш се пристапува до локалните

буџети, буџетите на министерствата... Тука лежи проблемот,

што со години ја кочи правилната интеграција на Ромите.

Македонија покажа дека Роми можат да бидат носители

на државни функции, се носеа добри политики и практики,

но секогаш може подобро! Тоа што недостига се јасно

дефинирани и долгорочни политики, програми и буџетски

ставки. Македонија во однос на решавање на проблемите кај

Ромите е пред другите држави во Европа, но недостигот на

ефективни политики е евидентен. Многу пари се вложени, но

недостига мониторинг на тоа каде и на што се трошат парите

наменети за подобрување на состојбата кај Ромите.

неформална мрежа во северноисточна Македонија, но

успеавме да ја издигнеме организацијата до степен на

завидно национално и меѓународно ниво.

Во поглед на степенот на образование кај Ромите, колку

според вас е сменета состојбата последниве години?

Има обиди за интеграција, што сè уште не се завршени.

Инклузијата не е сет на документи, стратегии и планови,

сместување на Ромите во македонско маало или обратно,

туку се базира на развивање на чувството на припадност,

во група пријатели, заедница, училиште, соседство...

Општествените и социјалните поделби се мошне длабоки

меѓу луѓето кои живеат во Македонија, во последно време, и

тоа чувство на припадност е анулирано на фракции, на наши

и ваши, а социјалните вредности се губат. Кога зборуваме

за зголемување на степенот на образование кај ромската

заедница се бележи напредок, има повеќе запишани, но и

дипломирани студенти. Во 2007 година имавме три студенти

во организацијата, сега имаме над дваесетина.

ПРОБЛЕМИТЕ КАЈ МЛАДИОТ ЧОВЕК СЕ ИСТИ, БЕЗ

РАЗЛИКА НА НАЦИОНАЛНАТА ПРИПАДНОСТ. УСЛОВИТЕ И

КОНТЕКСТИТЕ ГИ ПРАВАТ РАЗЛИКИТЕ.

КОГА МОЕТО ДЕТЕ ЌЕ ПОРАСНЕ САКАМ ДА СЕ

ЧУВСТВУВА ЕДНАКВО И РАМНОПРАВНО КАКО КОЈ

БИЛО ДРУГ ГРАЃАНИН НА ДРЖАВАТА, А НЕ КАКО

ГРАЃАНИН ОД ВТОР РЕД.

Вие сте мајка на тригодишна ќерка, а наскоро ќе добиете и

второ дете. Сепак, вие сте и жена од ромска националност

која сака да помага, да направи промени за подобра

инклузија на Ромите во Македонија. Дали вие лично во

вашиот развој, во текот на вашето образование или кариера

сте се соочиле со некоја непријатна ситуација поради

вашата националност?

Во текот на моето образование не паметам дискриминација,

но пред извесно време, кога повторно се обидов да побарам

вработување во државна администрација, добив одговор

дека треба да чекам кога ќе биде објавен конкурс по Рамковен

договор. Тогаш се почувствував мизерно и безвредно и

добив чувство дека моето образование и искуство не вредат

ништо, туку дека е важна мојата националност. За подобра

инклузија на Ромите сè уште треба да се работи, треба да се

развие чувството за припадност, дека сите сме граѓани на

Македонија, тука сме родени и живееме и треба да бидеме

еднакви. Кога моето дете ќе порасне сакам да се чувствува

еднакво и рамноправно како кој било друг граѓанин на

државата, а не како граѓанин од втор ред. Најголема

поддршка во работата добивам од сопругот и семејството,

а како најголем успех го сметам тоа што почнавме како

Со какви проблеми најчесто се соочуваат младите Роми во

Македонија?

Проблемите кај младиот човек се исти, без разлика на

националната припадност. Условите и контекстите ги прават

разликите. Ако имаме вработување како проблем, тогаш и

младиот Ром ќе го има истиот проблем, само што тој ќе се

соочува и со дискриминација од страна на работодавците,

главно заради стереотипите и предрасудите во општеството.

Ако зборуваме за подобрување на младинскиот стандард,

тогаш и младите Роми ќе сакаат подобрување, само

што во нивните населби немаат асфалтирани улици или

канализација. Случаи на дискриминација имало отсекогаш

во нашата држава, почнувајќи од недозволен влез во кафебар

или базен, па сè до профилирање на граничните служби

и враќање на Ромите од граничните премини. Интересно е

што таквата дискриминација е индиректна, повикувајќи се на

правила што треба да важат за сите, а се применуваат само

на една група. Секако, морам да наспоменам и дека сите

очекуваат од ромскиот невладин сектор да ги реши сите

проблеми преку ноќ, но немаме магично стапче.

Каков совет им давате на тие што доаѓаат во вашата

организација со оглед на вашето искуство во оваа област?

Мотото на организацијата е „Не гледај отстрана – учествувај“!

Но, обично им велам да бидат истрајни и да веруваат во

своите соништа, особено на младите ромски девојки!

26

Портрет поддржува македонска уметност

„ПРЕСКОК IV“

ЖАРКО БАШЕСКИ

27

Надица

Георгиева

Пишува: Ружица Антиќ

Постојат жени што иако изгледаат

совршено, тоа не е најважното нешто што

ги дефинира. На нивните лица годините

не оставаат никакви траги, а од нивните очи

зрачи спокој и самодоверба. Со секој збор, со

секоја постапка ја докажуваат својата лична

сила и едноставно секогаш и секаде оставаат

впечаток дека се чувствуваат одлично, свои и

единствени.

Надица Георгиева, нашата инспирација од

насловната страница, е токму ваква жена. Таа

ни покажа дека најубаво зрачат среќните жени,

што се лично реализирани. Од разговорот

со неа заклучивме дека кај неа ништо не е

случајно, ни подарено, секој чекор, секој

животен стадиум го има изодено сама со многу

љубов, мудрост и добрина. За саканиот, за

семејството, за животот.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Стилист: Бојана Максимовска

Шминка и фризура: Зоран Шурбевски

Гардероба: Mango

Накит: Ивана Кнез

Инспирација

30

Синоним сте за безвременска убавина, жена чиишто години не оставиле

никаква трага, која секогаш и секаде изгледа совршено. Ве плаши ли

стареењето?

Не, воопшто не се плашам од стареење. Напротив, го сметам за природен

процес со кој секој треба да се носи најдостоинствено што може. Мојот дух

не старее, сметам дека тоа е најважно, бидејќи ми ја одржува виталноста и

младешкиот жар.

Освен со надворешна убавина, зрачите со стабилност и смиреност,

како одлики на среќна жена. Ја пронајдовте ли вие вашата среќа,

нешто што ве прави да се чувствувате своја и спокојна?

Мирот и спокојот не доаѓаат сами по себе. Тоа е категорија на која

треба да се работи постојано и трајно. Во мојот случај, тоа е резултат

на мојата лична среќа, задоволството од семејниот живот и работата.

Да сакаш некого не е само силно чувство туку и одлука, ветување и труд.

Сметате ли дека со текот на годините ви се смениле и потребите и барањата

од вашиот партнер?

Се разбира. Животните искушенија ме направија позрела и помудра. За

среќа, јас и мојот сопруг имаме слични погледи кон светот и исти ставови

за животот, па најголемиот дел од времето поминато заедно го користиме

продуктивно, хармонично, на обострано задоволство.

Имате син кој веќе е возрасно момче. Што ви беше најважно во неговото

воспитување?

Во годините во кои се оформуваше како момче, го воспитував да биде

вреден, чесен, трпелив и упорен во секоја работа за која ќе пројави

интерес. Родителите можат да ги воспитуваат и да влијаат врз своите деца

до одредена возраст, а потоа тие сами ќе си го одберат својот пат според

своите лични погледи и афинитети. Верувам дека успеав во тоа и со мојот

син денес имаме искрени и отворени разговори на сите животни теми и

прашања.

Инспирација

За „Моделс ин“ со право може да се каже дека е еден од најважните

субјекти на македонската модна сцена. Што е сменето за овие 15 години на

работење на вашата агенција?

Генерално ништо не е сменето. Сè уште се водиме според светските

стандарди и барања и се стремиме кон нив. Секогаш наш мотив е повеќе

наши девојки да чекорат на светските модни писти, рамо до рамо со

познатите модели. И во тоа имаме голем успех, факт е дека најголем број

на македонски модели што успеале да изградат интернационална кариера

излегле токму од нашата агенција.

Во модната индустрија секоја сезона се бараат различни типови девојки.

Освен стандардните манекенски норми и пропорции, што ви покажало

вашето искуство дека е пресудно за успешна кариера на модел?

Ние сакаме да работиме со помлади девојки, што се во фаза на оформување.

Сакаме да им ја доближиме работата како модели, зашто во нивните години

многу е важно да ги знаат вистинските вредности во модниот свет. Пресудно

за да се успее во оваа професија се личните карактеристики на моделот,

посветеноста, упорноста и многу труд. Секако, и вложување во себе, што

подразбира вежбање, здрава исхрана, дисциплина и голема одговорност.

Од неодамна почнавте да работите како радиоводителка. Хоби или нов

работен предизвик?

Од неодамна ја водам радиоемисијата „Friend of fashion“, што оди секоја

сабота на „Урбан ФМ“. Ја работам со огромно задоволство, темата е

модна, се обработуваат најзначајните личности од светот на модата, што

е всушност и мој личен свет. Јас таму припаѓам цел живот и креирањето на

ваква емисија ми е повеќе задоволство отколку обврска. Комплиментите што

ги добивам се само потврда за старата изрека, дека сѐ што се работи со

љубов има и квалитет и резултат.

Мајка сте и сопруга, паралелно работите на три работни места. Ви останува

ли време за себе? Што сметaте дека е неопходно секоја жена да го прави за

себе за да живее во баланс и хармонија?

Од неодамна сум професионално врзана само за мојата агенција, така

што имам многу повеќе слободно време за себе и семејството. Со добра

организација и добро планирани дневни обврски секогаш стигнувам да

ги завршам навреме и успевам да одвојам време за себе, т.е. за нега и

одржување на добрата форма.

33

На секоја заедничка фотографија со

вашиот сопруг Иво, буквално блескате.

Што е пресудно во вашиот случај за добар

и квалитетен брак?

Пресудна и најважна алка за среќата

во нашиот брак е вистинската и искрена

обострана љубов што ја имаме со Иво.

Тој е исклучително внимателен со мене,

вистински џентлмен. Слободното време

најмногу го поминуваме во патувања,

дружење со вистински пријатели и забави

по различни поводи. Веројатно сличните

афинитети кон убавите работи, ме прават

среќна и задоволна и тоа се гледа на мене.

34

За музичкиот спот „Жена за сто години“ велите дека ви е една од најдрагите

соработки. Кои квалитети треба да ги поседува „жената за сто години“?

Моето сфаќање за секоја жена е дека таа треба да биде добра личност,

убаво воспитана и образована, со манири на дама, да има грижа и љубов кон

семејството. Да биде професионална во работата, да ги почитува и да биде

учтива со луѓето околу себе и најважно да знае што сака во животот. Таквите

жени секаде оставаат белег и се „жени за сто години“.

Можете ли да издвоите една жена која сметате дека оставила најмаркантни

траги на вас, ваша инспирација или поттик на кое било поле?

Никогаш не сум се врзала само за една личност, туку во различни периоди од

мојот живот различни жени биле мои омилени хероини. Како Блонди и Грејс

Џонс во музиката, Одри Хепберн во филмот, Вивиен Вествуд во модата и др.

Заедничка карактеристика на сите нив е нивниот силен карактер, сопствен

израз и стил на живеење.

35

Моја Борба

ИВИЦА И ДИНО ШКРИЊАРИЌ

ДИНО Е ЛИЧНОСТ

ПОЛНА СО ВЕРБА ШТО

ПОКАЖУВА ПОСЕБЕН

И ЧИСТ ПОГЛЕД НА

СВЕТОТ

Пишува: Марта Таневска

Иако се познати случаи во Македонија со синдромот

Вилијамс, сепак малкумина знаат што точно значи, што

претставува и како се манифестира кај лицата што го

имаат. Ивица Шкрињариќ одлучи да ни ја раскаже приказната

на својот син Дино, кој има 21 година и го има овој синдром.

Дино има извонредно чувство за музика, учи да биде диџеј, води

и своја хип-хоп емисија на радио, а поддршката што ја добива

од родителите и лицата што го сакаат и почитуваат е неизмерна.

Како што вели Ивица, синдромот не е болест, туку е состојба и ги

поттикнува родителите кои имаат деца со овој синдром да не се

срамат да ги покажат, бидејќи е многу важна поголема едукација

и поголема системска поддршка за овие лица.

Најнапред да ви се заблагодарам за тоа што прифативте

со нас да ја споделите вашата семејна приказна и да ни

раскажете за растењето и начинот на живот во нашето

секојдневие на вашиот син Дино, кој го има синдромот

Вилијамс, што во Македонија не е многу познат. Синдромот

Вилијамс се карактеризира со слаби моторни способности,

здравствени проблеми, проблеми со учењето, заостанување

во развојот... Кога првпат забележавте дека Дино се соочува

со овие состојби?

ИШ: Kогa дознавме за синдромот Вилијамс, го знаеја само

двајца лекари во Македонија, дури и денес не верувам дека

го знаат повеќе од десетина. Прво што забележавме кај Дино

не беше дека е синдром, туку едноставно како бебенце многу

слабо се развиваше, напредуваше по 50 грама на месец, а

би требало 700 или 800 грама. Матичниот педијатар немаше

решение. Велеше, такво е детето, ќе пркне, сè додека една

помлада, но искусна лекарка не ни спомена да одиме на

клиника да направиме испитувања. Направивме секакви

испитувања меѓу кои и хромозомските. Сепак, кариотипот

што ги опфаќа хромозомите беше нормален и остана на тоа

да одиме на посебни одделенија за бебиња со проблеми во

развојот, но и тие не знаеја што да ни кажат. Со оглед на тоа

што Дино доцна прооди и имаше слаба моторика, нè праќаа

и на физикална терапија. По 15 дена од раѓањето му се

појави и хернија на левата страна, меѓутоа совет од лекарите

беше да не се оперира веднаш. Се оперираше на четири

години и по таа операција отидовме на Детската клиника

на ендокринологија. Таму само што го видоа две лекарки,

д-р Мирјана Кочова и д-р Елена Шукарова, рекоа дека е

синдромот Вилијамс и од нив потекнува информацијата дека

има многу деца со овој синдром кои родителите ги кријат

дома, не ги покажуваат, посебно во руралните средини.

Лекарите ни кажаа дека ќе достигне ментален развој на

дете до 12 години, тоа е границата за овој синдром. Како

го прифативме тоа само ние си знаеме, беше голем стрес,

а Дино примаше и лекови, витамини, инјекции за развој за

ментални способности, меѓутоа сето тоа излезе дека е лук

и вода. За нас беа најголем стрес оние 50 грама напредок

месечно, потоа веќе и сами забележавме, знаевме со текот

36

на годините. Ќе посочам уште еден пример, дека ниту

лекарите, ниту, пак, родителите знаат за овој синдром. Моја

колешка има син исто така со синдромот Вилијамс и прво

нешто што забележала кај него беше проблем со моторните

способности. Ја прашав дали се гледа во физичкиот изглед

и откако таа кажа не, ѝ покажав фотографија од Дино, по

што таа реагираше дека се како браќа. Ова беше во 2005

година, тогаш нејзиниот син имаше осум години, а претходно

никој не знаел да им каже дека го има овој синдром. Ѝ кажав

каде да го однесе и дека ќе им објаснат сè што треба. Тоа е

пример дека ниту родителите, ниту лекарите знаат, се знае

само за Даунов синдром и тука завршува сè, иако синдромот

Вилијамс е многу поразличен.

Покрај слабата моторика, кај Дино има и послаб развој на

целата негова лева страна. Што значи тоа поточно и како се

манифестирало?

ИШ: Тоа не е правило за сите лица со овој синдром, но кај

Дино целата негова лева страна е со посебни потреби. На

левото око гледа послабо, на левото уво послабо слуша.

Имаше и шум на срце, стеснување на главната аорта, но

лекарите го забележаа тоа дури кога имаше десет години.

Дино имаше висок крвен притисок, 180, 190, и тоа постојано,

што е нешто мошне невообичаено за дете од десет години.

Требаше да оди на операција, меѓутоа тој влегуваше во

пубертет, овие деца порано влегуваат во пубертет, а тоа е

период кога оваа операција не треба да се изведува. Сепак,

не смееше да се чека и нè упатија на детската хирургија во

Софија, Бугарија. Бидејќи лекарот што го баравме веќе не

беше таму, а не сакавме друг да ја изведува операцијата, на

предлог на вујко му на Дино, отидовме во Прага, Чешка, каде

што излезе дека се многу понапредни во таа област отколку

во Софија. Таму ја направивме таа операција и, иако беше

многу стресно, може да се каже дека ни го скрати животот

барем пет години, сепак помина добро, заврши во ред. Потоа

следеше закрепнување од една година, да дојде притисокот

во нормална состојба и сега веќе од тој аспект е добро, да

чукнеме во дрво.

Дали во текот на растењето на Дино побаравте стручна

помош за да знаете како да го насочите и да го извлечете

најдоброто од него?

ИШ: Стручната помош дојде само од д-р Кочова и д-р

Шукарова, кои ни објаснија во детали што е тој синдром, што

можеме да очекуваме, како се манифестира, за што да не

инсистираме или да притискаме. На пример, за математика

ни кажаа воопшто да не се трудиме, да не го малтретираме

и него и нас самите, исто и за пишување. Но, читањето,

од друга страна, си го научи сам дури и пред да тргне на

училиште, мислам дека имаше пет години. Сам научи и да

брои, а научи и англиски јазик сам преку цртаните филмови.

Одлично работи и на компјутер, може да отчукува без да

гледа во тастатурата, меѓутоа пишува многу тешко. Овие

деца покажуваат надареност за музика, како и за учење

јазици меѓутоа на друго поле можат да бидат многу поназад.

Дино, на пример, има изострено чувство за музика, најмногу

сака рап и хип-хоп, а слуша и џез. Му купивме и опрема за

диџеј, сега вежба, сака да научи, тоа му е преокупацијата 24

часа, седум дена во неделата. :)

МНОГУ СЛАБО СЕ ПОСВЕТУВА ВНИМАНИЕ НА ДЕЦАТА СО

ПОПРЕЧЕНОСТ ВО РАЗВОЈОТ ВО НАШЕТО

ОПШТЕСТВО.

Сепак, и покрај проблемите со учење и совладување

материјал од училиште, како и слабите услови во државата

за образование на децата со попреченост во развојот, Дино

успеал да заврши и основно и средно образование. Дали во

текот на образованието наидовте на некое негодување и

од кого добивавте поддршка и помош најмногу во текот на

неговиот процес на образование?

ИШ: Проблеми од средината имаше уште од почеток.

37

Фотографија: Жарко Чулиќ

Прво го однесовме во игротеката „Другарче“ во состав

на библиотеката „Браќа Миладиновци“. На почетокот

негодуваа од игротеката со образложение дека родителите

ќе се бунат и децата нема да доаѓаат, меѓутоа со убедување

од наша страна, го примија. По два месеца веќе омекнаа и

беа среќни дека имале таков случај и дека можат да примат

деца со пречки во развојот и понатаму. Во основно училиште

го запишавме во „Петар Поп Арсов“, таму го прифатија и се

ангажираа наставниците максимум да биде прифатен и од

децата. Дојде времето на здравствени проблеми и најдобро

беше на крајот да го заврши основното училиште преку

полагање испити. Во однос на средното образование прво

пробавме да го запишеме во приватните средни училиштa,

а сепак го запишавме во гимназијата „Цветан Димов“. Од

гимназијата го прифатија и се согласија да биде на принцип

на полагање. Голема благодарност до нив, не толку за

тоа дека ќе му значи како диплома, дека завршил средно

училиште, но важно е за негова поголема самодоверба.

Се забележува дека многу се трудите, со голем капацитет,

Дино да биде вклучен во сè што сака и да се развива во таа

насока, за што заслужувате голема пофалба. Дино води

емисија за рап и хип-хоп на Радио МОФ, бил и модератор

на неколку настани, активен е во разни здруженија и на

проекти...

ИШ: Да, Дино членуваше во невладината организација

„Отворени прозорци“, каде што постојано примаат нови

деца со посебни потреби, кои се оспособуваат за користење

компјутери и други активности. Таму беше две години како

напреден член. Исто така беше и модератор на неколку

настани, како на конференцијата на проектот Е-пристапно

образование во Македонија, организирана од „Отворени

прозорци“ и УСАИД. Учествуваше и како stand up комичар во

средното училиште „Никола Карев“ на настанот „Вклучување

на младите со попреченост“ во организација на Црвениот

крст. Беше модератор и на десетгодишнината од „Отворени

прозорци“, а беше водител и со Тони Михајловски на настан

организиран од здружението „Дајте ни крилја“.

Кога почна Дино да ги пројавува афинитетите кон музиката,

јазиците, компјутерите и како вие како родители му

помогнавте да ги надградува и да ги усовршува?

ИШ: Многу рано забележавме дека има изострено чувство

за музика, сака да слушне дел од песна, повеќепати, да ја

проучи на начин на кој ние не можевме. Со англискиот јазик

се запозна уште пред да тргне во училиште, а одеше и на

курс уште од седум години, за да научи подобро. И таму

наидувавме на проблеми со негодување, родителите не сакаа

децата да бидат со него во група, а и децата исто така. Многу

слабо се посветува внимание на децата со попреченост во

развојот во нашето општество. Зошто, тоа го знаат само тие

што се одговорни за тоа, ние можеме само да погодуваме, а

верувам и дека ќе погодиме.

Вие го придружувате каде и оди, меѓутоа за време на

настаните и дружењата, стоите настрана, го чекате и со

тоа му давате можност да биде сам со своите пријатели,

да ги развива комуникативните способности, да се дружи,

едноставно да се чувствува самостоен. Колку е тоа важно

за него, но и за вас како родител, од една страна да го

38

Моја Борба

оставате самостојно да се дружи, а од друга секогаш да сте

во близина?

ИШ: На почеток одев секаде со него, јас сум задолжен за

ноќниот живот на Дино, сопругата за преку ден (се смее).

Тој сам пројави интерес и сам се запозна со членовите на

„Легијата“, а потоа почна да оди почесто и во кафулето

„Баду“ во Порта Влае. На почеток јас седев со него, се

разбира по настрана, иако беше малку незгодно за мене

како пазач. Меѓутоа, сега е веќе друга ситуација, ја знаеме

околината, прифатен е од сите со кои се дружи и може

да остане сам со нив. Стравот е од искуството набиено од

претходно дека не го прифаќаа, имаше еден куп ситуации

во кои гледавме негодување кон него. Се случувало дури и

во продавница некој ако не види дека е со нас да му упати

некаков неубав коментар. Сега го оставаме веќе сам, бидејќи

и тој сака така, а и сакаме да го осамостоиме, се трудиме

колку што можеме.

Дино сега има 21 година, каква поддршка добивавте во

текот на неговото растење од околината, вашите најблиски,

поголемиот круг на семејството? Како би го опишале во

кратки црти?

ИШ: Огромна поддршка имавме од блиските роднини, нашите

родители, блиските пријатели. Воопшто не забележавме

дистанцирање поради неговата состојба и тоа ни помогна да

издржиме во сите ситуации. Ќерката, која е постара од Дино,

покажа голема грижа, голема помош, постојана дружба

со него, а го прифатија и нејзините другарки. Таа сега е

омажена, Дино има и две и полгодишен внук, кој го чува и

веќе го воведува во рапот. Покрај тоа, Дино е дружељубив

и комуникативен, дури и премногу (се смее). Тој не се лути и

не се кара, не дозволува повисок тон, спремен е на секакви

компромиси само за мир во куќа. Меѓутоа, не дозволува некој

да му се меша во тоа што е негово, за неговата пасија нема

компромис.

ДИНО Е ДРУЖЕЉУБИВ И КОМУНИКАТИВЕН, ДУРИ И

ПРЕМНОГУ. ТОЈ НЕ СЕ ЛУТИ И НЕ СЕ КАРА, НЕ ДОЗВОЛУВА

ПОВИСОК ТОН, СПРЕМЕН Е НА СЕКАКВИ КОМПРОМИСИ

САМО ЗА МИР ВО КУЌА. МЕЃУТОА, НЕ ДОЗВОЛУВА НЕКОЈ

ДА МУ СЕ МЕША ВО ТОА ШТО Е НЕГОВО, ЗА НЕГОВАТА

ПАСИЈА НЕМА КОМПРОМИС.

За крај, дали има нешто што би сакале да го посочите како

совет за родителите кои имаат деца со овој синдром и што

треба да се промени во државата, воопшто за децата со

попреченост во развојот?

ИШ: Мој совет е дека родителите не треба да се срамат од

тоа какви деца се децата со синдромот Вилијамс, какви

личности се, напротив треба да ги покажат. Всушност, треба

да им биде срам од тоа што се срамат од нив. Тие деца се

многу добри, имаат посебен поглед на светот, што е многу

почист од нашиот. Во однос на положбата во општеството,

сега сме ние тука, родителите со него, но што со тие деца

кога нас ќе нè нема? Најголемата болка за нас како родители

е токму тоа и поради тоа е потребна инклузија, можност за

борба, услови да можат сами да опстојуваат, општеството

да го регулира тоа и да им даде шанса. Скоро гледав

документарна емисија за група од шест до седум лица

во Хрватска со пречки во развојот, со разни синдроми и

состојби, на возраст над 40 години. Тоа беше како исповед

на тие лица за кои власта спровела проект и им обезбедила

куќа или стан сите заедно да живеат, со цел да се оспособат

за живеење сами. Сите тие беа останати без родители, кои

починале, и раскажуваа каква траума им било да живеат

сами. Во рамките на проектот сè правеа заедно и си помагаа

еден на друг. Иако кај нас има невладини организации

што се занимаваат со овие прашања, тоа треба да биде

поорганизирано, класифицирано по категории, да се работи

со секое дете или барем со неколку посебно, а не со сите во

иста средина, со исти активности, бидејќи и кај тие деца има

различен степен на попреченост во развојот.

СТРАВОТ Е ОД ИСКУСТВОТО НАБИЕНО ОД ПРЕТХОДНО

ДЕКА НЕ ГО ПРИФАЌАА, ИМАШЕ ЕДЕН КУП СИТУАЦИИ ВО

КОИ ГЛЕДАВМЕ НЕГОДУВАЊЕ КОН НЕГО. СЕ СЛУЧУВАЛО

ДУРИ И ВО ПРОДАВНИЦА НЕКОЈ АКО НE ВИДИ ДЕКА Е СО

НАС ДА МУ УПАТИ НЕКАКОВ НЕУБАВ КОМЕНТАР.

Дино, ти имаш голема љубов кон рап и хип-хоп музиката. Се

познаваш со речиси сите македонски рап-изведувачи. Како

влезе во светот на нашата рап-култура?

ДШ: Првата рап песна што ја слушнав беше „Ice, Ice Baby“,

потоа „Real Slim Shady“ и сфатив дека хип-хопот е моја

љубов. Така, почнaв да слушам и македонски рап, прво што

слушнав беше албум на Џака Накот и си реков дека морам

да влезам во хип-хоп светот, ако не влезам веднаш, после ќе

биде доцна, како велат – сега или никогаш.

Твојот прекар е Бесниот витез, преку кој те препознаваат

слушателите на Радио МОФ, каде што имаш своја емисија

еднаш во месецот со наслов „Хип-хоп манија“. Како се разви

идејата за емисијата и како се оствари, кои ти биле гости досега?

ДШ: Идејата за емисија за хип-хоп ми текна бидејќи на радио нема

многу такви емисии да се слушаат, а сакав да си креирам нешто

свое, да оставам белег. Прв гостин кој го скрши мразот беше Џака

Накот, потоа беше диџеј Ајри Скреч и момците од „Зад аголот“,

а како шлаг на тортата се „Легијата“. Сакав уметничко име кое ќе

ме изрази мене, препознатливо и што е лесно да се запамети и

затоа си реков: „Дино, време е да имаш прекар Бесниот витез“.

Имаш голем интерес и смисла за музика и си посебно надарен

за ритам. Веќе имаш и опрема за диџеј и учиш да го развиеш и

тој талент. Дали со текот на времето сакаш да те препознаваат

и како познат диџеј?

ДШ: Да, сега во моментов учам и за диџеј, имам опрема и во

иднина би сакал да настапам во „Баду“ и гости да ми бидат

Страјк, диџеј Славе, Гоце САФ и диџеј Чваре. Тие ми се идоли

заедно со дечките од „Легијата“, САФ, „Зад аголот“.

39

Галерија

ОД СЕРИЈАТА КАРИРАНИ ПРИКАЗНИ

BURBERRY

Пишува: Џејлан Рустемоска

Далеку од тоа дека сѐ што е карирано е Барбери, но

ако на добро познатите прекрстени хоризонтални

и вертикални линии во црна и црвена боја додадеме

квалитет, елеганција, британска отменост и 160 години

традиција, тогаш мора да биде Барбери. Денес, брендот

секој го доживува на свој начин: за некого Барбери е

чанта, за друг парфем, детска облека или, пак, пончо, но за

Англичаните на почетокот на 20 век, Барбери е многу, многу

повеќе.

Сѐ почнува во 1856 година, кога Томас Барбери, претходно

практикант во локална текстилна работилница на само

21 година одлучува да застане на свои нозе и отвора

бутик за ткаенини во тогаш малото гратче Басингсток, во

јужниот дел на Англија. Од почетокот има добра интуиција

и знае да ги препознае потребите на фармерите од

областа, постојано истражувајќи и експериментирајќи со

материјали за да добие ткаенини што ќе бидат соодветни

за неговите муштерии, фанови на лов, риболов и јавање.

Благодарение на неговата посветеност и професионалност

бизнисот набргу се проширува. Бројот на верни клиенти

кои се пронаоѓаат во парчињата скроени со добар вкус и

беспрекорна прецизност расте доволно, за на почетокот

на седумдесеттите бутикот да се претвори во мал трговски

центар или „емпориум“, како што го нарекуваат Англичаните,

со повеќе од стотина вработени. Клучен момент за успехот

на кројачот од провинција е 1880 година, кога сиот вложен

труд и иновативен дизајн резултира со револуционерната

водоотпорна и неуништлива, а сепак лесна и пријатна

ткаенина: габардинот. Оттука, па натаму за Томас Барбери

ќе дознаат сите. Во 1891 година е отворен првиот бутик на

улицата „Хајмаркет“ во Лондон, „Барбери&санс“. Во 1901

година брендот го избира за симбол витезот Прорсум, што

на латински значи „напред“, своевидно навестување дека

брендот нема намера да запре. Напротив, се зацврстува и

станува вистинска институција што ја придружува Велика

Британија во важни моменти од нејзината историја. Најпрвин

се официјални снабдувачи на британската експедиција на

Антарктикот, зашто никој подобро од Барбери не би можел

соодветно да одговори на предизвикот на временските

услови со кои ќе се соочат британските херои, а подоцна,

за време на Првата светска војна, тимот на Томас Барбери

ја добива важната задача да ги скрои униформите на

британската армија, повеќе од петстотини илјади парчиња.

Токму од овој период потекнува еден од најкултните модели

на брендот, „Burberry trench coat“, мантилот што првично

40

е наменет да одговори на потребите на војниците, но по

завршувањето на војната е парче на британска гордост,

своевиден симбол на издржливоста на целата нација. Да се

носи Барбери значи да се биде горд Англичанец. Во 1917

година Томас Барбери се повлекува и го остава бизнисот

во рацете на своите синови, Артур и Томас јуниор, кои

ја добиваат тешката задача да ја продолжат успешната

приказна.

Ниеден моден бренд не би бил успешен доколку не успее

да ги освои срцата на жените, а се разбира, Барбери не

се наивни. На почетокот на дваесеттите години посветено

работат на рекламни кампањи, како во Лондон, така и

во Париз, трудејќи се да ги убедат припадничките на

независност, но и иновативниот имиџ. Во таква пасивна

состојба ќе остане сѐ до втората половина на деведесеттите

години кога го допира дното со ниски заработки и сосем

исчезнува од медиумите. За да ја спаси од пропаст, ГУС

го менува водството на модната куќа, назначувајќи ја Роуз

Мари Браво за генерален директор. Исправен потег, зашто

Браво веднаш внесува креативна свежина, потпомогната

од Фабиен Барон (поранешен соработник на Келвин Клајн),

фотографот Марио Тестино, топ-моделите, кои ќе бидат

нови заштитни лица, Стела Тенант и Кејт Мос, и пред сѐ

двајцата беспрекорни стилисти, Роберто Маникети, а од 2002

година до денес Кристофер Бејли. Тимот е полн погодок.

За само неколку години Барбери се враќа во живот со нов,

освежен имиџ и комплетна реорганизација на колекциите.

понежниот пол дека корисното знае да биде и убаво и дека

нивните херојски палта освен издржливи, знаат да бидат и

нежни, со адаптиран дизајн и попрефинети ткаенини. И ако

тоа не е доволно, во 1924 година настапува елементот што ги

прави уште пооригинални и неодоливи: карираната постава.

Идејата Барбери ја добиваат од дезенот на покривките што

се неизбежен детаљ во секоја англиска куќа во ладните

зимски денови. Така, нивните палта стануваат уште потопли,

естетски попривлечни и пооригинални. А и фраерски, ако

се земе предвид дека во четириесеттите мантилот е дел од

имиџот на Хемфри Богарт во легендарната завршна сцена

на „Казабланка“, а подоцна ќе го носи и неодоливата Одри

Хепберн во „Појадок кај Тифани“. И додека од една страна

го освојува Холивуд, од друга страна се зацврстува во

Велика Британија како официјален снабдувач на нејзиното

височество, кралицата Елизабета Втора.

Но, како и сите брендови со долга историја, и Барбери

има тешки денови (ако не и години или цели децении).

Издржливоста на габардинот не успева да го спаси

брендот од внатрешната криза. При крајот на педесеттите

Барбери ја купува британскиот гигант Great Universal Stores

(ГУС). Модната куќа истовремено ја губи својата семејна

Денес, модната куќа нуди различни линии, како Прорсум

(поелегантна), Лондон (покласична) и Брит (посекојдневна).

Сликата станува уште поцелосна ако се додадат колекциите

за деца, модните додатоци и козметиката.

Во прилог на модната линија и на модните додатоци, брендот

Барбери нуди ексклузивна линија на парфеми за мажи и

жени, повеќето од нив во шишиња украсени со карираниот

препознатлив дизајн во договор со компанијата „Интер

парфумс“. Првиот парфем на Барбери е од 1981 година од

машката линија „Burberry for men“. Парфемите на Барбери

се направени во соработка со познатите производители на

парфеми. Меѓу најпознатите парфеми е и „Weekend and

Touch“ од 2000 година. „Burberry Brit“, што излезе во 2003

година, постигна голем успех, a по него следуваа и „Brit

Red“, „Brit Gold“, „Brit for men“ и „Brit Anniversary Edition“.

П.С. Ако случајно фан на брендот и се најдете во Лондон,

можете да го посетите и нивното отмено кафуле „Томас“

отворено минатата година, што го негува не само името туку

и духот на стариот Барбери. И не, нема карирани тапети.

Историја на костими

за капење

Како се приближува летото, така почнува „женската треска“, потрага по совршен модел на костим за капење. Модни ревии,

каталози, веб-сајтови нудат стотици различни модели, бои и кроеви, со цел секоја жена да го најде својот идеален избор.

Костимите за капење низ историјата од нужна потреба прераснале во престижен летен моден додаток, за кој жените

некогаш се подготвени да потрошат вртоглави суми. Но, како било низ минатото кога постоел само еден модел или кога

различни парчиња на облека се користеле како костими за капење.

Низ вековите се менувал степенот на прифатливост на голотија

и со тоа и изгледот на костимот за капење. Во стара Грција и

во стар Рим познато било дека сите се капеле голи. Постојат

безброј фотографии од грчките и од римски бањи, каде што

мажи и жени седат одвоено.

Во 19 век почнува да се

употребува дводелниот

костим за капење, што

воопшто не бил сличен

на денешниве. Долниот

дел од тоа време многу

потсетува на денешните

долни тренирки. Мажите и

жените одвоени, облечени

во нивната секојдневна

облека, биле носени со

популарните машини за

капење, неколку метри

од брегот во подлабока

вода. Притоа, тие се

пресоблекувале во

кабините на машините,

скриени од погледите на

спротивниот пол.

Во 18 век женските костими за капење

биле слични на денешните балски фустани,

затворени, со долги ракави и повеќе слоеви.

Дополнителна лоша страна им бил дебелиот

материјал од кој биле изработени, за да не

бидат провидни.

42

Во 20 век почнува вистински „бум“ и се менува целокупниот

поглед кон костимите за капење. Во 1907 година,

австралиската пливачка Анет Келерман била уапсена за

време на посетата на САД, зашто нејзиниот костим за капење

„откривал“ премногу. Подоцна таа создала нејзина модна

линија, едноделни костими за капење, што веднаш била

етикетирана како навредлива. Низ годините костимите за

капење почнале да се „скратуваат“. Прво исчезнале ракавите,

потоа ногавиците. Почнале да се употребуваат сѐ поудобни и

практични материјали.

„Бикини“ е убедливо најславниот модел на костими за капење.

Првите бикини се појавиле по Втората светска војна, а името

го добиле по тестовите на нуклеарно оружје наречени „Бикини

атол“, т.е. по големиот експлозивен ефект во овие тестови. И

бикините имале свој еволутивен пат, прво го покривале папокот,

за потоа постепено да се смалуваат и денес ги покриваат само

интимните делови од телото. Денес, често се користат и тангабикините.

Тие настанале во Бразил во осумдесеттите години,

инспирирани од облеката на племињата населени покрај

Амазон.

Најважни правила при избор на костим

за капење е тој да прилега на градбата

на телото, односно да ги прикрива

недостатоците, а да ги истакнува атрибутите

и, најважно, да се чувствувате удобно.

43

Pure Lines

Фотограф: Жарко Чулиќ

Модел: Ивана Караџова, Моделс Ин

Стилист: Бојана Максимовска

Асистент стилист: Ана Коцевска

Локација: Public Room

44

MARELLA панталони 9.090 ден.

MARELLA фустан 10.490 ден.

45

46

MAX&CO кошула 4.753 ден.

MAX&CO панталони 6.153 ден.

47

48

PARFOIS обетки 490 ден.

PARFOIS прстен 390 ден.

MANGO фустан 1.490 ден.

50

MANGO фустан 790 ден.

MANGO фустан 790 ден.

MAX&CO здолниште 6.503 ден.

51

52

GLOOMY SUNDAY

ФОТОГРАФИЈА: Горан HLVK Поповски

МОДЕЛ: Мина К

МОДА: YES MASTER LINGERIE & NOBLESSE OBLIGE LINGERIE, креативен директор Игор Пачемски

СТИЛИСТ: Мартин Нинов

НАКИТ: Cheap Monday, YAKA NEON

ШМИНКА И ФРИЗУРА: Грета Стефанова

ЛОКАЦИЈА: Creative Hall Studio

BAG MAGIC

MANGO бела чанта 1.590 ден.

PARFOIS розова чанта 1.890 ден.

CARPISA светло розова чанта 2.090 ден.

PARFOIS тегет чанта 1.890 ден.

60

Фотографија: Жарко Чулиќ

PARFOIS жолта чанта 1.590 ден.

CARPISA тексас чанта 1.790 ден.

CARPISA кафена чанта 1.790 ден.

CARPISA зелена чанта 2.090 ден.

61

Портрет мода

POLO RALPH LAUREN целосни панталони 15.800 ден.

MANGO маица со палми 1.590 ден.

MOTIVI панталони 1.990 ден.

BATA сандали 3.490 ден.

MANGO чанта 2.990 ден.

62

Портрет мода

TOMMY HILFIGER тексас фустан 11.290 ден.

GUESS јакна 11.390 ден.

TOMMY HILFIGER блуза 6.600 ден.

CARPISA чанта 2.790 ден.

PARFOIS еспадрили 1.490 ден.

Фотографија: Жарко Чулиќ

63

Портрет мода

MANGO маици 1.990 ден.

POLO RALPH LAUREN фармерки 12.700 ден.

PARFOIS жолта чанта 2.190 ден.

PARFOIS шарена чанта 2.490 ден.

PARFOIS очила за сонце 890 ден.

64

Портрет мода

Фотографија: Жарко Чулиќ

TOMMY HILFIGER фустан 9.400 ден.

TOMMY HILFIGER блуза 6.700 ден.

BATA штикли 6.290 ден.

BATA сандали 2.890 ден.

CARPISA несесер 1.090 ден.

CARPISA сина чанта 2.090 ден.

PARFOIS ранец 1.890 ден.

65

Портрет мода

MANGO 3.290 ДЕН.

TIMBERLAND 6.490 ДЕН.

BATA 4.290 ДЕН.

PARFOIS 2.290 ДЕН.

66

Портрет мода

PARFOIS 1.290 ДЕН.

TIMBERLAND 8.990 ДЕН.

BATA 4.290 ДЕН.

GEOX 5.890 ДЕН.

Фотографија: Жарко Чулиќ

67

MANGO чанта 2.490 ден.

MANGO патики 2.490 ден.

PARFOIS бела чанта 1.890 ден.

1

Black and white

MANGO маица 990 ден.

MANGO фармерки 1.490 ден.

PARFOIS чанта 790 ден.

PARFOIS обетки 490 ден.

PARFOIS сандали 2.290 ден.

68

PARFOIS ранец 1.990 ден.

PARFOIS сандали 1.490 ден.

PARFOIS чанта 790 ден.

2

Simplicity is the best way

GUESS маица 2.490 ден.

MANGO кратки панталони 1.990 ден.

PARFOIS патики 1.490 ден.

69

PARFOIS сандали 790 ден.

MANGO чанта 1.590 ден.

GUESS патики 3.390 ден.

3 Hot and minimal

PARFOIS фустан 1.290 ден.

PARFOIS очила за сонце 1.090 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Модел: Горјана Кулишевска, Моделс Ин

Стилист: Бојана Максимовска

70

Портрет убавина

CLINIQUE SPF

30 MINERAL SUN-

SCREEN лосион за тело со

заштитен фактор 1.809 ден.

Нежниот, 100 % минерален

лосион е неверојатно пријатен и

нежен дури и за најчувствителна

кожа. Лесната, немасна формула

се впива брзо во кожата и ја

штити од сонцето без да ја

иритира.

BIOTHERM EAU

SOLEIL ревитализирачко

млеко за тело 1.220 ден.

Ароматичното млеко за тело,

освен хидратација, ќе ѝ даде длабока

нега и енергија на вашата кожа што

е особено важно во летниот период

исполнет со високи температури.

Дополнително летно освежување

нудат мирисните ноти на свежи

лимони, слатка смоква и сочни

портокали.

NATURE’S

SPF 50 стик со

заштитен фактор 420 ден.

Мазниот стик е специјално

дизајниран за заштита на

најделикатните и најчувствителни

делови на телото како усните, носот,

пределот околу очите, ушите, бенките

и слично. Идеален за во лето, но

и за во зима, односно при сите

екстремни временски услови.

Не содржи мирис.

Забава

во лето

Заштитена, хидратизирана и свежа кожа и на плус 40 степени.

Најзначајната грижа на кожата во лето е поврзана со грижата

што е соодветна за високи летни температури. Се започнува од

заштитата додека сте изложени на сонце, па понатамошната

NATURE’S SUN

SPF 15 крем за лице

и тело со заштитен фактор

666 ден.

Идеален за нормална кожа со

потемен тен. Содржи формула со

моќна УВА и УВБ заштита, меланин

што гарантира интензивен тен и

млеко од кајсија за навлажнување

и нега на кожата. Се впива

брзо и не остава траги по

кожата.

грижа за дополнителна хидратација.

NATURE’S SPF

50 SUN спреј за лице

и тело со заштитен фактор

840 ден.

Благодарение на новиот филтеркомплекс,

овој водоотпорен спреј

за сонце овозможува долготрајна

заштита, дури и од инфрацрвените

зраци. Специјалните микро-капсули

во него ја штитат кожата од алергии

и хиперсензитивност. Не содржи

алкохол, а е соодветен и за

најсветлите и најнежни

типови кожа.

71

МЕЛЕМ Е МЕЛЕМ,

ОСТАНАТИТЕ СЕ

САМО КРЕМОВИ

Целосно е природен, ефикасен и делотворен за секојдневна

нега на кожата на целото тело.

Мелем е заштитен крем кој содржи висококвалитетни,

природни состојки - ланолин, пчелин восок и рицинусово

масло.

Ланолинот ја прави кожата мека, мазна и заштитена.

Надразнетата кожа брзо и нежно ќе ја смири и ќе помогне

при брзото заздравување.

Пчелниот восок има анти-воспалително дејство и ја

навлажува и храни Вашата кожа. Во комбинација со

рицинусовото масло помага за побрзо заздравување,

правејќи ја кожата мека и нежна.

НЕЖЕН И ЕФИКАСЕН ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО, СЕКОЈ ДЕН.

Со своите активни состојки, Мелем секојдневно ја негува

Вашата кожа.

Кожата полесно и побрзо се обновува, не е надразнета, а со

секојдневно користење на Мелем станува мека, еластична и

заштитена.

Мелем создава заштитна бариера на кожата, штитејќи ја од

негативни надворешни влијанија, а во исто време ѝ помага

сама да се хидратизира. Со секојдневното користење на

Мелем, кожата ќе биде прекрасна!

Со своето благотворно дејство, рацете, ноктите, нозете,

лактите, бебешката кожа па дури и врвовите на Вашата коса,

ќе бидат негувани и меки во секое време. Мелем ефикасно

ја негува и ја штити кожата на усните, лицето и целото тело

и ги спречува негативните влијанија врз кожата во текот на

целата година.

Затоа Мелем е најефикасниот универзален крем во којшто

корисниците имаат долгогодишна доверба и своето

задоволство го пренесуваат на генерациите.

Со својата линија на единствени производи, Мелем Ви нуди

задоволство на убава и негувана кожа.

Исклучително широкото подрачје на примена и многуте

долгогодишни корисници на Мелем, го прават идеален

универзален крем, како и единствен и посебен помеѓу сите

останати производи за нега на кожа.

Токму заради неговата широка примена и единствен

благотворен ефект, љубителите на Мелем знаат дека Мелем

е Мелем, останатите се само кремови.

ОТВОРЕТЕ, НАНЕСЕТЕ, УЖИВАЈТЕ

Што можеме да направиме за 3 секунди? Доволни се само

3 секунди нега на ден со Мелем за одржување на совршено

сјајна кожа.

Едноставно е - отворете, нанесете, уживајте. Негувајте ја

кожата на усните, лицето, рацете и нозете и подарувајте ѝ го

чувството на совршена нега и мекост.

Мелем е нежен заштитник и сојузник на секое семејство и

секоја кожа ќе ја направи понежна, помека и посјајна.

Свеж и природен изглед

MISSLYN PERFECT MATCH

руменило 400 ден.

Неодолив пилинг за тело

L’OCCITANE AMANDE DELICIOUS PASTE

пилинг за тело 2.290 ден.

Иновативна маска со инстант ефект

ESTEE LAUDER ADVANCED NIGHT

REPAIR POWERFOIL маска за лице

5.868 ден.

Summer

treats

Нега на вашата кожа, необична боја на кармин за усни и слатки летни мириси се

она што ви е потребно за инстант подобрување на расположението. Пред било што

да направите, направете еден темелен пилинг на целото тело. Ова се нашите летни

фаворити и омилени козметички производи за овие претопли летни денови.

Заводлив летен мирис

ESCADA AGUA DEL SOL

EDP 50 ML. 3.510 ден.

Матирани усни

ARTDECO PERFECT MAT

кармин за усни 650 ден.

Сјаен прајмер

ESTEE LAUDER GENUINE GLOW

прајмер 2.369 ден.

Портрет убавина

СЕНЗУАЛНОСТ СО

PIVOINE SUBLIME

Прекрасниот цвет од божур нѐ придружува наутро и навечер

со три основни чекори кои се надополнуваат, подготвувајќи ја кожата

за неверојатно едноставна рутина за нега на кожата од L’OCCITANE.

НОВА РУТИНА ЗА УСОВРШУВАЊЕ - ЧИСТЕЊЕ, ХИДРАТАЦИЈА, ПИЛИНГ

74

2IN1 ПИЛИНГ ЗА

ЛИЦЕ

100ml. 1.490 ден.

Со екстракт од божур, деликатни

микрогранули и микро-пилинг активни

состојки, овој иновативен гел поврзува два

сензуални производи за нега на лице во

еден. Маска и/или пилинг, со неверојатна

текстура се трансформира во масло за

чистење, нежен пилинг и ја прави кожата

еластична. Нечистотиите и мртвите клетки

се отстранети и кожата добива совршен

изглед. Текстурата на кожата изгледа мазна

и изедначена со помалку видливи пори.

ОТСТРАНУВАЧ НА

ШМИНКА

200ml. 1.590 ден.

Свеж и лесен,овој гел збогатен со

екстрактот „Pivoine Perfectоr“ е

неверојатно ефикасен во отстранувањето

на шминка од лицето, очите и усните.

Нежно ја чисти кожата, оставајќи свеж

изглед.

ТОНИК ЗА

СОВРШЕНА

ХИДРАТАЦИЈА

200ml. 900 ден.

Овој чекор за хидратација и

освежување ја надополнува рутината за

отстранување на шминка и ја оживува

кожата. Формулата збогатена со

екстрактот „Pivoine Perfectоr“ помага

да се намали ефектот на зголемени

пори, оставајќи ја кожата сјајна со мазен

и нежен изглед. Наутро и навечер ја

хидратизира кожата и ја подготвува за

понатамошните чекори за нега на кожа.

Портрет убавина

PALMOLIVE гел за туширање

со мирис на јагода, ванила

или чоколадо 140 ден.

OIL INFUSION мицеларна вода 290 ден.

OIL INFUSION дневен крем 590 ден.

BIOTHERM LIQUID GLOW SKIN BEST

серум за лице 2.890 ден.

ПРОИЗВОДИ

ЗА КОЖА БЕЗ

МААНИ

Без оглед на вашиот тип на кожа и возраста во која се наоѓате, кожата на телото, а

NATURE’S VANIGLIA гел за

туширање 384 ден.

особено на лицето бара голема нега на дневна основа. Не прескокнувајте ја негата и

чувајте ја вашата кожа најдобро што можете.

MELEM природна

заштитна крема

за чувствителна

кожа 10 ml.

159 ден.

LUSH AROMACO дезодоранс 495 ден.

Без алуминиум, а сепак моќно

оружје против несаканата миризба и

прекумерното потење.

MELEM

во стик 159 ден.

MELEM природна

заштитна крема за

чувствителна кожа 35

ml. 299 ден.

75

76

DSQUARED2 WANT EDP 50ml. 3.998 ден.

DOLCE & GABBANA LOVE IN CAPRI EDT 50ml. 2.770 ден.

JEAN PAUL GAULTIER CLASSIQUE EDP 50 ml. 4.510 ден.

CELEBRATE SUMMER

LISCA долен дел: 980 ден.

LISCA горен дел: 1.329 ден.

MANGO папучи 1.590 ден.

PARFOIS шешир 1.290 ден.

79

LISCA костим за капење 4.339 ден.

PARFOIS очила за сонце 1.390 ден.

LISCA костим за капење 4.009 ден.

PARFOIS сандали 790 ден.

LISCA костим за капење 4.009 ден.

PARFOIS шешир 1.490 ден.

MANGO сандали 1.490 ден.

Фотограф: Жарко Чулиќ

Модел: Емилија, Моделс Ин

Стилист: Ана Коцевска

82

LISCA дводелен костим за капење 4.619 ден.

PARFOIS очила за сонце 690 ден.

PARFOIS чанта 1.090 ден.

83

Семеен портрет

Кога приказната трае

подолго од филмската лента

„Никој не напишал подобра романса од таа што ја живеевме

ние“, се зборовите на Лорин Бекол, понежната половина од

една од најромантичните двојки во историјата на Холивуд.

Другата половина е легендарниот Хемфри Богарт, а нивната

приказна е повозбудлива и подраматична од сите четири

филмови во кои глумеле заедно. Прашање на време е кога

таа ќе биде пренесена на филмското платно или, подобро,

вратена таму од каде што почнува сè. Всушност, „Парамаунт

пикчрс“ во својата архива чува своевиден мини-филм за оваа

двојка со етикета: „Филмска лента: Кога приказната станува

реалност“. Се работи за триминутно видео од нивната

интимна венчавка во Охајо, каде што Боги, за разлика од

вообичаените улоги во кои држи пиштол, овој пат држи нож

и ѝ помага на својата сопруга во сечењето на невестинската

торта, позбунет и пошармантен од кога било.

Кои се Хемфри Богарт и Лорин Бекол пред да станат тоа по

што ќе ги памети цел свет? Тој се раѓа на 25 декември 1889

година, како најстаро дете на успешен кардиолог и сликарка.

Израснува во семејство каде што, освен љубов и внимание,

не недостига ништо друго. Амбициозните планови на

родителите за кариерата на најстариот син пропаѓаат рано,

бидејќи Боги не покажува никаков интерес за училиштето.

На 18 години, предводен од љубовта кон морето, одлучува

да се приклучи на морнарицата. Втората голема љубов,

глумата, ја открива малку подоцна, кога по завршувањето

на војната почнува да работи во театар како помошник зад

сцената. Никогаш не посетувал часови по глума, но театарот

го возбудува и наскоро ја добива својата прва улога. Откако

ќе помине десет години, играјќи помали улоги во театарот

Бродвеј, доживува општа криза и, како многу други актери,

Богарт се упатува кон Холивуд. Првата значајна улога ја игра

Пишува: Џејлан Рустемоска

Портрет на љубовта на Хемфри Богарт и Лорин Бекол

во 1936 година во филмот „Скаменета шума“.

Додека Богарт си го пробива патот меѓу славните, во 1924

година се раѓа Бети Џоан Перски, многу попозната како

Лорин Бекол. За разлика од неговото, нејзиното семејство

е поскромно. Иако успева да се стекне со солидно

образование, нема доволно средства за да продолжи со

часови по глума и почнува да се занимава со манекенство.

Кога Лорин има 18 години во киносалите се прикажува

„Казабланка“, филмот што ќе го вивне Хемфри Богарт меѓу

ѕвездите и ќе му ја донесе толку посакуваната слава меѓу

актерите, а и меѓу жените. Патем, Лорин е една од ретките

која, гледајќи го филмот, не може да сфати што наоѓаат

толку неодоливо нејзините пријателки во главниот лик.

Ќе сфати две години подоцна. Благодарение на популарноста

на „Казабланка“, Хемфри Богарт ја добива главната улога во

84

пролет-лето 2016

„Да се има и да се нема“, адаптација на делото на Ернест Хемингвеј во режија

на Ховард Хокс. Недостига само партнерка, а сопругата на Хокс ја предлага

фасцинантната девојка од насловната страница на модно списание што ѝ

го привлекла вниманието. Така, Лорин Бекол ќе се најде рамо до рамо со

истиот тој Богарт, кој ѝ изгледаше сосем непривлечно во „Казабланка“, само

што овој пат ќе ѝ биде партнер во кој првпат треба да глуми вљубеност. На

почетокот не е особено заинтригирана, ѝ изгледа љубезен и срдечен, ништо

повеќе. Но, мразот постепено се топи како што Боги се обидува да ја опушти

и да ѝ помогне да ја надмине почетничката трема. Му успева и меѓу нив се

создава посебна сојузничка и пријателска атмосфера. На сетот изгледаат

хармонично и забавно. Три недели подоцна, низ една од нивните спонтани

шеги во соблекувалната на Лорин, Боги ja бакнува импулсивно. Како во

филмска цена, ѝ подава кутија кибрит да му го запише бројот и истата ноќ

ѝ се јавува првпат. Иако ништо не се случува пребрзо, тие стануваат едно на

сетот и поминуваат сè повеќе време заедно надвор од сцената, а кога не се

заедно, се преплавуваат со љубовни писма и телеграми. Привлечноста еден

од друг совршено се одразува на нивната глума, што не е веќе глума, и му

носи одличен успех на филмот, иако режисерот отворено се спротивставува

на нивната врска, трудејќи се да ја вразуми Лорин, да ја потсети дека Богарт

ќе си поигра со нејзините емоции и таа брзо ќе му здодее. Ни мајка ѝ не е

воодушевена кога открива за аферата на Лорин со 25 години постар и

оженет љубител на алкохол. Но, Богарт нема намера да си поигра, а Лорин

нема намера да го напушти. Се чини дека не е само афера туку вистинска

љубов што продолжува и за време на нивниот втор заеднички филм „Длабок

сон“. Неколку недели по почетокот на снимањето Богарт ќе побара развод од

својата трета (хистерична) сопруга и во 1945 година, со интимна церемонија

во Охајо Лорин ќе стане неговата последна животна сопатничка.

Ќе бидат заедно цели десет години, ќе играат во уште два заеднички филма,

ќе имаат две деца, Стивен и Лесли, и ќе станат една од најуспешните двојки

на златната доба на Холивуд. Како и во секој брак, макар и да е холивудски,

не оди сè како подмачкано. Возраста е само една од разликите: тој сака да

го минува времето дома, таа сака забава и ноќен живот, тој го сака морето,

таа пати од морска болест, тој обожава да ја гледа во улога на домаќинка, таа

не е воодушевена. Повремените несогласувања ги решаваат со вонбрачни

афери, но и покрај тоа, остануваат поврзани со нераскинлива комбинација

од љубов и пријателство. Својата преданост Лорин ја докажува кога во

1956 година на Богарт му дијагностицираат рак на грло, а таа го негува и му

останува најголема поддршка сè до крајот, една година подоцна. На нејзини

33 години Боги ја напушта засекогаш, оставајќи ѝ празнина што идните мажи

во нејзиниот живот (меѓу кои и Френк Синатра) нема да успеат да ја пополнат.

Погребан е со златна свирка, подарок од Лорин пред венчавката, асоцијација

на репликата од нивниот прв заеднички филм „Ако нешто ти затреба, само

свирни ми“. Сепак, Боги ја остава да живее уште повеќе од половина век

без него, доволно за да изгради успешна филмска кариера и да ги одгледа

нивните деца.

No.30

No.29

No.32

Matt Lasting Lip Color

* кармини со долготраен

мат ефект

* витамин Е

за хидратација

* Сончеви

филтри SPF 15

* БЕЗ ПАРАБЕНИ

Увозник и дистрибутер:

МЕРКУР ТРЕЈД

Скопје 02/3130008 Битола 047/234004

No.31

Air Touch

Bronzer

* исончан

изглед со

блескав

ефект

* БЕЗ ПАРАБЕНИ

Семеен портрет

ОДГОВОРНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ

ПРИ ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА

Растењето и воспитувањето на децата е една од

најубавите, но истовремено и една од најтешките

задачи на светот. Неретко, родителите се чувствуваат

неподготвени за таа важна задача, бидејќи се плашат од

грешки. Поради тоа, често се случува да се поставуваат на

начин што ним им се чини правилен, иако можеби за детето и

не претставува правилна насока во созревањето. Генерално,

во психолошката практика малку се зборува за грешки во

воспитувањето на децата. Повеќе се зборува за начини на

грижа, однесување, ставови и вредности што се пренесуваат

на децата, но сè повеќе се истакнува родителската

одговорност. На оваа тема поразговаравме со Вида

Гаврилоска, психолог, семеен и системски психотерапевт

од „Алтернатива“, институт за брак, семејство и системска

практикa, школа за семејна и системска психотерапија и

центар за едукација, психологија и советување.

СТИЛОВИ НА ВОСПИТУВАЊЕ

Гаврилоска објаснува дека ако се изостави кршењето

на основните детски права, како насилство, негрижа,

запоставување, што се многу повеќе од грешки, родителите

најчесто во однос на децата се поставуваат на авторитативен

(автократски), попустлив (занемарувачки) и демократски стил

на воспитување.

„Авторитативниот стил се одликува со висока когниција,

рационалност, строго одредени правила, додека

емоционалноста најчесто не се отсликува во секојдневните

ситуации и има помало влијание во донесувањето одлуки

за сметка на контролата. Децата повеќе се фокусирани

на контрола, правила, почит на сè она што е во состав на

семејните вредности, а помалку на емоционалните реакции.

Ваквиот стил на воспитување е најсоодветен кога децата

се на мала возраст. Попустливоста се одликува со крајно

флексибилни правила што може, што е дозволено, што е

добро, а што не е, и правилата траат многу кратко време.

’Строгото правило‘ од вчера, веќе утре не важи или едно

правило не важи за слични ситуации. Ваквиот воспитен

стил може да биде збунувачки особено за младите деца и

да придонесе за тешкотии во нивната социјална и семејна

адаптација. Карактеристично за ова воспитување е висока

емоционалност, а слаба контрола или слаба емоционалност

и слаба контрола. Најчесто, овој стил дозволува поголемо

влијание во воспитувањето на градинката, училиштето,

врсниците... Често се појавува и феноменот на родителство

преку две генерации, бабите и дедовците се родители на

своите внуци“, објаснува психологот.

Таа додава дека демократското воспитување се одликува

со добар баланс помеѓу емоционалноста и контролата, со

добро поставени правила што се во согласност со потребите

и на децата и на родителите и дозволуваат редефинирање и

промени.

Семеен портрет

„Кон кој стил ќе биде наклонет секој родител зависи од

повеќе фактори, како индивидуалните карактеристики,

структурата на личноста, семејната историја, искуството,

стиловите на неговите родители, општествените прилики,

како и културата во која живее. Најчесто, тешкотии се

среќаваат кога родителите не се сложни во заедничкиот

воспитен стил. Едниот родител, на пример, е крајно

принципиелен, другиот е крајно попустлив. Ваквата

ситуација бара од децата на психолошко ниво да ги

задоволат очекувањата и на двата родители, што логично

е тешко изводливо. Мошне компликувана ситуација е кога

истиот родител испраќа двојни пораки кон детето“, додава

Гаврилоска.

ОДНОСОТ РОДИТЕЛ-ДЕТЕ КАКО ОБОСТРАН ПРОЦЕС

Времето поминато со децата треба да соодветствува на

возраста на детето. Кога децата се мали практично се во

фузирани односи со родителите, најчесто со мајката, а во

текот на растењето треба да му се остава повеќе простор на

детето без родителите.

„Исто така, времето и вниманието посветено на детето треба

да соодветствува со индивидуалните потреби и развојниот

циклус на детето. Најчесто, децата имаат повеќе потреба од

родителите во текот на нивните очекувани развојни кризи,

како поаѓање во градинка, училиште и слично, но и во нешто

што е неочекувана криза (болест, конфликт со врсници,

несовладување на училиштен материјал...). Односот

родител-дете е обостран процес. Кога родителите се

постојано присутни и ги задоволуваат потребите на децата,

а тоа не соодветствува за возраста, потребите и можностите

добро е да се прашаме чии потреби се задоволуваат во

таквите релации“, вели психологот.

Огромна е одговорноста на родителите во каква личност

ќе се изгради детето. Децата, особено малите, го гледаат

светот низ призма на родителските очи. Тие се одраз

на ставовите, вредностите и верувањата на родителите.

Децата, особено на рана возраст, не можат да проценат што

им е корисно, што не и одлуките треба да бидат во рацете

на возрасниот. Во однос на вниманието што се дава преку

постојано купување играчки или подароци на малите деца,

Гаврилоска вели дека колку и какви играчки ќе купуваат и

кои вештини ќе ги поттикнуваат со играчките е прашање на

одлука на возрасните.

„За правилни одлуки родителите треба добро да

ги познаваат децата. Доколку купувањето покажува

емоционална размена (на пример, ’Ние ти купуваме – тоа е

начинот на кој ти покажуваме дека те сакаме‘), очекувано

е децата често да го сакаат тоа, но воедно е и поттик за

размислување за родителите на кои сѐ начини покажуваат

на своите деца дека ги сакаат“, додава психологот.

одбивање да оди во градинка, училиште, повлекување,

агресивност, намален училиштен успех...

„Родителите треба добро да го подготват првороденото

дете за доаѓањето на новиот семеен член. Најважно е

да не се разниша или да се загрози чувството на љубов и

сигурност кон првороденото дете. Добро е, и колку може да

му се дозволи на детето да учествува во некои активности

поврзани со новороденото“, вели Гаврилоска.

Таа вели дека доколку кај детето се јават некои стравови, на

пример од темница, несакање да спие само во соба, страв

од непознати или други деца, па дури и мокрење в кревет

на поголема возраст, тие ситуации најчесто се апел, повик

за промена во семејното функционирање и бараат промени

на повеќе нивоа.

„Некогаш ваквите состојби се дел од развојот и можат да се

надминат во кругот на семејството. Но, некогаш опстојуваат

долго и/или се продлабочуваат. Ваквата состојба бара

консултација на стручни лица. Кај возрасните најчесто

доминира мислењето дека родителите треба спонтано

да знаат и да умеат да ги разрешуваат ваквите ситуации.

Консултација со стручно лице најчесто се поврзува со

болест, неуспех, неумешност, критика, етикета, страв

од непознато и страв од промена. Ваквиот став, што е

генерално општествен, па и културен, ја одложува одлуката

за посета на стручно лице, често до степен кога ситуацијата

е доста продлабочена“, објаснува психологот.

Гаврилоска заклучува дека никој не се раѓа подготвен за

улогите со кои се среќава во животот и дека природно е да

има и кризни периоди кои можат да водат кон тешкотии, но и

можат да бидат основа за стекнување на нови идеи, ставови,

правила, нови обрасци на однесување што ќе придонесат за

поквалитетен живот и поголемо животно задоволство.

СТРАВОВИ И ЉУБОМОРА КАЈ ДЕЦАТА

Се случува кога на свет ќе дојде новороденче, брат или

сестра, првото дете да почувствува или да покаже знаци на

промена во однесувањето, на пример, љубомора. Според

Гаврилоска, низата промени може да се манифестира

кај децата на многу различни начини како регресивно

однесување што било специфично за порана возраст како

враќање да спие со родителите, барање или да го хранат,

облекуваат, капат или одбивање храна, кршење играчки,

87

Семеен портрет

ИСПЛИВАЈТЕ

ГО ЛЕТОТО

заедно со вашите најмали и најмили

Д

етството е период на љубопитност и разрешување

мистерии, развој и совладување нови вештини,

истражување и забава. А ништо позабавно во топлите

летни денови од разладување во вода, било да се работи

за најмалите кои поради вишокот енергија се нескротливи

во затворен простор или за малку поголемките, на кои по

долгата школска година сонце и вода им се први асоцијации

за весел распуст. За родителите од друга страна, доколку

сѐ уште не избрале некоја редовна спортска активност

за сопствените деца, летото е идеална прилика да ги

приближат кон пливањето како еден од најпрепорачуваните

спортови за правилен развој на телото и умот што може да

го практикуваат преку целата година.

Семеен портрет

ЗОШТО ТОКМУ ПЛИВАЊЕ?

Пред сѐ бидејќи водата колку

што знае да биде привлечна и

возбудлива за децата, за жал

е исто толку и опасна. Според

статистичките податоци

давењето е втора на листата

причини за смрт при несреќен

случај кај децата на возраст до

14 години. Само еден чекор

повеќе при прошетки покрај

вода или посилен бран додека

играат во песок може да бидат

фатални доколку најмалите

не знаат да ги прилагодат

своите движења или уште не

го совладале стравот од вода.

Пливањето од најрана возраст

ќе ги направи посигурни

во себе и долгорочно ќе ја

намали опасноста од несакани

последици при контакт со

водени површини.

УРАМНОТЕЖЕН РАЗВОЈ НА

ТЕЛОТО

За разлика од спортовите при

кои се активира одредена група

на мускули за сметка на други,

како на пример тенисот или

велосипедизмот, пливањето

овозможува урамнотежен

развој на мускулите. Напорот

е рамномерно распореден по

целото тело придонесувајќи

за симетричен и хармоничен

раст кај децата. Згора на тоа,

практикувањето на овој спорт

е од голема помош за правилно

држење на телото. Педијатрите

го препорачуваат во случај

на кифоза или сколиоза.

Доколку и вие сте од групата

родители кои мора постојано

да ги потсетуваат децата да не

седат во згрбавена положба,

пливањето ќе ви биде од помош

со тоа што ќе ги привикне да

го држат исправен грбот и да

имаат поелегантно држење на

телото без да забележат.

Придобивките од оваа

физичка активност за

мускулно-скелетниот апарат

се неспорни, па дури и кај деца

кои редовно се занимаваат

со било кој друг спорт,

пливањето значително ќе

придонесе за надополнување

и балансирање на мускуната

активност, релаксација или пак рехабилитација при

одредени телесни повреди. А кога сме кај повредите, токму

пливањето се вбројува меѓу спортовите со најмал ризик

од истите поради отпорот на водата. Дури и во случај на

помали повреди, за разлика од останатите спортови, може

да се продолжи со тренинг без да се форсира повредениот

дел.

Пливањето гарантира не само здрав развој на коските

и мускулите, туку и на срцето и белите дробови,

подобрувајќи го и зајакнувајќи го кардиоваскуларниот

систем. Допринесува и за координирано користење на

екстремитетите и ја подобрува способноста за перцепција

на телото, правејќи ги децата посвесни за сопствените

движења и телесни граници.

ПЛИВАЊЕТО Е СОЈУЗНИК НА УМОТ

Позитивните ефекти од овој спорт не завршуваат со

физичкиот развој на телото, неспорни се и придобивките

за умот и психичката рамнотежа кај децата. Постојано

практикување на пливањето како физичка активност

придонесува за подобрување на нивната концентрација

и посветеност, особини важни за нивниот општ развој

и надвор од спортскиот контекст, пред сѐ на училиште.

Пливањето како постојана воншколска активност ќе ги

научи како поефикасно да го организираат времето за

да постигнат подобри резултати. Освен тоа, и самите

стануваат сведоци на промените на сопственото тело,

зајакнувањето на мускулите, забрзан раст, а и подобрување

на брзината и вештината во вода благодарение на постојан

тренинг. Задоволството од напредокот се рефлектира на

сите сфери од нивното живеење. Стануваат свесни дека

за да успеат треба да работат на себе и да веруваат во

сопствените квалитети. Им се зајакнува самодовербата,

клучна при развојот на карактерот особено во периодот

пред адолесценција.

ГИ ОХРАБРУВА ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ

Пливањето е одличен спорт за децата со попреченост,

овозможувајќи им истовремено терапија во вода и прилика

за социјализација. Водата ги олеснува движењата на децата

со физички инвалидитет, подобрувајќи им ја моториката, а

згора на тоа делува релаксирачки. Значително ја намалува

вознемиреноста, стресот и депресијата, а ја зголемува

нивната независност и задоволство. Физичката активност

во вода е исто препорачлива и за деца со пречки во видот:

кога се наоѓаат во базен полесно созаваат слика за својата

фигура во просторот користејќи ги нивото на водата или

рабовите на базенот како референтни точки.

ЗАБАВНО Е

Покрај сите придобивки од пливањето за психо-физичкото

здравје на децата, бездруго е одлична забава за целото

семејство и ја отвора вратата кон многу други спортски и

рекреативни активности за кои пливањето е предуслов,

како кајак, нуркање, сурфање и слично, а уште еден плус

е тоа што опремата за пливање чини значително помалку

споредена со други спортови. Затоа, зачувајте ја вашата

физичка форма, набавете гумени мускули за најмалите и

испливајте го заедно ова лето.

89

Семеен портрет

СТРАБИЗАМ

КАЈ ДЕЦАТА

д-р Наташа Гинева,

специјалист офталмолог во

Европската очна болница

Скопје.

Страбизам е состојба при

која очите меѓусебно не се

правилно насочени и немаат

синхронизирана подвижност.

Тоа обично вклучува недостиг на

координација меѓу очните мускули, што

оневозможува насочување на погледот на двете очи во една

иста точка, а со тоа и правилен вид. За видовите страбизам,

кои се симптомите, причините зошто се појавува и како

се лекува зборувавме со д-р Наташа Гинева, специјалист

офталмолог во Европската очна болница – Скопје.

„Неретко доаѓаат родители на тукушто родено бебе,

детенце на шест месеци или веќе поголемо дете од две или

тригодишна возраст, кај кого забележале дека едното или

двете очи се искривени. Всушност, кривењето на очите,

едното или двете, претставува страбизам. Страбизмите во

рана детска возраст можат да се поделат во неколку глобални

групи, како рефрактивна аномалија (потреба од корекција

на видот, далековидост, миопија и астигматизам или

комбинирано) или вродени аномалии, вродени интраутерини

и интраочни инфекции, вродени болести на окото, присуство

на неоплазми. Третата група на страбизам е поради сè уште

не добро синхронизираната координација на околуочните

мускули без органски или рефрактивен проблем. Во

зависност од тоа во која насока криви окото е една поделба

на страбизмите, односно дали е искривувањето навнатре,

дали нанадвор, дали има и вертикална, коса компонента во

кривењето. Понекогаш криват и двете очи, понекогаш може

да е само едното“, објаснува офталмологот.

ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА

За појава на страбизам има повеќе причини, а ризични

фактори, меѓу другото, се и како поминала бременоста, дали

имало проблеми при породувањето, развојот на бебето,

прележаните болести...

90

Семеен портрет

„Генските предиспозиции исто така можат да бидат причина

за страбизам. Доколку во семејството има членови со

страбизам, големи се можностите на појава на страбизам и

кај другите членови. Една од главните причини за страбизам

е намалениот вид (поради далековидост или кратковидост,

мрзливо око – амблиопија, вродена катаракта и/или други

состојби на окото)“, вели д-р Гинева.

Таа додава дека не е лесно да се каже колку е опасно и

дали е некој голем проблем сѐ додека не се направи првиот

преглед.

„Најосновно е да се отстрани сомневањето на втората

група причини што водат до страбизам. Кај рефрактивните

аномалии е поблагопријатно протечувањето и лекувањето

(конзервативно и/или оперативно), како и подобрувањето

на функцијата на окото“, објаснува офталмологот.

Според тоа, која е причината што води до страбизам,

возраста за неговата појава може да биде од раѓањето на

бебето, во подоцниот период во шестиот месец, како и

подоцна, на две или тригодишна возраст.

„Штом се забележи искривување, препорачливо е

родителите веднаш да го однесат детето на преглед“,

дополнува д-р Гинева.

НАЧИН НА ЛЕКУВАЊЕ

Офталмологот вели дека страбизмите што се предизвикани

од рефрактивни аномалии најчесто се подобруваат со

добра корекција на аномалијата, преку носење очила.

„Кај мал процент, кога со носење очила не се постигнува

исправување на очните оски, се стигнува до оперативен

зафат за страбизам. Кога страбизмот е во рана детска

возраст и не личи на рефрактивна аномалија, ниту, пак,

некоја органска промена во окото, тогаш најчесто се

применува ран оперативен третман. Ако страбизмот е од

органска промена (патолошка), може да има намален вид

или отсуство на функција на окото (при вродени инфекции

внатре во окото, аномалии при развој на окото, неоплазми,

вродени катаракти). При страбизам предизвикан од

рефрактивни аномалии најчесто детето има добар вид, но

не бинокуларен. Бинокуларен вид значи сликите од едното

и другото око да се препокриваат на кортикално ниво и

да има тродимензионално гледање. Кога има страбизам,

при поглед право, детето гледа со едно око односно во

две рамнини. Мозокот го исклучува послабото око и го

настранува“, објаснува офталмологот.

Д-р Гинева додава дека целта при третманот е да се постигне

колку што е можно повеќе паралелна поставеност на очите

дали со очила или со операција или во комбинација и на

двете.

„Се разбира, окото што е повеќе искривено речиси секогаш

и послабо гледа, па многу често препорачуваме и затворање

на подоброто око со цел да го дигнеме нивото на капацитет

на гледање на послабото око“, објаснува офталмологот.

Таа додава дека страбизмот е мошне често застапен

и препорачува навремена посета на офталмолог кога

родителите ќе забележат дека нешто не е во ред со очите

кај детето.

91

Мисли здрави мисли

Употреба

на

КАНАБИС

за медицински цели

Милена Николовска,

магистер по фармација

од клиничката болница

„Аџибадем Систина“

Долго време темата за

легализација на производи

од коноп за медицински

цели беше предмет на дебата

во Македонија. Меѓутоа,

Министерството за здравство кон

крајот на минатата година ја најави

легализацијата на строго контролирани и проверени

производи од канабис што ќе се одгледува во земјата, и тоа

само од компании што ги исполнуваат строгите критериуми

што ги предлагаат здравствените власти. Процесот ќе го

надгледуваат агроном и фармацевт, а се организираше и

едукација за сите лекари-специјалисти, што во согласност

со законот имаат право да ги пропишуваат овие препарати.

Од минатиот месец маслото од канабис без рецепт со

тетрахидроканабинол помалку од 0,2 отсто е веќе достапно

во аптеките. Согласно упатството на лекот, тоа може да се

користи за хронична болка кај болни од малигни болести,

мултиплекс склероза, од епилепсија. За контроверзноста

на темата за легализација на канабисот за медицинска

употреба, како и за нeговиот ефект врз симптомите на

болеста поразговаравме со Милена Николовска, магистер

по фармација од клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Употребата на канабисот датира години наназад, уште кога

не постоеле сознанија за можноста од развој на зависност.

Со напредокот на науката и зголемување на интересот

да се објасни и научно да се оправда ефикасноста од

употреба на канабисот, спроведени се многубројни студии

и истражувања од претклиничка, па дури и клиничка

фаза. Голем дел од земјите како Холандија, Белгија,

Романија, Италија, Чешка, Финска, Германија, Велика

Британија, Словенија, Хрватска, Португалија, Шпанија, ја

легализираа употребата на канабисот во медицински цели,

додека за другите сè уште постојат полемики околу ова

прашање. Употребата на канабисот во медицински цели е

контроверзна тема, заради комплексноста по основа на

етичкиот, правно-законскиот и медицинскиот аспект.“

Полемиката, според Николовска, е дали клиничките студии

во кои се испитува терапевтскиот ефект на канабисот

се доволни и соодветни за да се потврди и да се оправда

неговата медицинска употреба. Доколку канабисот подлежи

на истите критериуми што важат за сите медицински

производи пуштени во комерцијална употреба, тогаш

неопходни се научни податоци што ќе бидат прифатливи за

регулаторните агенции да ја одобрат употребата.

„Комплексниот хемиски состав на канабисот дополнително

92

Мисли здрави мисли

влијае врз објективната евалуација на терапевтскиот ефект.

Несомнено е дека статистички задоволителен број студии

ја потврдиле ефикасноста на поединечни компоненти

изолирани од канабисот со најголема потентност како

тетрахидроканабинолот (ТХЦ) за најразлични медицински

цели во различни концентрации, меѓутоа тоа не е случај

со канабисот како целина. Разните видови компоненти во

состав на канабисот се дел од научни истражувања што се

спроведуваат континуирано со забрзан интензитет со цел

да се добие колку што е можно појасна слика за неговата

ефикасност. Најголем акцент кога станува збор за процесот

на легализација се става на контролата и минимизирање на

можноста од појава на зависност при употреба на канабисот,

односно препаратите од канабис.“

ОЛЕСНУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НА БОЛЕСТА

Законската регулатива со која строго ќе бидат пропишани

условите за добивање, дистрибуција и примена на

препаратите од канабис, ќе овозможи многу поголема

контрола на препаратите што се земаат за соодветни

индикации, составот, дозирањето, а со тоа и минимизација

на сите негативни ефекти од нивна употреба, но пред сè

обезбедување на посакуван квалитет.

„Пациентите отсекогаш наоѓале начин како да се

снабдат со овие препарати, и покрај фактот дека ваквите

дејства се косеа, барем досега, со начелата и законите

на Македонија. Особено загрижувачки е фактот дека

препаратите нелегално се внесуваат во државата, со

сомнителен квалитет, додека нивната употреба не е следена

од квалификувани здравствени работници. Со ваквиот

пристап ризикот по животот на пациентот е многу поголем

отколку здравствената придобивка. Познати се и изолирани

околу 70 видови канабиноиди како активни компоненти од

канабисот (Cannabis sativa), при што тетрахидроканабинолот

е компонента одговорна за најголемиот дел од биолошките

ефекти што се истражувани и потврдени. Најпроучуван

и најпознат палијативен ефект на ТХЦ е инхибиција или

намалување на мачнината и повраќањето, што се јавуваат

во текот на хемотерапијата. Ваквиот ефект на канабисот

е потврден преку многубројни клинички студии. За овие

пациенти и пациентите заболени од сида, ТХЦ дополнително

покажал и исклучителна ефикасност во насока на

намалување на болката и зголемување на апетитот, што е

особено важно при менаџирање на ваквите состојби. Една

од индикациите за која маслото од канабис ќе се користи и

во нашата држава е антиконвулзивниот ефект што го дава

ТХЦ преку релаксација на мускулите заради што теоретски

и клинички е оправдана неговата употреба во терапија на

мултиплекс склероза и епилепсија“, објаснува Николовска.

Таа дополнува дека постојат студии во кои е разгледуван

ефектот на канабисот во третман на глауком, при што се

покажало дека ТХЦ може да го намали интраокуларниот

притисок и да ја подобри циркулацијата во окото, а воедно

неговиот невропротективен ефект да обезбеди заштита

на ретината и на оптичкиот нерв. Познати се и основани

податоци дека ТХЦ може да даде добра контролирана

бронходилатација во третман на астма, меѓутоа сè уште не

постојат доволно студии со кои ќе се оправда употреба на

препаратите од канабис за оваа индикација.

„Индикациите за кои препаратот од канабис е одобрен и за

кои се претпоставува дека може да дејствува се генерално

во насока на симптоматски третман, односно олеснување

на симптомите како болка, мускулна ригидност, конвулзии,

намален апетит и слично. Сè уште не постојат официјални

докази од релевантни научни трудови дека канабисот може

да се користи како терапевтски агенс, но со сигурност е

потврдена неговата употреба во симптоматска терапија на

голем број заболувања“, вели Николовска.

Со оглед на тоа што станува збор за растение со психотропни

својства, можност од појава на зависност и појава на

несакани ефекти потребна е висока контрола при неговото

препишување. Поради тие причини Министерството

за здравство, во Законот за контрола на опојни дроги

и психотропни супстанции, посочи дека тие ќе бидат

препишувани од здравствени лица, специјалисти и ќе бидат

издавани низ аптеките со строга регулатива, како и за сите

другите опојни супстанции.

ВАЖНОСТ ОД ЕДУКАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ

Поради фактот дека легализацијата на канабисот е новитет

во нашата држава, од голема важност е да се спроведе

соодветна едукација и за медицинскиот персонал и за

пациентите од страна на стручни лица со интернационално

искуство од областа. Правилната едукација и придржувањето

кон прописите за производство, издавање и употреба на

медицинските препарати на основа на канабис, ќе овозможи

безбедна, правилна и ефикасна употреба на препаратите

од страна на пациентите, а со тоа и постигнување на

посакуваната здравствена придобивка.

„Поради специфичноста на целиот процес, од фаза на

одгледување на канабисот во строго контролирани услови

пропишани според законот, до фаза на контролирана берба,

обработка и производство на препарати од канабис, од

особено значење е потребата да се детерминира постапка

според која успешно ќе се изолираат активните супстанции

од интерес и ќе се произведат препарати што ќе бидат

стандардизирани во поглед на квалитет и содржина на

активна компонента“, вели Николовска.

Обезбедувањето препарати со декларирана содржина ќе

обезбеди услови за правилно дозирање и постигнување

на посакуваниот резултат. Фармацевтските компании

што ќе добијат одобрување за производство и обработка

на канабисот, се должни прописно да ги следат сите

поединечни фази од процесот, со висококвалификуван

кадар и строга контрола.

„Во овој момент, со законските измени за 2016 година,

Агенцијата за лекови одобри дозвола за увоз на суровината

и лиценца на една македонска фармацевтска компанија, што

ќе го произведува екстрактот. Постои интерес и од други

фармацевтски компании да се вклучат во овој процес со што

ќе се локализира производството на препаратите од канабис

на територијата на Македонија и со тоа ќе се обезбеди

максимална контрола“, завршува Николовска.

93

ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ТЕНЗИЈАТА

И ОБНОВЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА

ДОДЕКА РАБОТИТЕ

Многу често седењето во канцеларија пред компјутерот од шест до осум часа може да предизвика вкочанетост на вратот,

болки во грбот, па дури и главоболка. Поради тоа, одлучивме во овој број да прикажеме неколку вежби за опуштање и

раздвижување на телото додека сте на работа.

ВЕЖБИ СО ГЛАВА

Седнете со исправен ’рбет. Опуштете се и почувствувајте го дишењето. Спуштете

ја брадата кон градната коска. Останете неколку секунди, чувствувајте го

истегнувањето и опуштете ја напнатоста од вратот и рамената. Потоа наведнете

ја главата наназад и исто опуштете се, чувствувајќи го истегнувањето. Повторете

четири до пет пати. На ист начин истегнувајте се лево и десно, спуштајќи ја главата

кон рамото. Бавно движете ја главата во круг, спуштајќи ја на сите страни. Повторете

четири до пет пати во еден правец, па обратно. Вежбите со главата ќе ви помогнат

да ги ослободите напнатоста и болките од пределот на вратот и рамената.

РОТАЦИИ ЗА РАМЕНА И РАЦЕ

Ставете ги дланките на рамената и ротирајте ги рацете во сите правци, четири до

пет пати во еден и во друг правец. Овие движења ја ослободуваат напнатоста од

рацете и грбот.

ТОРЗИЈА СО ТЕЛОТО

Седејќи со исправен ’рбет завртете ги и телото и главата во торзија надесно.

Ослободете ја напнатоста. Десната рака е блиску до телото и се движи во правецот

на торзијата, надесно, а со левата рака фатете ја десната потпорка за рацете на

столот и повлечете благо за да го нагласите истегнувањето. Останете четири

до пет секунди. Дишете природно. Повторете го истото на другата страна. Ќе ги

ослободите напнатоста и крутоста од ’рбетот и телото.

Вежбите ги изведува инструкторот по јога Билјана Павлова, од Јога центар – Тафталиџе,

Скопје. Центарот работи од 1996 година под водство на Лидија Георгиева.

СВИТКУВАЊА ЛЕВО И ДЕСНО

Застанете со оддалечени стапала и поставете ги дланките на половината. Подигнете

ја десната рака и наведнете се со телото кон лево. Останете четири до пет секунди

чувствувајќи го истегнувањето и опуштајќи се. Дишете природно. Повторете го

истото на другата страна и сè заедно повторете три до четири пати.

РАМНОТЕЖА СО ИСТЕГНУВАЊЕ ПРСТИ

Застанете со составени стапала. Рацете се покрај телото. Подигнете ја едната рака,

истовремено подигнувајќи се на прсти. Останете четири до пет секунди, па полека

спуштете ја раката, бавно спуштајќи се на петици. Повторете го истото со другата

рака и со двете заедно. Вежбите што ги изведувате стоејќи, ги ослободуваат заморот

и крутоста од целото тело и го исполнуваат со нова енергија. Го стимулираат

правилното дишење.

ЗА ДА ГИ ОДМОРИТЕ ОЧИТЕ

Преплетете ги прстите на рацете и тријте го коренот на дланките (во близината на

зглобовите), движејќи ги горе долу сè додека не почувствувате топлина. Потоа тој

дел на дланките поставете ги на очите. Не притискајте силно. Концентрирајте се

на трансферот на топлината од дланките на очите. Останете десетина секунди.

Повторете ја вежбата уште еднаш. Потоа спуштете ги рацете и останете со затворени

очи неколку минути. Концентрирајте се на дишењето и опуштајте го телото. Ова е

добар начин да ги одморите очите по долго гледање непрекинато во едно место,

на пример, екранот на компјутерот. Ако успеете да ја задржите концентрацијата на

дишењето, ќе почувствувате внатрешен мир. Така, умот се смирува, добивате нова

енергија и, понекогаш, нови идеи.

Портрет поддржува македонска поезија

Мора да ги преброиме

ѕвездите

Во раце држиме

карта на соѕвездија

кои ни го закотвуваат сонот

по рабовите на земјиштето.

Одамна заборавивме

да дишеме по шема на боговите

и да го премеруваме растојанието

од еден до друг

додека сè околу нас е под стража

од ангели.

Се насмевнуваме,

ни впериле оружје в очи.

Ни остана само насмевката.

Ако сакаме да се вратиме

мора да ги преброиме ѕвездите

таму каде што смртта и сонот се

најблиски.

Нешто мора да ги двои планините

една од друга.

Мануела Златкова

98

Мисли здрави мисли

Тинто де

Верано

Бела

сангрија

Состојки:

1 литар суво, црвено вино

1 литар сода или газиран сок на база на цитрус,

како спрајт или севен ап

Парчиња лимон

Парчиња портокал

Свежи, исчистени јагоди, малини или друго црвено

овошје

Подготовка:

Наполнете ги чашите со мраз и наполнете ги до

половината со црвено вино, па потоа со сода или

сок. Додадете парчиња портокал и лимон, како и

свежи црвени плодови како јагоди или малини. На

здравје!

Состојки:

3 лажици шеќер

1 зелен лимон

1 лимон

2 зрели праски

3 зрели, кисели јаболка

1 шише бело суво вино

Сода вода или газирана вода

Подготовка:

Измешајте ги шеќерот, зелениот, жолтиот лимон,

праските и јаболката во голем бокал. Прелејте ги

со 1 литар бело вино и оставете го да се олади во

фрижидер неколку часови. Сервирајте во високи

вински чаши, а врз белата сангрија ставете сода

вода или газирана вода и послужете.

99

ОГНЕН БОЈКОВСКИ

МОЌТА НА

ФОТОГРАФИЈАТА

Една слика, илјада зборови е токму описот за фотографиите на фотографот Огнен Бојковски. Одлучивме овој месец да

погледнеме низ неговиот објектив и да ви претставиме дел од неговите фотографии, од кои таа од езерото Козјак насловена

„Land of Immortals“ беше објавена и на интернет-страницата на каналот „Дискавери“. Уживајте во фотографиите од пејзажи

на Бојковски!

The land of immortals, Козјак

Lost religion, Маврово

A moment in time, Охрид

100

Македонска фотографија

Crystal sunset, Лефкада

Silent dream, Трпејца

Sea of fate, Лефкада

Under the starry sky, Лефкада

RED, Лефкада

Dark forest, Бистра, Маврово

Giants gathering, Бистра, Маврово

Explosion, Лефкада

102

Македонска фотографија

Rusting memories, Мариово

The valley of shadows, Кајмакчалан

Old memories, Дојран

103

Мозаик

РАСПОЛОЖЕНИ

ЗА ДОБРА КНИГА

„КНИГА ЗА ТЕЛОТО“ – КАМЕРОН ДИЈАЗ СО САНДРА БАРК [АРС ЛИБРИС]

Како млада девојка, Камерон не размислувала секогаш за тоа дека одлуките што ги носи

за својата исхрана и својот начин на живот ќе влијаат на нејзиното здравје во годините

што доаѓаат. Но, во изминатите 15 години, таа открива дека она што го јаде секогаш е

поврзано со тоа како се чувствува и како изгледа. Тоа сознание – дека исхраната влијае

на животот – ја натера да истражува и да дознае кој е најдобриот начин на исхрана,

физичка активност и грижа за нејзиното тело. Во ова нејзино авторско дело, таа ги

презентира пристапот и филозофијата за долг, здрав и среќен живот, поддржани од

многубројни научни истражувања на светски експерти, а пренесени на нејзин личен

јазик, стил и страст. „Книга за телото“ претставува моќен, едукативен и инспиративен

прирачник за секоја жена.

„ЗАЈДИСОНЦЕ“ – КАТЕРИНА ЏАТЕВА [АНТОЛОГ]

Една млада девојка сака да заигра во ритамот на музиката, но се впушта и во ритамот на

страста. Амбициозната Кармен се запишува на часови по танцување кај шармантниот и

неодолив Соф. Отсуството на својот свршеник Ник го користи за да го разбуди својот

талент за танцување без притоа да биде свесна дека судбината ѝ наметнува будење на

љубовта што била затрупана од општеството. Кармен и Соф се впуштаат во љубовна

врска што има облик на секаков вид романса освен на краткотрајна афера. Сплет на

мисли, сплет на чувства што ечат од главата на неверната жена. Интересен спој на еден

маж што не сака да сака и една жена што се плаши да сака и да биде сакана.

„АБАДОН, УНИШТУВАЧОТ“ – ЕРНЕСТО САБАТО [ТРИ]

Абадон, уништувачот ја затвора трилогијата почната со „Тунел“, а следен од „Херои

и гробови“. Развивајќи ја во својот најширок регистар метафората на Извештајот за

слепите, овој необичен и длабок роман го вметнува Ернесто Сабато во амбиентот на

текстот и го вклучува како лик во една комплексна техничка конструкција, чијашто

игра на перспективи нѐ враќа воедно во реалноста на едно време на апокалипса и

на душевните јами во кои нурка визионерската моќ на создателскиот чин. На тој

начин, на врвот на својата грандиозност, ова сеопфатно, опширно дело кулминира и

ги има во себе сета сабатовска уметност и длабочината на неговото егзистенцијално

истражување.

„КОПНЕЖ ПО ДОМ“ – ЏЕНИ ЕРПЕНБЕК [МАГОР]

Во центарот на овој специфично сензуален, елегантен роман, се наоѓа еден имот изграден

во шумата близу Бранденбуршкото Езеро, недалеку од Берлин. Опфаќајќи повеќе од сто

години од германската историја, од XIX век до Вајмарската Република, од Втората светска

војна до создавањето на ДДР, па до конечното обединување на Германија, „Копнеж по дом“

нѐ запознава со различните животни судбини на дванаесет луѓе. На еден ист простор ги

следиме драматичните приказни на луѓето што ги проживуваат своите страсти и судбини.

Ерпенбек со специфично чувство за раскажување и доловување на карактерите, пишува

исклучителен поетичен роман, што ги открива и обичностите на секојдневното постоење

и големите егзистенцијални прашања што се независни од времето во кое ќе се појават.

Така „Копнеж по дом“ истовремено е и многу личен и универзален роман за непрекинатата

потрага на човекот по смисла.

104

Не запирајте со читањето тука: испратете ни е-пошта со вашите

податоци на contact@portretmag.com и освојте една од книгите погоре.

PET CAM

ВЕСЕЛАТА ИГРА НА ТОНИ ЗЕН И АЛФ.

Фотографија: Жарко Чулиќ

105

Готвиме со фичо

Рецепт и текст*: Филип Поповски

ЛОСОС СО ЗЕЛЕНЧУК

Во овој период од годината мозокот ми е насочен кон

полесна храна. А што би спаѓало во лесна храна ако не

риба... Па така во овој број одлучив да ви скоцкам рибен

специјалитет. Лососот ми е една од омилените риби, го

обожавам, меѓутоа сум доста комплициран кога станува збор

за лосос. Пребирлив сум.

Секогаш користам филе од лосос. Парче/порција лосос

треба да биде околу 270 г. Оваа риба секогаш треба да ја

оставате со кожа, заради начинот на спремање.

Посолете го парчето риба и ставете го во загреана тава

со маслиново масло. Лососот секогаш се спрема 90% од

страната на кожата и 10% од другата страна (тавата треба да

е добро загреана). Потоа извадете ја и оставете ја на кујнска

хартија.

Рибата мора да биде мека (откако ќе се зготви), внимавајте

да не се исуши, за да го постигнете тоа, треба да работите

брзо на посилна температура.

Како подлога користам топчиња од млад компир (користам

специјална алатка за вадење топчиња од зеленчук или

овошје).

Набавив моркови, ги кратам стеблата меѓутоа не до крај,

затоа што сакам да добијам фенси изглед во чинијата. Ги

ставам да се разварат заедно со топчињата компир (околу

15 минути во вода што врие). Внимавајте да не го преварите

морковот, треба да биде тврдо варен – доволно му е 10тина

минути. Извадете го и веднаш префрлете го во сад со ладна

вода (така ќе ја задржи бојата).

Потоа оставете го да се олади и исечете го на половина

по должина. Набавете црвен кромид со средна големина и

извадете 2-3 лушпи од внатрешните пластови.

Во загреана тава ставете 20 г. путер, спуштете ги компирите

и пропржете ги на путер (посолете ги по вкус). Извадете ги,

додадете малку маслиново и уште 10 г. путер и спуштете ги

лушпите кромид и половините од морковите. Пропржете ги

да пуштат мирис, потоа додадете 1 лажица балсамико оцет,

промешајте ги кратко и тргнете ги на страна.

Јас во чинијата прво ги ставив пржените топчиња од

млад компир, па врз нив го поставив лососот, одозгора го

намачкав со пикантно лут сос (сирача), па од страна ги ставив

половинките моркови и лушпите кромид, украсив со неколку

капки крема балсамико и финиширав со гранче копар. Еве

ви перфектно избалансиран оброк! Направете го подобро

од повеќето ресторани во градов. Повеќе интересни рецепти

како овој може да прочитате на мојот блог

www.gotvimesofico.mk. Поздрав! ;)

106

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

107

news

Земјени

тонови

за топол

амбиент

Топлите бои во уредувањето на просторот секогаш придонесуваат за безвременски

стил и смирувачки ефект, што се постигнува со кафеавата, кремавата и белата боја,

сето тоа измешано со модерни и впечатливи парчиња мебел. Просторот што го

дизајниравме дава елеганција со посебен акцент на дрвото и на земјените тонови.

Елеганција во дрво

Дневниот престој во кој преовладуваат дрвените елементи дава посебна, топла

нишка на целиот ентериер. Внимателно изведеното осветлување на таванот, белата

гарнитура со интересна фотелја и кремаво-кафеавите полици со измешан ред на

ѕидот со тули ја издвојуваат дневната соба. Погледот го привлекува и дрвената маса,

исто така со земјени тонови, а дополнително за убавината и топлината придонесуваат

и деталите, како завесите, перниците, ламбите.

Винтиџ елементи

Спојот на темнокафеав под и елементите

во бела боја даваат свежина во кујнскиот

простор, а високите сводови и винтиџ

деталите, како и големата трпезариска маса,

потсетуваат на постарите боемски куќи.

Впечатливиот лустер над трпезариската маса

додава модерна нишка на целиот простор. Во

ходникот, пак, посебно внимание привлекува

вдлабнатиот простор во ѕидот со полици што

дава естетски детаљ.

Естетска функционалност

Посебен печат на ентериерот во бањата

дава стаклената туш-кабина со ѕид од

дрвени штици. Просторот е искористен со

цел да се добијат сите функционални, но и

декоративни елементи што се совршен спој

со преостанатиот дел од ентериерот.

Приказна во пруги

Детската соба претставува чист спој на работен

функционален простор и место за одмор, со внимателно

одбрани парчиња, во согласност со потребите и стилот на

нашиот клиент. Свежина даваат делови од плакарите со

црно-бели пруги, како и модерната ролетна.

Дизајн и декор

УЖИВАЊЕ

ПОД СОНЦЕТО

Ова е период од годината кога сѐ повеќе време минуваме надвор. Затоа, декорирајте ги терасите и балконите

за тие да бидат местата на кои ќе уживате во секој слободен миг.

Кој вели дека не можете да имате градина во стан? Размислувајте во вертикала и ќе дојдете до решенија

слични на фотографијата погоре.

110

Дизајн и декор

Кој вели дека црно-белата комбинација

во декорот е здодевна класика? Ситните

детали во истите бои како и растенијата ќе

докажат дека нема простор за монотонија.

Мебелот од палети одамна е хит во

уредувањето и овозможува голема

разновидност при примената. Преточете

го во софа со меки пернички.

Доколку сте љубители на минималистичкиот

стил на уредување, задржете ја истата

естетика и при уредувањето на терасата.

Инспирација ќе најдете во скандинавскиот

декор.

Дозволете декор на терасата да не бидат

одредени предмети, туку внимателно

поставеното осветлување. Свеќи, фенери,

ламби – сѐ може да дојде предвид.

Само еден агол е доволен за да создадете

пријатно катче на балконот. Искористете

максимум од просторот така што потпора

ќе ви биде оградата, облагородена со

меки перничиња.

Нишалката не е само за во двор. Можете да

ја закачите на еден од внатрешните агли на

балконот и да се опуштите по напорниот

работен ден или недела.

111

Lisca на модна ревија ги

претстави трендовите за

2017 година

Д

одека сѐ уште го планирате одморот за ова лето,

размислувајќи што сѐ би понеле со себе на плажа,

„Lisca“ веќе ги претстави новите колекции на долна

облека, костими за капење и линијата за спиење. Сезоната

пролет-лето 2017 беше претставена пред деловните партнери

и претставници на медиумите на 23 јуни 2016 година во хотел

„Словенија“ во Порторож, а беше пречекана со радост од

модните трендсетерки, кои секогаш се во тек со модните

случувања.

Примарна цел на оваа колекција на „Lisca“, како и на сите

претходни колекции, е да овозможи чувство на самодоверба и

исполнетост кај секоја жена која ужива во нејзините модели,

независно дали станува збор за префинета долна облека,

весели костими за капење или удобни модели за спиење.

Долната облека „Lisca Selection“ ја карактеризира

таинственост, прикривање и откривање, надополнета со

кристали „Swarovski“, колекцијата „Lisca Fashion“ е украсена

со раскошен вез, еластична тантела нежни набори и принт од

цветови што ја нагласуваат женската нежност и елеганција,

а долната облека „Cheek by Lisca“ освојува со ретро-изглед

и спортски модели на долна и горна облека наменети за

активен стил на живот.

Линијата костими за капење „Lisca Fashion“ се во знакот на

јаки бои, цветен принт, палми и пепито дезен, колекцијата

„Lisca Selection“ е збогатена со раскошни детали, проѕирност

и burn out технологија, поточно изглед на стуткан материјал,

а костимите за капење од колекцијата „Cheek by Lisca“

воодушевуваат со шарен принт, тантела и мрежички.

Колекциите ги осмислија дизајнерките Мелита Летнар, Сузана

Горишек, Маја Недиќ, Марјана Чешњевар и арт-директорката

на „Lisca“, Маја Ратајц, а на модната писта ги претставија

прекрасните манекенки Сабина Ремар, Анамарија Авбељ,

Тина Катаниќ, Злата Окугиќ, Александра Тасиќ, Катја Шкофиц

и други. Со нетрпение ги очекуваме новите модни колекции

на „Lisca“ што гарантираат уште една разиграна и тренди

сезона за пролет/лето 2017.

112

B.U. ДОБИ НОВО

ЗАШТИТНО ЛИЦЕ!

Кампањата на B.U. што ги славеше девојките и нивната

природна убавина, #Bunofilter, по деветнеделно траење и

преку 2.200 девојки-учеснички – заврши! Секоја недела беше

објавувана по една избрана девојка на неделата, а на крајот

беше избрана и ѕвездата и ново заштитно лице на B.U. во

Македонија.

Ана Марија Тодоровска со своите фотографии успеа да

го понесе епитетот победничка на конкурсот #BUnofilter,

а покрај неа, доделени се и втора и трета награда за Каја

Спасовска (таблет „Леново“) и Марија Трпеновска (ваучер од

6.000 денари од „Stradivarius“), како и уште 20 девојки кои

добиваат B.U. Golden Kiss!

Сите добитнички се објавени на следниот линк: www.bunofilter.com/macedonia/winners,

a доколку не сте дел од нив

шансите за награди не завршуваат тука. Останете во тек,

следете ги B.U. на интернет: www.bunofilter.com или на

„Фејсбук“: BU Makedonija и подгответе се за новата кампања

B.U. In Action, што повторно интерактивно ќе ги вклучи

девојките од Македонија.

Се зборува за...

КОЛЕКЦИЈА HI-TECH

НА EXTREME INTIMO

Кога одбираме долна облека и парчиња за спиење, освен

модерен и допадлив изглед, се стремиме тие да бидат удобни

меки и пријатни за носење. Сите овие ги спојува модниот

бренд „Extreme Intimo“, чиишто фини и препознатливи

парчиња се изработени од исклучиво природни материјали.

Токму оваа сезона, „Extreme Intimo“ нѐ изненадува со

нова женска колекција „Hi-tech“, што е карактеризирана

како бунтовна, енергична и заводлива линија, со модерни

заводливи и смели кроеви. Во продажба е достапна од крајот

на јуни во сите продавници „Extreme Intimo“ во Скопје,

Куманово, Битола и Охрид. Почнете и завршете го секој ден

со насмевка со

„Extreme Intimo“!

D SPORTSKA OPREMA – ПОДДРЖУВАЧ НА

ЛЕТНИОТ КАМП „КИРИЛ ЛАЗАРОВ 7“

„D Sportska oprema“ е синџир на мултибрендпродавници

за спортска опрема присутен веќе

две години на македонскиот пазар, што освен

понуда на оригинални премиум брендови,

поддржува и локални спортски настани и

иницијативи.

Овој пат како официјален увозник на

спортскиот бренд „Hummel“, чиешто основно

мото е „Change the world through sport“,

препознавајќи го потенцијалот на најдобриот

десен бек во светот, „D Sportska oprema“

застана како официјален партнер на вториот

летен ракометен камп „Кирил Лазаров 7“.

Поради големиот интерес и големиот број

на пријавени деца, кампот оваа година ќе се

реализира во два термини: од 17 до 23 јуни и од

24 и 30 јуни, а „D sportska oprema“ ќе обезбеди

спортска опрема од брендот „Hummel“ за сите

негови учесници.

Основната цел на кампот е да им овозможи

физичка и психичка спортска надградба на

младите играчи. Помеѓу звучните ракометни

имиња од овие простори кои оваа година

ќе му помогнат на Кирил Лазаров во

подучувањето на идните ракометни таленти се

и Младен Ракчевиќ, Горан Кузмановски, Бранко

Ангеловски, Дејан Периќ, Дејан Манасков и

Владимир Глигоров.

Како официјален партнер на летниот

ракометен камп, „D sportska oprema“ активно

верува и се вклучува во заложбите нашата

ракометна репрезентација да биде помеѓу

најдобрите во светот.

Филмски предлози

Месецов во Cineplexx ќе донесе нови филмски остварувања, акциски и анимирани продолженија, дружење со добро

познатите ликови, но и запознавање со нови, интересни содржини. Освежете се во јули во Cineplexx!

CENTRAL INTELLIGENCE (ТАЈНА

СЛУЖБА)

Приказната во акциската комедија е

за агентот на ЦИА кој доаѓа дома на

прослава на матура. Тврдејќи дека

работи на таен случај, бара помош од

својот пријател од средно, кој некогаш

бил средношколска спортска ѕвезда,

а сега работи како сметководител

и се кае за сите пропуштени

шанси што ги имал во животот. По

обединувањето со стариот пријател

преку „Фејсбук“, сметководителот е

измамен и непланирано влегува во

свет на меѓународна шпионажа.

ПОЧЕТОК

НА

ФИЛМОТ:

30.06.2016

ICE AGE – COLLISION COURSE (ЛЕДЕНА ДОБА –

ГОЛЕМИОТ УДАР)

Праисториската верверица Скрет се катапултира

во вселената во потрага по недофатливиот желад и

таму случајно предизвикува низа космички настани

што ќе го преобразат и ќе го загрозат светот.

Омилената филмска тројка, Мени, Сид и Диего,

во петтиот дел од остварувањето „Ледена доба“

мораат да ги напуштат домовите и да тргнат во нова

потрага. Оваа урнебесна комедија го прикажува

патувањето низ егзотични нови земји и средбата со

еден куп нови ликови.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 14.07.2016

JASON BOURNE (ЏЕЈСОН БОРН)

Мет Дејмон се враќа во неговата најпозната улога на Џејсон

Борн. Пол Гринграс, режисерот на „Борновата надмоќност“

и „Борнов ултиматум“, повторно ќе му се придружи на Дејмон

и ќе го режира продолжението на Борновата франшиза,

во кое некогашниот најсмртоносен оперативец на ЦИА ќе

излезе од сенка. Кога тој ќе се сети кој е навистина, ќе се

обиде да ги открие тајните за неговото минато.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ 28.07.2016

GHOSTBUSTERS (ИСТЕРУВАЧИ НА ДУХОВИ)

„Истерувачи на духови“ се враќаат по долго време со

екипа од најсмешните нови актери. Триесет години од

кога истерувачите на духови го освоија светот, саканата

франшиза се враќа. Режисерот Пол Феиг носи свежина

во натприродната комедија, придружена со некои од

најсмешните актери денес – Мелиса Мекартни, Кристен Виг,

Кејт Меккинон, Лесли Џоунс и Крис Хемсворт. Ова лето, тие

се тука за да го спасат светот!

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ 28.07.2016

STAR TREK BEYOND (ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ: ОД ДРУГАТА

СТРАНА)

Првиот натпревар од петгодишната мисија на УСС

Организацијата ќе ги однесе во непозната територија. Таму

организацијата речиси е уништена и Кирк со неговата екипа

на оддалечената планета се без никаква комуникација. Кирк

мора да работи со елементи за да ја обедини неговата екипа

и да се вратат на Земјата.

ПОЧЕТОК НА ФИЛМОТ: 21.07.2016

Мозаик

ПАТУВАМЕ СО

ДРАГАН ТАПШАНОВ

Фотографија и текст*: Драган Тапшанов

Секое патување во непознатото освен што ги полни ранците и куферите, секогаш

спремни за следната дестинација, го полни и животното искуство со нови приказни,

нови лица и нови возбудливи сведоштва.

Сием Реп, Камбоџа

За будизмот и медитацијата

Да не пишувам многу, ќе ве оставам да си замислите. Месец дена сте на пат на другата страна од светот, со еден пар патики што ги

вадите само кога спиете во кревет, а и тоа ретко се случува зашто најчесто спиете во автобус, воз, брод или авион, што значи патиките

се дел од вас. Доаѓате во некој храм и ви викаат дека мора да ги соблечете!

После тоа нема да ви биде чудно што сите внатре се во делириум, но добро, за да ја прикријат таа состојба, велат дека медитираат.

А да, се чудев порано зашто сите држат по 6 миризливи стапчиња кога се внатре... сега ми е јасно.

116

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

Кампот, Камбоџа

Ученици на будизмот

Магично е колку добро може да донесе будизмот во животот на еден

човек, исто така и во менталитетот на една нација. Народите кои

веруваат во ова учење се едни од најмирољубивите души на овој свет.

Поминале низ геноциди, граѓански и меѓудржавни војни и сѐ уште

не можат да го разберат значењето на зборот „омраза“. Ова се само

дел од лицата кои ги документирав додека лутав низ неразвиените

градови и провинции на Камбоџа.

АПЛИКАЦИИ ШТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО ГИ КОРИСТАМ ДОДЕКА ПАТУВАМ

Foursquare

Една од најпопуларните апликации меѓу бекпекерите денес. Ќе

налетате на многу помошни совети и мислења за местата што

ги посетувате во моментот. Што да пробате во некој ресторан,

како да фотографирате некоја знаменитост и многу други.

Project Noah

Документирајте што ќе видите низ природата. Доколку не го

знаете името на растението, инсектот или птицата, маркирајте

„непознат вид“ и за неколку минути ќе добиете одговор од

некој од многуте стручни корисници на оваа апликација.

Lonely Planet

Истражување на некоја непозната земја без помош од

стручните бекпекери на Lonely Planet е незамисливо. Сите

изданија на нивните водичи ќе ги најдете во оваа апликација.

Се разбира, ќе фрлите некој долар.

Кеп, Камбоџа

Instagram

Најлесен и најбрз начин да ги документирате вашите авантури

и да ги споделите со вашите најблиски. Исто така преку

хаштаговите ќе се поврзете со многу други бекпекери како вас.

Колумна

КАКО МИ

СТОИ ОВА?

Eдна работа ме

нервира од кога знам за себе.

Мажи што одат како придружба со

жените или девојките на шопинг. Што се влечат по

нив и тврдоглаво одат од продавница до продавница. Што

имаат нерви да одговараат: „Не, не ти се познава целулитот. А да

си ја земеш белата? Супер ти е, ќе си ја носиш со црното сако“.

Трпеливо чекаат пред преполни гардероби, на секои три секунди ја дигаат

главата, за да не ја пропуштат нивната љубов и гордо да го дадат својот суд.

Со оваа цела „fashion police“ категорија на мажи, не се гордеам но во речиси

секоја прилика се имам однесувано дрско. Од ц'цкање, превртување очи, до гласно

коментирање со другарка. Знаев дека мојот сопруг е вистинскиот за мене, кога ми кажа

дека мрази шопинг. И никако не ги обвинувам жените што одат со партнерите во шопинг.

Нејзино е размазено да бара да ја придружува, да трепка дека само од него сака да слушне

како ѝ стои сѐ што купува, негово е изрично да ја одбие и џентлменски да ѝ каже дека

секогаш е прекрасно облечена имаш другарки за таа работа. :)

Така задлабочена во разгледување на нова колекција во мојата омилена продавница од

нигде никаде го забележувам татко ми со розев капут во рака. Збунета го прашувам што

прави, најкул ми одговара дека ја чека колешката на пауза да си купи нешто за на свадба.

Безволно гледам во розевиот капут, барем да ја чекаше мајка ми - помислувам. За два

дена во друга продавница, во истата поза и позиција го гледам мојот омилен најстрог

професор од Правен факултет како мирно си ја чека жената. Толку достоинствено

стоеше, со кафеава женска чанта и палто што одма армијата „чекачи“ почнувам да

ги гледам со други очи. Па тоа се кавалери си викам, тие се всушност загрозен

вид, џентлмени од стар ков. Додека шетам низ продавницата љубезно му се

смешкам на еден од нив, закован пред гардеробата. Помислувам дека

им е потребно поудобно катче, на овие луѓе, со олку сериозна

улога. Излегувам од продавница сама, среќна и насмеана,

има и други полиња кај што може мојот сопруг да

ми покаже колкав џентлмен е.

Ружица Антиќ

118

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

Фотографија: Жарко Чулиќ

„snkrcity“

за вовед во урбаната

култура на патиките

Момците од „Snkrcity“ секојдневно ги носат новостите од

светот на патиките, преку нивната интернет-страница со

фокус на сникер-културата (култура на патики), модата,

уметноста и идните трендови. Сè уште млад бренд, „Snkrcity“

нуди информации за тоа кога може да се очекува некој модел

на патики, која е инспирацијата за моделот, но и совет за

најдобрите модели за спортување, за стилско усовршување

и едноставно за шетање низ скопските улици. Уште од

почетокот, целта на тимот е да се вметне сникер-културата во

секојдневието и да се покаже дека патиките се важни исто

како и секој моден детаљ што се носи, се разбира, за некого

повеќе, за некого помалку.

„Snkrcity“ (Сникер сити) е креативен веб-магазин што постои

од ноември 2014 година и на кој можат да се прочитаат

сите новости во врска со светот на патиките. Како се роди

идејата за „Snkrcity“?

Целата приказна почна од групата на социјалната мрежа

„Фејсбук“, Footnotes by Snkrcity, што беше формирана за

љубители на супер кул модели на патики и откако видовме

дека има заинтересираност ja формиравме заедницата

„SnkrCity“. На нашата интернет-страница можат да се најдат

секакви содржини што се однесуваат на урбаната култура,

но најмногу сме посветени на патиките.

Што значи сникер-култура, чии љубители се нарекуваат

сникерхедс и како е развиена кај нас таа култура, а како во

други земји?

Сникер-култура е заедница на луѓе кои се фокусирани на

формирање колекција на премиум модели на патики. Оваа

заедница кај нас е мала по број, но брзо расте, за некоја

година очекуваме да достигне доволен број за да се формира

еден мини-саем, каде што членовите ќе имаат можност да

покажат на другите луѓе заинтересирани за оваа пасија,

што тие имаат во својата колекција. Една од најголемите

заедници е во САД, каде што бројот на сникерхедс секоја

година расте во милиони.

120

На вашата интернет-страница можат да се прочитаат разни

текстови поврзани со светот на патиките, најновите модели

од брендовите на „Адидас“, „Најк“, „Ванс“, „Рибок“ и други.

Дали кај нас има заинтересираност за развој на ваков тип

интернет-страници што носат нешто поинакво и свежо во

земјата?

Сè повеќе гледаме луѓе кои сакаат да бидат уникатни кога

избираат патики, добиваме пораки од нашите читатели со

прашања каде можат да се набават тие екстра лимитирани

колекции што кај нас ги нема во продавниците. Поставуваат

и други прашања, на пример, како можат да си го обезбедат

својот пар и да бидат единствени во својот круг на пријатели.

Нашиот портал е единствен не само во нашата земја туку

и во околината не постои ваков интернет-магазин што се

фокусира на патики и урбана култура.

Освен интернет-страницата, застапени сте и на „Фејсбук“,

а имате и фотографии и детално запознавање со моделите.

Почнавте и со новитет како unboxing видеа на каналот

„Јутјуб“. Што поточно значи unboxing видео и како дојдовте

до таа идеја?

Фотографиите не ги доловуваат доволно деталите на

моделите и затоа се обидовме да допреме до заедницата

со тоа што им ги презентираме моделите во видеоформат,

заедно со сите детали и интересни факти за моделот.

Unboxing видеа од секаков карактер се тренд во светот

на мрежата „Јутјуб“, па сакавме да се издвоиме од

Мозаик

класично поставување фотографии. Со тоа на еден начин

се доближивме до заедницата на сникерџии и добивме

позитивни реакции.

И оваа и минатата година организиравте работилница

„Дојди на Custom Патика“, во рамките на „Скопје стрит

фестивал“. Која е целта на работилницата и како би го

споредиле искуството и одѕивот на работилницата помеѓу

минатата и оваа година?

Нашата работилница беше формирана со цел да поттикнеме

креативност кај сите луѓе на кои им се допаѓа нашата

приказна. Во работилницата на нашите учесници им ги

објаснуваме сите чекори како се изработува еден пар на

Custom патики. Custom патики на еден начин се уметничко

дело пред сè, со тоа учесниците ја изразуваат својата

креативност и можат да ја покажат секому додека ги носат

своите патики. Како и минатата година така и оваа, имавме

голема група на заинтересирани креативци, кои на „Скопје

стрит фестивал“ ја раскажуваат својата приказна изразена

на нивните патики.

Дали имате соработка со некои од продавниците за патики

кај нас и како се одвива таа соработка?

Нашите работилници се поддржани од „Buzz Sneakerstore“,

ним им се допадна нашата приказна и заинтересираноста за

формирање на една кул и интересна заедница.

121

Фотографија: Жарко Чулиќ

НИЗ МОИТЕ 42 ГОДИНИ

НАУЧИВ… ТАЊА КОКЕВ

Десет години да се гради бренд во нашава држава значи...

Пред сѐ љубов, континуирана желба за промени. Од друга

страна, максимална свесност за условите во кои твориш,

постојан баланс помеѓу уметноста и комерцијалата.

Дека македонската модна сцена е... Симпатична девојка

со предиспозиции за раскошна убавица. Но, само ако го

најде кликот, ако работи на себе без импровизации. Ако

новинарите разграничат што е модна куќа, моден дизајнер

од квази-бутици. Ако тоа го поддржат и јавно така го

пласираат ќе видиме колку може да ни биде поубава

модната сцена од моменталнава каша-попара.

Да си синоним за префинет вкус значи... Дека си ја разбрал

реченицата дека убавината почнува оној момент кога си се

засакал себеси, кога ќе сфатиш дека не тераш мода, туку

дека ти си мода. Кога црната ролка ти прилега како на

Одри Хепберн, Грејс Кели или Лорен Хатон.

Да го прошириш својот бизнис и во други држави носи...

Поголема одговорност на прво место, голема желба и

предизвик потиснати од страв, нова енергија, што во овој

период и ми е неопходно.

Секој добар менаџер треба... Пред сѐ, да го почитуваш

своето работно место, да бидеш присутен на работа, да го

почитуваш својот тим. На прво место да ти се вработените,

ако ти си добар со нив, тие ќе бидат одлични со клиентите.

Да избегнувам... Лоши, мрзливи, пасивни и завидливи луѓе.

Енергетски вампири.

Најубаво се чувствувам облечена во... Црна ролка.

Парфемот е клуч на заклучени спомени и затоа... Време е

за нов парфем „Кокев“ и нови спомени.

Научив да се сакам

себеси, компромисите

да ги сведам на минимум

и да бидам храбра да го

применам ова. Научив дека

долгогодишната позиција

на жртва на жената на овие

наши простори е голема

грешка од почеток до крај.

Најдобро го мотивирам својот тим со... Хм... претпоставувам

со мојата ненаметливост, едноставно решив да им верувам

и да не им дишам над глава, што создава слободна,

креативна атмосфера, без притисок. И како екстра

мотивација, дружењата надвор од работното време. Често

одиме во природа, вршникот со нас и подготвуваме едно

албанско, едно македонско јадење.

Да создаваш женски чевли е... Нешто слично како

првичната еуфорија во првата фаза на вљубеност.

Најчесто наоѓам инспирација во... Веќе седум години не

читам книги, ретко гледам филмови. Ми здодеа да читам

туѓи искуства или фантазии. Некако поубави ми се моите

дијалози и средби. Веројатно таму е мојата инспирација,

секако, веднаш по љубовта.

По караница никогаш да не... Држам лутина. Тоа е едно од

поголемите зла што ја уништуваат и најубавата врска.

Да се релаксирам со... Моите другарки. Уживам со нив,

посебно на масажа.

За да се воспита среќно дете најважно е... Да му се даде

целата љубов на овој свет.

Најголем приоритет да ми е... Да ми е живо, здраво и

среќно детето.

Дека секоја жена може да има успешна кариера ако... Не

ѝ се потчини целосно на кариерата. Ако сфати дека има

живот надвор од работното место, ако сфати дека работата

е во служба на нашиот живот, а не обратно, и треба да ни го

олесни и да ни го разубави.

Да се разгалувам со... Добра музика и многу љубов, не ми

одат едно без друго.

Кога сум тажна да... Да ја оставам тагата да си одлежи, да

не ја туркам насила и ќе помине...

Да се надградувам со... Поголемо знаење за како да

израснам навистина среќно дете.

123

Јин-Јанг

БРАНКА КОСТИЌ - МАРКОВИЌ - МУЗИЧКА НОВИНАРКА

НОВИНАРСТВОТО ДЕНЕС

Е ЕНДЕМСКИ ВИД

Македонија ја живее ерата на шизики, а

не на шизици!

Пишува: Ана Јовковска

АЈ: Телевизијата е кутија за...

БКМ: Телевизијата кај нас е кутија доминантно полна со евтина,

но опасна забава, политиканство и продажба на лоша стока.

АЈ: Новинарството денес...

БКМ: Новинарството денес е ендемски вид! Главниот збор го

имаат сензационалистите, скандал-мејкерите и профитерите.

Затоа, пред сите вести треба да се емитува знакот на

предупредување „НЕ е соодветно за гледање за сите возрасти“.

АЈ: Јазикот е бариера за...

БКМ: Јазикот е бариера за сите, но не толкава како религијата и

предрасудите по многу основи.

АЈ: Турбо-фолк е?

БКМ: Турбо-фолк е она што Рамбо Амадеус го дефинираше на крајот

на осумдесеттите години со хируршки прецизна дефиниција: „Турбофолкот

не е музика, турбо-фолкот е какофонија од сите мириси и

вкусови врзани во еден звучен провев што има задача да ги задоволи

најшироките вкусови и најниските страсти“.

АЈ: Најдобар уметнички бренд ни се?

БКМ: Симон Трпчески, Гоце Смилески, Ана Дурловски, Благој

Нацоски и уште неколку други, главно вокални уметници.

АЈ: „Храброста е она што те претвора од набљудувач во учесник“,

Умберто Еко. Храбри мораме да бидеме за?...

БКМ: Мораме да бидеме храбри за да го смениме светот. Само

така можеме да очекуваме подобра иднина и да им погледнеме во

очи на идните генерации. Во спротивно, ќе го спуштаме погледот

и ќе се срамиме пред сопствените деца. Немото набљудување е

„најлузерската“ човекова позиција. Сенека бил во право кога рекол

дека само храбрите се слободни.

АЈ: Летото го користам за?...

БКМ: Летото го користам за уживање во сончевите зраци. Кога е

сончево, сè е поинаку. Грдото е поприфатливо, убавото е двојно

поубаво. Јас сум непоправлив естет и хроничен зависник од

убавината.

АЈ: Да не бев новинарка ќе бев...

БКМ: Да не бев новинарка ќе бев музички публицист, научник,

хроничар на музичките текови, утопист, филантроп. А многу

веројатно и ликовен уметник и писател.

АЈ: Природен дијазепам ми се...

БКМ: Природен дијазепам ми се моите три величествени М – музиката

(мојата професија), Младен (мојот сопруг) и Марко (мојот син).

АЈ: На кој македонски политичар најдобро би му стоеле мустаќите

на Салвадор Дали?

БКМ: За жал, немаме таков шизик во моментов. Македонија сега ја

живее ерата на шизики, а не на шизици! :)

АЈ: Која книга би ја читала повеќе од еднаш?

БКМ: „Пијанистот“ (во оригиналот, а и во македонскиот превод

„Новеченто“) на Алесандро Барико, автор кој е и самиот пијанист и

музички критичар. Маестрално.

АЈ: Кое филмско сценарио најдобро ја отсликува земјава?

БКМ: Тоа би бил еден омнибус од: „Смешната страна на историјата“

од Мел Брукс, „Кум 3“ на Франсис Форд Копола и компилација од

неколку антологиски скечови на монтипајтоновиот летачки циркус,

што за жал се реални сцени од нашиот општествен живот.

АЈ: А музичко дело?

БКМ: Последната „необарокна“ или „неопатриотска“ песна на

македонскиот самонаречен „рок-пророк“ Канго, со наслов „Аманет“,

а субвенционирана од Министерството за култура на Република

Македонија.

АЈ: Сакам да патувам во...

БКМ: Сакам да патувам во Италија. Не џабе се вели: Bella Italia.

АЈ: Кој графит би го напишала во центарот на Скопје?

БКМ: Скопје моли „Не силувај ме, ме боли“, но со големо задоволство

и крајно утопистички би напишала и „Градот убав, пак ќе никне“.

124

ВАСКО МАГЛЕШОВ - НОВИНАР

ТЕЛЕВИЗИЈАТА Е

КУТИЈА ЗА ЛАГИ ВО

ЦЕЛОФАН

Турбо-фолк е гласниот тон во автобус,

нељубезноста, ѕиркањето во интимата и

квазиуметничката конфекција

АЈ: Телевизијата е кутија за...

ВМ: Телевизијата е кутија за лаги во целофан! Светкава модерна

кокетка зад која се крие безобразно евтина рас(продажба) на

вистина.

АЈ: Новинарството денес...

ВМ: Новинарството денес е како случајна средба на чадор и

машина за пишување врз операциска маса.

АЈ: Јазикот е бариера за...

ВМ: Јазикот е бариера за оние што разбираат само граматика.

АЈ:Турбо-фолк е?

ВМ: Турбо-фолк е гласниот тон во автобус, нељубезноста,

ѕиркањето во интимата и квазиуметничката конфекција.

АЈ: Најдобар уметнички бренд ни се?

ВМ: Најдобар уметнички бренд ни се Лазар Личеноски, Петар

Хаџи-Бошков, Никола Маџиров, Дуке Бојаџиев, Симон Трпчевски,

Милчо Манчевски...

АЈ: „Храброста е она што те претвора од набљудувач во

учесник“, Умберто Еко. Храбри мораме да бидеме за?...

ВМ: Храбри мораме да бидеме за личните слободи, но храбри

мораме да бидеме и за брусење на ’рѓосаната демократија.

АЈ: Летото го користам за?...

ВМ: Летото го користам за евакуација од сонцето и за

дочитување на заостанатото.

АЈ: Да не бев новинар ќе бев...

ВМ: Да не бев новинар, ќе бев она што ми е вокација – професор

по книжевност или одгледувач на лаванда. :)

АЈ: Природен дијазепам ми се...

ВМ: Природен дијазепам ми се зелениот чај, зеленчукот и

велосипедот.

АЈ: На кој македонски политичар најдобро би му стоеле

мустаќите на Салвадор Дали?

ВМ: На Антонио Милошоски.

АЈ: Која книга би ја читал повеќе од еднаш?

ВМ: „Златниот павилјон“ на Јукио Мишима.

АЈ: Кое филмско сценарио најдобро ја отсликува земјава?

ВМ: „Торинскиот коњ“ на Бела Тар или „Мефисто“ на Иштван

Сабо.

АЈ: A музичко дело?

ВМ: Либретото на единствената опера на Бетовен „Фиделио“.

АЈ: Сакам да патувам во...

ВМ: Сакам да патувам во најголемите духовни кршталници на

светот како Индија, Египет и Кина.

АЈ: Кој графит би го напишал во центарот на Скопје?

ВМ: Дали живееше денес?!

Фотографија: Жарко Чулиќ

125

Изборот е слобода

НИЗ РАБОТИТЕ КОИ

МЕ ИНСПИРИРААТ

ЈА ПРАВАМ

НАЈГОЛЕМАТА

ПСИХОНАЛИЗА

ЗА СЕБЕ

ПЕТАР ГОРКО - АКТЕР

Пишува: Ана Јовковска

Фотографија: Коста Дупчино

КНИГА: „БРАЌА КАРАМАЗОВИ“ ОД ДОСТОЕВСКИ ПРАШУВА:

ИМА БОГ ИЛИ НЕ?

„Браќа Карамазови“ од Ф.М. Достоевски е грандиозно дело во кое е поставено

важното прашање: Дали има Бог или не?! Темата на која го посветив мојот живот и е

моја вечна инспирација. Вербата во Бог, вербата во доброто и во љубовта е основна

водилка што го трасира патот што се вика – живот! Ова дело е психоанализа на секој

лик во него, па така и за мојот Дмитриј Карамазов преку кој успеав да ја направам

најголемата психоанализа за себе, барајќи го Дмитриј во мене. Тоа беше почеток

на еден зрел период во моето сценско, актерско живеење, но и во мојот начин на

живеење воопшто.

ФИЛМ: „БЕШЕ ЕДНАШ ВО АМЕРИКА“ Е НАЈДОБРИОТ ФИЛМ

НА СИТЕ ВРЕМИЊА

„Беше еднаш во Америка“ за мене е најдобриот филм на сите времиња. Нема кадар,

сцена, улога, боја, емоција, страст, страв, напад, борба што не ме обзема целосно,

пробудувајќи во мене да го барам совршеното и да се стремам кон перфекцијата.

Една од повеќето улоги што произлегоа како инспирација од овој филм е Брик

во „Мачка на вжештен лимен покрив“, но и Биф Ломан во „Смртта на трговскиот

патник“, два различни, но до перфекција изградени ликови, кои со задоволство ги

играв во театар и ќе ги помнам додека ме служи помнењето.

Изборот е слобода

ПЕСНА: МУЗИКАТА НЕ Е МАЗОХИЗАМ, ТУКУ УМЕТНОСТ!

Еsta ausencia – Давид Бизбал. За мене ова е невиден емотивен набој, моќ, крв

и месо во една песна, а посебно во начинот на интерпретацијата. Слушајќи

ја многу пати ме внесе во емотивната состојба на Марк Антониј во „Антониј

и Клеопатра“ – В. Шекспир. Не е во прашање мазохизам (се смее), напротив

уметност!

МОЛИТВА: ПРЕКУ БОЛКА ДО ЛУДИЛО

Оче наш е смислата на мојата концентрација пред секој настап. Моето

смирување и хармонија помеѓу душата и телото. Посетата на манастирот

во с. Зрзе ми беше исто така голема инспирација и поткрепа, разговорот

со монахот 12 дена пред премиерата на „Хенри Шести“ во Лондон. Тоа

беше вистинско ослободување на духот што многу ми помогна да го

изградам Хенри како ниеден лик во мојата актерска кариера. Со божествена

мирнотија, преку болката со едно минималистичко движење, до самото

лудило пред да биде убиен. Нешто за кое само во тој момент станав свесен,

среќен, а и бев награден со наградата на „Дневник“ за најдобар актер во

Македонија за 2012 година.

ПОЕЗИЈА: ПЕСНИТЕ ИСПЕАНИ ВО ЖИВО ГИ

ПОДАРУВАМ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО БИТОЛА

Каква и да си, дојди – Рабиндранат Тагоре. Репер за страст, љубов, жена,

убавина, исполнетост. Инспирација за моите концерти, говорејќи ја

светската поезија низ музика во живо и влегувајќи во македонската народна

песна со нејзините стихови, што за мене се посилни дури и од најдобрата

јужноамериканска поезија. Досега имам три концерти, првиот насловен токму

по оваа песна, како и многу настапи низ Македонија, едно дивиди (DVD) од

тој концерт и сега аудио-цеде со песни испеани во живо што го подарувам на

Црвениот крст на Битола, а приходот ќе биде наменет на оние на кои најмногу

им е потребно. Промоција наскоро. :)

П.С. има уште многу работи што ме инспирирале – „Сончогледите“ на Ван Гог,

претставата „Магбет“, Санкт Петербург и Русија, жена ми, син ми, ќерка ми...

ГРАД: ХАМБУРГ, ТЕ САКАМ!

Хамбург, Германија – чувство на беспрекорна слобода! Зад секој агол, населби за

секој вкус по една, слободата на изразување во уметноста, пристапот кон класиката,

каналите, цвеќињата, ах, Хамбург. Инспирација за три претстави, три посети, три

возвишени доживувања. Хамбург – те сакам!

INSTAGRAM ИНСПИРАЦИЈА

Сaкaм дa гo фoтoгрaфирaм Oхрид зaтoa штo: Е рајот на

земјата. Не затоа што сум од Охрид, туку затоа што изобилува

со убавини и бои различни во секој дел од денот, месецот,

годината. Токму оние бои што ја греат душата.

Oмиленo местo зa фoтoгрaфијa од градот: Ако веќе морам

да издвојам, тоа е крајбрежјето.

Зa дa гo oпишaм Oхрид гo упoтребувaм хaштaгoт: #visitohrid,

ЗШ тоа е вистинското нешто што секој треба да го направи.

Прва слободна пригода „палиш“ патиките и правец Охридче.

Сакам да го фотографирам Охрид затоа што: Е мојот роден

град, но и поради тоа што изобилува со убави места што ме

инспирираат да ги фотографирам.

Омилено место за фотографија од градот: Тешко е да се

избере само едно место, но би го издвоил Канео како омилено.

За да го опишам Охрид го употребувам хаштагот:

#инстаграмџии и #Ohrid, бидејќи македонските фотографи

ги користат овие хаштагови, па вака можат поголем број

инстаграмџии да стигнат до моите фотографии.

@cingoivana

Ивана Чинго

@stojcik

Кристина Стојчиќ

@markoska_katerina

Катерина Маркоска

@igor_mitreski

Игор Митрески

Сакам да го фотографирам Охрид затоа што: Изобилува со

природни убавини, културни споменици и автентични градби.

Омилено место за фотографија од градот: Секое ќоше

од стариот дел на градот и околината на Охрид се голема

инспирација. Сепак, во голем дел од моите фотографии е

застапено Охридското Езеро.

За да го опишам Охрид го употребувам хаштагот: #ohrid,

#ohridlake, #nature #natureperfection, #enjoying... Перцепцијата

за фотографијата дополнително се збогатува со нивната

употреба, а воедно тие овозможуваат и полесно пребарување.

Сaкaм дa гo фoтoгрaфирaм Oхрид зaтoa штo: Престојот во

Охрид кај мене секогаш буди радост и спокојство. Се обидувам

тие чувства да ги пренесам во фотографиите и на тој начин да

ги зачувам во подобро сеќавање.

Oмиленo местo зa фoтoгрaфијa oд грaдoт: Каде било покрај

езеро, Сараиште, Варош, традиционалните охридски куќи,

тесните калдрмени улички, Самуиловите тврдини од каде што

градот се гледа најубаво.

Зa дa гo oпишaм Oхрид гo упoтребувaм хaштaгoт: Ретко кога

употребувам хаштази, оставам фотографијата самата да

зборува. :)

128

ОВОЈ МЕСЕЦ САКАМЕ ПРЕКУ ФОТОГРАФИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТАГРАМЏИИ ДА ЈА

ПРЕТСТАВИМЕ УБАВИНАТА НА ГРАДОТ ОХРИД. ПРОВЕРЕТЕ КОИ МЕСТА ОД ОХРИД СЕ НАЈИНТЕРЕСНИ

ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ, КАКО И ЗОШТО ТОКМУ ОВОЈ Е ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ГРАДОВИ ЗА ФОТКАЊЕ.

Сакам да го фотографирам Охрид затоа што: Е мистичен

град, стар повеќе од 5.000 години и секогаш откривам нешто

ново.

Омилено место за фотографија од градот: Варош – стар град.

За да го опишам Охрид го употребувам хаштагот: #охрид,

#ohrid, #ohridlake, #ancientcity, #oldtown, #lake.

@aleksandar.andrevski

Александар Андревски

@emilijano

Емил Новевски

@elena.lamanoska

Елена Ламаноска

@bojanchunde

Бојан Чунде

Сакам да го фотографирам Охрид затоа што: Е место што

плени со својата убавина и огромно културно и историско

богатство. Располага со многубројни цркви, споменици како

и прекрасно езеро и природа.

Омилено место за фотографија од градот: Стариот дел, сето

тоа збогатено со прекрасниот поглед кон Охридското Езеро.

За да го опишам Охрид го употребувам хаштагот: #убавина,

Охрид плени со својата убавина и уникатност, будејќи чувство

на мир и спокој.

Сакам да го фотографирам Охрид затоа што: Има

предизвикувачки убавини што мораат да се видат.

Омилено место за фотографија од градот: Охридското Езеро

и црквата „Св. Јован Канео“.

За да го опишам Охрид го користам хаштагот: #ohridlake,

#ohrid, затоа што нема поубав живот од крајбрежен.

Сaкaм дa гo фoтoгрaфирaм Oхрид зaтoa штo: Е неисцрпна

инспирација за правење на одлични фотки.

Oмиленo местo зa фoтoгрaфијa oд грaдoт: Не би можел да

издвојам само едно омилено место... па секое ќоше од Охрид

е магично на свој начин.

Зa дa гo oпишaм Oхрид гo упoтребувaм хaштaгoт: #ohridcity,

доволен е само овој хаштаг за да се опише Охрид.

Доколку Instagram е една од вашите омилени апликации, пратете ни ваши фотографии на contact@portretmag.com или користете го

хаштагот #portretmagazin за обележување на вашите фотографии.

STREET & STYLE

ОВОЈ МЕСЕЦ ФОТОГРАФИРАВМЕ МОМЦИ И ДЕВОЈКИ ШТО НЕГУВААТ УРБАН И

УЛИЧЕН СТИЛ. СО НИВ УЛИЦИТЕ ИЗГЛЕДААТ МНОГУ ПОУБАВО.

Фотографија: Жарко Чулиќ

Андреа Јамакоска Давид Јашари Вера Ангелакова

Калина Зографска

Вулнет Абази

Христина Гелевска

130

www.lisca.com.mk Lisca liscalingerie 131

132

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!